Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

media-library289fg81338p9cu5JKtE

Комунална хигиена се правда за несобраното ѓубре

Јавното претпријатие „Комунална хигиена – Скопје“ информира дека се соочува со енормно зголемени количини на комунален, кабаст и градежен отпад, како во контејнерите така и во нивната околина, на јавни и сообраќајни површини.Поради тоа, како што соопштуваат од претпријатието, на одредени локации може да има доцнења во собирањето и транспортот на отпадот.Жителите на главниот град веќе подолго време реагираат на преполни контејнери и несоодветни санитарни услови, а проблемот дополнително се влошува со растечките количини на смет.Од „Комунална хигиена“ апелираат до граѓаните за поголема совесност при одлагањето на отпадот и најавуваат засилени активности за расчистување на критичните локации.

Скопје | пред 7 месеци

f

Семејствата на загинатите ученици од „Рибникар“ бараат кривична одговорност од 12 години и санкции за родители

Семејствата на убиените деца и домарот Драган Влаховиќ од основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград денеска најавија поднесување иницијатива до Министерството за правда за ревидирање на законската рамка и намалување на старосната граница за кривична одговорност од 14 на 12 години, преку измени на Кривичниот законик и Законот за малолетни сторители на кривични дела и кривична заштита. Паралелно, тие бараат да се воведе кривична одговорност на родителите за тешки кривични дела извршени од нивните деца и да се укине забраната помлад возрасен (18–21 година) да не може да добие доживотен затвор, со можност – според биопсихолошката зрелост и околностите – да се изрече максималната законска казна.Во изјавата се наведува дека со намалување на границата на 12 години за сериозни кривични дела со елементи на насилство, Србија би ги следела современите трендови и би испратила јасна превентивна порака дека правниот поредок ја препознава реалноста и дека бруталното однесување нема да остане несанкционирано.Семејствата потсетуваат дека возрасната граница во домашното законодавство била поставена во поинакви општествени околности: денес децата побрзо созреваат, изложени се на насилство и во дигиталниот и во реалниот простор, а насилството добива сè побрутални форми со сè помлади сторители. Како аргумент посочуваат и дека статистиката покажува постојан раст на кривичните пријави против деца на или под долната граница од 14 години, како и дека ниту еден меѓународен документ не пропишува универзална минимална возрасна граница.Во продолжение се подвлекува значењето на воведување кривична одговорност на родителите. Без јасно дефинирани превентивни механизми и доследна примена на законот, одговорноста – според нив – останува дифузна, што го поттикнува насилството и создава чувство на неказнивост.

Свет | пред 7 месеци

media-library652rhj7abvuoaCVzvXQ

Во скопско Козле ноќеска гореле три куќи и помошна просторија!

Министерството за внатрешни работи го потврди пожарот за кој утринава информираше Скопје1. Пожарот избувнал ноќеска на улицата „Јуриј Гагарин“ во скопската населба Козле при што биле зафатени три куќи и една помошна просторија, сопственост на тројца скопјани. Во инцидентот нема повредени лица, а огнот е изгаснат од екипите на Противпожарната бригада на Скопје.На 23.09.2025 во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје настанал пожар при што биле зафатени три куќи и помошна просторија во сопственост на М.Б.(73), И.С.(41) и М.А.(53), сите од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид ќе биде извршен од страна на увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 7 месеци

kapistec-maloletnici

Насилство во средно училиште во Карпош, нападнат малолетник од врсници со тврд предмет

Малолетен ученик бил физички нападнат од група врсници во двор на средно училиште во Карпош, при што, според пријавата, бил употребен и тврд предмет. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.На 22.09.2025 во 16:30 часот во СВР Скопје, К.Р.(40) од Скопје пријави дека околу 13:15 часот во двор на средно училиште на подрачјето на Карпош, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, а бил употребен и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Скопје | пред 7 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-17.05.27

Почнува скринигот за жителите на Трубарево по пожарот со токсичен чад и тешки метали

Од утре започнува дводневен скрининг на жителите на Трубарево и околните населени места, најави министерот за здравство Азир Алиу.„Ги замолувам сите граѓани што сметаат дека треба да посетат доктор да се пријават на овој скрининг. Прегледите се наменети за жителите од Трубарево и од околните места, а особено за лицата што чувствуваат потешкотии при дишењето или имаат симптоми што укажуваат на заболувања на дишните патишта“, изјави министерот Алиу.Прегледите ќе ги вршат тимови од Клиниката за пулмологија и алергологија, со комплетен клинички преглед, спирометрија, ЕКГ и други потребни испитувања. „Доколку се појави потреба од дополнителни испитувања, тие или ќе бидат извршени на лице место или пациентите ќе бидат упатени на Клиничкиот центар во Скопје“, додаде тој.Директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија, Оливер Зафировски, потенцираше дека скринингот ќе го спроведат две екипи со две амбулантни возила. „Започнавме една убава акција ‘Здравјето на граѓаните пред сè’. Два тима ќе ги посетат сите граѓани во Трубарево и ќе направат почетни испитувања. Во зависност од тоа, ако може да се постави дијагноза или да се покаже дека немаат никакви оштетувања на нивните бели дробови, останува да им се ревидира терапијата. Но, ако има потреба, ги упатуваме на Клиниката за пулмологија за да можеме да ги продлабочиме испитувањата“, изјави Зафировски.Иако според последниот извештај на Министерството за животна средина концентрациите на ПМ10 честички се во рамки на дозволеното, по пожарот во фабриката „Ф-групација“ на 13 септември беа регистрирани сериозни надминувања. Тогаш во Трубарево ПМ10 честичките достигнале 92,65 микрограми на кубен метар, речиси двојно над дозволената граница. Покрај тоа, измерени се покачени концентрации на олово, арсен и особено кадмиум – дури десет пати над максимално дозволените вредности.Црниот чад од пожарот тогаш со часови се гледаше од целиот град, а жителите на Трубарево сè уште стравуваат за последиците врз здравјето.

Скопје | пред 7 месеци

media-library0b5lnrd0gtsr0QJuOOe

СДСМ: „Мицкоски го остави судството без реформи, Јаневска ги остави учениците без учебници“

Опозициската СДСМ денеска упати серија критики кон власта, обвинувајќи за неисполнети ветувања и неработење во клучни сектори – правосудството и образованието.Во соопштение од партијата се наведува дека премиерот Христијан Мицкоски повторно се обидел да ја изманипулира јавноста со празни флоскули за судството и обвинителството, додека фактички, откако е на власт, не донел ниту еден реформски закон. „Наместо ветените промени, Мицкоски го претвори правосудството во партиска филијала – со судии сопружници на негови градоначалници и роднини на коалициските партнери“, стои во реакцијата.СДСМ оценува дека Мицкоски една година ја потрошил во политички пазарења и кадровски комбинации, додека судството го држи „во заложништво на ВМРО-ДПМНЕ“.Паралелно, на прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, го отвори прашањето за учебниците, обвинувајќи ја министерката за образование Весна Јаневска дека ги оставила учениците без основното право на квалитетно образование.„Помина цел месец од почетокот на учебната година, а учебници сè уште нема. Власта ветуваше дека секој ученик од 1 септември ќе има учебник, а излажа. Родителите не се должни да печатат материјали дома, ниту наставниците да импровизираат“, изјави Кузеска.Таа додаде дека Министерството мора да обезбеди план, логистика и контрола, и веднаш да ги достави учебниците до училиштата. „Весна Јаневска мора да понесе одговорност затоа што излажа и затоа што учениците ги остави без учебници“, порача Кузеска.Од СДСМ велат дека ова не е прашање на политика, туку прашање на иднината на децата и целиот образовен систем.

Македонија | пред 7 месеци

vardariste-protest

„Стоп за Вардариште“: Нашите протести не се партиски

Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ испрати демант до јавноста, во кој категорично ја отфрла поврзаноста со која било политичка партија или организација. Реакцијата следува откако в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, изнесе тврдења дека протестите се под влијание на партиски структури.„Најостро демантираме дека нашите протести се под водство, влијание или во служба на која било политичка партија или организација. Нашата иницијатива е исклучиво граѓанска, чесна и независна – за здравјето на сите нас, за воздух без чад и отров, за иднината на нашите деца“, стои во соопштението.Од иницијативата нагласуваат дека протестите ги организираат и ги водат единствено граѓаните, без дозвола некој да ја злоупотреби борбата за партиски или лични цели. „Нашиот единствен интерес е чист воздух, здрава животна средина и одговорни институции“, додаваат од таму.Иницијативата апелира граѓаните да останат обединети и да не подлегнуваат на дезинформации. „Нашата сила е во нашето единство и решителност“, наведуваат од „Стоп за Вардариште“.Протестите продолжуваат секој ден во 18 часот, на раскрсницата кај мостот Близнак.

Скопје | пред 7 месеци

markica

Свикана шеесет и втората седница на Советот на Општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:Р Е Ш Е Н И ЕЗА СВИКУВАЊЕ НА ШЕЕСЕТ И ВТОРАТА СЕДНИЦАНА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИДЈА СВИКУВАМ шеесет и втората седница на Советот на општина Охрид на ден 29.09.2025 година (понеделник) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.За седницата го предлагам следниот:Д Н Е В Е Н   Р Е ДУсвојување на Записникот од 61-та седницаПредлог-oдлука за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид за учебната 2024/2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на СОСУ„Св.Кирил и Методиј“ – Охрид за учебната 2024/2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ – Охрид за учебната 2024/2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишната програма за работа на ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид за учебната 2025/2026 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишната програма за работа на СОСУ„Св.Кирил и Методиј“ – Охрид за учебната 2025/2026 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишната програма за работа на OЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ – Охрид за учебната 2025/2026 година.Предлог-одлука за давање на времено користење недвижен имот – дел од деловен простор, сопственост на општина Охрид на Министерство за економија и труд – Државен инспекторат за труд.Предлог-одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште на Кп.бр.4266/1 КО Охрид 4 и Кп.бр.4265/1 КО Охрид 4.Предлог-програма за измени и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2025 – 2027.Предлог-одлука за определување на крајбрежен појас на водотек река Сушица опфатена во Деталниот урбанистички план за УЗ 11, УБ 11.5 општина Охрид.Предлог-одлука за донесување Урбанистички проект со план за парцелација во ЛУПД за ГП бр.1 со основна класа на намена А4 – градби за времено сместување на КП.бр.2751/4 и КП.бр.2751/5 и други во КО Коњско, Општина Охрид.Предлог-одлука за донесување техничка исправка за ГП 1.5 и ГП 1.6 од ДУП Урбана Заедница 9, Урбан Блок 9.2 – Охрид, Општина Охрид.Предлог-одлука за донесување техничка исправка за ГП 1.7 во УПВНМ на дел од Туристички локалитет Горица – Св.Стефан – Метропол, опфат 3, плански период 2010 – 2020, општина Охрид.ОПШТИНА ОХРИДЛОКАЛНА САМОУПРАВАБрој 08-22.09.2025 год.О х р и д

ОО | пред 7 месеци

media-libraryajje3peb7blp9ifwCUZ

Први фотографии: Осветувањето на храмот „Св. цар Константин и царица Елена“ во Скопје ќе биде во недела

Во недела, на 28 септември 2025 година, ќе се одржи осветувањето на новоизградениот храм „Св. цар Константин и царица Елена“, кој се наоѓа во центарот на Скопје.Свечениот чин ќе го предводи Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со повеќе архијереи на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Богослужбата ќе започне во 8:30 часот, а од МПЦ-ОА упатуваат покана до сите верници да земат молитвено и литургиско учество во овој значаен духовен настан.Храмот е посветен на светите рамноапостолни цар Константин и царица Елена и претставува ново светилиште во срцето на главниот град.

Скопје | пред 7 месеци

media-library795727m363549wmozHP

„Никогаш не го видов да седи“ – Бобан, комуналецот во Карпош за кој бараат награда

Советничката во Општина Карпош, Татјана Стојановска од советничката група „Независни за Карпош“, јавно побара награда за комуналниот работник Бобан, кој, според неа, е пример за вредност и посветеност на работното место.„Ова е Бобан. Вработен е како комунален работник во општина Карпош. Никогаш не сум го видела да седи и да губи време, а пауза зема само за да јаде. Својата работа ја извршува совесно, а често и повеќе од тоа што му е зададено. Оваа фотографија е од една градска улица, кај контејнерите“, напиша Стојановска на социјалните мрежи.Таа додава дека претходно се обидела да издејствува награда за него, но само усно, и најави дека повторно ќе го покрене прашањето на последната седница на Советот во четврток.„Би сакала да имаше повеќе како Бобан во нашата општина“, порача советничката.

Коментари | пред 7 месеци

kocani-puls-protest-4

Мицкоски за барањата за негова оставка поради Кочани: Се злоупотребува болката на родителите

Премиерот Христијан Мицкоски беше прашан за коментар по последните барања за оставки од него и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кои дојдоа од родител во Кочани.„По последните маршови за ангелите од Кочани, можев да се видам во свој дигитален споменик, со лик испрскан со крв, каде што се води кампања против мене, министерот Тошковски и директорот Јанев.Мислам дека постојат луѓе на кои најмалку им е грижа за ангелите од Кочани и ја злоупотребуваат трагедијата на родителите што ги изгубија своите деца. За првпат можеби на македонската политичка сцена сведочев на дигитален споменик со мојот лик испрскан со крв. Ако некој смета дека тоа е добра кампања – во ред“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 7 месеци

media-libraryhlbo3c48rsfc2KyZ7HG

Мицкоски по пресудата за Теодора: Се чувствувам мачно, судиите и обвинителите не ги заслужуваат ни овие плати

Премиерот Христијан Мицкоски ја коментираше пресудата со која возачот Менсур Пајазити е осуден на две години затвор за сообраќајната несреќа во која животот го загуби младата Теодора Ристовска во Тетово.„Моите ставови за Обвинителството и судството се одамна кажани и разговарани. И секогаш кога ќе зборуваат зошто доцниме во процесот за реформи, сакам јавноста да знае дека станува збор за шест закони кои се однесуваат на зголемување на буџетот, односно нивните плати. А ова го бараат тие кои имаат само два проценти доверба. Јас чувствувам мачнина, бидејќи тие не ги заслужуваат ни овие плати поради ваквите пресуди. Суштинската реформа е токму тоа – законите се за зголемување на буџетот. Не е проблем, ќе го зголемиме и за трипати, ама прво нека заслужат“, изјави премиерот.

Македонија | пред 7 месеци

zagadeno-skopje

Мицкоски најави филтри на оџаците како мерка против загадувањето: Очекувам невладини да се борат за воздуј по седум години молк

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата веќе размислува за конкретни мерки за намалување на загадувањето во претстојната зимска сезона.„За еден месец започнува грејната сезона. Денеска на владина седница ќе отворам значајна точка. Гасификацијата ќе трае подолго, затоа треба да разгледаме можност, како што субвенционираме клими и топлотни пумпи, да обезбедиме филтри на оџаците за 5 до 10 илјади домаќинства. Лично работев на оваа проблематика и видов дека во голем дел од градовите на тој начин е намалено загадувањето“, изјави Мицкоски.Тој додаде дека Владата веќе мапирала околу 500 државни објекти кои користат фосилни горива, најчесто дрва, и дека постои можност и таму да се инсталираат филтри.„Очекувам повторно од ноември невладини организации да се активираат и да се борат за почист воздух, иако во изминативе седум години ги немаше. Оваа мерка би била вонредна, но мора да видиме како законски да ја реализираме, бидејќи сме во изборен период“, додаде премиерот.

Скопје | пред 7 месеци

media-libraryq1o20pjcbqn6cHVWhjM

(Видео) Скопје - град заложник на ѓубре! И ѓубриња.

Улиците на главниот град се претворени во мини депонии – преполни контејнери, купишта отпад расфрлани околу нив, смрдеа и пешачки патеки низ кои не може да се помине.Од Ѓорче до Центар, преку Карпош и Влае – глетката е иста, а граѓаните реагираат дека ова трае со денови. Град што треба да биде метропола, денес е заложник на сопствениот отпад. „ГРАД ЗАЛОЖНИК НА ЃУБРЕ! И ЃУБРИЊА.“ – натпис што не е случајно избран.Прашањето е што собираат камионите на ЈП „Комунална хигиена“? Ако задачата им е да го остават ѓубрето расфрлано околу контејнерите и на булеварите – работата им оди „одлично“.Од Ѓорче до Центар, преку Карпош и Влае, состојбата е очајна. Дел од контејнерите преплавени, некои се празни, дел од тротоарите блокирани, миризбата неподнослива.Дел од граѓаните се жалат дека не се поминува на пешачките патеки.А институциите? Едни велат „не е наша надлежност“, други велат „ќе се среди“. Во меѓувреме, градот се претвори во отворена депонија. И тоа со денови, не со часови.„Скопје навистина не заслужува вакво понижување. Но очигледно, ѓубрето си има свои заштитници“, се коментира на Фејсбук од жители.

Скопје | пред 7 месеци

media-libraryoebp5fhvmggv6zBjIQZ

Полска и Шведска најавија употреба на сила против руски летала

Полска ќе соборува сè што ќе го наруши нејзиниот воздушен простор, порача полскиот премиер Доналд Туск, додека шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон изјави дека и Шведска ќе употреби сила доколку биде потребно. Овие остри предупредувања доаѓаат поради сè почестите повреди на воздушниот простор на земјите-членки на НАТО од страна на Русија.Минатиот петок, три руски борбени авиони „Миг-31“ влегоа во естонскиот воздушен простор и таму останаа најмалку дванаесет минути. Неколку дена претходно, Полска и Романија исто така мораа да реагираат на руски дронови кои се приближуваа кон нивната територија.„Ќе ги собориме сите летала што ќе го нарушат нашиот териториј и ќе прелетаат над Полска. За тоа нема апсолутно никаква дилема“, изјави Туск, но предупреди дека ваквите чекори секогаш носат ризик од ескалација на конфликтот.Тој додаде дека е клучно сите членки на НАТО да постапуваат идентично за да се избегне недоразбирање или раздор меѓу сојузниците.На ситуацијата реагираше и британската министерка за надворешни работи Јвет Купер, која истакна дека Обединетото Кралство и НАТО се подготвени за директна воена конфронтација доколку руските авиони или дронови навлезат во воздушниот простор на алијансата.Сличен став има и Шведска.„Ниту една држава нема право да го нарушува шведскиот воздушен простор. Шведска има право да го брани, со сила ако е потребно, и тоа и ќе го направи“, изјави министерот за одбрана Пал Јонсон, кој потврди дека вооружените сили имаат јасни упатства за вакви ситуации.Со ова се согласи и поранешната премиерка и лидерка на социјалдемократите Магдалена Андерсон, која порача дека НАТО мора да биде подготвен да го брани секој сантиметар од територијата на своите членки.

Свет | пред 7 месеци

media-libraryg8k3mn0775me6OdlrY4

По кратка постапка! Разрешен заменик министерот за внатрешни на Албанија, пушел цигари на службен пат во ресторан во САД

Заменик-министерот за внатрешни работи на Албанија, Анди Махила, е разрешен од функцијата откако бил фатен како пуши цигари во ресторан за време на службен престој во САД.Одлуката ја донесе министерката за внатрешни работи, Албана Кочиу, која на својата официјална страница на „Фејсбук“ соопшти дека реагирала по пријава од албански државјанин што живее во Њујорк.„Од граѓанин што живее во Њујорк добив пријава дека заменик-министерот за внатрешни работи пушел цигари во ресторан. По направената проверка, ја донесов одлуката за негово разрешување“, наведе Кочиу.Таа додаде дека станува збор за сериозно кршење на законот и неприфатливо однесување за висок функционер на Министерството за внатрешни работи.„Ненамерни грешки се разбирливи, но пушењето во ресторан не може да се смета за таква. Тоа е свесно прекршување на правилата, што не може да се оправда“, потенцира министерката.Албана Кочиу е првата жена која застанала на чело на албанската полиција. Во претходната влада таа ја извршуваше функцијата министерка за здравство.

Свет | пред 7 месеци

teodora

„Казната е подбив, наместо правда, добивме минимизирање на трагедијата“, потврдена казната од две години на возачот кој ја усмрти Теодора

Семејството на Теодора Ристовска, која беше усмртена на пешачки премин во сообраќајна несреќа во Тетово, остро реагира на одлуката на Апелациониот суд во Гостивар со која е потврдена пресудата на Основниот суд во Тетово. Обвинетиот Менсур Пајазити од селото Голема Речица е прогласен за виновен и осуден на две години затвор.„Оваа пресуда е срам за правдата. Животот на Теодора згасна, а казната изгледа како подбив. Наместо вистинска правда, добивме минимализирање на трагедијата која нè скрши“, изјави нејзината сестра Ева Ристовска.Семејството обвинува дека со „блага и селективна казна“ судството создава уште поголема недоверба кај граѓаните.„Кога казната е непропорционална со загубата, виновен станува не само сторителот, туку и самиот систем“, велат во обраќањето.Тие нагласуваат дека осудениот повторно управува возило, без чувство на вина, што го сметаат за навреда за сеќавањето на Теодора.„Кога убиецот шета слободен, целата нација е жртва“, порачува семејството.Иако понатамошниот правен пат зависи од Јавното обвинителство и можноста предметот да заврши пред Врховниот суд, семејството Ристовска најави дека нема да замолчи и ќе продолжи да бара одговорност.„Правдата мора да биде видлива, опиплива и вистинска. Животот на Теодора не е бројка во досие — тоа е нашата вечна рана. И нема да престанеме да бараме правда, за да покажеме дека жртвите не се оставени сами“, стои во реакцијата на семејството.

Македонија | пред 7 месеци

media-libraryqufotg8hrlgh1vN1GXd

(Фото) Герасимовски објави слики - го чистеше ѓубрето во Општина Центар заедно со хигиеничарите

Синоќа, до доцна по полноќ, градоначалникот Горан Герасимовски заедно со екипите на општинските хигиеничари го расчистуваа натрупаниот смет околу контејнерите во повеќе локации во Центар, откако ЈП „Комунална хигиена“ и Градот Скопје повторно потфрлија и го оставија цело Скопје, не само Центар затрупано во смет.„Да не дозволиме сето она што не го прави комуналното претпријатие и неговата негрижа да остане проблем на граѓаните, ние сме тука за заедно да ги решаваме проблемите. А сега продолжуваме сите заедно да го чистиме Центар поради негрижата на градот“, изјави Герасимовски на терен.Герасимовски посочи дека акцијата продолжува динамично, со цел што побрзо да се нормализира состојбата.„Продолжуваме на следна локација, вечерва колку што ќе стигнеме да исчистиме, да ги наполниме контејнерите. Сабајле продолжуваме заедно со хигиеничарите да ги средуваме другите населби, една по една.Сите контејнери се полни, и на булеварите. Центарци нема каде да се паркираат, и паркинг местата ги узурпирале со смет. Се надевам дека градската власт ќе се свести и од утре ќе си ги преземе одговорностите и ќе ни го направи почист градот. Ако тие не го направат тоа, нашите служби повторно ќе ја завршат работата на градот“, додаде Герасимовски.Општина Центар информира дека општинските хигиеничари и во текот на денешниот ден продолжуваат со расчистување на сметот во сите населби.

Скопје | пред 7 месеци

media-libraryfei7oki49kjq7956OwE

Кина користи соларни панели за борба против ширењето на пустините

Во сувиот северен дел на Кина, десетици работници ги одржуваат насадите со гоџи бобинки кои растат под сенката на илјадници соларни панели. Соларната централа со капацитет од 1 гигават во регионот Нингсија е дел од мрежа поставена низ северна и западна Кина, чија цел е да го запре ширењето на пустините со помош на сенката што ја создаваат панелите.Компанијата „Баофенг“, која го поседува постројката, планира да инсталира вкупно 30 гигавати соларна енергија, дел од кои ќе бидат искористени токму за спречување на дезертификацијата. Сличен проект со капацитет од 1 гигават веќе функционира во Мајјатан, потврдува потпретседателот на компанијата, Лиу Јуангван.„Соларните панели се како чадори – создаваат сенка и го задржуваат влагата во почвата“, изјави тој за време на обиколка организирана од кинеската влада.Отприлика четвртина од територијата на Кина е класифицирана како зафатена со пустини, а обидите за нивно сузбивање траат од 1970-тите години. Соларните панели поставени врз исушени површини се најновото оружје во овој долгогодишен процес. Тие се дел од програмата „Три севери“, која започна во 1978 година и ќе трае до 2050 година. Панелите создаваат микроклима за садење грмушки и треви отпорни на суша, додека заштитните бариери околу нив ја намалуваат брзината на ветрот и го запираат движењето на песокот.Иако ваквите проекти сè уште претставуваат мал дел од стотиците гигавати нови соларни панели што Кина ги инсталира секоја година, властите најавуваат забрзано зголемување на нивниот број. Во 2023 година Пекинг донесе правило што забранува поставување панели на обработливо земјиште, со цел да се зачува хранопроизводството.Според плановите, во периодот од 2025 до 2030 година ќе бидат инсталирани 253 гигавати соларна енергија за обновување на околу 7.000 квадратни километри земјиште. Сепак, резултатите доаѓаат бавно. Минатата година пустините опфаќаа 26,8 проценти од територијата на Кина, што е минимално намалување во споредба со пред десет години.Во природниот резерват Бајјитан, кој се наоѓа неколку часа од локацијата на Баофенг, со децении работа беа обновени околу 800 квадратни километри. „Ова е долга борба за контрола на пустините. Не можеме да кажеме дека ќе ги искорениме, но можеме да ја намалиме нивната штета“, изјави директорот на резерватот Ванг Шјаолинг.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2024-04-28-at-10.58.07

Луксембург, Малта и Монако ја признаа државата Палестина на Генералното собрание на ОН

Премиерите на Луксембург, Малта и Монако официјално ја признаа државата Палестина на вчерашното заседание на Генералното собрание на Обединетите нации.„Ова е почеток на обновена посветеност кон надежта, дипломатијата, дијалогот, соживотот и решението со две држави. Тоа е идеја кревка, но сепак можна – дека мирот може да надвладее“, изјави премиерот на Луксембург, Лук Фриден, додавајќи дека одлуката не е насочена против Израел или неговиот народ.Во меѓувреме, Андора и Белгија најавија дека ќе ја признаат Палестина откако ќе бидат ослободени сите заложници и кога Хамас повеќе нема да биде на власт. Белгискиот премиер Барт де Вевер порача дека воспоставувањето дипломатски односи и отворањето амбасада во Палестина ќе се реализира по исполнувањето на условите од Њујоршката декларација.Во последните денови се забележува бран на нови признанија. Францускиот претседател Емануел Макрон вчера исто така ја призна државата Палестина, истакнувајќи дека тоа е „чекор за мир меѓу израелскиот и палестинскиот народ“ и дека Франција останува верна на својата историска посветеност на Блискиот Исток.Пред два дена Палестина ја признаа и Обединетото Кралство, Канада и Австралија.

Свет | пред 7 месеци

rak

Трамповите кратења на трошоците го загрозуваат истражувањето на ракот во САД

Водечката улога на САД во истражувањето на ракот е сериозно доведена во прашање откако администрацијата на Доналд Трамп драстично ги скрати средствата за клучни научни проекти. На удар се илјадници лаборатории, меѓу кои и тимот на професорката Рачел Сириани од Медицинскиот факултет UMass Chan, која развиваше иновативен пристап во лекувањето на агресивниот мозочен тумор медулобластом.Со замрзнати фондови и намалување на грантовите од Националниот институт за здравје (NIH), таа беше принудена да отпушти соработници и да прекине перспективни проекти. Слична судбина ги снајде и други американски истражувачки центри. Националниот институт за рак (NCI) предупреди дека годинава ќе финансира едвај 4% од пријавите, наместо минатогодишните 9%, што претставува пад од стотици милиони долари.Научната заедница зборува за „апсолутна катастрофа“. Според експерти, секое прекинување на истражувањата носи ризик целосно да пропадне долгогодишна работа, а младите научници веќе се селат во други држави. Со намалување на буџетот за NCI од 7,2 на 4,5 милијарди долари, постои опасност САД да го изгубат водството во биомедицината и онкологијата, градено повеќе од половина век.

Свет | пред 7 месеци

media-libraryct9m3cueonje01b7suk

(Видео) Снимка од дроновите кои го парализираа аеродромот во Копенхаген

Главниот аеродром во Копенхаген синоќа беше затворен четири часа откако беа забележани два до три големи дрона во неговата близина. Полицијата соопшти дека зад инцидентот стои „способен оператор“, но засега нема осомничени. Истата вечер беше затворен и аеродромот во Осло, каде дронови беа видени двапати, што доведе до прекин од три часа.Поради инцидентот, 31 лет беше пренасочен, а околу 100 беа одложени или откажани, што погодило околу 20.000 патници.Случајот следува по кибер-нападот кој минатата недела ги блокираше системите за пријава и качување на повеќе европски аеродроми, меѓу кои „Хитроу“, Берлин и Брисел.

Свет | пред 7 месеци

menduh-taci-vlada

Тачи се закани: Ако ДУИ проговори, ќе откријам кои бизнисмени од Скопје и од Албанија колку го молеле Мицкоски

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, синоќа во гостување на ТВ21 изјави дека се покајал што влегол во Европскиот фронт, обвинувајќи го лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека не си го одржал зборот.„Јас се покајав што влегов во Европскиот фронт“, нагласи Тачи.Во своето излагање, тој упати и сериозни предупредувања до ДУИ: „Ако отворат уста уште еден збор, тогаш на следен јавен настап ќе кажам колку пати го молеа Мицкоски. Кој, со имиња и презимиња, бизнисмени од Скопје, луѓе од Албанија, колку се поклониле, како се согласиле да влезат во Владата дури и без претседател на Парламентот“, рече Тачи.

Македонија | пред 7 месеци

media-library652rhj7abvuoaCVzvXQ

(Видео) Се слушале експлозии, горело многу: Голем пожар ноќеска во Козле, горела куќа

Ноќеска избувнал пожар во скопската населба Козле, на улица „Јуриј Гагарин“, во близина на основното училиште „Владо Тасевски“.„Во 02:03 се јавив на 112 и веднаш ми се јавија и ми кажаа дека се запознаени и дека се во акција. Во 02:12 огнот беше изгасен, остана чад. Во02:30 пак се слушаа експлозии и имаше чад”, сведочи водителката Снеже Велков.Противпожарната бригада на Скопје интервенирала со четири возила, откако огнот зафатил една шупа, а поради големината на пожарот бил оштетен и покривот на соседната куќа.„Пожарот беше голем и бараше ангажман на повеќе екипи. По два часа интервенција, успеавме целосно да го изгаснеме“, изјави за медиумите Ѕвонко Томевски, командир на Противпожарната бригада на Скопје.Во инцидентот, за среќа, нема повредени лица, а причината за пожарот дополнително ќе се утврдува.

Скопје | пред 7 месеци

dron1

Дронови го блокираа воздушниот сообраќај во Копенхаген и Осло

Силно полициско присуство и целосен прекин на сообраќај ја одбележаа ноќта на аеродромот во Копенхаген, откако беа забележани беспилотни летала над областа. Аеродромот, познат и како Каструп, беше затворен со часови, а повторно се отвори околу 00:30 часот.Данската полиција потврди дека во близина на пистите биле видени два до три големи дрона. „Тие беа директно над аеродромот, а потоа се поместија на периферијата“, изјави началникот на полицијата во Копенхаген, Хенрик Штормер, за ТВ 2 Данмарк. Портпаролот на аеродромот, Ден Прангсгард, додаде дека дел од летовите биле пренасочени кон Билунд, а бил повикан и дополнителен персонал.Неколку часа подоцна, слична ситуација се повтори и во Норвешка. По полноќ, аеродромот Гардермоен во Осло беше затворен поради нов извештај за дрон во областа. Претходно вечерта, беспилотни летала биле забележани и над центарот на градот, а двајца државјани на Сингапур се уапсени во рамки на истрагата.„Воздушниот простор над аеродромот е затворен поради нов извештај за дрон“, изјави за весникот VG Моника Фастинг, раководителка на комуникациите на аеродромот. Според „Флајтрадар“, во моментот имало неколку авиони што кружеле над Осло и Гардермоен.„Авионите кружат над градот и чекаат да бидат пренасочени кон други аеродроми“, објасни Фастинг, додавајќи дека затворањето во тој момент погодило 12 до 14 летови.

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања