Промени тема
Контакт

Најнови вести

1 мес.
media-librarygudonvs5m446bL7QT8B

Пожар во објект на „Паркови и зеленило“ во Градски парк

Пожар избувнал во објект-работилница во Градскиот парк во Скопје, при што бил зафатен дел од кровната конструкција.Од МВР информираат дека случајот бил пријавен на 29 август во 20:45 часот во СВР Скопје. Објектот е во сопственост на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“.Припадници на Бригадата за противпожарна заштита Скопје интервенирале и го изгаснале пожарот. Во инцидентот нема повредени лица.На местото бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Од полноќ поевтинува дизелот за 6,5 денари, бензините поскапуваат за еден денар

Од полноќ стапуваат на сила новите максимални малопродажни цени на нафтените деривати, со кои дизелот значително поевтинува, додека бензините поскапуваат за еден денар.Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе одлука со која цените во просек се намалуваат за 2,06 отсто во однос на претходната одлука.Од 1 септември во 00:01 часот максималните цени ќе изнесуваат:Еуросупер БС-95: 94 денари за литарЕуросупер БС-98: 96 денари за литарЕуродизел

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryf9t4pmg7msr854l6NKp

Се обидел да му го ограби домот, па го нападнал со тврд предмет на автобуска постојка

Шеесет и едногодишен скопјанец пријавил дека бил нападнат со тврд предмет на автобуска постојка во скопската Општина Центар од лице кое претходно, според пријавата, се обидело да изврши кражба од неговиот дом.Од МВР информираат дека З.А. (61) го пријавил случајот во СВР Скопје во 21 часот, а настанот се случил околу 5:55 часот.Според пријавеното, машкото лице се обидело да го нападне со тврд предмет на автобуската постојка.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library504h3sor75i1c1zwuYt

Влегол во просторија за вработени на клиника за да краде, па ја нападнал вработената што го затекнала

Четириесет и двегодишен жител на Штип е приведен откако, според пријавеното, одзел паричник и други предмети од вработена во една од клиниките во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а потоа физички ја нападнал.Од МВР информираат дека О.С.А. (42) бил лишен од слобода вчера во 14:50 часот од полициски службеници на СВР Скопје.Според пријавеното, околу 13:55 часот, тој влегол во просторија наменета за вработените и одзел паричник и други предмети на Т.Д. (56) од Скопје. Вработената го зате

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryp3d0u4fehc2raPK0ffr

Продавале брендирани производи без овластување, пријавени две лица и фирма

Две лица и правно лице од Крива Паланка се кривично пријавени поради сомнение дека неовластено продавале производи со различни заштитени трговски марки.Од МВР информираат дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднела кривична пријава против Б.С. (52) и А.С. (24), двајцата од Крива Паланка, како и против правно лице од градот, поради сомнение за сторени кривични дела „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“.Според пријавата

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryreepohk74i1d56C9bTH

Работник тешко повреден при пад од висина на градилиште во Карпош

Четириесет и деветгодишен жител на Студеничани е тешко повреден откако паднал од висина додека извршувал работни задачи во објект во изградба во скопската Општина Карпош.Од МВР информираат дека на 30 август во 17:45 часот во СВР Скопје било пријавено од Градската општа болница „8 Септември“ дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.К. (49) од село Студеничани.Според пријавеното, несреќата се случила околу 15 часот, кога на работникот му се слошило додека ги извршувал работните задачи,

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryesim78lg5r4fcytNsHu

Пукале од мопед во движење кон „ауди“ кај Куманово

Инцидент со огнено оружје се случил рано утрово на локалниот пат меѓу населбата Карпош во Куманово и селото Никуљане во Општина Старо Нагоричане, кога од мопед во движење било пукано кон патничко возило.Според МВР, околу 2:40 часот од мопед на кој се превезувале две лица биле испукани неколку куршуми кон „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот Д.Д. од Куманово.Во инцидентот нема повредени лица.Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото, а полицијата презема мерки

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryde5fptrt9iv26UVJsHt

Родители ја нападнале својата 15-годишна ќерка со дрвен предмет

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против 36-годишен маж од Прилеп и 32-годишна жена од Штип поради сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.Според МВР, пријавените А.А. (36) и С.А. (32) на 23 јули во Ресен физички ја нападнале својата 15-годишна ќерка, при што употребиле и дрвен предмет.По целосното документирање на случајот, надлежните институции ќе постапуваат согласно законските процедури.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarymiid0t15caih9rM6JDZ

28-годишен син ја нападнал мајка му

Дваесет и осумгодишен жител на Кичево е приведен откако било пријавено дека во семејниот дом физички ја нападнал својата мајка.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Е.Д. (28) бил приведен на 30 август во 17:45 часот од полициски службеници од ОВР Кичево, постапувајќи по претходно добиена пријава.По целосното документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library35gkg77b4skt1N61Rtx

Пијан управувал мопед, изгубил контрола и паднал, тешко повереден 52-годишник во Прилеп

Педесет и двегодишен прилепчанец е тешко повреден откако изгубил контрола над мопедот што го управувал и паднал на коловозот на улицата „Тетовска“ во Прилеп.Според МВР, несреќата се случила вчера околу 14 часот. Т.П. (52) управувал мопед со прилепски регистарски ознаки кога изгубил контрола и паднал.Тој се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Прилеп.При извршените проверки било утврдено дека 52-годишникот управувал под дејство на алкохол, при што му биле и

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryp3bghas3id1m27JjmVF

Пешак тешко повреден откако во него удрил автомобил на патот Огњанци – Петровец

Дваесет и осумгодишен пешак од Р’жаничино е тешко повреден откако во него удрило патничко возило на општинскиот пат од селото Огњанци кон Петровец.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 30 август околу 20 часот. Возилото „рено“, со скопски регистарски ознаки, го управувал 52-годишниот Б.П. од Скопје.Во несреќата пешакот М.Т. (28) се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Јавната здравствена установа „Свети Наум Охридски“ во Скопје.На

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
mmf-1

Каматата на кредитите во јули 4,68%, новите депозити со пониски камати

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јули 2026 година изнесувала 4,68 отсто, што претставува минимален месечен раст од 0,01 процентен поен. На годишно ниво, сепак, каматната стапка е намалена за 0,23 процентни поени.Кај вкупните депозити, просечната каматна стапка достигнала 2,18 отсто, со месечен раст од 0,01 процентен поен, додека во споредба со јули минатата година е пониска за 0,03 процентни поени.Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во јули се зголемила за 0,06 пр

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryomol2mj2j0co0Q7915H

(Видео) Почна протестот на македонските превозници, возачите се жалат на гужвите во центарот на Скопје

Македонските превозници го започнаа протестот пред Делегацијата на Европската Унија во Скопје, барајќи решение за проблемот со правилото 90/180 дена, кое го ограничува нивниот престој во Шенген-зоната.На протестот, организиран од Асоцијацијата „Макам-транс“, присутни се превозници и професионални возачи, а пред Делегацијата се паркирани товарни возила. Протестот е најавен како предупредување во пресрет на состанокот на работната група во Брисел, од кој превозниците очекуваат решение за нивниот с

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Пожарот на Пелистер под контрола, во гаснењето се вклучија и хеликоптери

Пожарот што два дена гори во подножјето на Пелистер од преспинската страна е ставен под целосна контрола, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. Тој посочи дека во текот на вчерашниот ден биле регистрирани повеќе од 23 пожари на отворен простор, од кои седум и утрово се активни.Според Ангелов, пожарот кај Пелистер е меѓу најтешките шумски пожари во оваа сезона. Огнената линија што вчера попладне ја надминала противпожарната пресека била запрена во теко

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryakhthsk7cjpo5lva6Yp

„Ќе отвораме фризерски салон?“ – Галетановски со критики за „Лајка“, наместо машинки за шишање од 500 евра треба да се вложува во проширување на стационарот

Советникот на СДСМ во Советот на Град Скопје, Ѓорѓи Галетановски – Чомбе, на денешната седница остро го критикуваше, како што оцени, неефикасното справување со проблемот со уличните кучиња во главниот град.Галетановски посочи дека граѓаните секојдневно испраќаат фотографии од чопори кучиња на различни локации во Скопје, меѓу кои Расадник, Сити Мол, Аеродром и кејот, а состојбата, според него, не е променета во изминатите седум месеци.„Три пати поставуваме прашања, три пати добиваме само формулир

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
skolo-uciliste-deca-knigi

Над 238 илјади ученици утре ја почнуваат учебната година, обезбедени се учебници за сите

Новата учебна 2026/2027 година започнува утре, а наставата за повеќе од 238 илјади ученици ќе трае до 10 јуни. За матурантите учебната година завршува на 17 мај, информираше министерката за образование и наука Весна Јаневска.На прес-конференција, Јаневска посочи дека учебниците се навреме обезбедени за сите ученици, училишната мрежа е оптимизирана, а во повеќе училишта се подобрени условите за настава.„Трета година по ред, учебниците се навремено набавени во тираж кој го побараа училиштата. Исти

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryceeh8macqi0vcd5h30Z

(Видео) Слаткар ја крена Паланка на нозе со „ФМ“ - еден од најкултните негови хитови

Марко Маринковиќ, познат како Слаткар, на концертот во Крива Паланка ја крена целата публика на нозе со „ФМ“, еден од најкултните негови хитови.

Сцена | пред 1 месец

1 мес.
media-library890se3ls4vrr1cuewPo

(Видео) Жена преживеала брутален напад од ајкула: „Ја удрив со тупаница, ми ги искина мускулите и кожата“

Лија Стјуарт (34) од Сиднеј преживеала драматичен напад од голема бела ајкула, откако четириметарскиот предатор ја нападнал додека пливала во близина на плажата Куги.Стјуарт била во вода кога ајкулата ја каснала за ногата и рацете и почнала да ја влече под површината. Таа изгубила голема количина крв, а повредите биле толку сериозни што лекарите подоцна морале да ѝ ја ампутираат левата рака.Во интервју за емисијата „60 Minutes“, 34-годишната мајка раскажала како изгледала борбата за живот.„Единс

Вирално | пред 1 месец

1 мес.
media-librarydit3th8jfpigbhhPajl

(Видео) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

На прес-конференција, портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, обвини дека Владата предводена од Христијан Мицкоски нетранспарентно преговара со потенцијални инвеститори за изградба на комерцијални центри за податоци, при што, како што тврди опозициската партија, во игра се државни ресурси како вода, електрична енергија и земјиште.Кузеска побара од Мицкоски да открие со кои инвеститори преговара и под кои услови.„Мицкоски вели дека сè ќе биде транспарентно, а јавно пр

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryf0kvmtho6u34fIkg00K

Левица ја напушти седницата на Советот на Скопје: „Советничките прашања се претворија во режирана претстава“

Советничката група на Левица ја напушти денешната седница на Советот на Град Скопје посветена на советнички прашања, во знак на протест против начинот на кој се организира поставувањето прашања и давањето одговори.Од партијата тврдат дека според новиот модел, советниците се принудени сите прашања да ги постават на почетокот на седницата, по што одговорите ги добиваат „топтан“, без можност за непосредна расправа, дополнителни прашања или соочување со градоначалникот, директорите на јавните претпр

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryh6657etpgbs67I2pDZY

Пронајдена марихуана и ризла во Гостивар, приведен 27-годишник

Полициски службеници во Гостивар привеле 27-годишен жител на село Добридол, кај кого при извршен преглед биле пронајдени и одземени марихуана и ризла.Од МВР информираат дека на 31 август во 03:20 часот, во населбата Млаки во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Х.Х. (27).При извршениот преглед кај него биле пронајдени и одземени марихуана и ризла.Лицето било задржано во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодвет

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library1t41dhskauv96tipxic

Приведен Албански државјанин поради непријавен престој

Полициски службеници во Гостивар привеле 26-годишен државјанин на Албанија поради непријавен престој во Македонија.Од МВР информираат дека на 31 август во 02:25 часот, на улицата „Борче Јованоски“ во Гостивар, полицијата го привела Џ.Р. (26) од Република Албанија.При извршеното алкотестирање било утврдено дека кај него има присуство на 1,19 промили алкохол во крвта.Лицето било задржано во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library7hkmceqshsu507HQJ3p

34-годишен гостиварец ја нападнал сопругата

Полициски службеници во Гостивар привеле 34-годишен маж откако неговата 25-годишна сопруга пријавила дека физички ја нападнал.Случајот бил пријавен во полицијата, по што на 30 август во 23:30 часот, на улицата „29 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Б.А. (34) од Гостивар.Тој бил задржан во полициска станица. По целосното документирање на случајот, од МВР информираат дека ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Приведен 16-годишник во Тетово, управувал „БМВ“ без возачка дозвола

Полициски службеници во Тетово привеле 16-годишен малолетник откако при сообраќајна контрола било утврдено дека управувал автомобил без да поседува возачка дозвола.Случајот се случил на 30 август во 17:30 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово. Полицајците од СВР Тетово го запреле патничкото возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал малолетникот.При контролата било утврдено дека 16-годишникот управувал со возилото без возачка дозвола.Возилото било одземено, а малолетникот би

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarypldb7v9t6stq2eB913i

Нов пресврт во случајот со мазутот: Повторно се отвора предметот против бизнисмените Капуштевски и Јахоски, имало слабости во вештачењата

Истрагата за набавките на мазут за ТЕЦ Неготино продолжува, откако Вишото јавно обвинителство Скопје го уважи приговорот на АД ЕСМ против одлуката со која претходно беше запрена постапката против 13 физички и едно правно лице.Со новото решение, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција е задолжено да ја продолжи истрагата за сомневањата за злоупотреба на постапка за јавна набавка и перење пари, а обвинителот кој постапува во предметот добил и дополнителни насоки.Од

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања