Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Путин повторно провоцира: Руската ракетна флота тргна во акција

Четири руски воени бродови вооружени со ракети биле забележани во близина на Јапонија, на околу 40 километри од островот Хокаидо, само еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин го посети спорниот остров Итуруп.Според податоците на Заедничкиот штаб на јапонските вооружени сили, четирите руски ракетни корвети од проектот 12411М „Молнија-1“ биле забележани на 14 август во близина на ’ртот Соја, на северот на Хокаидо.Јапонски патролен авион П-3Ц го следел движењето на руските бродови и соби

Свет | пред 2 месеци

media-libraryru5ctri2uk5q8cbecns

Пожар во хотел во Албанија: Повредени шест лица, меѓу нив туристи од Косово

Повеќе туристи се повредени во пожар што избувнал во хотелот „Бруклин“ во приморскиот албански град Валона, при што петмина од повредените се туристи од Косово, а еден е албански државјанин.Петмина од повредените биле пренесени на лекување во Тирана, додека еден од нив е во критична состојба.Според Министерството за здравство, тројца пациенти се примени во Универзитетската клиничка болница „Мајка Тереза“. Еден од нив е во сериозна состојба поради висок процент на изгореници и потребно е континуи

Балкан | пред 2 месеци

hiv

Истрага на „Би-би-си“: Во пакистанска болница користеле исти шприцови за повеќе пациенти, 331 дете позитивно на ХИВ

Истрага на „Би-би-си“ откри сериозни пропусти во контролата на инфекциите во болница во Пакистан, каде што биле регистрирани стотици деца со ХИВ. Според истрагата, медицинскиот персонал повторно користел шприцови при давање лекови, што претставува ризик од пренесување на вирусот.Во градот Таунса, во покраината Пенџаб, меѓу ноември 2024 и октомври 2025 година биле идентификувани 331 дете позитивно на ХИВ, покажуваат податоците што „Би-би-си Ај“ ги собрал од покраинската програма за скрининг, прив

Свет | пред 2 месеци

media-libraryvo6jst51tt547uNLPMs

Кражба во музеј во Италија: Украдени четири дела од познат раноренесансен сликар

Четири уметнички дела од ренесансниот сликар Антонело да Месина се украдени од Регионалниот музеј во Месина, јавуваат италијанските медиуми, повикувајќи се на управата на музејот.Со кражбата, Месина остана без единственото сочувано дело на познатиот сликар што досега се чуваше во неговиот роден град, како и без уште една помала слика од неговиот опус, која сицилијанскиот регион ја купил пред 20 години.Крадците влегле во музејот во текот на ноќта и со себе однеле три од преостанатите пет панели о

Свет | пред 2 месеци

media-library85egbujvihr40ZB4WPv

Градоначалникот на Зелениково не чекал помош: Сам го зел противпожарниот камион и тргнал кон пожарот

Градоначалникот на Општина Зелениково, Коста Маневски, ноќеска се вклучил во гаснењето на пожарот што се приближил до последните куќи во општината, објави страницата „Се молиме за Македонија“.Според објавата, Маневски околу 2 часот по полноќ добил повик за помош, по што веднаш се упатил кон општината и го зел противпожарниот камион со кој располага локалната самоуправа.Во меѓувреме биле повикани и членовите на Доброволното противпожарно друштво Зелениково, кои се приклучиле во гаснењето на пожар

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од јахтата на Заев откри „нова криза“ – селската чешма во Кривогаштани

ВМРО-ДПМНЕ го обвини лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири паника околу квалитетот на водата од селска чешма во Кривогаштани, откако тој предупредил дека водата е загадена.Од партијата велат дека Филипче темата ја отвора додека е на одмор во Грција и го обвинуваат дека случајот го користи за „ширење хистерија“ и политички пресметки.ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата потсетува и на периодот кога Филипче беше министер за здравство, тврдејќи дека тогаш, како што наведуваат, не реагирал на голем број изве

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryv74sb3mlfmr9e1laByN

Пожари на грчки остров во близина на Атина: Две лица загинаа, стотици евакуирани

Две лица загинаа во пожари што денеска речиси истовремено избувнаа на грчкиот остров Саламина, во близина на Атина, поради што беа евакуирани стотици жители и туристи, пренесува АФП.Телата на двете лица биле пронајдени во близина на плажата Перистерија, во јужниот дел на островот. Пожарите избувнале во две туристички области на југот и истокот на Саламина.Во гаснењето биле ангажирани околу 150 пожарникари, четири авиони и шест хеликоптери, додека крајбрежната стража распоредила пет брода.Саламин

Балкан | пред 2 месеци

media-librarymd9e7h3v8j0o3CgepR3

(Видео) Туристи во костими за капење се качувале по црквата „Св. Никола“ во Маврово

На социјалните мрежи се појавија фотографии од лица во костими за капење како се качуваат по надворешниот ѕид на кулата на црквата „Св. Никола“ во Маврово, што предизвика реакции во јавноста.Во објавата се наведува дека посетителите пристигнале со комбиња и се качувале по објектот на храмот, при што авторот оценува дека нивното однесување и облекување не соодветствуваат со карактерот на црковниот простор.Авторот истовремено апелира до надлежните институции да извршат увид и да проверат дали при

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryqck67b0sg6ph31KCZsv

(Видео) Тепачка пред полициската станица во Кочани: шестмина се тепале, а сега може да одговараат и полицајците

Групна тепачка се случила во Кочани, во непосредна близина на полициската станица, а во физичката пресметка учествувале шест лица. Четворица од нив биле приведени, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според МВР, настанот се случил вчера, 15 август, околу 19:15 часот на улицата „Тодосија Паунов“.Полициски службеници од Полициската станица Кочани ги привеле Ж.В. (22), Ј.В. (19) и М.В. (47), сите од Кочани, како и И.А. (46) од селото Баница, струмичко.Од полицијата информираат дека по претхо

Македонија | пред 2 месеци

zena

Розова амбалажа, повисока цена: Колку навистина плаќаат жените за истите производи?

Да се биде жена не е луксуз, но во секојдневието понекогаш изгледа како да се плаќа дополнително само поради тоа. Од козметика и производи за лична нега до облека и детски играчки, постојат бројни примери во кои производите наменети за жени или девојчиња чинат повеќе од сличните производи за мажи и момчиња. Оваа појава е позната како „розов данок“ или „pink tax“.Иако во називот го има зборот „данок“, не станува збор за официјален данок што го наплаќа државата. Терминот се користи за пазарна прак

Магазин | пред 2 месеци

media-libraryn7c6cn7s8ihr470hy9X

Ангелов: Монтажен базен поставен до пожарот кај Драгов Дол, хеликоптерот сега носи по еден тон вода на секои 3–4 минути

Ефикасноста на полицискиот хеликоптер во гаснењето на пожарот над селото Драгов Дол, во Општина Македонски Брод, е зголемена со поставување монтажен базен во близина на пожарната линија и реката Треска, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.Со поставувањето на базенот, хеликоптерот повеќе нема потреба да лета до езерото Козјак, што претходно траело околу 15 минути. Сега водата ја полни од базенот во непосредна близина на пожарот, со што на секои три до чети

Македонија | пред 2 месеци

media-library890se3ls4vrr1cuewPo

Ајкулите сè повеќе ги напаѓаат инфлуенсерите кои сакаат да ги снимаат

Снимките со ајкули стануваат сè попопуларни на социјалните мрежи, но научниците предупредуваат дека желбата за совршена фотографија или видео може да ги доведе луѓето во сериозна опасност, а истовремено да им наштети и на самите животни.Бразилската инфлуенсерка Тајане Далазен во април доживеала морничава средба за време на нуркање во близина на бразилскиот брег. Таа почувствувала силен притисок на ногата откако ајкула долга повеќе од два метра ја зграпчила и неколку секунди ја држела под вода. Д

Свет | пред 2 месеци

media-libraryitcbu70dmjpp2An3OxQ

Прогласена вонредна состојба во Индонезија по разорниот земјотрес: најмалку 51 загинат

Индонезиските власти прогласија 14-дневна вонредна состојба во провинцијата Источна Нуса Тенгара по разорниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени што го погоди островот Флорес. Мерката ќе биде во сила до 28 август, а целта е побрзо да се спроведат спасувачките операции и да се обнови оштетената инфраструктура.Одлуката ќе овозможи подобра координација меѓу надлежните институции, полесен пристап до погодените подрачја и побрзо ангажирање на расположливите ресурси, соопшти гувернерот на Источна Н

Свет | пред 2 месеци

media-libraryl42sn4hv0m480pNUZbd

Иран егзекутира маж осуден дека со автомобил удрил во полицајци за време на протестите

Иранските власти извршија смртна казна врз маж осуден дека за време на антивладините протести во јануари намерно со автомобил удрил во полициски службеници во градот Караџ. За извршувањето на казната во неделата извести полуслужбената иранска агенција „Тасним“, повикувајќи се на правосудните власти.Станува збор за Шахрам Садеги, кој според обвинението на 8 јануари со автомобил удрил во полицајци во Караџ, при што биле повредени седум службеници. Според „Тасним“, еден од повредените наводно бил в

Свет | пред 2 месеци

media-library92amidutjmj865s26Ra

Вучиќ: Во Србија нема сериозни пожари, имаме најдобра флота хеликоптери во регионот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека во земјата во моментов нема сериозни пожари ниту загрозено население, нагласувајќи дека државата располага со значителни капацитети за справување со огнените стихии.„Нема посериозни проблеми, нема сериозни пожари и нема загрозено население ниту земјоделски површини. Ветерот е тој што создава проблеми“, изјави Вучиќ.Тој посочи дека Србија во изминатите години значително ја обновила и проширила опремата за гаснење пожари, вклучително и воздушн

Балкан | пред 2 месеци

media-librarymo5apvb3suac0HwcLa9

Неофицијално: Уапсени тројца хрватски државјани и еден странец за подметнат пожар

Четири лица се уапсени во поширокото подрачје на Бенковац поради сомнение дека се поврзани со подметнување пожари, соопшти Задарската полициска управа.Полицијата реагирала откако граѓани во текот на синоќешната вечер, по 20 часот, пријавиле сомнително однесување. Полициските службеници набргу лоцирале и запреле возило во кое се наоѓале осомничените.Сите четворица биле однесени во службените простории за криминалистичко истражување, со цел да се утврдат околностите околу нивното движење и евентуа

Балкан | пред 2 месеци

Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Папата Лав бара итен прекин на насилството врз палестинските цивили

Папата Лав повика на итен прекин на насилството врз палестинските цивили на окупираниот Западен Брег, во услови на зголемени напади од страна на израелски доселеници и тензии во селото Кусра.По неделната молитва во својата резиденција во Кастел Гандолфо, во близина на Рим, папата упати апел до меѓународната заедница да преземе итни чекори за постигнување решение со две држави.„Го повторувам апелот за прекин на честото насилство врз палестинските цивили на Западниот Брег“, порача папата, додавајќ

Свет | пред 2 месеци

media-library43c9td7vg4plbU7vRKa

Европа гради сопствен систем за плаќање: Дигиталното евро треба да пристигне во 2029 година

Европската Унија прави нов чекор кон создавање посамостојна платежна инфраструктура, со која би ја намалила зависноста од странски системи за плаќање. Во фокусот на овие напори е дигиталното евро, замислено како дополнување на готовината и постојните банкарски услуги, а не како нивна замена.Преговорите меѓу Европскиот парламент и земјите членки за начинот на кој ќе функционира дигиталното евро се во завршна фаза. Според актуелните планови, пилот-проектот треба да започне во 2027 година и да опфа

Свет | пред 2 месеци

media-libraryi2qloqlght2uc5eo5t3

Спасено повреденото лице на Пелистер: Со скршеници на двете нозе било извлечено од непристапен терен

Спасувачките екипи успешно извлекле повредено лице од непристапен терен на Пелистер, откако преку бројот 112 била пријавена несреќата.Центарот за управување со кризи информира дека денеска во 12:04 часот била примена пријава за лице кое се наоѓало над Мало Езеро, под антените на Пелистер. Повредениот се здобил со скршеници на двете потколеници и бил свесен, но при движењето имал и крварење.По пријавата биле известени Итната медицинска помош, СВР Битола, Дирекцијата за заштита и спасување, Терито

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryk3hjsd860rmhfzdWspV

Експлозија во Бардовци: оштетени куќа и автомобил

Експлозија во Бардовци оштетила куќа и автомобил, случајот го истражува полицијата.МВР соопшти дека на 16 август 2026 година околу 02:35 часот, во СВР Скопје, 70-годишниот К.Б. од Скопје пријавил дека во Бардовци кон неговиот дом бил фрлен предмет кој предизвикал експлозија.Од експлозијата биле оштетени скалите на влезот во куќата и бил скршен прозорец. Оштетувања претрпеле и патничко возило, портата на домот и други предмети.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на о

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryv6ei2si0hg9n1VlSshW

Со остар предмет се обидел да ограби обложувалница во Бит Пазар, приведен 20-годишник

Полицијата приведе 20-годишен скопјанец осомничен дека со остар предмет се обидел да ограби спортска обложувалница во скопски Бит Пазар.МВР соопшти дека на 15 август 2026 година околу 19:45 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.А. (20) од Скопје.Претходно било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Бит Пазар, тој со закана со остар предмет се обидел да одземе пари од вработената.По целосното документирање на случајот, Единицата за внатрешни работи Це

Македонија | пред 2 месеци

kurumi

Заталкано зрно оштетило панел на гаража во дом во Студеничани

Заталкано зрно од огнено оружје оштетило панел на гаража во дом во Студеничани, по што случајот бил пријавен во полиција.МВР соопшти дека на 15 август 2026 година во 21:10 часот во СВР Скопје, 35-годишната Ј.А. од Студеничани пријавила дека заталкано зрно од огнено оружје го оштетило панелот со кој била покриена гаражата во нејзиниот дом.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои дошло до оштетувањето.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryb10uhua2a5mle7hNCKg

Заталкано зрно од огнено оружје пронајдено во близина на куќа во Драчево

Пронајдено заталкано зрно од огнено оружје во близина на куќа во Драчево, по што полицијата презема мерки за расчистување на случајот.МВР соопшти дека на 15 август 2026 година во 20:45 часот во СВР Скопје, 39-годишниот С.Ј. од Скопје пријавил дека во близина на неговата куќа, на подрачјето на Драчево, пронашол заталкано зрно од огнено оружје.Полицијата презема мерки за утврдување на околностите и целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 месеци

media-library7dk9hfnjg8siaW5YfEh

Ја нападнал сопругата и нејзината мајка, приведен скопјанец

Полицијата во Скопје лишила од слобода 59-годишен маж по пријава дека физички ги нападнал сопругата и нејзината мајка.МВР соопшти дека на 15 август 2026 година околу 20:30 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар при СВР Скопје го привеле А.Н. (59) од Скопје.Претходно било пријавено дека околу 16:30 часот, во домот, тој физички ги нападнал својата 58-годишна сопруга и нејзината 78-годишна мајка.По целосното документирање на случајот, против 59-годишникот ќе следува соодветен под

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryh6657etpgbs67I2pDZY

Полицијата приведе четворица во Битола поради пронајдена марихуана

Четири лица се лишени од слобода во Битола откако полицијата кај нив пронашла и одзела марихуана.МВР соопшти дека на 15 август 2026 година во 22:40 часот, полициски службеници од СВР Битола ги привеле С.Р. (28), Џ.М. (24) и Т.В. (27), сите од Битола, како и М.С. (21) од Кичево.При преземените мерки кај лицата била пронајдена и одземена марихуана.По целосното документирање на случајот, против четворицата ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања