Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

sneg1

За Нова година многу студено, но без снег

Управата за хидрометеоролошки работи информираше дека во Новата 2026 година, Скопје и повеќе региони во земјава ќе влезат со многу студено време.Нашата земја ќе бидд влијание на студена воздушна маса. Утринските и дневните температури во среда, 31 декември, ќе останат под нула, а засилениот до силен северен ветер ќе услови студен и непријатен амбиент, соопшти УХМР.Од четврток, 1 јануари, се очекува умерен до засилен северен ветер кој ќе го одржува студот, особено во раните утрински часови, па се препорачува внимателност за пешаците и возачите.Од петок, ветерот ќе промени правец во јужен, а во некои региони ќе има услови за слаб дожд, додека на планините се очекува и слаб снег.

Скопје | пред 4 месеци

J4A3115

„Ова не е СДСМ, ова не е мојата партија“: Деспотовски со тешки критики кон раководството на СДСМ

Јован Деспотовски остро проговори за состојбите во СДСМ, обвинувајќи дека дел од раководството со лични пресметки ја нарушува партијата и нејзините вредности. Тој најави дека нема да толерира валкање на неговото име и порача дека ќе бара одговорност доколку не бидат изнесени докази за обвиненијата против него.Според Деспотовски, случувањата кои деновиве излегоа во јавноста не се одраз на вистинската идејна матрица на СДСМ, туку последица на дејствување на поединци кои, како што вели, моментално имаат контрола врз партијата.„Ова не е СДСМ, ова не е мојата партија, ова е срам кој ѝ го нанесуваат поединци. Кои се аргументите и доказите за мојата наводна соработка со политичкиот опонент?“, запраша Деспотовски, додавајќи дека нема намера да дозволи нарушување на неговиот личен и политички интегритет.Тој оцени дека наместо да се надминуваат несогласувањата, внатрешните поделби само се продлабочуваат. И повеќе од една година по парламентарните избори, рече тој, партијата сè уште не успева да го „среди сопствениот дом“.„Наместо да градиме јасен политички фронт кон власта, ние копаме ровови меѓу себе. Реакциите и на јавноста и на членството го покажуваат истото – партијата не е обединета“, порача Деспотовски.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.13.40

Путин лично му се јавил на Трамп: „Ме информираше за нападот со дронови врз неговата резиденција - Москва најавува одговор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот руски колега Владимир Путин утрово телефонски го информирал за наводниот украински напад со беспилотни летала врз претседателска резиденција во Новгородската област. Трамп оцени дека таков потег „не е добар“, но додаде дека е можно руските тврдења да не се точни.„Тукушто слушнав за тоа, но не знам ништо повеќе. Тоа не би било добро,“ изјави Трамп пред средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Мар-а-Лаго, додавајќи дека разговорот со Путин бил „продуктивен“, но дека сè уште постојат чувствителни прашања што треба да се решат за да се постигне мир во Украина.Руските власти претходно соопштија дека ноќеска бил спречен масовен напад со 91 дрон со долг дострел насочен кон претседателската резиденција на Путин во северна Русија. Министрот за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека сите летала биле соборени од противвоздушната одбрана и дека нема повредени ниту материјална штета.Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Москва ќе одговори на, како што го нарече, „обидот за украински напад“.„Ќе има одговор на ова,“ рече таа за националната телевизија, обвинувајќи го украинскиот претседател Володимир Зеленски дека со ваквите чекори ги поткопува можностите за мировни преговори.Во исто време, Киев категорично ги отфрли руските наводи, нарекувајќи ги неосновани и политички мотивирани. Украинските власти сметаат дека Москва преку вакви обвинувања се обидува да изгради алиби за евентуална ескалација и притисок врз мировниот процес.Досега, руската страна не објави независно потврдени докази за нападот.Настанот се случува во чувствителен дипломатски момент, кога секоја информација за напад врз „симболични“ цели добива дополнителна тежина — и на теренот, и на преговарачката маса.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Слаб земјотрес од 2,2 степени регистриран во охридскиот регион

Земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран рано утрово во охридскиот регион, покажуваат податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот бил лоциран во непосредна близина на Охрид, а потресот е регистриран на длабочина од околу 15 километри.Податоците се означени како автоматски и неофицијално потврдени, што значи дека можна е минимална корекција на параметрите по деталната анализа.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarye588bsv09g02bWiFeZk

Условена двегодишна казна затвор за лицето кое упадна во редакцијата на „Инфомакс“

Судот донесе условна две годишна пресуда за упадот и насилството во просториите на редакцијата на „Инфомакс“.Обвинетиот Горан Спасов од Скопје беше прогласен за виновен за кривичните дела насилство и спречување на службено лице во вршење службена должност.Спасов доби условна казна затвор од две години, која нема да се изврши доколку во наредните пет години не стори ново кривично дело, како и надзор и лекување во траење од четири години.Судот цени дека со настанот била загрозена безбедноста на новинарите и загрозена уставно загарантираната слобода на изразување и правото на јавноста да биде информирана.Осудениот Спасов призна вина дека го сторил делото и им се извини на новинарите.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин лут за нападот врз неговата резиденција, Зеленски вели ова е нова руска лага

Рускиот претседател Владимир Путин, телефонски го известил американскиот претседател Доналд Трамп дека Русија го преиспитува својот став за мировниот договор. Причина според Путин е, како што тврди наводниот напад со беспилотни летала врз претседателската резиденција.Според Кремљ, Путин кажал дека токму овој напад ги натерал да го смени ставот.Украина демантира дека Киев извршил напад врз државната резиденција. Ова според бев е уште една руска лага.„Тие не сакаат оваа војна да заврши.Тие можат да ја завршат само со притисок врз себе. Сигурен сум дека бараа причина за ова. Искрено, веќе очекував таква реторика вчера. Гледате, тие одат подалеку”, одговори Зеленски.

Свет | пред 4 месеци

erdogan-3

Ердоган: Израел со своите потези сe повеќе го дестабилизира регионот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот изјави дека Израел сè повеќе работи на дестабилизација на регионот, наведувајќи ја како пример одлуката на Тел Авив да го признае отцепениот Сомалиленд. Ердоган ова го истакнал во телефонски разговор со кувајтскиот престолонаследник, шеикот Сабах Халед Ал-Сабах, нагласувајќи дека мора да се поддржи територијалниот интегритет на Сомалија, пишува Анадолу агенција.За време на разговорот, во кој биле опфатени билатерални, регионални и глобални прашања, Ердоган истакнал дека Турција работи на зајакнување на врските со Кувајт во сите области. Тој додал дека очекува соработката меѓу двете земји да продолжи да се развива. Турскиот претседател изразил надеж дека обновата на Газа ќе започне по постигнување траен прекин на огнот и воспоставување мир. Во тој процес, како што рекол, соработката меѓу Турција и Кувајт ќе биде од големо значење.

Свет | пред 4 месеци

vesna-janevska

Повисоки плати, електронски свидетелства и нова матура: образованието со сериозни реформи во 2026

Министерката за образование и наука на новогодишен брифинг со новинарите ги претстави клучните планови и реформи што Министерството за образование и наука (МОН) ги подготвува за 2026 година, најавувајќи повисоки плати за наставниците, нов концепт на државната матура, електронски свидетелства и засилена борба против плагијатизмот.Јануари ќе започне со потпишување на Националната стратегија за образование 2026–2032, која ќе биде основа за креирање на образовните политики во следните шест години. Како еден од приоритетите е наведена едносменската настава, која досега е воведена во околу 200 училишта.Од јуни 2026 година, за првпат ќе се воведат електронски свидетелства за учениците од прво, второ и трето одделение. Министерката Јаневска најави дека до крајот на 2027 година е-свидетелства ќе добијат и учениците од четврто до шесто одделение, а до крајот на нејзиниот мандат во 2028 година и учениците од седмо до деветто одделение.За мотивирање на вработените во воспитно-образовниот процес, од март се најавува зголемување на платите меѓу 7,5 и 10 проценти за наставниците во основното и средното образование.Промени се најавени и за матурантите. Од 2026 година ќе се воведе нов концепт на државната матура со два типа – гимназиска и стручна. Паралелно ќе продолжат реформите во средното стручно образование, со фокус на создавање кадар согласно потребите на пазарот на трудот.Јаневска најави и подобрувања во делот на учебниците, кои и годинава беа еден од најгорливите проблеми во образованието, истакнувајќи дека се работи на законски решенија и системски промени за надминување на слабостите.Во делот на науката, министерката посочи дека конечно се зголемени инвестициите, напредок кој е нотирани и во годинешниот Извештај на Европската комисија. Сепак, ниту еден македонски универзитет сè уште не е близу до Шангајската листа, за што, како што рече, се потребни повеќе инвестиции, научни трудови и промени во универзитетските програми.Во финална фаза се и нацрт-законите за високото образование и за обезбедување на квалитетот, кои по добивање зелено светло од стручната јавност ќе бидат објавени на ЕНЕР. Со новиот Закон за високо образование се предвидуваат построги правила за професорите, кои ќе имаат обврска за континуирано објавување научни трудови, а во спротивно на секои пет години повторно ќе полагаат за лиценца.Министерката најави и формирање на т.н. „ѕид на срамот“, каде ќе се објавуваат магистерски и докторски трудови за кои ќе се утврди дека се плагијати или купени, како дел од засилената борба против академската нечесност.Како дел од инфраструктурните проекти, при крај е и решението за довршување на објектите за ФИНКИ и ФФК, а веќе следната недела се очекува објава на тендер за нивно репроектирање, по што ќе следи избор на изведувач за градежните работи.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarypcmdnsltcftsdMKvkMe

Алиу: Клиниката за гинекологија e симбол за нов живот, извршено реновирање и унапредување на условите за мајките и новороденчињата

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски денеска ја посетија Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, каде е извршено реновирање на повеќе простории кои секојдневно ги користат илјадници пациентки. Вкупната инвестиција изнесува над 34 милиони денари.   - Гинеколошко-акушерската клиника е место каде што започнуваат нови животи, каде што се носат најтешки одлуки и каде што довербата во здравствениот систем мора да биде апсолутна. Затоа секоја инвестиција тука има посебна тежина и посебна одговорност. Од вкупната површина на клиниката, реновирани се 2 илјади квадратни метри, односно целото приземје кое го опфаќа влезниот хол, поликлиничкиот дел со амбуланти, HPV лабораторијата, биохемиската лабораторија, како и амбулантата за итни случаи. Ова значи подобра организација, побрза услуга и поквалитетна грижа , токму таму каде што е најпотребно, рече министерот Алиу.Тој посочи дека е особено значајна и новата настрешница од 420 квадратни метри на платото на Клиниката, што овозможува побезбедно и подостоинствено прифаќање на пациентките кои се транспортираат од други здравствени установи, а воедно со оваа инвестиција се покажува грижа, безбедност и почит кон секоја жена што доаѓа на клиниката во чувствителен момент.   - Оваа инвестиција е реализирана целосно со средства на самата Клиника. Тоа зборува за одговорно управување, визија и посветеност на раководството и вработените. Како Министерство за здравство, наша задача е да создаваме услови во кои здравствените работници ќе можат да ја дадат најдобрата можна грижа, а пациентите ќе се чувствуваат сигурно, почитувано и згрижено, заклучи министерот.

Македонија | пред 4 месеци

media-library9lshji21uja744CRFS0

„Ќе те убијам” закани за инспектор кој обвини родители дека и тие треба да се на обвинителна клупа бидејќи пуштиле малолетни деца во „Пулс”

Тензично во судницата и по рочиштето за трагедијата во дискотеката „Пулс во Кочани”. До судир дојде меѓу родители на загинати деца и обвинетиот градежен инспектор, Огњан Ѓорѓиев.Тој бесно изреагира на сведочењето на Габриела Наунова, мајка на загинатата Надица Наунова.Таа изјави дека го видела инспекторот Николчо во дискотеката.„Ова е срамота. Ајде стрелајте ме веднаш, што ме судите. Па и ти си виновна за случката, треба и вие овде да седите, малолетно дете сте пуштиле”, ја обвини мајката обвинетиот градежен инспектор Георгиев.Веднаш се слушнаа пцости и закани кон Ѓорѓиев.„Ќе те видам во Кочани ќе те убијам. Ќе летнат глави на некој пешачки премин“, се заканија револтираните родители, а судското обезбедување ги замоли родителите да бидат тивки.Мајката на загинатото девојче рече дека не видела пожарникари да изнесуваат деца надвор. Ималл само полицајци, кои стоеле со скрстени раце и не помагале.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryd29mtah3jfhp6e3k1ba

Доживотен затвор за убиство на сопствениот брат од користољубие - судот во Кавадарци вака пресуди

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кавадарци, Основниот суд во Кавадарци изрече пресуда врз основа на признание на вина со која го огласи за виновен 43-годишниот С.И. за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4 (од користољубие) и го осуди на казна доживотен затвор.Обвинетиот на 27 јули годинава од користољубие го лишил од живот својот помлад брат Илија Иванов. На роденденот на жртвата, двајцата браќа започнале да се расправаат, бидејќи обвинетиот верувал дека неговиот брат сака да го преземе целиот имот. Поттикнат од чувства на гнев и омраза, тој со тапиот метален дел од тесла го удрил брат му по главата, а кога оштетениот паднал, уште два пати го удрил со теслата, нанесувајќи му моментални смртоносни повреди.Потоа обвинетиот си заминал, а следниот ден се вратил во домот на оштетениот и телото го префрлил во бањата. Во следните неколку дена исто така се враќал за да го прикрие делото, ја бришел крвта од подот и од предметите, а телото го пренел во шупата, го затрупал во ров и врз него ставил шперплоча и други предмети.Во периодот од 30 јули до 5 август кога било откриено телото, обвинетиот во повеќе наврати повлекувал пари со банкарската картичка на жртвата.Обвинението беше поднесено на 28 октомври, а обвинетиот во целост го призна начинот на извршување на делото онака како што беше наведен во обвинителниот акт.При изрекувањето на пресудата, Судот донесе Решение со кое на осудениот му ја продолжи претходно определената мерка притвор до почетокот на издржувањето на казната доживотен затвор.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarypttrn4til086cc9x41v

Фатон Љури е казнет со 11 години затвор за смртта на Југослав Николовски на кејот на Вардар

За сообраќајната трагедија што на 1 јули годинава се случи на пешачката патека на кејот на Вардар во Скопје, Основниот кривичен суд – Скопје му изрече казна затвор од 11 години на Фатон Љури.Тој со мотор „Кавасаки“, при тоа без возачка дозвола и без заштитна кацига, удрил во 68-годишниот Југослав Николовски, кој почина од здобиените повреди. По ударот, Љури не застанал да помогне, туку го напуштил местото на несреќата и два дена бил во бегство.По неговото пронаоѓање беше поведена постапка, која заврши со денешната пресуда — 11 години ефективен затвор.

Македонија | пред 4 месеци

296165897_758644842021009_8011557410898836559_n

Од полноќ поскапуваат бензините и дизелот за половина денар по литар

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за нови малопродажни цени на горивата, која стапува на сила вечерва на полноќ. Бензините и дизелот поскапуваат за 0,5 денари по литар.Со ова, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 70,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 72,50 денари за литар.Поскапување има и кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), чија малопродажна цена од полноќ ќе биде 65,00 денари за литар, што исто така претставува зголемување од 0,5 денари.

Македонија | пред 4 месеци

vesna-janevska

На „Ѕид на срамот“ плагијатите и неквалитетните магистерски и дипломски трудови

Министерката за образование и наука Весна Јаневска најави дека ќе има нов софтвер за plagijati.mon.gov.mk – алатката за откривање препишани трудови и најави т. н. „ѕид на срамот“ на кој ќе се објавуваат несоодветни трудови затоа што, како што рече, на разни универзитети поминуваат магистратури и докторати кои се на ниво на ученички трудови.,,Кога на страниците ќе излезе оглас дека некој пишува магистерска за 300 евра е работа на полиција и на инспекцијата. Ги земаме добрите практики од таму каде што постојат, е првиот чекор. Вториот чекор за кој треба малку време е магистериумите и докторатите што ќе се работат да одат на оглас за студенти.Кај нас вообичено менторите ја нудат темата. Имаат проект, па им нудат на студентите. Иако има студенти кои доаѓаат со одредени теми, но не секогаш може да се изведат.Но, добрите пракси и за иновации на големи познати универзитет велат дека Министерството, Фондот, оддел за наука, како и да се вика објавува огласи за тоа што и е потребно на земјата.Тие го објавуваат огласот, финанасираат, а студентите и професорите се јавуваат. о. Се зборува дека на разни универзитети, на разни факултети поминуваат магистерски и докторати кои се на пониско ниво, ќе ги објавиме. Тогаш, академската заедница, една и единствена, ќе може да критикуваат тие што треба да критикуваат или да се правдаат. Мене би ми било срам да ставам потпис на нешто што не е вредно. Има такви луѓе. Кога ќе биде се јавно, ќе почнат поинаку да се однесуваат, во тоа сум длабоко убедена“, рече министерката Јаневска.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarym03jfcgescoj6h3izlG

„Отиде на концерт, а ни ја вратија во сандак“, уште потресни сведоштва од денешното рочиште за „Пулс“

На денешното судско рочиште за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, одекнаа и други потресни сведоштва од родителите кои ги загубија своите деца во пожарот на 16 март, кога животите ги загубија 63 млади лица, а над 200 беа повредени.Во судницата сведочеше Габриела Наунова, мајка на починатата Надица Наунова. Таа раскажа дека додека ја барала ќерката, а во обид да помогне на заглавените деца, кршела ѕид за да направи отвор кон тоалетот.„Во тој момент ми подадоа едно девојче. Очињата ѝ беа отворени. Беше тоа мојата Надица“, рече Наунова, видно вознемирена.Претходно, како што посочи, побарала помош од полициски службеник, а тој ѝ одговорил: „Не сум обучен јас за ова“.Надицa била пренесена во болница, каде што, според раскажувањето, здравствен работник им рекол дека успеале да ѝ го вратат пулсот. Мајката сепак успеала накратко да ја види.„Лежеше мртва на креветот, сама, без никого до неа… Многу е тешко да си го гледаш сопственото дете мртво!“, кажа таа.Поради силните емоции и солзите што одекнаа во судницата, сведочењето беше привремено прекинато. Кога се врати, Наунова додаде дека од тој момент понатаму речиси ништо не памети — освен дека Надица била без изгореници и дека „парфемот сѐ уште ѝ мирисал“.На рочиштето сведочеше и Ивана Минова, мајка на 16-годишната Драгана.„Беше тешко да се гледа како млади деца се борат за своите животи. Некои од нив беа без облека. Излегов, го видов сопругот како седи до мојата ќерка. Беше со облека, се израдував, мислев дека е само онесвестена.“Драгана била пренесена во болница, но таму следеле нови болни моменти.„Во ходникот на Брзата помош лежеа мртви деца. Насекаде крв, мирис на изгорени тела. Мислев дека Драгана ќе ги отвори очите. Лежеше на подот. Ја однесоа. Но, не на Одделение, туку ја насочија кон мртовечницата. Драгана отиде на концерт, а ни ја вратија во сандак“, сведочеше Минова.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Серија тепачки пред скопски локали: полицијата евидентира повеќе инциденти во една ноќ

На 29.12.2025 во 01:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Кисела Вода, Д.К.(35) физички го нападнал Н.С.(20), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 29.12.2025 во 03:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу С.С.(29) од с.Батинци, скопско и Е.С.(31) од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.На 28.12.2025 во 11:10 часот во СВР Скопје, Д.А.(46) од Скопје пријави дека околу 01:30 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 28.12.2025 во 18:20 часот во СВР Скопје, Т.Л.(19) од Скопје пријави дека околу 02:30 часот пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје бил физички нападнат од едно лице кое работело како обезбедување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 28.12.2025 во 21:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Т.(23), А.И.(25) и П.З.(21) од една страна и С.П.(37) и Д.П.(32) од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 4 месеци

brza-pomos-nokje-3

Повредени шест лица во тешка сообраќајка на патот Прилеп-Битола

На 28.12.2025 во 20:18 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, кај с.Тополчани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(39) од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(57) од Прилеп.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.С., додека со телесни повреди се здобиле возачот Д.М. и неговите сопатници Н.У.(24), М.Ѓ.(38), Б.Б.(38) и уште еден малолетен сопатник, сите од Охрид, констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarysn9sf0eg07e9a9gID1r

АКТ објави писмо од свиркач за тендерот од 1,2 милиони евра од Пошта

Антикорупцискиот тим (АКТ) на СДСМ објави писмо од свиркач, вработен во Пошта АД, со сериозни наводи за испумпување јавни пари, поврзани со тендерот од 1,2 милиони евра во АД Пошта, посочи генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција.„Пријавувам организирана кражба на 25.000 евра месечно или 300.000 евра годишно преку договорот со фирмата БС КЛИНИНГ ДООЕЛ“, наведува свиркачот во писмото кое го објави АКТ, рече Димитријевиќ.Тој појасни дека, според тендерот за хигиена во сите 14 поштенски подружници задолжително треба да има по двајца хигиеничари/ки, а во Пошта 2 задолжително по 10 хигиеничари.„А каква е реалната состојба? Само во 4-5 подружници има по 2 и работат само неколку часа дневно. Во другите 10 подружници има само по 1. Во Пошта 2 само 6-7. Значи постојано недостасуваат околу 14 хигиеничари.“, посочи Димитријевиќ пренесувајќи детали од писмото на свиркачот, вработен во Пошта.Во писмото е образложена и финансиската пресметка на загубата што, како што рече, произлегува од ваквата состојба.„И така, преку константен недостатокот на 14 хигиеничари како и скратеното работно време на останатите кои реално работат, доаѓаме до пресметката за тоа колку пари месечно е загубата, ако се земе предвид дека за сите хигиеничари (и тие што не работат и тие што работат само неколку часа во денот) се плаќаат целосни износи, согласно спецификацијата и договорот склучен со АД Пошта. Месечен трошок за еден хигиеничар е над 40.000 денари. Недостасуваат 14 хигиеничари, значи тоа се над 560.000 денари месечно. Постоечките 25-26 хигиеничари работат само 50% од времето, тоа се нови 550.000 денари. Заедно со другите давачки уште 200.000 денари, доаѓаме до речиси 25.000 евра месечно. Тоа се 300.000 евра годишно! Ете ја шемата, ете ја корупцијата“, посочи Димитријевиќ.Сите овие наводи ги објавуваме, заедно со целата содржина на писмото и бараме Јавното обвинителство да отвори истрага и да ги истражи по допрен глас. Во чии џепови завршуваат испумпаните пари?  Кој ќе одговара?АКТ продолжува со откривање на сите криминални тендери. Институциите мора да постапат, рече Димитријевиќ.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryen75hdahkm1r4XD3900

Да нема отказ при бременост! Левица поднесе предлог-измени за заштита на трудовиот статус на бремени работнички

Пратеничката група на Левица во Собранието поднесе предлог-измени на Законот за работните односи, со кои се предлага бремените работнички вработени на определено време автоматски да преминуваат на договор на неопределено време по доставување потврда од лекар или надлежен орган.Партијата соопшти дека целта на измените е да се спречи прекин на работниот однос во текот на бременоста и да се зголеми правната сигурност на оваа категорија работнички. Според образложението, иако законската рамка гарантира еднакви права и забрана на дискриминација по основ на бременост, во пракса и понатаму имало случаи каде што на бремени работнички не им се продолжувале договорите на определено време.Во соопштението се наведува и конкретен пример од јавноста од пред околу еден месец, по кој Левица повторно ја отвори темата за заштита на бремените жени на пазарот на труд.Со предложената формулација, во член 46 од Законот за работните односи би се додал нов став, според кој „работниот однос заснован со договор за вработување на определено време се трансформира во работен однос на неопределено време поради бременост, по доставување на соодветна потврда“.Од партијата потсетуваат дека и претходно иницирале измени за целосно укинување на договорите на определено време, кои не добија поддршка во парламентот.Предлог-законот треба да помине низ собраниска процедура, по што ќе се утврди дали ќе биде поддржан од мнозинството пратеници.

Македонија | пред 4 месеци

voda

Скопјани пијат безбедна и квалитетна вода

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје го објави неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, според кој сите испитани примероци одговараат на пропишаните стандарди. Анализите се спроведени од Секторот за санитарна контрола во периодот од 22 до 26 декември 2025 година.За потребите на контролата, земени се 185 примероци за физичко-хемиска и исто толку за микробиолошка анализа од 41 мерно место во градот.„Секторот за санитарна контрола во периодот од 22.12.2025 до 26.12.2025 зема 185 примероци за физичко-хемиска и 185 примероци за микро-биолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје“, стои во официјалното соопштение.Од таму посочуваат дека овие податоци се објавуваат редовно со цел граѓаните да бидат точно и навремено информирани за безбедноста на водата што ја пијат.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ прашува: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија

СДСМ преку соопштение се осврна на објавената ,,бомба” дека тендер од 1,2 милиони евра добила фирма на нивни советник од општина Кисела Вода.,,Колаборантите од ЗНАМ го потврдија скандалот што го објави АКТ.Ама реакциите за скандалот се како оние на ВМРО: Фактите се тие, советникот кој зема 1,2 милиони евра е наш ама „се оградуваме од инволвираност“, велат од СДСМ.,,Фатени живи овие од ЗНАМ уште малку ќе кажат дека не го знаеле нивниот Советник и носител на листа во Кисела Вода.Нема бегање. Фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени.Дали е ова прва рата од исплатата за предавството на Македонија?За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?”, велат одСДСМ и ги повикуваат ДКСК, Јавното обвинителство и Финансиската полиција да отворат истрага.,,Како тоа фирма што не исполнувала услови добила тендер од 1.2 милиони евра од Пошта? Како тоа се менува сопственик само 20 денови по добивање на милионскиот тендер“, прашува СДСМ преку соопштение.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryfiob5em6ju9tePxmG6t

„Тие 10 минути можеби беа клучни за брат ми“, мајката на Андреј раскажа и за траумата на помладиот син Кристијан

Пред судот денес сведочеше Марија Петрушева, мајката на 24-годишниот Андреј кој загина во трагедијата во „Пулс“ во Кочани, и на неговиот помал брат Кристијан, кој ја преживеа несреќата. Таа раскажа како семејството и денес се соочува со тешки последици — особено Кристијан, кој чувствува силна вина што не успеал да го спаси брат му.„Кристијан денес има кошмари и вели: ’Тие 10 минути додека спасував други животи, можеби беа клучни за брат ми‘. Најтешка е тежината што ја чувствува за загубата,“ сведочеше Петрушева.Таа објасни дека Кристијан, кој во моментот на пожарот бил излезен надвор, повеќепати се враќал во внатрешноста на објектот — извлекувајќи луѓе од чадот и огнот, додека очајно го барал брат му.Во исказот, мајката зборуваше и за трауматичното искуство во амбулантното возило.„Таа вечер, кога го нашле брат му, го качиле во амбулантна кола заедно со едно мртво дете и едно тешко повредено. Тие трауми што ги доживеа во тоа возило беа преголеми. Не сакавме повторно да ги преживува истите моменти,“ рече таа, објаснувајќи зошто подоцна одбиле да биде пренесен со возило во Скопје.Кај Кристијан били утврдени траги од јаглерод моноксид, а од стрес и чад му се активирале полипи на носот, поради што во мај морал итно да биде опериран. Во болницата, шокот бил толку силен што, како што раскажа мајката, од бес и очај скршил стакло.Петрушева сведочеше и за моментот кога ја видела телото на Андреј во болничката соба.„Мамо, не успеав да го спасам брат ми…“ — со тие зборови ме пречека Кристијан,“ рече таа.Потоа се соочила со сцена која ја опиша како „хорор“.„Цел ходник беше со легнати деца – кои исцрнети до непрепознавање, кои изгорени…“ сведочеше таа.Андреј лежел на вториот кревет до прозорецот.„Изгледаше толку живо што не верував дека е мртов. Почнавме да му даваме вештачко дишење. Тој испушташе некои необични звуци, мислев дека се враќа, мислев дека го оживуваме… Умот не ми даваше да се помирам,“ раскажа мајката.Лекарот кој бил повикан дополнително само констатирал дека тој веќе се лади, а потоа потврдил дека и другите три деца во собата се починати.На крај од сведочењето, таа упати лична и болна порака.„Животот ми е поделен на пред и по 16-ти март. Агонијата е се поголема. И сега, во овој момент, можам да кажам дека му завидувам на една личност која е најодговорна за смртта на моето дете – бидејќи неговиот син е до него, а моето дете не напушти.“

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryjimerv9r0tsg7YCYuYB

Граничниот премин Ники (Меџитлија) затворен за товарни моторни возила

Граничниот премин Ники (Меџитлија) до 16:00 часот ќе биде затворен за сообраќај на товарни моторни возила, извести АМСМ.Како што претходно соопштија од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryomvpl4gba7jh96dABqd

„Пораката на Инстаграм остана непрочитана“ – мајката на Андреј сведочеше за ноќта на трагедијата во „Пулс“

„На Андреј му пишав на Инстаграм: ‘Што се случува?, и до денес таа порака стои непрочитана.“Вака сведочеше денеска Марија Петрушева, мајката на 24-годишниот Андреј. Таа рече дека семејството прво ги слушнало сирените околу 02:45 часот, а потоа забележало дека службите се движат во правец на клубот. Тогаш започнала агонијата, ѕвонела на двајцата синови, но без одговор.„Почнав да им ѕвонам наизменично. Кога не ми се јавија, му напишав на Андреј: ‘Што се случува?’. Но пораката остана непрочитана,“ рече таа низ солзи.Петрушева сведочеше и дека нејзиниот син бил повикан на работа доцна по полноќ.„Андреј беше викнат од газдата Дејан Јованов во 01 часот по полноќ, бидејќи имало многу гости. Буквално секој што знаел да држи чаша во рака бил повикан,“ изјави таа, додавајќи дека последен пат разговарале околу 18:30 часот, кога ѝ рекол дека е уморен, но мора да оди.Кога семејството пристигнало кај клубот, веќе владеел хаос.„Јас се наведнав да ги превртувам децата, да видам дали е некој од моите. Тие деца кои ги гледав таму, не сфаќав дека се мртви… мислев дека се онесвестени од чадот,“ сведочеше таа.Надеж се појавила кога некој им кажал дека браќата веќе биле однесени во болница, помалиот Христијан бил стабилен, а за Андреј слушнале дека има „слаб пулс“.Судењето продолжува со сослушување на сведоци.

Македонија | пред 4 месеци

IMG_4387

Наставниците ќе се ,,опарат”, од март повисоки плати

Од март 2026 година, наставниците ќе го добијат договореното покачување на платите, најави министерката за образование Весна Јаневска на денешниот брифинг со новинарите.Покачувањето ќе биде меѓу 7 ипол и 10 проценти од платата, зависно од пресметките.,,Тоа е мотив за наставниците. Тоа што досега не е успеано да се направи, ние го направивме. Дополнителен мотив за наставниците е кариерното натпреварување. Горда сум на успехот кој го постигнавме, што беше и нотирано во извештајот на Европската Комисија”, рече министерката Јаневска.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања