Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

telefon-1

Лажно се претставил како доктор и ѝ зел 150.000 денари: скопјанка наседна на измама

Седумдесет и седумгодишна жена од Скопје била жртва на телефонска измама, при што била оштетена за 150.000 денари, информираат од Министерството за внатрешни работи.Како што соопштуваат од МВР, на 19 декември 2025 година во 13:40 часот во СВР Скопје, оштетената пријавила дека истиот ден била измамена од машко лице кое телефонски ја контактирало, претставувајќи се како доктор.Според пријавеното, лицето ѝ соопштило дека нејзината ќерка наводно паднала и се повредила додека ги шетала кучињата и дека итно било потребно да се изврши операција, за што требало да се обезбедат пари. Измамникот ја убедил жената да ги остави парите на договорено место.Откако подоцна се слушнала со својата ќерка и утврдила дека таа е добро и дека не била повредена, жената сфатила дека станува збор за измама и го пријавила случајот во полиција.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и апелираат граѓаните, особено повозрасните лица, да бидат внимателни и да не наседнуваат на ваков тип измами.

Македонија | пред 4 месеци

policija-2457

Напад врз докторка, жена и полицајци – серија инциденти каде интервенирала полицијата

Во текот на 19 декември 2025 година, во повеќе градови во источниот дел од земјава се регистрирани три одделни инциденти поврзани со физичко насилство, информираат од Министерството за внатрешни работи.Најпрво, во 06:40 часот во ОВР Кочани било пријавено дека во Итната медицинска помош во Кочани, жена од селото Спанчево, општина Чешиново–Облешево, физички нападнала 33-годишна докторка. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.Истиот ден, во 18:00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле А.Д. (21) од Штип, по претходна пријава дека околу 17:45 часот, пред семејна куќа во градот, физички нападнал 32-годишна жена од Виница. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.Третиот инцидент бил пријавен во 23:45 часот во Македонска Каменица, каде полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го привеле М.С. (43) од Македонска Каменица, поради агресивно однесување кон полициски службеници за време на вршење службени дејствија. И во овој случај, по целосно документирање, ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 4 месеци

pozarna-avtobus-nokje

Млад скопјанец со тешки изгореници по пожар во импровизиран шатор во Карпош

Дваесет и двегодишен скопјанец е хоспитализиран со тешки телесни повреди откако бил повреден во пожар што избувнал во импровизиран шатор на подрачјето на Карпош, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, на 20 декември 2025 година во 03:41 часот, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив е донесен Р.М. (22) од Скопје, со тешки изгореници по телото.Како што е пријавено, младиот скопјанец се здобил со повредите во пожар кој настанал во импровизиран шатор во кој живеел.На местото на настанот бил извршен увид, а се работи на утврдување на причините за избувнувањето на пожарот.

Скопје | пред 4 месеци

WhatsApp-Image-2023-12-13-at-17.04.38

Судир меѓу автомобил и велосипед: Велосипедистка со тешки повреди

Велосипедистка од Прилеп се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера претпладне на кружен тек во градот, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, на 19 декември 2025 година, околу 11:20 часот, на кружниот тек меѓу улицата „Димо Наредникот“ и булеварот „Гоце Делчев“, дошло до судир меѓу патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Џ. (73) од Прилеп, и велосипед управуван од 46-годишната А.Ј., исто така од Прилеп.Во несреќата тешко била повредена велосипедистката, а повредите ѝ биле констатирани во Општата болница Прилеп.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Прилеп, а се работи на целосно расчистување на причините за сообраќајната несреќа.

Македонија | пред 4 месеци

media-library5mat1j9e5tg648eq87S

Малолетник загина во сообраќајна несреќа

Седумнаесетгодишно момче од неготинското село Тимјаник го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според пријавата во ОВР Неготино, несреќата се случила на 20 декември 2025 година, околу 00:50 часот. Малолетникот управувал мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, кога од засега неутврдени причини изгубил контрола и удрил во бетонски столб.Од здобиените повреди, возачот починал на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Неготино.Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавниот обвинител, телото на починатиот малолетник е предадено на обдукција.

Македонија | пред 4 месеци

media-library3qv61cv9fs773LKFfT7

Почина Драган Б. Костиќ: замина легендата на македонското радио

Утринава, на 75-годишна возраст, почина Драган Б. Костиќ, истакнат македонски музички новинар, радиоводител и еден од најпрепознатливите гласови во историјата на Македонското радио.Тажната вест ја соопшти неговиот син Бане Костиќ, кој преку социјалните мрежи напиша:„Со длабока тага ги известуваме роднините, пријателите и познаниците дека утринава почина Драган Костиќ – сопруг, татко и дедо. Поменот ќе се одржи утре, недела, 21 декември, од 12:30 до 13:30 часот, во капелата на гробиштата Бутел. Семејството изразува искрена и длабока благодарност до целиот тим и раководството на Државната неврохируршка клиника во Скопје, особено до д-р Благоја Шунтов, за грижата, посветеноста и хуманоста. Нека му е вечна слава и спомен. Патувај мирно, Диско селекторе.“Драган Б. Костиќ е роден на 10 јуни 1950 година во Скопје. Својата богата и влијателна кариера ја започнал во Македонското радио, каде остави неизбришлива трага во историјата на домашната радиофонија.Најпознат е како автор и водител на култните радио-емисии „Диско селектор“ и „Заборави ако можеш“. „Диско селектор“ започна да се емитува на 29 јуни 1974 година и со текот на децениите стана музички белег на неколку генерации слушатели. Емисијата „Заборави ако можеш“ започна во 1991 година и до 31 октомври 2013 година го достигна своето 4.500-то издание.По повод 30 години од „Диско селектор“, во јуни 2004 година, Костиќ организираше голема музичка забава на лизгалиштето во Скопје, на која беа продадени околу 6.500 влезници – настан што и денес се памети како еден од најмасовните музички собири од тој тип.Покрај овие емисии, тој е автор и на низа други радиоформати, меѓу кои „Радиоурнебес“, „Пријатели, добар ден“ и квизот „Јас ли сум на ред“.Драган Костиќ беше познат и како страстен и посветен колекционер на музика, со импозантна колекција од над еден милион аудио записи, која важи за една од најголемите во регионот.Во 2018 година ја започна и телевизиската емисија „Б со точка“ на Телевизија 24, која се емитуваше во две сезони до 2019 година.Во 2024 година, со големиот музички настан „Последниот танц“ во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, Драган Б. Костиќ ја одбележа својата 50-годишна кариера, симболично заокружувајќи еден извонреден живот посветен на музиката.Со неговото заминување, македонската културна сцена изгуби еден од своите највлијателни и најпрепознатливи гласови.

Македонија | пред 4 месеци

media-library2r35arh9fqlic653vUp

Угостителите да имаат дигитален пасош, а детекторите за пожар да им се поврзани со Противпожарна бригада, бараат „Супорт Кочани“

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ поднесе предлог-иницијативи до пратениците во Собранието со цел унапредување на безбедноста во угостителските објекти низ државата. Иницијативите следуваат по одржаната анкетна комисија на 9 декември во Собранието, посветена на пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Од иницијативата посочуваат дека предложените мерки се насочени кон системско зголемување на безбедноста и јасно утврдување на одговорноста.„Доставивме предлози за кои сметаме дека значително можат да ја подобрат безбедноста на секој граѓанин. Првиот предлог е секој угостителски објект да има задолжително лице за безбедност, кое ќе биде одговорно за спроведување на сите пропишани безбедносни мерки. Така, одговорноста ќе има име и презиме и ќе се знае кој е директно одговорен за безбедноста во објектот“, наведуваат од „Супорт Кочани“.Вториот предлог се однесува на поставување детектори и сервери за чад и пожар, кои наместо да функционираат само локално, би биле поврзани преку интернет со најблиската противпожарна станица.„Во случај на појава на чад или пожар, системот автоматски ќе испраќа сигнал до противпожарната служба, со што значително ќе се скрати времето за реакција и интервенција“, објаснуваат од иницијативата.Како трет клучен предлог, „Супорт Кочани“ бара воспоставување национална дигитална база на податоци за безбедноста на угостителските објекти.„Секој објект би добил таканаречен дигитален пасош, преку кој ќе се знае дали објектот е безбеден, какви елаборати и дозволи за заштита поседува и дали ги исполнува законските услови. Базата би била јавно достапна, за секој граѓанин да може да провери каде влегува“, додаваат од „Супорт Кочани“.Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, кој се случи на 16 март и во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, започна на 19 ноември. Судскиот процес го води судијката Диана Груевска-Илиевска, а сите 35 обвинети физички лица и трите правни лица се изјаснија дека не се виновни.

Македонија | пред 4 месеци

odnosi

Политичка пресметка околу воздухот: се караат што кажал Заев, а што Мицкоски и дали „ајро, ајро“ ќе го исчистел воздухот

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека, како што наведуваат, намерно злоупотребува стара изјава на премиерот Христијан Мицкоски поврзана со квалитетот на воздухот, со цел политички поени и дефокусирање на јавноста.Од партијата оценуваат дека станува збор за, како што велат, „уште една фабрикувана лага“, слична на, според нив, претходните тврдења за „мигранти и ширење страв“.„Не знаеме зошто СДСМ не ги користи изјавите на нивниот поранешен лидер Зоран Заев, во кои ветуваше дека ‘ајро ајро’ ќе го исчисти воздухот и дека ќе донесе живот и чист воздух за сите“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.Во соопштението се наведува и дека реакциите на СДСМ се, како што велат, „павлов рефлекс од штабот на Бихаќка“, додавајќи дека опозициската партија користи однапред подготвени пораки.Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека ќе потсетат на, како што ја нарекоа, „изјавата на векот“ на поранешниот премиер Зоран Заев, поврзана со загадувањето и квалитетот на воздухот.Претходно, од СДСМ соопштија дека Скопје е втор најзагаден град во Европа, оценувајќи дека граѓаните секојдневно дишат токсичен воздух опасен по здравјето.Според опозициската партија, Владата не презема соодветни мерки за справување со загадувањето, туку, како што тврдат, фокусот е ставен на сомнителни јавни набавки и тендери.„Додека нема пари за политики за чист воздух, има пари за стотици тендери за исти фирми и милионски договори“, наведуваат од СДСМ, обвинувајќи дека премиерот Мицкоски ги доведува во заблуда граѓаните со споредби дека воздухот во Скопје бил почист од оној во Виена.Во реакцијата, СДСМ оценува дека ваквите изјави ја поткопуваат довербата на јавноста и дека токму поради тоа била донесена, како што велат, противуставна Резолуција.„Што е следно – забрана да се зборува за загадениот воздух затоа што власта тврди дека тој е чист?“, прашуваат од СДСМ.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarycvthq8cu50g88nutoK1

(Видео) Како на друга планета: додека градот тоне во магла, Водно блеска

Додека Скопје денеска е целосно обвиено со густа магла и загаден воздух – појава што е речиси редовна во овој период од годината – на Водно владее сосема поинаква слика. Сонце, чист воздух и ведро небо, како да се работи за друг свет.Контрастот меѓу градот и планината повторно е драстичен. Додека жителите на Скопје се соочуваат со намалена видливост и нездрав воздух, на само неколку стотини метри повисоко, Водно нуди услови за слободно дишење.Токму поради тоа, голем дел од скопјани секој слободен момент го користат за прошетка, рекреација и бегство од смогот, избирајќи го Водно како засолниште од зимската магла и загадувањето во градот.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarykbdpa5pkaqqr0jO1LDf

(Видео) Најмалку три жртви во крвав напад во метро во Тајван, напаѓачот починал при бегство од полицијата

Најмалку три лица загинаа, а девет се повредени во синоќешниот напад што ја потресе тајванската престолнина Тајпеј. Напаѓач вооружен со нож, димни бомби и запаливи направи создаде паника на неколку метро-станици за време на најголемата попладневна гужва, по што почина откако паднал од зграда додека полицијата се обидувала да го уапси, јавува Би-Би-Си.Нападот започнал околу 17:20 часот по локално време на главната метро-станица во Тајпеј. Според тајванскиот премиер Чо Јунг-тај, 27-годишниот осомничен, идентификуван како Чанг Вен, најпрво активирал димни бомби и Молотови коктели. Еден маж кој се обидел да го совлада напаѓачот бил удрен со тап предмет и подоцна починал во болница.По првиот напад, осомничениот побегнал низ подземен трговски центар кон метро-станицата Џонгшан, оддалечена околу 800 метри. За време на бегството, тој влегол во хотелот каде што престојувал, од каде земал дополнително оружје, а потоа се вратил на улица пред станицата Џонгшан.Таму повторно активирал димни бомби и започнал неселективно да напаѓа минувачи со нож. На социјалните мрежи се појавија видеоснимки на кои се гледаат луѓе како во паника бегаат, додека напаѓач облечен во црно фрла димни бомби и се движи низ јавниот простор.Во обид да ѝ побегне на полицијата, осомничениот влегол во блиска книжарница и трговски центар. Откако бил опколен од полициски сили, паднал од зграда и со тешки повреди бил пренесен во болница, каде што подоцна починал. Мотивот за нападот засега останува непознат.По инцидентот, премиерот Чо Јунг-тај нареди итно зајакнување на безбедносните мерки на сите метро-станици, железнички станици и аеродроми низ земјата.

Свет | пред 4 месеци

media-library2ci4vlv47sf3fGDmWWq

(Видео) Турскиот државјанин го призна убиството во центарот на Штип: пукал оти се бранел, не го планирал ама шетал со оружје без дозвола

Кадир Кара го призна убиството на турскиот државјанин Енес Оздемир, кое беше извршено на 8 мај годинава во кафе-бар на градскиот плоштад во Штип. На денешното судско рочиште, обвинетиот пред судот изјави дека убиството не било однапред планирано и дека на средбата во кафулето дошол со намера да разговара со жртвата.Под силно полициско обезбедување, денеска продолжи судењето против 21-годишниот турски државјанин, обвинет за убиство со умисла. По изведувањето на доказите од страна на обвинителството и распитот на сведоци, Кара ја призна вината, но тврдеше дека дејствувал во самоодбрана.Според неговото сведочење, откако пристигнал во кафулето во центарот на Штип, забележал дека околу жртвата имало уште седум лица, блиски до сега убиениот. Во тој момент, како што изјави, почувствувал дека му се подготвува заседа, по што реагирал и го сторил убиството.Освен Кара, на обвинителна клупа седнаа уште четири лица, кои се товарат за помагање при извршување на кривичното дело. Според обвинението, сите инволвирани се товарат дека на 8 мај извршиле дрско и организирано убиство со логистичка поддршка, во јавен објект во центарот на градот.Обвинетиот за убиството престојувал нелегално во земјава, а оружјето со кое го извршил делото го поседувал без дозвола. Тој претходно бил осудуван и во Турција за слични кривични дела. Двајца од обвинетите за помагање, исто така, имаат пресуди во Турција, додека во Македонија се претставувале со лажен идентитет.Судскиот процес продолжува со изведување на дополнителни докази и сослушување на останатите обвинети и сведоци. Дел од сведоците, поради безбедносни причини, побарале да сведочат без присуство на обвинетите во судницата.СНИМКА ОД ПУКАЊЕТО:Снимка од бегањето:

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ: Граѓаните на Скопје дишат отров, Мицкоски ги лаже

Скопје се најде на второто место меѓу најзагадените градови во Европа, а граѓаните секојдневно дишат отровен воздух исполнет со токсични материи опасни по здравјето, реагира СДСМ.„Наместо Владата да инвестира во конкретни проекти и политики за почист воздух и да преземе итни мерки за заштита на здравјето на граѓаните, приоритет на владата на Христијан Мицкоски се криминалните тендери и испумпување јавни пари“, велат од СДСМ.„161 тендер за една фирма, 9 милиони евра за друга – за тоа има пари владата на Мицкоски. За мерки против загадувањето и за чист воздух – нема“, посочуваат од СДСМ.Од партијата додаваат дека, по методите на Вучич и Никола Груевски, Мицкоски ги манипулира граѓаните со тврдења дека воздухот во Скопје бил почист од оној во Виена, што, како што велат, е очигледна лага.„По толку многу лажни изјави, јасно е дека на Мицкоски не може да му се верува. Затоа и ја донесоа противуставната Резолуција“, велат од СДСМ.Од опозициската партија прашуваат што е следно – дали ќе се забрани јавно да се зборува за загадениот воздух во Скопје, само затоа што Мицкоски тврди дека тој е чист.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarytion0orml5d7b1w1sng

Јани Бојаџи правосилно осуден за однесување кон ексвработен

Со правосилна судска пресуда е утврдено дека Јани Бојаџи, во својство на директор, подолг временски период вршел психичко вознемирување врз својот вработен, извршниот продуцент Ненад Мирчевски.Информацијата ја објави адвокатката Маја Ристова, застапник на Мирчевски, која посочи дека оваа судска одлука претставува значајна победа за заштитата на работничките права и достоинството на вработените.„Оваа пресуда е јасна потврда дека гласот на поединецот има моќ да донесе промена и дека истрајноста, и покрај долгиот и тежок пат, на крај дава резултати“, напиша Ристова.Според делот од пресудата што е јавно објавен, судот утврдил дека Бојаџи со негативно и недолично однесување психички го вознемирувал тужителот на работното место, при што му биле повредени достоинството, честа и угледот.Станува збор за класичен пример на мобинг, односно психичко вознемирување во работната средина, што е строго забрането со закон.Судскиот процес започнал во февруари 2021 година, кога Ненад Мирчевски, преку адвокат, поднел тужба за психичко вознемирување на работното место.Во изминатите четири години, предметот минал низ повеќе судски инстанци и одлуки:Основниот граѓански суд првично пресудил во корист на Мирчевски,Апелациониот суд ја укинал одлуката и го вратил предметот на повторно судење,по што повторно била донесена пресуда во корист на тужителот,која подоцна била преиначена во корист на Бојаџи.По поднесена ревизија до Врховниот суд, предметот повторно бил вратен на одлучување во Апелација, каде што, со последната одлука, случајот конечно правосилно завршува во корист на вработениот кој го трпел мобингот.Оваа правосилна пресуда се оценува како значаен преседан во судската пракса, особено во медиумскиот сектор, каде ваквите случаи ретко добиваат институционална завршница.БОНУС ВИДЕО:

Македонија | пред 4 месеци

media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Трамп зборува за мир, разузнавачите предупредуваат на нова закана за Европа

Американските разузнавачки служби предупредуваат дека рускиот претседател Владимир Путин има намера целосно да ја заземе Украина и да ја прошири својата контрола и врз делови од Европа кои во минатото биле дел од Советскиот Сојуз, и покрај тековните разговори за можен мировен договор.Според информации од шест извори запознаени со американските разузнавачки проценки, воените и политичките цели на Путин остануваат непроменети, што е во директна спротивност со изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот преговарачки тим, кои тврдат дека Москва е подготвена за завршување на конфликтот, пишува „Ројтерс“.Најновите извештаи, од кои последниот датира од крајот на септември, се во спротивност и со тврдењата на самиот Путин, кој неодамна изјави дека Русија не претставува закана за Европа.Американските проценки, кои се конзистентни уште од почетокот на руската инвазија во 2022 година, се совпаѓаат и со ставовите на европските лидери. Тие сметаат дека крајната цел на Кремљ е целосна контрола врз Украина, но и влијание врз територии на поранешниот советски блок, вклучително и одредени земји членки на НАТО.„Разузнавачките податоци отсекогаш укажуваа дека Путин сака повеќе“, изјави за „Ројтерс“ демократскиот конгресмен Мајк Квигли, член на Комитетот за разузнавање во Претставничкиот дом.„Европејците се убедени во тоа. Полјаците се апсолутно убедени. Балтичките држави сметаат дека тие се први на удар.“Во моментов, Русија контролира околу 20 проценти од украинската територија. Путин ги смета четирите анектирани региони – Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон, како и Крим, за дел од Руската Федерација.Во рамки на предложениот мировен план, претседателот Трамп врши притисок врз Киев да ги повлече своите сили од мал дел од Доњецк што сè уште е под украинска контрола – барање кое украинскиот претседател Володимир Зеленски и мнозинството граѓани на Украина категорично го отфрлаат.Од Белата куќа, пак, тврдат дека е постигнат значителен напредок.„Претседателскиот тим постигна огромен исчекор кон завршување на војната“, изјави неименуван американски функционер, додавајќи дека Трамп смета оти мировниот договор е „поблиску од кога било“.Во мировните напори се вклучени и блиски луѓе на Трамп – неговиот зет Џаред Кушнер и пријателот и бизнисмен Стив Виткоф, кои со недели водат преговори за мировен план од 20 точки со украински, руски и европски претставници.Кушнер и Виткоф вчера се сретнале со украински преговарачи во Мајами, а за време на викендот се очекуваат разговори и со руска делегација.На состанокот во Берлин во понеделникот, според дипломатски извори, бил постигнат широк консензус за силни безбедносни гаранции за Украина, поддржани од САД. Планот предвидува распоредување претежно европски сили во Украина и соседните земји, далеку од линијата на фронтот, како и американска разузнавачка поддршка и воздушни патроли над украинска територија.И покрај дипломатските активности, клучните разлики меѓу страните остануваат длабоки. Еден од предлозите предвидува ограничување на украинската армија на 800.000 војници, додека Русија бара значително помал број – на што, според извори, американската страна е подготвена да разговара.Сè уште не е јасно дали безбедносните гаранции би биле условени со територијални отстапки од Украина. Зеленски во четвртокот изрази сериозна резерва:„Постои едно клучно прашање на кое сè уште немам одговор: што конкретно ќе направат овие безбедносни гаранции?“На својата годишна прес-конференција, Владимир Путин не понуди компромиси, иако изјави дека е подготвен да разговара за мир. Тој инсистираше дека неговите услови мора да бидат исполнети и тврдеше дека руските сили годинава напредувале за 6.000 квадратни километри.Дури и дел од функционерите во администрацијата на Трамп јавно признаваат дека постои сомнеж во подготвеноста на Путин да се откаже од првичните цели.„Не знам дали Путин навистина сака договор или сака да ја освои целата земја. Тоа се работи што самиот јавно ги кажал“, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио.„Знаеме што сакаа да постигнат на почетокот на војната – тие цели сè уште не се реализирани.“

Свет | пред 4 месеци

putin

Руската економија под притисок, но не и доволен за Путин да преговара за крај на војната

Руската економија годинава се соочува со сè поголеми предизвици – од висока инфлација и растечки буџетски дефицит, поттикнат од огромните воени трошоци, до намалени приходи од нафта и гас. Сепак, аналитичарите оценуваат дека економските проблеми засега не се доволни за да го принудат рускиот претседател Владимир Путин да влезе во сериозни преговори за завршување на војната во Украина, анализира Си-Ен-Ен (CNN).Според експертите, Кремљ и понатаму е способен да се справува со западните санкции и да ја продолжи војната со сегашното темпо уште неколку години.„Ако ја гледаме само економијата, тоа нема да биде последната капка што ќе ја прелее чашата. Ситуацијата не е катастрофална – со неа може да се управува“, вели Марија Снеговскаја, виша аналитичарка за Русија и Евроазија во Центарот за стратешки и меѓународни студии (CSIS).Според нејзините проценки, Русија би можела да продолжи со војната уште три до пет години, додека подолгорочните ефекти остануваат неизвесни.Сличен став имаат и групи руски економисти во егзил, кои сметаат дека способноста на Кремљ да води војна засега не е сериозно ограничена од економските санкции. Аналитичарот Ричард Коноли од Кралскиот институт за обединети служби (RUSI) оценува дека санкциите не нанеле доволно штета на енергетски ориентираната руска економија за да ги сменат воените калкулации на Москва.„Додека Русија произведува и продава нафта по разумна цена, ќе има доволно средства за да опстане. Тоа не е идеална ситуација, но економијата не е пресуден фактор во одлуките на Путин за војната“, вели Коноли.Првичниот економски поттик од наглото зголемување на воените трошоци, според аналитичарите, веќе е исцрпен. Кремљ сè повеќе го префрла товарот на војната врз граѓаните, преку зголемување на даноците на добивка, личните приходи и ДДВ, со цел финансирање на рекордниот воен буџет.Во исто време, руските потрошувачи се соочуваат со значителен раст на цените, особено кај увезените производи. Сепак, експертите укажуваат дека високата инфлација не предизвикува масовно незадоволство, делумно поради државната пропаганда и репресијата, но и поради фактот што руското општество со децении живее со инфлација.Меѓународниот монетарен фонд прогнозира дека просечната годишна инфлација во Русија оваа година ќе изнесува 7,6 отсто, што е намалување во однос на 9,5 отсто во 2024 година.Русија денес троши речиси 40 проценти од државниот буџет за воени цели, изјави неодамна генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Огромните воени инвестиции создадоа нова класа „победници“ – производители на оружје и работници во одбранбената индустрија, што, парадоксално, доведе до намалување на економската нееднаквост.Некои сиромашни и рурални региони доживеале економски раст, главно поради високите плати што ги добиваат војниците и нивните семејства. Ова е дел од стратегијата на Кремљ да регрутира доброволци и да избегне општа мобилизација.„Денешните руски војници се најплатените во историјата на Русија. Многумина заработуваат повеќе отколку што некогаш би можеле во цивилниот сектор“, вели Коноли.И покрај огромните човечки загуби – кои според проценките се приближуваат до еден милион жртви, од кои околу 250.000 загинати – Кремљ досега успеа да избегне масовни протести, за разлика од војните во Чеченија и Авганистан. Сепак, аналитичарите предупредуваат на потенцијален иден проблем: враќањето на голем број ветерани со здравствени проблеми и без работа.

Свет | пред 4 месеци

media-librarym2bgq8tastlo7y11x4t

Левица: ЕСМ е во колапс - Узунчев бара кризна состојба за да го покрие хаосот во претпријатието

Левица остро реагира на најавите за можна кризна состојба во ЕСМ, оценувајќи дека станува збор за обид да се прикрие, како што велат, катастрофалното и расипничко работење на раководството на државното енергетско претпријатие.Од партијата наведуваат дека самиот директор на ЕСМ, Лазо Узунчев, ја потврдил неспособноста во менаџирањето, откако во јавноста се појави информација дека побарал од Владата прогласување кризна состојба, наводно поради недостиг на мазут предизвикан од протестите на грчките земјоделци. Според Левица, ваквото барање е „фингиран обид“ со кој Узунчев се обидува Владата да го спаси ЕСМ од долговите и загубите наталожени од раководството поставено од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.Левица посочува дека доколку навистина е прекината набавката на мазут, ЕСМ има законска можност да бара раскин на договорите со добавувачите поради неисполнување на обврските. „Единствената вистинска криза во ЕСМ е немањето капацитет на директорот Узунчев да раководи со претпријатието, функција која ја добил единствено поради блискоста со Мицкоски“, се наведува во реакцијата.Како дополнителен аргумент за неспособното раководење, од Левица наведуваат дека ЕСМ годинава ќе ја заврши со рекордна загуба од околу 150 милиони евра, иако, според нив, директорот претходно најавувал добивка. Тие тврдат дека претпријатието не е во состојба редовно да ги исплаќа ниту платите за вработените, поради што, како што велат, раководството спасот го бара во Владата.Партијата предупредува дека ваквиот акумулиран долг во претпријатие кое со години работело со добивка отвора сериозни сомнежи за криминални шеми и спорни тендери во ЕСМ. Левица најавува дека во наредниот период ќе објави дополнителни информации за неправилности во работењето и ги повикува Управата за финансиска полиција и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да отворат истрага за случувањата во ЕСМ под раководство на Лазо Узунчев.

Македонија | пред 4 месеци

media-library3mlag95i7k5ubH8UNpo

ВМРО-ДПМНЕ: Тренчевска е производ на Заев и потврда дека во СДС нема капацитет за реформи, тандемот Заев-Филипче ја турка СДС во политички стечај

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека најавените реформи во СДС уште еднаш се покажале како „чиста фарса“, а новото раководство на партијата, според нив, е скроено по мерка на поранешниот лидер Зоран Заев, кој, како што наведуваат, дејствува како „претседател во сенка“, додека Венко Филипче само формално го претставува пред јавноста.Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека изборот на Јована Тренчевска за потпретседател на СДС е уште еден доказ дека во партијата нема суштински промени, ниту нови кадри. Напротив, според нив, со ваквите кадровски решенија само се потврдува внатрепартиската криза и недостигот од кадар во СДС.Партијата наведува дека политичката кариера на Тренчевска е директно поврзана со Зоран Заев, потсетувајќи дека таа била именувана за државен секретар во Министерството за труд и социјална политика во времето кога Заев бил премиер, а подоцна и за директор на Државниот инспекторат за труд, како и министер за труд и социјална политика.„Тренчевска е производ на Заев, а граѓаните ја паметат по понижувачките зголемувања на пензиите од 180 денари годишно“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Дополнително, ја потсетуваат јавноста и на, како што велат, скандалозното враќање на работа на лице осудувано за трговија со дрога на директорска позиција во социјалната установа во Радовиш, како и на нејзините пораки кон пензионерите дека „добро им било“ да живеат со 25 илјади денари месечно во време на двоцифрена инфлација.Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат и на реакции од синдикалците, кои, според нив, ја паметат Тренчевска по политичко мешање во синдикатите и по кочење на согласности за вработување во детските градинки во Бутел и Куманово.Како дополнителен пример за, како што велат, лицемерие, од партијата потсетуваат дека Тренчевска по изборниот пораз на СДС минатата година поднела оставка од функцијата претседател на Форумот на жени, со образложение дека местото го остава на нови и неизвалкани кадри, но само една година подоцна ја прифатила функцијата потпретседател на СДС.„Со ваквиот избор на кадри, СДС продолжува да тоне. Граѓаните одамна им свртеа грб и повеќе не им веруваат. Со старо-новото раководство на тандемот Заев–Филипче, СДС оди кон политички стечај“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалниот тандем СДС-ДУИ ја ограбиле Лотарија, 3 милиони евра испариле од институцијата и за овој криминал одговорност мора да има

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека во периодот кога Прпарим Бајрами и Артан Груби управувале со Државна лотарија биле направени сериозни финансиски злоупотреби, додека СДС, како што велат од партијата, молчел за да се зачува коалициониот мир и уште некој ден повеќе на власт.Од ВМРО-ДПМНЕ се повикуваат на извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР), во кој, според нив, има „брутални докази за недостатоци и недоследности“ во работењето на институцијата. Во извештајот, како што посочуваат, е утврдено дека биле исплаќани аванси за таканаречени „мали добивки“ на деловни соработници во вредност од 14 милиони денари, при што за 13 милиони денари документацијата била неуредна или невалидна.Дополнително, ДЗР утврдил и спорна документација за 36 милиони денари готовински одливи и 7 милиони денари готовински приливи. За овие износи, во извештајот било наведено дека постојат изјави оти авансите не биле ниту примени ниту вратени.Според ВМРО-ДПМНЕ, ревизорите преку увид во трговските книги и анализа на податоци од централниот онлајн систем и платформата за интернет-игри, утврдиле и нереални и неоправдани сметководствени записи за нелогични трансакции во износ од 123 милиони денари.„Оставена е спорна документација за над 180 милиони денари, односно близу три милиони евра“, наведуваат од партијата, додавајќи дека одговорните за овие злоупотреби мора да сносат одговорност.„Криминалците мора да одговараат“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 месеци

media-library6kbs44i686i0eZQVmRj

Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение: свртел на место каде немал првенство на минување

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, согласно член 300 став 4, во врска со член 297 став 3 и став 1 од Кривичниот законик.Обвинението се однесува на тешката сообраќајна несреќа што се случи на 14 септември, по полноќ, во скопското село Марино, во која животот го загуби 16-годишниот Матеј Димовски, а неговата 13-годишна сопатничка беше тешко повредена.Според Обвинителството, по спроведена истражна постапка, обезбедени се сите релевантни докази и извршени се соодветни вештачења со кои се утврдени причините за несреќата.Обвинетиот управувал патничко возило „Хјундаи Тусон“, при што не се придржувал до сообраќајните прописи и со своето однесување го загрозил јавниот сообраќај и безбедноста на учесниците.„Осомничениот непрописно свртел со возилото, без претходно да се увери дека маневарот може да го изврши без да ги загрози другите учесници во сообраќајот“, наведува Обвинителството.Во тој момент, во возилото удрил мотоцикл марка „Јијинг“, без регистарски ознаки и без вградени светлосни уреди, со кој управувал починатиот 16-годишник. Според официјалните наводи, мотоциклистот немал возачка дозвола, а ниту тој ниту неговата сопатничка не носеле заштитни кациги.Како последица на тешките повреди здобиени во сообраќајната несреќа, малолетниот возач на мотоциклот починал, додека девојчето кое било сопатник се здобило со тешки телесни повреди.Постапката продолжува пред надлежен суд.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryspdrb2ict1ddc8rnTWj

Скопје на „високото” второ место како најзагаден град во Европа

Скопјани и денеска дишат отровен воздух. Загаденосто и утрово е многу висока.Според светскиот сервис IqAir Скопје, утрово е на 20 место во светот и на второ во Европа по загаденост.Според податоците, најзагаден воздух дишат жителите на населбата Илинден.Според податоците од мапата на Европската агенција за животна средина , која го следи индексот на квалитет на воздухот во европските земји, Македонија е во најлошата категорија кога станува збор за концентрации на честички PM2.5 и PM10, со екстремно високо загадување на воздухот.Измерените концентрации на PM2.5 во земјата се неколку пати над максималната дозволена граница од 25 микрограми на кубен метар, што претставува сериозен здравствен ризик за населението. Овие честички се меѓу најопасните загадувачи, бидејќи лесно продираат длабоко во белите дробови и крвотокот на луѓето.

Скопје | пред 4 месеци

media-library37t14e7bocj22G38MdN

Ненадејно починал клучен сведок на „Сараево сафари“

Британски Тајмс објави дека ненадејно починал клучниот сведок на „Сараево сафари”, Славко Алексиќ, поранешен водач на српска паравоена формација и самопрогласен четнички војвода.Тој починал на 69 годишна возраст, без претходни здравствени проблеми. Неговата смрт се совпаѓа со времето кога во Италија е отворена нова истрага за таканаречениот „Сараево сафари“, обвиненија дека за време на војната во 1990 тите, богати странски државјани плаќале за да пукаат врз цивили во опколеното Сараево.Кон крајот на ноември, Алексиќ дал интервју за српска телевизија во кое тврдел дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, немал никаква поврзаност со снајперските дејства за време на опсадата на Сараево, демантирајќи ги претходните јавни обвинувања на таа тема.Според Тајмс Алексиќ за време на опсадата ја контролирал зоната околу Еврејските гробишта над Сараево, една од најпознатите снајперски позиции од кои градот бил систематски гранатиран и гаѓан. Српскиот адвокат Чедомир Стојковиќ изјавил дека Алексиќ бил исклучително важен сведок затоа што можел да открие кој пукал и кој ја организирал целата мрежа.Истрагата во Италија е покрената по кривична пријава поднесена од италијанскиот новинар и писател Ецио Гавацени, кој тврди дека посетителите плаќале од 70.000 до 88.000 фунти за пристап до снајперски позиции за време на војната.

Балкан | пред 4 месеци

zagadeno-magla-15

Скопје утрово „заковано” во магла, денес променливо облачно со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и тивко со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.До вторник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Од вторник кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег, информира УХМР.

Скопје | пред 4 месеци

magla

Густа магла кај Ресен и Удово, видливоста намалена

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла до 50 метри има кај Ресен и Удово, информира АМСМ.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

Македонија | пред 4 месеци

dui-

Партијата на Али Ахмети денеска на Конгрес

Демократската унија за интеграција денеска во Скопје ќе го одржи петтиот конгрес.Потпретседателот и портпарол на ДУИ, Арбр Адеми на прес-конференцијата по локалните избори најави дека на Конгресот ќе се реорганизираат и ќе ги обноват структурите.По седницата на Советот на ДУИ што се одржа минатиот месец партијата најави дека конгресот ќе биде значаен момент за дефинирање на понатамошниот политички, организациски и програмски правец.,,Конгресот претставува клучен процес за политичката визија, зајакнувањето на внатрепартиските демократски механизми и подготовката на структурите за новите предизвици”, соопшти ДУИ.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE

Објавени илјадници документи со сексуалниот престапник Епштајн, се споменуваат Трамп и 14 годишно девојче

Американското Министерство за правда го објави првиот дел  документи поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн. Досиејата содржат фотографии, видеа и истражен материјал. Конгресот донесе закон со кој се бара нивно целосно објавување.Во документите се и голем број познати имиња, меѓу кои поранешниот американски претседател Бил Клинтон, британскиот принц Ендру и музичарите Мик Џегер и Мајкл Џексон, објави Би-Би-Си .Има и документи во кои се споменува американскиот претседател Доналд Трамп, на кого Епштајн наводно му претставил 14 годишно девојче и го прашал:,,Ова е добро, нели?“Трамп наводно се насмевнал и кимнал со главата во знак на согласност.Во тужбата поднесена во 2020 година против имотот на Епштајн стои се дека „двајцата се смееле“ и дека девојчето се чувствувало непријатно, но „во тоа време било премногу мало за да разбере зошто“.Министерството за правда на САД ќе објави „неколку стотици илјади документи“ од предметите поврзани со Џефри Епштајн, потврди заменик-државниот обвинител Тод Бланш, но не и сите, поради заштита на жртвите.Ова предизвика остри реакции и револт.Демократскиот лидер Чак Шумер го обвини Трамп дека намерно го прекршува законот потпишан токму од него. Ова е обид да се скрие вистината, рече тој, барајќи итна интервенција на Конгресот.Заменик- државниот обвинител рече дека се очекува дополнителни документи да бидат објавени во наредните недели.,,Денес неколку стотици илјади, а потоа во следните неколку недели уште неколку стотици илјади“, изјави заменик-обвинителот.

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања