Промени тема
Контакт

Најнови вести

1 мес.
media-library6tnrbnlas2sb9s9zkoQ

Бесент: Не сме во трговска војна со Канада, Карни непотребно ги заострува односите

САД не се во трговска војна со Канада, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент, обвинувајќи го канадскиот премиер Марк Карни дека непотребно ги заострува односите меѓу двете земји.Бесент, во разговор за CNBC, на маргините на состанокот на Г20 во Ешвил, потврди дека ќе се сретне со својот канадски колега Франсоа-Филип Шампањ. Тој ја отфрли оценката дека Вашингтон и Отава водат меѓусебна трговска војна.„Навистина е штета што премиерот Карни го претвори ова во политичко препукување. Н

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Мајка и син пронајдени мртви во стан во Ниш: Соседите со денови се жалеле на непријатен мирис

Телата на 80-годишна жена и нејзиниот 52-годишен син биле пронајдени синоќа во нивниот стан на осмиот кат од зграда во Ниш, Србија. Случајот бил откриен откако станарите со денови чувствувале силен и непријатен мирис во зградата.Соседите се посомневале дека нешто се случува, по што синоќа ја повикале полицијата. Полицајците не можеле да го отворат станот без присуство на роднина, па била повикана сестрата на починатата жена. По влегувањето во станот, биле пронајдени двете тела.„Со денови се чувс

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryrf2velsqc0db2SOmeOi

Софија го драматизира случајот со Ива Михаилова од Кочани: Шест бугарски пратеници дојдоа на судењето

Шест пратеници од Бугарија денеска го следат рочиштето во Основниот суд во Кочани, во судскиот процес против 23-годишната Ива Михаилова, која има македонско и бугарско државјанство.Михаилова е обвинета за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, по сообраќајната несреќа што се случи во октомври минатата година. Во несреќата едно лице го загуби животот, а неколку други беа повредени, меѓу кои и самата Михаилова. Таа ја отфрла вината и тврди дека несреќата

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
komarec

Западнонилската треска се шири во Загреб: Вирусот пронајден кај пет мртви гаврани

Вирусот Западен Нил е потврден во Загреб, каде што повеќе заразени лица се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, а двајца пациенти се на интензивна нега. Присуството на вирусот е потврдено и кај пет мртви гаврани пронајдени на различни локации во градот, што според експертите е сериозен показател дека вирусот е присутен во загрепското подрачје.Според податоците на Хрватскиот институт за јавно здравје, бројот на заболени од вирусот Западен Нил во Хрватска значително варира од година

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryjegui89c8odkfCDljrr

ЕУ ги стави ChatGPT, Reddit и Roblox под најстрог надзор

Европската комисија ги вброи ChatGPT, Reddit и Roblox меѓу услугите што подлежат на најстрогите правила според Законот за дигитални услуги (DSA), поради нивниот број на корисници и значителното влијание врз корисниците и општеството.ChatGPT е означен како многу голем онлајн пребарувач, додека Reddit и Roblox се класифицирани како многу големи онлајн платформи.„Овие нови ознаки значат дека ChatGPT, Reddit и Roblox сега ќе бидат предмет на повисоко ниво на контрола и одговорност во Европската Униј

Технологија | пред 1 месец

1 мес.
zicnica-696x463

Уште 25 милиони денари за жичницата на Водно, вкупно ќе чини 45 милиони

Жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст и натаму не работи, а Градот Скопје повторно одвои дополнителни средства за нејзина реконструкција. На денешната седница на Советот беше изгласана одлука со која, покрај претходно одобрените 20 милиони денари, се обезбедуваат уште 25 милиони денари.Со тоа, вкупната сума наменета за реконструкција на жичницата достигна 45 милиони денари.Во образложението на одлуката се наведува дека дополнителните средства се потребни за создавање услови за реализац

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
media-library1gnqhtm9pp11eXgOeC1

„Цел час ме тепаше и допираше по телото“: Потресни сведочења на жртвите на серискиот убиец во Куманово

На второто рочиште од судскиот процес против Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и два обиди за убиство на жени, денеска пред Основниот суд Куманово сведочеа две од преживеаните жртви.Росанка Трајковска и Слободка Арсовска, двете од селото Челопек и на возраст над 80 години, со тешкотии се потсетуваа на нападите што, според нивните искази, ги преживеале.Трајковска, родена во 1939 година, сведочеше дека обвинетиот околу еден час ја тепал и ја допирал по телото. Таа пред судот побара да би

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
IMG_4387

Новата учебна година почнува со онлајн настава за дел од учениците од „Киро Глигоров“

Новата учебна 2026/2027 година за повеќето ученици во Македонија започнува утре, но дел од основците од скопското ООУ „Киро Глигоров“ првите денови ќе ги следат часовите од дома.Станува збор за учениците од 4. до 9. одделение, кои поради незавршени градежни активности во дел од училиштето привремено ќе следат онлајн настава.Од Општина Центар информираат дека Министерството за образование и наука дало согласност наставата да се одвива од далечина додека не се создадат услови за безбедно враќање н

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
skolo-4

26 подрачни училишта привремено ќе престанат со работа поради недостиг на ученици

Новата учебна 2026/2027 година во Македонија започнува со промени во мрежата на училиштата, откако 26 подрачни училишта во руралните средини привремено ќе престанат со работа поради недоволен број ученици.Во дел од овие училишта нема ниту едно запишано прваче, додека во други наставата ја следеле само неколку ученици. Поради тоа, учениците од нив ќе го продолжат образованието во најблиските поголеми училишта.Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, информираше дека намалениот број уч

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryjjptjpe0hpal6lUXD2G

Марковска Илиевска: Спротивно на закон, Левица јавно побара нивни членови да станат членови на Управни и Надзорни одбори – само функции им се важни

На политичката партија Левица, очигледно, само функциите им се важни, па затоа на денешна седница на Советот на Град Скопје, нејзини советници јавно побараа, спротивно на Закон, нивни членови да бидат членови на Управни и Надзорни одбори.Во однос на ова, реагираше советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Анета Марковска Илиевска која потенцираше дека членови на партијата Левица, ниту на друга партија нема да бидат дел од Надзорните и Управните одбори на институциите во Град Скопје, затоа што ниту еден закон

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли тврдењата на СДСМ за Мицкоски и центрите за податоци

ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата на СДСМ дека премиерот Христијан Мицкоски „под радарот“ на јавноста договара бизниси поврзани со центри за податоци, барајќи од опозициската партија да достави докази за своите тврдења.Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека на прашањето на СДСМ дали Мицкоски договара бизниси за центри за податоци без знаење на јавноста, одговорот е негативен.„Бидејќи секогаш товарот за докажување на тврдењето е на тој што го објавува, јавно го повикуваме СДСМ да достави докази за тоа што го т

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryvq2rlsmihu5036SAoAK

Турција, Саудиска Арабија и Пакистан одржаа прв состанок во Истанбул на новиот одбранбен сојуз

Турција, Саудиска Арабија и Пакистан го одржаа првиот состанок на земјите потписнички на Заедничкиот одбранбен договор од Мека, со кој трите држави воспоставија механизам за колективна одбрана и заемна безбедносна поддршка.Средбата се одржа во Истанбул, со учество на министрите за надворешни работи и за одбрана, како и началниците на генералштабовите на трите земји.Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, изјави дека новиот одбранбен сојуз има цел да придонесе за поголема стабилност

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library9tbupk95mcqt6Xqk74b

Пукање на рејв-забава во Швајцарија: Уапсен 43-годишен маж, загина 22-годишна Италијанка

Швајцарската полиција уапси 43-годишен маж осомничен дека пукал на рејв-забава во Арау, при што загина 22-годишна Италијанка, а уште пет лица беа повредени.Инцидентот се случил во раните утрински часови во неделата, околу 2:30 часот, непосредно по завршувањето на техно-забавата „Aarau Rave VOL. 7“ на хиподромот „Шахен“. Загинатата е идентификувана како Марија Спинели.Според сведоци, во прв момент присутните помислиле дека се работи за огномет, но настанала паника откако некој извикал да легнат н

Свет | пред 1 месец

1 мес.
glass-water-macro-shot

Жителите на Гостивар ослободени од плаќање на сметката за вода за август

Жителите на Гостивар ќе бидат ослободени од плаќање на сметките за вода за пиење и собирање отпад за август. Одлуката ја донесе Советот на Општина Гостивар на денешната седница, по здравствената криза што го зафати градот во текот на летото.Од 17 јули до 14 август водата од гостиварскиот водоводен систем не смееше да се користи за пиење, откако кај голем број граѓани беа регистрирани заболувања на дигестивниот систем. Поради состојбата беше прогласена епидемија, а подоцна и кризна состојба.Претс

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarycuqc7u43jq9t0hvMWyQ

Сензорна соба со специјализирана опрема отворена во Основното училиште „Петар Поп Арсов“ во Карпош

Подобрени услови за поддршка на учениците се обезбедени во ООУ „Петар Поп Арсов“, каде што денеска беше отворена нова сензорна соба. Просторот е наменет за учениците на кои им е потребна дополнителна сензорна поддршка и е опремен со различни реквизити и дидактички помагала.На отворањето присуствуваше градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој ја поздрави иницијативата и донацијата со која се унапредуваат условите во училиштето.Сензорната соба е донација од Здружението на граѓани „ПО

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
media-library3q87f23urs1kaelxRtN

Српски државјанин казнет со 3.000 евра: Двапати возел повеќе од двојно над дозволеното

Српски државјанин ќе плати вкупно 3.000 евра откако во два наврати бил фатен како вози со повеќе од двојно поголема брзина од дозволената на автопатот А1, соопшти Основното јавно обвинителство Кавадарци.Станува збор за 34-годишниот Д.П., кому му биле изречени две парични казни од по 1.500 евра за кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“.Тој бил приведен на 29 август во 23:20 часот на граничниот премин Табановце, при обид да ја напушти земјата. При проверката на возило „шкода“ со

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryu63u6oua2oucbBKdWGE

Во пензија дури на 74 години: Европа постепено ја зголемува старосната граница

Сè подолгиот животен век и зголемувањето на бројот на години што Европејците ги поминуваат во пензија постепено ги менуваат пензиските системи. Во голем број европски земји старосната граница за пензионирање веќе се зголемува или се планира нејзино зголемување во следните децении, а според проекциите на ОЕЦД, во Данска таа би можела да достигне дури 74 години до 2060 година.Данска веќе одлучи старосната граница за пензионирање до 2040 година да ја зголеми на 70 години, а слични законски промени

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-librarydr7ri81h3r038V5zICp

Од утре ново правило на скопскиот аеродром: Бесплатниот влез ограничен на еднаш дневно

Возачите кои ги оставаат или пречекуваат патниците на Меѓународниот аеродром Скопје, од 1 септември ќе треба да внимаваат на ново правило во зоната „Hug & Fly“ пред терминалната зграда.Како што соопшти ТАВ Македонија, и понатаму останува можноста за бесплатно запирање до 10 минути, но секое возило ќе може бесплатно да влезе во зоната само еднаш во период од 24 часа.Контролата на пристапот ќе се врши преку систем за автоматско препознавање на регистарските таблички, преку кој ќе се евидентира

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryo3oi004n1jvvdfv5s57

(Фото) Уште една куќа каде бандерите станале дел од ентериерот, овој пат во Керамидница

По неодамнешниот случај на Попова Шапка, каде што бандера поминува низ кровот од куќа и завршува во соба, уште една слична необична глетка привлече внимание.Овојпат станува збор за куќа во скопската населба Керамидница, низ чиј покрив минуваат дури две бандери.

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryf6qn9fv7hoo115m9j1j

Четворица приведени во Скопје и Прилеп, кај нив пронајдени бела прашкаста материја и марихуана

Четири лица се лишени од слобода во Скопје и Прилеп поради пронајдени материи за кои постои сомнение дека се наркотични средства, информира Министерството за внатрешни работи.На 30 и 31 август, на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода З.Т. (26), Д.М. (32) и Д.Т. (31), сите од Скопје. Кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана.Во друг одделен случај, на 30 август околу 19 часот, на улицата „Дабничка“ во Прилеп, полициски сл

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library1gnqhtm9pp11eXgOeC1

„Глуми лудило“, вели психијатар за однесувањето на серискиот убиец од Старо Нагоричане

Судскиот процес против 25-годишниот Трајче Бојковски, обвинетиот за четири убиства и два обида за убиство продолжи во Куманово, а неговото однесување на првото рочиште предизвика внимание.Невропсихијатарот Мице Дудучки, коментирајќи го однесувањето на обвинетиот, кој се смеел и гледал во таванот, оцени дека станува збор за однесување што може да се поврзе со таканаречениот Ганзеров синдром.„Се работи за личност која во просториите на судот покажува псевдодементно однесување, а ние психијатрите т

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryg65gl6mol4o9cKY61DX

Италија за уште 15 дена ги продолжи граничните контроли со Шпанија по масовниот прилив на мигранти

Италија ќе ги продолжи ограничувањата на слободното движење кон Шпанија за дополнителни 15 дена, откако по масовниот прилив на мигранти во шпанската енклава Сеута повторно беа воведени гранични контроли.Одлуката за суспендирање на режимот на отворени граници, која требаше да истече во понеделник, е продолжена поради тоа што, според италијанското Министерство за внатрешни работи, не се промениле условите поради кои мерката беше воведена на 1 август.Шенгенскиот договор, потпишан на 14 јуни 1985 го

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryt9mqjo89bmfs3aUR7tW

На 115 години почина најстарата жителка на Јапонија

Шигеко Кагава, која важеше за најстарата жителка на Јапонија, почина минатата недела на 115-годишна возраст, соопшти јапонското Министерство за здравство, труд и социјална заштита.Кагава, која живеела во префектурата Нара во западниот дел на Јапонија, починала во четвртокот. По нејзината смрт, најстара жителка на земјата е 114-годишната Фујо Кишимото од соседната префектура Кјото, објави агенцијата Кјодо.Кагава е родена во 1911 година. Завршила медицинско образование во 1934 година, по што околу

Вирално | пред 1 месец

1 мес.
EU-1

Со 52 отсто гласови против: Исланд се откажа од патот кон членство во ЕУ

Исланѓаните со тесно мнозинство од 52 отсто на референдумот го отфрлија продолжувањето на преговорите за членство во Европската Унија, со што земјата се откажа од можноста да стане 28. членка на Унијата. Одлуката е сериозен удар за владата на премиерката Криструн Фростадотир, која се залагаше за членство.Според анализите на германските медиуми, во кампањата пресудиле стравувањата на земјоделците од поголема конкуренција од европскиот континент, но пред сè, прашањето за риболовот.Моќното рибарско

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryg9lie9s2hd54bqrF5r8

(Видео) Напуштено куче му го дава своето последно парче леб на човекот што дошол да го спаси

Иако речиси немало ништо, напуштено куче направило гест кој ја трогна јавноста откако човек дошол да го спаси.Животното било оставено само и имало само едно парче леб. Кога пристигнал човекот кој решил да му помогне, кучето му го понудило токму последното парче храна, како да сакало на свој начин да му се заблагодари што не го оставил.Сцената ја трогна оние кои ја слушнале приказната, а моментот стана пример за необичната благодарност и приврзаност што може да се развие меѓу спасено животно и чо

Вирално | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања