Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryreepohk74i1d56C9bTH

Тешко повреден работник при градежни работи во Љубаништа

Четириесет и петгодишен жител на Охрид се здобил со тешки телесни повреди при несреќа што се случила за време на изведување градежни работи во селото Љубаништа.Како што информира СВР Охрид, на 19 јуни во 08:41 часот било пријавено дека В.В. (45) од Охрид паднал додека работел на изградба на куќа во охридското село.По несреќата, со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди. Поради сериозноста на повредите

Македонија | пред 4 месеци

media-library152ihem7tg9ueVgKyF8

Полициска акција во Гостивар: Пронајдена дрога, уапсени три лица

Три лица се лишени од слобода во полициска акција спроведена во Гостивар, откако кај нив била пронајдена дрога, информира Министерството за внатрешни работи.Според информациите, на 19 јуни во 20:15 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар ги привеле Б.З. (27) и А.З. (23), двајцата од Гостивар, како и Ј.М. (31) од Република Албанија, поради сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.При преземање

Македонија | пред 4 месеци

grip-12

Тревога во Австралија по појавата на првиот случај на птичји грип

Австралија го потврди првиот случај на птичји грип од сојот Х5Н1, со што овој високо заразен вирус официјално е регистриран и на последниот континент каде досега немаше потврдено присуство.Австралиското Министерство за земјоделство соопшти дека вирусот е откриен кај птица преселница – кафеав поморник, пронајден на оддалечено подрачје во Западна Австралија. Заразената птица била најдена на плажа во Националниот парк „Кејп Ле Гранд“, во близина на градот Есперанс, околу 700 километри југоисточно о

Свет | пред 4 месеци

media-libraryp0va5m896lil2IVxKbT

Вештачката интелигенција создава уметност во живо: Отворен „Даталенд“ во Лос Анџелес

Дебатата дали делата создадени со вештачка интелигенција можат да се сметаат за вистинска уметност доби ново поглавје, откако Гугл во Лос Анџелес го отвори „Даталенд“ – првиот музеј за уметност создадена со вештачка интелигенција во светот.Музејот, кој ги отвори вратите на 20 јуни, се наоѓа во комплексот „Гранд ЛА“, проектиран од познатиот архитект Френк Гери, и се простира на повеќе од 2.300 квадратни метри. Проектот е реализиран во соработка со медиумскиот уметник Рефик Анадол, долгогодишен па

Свет | пред 4 месеци

media-libraryudu2l1eh8cfs6RuN1RF

(Видео) Трамп го претстави новиот претседателски авион вреден 400 милиони долари

Американскиот претседател Доналд Трамп го претстави новиот претседателски авион, модифициран „Боинг 747-8“, кој минатата година беше дониран на Соединетите Американски Држави од Катар.Говорејќи во воената база „Ендрус“, Трамп изјави дека авионот е претворен во „летечка Бела куќа“ со ниво на удобност и опременост какво досега не било видено.Американските воздухопловни сили соопштија дека се завршени сите неопходни преуредувања, а авионот сега ќе влезе во фаза на пробни летови пред официјално да б

Свет | пред 4 месеци

media-librarynhcpn0oapvnrdZnBWp0

За овие два хороскопски знака започнува ново поглавје: Конечно доаѓаат мирот и среќата

По долг период исполнет со неизвесност, компромиси и потиснати емоции, за два хороскопски знака конечно доаѓа време на олеснување и позитивни промени. Астролозите велат дека Вагите и Рибите во наредниот период ќе почувствуваат како товарот што долго го носеле постепено исчезнува, отворајќи простор за повеќе мир, среќа и лична исполнетост.Вага: За Вагите, кои со месеци ги ставаа потребите на другите пред своите, претстои период на важни лични осознавања. Разговор или одлука што долго време ја одл

Магазин | пред 4 месеци

media-librarye2fb4i4vntriaE76Fe5

(Видео) Пак запален автомобил, овојпат во Маџари: Пироманот се движел пеш и минувал покрај камери и очевидци, дете прво го забележало пожарот

Автомобил марка „Фолксваген Широко“ беше запален ноќеска во скопската населба Маџари, на околу еден час пред полноќ, дознава „Скопје1“.Според информации до кои дојде редакцијата, станува збор за намерно предизвикан пожар. Сторителот пеш се движел кон локацијата каде што било паркирано возилото, а претходно носел фантомка на главата. Непосредно пред да стигне до местото, ја извадил маската и поминал покрај повеќе објекти опремени со видеонадзор.Автомобилот бил запален во близина на поранешната зг

Скопје | пред 4 месеци

media-librarybpmgfi142vki4tUG1fX

Трагедија во Британија: Загина машиновозач, 89 повредени во судир на два воза

Мирното попладне во близина на Бедфорд за неколку секунди се претворило во сцена на хаос и паника, откако два патнички воза директно се судриле на една од главните железнички линии во Англија. Во трагедијата загинал еден машиновозач, а 89 лица биле повредени.Од повредените, 11 се здобиле со критични повреди, 22 биле сериозно повредени, додека 56 патници поминале со полесни повреди.Несреќата се случила во петокот попладне во близина на Кемпстон Хардвик, кога воз што сообраќал од Корби кон Лондон

Свет | пред 4 месеци

media-librarydp2o1s4498re5745HQ7

Железницата запира: Десет дена без возови кон Велес, Битола и Гевгелија

Патниците што ги користат железничките линии кон Велес, Битола и Гевгелија ќе треба привремено да бараат алтернативен превоз, бидејќи од 22 јуни до 1 јули ќе бидат укинати повеќе патнички возови низ државата.Од Јавното претпријатие ЖРСМ Инфраструктура информираат дека прекинот е поради изведување на завршните градежни работи на делницата Скопје – Зелениково, во рамките на проектот „Градски воз“.Во наведениот период нема да сообраќаат возовите на релација Скопје – Гевгелија со броеви 611 и 631, к

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски: Никој не верува дека Путин е подготвен да ја заврши војната преку дијалог

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека на самитот на Г7 добил позитивни сигнали за дополнително зајакнување на противвоздушната одбрана на Украина од сите лидери на најразвиените земји, вклучително и од американскиот претседател.Во објава на социјалната мрежа Икс, Зеленски истакна дека за првпат САД позитивно ја прифатиле идејата за лиценцирано производство на ракети, додавајќи дека следуваат неопходни консултации со производителите, и изрази надеж дека процесот ќе заврши со поз

Свет | пред 4 месеци

5-2

Километарски колони кон Грција: До 40 минути чекање на Богородица и Дојран

Почетокот на викендот донесе зголемена фреквенција на возила на граничните премини „Богородица“ и „Дојран“, каде што возачите утринава чекаат околу 40 минути за излез од државата, според АМСМ.Според информациите, најголем метеж е регистриран на јужната граница кон Грција, а снимките од камерите во живо на Јавното претпријатие за државни патишта покажуваат километарски колони возила во сите сообраќајни ленти на двата гранични премини.За разлика од состојбата на Богородица и Дојран, на останатите

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryfa3dbt298mj8dDUs5cH

„Владата со активни мерки за намалување на невработеноста и силна поддршка за младите“, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение соопшти дека Владата продолжува со спроведување на политики насочени кон намалување на невработеноста, отворање нови работни места и подобрување на економските перспективи за граѓаните.Според партијата, официјалните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат намалување на стапката на невработеност од 12,5 на 11,3 проценти, додека стапката на вработеност е зголемена од 45,6 на 46,5 проценти.Во првиот квартал од 2026 година во државата биле евидентирани 707.38

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryaj9q1qms352qf0crZ98

Летните горештини го зголемуваат ризикот од срцев удар

Летото носи повеќе сонце, активности на отворено и повисоки температури, но истовремено може да претставува сериозен предизвик за кардиоваскуларниот систем. Според здравствените експерти, ризикот од срцев удар се зголемува во периоди на екстремни горештини, особено кај лицата со постоечки срцеви заболувања.Кога температурите се високи, крвните садови се шират за телото полесно да ја ослободува топлината. Ова доведува до пад на крвниот притисок, поради што срцето мора да работи побрзо и поинтензи

Магазин | пред 4 месеци

media-librarybv9cskfmgkn11uCvVNA

СДСМ: „Нов театар на тендер коалицијата“

СДСМ преку соопштение ја оцени најавената реконструкција на Владата како политичка претстава зад која, според партијата, не стојат суштински реформи ниту промени во политиките.Од опозициската партија велат дека додека граѓаните се соочуваат со економски предизвици, поскапувања и намален животен стандард, владејачкото мнозинство се занимава со кадровски промени наместо со решавање на реалните проблеми.Во соопштението се посочува дека најавените разговори меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ не носат суштински

Македонија | пред 4 месеци

granica

Побрзо преку граница: Албанија и Македонија воведуваат „One Stop Shop“ на Ќафасан

Патниците и превозниците наскоро ќе можат побрзо да ја минуваат границата меѓу Македонија и Албанија, откако албанската влада го одобри воведувањето на системот за заедничка гранична контрола „One Stop Shop“ на граничниот премин Ќафасан.Со одлуката на Тирана се комплетира постапката што претходно беше поддржана и од македонската влада, а за целосна примена на системот останува уште потпишувањето на договор меѓу министерствата за внатрешни работи на двете земји.Новиот модел предвидува патниците и

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryujd54c325i5447Pt9Vc

„Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација“, велат од СДСМ

На две години од формирањето на Владата предводена од Христијан Мицкоски, Социјалдемократски сојуз на Македонија преку соопштение упати серија критики за економските и политичките состојби во државата, оценувајќи дека земјата се соочува со економски проблеми, зголемен јавен долг и политичка изолација.Од партијата тврдат дека буџетот е под сериозен притисок и дека до средината на годината е потрошен најголемиот дел од планираниот буџетски дефицит за 2026 година, поради што, според нив, ребалансот

Македонија | пред 4 месеци

iran

САД и Иран продолжуваат со преговорите: Виткоф и Арагчи патуваат во Швајцарија

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи патуваат во Швајцарија на нова рунда разговори насочени кон постигнување подолгорочен договор меѓу Вашингтон и Техеран.Според информациите, Виткоф ќе му се придружи на Џаред Кушнер, кој веќе се наоѓа во Швајцарија. Во меѓувреме, американскиот потпретседател Џеј Ди Венс претходно го откажал планираното патување поради зголемените тензии меѓу Израел и Хезболах.Разговорите следуваат по воспоставување

Свет | пред 4 месеци

obama

Обама го критикува Трамп: По војната со Иран сме таму каде што бевме – или полошо

Поранешниот американски претседател Барак Обама оцени дека САД по конфликтот со Иран се наоѓаат во иста, па дури и полоша позиција отколку пред почетокот на војната што ја иницираше актуелниот претседател Доналд Трамп.Во интервју за емисијата „Тудеј“, Обама изјави дека САД вложиле огромни финансиски и воени ресурси во конфликтот, без да постигнат значителен напредок.„Водевме војна, потрошивме милијарди долари, ја изложивме нашата војска на огромен товар и многу луѓе загинаа. А сега изгледа дека

Свет | пред 4 месеци

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес со јачина од 5,8 степени регистриран кај брегот на Камчатка

Силен земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди полуостровот Камчатка на рускиот Далечен Исток, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.Според достапните податоци, епицентарот на потресот бил во Тихиот Океан, на длабочина од околу 33 километри и на околу 156 километри од градот Петропавловск-Камчатски.Засега нема информации за повредени лица или материјална штета, а надлежните служби не издале предупредување за опасност од цунами.Според сведоштва об

Свет | пред 4 месеци

prajd

Под мотото „Сите нека знаат“ денес се одржува Скопје прајд 2026

Под мотото „Сите нека знаат“, денес во Скопје ќе се одржи седмото издание на Скопје прајд, настан посветен на промоција на еднаквоста, човековите права и видливоста на ЛГБТИК+ заедницата.Собирот на учесниците е закажан за 18 часот кај фонтаната „Лотосов цвет“ во Градскиот парк, додека протестниот марш ќе започне во 19 часот. Поворката ќе се движи по булеварот „Илинден“, улицата „Франклин Рузвелт“, булеварот „Партизански одреди“, улицата „Димитрие Чуповски“ и ќе заврши во паркот „Жена борец“.Орга

Скопје | пред 4 месеци

media-librarymqp36n5h46r97mVaWsa

Скриениот бисер на францускиот Атлантик: Град што ги освојува туристите со мир и шарм

Сместен на југозападот на Франција, на брегот на Атлантскиот Океан, Сен Жан де Лиз важи за едно од најшармантните приморски места во земјата. Градот е познат по својата заштитена увала, пријатната клима и силно изразениот баскиски идентитет, кој може да се почувствува во архитектурата, гастрономијата и секојдневниот живот.За разлика од големите туристички центри преполни со посетители, Сен Жан де Лиз нуди помирна и поелегантна атмосфера, што го прави идеална дестинација за оние што бараат автент

Магазин | пред 4 месеци

EU-1

ЕУ за првпат ги продолжи санкциите против Русија на една година

Европската Унија донесе одлука за првпат да ги продолжи економските санкции против Русија за период од 12 месеци, наместо досегашната практика тие да се обновуваат на секои шест месеци.Одлуката ја потврди портпаролката на претседателот на Европскиот совет, која соопшти дека сите 27 земји-членки дале согласност за продолжување на рестриктивните мерки воведени по почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година.Санкциите се насочени кон клучни сегменти на руската економија, вклучувајќи ги

Свет | пред 4 месеци

media-libraryv6b84nlacp8faMQW3oV

Зеленски со ултиматум до Лукашенко: Имате една недела, потоа ќе дејствуваме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Белорусија дека активно помага во руските напади со дронови врз Украина и упати предупредување до властите во Минск да ја отстранат спорната комуникациска опрема во рок од една недела.На заедничка прес-конференција во Киев со претседателот на Хондурас, Зеленски изјави дека на комуникациски кули во два белоруски региона кои граничат со Украина се поставени системи што, според Киев, се користат за координација на руски напади со беспилотни летал

Свет | пред 4 месеци

media-library0ascd24iobs579YYNjq

НАСА предупредува: Ел Нињо повторно се врати, светот го очекуваат временски екстреми

Климатолозите предупредуваат дека светот влегува во нова фаза на климатска нестабилност, откако феноменот Ел Нињо повторно се активираше во јуни 2026 година. Според најновите анализи на научниците и американската вселенска агенција НАСА, во наредниот период се можни поинтензивни временски екстреми, вклучително и поплави, суши и температурни рекорди.Сателитските мерења покажуваат значително зголемување на температурата на површината на Тихиот Океан долж екваторот, што претставува еден од главните

Свет | пред 4 месеци

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

Норвешка воведува речиси целосна забрана за вештачка интелигенција во основните училишта

Норвешка од новата учебна година ќе воведе речиси целосна забрана за користење алатки базирани на вештачка интелигенција за учениците во основното образование, со цел да се спречи негативното влијание врз учењето и развојот на децата.Одлуката ја соопшти премиерот Јонас Гар Сторе, кој истакна дека користењето на вештачка интелигенција може да доведе до прескокнување на важни образовни процеси кај најмладите ученици.„Најважно е децата во училиштата да научат да читаат, пишуваат и сметаат“, порача

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања