Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

ujp

Заврши годишното оданочување: Граѓаните пријавиле над 612 милијарди денари доход

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека е завршено годишното оданочување на граѓаните за 2025 година, при што евидентирани се 863.100 годишни даночни пријави, а вкупниот пријавен оданочив доход достигнал 612,9 милијарди денари.Од вкупниот број пријави, 704.443 се достапни преку системот „е-Даночни услуги“, додека останатите се однесуваат на лица кои сè уште немаат регистриран кориснички профил. Од УЈП ги повикуваат граѓаните што не се регистрирани да го сторат тоа што е можно поскоро, за да

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryg6dsu5vk38qtffiuWIq

(Видео) Маѓар возеше џет-ски и се забавуваше со синовите: „Сè платив од свој џеб“

Унгарскиот премиер Петер Маѓар по завршувањето на самитот на НАТО во Турција останал на краток приватен одмор во Анталија со своите два сина, по што се соочи со критики во јавноста. Тој возврати дека целото патување го финансирал со сопствени средства.Маѓар во Турција престојуваше поради самитот на НАТО, што беше негово прво учество на ваков собир откако во мај ја презеде премиерската функција по заминувањето на Виктор Орбан.Пред почетокот на самитот ги посети Истанбул и Коџаели, каде што ја оби

Свет | пред 3 месеци

media-librarykeflj345gujgapyfHTq

(Видео) Голем шумски пожар беснее во близина на Париз, евакуирани околу 1.000 луѓе

Франција се соочува со голем шумски пожар во близина на шумата Фонтенбло, околу 70 километри југоисточно од Париз, додека земјата и понатаму е погодена од силен топлотен бран.Пожарот, кој властите го опишуваат како „жесток“ и „од исклучителни размери“, зафатил околу 800 хектари и принудил на евакуација околу 1.000 жители и туристи од делови на општината Ле Водуа.Градоначалникот на Ле Водуа, Мишел Калми, изјави дека „ѕид од пламен“ брзо се приближил до селото и стигнал до рабовите на станбените н

Свет | пред 3 месеци

media-libraryih13c1opq9qb7UhBKlJ

Возел мопед без дозвола: Приведен 21-годишен прилепчанец

Дваесет и едногодишен жител на Прилеп бил лишен од слобода откако полициски службеници утврдиле дека управувал мопед без да поседува возачка дозвола.Од СВР Битола информираат дека на 12 јули околу 20:20 часот, на улицата „Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп извршиле сообраќајна контрола, при што сопреле мопед управуван од М.А. (21) од Прилеп.При проверката било констатирано дека возачот не поседува возачка дозвола, по што бил лишен од слобода.По целосно документира

Македонија | пред 3 месеци

media-library7djgeiaegpmg21sm8O4

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајна несреќа кај Крушево

Дваесет и шестгодишен мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Крушево – Прилеп.Според информациите од СВР Битола, несреќата била пријавена на 12 јули во 16:26 часот, кај местото викано „Двојна кривина“. Во судирот учествувале патничко возило „форд“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Т. (61) од селото Житоше, Општина Долнени, и мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од М.Б. (26), исто така од селото Житоше

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Двајца возачи без возачка дозвола приведени во Битолско и Прилепско

Двајца возачи биле лишени од слобода во одделни сообраќајни контроли спроведени на 12 јули, откако било утврдено дека управувале возила без да поседуваат возачка дозвола.Од СВР Битола информираат дека околу 12:00 часот во селото Заполжани, Општина Долнени, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово сопреле патничко возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.М. (48) од селото Заполжани. При контролата било утврдено дека возачот не поседува возачка дозвола, по шт

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryrma6p80la9q02W8QA5l

Граната од Првата светска војна пронајдена кај битолско село

Артилериска граната од Првата светска војна била пронајдена при изведување градежни работи во атарот на битолското село Меџитлија.Како што информираат од СВР Битола, на 11 јули во 10:54 часот, Б.Б. (46) од селото Меџитлија пријавил дека за време на градежни активности наишол на експлозивна направа.По извршениот увид, на 12 јули пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување – Битола утврдил дека станува збор за артилериска граната со калибар од 75 милиметри, која потекнува од Првата светска

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykgm5nog7e7ui7TjIGLK

(Видео) Љутков за последен пат го отвора „Охридско лето“ како министер, па порача: Девастираната култура за две години ја вративме на траекторијата

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, обраќајќи се на свеченото отворање на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, порача дека културата е темел на идентитетот и дека во изминатите две години биле направени значајни чекори за нејзино обновување.„Среќен сум што изминативе две години девастираната македонска култура ја вративме на траекторија достојна за една државна културна политика“, истакна Љутков.Тој нагласи дека културата не смее да биде предмет на импровизации, туку бара визија,

Настани | пред 3 месеци

media-library1bpobc207rml3SDGVQ9

За викенд изречени 1.426 казни во сообраќајот, приведени 64 возачи

Во засилените сообраќајни контроли спроведени во текот на изминатиот викенд (11 и 12 јули), полициските службеници низ државата евидентирале вкупно 1.426 сообраќајни прекршоци, а 64 лица биле лишени од слобода поради безобѕирно управување со моторно возило.Според Министерството за внатрешни работи, најголем дел од прекршоците – 455, се однесуваат на непочитување на дозволената брзина на движење.Од приведените возачи, 11 управувале возило под дејство на алкохол, 27 возеле без возачка дозвола, по

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryam0ainlgqbd17Y6v06q

Меланија се заблагодари за поддршката: „Мојата цел не беше да се оцрни мојот татко, ниту која било конкретна институција, но немав друг избор“

Физиотерапевтката Меланија Цветковска од Куманово, која вчера јавно побара помош поради, како што наведе, долгогодишно семејно насилство, повторно се огласи на социјалните мрежи, заблагодарувајќи им се на граѓаните и институциите за поддршката и реакцијата.Таа соопшти дека случајот е во фаза на разрешување и бара јавноста да не врши дополнителен притисок врз институциите.„Фала на сите за поддршката. Фала на сите институции што нѐ слушнаа и ни помогнаа. Да имавме друг избор во дадениот момент, ни

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryaeegdtj3kfledFMsoR9

Син го заклал својот татко во Чаир

Триесет и едногодишен скопјанец е лишен од слобода под сомнение дека со нож го усмртил својот татко по семеен инцидент што се случил синоќа во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.Според информациите, настанот се случил околу 22:35 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар. Според пријавеното, 52-годишниот Е.Л., кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга.По нападот, нивниот 31-годишен син Б.Џ. со нож му нанел повеќе убодни рани на татко

Македонија | пред 3 месеци

media-library5ft04nrhdokncTre68i

Во Грција запленети над два тона млечни производи од Бугарија, се превезувале без разладен уред

Грчките власти запленија и уништија повеќе од два тона млечни производи увезени од Бугарија, откако било утврдено дека се превезувале без соодветно ладење, со што претставувале сериозен ризик за јавното здравје.Контролата била спроведена од инспектори на Независната управа за јавни приходи на патниот правец Маказа – Комотини, каде било запрено мало товарно возило со странски регистарски таблички.При проверката било утврдено дека возилото незаконски превезувало повеќе од два тона млечни производи

Балкан | пред 3 месеци

873x400-1-16

Новата ескалација на Блискиот Исток ги крена цените на нафтата, азиските берзи во пад

Цените на нафтата повторно забележаа значителен раст, а азиските берзи главно се најдоа во минус по новата ескалација на конфликтот меѓу САД и Иран.Северноморската нафта „брент“ поскапе за 4,7 проценти и достигна цена од 79,59 долари за барел, додека американската лесна сурова нафта (WTI) се зголеми за 4,8 проценти и се тргуваше по 74,85 долари за барел.Новиот раст на цените следува откако Соединетите Американски Држави извршија нови воздушни напади врз Иран, а Техеран возврати со напади во неко

Свет | пред 3 месеци

media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

(Видео) Трамп за Ормускиот теснец: „Не ме прашувајте за тоа“

Американскиот претседател Доналд Трамп одби да коментира дали Иран навистина го затворил Ормускиот теснец, откако беше прашан за тоа во интервју за Си-ен-ен.На прашањето на водителот Џејк Тапер дали информациите за затворањето на теснецот се точни, Трамп кусо одговори:„Колку што се однесува до нас, тој е отворен.“Кога водителот се обиде да добие дополнително појаснување, Трамп ја прекина темата.„Не зборувајте за тоа. Зборувајте за причината поради која ме поканивте“, рече американскиот претседат

Свет | пред 3 месеци

media-librarya37b0qa1itv0ayzymQ5

Бројот на жртви од разорните земјотреси во Венецуела се искачи на речиси 4.500

Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Венецуела се искачи на 4.490, додека повеќе од 19.500 луѓе се сместени во привремени прифатни центри, соопштија властите.Според најновите официјални податоци, во катастрофата се повредени 16.740 лица, а засега не е објавен бројот на исчезнатите.Двата силни земјотреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала ја погодија престолнината Каракас и крајбрежната држава Ла Гваира на 24 јуни, при што се урнаа бројни повеќекатни

Свет | пред 3 месеци

media-libraryujd54c325i5447Pt9Vc

„Изолацијата не е достоинство – европската иднина се гради со резултати, а не со лаги“, велат од СДСМ

СДСМ преку соопштение оцени дека актуелната власт не успеала да го придвижи европскиот интеграциски процес и наместо напредок, ја довела државата во политичка изолација.Од партијата велат дека ветувањата за подобра преговарачка позиција со Европската Унија не се реализирале и дека, според нив, Македонија останала без напредок на европскиот пат.„Наместо подобра позиција, денес имаме целосна блокада, без никакво придвижување во евроинтеграциите. Тоа не е достоинство, туку неуспех на Владата“, наве

Македонија | пред 3 месеци

media-library407n5mqeugiq3rBK2jR

„СДС, Левица и ДУИ бараат изговори за да го блокираат Изборниот законик, тие не се за реформи туку за политичка блокада“, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини дека СДСМ, Левица и ДУИ го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик и, според партијата, наместо реформи, се одлучиле за политичка блокада.Од владејачката партија велат дека претставниците на трите партии со месеци учествувале во разговорите и усогласувањето на законското решение, но се повлекле во моментот кога требало да биде постигнат конечен договор.„По четири месеци преговори за Изборниот законик, Венко Филипче одеднаш оцени дека се потребни експер

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryl85o3cek89n79Kn961t

„Реконструкција: Tеатар за народ и замена на фотелји, Мицкоски го префарба истиот криминален систем“, велат од СДСМ

СДСМ преку соопштение оцени дека најавената реконструкција на Владата претставува козметичка промена која нема да донесе суштински резултати за граѓаните, туку, како што велат од партијата, е обид да се прикријат неуспесите на актуелната власт.Од опозициската партија наведуваат дека со реконструкцијата се менуваат само министерските позиции, додека, според нив, носителите на клучните политики и центарот на одлучување остануваат исти.„Наместо резултати, денеска ќе гледаме нов политички театар. Ст

Македонија | пред 3 месеци

media-librarylvook9aclh662lhKgzS

Трагедија по свадбена веселба: Камионет со свадбени гости се судри со два камиона, најмалку 13 загинати

Најмалку 13 лица загинаа, а петмина се повредени во тешка сообраќајна несреќа на индонезискиот остров Јава, кога камионет со свадбени гости останал приклештен меѓу два товарни камиона.Несреќата се случила вчера попладне на крајбрежниот пат во близина на селото Кијаран Кулон, во регионот Индрамају. Според полицијата, патниците се враќале дома откако присуствувале на свадбена прослава во соседното село Пареан.Како што изјави началникот на локалната сообраќајна полиција, камионетот, во чиј отворен

Свет | пред 3 месеци

media-library4lf39uefqiu0d1vXZVg

(Видео) Пожарот во Шпанија однесе уште еден живот: Десетмина сè уште се исчезнати

Бројот на загинати во катастрофалниот шумски пожар во шпанската покраина Алмерија се искачи на 13, откако почина 93-годишна британска државјанка, која беше тешко повредена во огнената стихија.Жената, која претходно имала здравствени проблеми, минатиот петок била хоспитализирана со тешки изгореници на околу 20 проценти од телото. Таа била една од осумтемина повредени кои биле згрижени во болница, од кои четворица се здобиле со сериозни повреди.Регионалниот министер за вонредни состојби, Антонио С

Свет | пред 3 месеци

sobranie

Собранието денес ќе одлучува за реконструкцијата на Владата

Собранието денес ќе ја одржи 112. седница, на која централна точка ќе биде реконструкцијата на Владата. Пратениците ќе расправаат за предлозите за разрешување на неколку министри и заменици-министри, како и за избор на нивните наследници.Од функцијата министер за правда треба да биде разрешен Игор Филков, а за негов наследник е предложен Јетон Шасивари.Кадровски промени се предлагаат и во Министерството за односи меѓу заедниците, каде Иван Стоилковиќ треба да биде разрешен, по што е предвидено д

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryldfs4oaa1p9fcXXypgP

(Видео) Претседателката го отвори 66. Охридско лето: За разлика од политиката, културата е творец на невозможното

Со пригодна свеченост во Античкиот театар во Охрид, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера официјално го прогласи за отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“.Во своето обраќање, таа истакна дека човештвото живее во време исполнето со поделби, конфликти, војни, страв и неизвесност, но дека токму културата и уметноста остануваат простор каде се создаваат надежта, мирот и солидарноста.„За разлика од политиката, која е далеку од уметноста на можното, музиката и театарот, односно

Настани | пред 3 месеци

media-librarydi040nf4jh6774UW7qz

Спектакуларна оперска гала вечер пред 4 илјадна публика на почетокот на 66. Охридско лето

Со спектакуларна оперска гала вечер, преполн Антички театар и повеќе од 4.000 посетители, синоќа свечено беше отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Концертот, за кој билетите беа целосно распродадени уште две недели пред почетокот, предизвика рекорден интерес кај публиката и ја потврди довербата што фестивалот ја ужива кај љубителите на врвната уметност.Незаборавната фестивалска вечер, исполнета со емоции, аплаузи и извонредни музички изведби, уште еднаш покажа дека „Охридско лето“

Охрид | пред 3 месеци

media-librarydbmsaq2latl6c1B8Dz3

(Видео) Трагедија во Бангкок: Најмалку 27 лица загинаа во пожар во ноќен бар

Најмалку 27 лица загинаа, а повеќе од 60 се повредени во пожар што избувнал во бар во населбата Чатучак во Бангкок, Тајланд. Осуммина од повредените се во критична состојба.Пожарникарите биле повикани нешто по полноќ, а по пристигнувањето затекнале посетители кои во паника се обидувале да избегаат од објектот зафатен од пламен. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат луѓе како врескаат и бегаат од барот, додека некои паѓаат во обид да се спасат.Според сведоци, огнот избувнал во близ

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2024-05-30-at-08.55.22

„Ќе помогнеме Меланија и нејзиното семејство да бидат безбедни“ – Славјанка Петровска понуди помош за семејството од Куманово

Пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска јавно понуди помош за Меланија од Куманово и нејзиното семејство, откако девојката преку јавен апел побара поддршка за себе, својата мајка, баба и братот со церебрална парализа.Петровска соопшти дека нејзиниот тим е подготвен да помогне во обезбедување привремено безбедно сместување, а најави и иницијатива за обезбедување подолгорочна поддршка преку општествено одговорни компании, организации и хумани граѓани.„Не смееме да дозвол

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања