Промени тема
Контакт

Најнови вести

1 мес.
media-libraryaj094p453jfhfUnbeir

Златото падна за 0,4 отсто, вниманието насочено кон американската економија

Цената на златото во вторник забележа пад, додека инвеститорите ги следат новите економски податоци од САД и очекуваат сигнали за идното движење на каматните стапки на Федералните резерви.Спот-цената на златото се намали за околу 0,4 отсто, на околу 4.428 долари за унца, додека американските фјучерси се тргуваа на ниво од околу 4.477 долари за унца.Падот следува по нестабилното движење на пазарот во изминатите денови. Златото неодамна достигна највисоко ниво во повеќе од три месеци, по што повто

Свет | пред 1 месец

1 мес.
skolo-4

Од денеска повторно во училишните клупи: 238 илјади ученици ја започнуваат новата учебна година

Денеска во училишните клупи се враќаат околу 238 илјади ученици – 174 илјади основци и 64 илјади средношколци, со што започнува учебната 2026/2027 година. Наставата за повеќето ученици ќе трае до 10 јуни 2027 година, додека матурантите ќе завршат со настава на 17 мај. Зимскиот распуст ќе трае од 31 декември до 21 јануари.Според досега пристигнатите податоци во Министерството за образование и наука, годинава се запишани 14.952 првачиња, како и 16.932 ученици во прва година средно образование. Кон

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarys5ciff3p4t1c2QRqN3k

Пожарот на Пелистер под контрола од ресенска страна: Сите сили здружени против огнот

Големите ангажирања на противпожарните екипи, вработените во Националниот парк и локалното население придонесоа пожарот на Пелистер, од ресенска страна, да биде ставен под контрола, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.Од ДЗС објавија фотографии и видеоснимки, дел од нив направени и од воздух, на кои се прикажани активностите на огнените тимови на ДЗС, како и на професионалните и доброволните противпожарни сили кои учествуваа во справувањето со огнената стихија.„Сите заедно, со враб

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library5pmmucgfbnpndtxuTsD

Без вода дел од Карпош поради дефект на водоводна цевка

Дел од корисниците во Општина Карпош денеска, 1 септември, ќе останат без вода поради дефект на водоводна цевка со профил Ф-200 милиметри, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.Прекинот во водоснабдувањето започнува во 8:30 часот и ќе трае до отстранување на дефектот.Без вода ќе бидат дел од корисниците на улиците „Васил Ѓоргов“ и „Франклин Рузвелт“, во близина на Заводот за вработување.

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
struja-osiguraci

До 14 часот без струја делови од Аеродром и Центар

Дел од корисниците во општините Аеродром и Центар денеска, 1 септември, ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа, информираат од ЕВН Македонија АД.Во периодот од 8 до 14 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата „Тодор Чангов“ спроти ресторанот „Рагуза“, дел од корисниците на улицата „Бранко Гапо“, како и дел од корисниците на улицата „Тодор Чангов“ – крак 17, во Општина Аеродром.Во Општина Центар, прекинот ќе трае од 8:30 до 14 часо

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryjgngniqbodj76Y8PcUA

Во последните 24 часа регистрирани 26 пожари, два сè уште активни

Вкупно 26 пожари на отворен простор се регистрирани во периодот од 31 август до 1 септември до 7:30 часот, соопшти Центарот за управување со кризи. Од нив, 20 се изгаснати, четири се ставени под контрола, а два пожара и натаму се активни.Активни се пожарите во Општина Сарај, на потегот меѓу селата Копаница и Радуша, каде што гори нискостеблеста шума и ниска вегетација, како и во Општина Штип, на просторот меѓу селата Селце, Пухче, Степанци и Лакавица, каде што е зафатена ниска вегетација.Под кон

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Сончево и топло, температурите до 37 степени, на места дожд и грмежи

Денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. На места ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од 14 до 21 степен, додека максималната ќе достигне од 31 до 37 степени.Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 21 степен, а максима

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

Вештачката интелигенција станува нов трошок за компаниите: Како да се контролира потрошувачката

Вештачката интелигенција сè почесто станува дел од секојдневното работење на компаниите, а со нејзиното пошироко користење се отвора и прашањето како најдобро да се следат и контролираат трошоците.Компаниите денес можат да избираат меѓу различни начини на плаќање на услугите засновани на вештачка интелигенција. Едниот модел се темели на реалната потрошувачка, односно плаќање според обемот на обработените податоци и бројот на искористените токени. Другиот предвидува однапред утврден буџет или кре

Технологија | пред 1 месец

1 мес.
media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

„Ќе има одговор“: Трамп најави жесток удар по иранскиот напад

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД ќе одговорат на иранскиот ракетен напад врз американските бази во Јордан, оценувајќи дека Вашингтон ќе возврати со силен удар.„Жестоко ќе ги погодиме. Ќе има одговор“, изјави Трамп во телефонски разговор со новинарот на „Фокс њуз“, Треј Јингст.Тој посочи дека американските системи за противвоздушна одбрана пресретнале речиси сите ирански ракети, освен една, за која било проценето дека не се движи кон цел што би предизвикала значителна штета.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-librarytqlhlq4tbi5l9Ld1vE3

Исланѓаните кажаа „не“ за ЕУ: Со 52 отсто го отфрлија продолжувањето на преговорите

Исландските граѓани на референдум со тесно мнозинство од 52 отсто го отфрлија продолжувањето на преговорите за пристапување кон Европската унија, со што земјата засега се откажа од можноста да стане членка на Унијата.Одлуката претставува удар за владата на премиерката Кристин Фростадотир, која се залагаше за приближување и членство во ЕУ. Според анализите на германските медиуми, во кампањата против продолжувањето на преговорите особено влијаеле стравувањата на земјоделците од поголема конкуренци

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library59kjhcqbmnm64WOjDTm

Нетанјаху му се заблагодари на Јанша: Словенија ја блокираше заедничката изјава на ЕУ

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му се заблагодари на словенечкиот премиер Јанез Јанша откако Словенија не ја поддржа заедничката изјава на Европската унија со која се осудуваат израелските планови за проширување на населбите на окупираниот Западен Брег.Нетанјаху на социјалните мрежи го пофали потегот на Јанша и го обвини Брисел за двојни стандарди.„Му благодарам на премиерот Јанша за храброста и јасноста во услови на лицемерството на ЕУ“, напиша Нетанјаху, додавајќи дека Словенија е сувер

Свет | пред 1 месец

1 мес.
putin-2

„Ќе ме обесат“: Путин стравува дека поразот во Украина може да биде опасен за него

Рускиот претседател Владимир Путин стравува дека завршувањето на војната во Украина без остварување на најмалку минималните цели на Москва би можело да ја загрози и неговата лична безбедност, објави британскиот „Економист“, повикувајќи се на извори блиски до Кремљ.Според еден од изворите, Путин во одреден момент од војната на луѓе од своето опкружување им рекол: „Ќе ме обесат“. „Економист“ не наведува кога и во какви околности била кажана оваа реченица, ниту обезбедува независна потврда за разго

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryihmu2kgip21i8pAOx4a

(Фото) Возило пропадна во дупка кај мостот „Близнаци“

Сообраќајна незгода попладнево е пријавена кај мостот „Близнаци“, во близина на црквата кај „Авиончето“ во Скопје.Според информациите на Скопје1, во незгодата учествувало такси-возило, кое наводно пропаднало во дупка на коловозот.Засега нема информации за евентуално повредени лица, ниту за точните околности под кои се случил инцидентот. Се очекуваат повеќе информации.

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
media-librarydi4jfck5ma1obojg7bU

Јанчев од трибините го следи дербито меѓу Тиквеш и Вардар

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, вечерва го следи натпреварот меѓу ГФК „Тиквеш“ и „Вардар“ од трибините на Градскиот стадион во Кавадарци.Јанчев на социјалните мрежи објави фотографија од натпреварот и порача дека е присутен заедно со љубителите на фудбалот и спортот.„За убаво и спортско Кавадарци. Напред, Тиквеш!“, напиша Јанчев.Натпреварот меѓу „Тиквеш“ и „Вардар“ се игра на Градскиот стадион во Кавадарци, а атмосферата од трибините ја следи и градоначалникот, кој ја искористи објав

Спорт | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryscsopl4enjij96BGN3a

Изгласан новиот ребаланс на буџетот: Нов мост и кружен тек во Сарај, нов влез во градот и нови улици

Советот на Град Скопје го изгласа новиот ребаланс на буџетот, со кој се обезбедуваат дополнителни средства за капитални проекти, поддршка за граѓаните и справување со обврските на Градот и јавните претпријатија.Според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, со ребалансот буџетот се зголемува за 61,76 милиони денари, со што основниот буџет на Град Скопје достигнува 5.324.649.755 денари.Еден од позначајните нови проекти е изградба на мост и улица што ќе ги поврзат Ѓорче Петров и Сарај, со што треба да се

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
media-librarypb6c2m87lsuadnmZ5QZ

„Нелегалниот“ премин кај Бит-пазар станува легален: Ќе бидат поставени семафори

Скопје најавува повеќе промени во сообраќајот, јавниот превоз и управувањето со отпадот. Една од новините е легализирање на пешачкиот премин кај Бит-пазар, каде што треба да бидат поставени соодветна сообраќајна сигнализација и семафори.Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, одговарајќи на советничко прашање, информираше дека постојниот нелегален премин ќе биде уреден како официјален пешачки премин, со цел да се зголеми безбедноста на пешаците.Во делот на јавниот превоз, Ѓорѓиевски потврди дек

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
crna-gora-policija

Три тела пронајдени на стрелиште во Црна Гора

Тројца мажи се пронајдени мртви на стрелиште во близина на Даниловград, Црна Гора, по што е започната голема полициска акција и потрага по осомничен вооружен сторител.Според црногорската полиција, околу 17 часот сопственикот на стрелиштето „Чешка збројевка“ го пријавил случајот во Одделението за безбедност во Даниловград, откако во објектот пронашол три безживотни машки тела.Полицијата веднаш излегла на местото, а во тек се увид и истражни дејствија во координација со државен обвинител од Вишото

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

Путин, Ердоган и Моди на отворањето на Светските номадски игри во Киргистан

Во Бишкек, главниот град на Киргистан, започнаа Шестите светски номадски игри, на кои учествуваат повеќе од 3.000 спортисти од 113 земји.Свеченото отворање се одржа во „Бишкек арена“, а на настанот присуствуваа рускиот претседател Владимир Путин, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, индискиот премиер Нарендра Моди, пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, белорускиот претседател Александар Лукашенко и други високи претставници.На игрите се предвидени 43 спортски дисциплини, со кои се претставуваа

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library6tnrbnlas2sb9s9zkoQ

Бесент: Не сме во трговска војна со Канада, Карни непотребно ги заострува односите

САД не се во трговска војна со Канада, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент, обвинувајќи го канадскиот премиер Марк Карни дека непотребно ги заострува односите меѓу двете земји.Бесент, во разговор за CNBC, на маргините на состанокот на Г20 во Ешвил, потврди дека ќе се сретне со својот канадски колега Франсоа-Филип Шампањ. Тој ја отфрли оценката дека Вашингтон и Отава водат меѓусебна трговска војна.„Навистина е штета што премиерот Карни го претвори ова во политичко препукување. Н

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Мајка и син пронајдени мртви во стан во Ниш: Соседите со денови се жалеле на непријатен мирис

Телата на 80-годишна жена и нејзиниот 52-годишен син биле пронајдени синоќа во нивниот стан на осмиот кат од зграда во Ниш, Србија. Случајот бил откриен откако станарите со денови чувствувале силен и непријатен мирис во зградата.Соседите се посомневале дека нешто се случува, по што синоќа ја повикале полицијата. Полицајците не можеле да го отворат станот без присуство на роднина, па била повикана сестрата на починатата жена. По влегувањето во станот, биле пронајдени двете тела.„Со денови се чувс

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryrf2velsqc0db2SOmeOi

Софија го драматизира случајот со Ива Михаилова од Кочани: Шест бугарски пратеници дојдоа на судењето

Шест пратеници од Бугарија денеска го следат рочиштето во Основниот суд во Кочани, во судскиот процес против 23-годишната Ива Михаилова, која има македонско и бугарско државјанство.Михаилова е обвинета за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, по сообраќајната несреќа што се случи во октомври минатата година. Во несреќата едно лице го загуби животот, а неколку други беа повредени, меѓу кои и самата Михаилова. Таа ја отфрла вината и тврди дека несреќата

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
komarec

Западнонилската треска се шири во Загреб: Вирусот пронајден кај пет мртви гаврани

Вирусот Западен Нил е потврден во Загреб, каде што повеќе заразени лица се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, а двајца пациенти се на интензивна нега. Присуството на вирусот е потврдено и кај пет мртви гаврани пронајдени на различни локации во градот, што според експертите е сериозен показател дека вирусот е присутен во загрепското подрачје.Според податоците на Хрватскиот институт за јавно здравје, бројот на заболени од вирусот Западен Нил во Хрватска значително варира од година

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryjegui89c8odkfCDljrr

ЕУ ги стави ChatGPT, Reddit и Roblox под најстрог надзор

Европската комисија ги вброи ChatGPT, Reddit и Roblox меѓу услугите што подлежат на најстрогите правила според Законот за дигитални услуги (DSA), поради нивниот број на корисници и значителното влијание врз корисниците и општеството.ChatGPT е означен како многу голем онлајн пребарувач, додека Reddit и Roblox се класифицирани како многу големи онлајн платформи.„Овие нови ознаки значат дека ChatGPT, Reddit и Roblox сега ќе бидат предмет на повисоко ниво на контрола и одговорност во Европската Униј

Технологија | пред 1 месец

1 мес.
zicnica-696x463

Уште 25 милиони денари за жичницата на Водно, вкупно ќе чини 45 милиони

Жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст и натаму не работи, а Градот Скопје повторно одвои дополнителни средства за нејзина реконструкција. На денешната седница на Советот беше изгласана одлука со која, покрај претходно одобрените 20 милиони денари, се обезбедуваат уште 25 милиони денари.Со тоа, вкупната сума наменета за реконструкција на жичницата достигна 45 милиони денари.Во образложението на одлуката се наведува дека дополнителните средства се потребни за создавање услови за реализац

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
media-library1gnqhtm9pp11eXgOeC1

„Цел час ме тепаше и допираше по телото“: Потресни сведочења на жртвите на серискиот убиец во Куманово

На второто рочиште од судскиот процес против Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и два обиди за убиство на жени, денеска пред Основниот суд Куманово сведочеа две од преживеаните жртви.Росанка Трајковска и Слободка Арсовска, двете од селото Челопек и на возраст над 80 години, со тешкотии се потсетуваа на нападите што, според нивните искази, ги преживеале.Трајковска, родена во 1939 година, сведочеше дека обвинетиот околу еден час ја тепал и ја допирал по телото. Таа пред судот побара да би

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања