Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-library31pt8tf0v4hv5cUJXLE

14-годишник мопедист тешко повреден во судир со автомобил кај Штип

Четиринаесетгодишно момче се здобило со тешки телесни повреди, а неговиот 12-годишен сопатник е повреден во сообраќајна несреќа што се случила на локалниот пат Штип–село Шашаварлија, соопшти Министерството за внатрешни работи.Несреќата била пријавена на 12 јули во 13:15 часот, а во неа учествувале патничко возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од О.В. (50) од Штип, и мопед без регистарски ознаки, кој го управувал 14-годишник од Штип.Во судирот, 14-годишниот возач на мопедот се

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryffv8fn2c8ugtcWgIf9M

Лицето кое им избега од полициска станица, успеал да “одлета” и од Македонија: сега се бара со меѓународна потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Александар Лазаров (41) од Кочани, кој претходно избега од Полициската станица во Кочани.Од МВР информираат дека Лазаров, син на Методи и Даринка, се бара по централна и меѓународна потерница по барање на Основниот суд во Кочани.Тој се гони за кривично дело по член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryd9mdaq1ot08b2VrEAPc

Заталкани куршуми оштетија автомобили во Скопје и кај Тетово

Два одвоени случаи на оштетени возила од заталкани куршуми се пријавени во Скопје и во Тетовско, информира Министерството за внатрешни работи.Во првиот случај, на 12 јули во 16:25 часот во СВР Скопје, 48-годишниот С.Р. од Скопје пријавил дека ветробранското стакло на неговото патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од заталкано зрно.Еден час подоцна, во 17:35 часот, во СВР Тетово, 63-годишниот Е.Н. од Тетово пријавил дека неговото паркирано возило „фиат пунто“ со тетов

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryff65cj8cn0o43RJO8pO

Двапати приведен за еден ден: Направил инцидент на „Галичка свадба“, па потоа продолжил со нередите во Гостивар

Педесет и шестгодишен жител на Гостивар двапати бил приведен во текот на истиот ден поради нарушување на јавниот ред и мир.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 12 јули, околу 10:45 часот, полициски службеници од Полициското одделение Маврово го привеле Ѓ.Р. (56) од Гостивар, кој со агресивно однесување го нарушил јавниот ред и мир во село Галичник, за време на одржувањето на манифестацијата „Галичка свадба“.Истиот ден, во 20:40 часот, полициски службеници од Полициската стан

Македонија | пред 3 месеци

media-library8qfqilso0lmiaeqULbz

Паднал со електричен тротинет во село Сопот, завршил со тешки повреди

Четириесет и тригодишен жител на кавадаречкото село Сопот се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од електричен тротинет.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 12 јули, а несреќата се случила околу 22 часот на улицата „Маршал Тито“ во село Сопот.Според информациите, И.А. (43), управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал на коловозот.Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Кав

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryq5u4hu2k7ibf5WxP36M

41-годишен маж од Гостивар осомничен дека ја претепал сопругата

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против В.П. (41) од Гостивар поради сомнение дека сторил кривично дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“.Според Министерството за внатрешни работи, на 31 мај 2026 година во Гостивар, пријавениот физички ја нападнал својата 38-годишна сопруга.По целосното документирање на случајот, против него е поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryslfr8rnlmnjk3Or0K3y

Трифун Костовски со неверување ја читал изјавата на Хајредини: Ако е ваша изјавава, разочаран сум

Бизнисменот Трифун Костовски преку соопштение реагираше на изјавата на поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини, во која, осврнувајќи се на неговата изјава „Ми крадете од животот што не сте ми го дале“, рече: „Како што ти им крадеше од животот на штедачите на твојата банка.“Во својата реакција, Костовски наведува дека сака да верува оти изјавата е погрешно пренесена или извадена од контекст, бидејќи, како што вели, долго време го ценел Хајредини како човек што рационално и објективно ги

Македонија | пред 3 месеци

media-librarypl741rr5pk817tpASSS

Запален автомобилот на Ѓоко Ристов, судијата обвинет за заѕиданите пари: има сомнежи кој го сторил ова

Автомобилот на судијата Ѓоко Ристов, обвинет за заѕиданите пари во куќата на неговите родители, бил запален ноќеска околу 2:50 часот во скопската населба Карпош, а во пожарот биле оштетени уште три возила и еден деловен објект.Според неофицијални информации, возилото било паркирано пред зградата во која живее судијата, непосредно под неговиот балкон. Се разгледуваат повеќе можни мотиви за пожарот, но засега нема официјална потврда за причините или за евентуални осомничени.Од Министерството за вн

Македонија | пред 3 месеци

235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Од полноќ поскапуваат горивата: Дизелот поскапува за 5,5 денари, бензините за 1,5 денар

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,59 проценти во однос на претходната одлука.Новите цени ќе важат од 14 јули, од 00:01 часот.Според одлуката на РКЕ, цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се зголемува за 5,5 денари за литар и ќе изнесува 88 денари за литар.Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за 1,5 денар за литар, па новите цени ќе бидат:ЕУРОСУПЕР БС-95 – 87 денари за литарЕУРОСУПЕР БС-98 – 89

Македонија | пред 3 месеци

media-library3cot0krrd8ihaHTBoED

Стојкова Серафимовска до Костадиновска Стојчевска: Оставивте низа проблеми во културата кои сега ги решаваме

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Велика Стојкова Серафимовска, на денешната собраниска седница во реплика до пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, оцени дека актуелната власт наследила бројни проблеми во областа на културата, кои, како што рече, сега ги решава.Таа потсети дека за време на владеењето на СДСМ и ДУИ во Министерството за култура биле сменети пет министри и оцени дека во тој период не биле реализирани значајни реформи.„Во вашето седум, односно осумгодишно владеење ништо н

Македонија | пред 3 месеци

media-librarytl5thn1dvqi21VKufTy

Возел 179 км/ч на пат каде што е дозволено 80: Возач од Тетово уапсен, „мерцедесот“ одземен

Возач од Тетово е лишен од слобода откако со специјално полициско возило „пресретнувач“ бил фатен како управува со брзина од 179 километри на час на делница каде што максимално дозволената брзина е 80 километри на час, информира Министерството за внатрешни работи.Според МВР, на 12 јули во 19:35 часот, на патниот правец Тетово–Гостивар, пред клучката Врапчиште, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот ја измериле брзината на возилото со специјалното возило „пресретну

Македонија | пред 3 месеци

media-library9bmtdpdg3r2l4VgftKa

(Вознемирувачко видео) Нов случај на врсничко насилство во Куманово: Три девојчиња брутално претепуваат врсничка

Вознемирувачко видео на кое се гледа физички напад врз девојче е објавено на социјалните мрежи од новинарката Лиридона Вејсели, која тврди дека станува збор за случај на врсничко насилство што се случил во Куманово.На снимката се гледа како три девојчиња физички напаѓаат друго девојче.Засега нема официјална потврда од Министерството за внатрешни работи дека инцидентот се случил во Куманово, ниту информации дали е поведена постапка. Се очекува надлежните институции да ги утврдат сите околности по

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryaghfv2svf1fi7Ja0A1g

17-годишна девојка два пати била полово вознемирувана од посетител во локалот во кој работела

Според информациите од полицијата, на 13 јули околу 00:30 часот, 45-годишен жител на Тетово, заедно со неговата 17-годишна ќерка, го пријавиле случајот во Полициската станица Тетово.Во пријавата било наведено дека на 7 јули и повторно на 12 јули, во угостителскиот објект каде што работела малолетничката, таа била полово вознемирувана од машко лице на возраст од околу 35 години.Девојката за случувањата го известила сопственикот на угостителскиот објект, како и нејзиниот татко, по што осомничениот

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryu2ivd9ct0t055vxvUnF

Разрешени осум министри, Мицкоски порача: „Владата не е на комфор, туку на резултати – функцијата е одговорност што секој ден повторно се заслужува“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Собранието, образложувајќи ја реконструкцијата на Владата, порача дека функциите не се стекнато право, туку одговорност што мора повторно да се заслужува секој ден.Тој истакна дека Владата од самиот почеток се водела од принципот да биде „влада на резултати, а не на комфор“ и нагласи дека реконструкцијата не треба да се гледа како крај на нечие работење, туку како продолжување на реформите и подобрување на ефикасноста.„Функцијата никогаш не била и никогаш

Македонија | пред 3 месеци

media-library3s21pe2oqrds5stFY5Y

(Видео) Зеленски: Русија повторно гаѓа цивилни цели, потребна ни е посилна противвоздушна одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руското раководство „полуде од војната“ и продолжува да ја одбива можноста за прекин на инвазијата, откако Русија во текот на ноќта изврши нов бран напади врз повеќе украински градови.Во објава на Телеграм, Зеленски истакна дека руските сили повторно гаѓале исклучиво цивилни цели.„Русите повторно ги ‘поразија’ само цивилните објекти – обични патнички автобуси во Одеса, станбени згради во Запорожје и болница во Харковската област. Целиот свет

Свет | пред 3 месеци

media-library8g7t3qmrh41c7TtwcQJ

(Видео) Украинците го нападнаа складиштето на Лукоил

Украина во текот на ноќта изврши напад со беспилотни летала врз складиште за нафта во јужниот руски Ставрополски Крај, додека експлозии беа пријавени и во Московската област, каде што беше активирана противвоздушната одбрана.Според украински и руски извори, по нападот избувнал пожар во складиштето на „Лукоил-Југнефтепродукт“. Независниот руски медиум „Астра“, повикувајќи се на локални жители, објави дека нападите се случиле во близина на селото Вјазники.Михајловск, предградие на Ставропол, се на

Свет | пред 3 месеци

media-libraryrsi5gqs0okdt62vDYra

(Видео) САД првпат употребија поморски дронови во нападите врз Иран

Соединетите Американски Држави првпат употребија еднонасочни поморски нападни дронови во најновиот бран напади врз Иран, соопшти Американската централна команда (ЦЕНТКОМ).Во операцијата поморските дронови биле употребени заедно со борбени авиони, воени бродови и еднонасочни воздушни нападни беспилотни летала. Станува збор за нова ескалација на конфликтот меѓу Вашингтон и Техеран, кој последните денови се интензивира поради нападите врз трговски бродови и безбедноста на пловидбата во Ормутскиот Т

Свет | пред 3 месеци

media-library5lrq32gsmmhfd1ZHrNN

Комунална хигиена: Граѓаните и понатаму бесплатно ќе можат да одлагаат кабаст отпад

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје соопшти дека продолжува со бесплатната услуга за одлагање кабаст отпад во Центарот за селекција на отпад во Карпош.Граѓаните и понатаму ќе можат без паричен надоместок да одлагаат стар мебел, електрични и електронски апарати, секој ден во неделата, во периодот од 7 до 19 часот.Од претпријатието информираат дека за оние што имаат потреба кабастиот отпад да биде преземен од нивниот дом, достапна е и организирана услуга за транспорт со специјални комунални возила. За

Македонија | пред 3 месеци

media-library4sembvte5qcj1J5fxAF

Замина легендата на Струмичкиот театар: Почина актерката Тинка Ристеска

Македонската театарска сцена остана без една од своите најистакнати актерки. На 73-годишна возраст почина Тинка Ристеска, долгогодишна членка на Театарот „Антон Панов“ од Струмица, која зад себе остави повеќе од пет децении богата актерска кариера.Од Струмичкиот театар соопштија дека Ристеска починала на 12 јули, истакнувајќи дека со нејзиното заминување македонската култура изгубила голем уметник и човек.„Денес не се простуваме само од голема актерка. Се простуваме од дел од душата на Струмички

Македонија | пред 3 месеци

media-library4mo1k8t35spn4SVkG1Z

„Непотизам-братот на Трајко Славески од чувар до функционер, М-НАВ е како комитет на ВМРО“, вели Кузеска

На прес-конференција, портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ ги претвора државните институции во, како што велат, „партиски фирми“ за вработување и унапредување на роднини, блиски лица и партиски кадри.Кузеска како пример го посочи случајот со братот на Трајко Славески, Сашо Славески, кој, според партијата, бил незаконски унапреден во М-НАВ.Според Кузеска, унапредувањето било извршено во март 2025 година, но јавноста за тоа дознала дури неодамн

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryipe43v2hb9p02Q5sBug

Епидемија на норовирус во Португалија: Повеќе од 120 заразени по младински фудбалски турнир

Повеќе од 120 лица се заразени со норовирус во Португалија, а здравствените власти се сомневаат дека епидемијата е поврзана со меѓународен младински фудбалски турнир што се одржал во градот Калдаш да Рања, во централниот дел на земјата.Првите случаи биле регистрирани минатата недела, кога во локалната болница биле примени повеќе од 60 лица со симптоми на гастроентеритис. По лабораториските анализи, општинските власти потврдија вкупно 122 случаи на зараза.„Сите анализирани примероци беа позитивни

Свет | пред 3 месеци

media-library46s5cmeqaqqj8Q4wPfj

Манасиевски: Најголема жртва на блокадата на СДС, Левица и ДУИ е македонската дијаспора

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција обвини дека најголемата последица од, како што вели, блокирањето на Изборниот законик од страна на СДСМ, Левица и ДУИ ќе ја почувствуваат македонските граѓани кои живеат надвор од државата.Манасиевски изјави дека со месеци се работело на изнаоѓање заедничко решение, но наместо политички консензус, опозициските партии, според него, го блокирале процесот и ги ставиле сопствените партиски интереси пред интересите на дија

Македонија | пред 3 месеци

media-librarycb1gujrm7h5h05ZNsW9

„СДСМ е против една изборна единица, се надева дека така ќе го одложи сопствениот распад“, вели Левица

Левица преку соопштение обвини дека СДСМ одбива да се приклучи на разговорите за воведување една изборна единица, оценувајќи дека со тоа се обидува да го зачува актуелниот изборен модел и да го одложи сопствениот политички пад.Од партијата велат дека наместо да изгради јасен став за реформите на Изборниот законик, СДСМ ја пренасочува дебатата кон, како што наведуваат, „конспиративни теории“, избегнувајќи да одговори дали ја поддржува идејата за една изборна единица.„Особено е симптоматично што п

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryjik1c4ko338peoYHl5G

(Видео) Лолеска: „Едно ваше „да“ пишува нови поглавја во нечиј недовршен живот - може да спаси едно дете, нечија мајка, татко, брат или сестра“

Претседателката на здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“, Гордана Лолеска, преку видео обраќање упати силен апел до граѓаните да ја поддржат националната кампања за органодарителство, порачувајќи дека едно „да“ може да значи нова шанса за живот.Во видео-обраќањето, реализирано во рамки на кампањата „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, Лолеска истакна дека многу пациенти со ретки болести, покрај борбата со својата дијагноза, се соочуваат и со откажување на ви

Македонија | пред 3 месеци

ujp

Заврши годишното оданочување: Граѓаните пријавиле над 612 милијарди денари доход

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека е завршено годишното оданочување на граѓаните за 2025 година, при што евидентирани се 863.100 годишни даночни пријави, а вкупниот пријавен оданочив доход достигнал 612,9 милијарди денари.Од вкупниот број пријави, 704.443 се достапни преку системот „е-Даночни услуги“, додека останатите се однесуваат на лица кои сè уште немаат регистриран кориснички профил. Од УЈП ги повикуваат граѓаните што не се регистрирани да го сторат тоа што е можно поскоро, за да

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања