Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

ilon-mask

Компанијата xAI на Илон Маск тужи корисник поради злоупотреба на Grok

Компанијата за вештачка интелигенција xAI, во сопственост на Илон Маск, поднесе тужба против жител на американската сојузна држава Јужна Каролина, обвинувајќи го дека го злоупотребил системот Grok за создавање незаконска содржина.Според тужбата, поднесена до федерален суд во Тексас, Тери Харвуд ги прекршил условите за користење на платформата, а претходно оваа година бил уапсен под обвинение за сексуална експлоатација на малолетници.Од xAI тврдат дека обвинетиот прикачувал фотографии од возрасни

Свет | пред 3 месеци

SeKXr-

Цената на нафтата останува стабилна и покрај тензиите меѓу САД и Иран

Цените на нафтата денеска останаа речиси непроменети на меѓународните пазари, задржувајќи се близу 85 долари за барел, додека инвеститорите внимателно ги следат случувањата поврзани со тензиите меѓу САД и Иран.На лондонскиот пазар барелот на нафта се тргуваше по цена од 85,05 долари, додека на американскиот пазар изнесуваше 79,66 долари.Во фокусот на пазарите останува Ормускиот теснец, поради стравувањата дека ескалацијата на конфликтот би можела да го наруши транспортот на енергенси.Според дого

Свет | пред 3 месеци

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

САД ги скратува визите за странските студенти и новинари

Американската администрација одлучи да го ограничи времетраењето на престојот на странските студенти и новинари во САД, во рамките на новите мерки за заострување на имиграциската политика.Според предлогот, кој треба да стапи во сила за околу два месеци доколку биде одобрен во Конгресот, носителите на студентски визи ќе можат да престојуваат во САД најмногу четири години.За странските новинари максималниот престој ќе биде ограничен на 240 дена, односно околу осум месеци, со можност за продолжувањ

Свет | пред 3 месеци

17102024_Durmishi

Дурмиши: Инфлацијата е под контрола, засега нема потреба од нови мерки

Инфлацијата во моментов е под контрола и нема потреба од воведување нови мерки за интервенција на пазарот, изјави министерот за економија Бесар Дурмиши, нагласувајќи дека состојбата постојано се следи во координација со Државниот пазарен инспекторат.Тој порача дека институциите ќе реагираат доколку се утврдат девијантни однесувања или неоправдано зголемување на цените.„Контролите на Државниот пазарен инспекторат за периодот од март до јуни покажаа дека цените на производите во малопродажба се зг

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryt51p9iinv70sf5jLdOE

До 18 часот регистрирани пет пожари на отворен простор, еден сè уште е активен

До 18:00 часот денеска во земјава се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор, од кои еден е сè уште активен, еден е ставен под контрола, а три се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).Активен е пожарот во Општина Старо Нагоричане, кај селото Канарево, каде што гори ниска вегетација.Под контрола е пожарот во Општина Ново Село, кај селото Бајково, каде што се зафатени ниска вегетација и мешана шума.Во меѓувреме, изгаснати се пожарите кај селото Србица во Општ

Македонија | пред 3 месеци

media-library2672l82he69g0mwZWZG

СДСМ: Мицкоски денес го фали НАТО, а вчера беше против

Од СДСМ реагираат дека премиерот Христијан Мицкоски денес зборува за унапредување на соработката со НАТО, иако, според нив, тој и ВМРО-ДПМНЕ претходно се спротивставувале на членството на Македонија во Алијансата.Во партиското соопштение се наведува дека министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, за време на посетата на Брисел, изјавил дека НАТО е „феноменална работа“, бидејќи покрај безбедноста на граѓаните обезбедува и сигурност за странските инвеститори.Од СДСМ тврдат дека клучните држав

Македонија | пред 3 месеци

media-library13vr12ldbvfp8VDoPOl

Кејн: Прерано се повлековме, Аргентина нè казни

Капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн, изјави дека неговиот тим прерано се повлекол по водството, што, според него, ѝ овозможило на Аргентина да направи пресврт и да се пласира во финалето на Светското првенство.„Разочаран сум. По голот само се обидувавме да го зачуваме водството и на ова ниво тоа не е доволно. Се боревме, оставивме сè на теренот, но крајниот резултат е болен. Одбраната се држеше колку што можеше, но на крајот не беше доволно. Бевме блиску, но сепак ни недо

Спорт | пред 3 месеци

media-library6s0fkhviuu290UshyTt

Долниот дом ја изгласа контроверзната изборна реформа на Мелони

Долниот дом на италијанскиот парламент денеска го одобри контроверзниот предлог на владата на премиерката Џорџа Мелони за измени на изборниот закон, кој сега ќе биде испратен на разгледување и гласање во Сенатот.Предлогот на владејачката десничарска коалиција, составена од партиите „Браќа на Италија“, „Форца Италија“ и „Лига“, беше усвоен со 217 гласа „за“ и 152 „против“.Со реформата се предвидува воведување целосно пропорционален изборен систем, при што коалиција што ќе освои повеќе од 42 проце

Свет | пред 3 месеци

media-libraryt5q8j6nksm8qaorEm2w

Пијан тетовец со нож се обидел да ограби казино, полицијата го приведе

Триесет и двегодишен жител на Тетово е приведен под сомнение дека се обидел да изврши разбојништво во казино во градот, заканувајќи им се на вработените со нож.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 15 јули полициски службеници го лишиле од слобода К.В. (32) од Тетово, откако околу 11:05 часот се обидел да изврши разбојништво во казино.По приведувањето, кај него бил извршен претрес, а алкотестирањето покажало дека имал 2,49 промили алкохол во крвта.Осомничениот е задржан во по

Македонија | пред 3 месеци

media-library9n9eof2t3ao72VFuB5o

Сиљановска-Давкова: Германско-македонската соработка во НАТО е важна за регионалната безбедност

Македонско-германската соработка во рамките на НАТО има значајна улога во зајакнувањето на регионалната стабилност и безбедност, беше констатирано на денешната средба меѓу претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и началникот на вооружените сили на Германија, генерал Карстен Бројер, кој престојува во дводневна посета на земјава.Од кабинетот на претседателката соопштија дека Сиљановска-Давкова оценила оти посетата на генералот Бројер е потврда за посветеноста на НАТО кон стабилноста на регионот

Македонија | пред 3 месеци

sdsm-zgrada-1-366121

СДСМ: Кога ќе им се извини Мицкоски на граѓаните за навредите?

Од СДСМ обвинија дека премиерот Христијан Мицкоски со месеци упатува навреди кон граѓаните, посочувајќи дека во своите јавни настапи користел квалификации како „талог на општеството“, „мекотели“, „коленичари“ и „медиокритети“.Од партијата велат дека ваквите изјави се недозволиви за премиер и оценуваат дека, наместо да се извини, Мицкоски продолжува со навредите и преку своите постапки.Во соопштението, СДСМ тврди дека премиерот, заедно со лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија,

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски сè уште нема одлука за новиот министер за одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека сè уште не донел конечна одлука кого ќе предложи за нов министер за одбрана, по смената на Михаило Федоров, која предизвика протести во Киев и Лавов.Зеленски рече дека актуелниот министер за внатрешни работи Игор Клименко е еден од кандидатите што се разгледуваат, но нагласи дека одлуката сè уште не е донесена и дека до парламентот не е доставен официјален предлог.Во меѓувреме, Врховната рада денеска го избра Сергеј Корецки за нов премиер на

Свет | пред 3 месеци

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес од 5,9 степени го потресе Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтер го погоди градот Те Анау на Јужниот Остров во Нов Зеланд, при што биле почувствувани силни потреси, а властите накратко издале предупредување за можна опасност од цунами.Според Националната агенција за управување со вонредни состојби (NEMA), епицентарот бил на околу 40 километри северно од Те Анау, кој претставува влезна точка за популарниот туристички регион Фјордленд.Нема информации за повредени лица или материјална штета.Земјотресот се случил в

Свет | пред 3 месеци

TikTok-75646

Велика Британија отвори истрага против TikTok поради заштитата на децата

Британскиот регулатор за комуникации „Офком“ отвори официјална истрага против TikTok поради сомнежи дека платформата не обезбедува доволна заштита на децата од штетна содржина и дека системот за проверка на возраста на корисниците не функционира ефикасно.Истрагата ќе утврдува дали TikTok ги исполнува обврските предвидени со Законот за безбедност на интернет, кој постепено се применува откако стапи во сила во октомври 2023 година.Од „Офком“ соопштија дека нивната ревизија покажала оти платформата

Свет | пред 3 месеци

plaza-lezaljke-grcka

Главната плажа во Порторож затворена по излевање дизел-гориво во морето

Главната плажа во словенечкиот приморски град Порторож утрово е затворена за посетители, откако во морето се излеало дизел-гориво од пловило закотвено во локалната марина.Општина Пиран соопшти дека ветерот ја придвижува нафтената дамка кон брегот, поради што на граѓаните им е препорачано да не влегуваат во морето.Началникот на Одделението за заштита на крајбрежното море при Управата за поморство, Роберт Шкроков, изјави дека ситуацијата е ставена под контрола. Според него, ветерот го насобрал гор

Балкан | пред 3 месеци

media-library5v94dduth4rr8tinFMJ

(Видео) Снимка од ајкула во Јадранот предизвика паника, експертите велат дека не е голема бела ајкула

Видео од ајкула снимено во близина на влезот во Бока Которска предизвика големо внимание на социјалните мрежи, откако многумина тврдеа дека станува збор за голема бела ајкула – едно од најопасните морски животни за човекот.Сепак, експертите сметаат дека на снимката најверојатно не се гледа голема бела ајкула, туку мако ајкула, вид кој не е невообичаен во Јадранското Море.Научникот Илија Ќетковиќ од Институтот за биологија на морето во Црна Гора изјави дека, според карактеристиките што можат да с

Настани | пред 3 месеци

media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Хорор во Сараево: Ги убил мајка му и брат му, па на полицијата ѝ рекол дека ги „испратил на подобро место“

Осомничениот за убиството на својата мајка и брат во сараевската населба Храсница, Аднан Локванчиќ, по апсењето дал вознемирувачка изјава во полиција, пренесуваат босанските медиуми.Според информациите објавени од „Аваз“, тој изјавил дека мајка си и брат му ги „претворил во маченици и ги испратил на подобро место“.Медиумите наведуваат дека жртвите биле болни и дека осомничениот со години се грижел за нив, што дополнително ги шокирало соседите.По убиствата, Локванчиќ останал во станот, каде што б

Балкан | пред 3 месеци

media-librarymf97nsu8or4d2FigFpG

Експлозија на чамец кај кинески остров: Седум лица загинаа, едно се води за исчезнато

Најмалку седум лица загинаа, а едно се води за исчезнато по експлозија на гумен чамец во водите кај островот Мопаншан, во североисточниот дел на Кина, соопштија локалните власти.Според информациите, уште пет лица се пренесени во болница, при што две од нив се наоѓаат во тешка здравствена состојба.Несреќата се случила во средата, кога на чамецот се наоѓале вкупно 13 лица, во близина на островот Мопаншан, во градот Сингченг.Причината за експлозијата засега не е позната, а надлежните служби спровед

Свет | пред 3 месеци

media-libraryaugbe4jpek1l1oC305a

Еврозоната во мај забележа трговски дефицит од 7,8 милијарди евра

Еврозоната во мај годинава забележала трговски дефицит од 7,8 милијарди евра во размената на стоки со остатокот од светот, што претставува најголем месечен дефицит од април 2023 година, покажуваат првичните проценки на Евростат.Резултатот е значително полош во споредба со истиот месец лани, кога еврозоната оствари трговски суфицит од 15 милијарди евра.Во мај 2026 година извозот на стоки од еврозоната достигнал 243,6 милијарди евра, што е раст од 0,1 отсто на годишно ниво. Во исто време, увозот п

Свет | пред 3 месеци

media-librarym294j99o9llg2LG9cH3

Најмалку 11 загинати и 19 повредени во пожар во дом за згрижување во Алжир

Единаесет лица загинаа, а 19 се повредени во пожар што избувнал во текот на ноќта во дом за згрижување во главниот град на Алжир.Според информациите од алжирската цивилна заштита, пожарникарите започнале со интервенција околу 3:30 часот по локално време, а гаснењето на огнената стихија траело повеќе од три часа.Во акцијата биле ангажирани десет противпожарни возила и 16 возила на итната медицинска помош. За време на интервенцијата, пет лица со попреченост биле евакуирани и префрлени на безбедно

Свет | пред 3 месеци

media-libraryl85o3cek89n79Kn961t

„ВМРО-ОКГ повторно со дефокус - наместо за криминал и економски колапс, прават конструкции за ЈП ПОЦ“, вели СДСМ

СДСМ денеска преку соопштение ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со работењето на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ), оценувајќи дека станува збор за обид за дефокусирање на јавноста од, како што наведуваат, вистинските проблеми во државата.Од партијата тврдат дека отписот на старите долгови бил спроведен во согласност со законските прописи и дека најголем дел од побарувањата се однесувале на мали износи создадени во подолг временски период, вклучително и за време на ковид-кризата.

Македонија | пред 3 месеци

ustaven

Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка, Судот за тоа дознал од Собранието

Уставниот судија Гоце Наумовски поднел оставка од функцијата, но за неговата одлука Уставниот суд не бил официјално известен. Наместо тоа, информацијата била потврдена преку телефонски разговор меѓу претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, и претседателот на Собранието, Африм Гаши.Од Уставниот суд соопштија дека Наумовски не присуствувал на денешната седница, иако претходно најавил дека ќе дојде. Во текот на денот претседателот Костадиновски и неговите колеги безуспешно се обидувале

Македонија | пред 3 месеци

media-librarypjco57cfoel00ngaDic

(Видео) Украина изврши напад врз два танкери што превезувале руска нафта

Украинската служба за безбедност (СБУ) соопшти дека, во координација со украинската морнарица, извела напад врз два руски танкери што се наоѓаат под санкции, користејќи поморски дронови од типот „Мамај“.Според СБУ, цел на операцијата биле танкерите Louise 1 и Banda, а нападите биле извршени во близина на Новоросијск и Сочи, на руското крајбрежје на Црното Море.Украинската служба објави видеоснимки на кои, како што тврди, се гледа како повеќе поморски дронови ги погодуваат труповите на двата брод

Свет | пред 3 месеци

media-library2e7k8t7f3spo1MNj9tR

Уапсен скопјанец баран со потерница, треба да издржи затворска казна од година и пол

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода 49-годишниот С.А. од Скопје, кој бил баран со потерница за издржување затворска казна.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, потерницата била издадена по наредба на Основниот кривичен суд Скопје за издржување затворска казна од една и пол година за кривично дело по член 235 став 1 од Кривичниот законик.По приведувањето, С.А. ќе биде спроведен во надлежната казнено-поправна установа

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryofvf8jcrlc1o4qeOsNR

Ѓорѓиевски: Почна уредувањето на зелен коридор долж улицата „Ѓорче Петров“

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави реализација на проект за изградба на зелени коридори долж булеварите и главните градски улици, со цел, како што наведе, да се создаде почиста и поздрава урбана средина.Според Ѓорѓиевски, денеска започнало уредувањето на зелен коридор долж улицата „Ѓорче Петров“, каде што паралелно се реконструира и пешачката патека во должина од околу четири километри.Тој истакна дека проектот предвидува засадување нови дрвја, дополнително зеленило и уредување н

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања