Промени тема
Контакт

Најнови вести

1 мес.
media-librarymnnfa8l573bvauqXfEn

НАТО помага во координацијата за Ормускиот Теснец, но нема да се вклучи директно во мисијата

НАТО одржа видеоконференција со сојузниците за можен придонес во обезбедувањето на слободата на пловидба низ Ормускиот Теснец, но од Алијансата нагласуваат дека не станува збор за мисија на НАТО.Состанокот на ниво на началници на генералштабови бил одржан во средата, 19 август, со цел да се разгледаат можните придонеси на заинтересираните сојузници за поддршка на слободата на пловидба низ теснецот.Портпаролот на врховниот командант на сојузничките сили во Европа, генералот на американското воено

Свет | пред 1 месец

1 мес.
chatGPT

OpenAI воведува реклами во ChatGPT во Европа

Компанијата OpenAI од понеделник, 24 август, започнува со прикажување реклами во ChatGPT за корисниците во 31 европска држава. Огласите ќе бидат достапни во бесплатната верзија и во пакетот „Go“, додека претплатниците на „Plus“, „Pro“ и „Enterprise“ ќе продолжат да го користат сервисот без реклами.Со проширувањето на програмата, огласите во ChatGPT ќе бидат достапни на вкупно 40 пазари во светот. Тестирањето започна во февруари во САД, а потоа програмата се прошири и во други земји.Во Европа, ре

Технологија | пред 1 месец

1 мес.
media-library1bd4uhok8t2f5bIhqn0

(Видео) Шест лица загинаа, 90 се повредени во руски напад во Украина

Најмалку шест лица загинаа, а околу 90 се повредени во руски напад со дронови врз трговски центар во Криви Рих, Украина, при што втор проектил ги погодил спасувачките екипи додека траела акцијата за извлекување на настраданите.Меѓу повредените има и шест деца, а според регионалниот гувернер Олександр Ханжа, 21 лице е во тешка состојба, меѓу кои и едно дете.По првиот напад избил голем пожар во објектот, а густ црн чад со часови се издигнувал над градот додека пожарникарите се обидувале да го лока

Свет | пред 1 месец

1 мес.
netanjahu

Турција бара потерница за Нетанјаху, тој го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“

Турција побара од Интерпол да издаде меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во рамки на истрагата поврзана со пресретнувањето на хуманитарната флотила која пловела кон Газа.Турскиот министер за правда Акин Ѓурлек изјави дека барањето се однесува на нападот врз активистите од хуманитарната флотила „Глобал сумуд“, која превезувала помош за Газа. Тој порача дека Анкара ќе ги искористи сите средства што ѝ стојат на располагање согласно националното и меѓународното право.Тур

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library8n2cdplblq6e6rdoVTc

Влошеното време ја отежнува потрагата по исчезнатиот авион во Хрватска

Потрагата по малиот авион што исчезна на подрачјето на Велебит продолжува, но влошените временски услови во моментов го отежнуваат пребарувањето.Од хрватската Управа за цивилна заштита соопштија дека во потрагата се активирани и државните интервентни единици на цивилната заштита од Сплит и Риека, со командно возило, дронови и опрема за ноќно пребарување.Оперативната база е воспоставена во станицата на Хрватската горска служба за спасување во Стариград-Пакленица, од каде што се координираат актив

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски бара помош од Маск, но го отпушти човекот што имаше директна врска со него

Украина бара одобрување за користење дронови опремени со Starlink за напади врз руски лансери на балистички ракети на територијата на Русија, на растојание до 200 километри од украинската граница, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.За ваквата употреба е потребна согласност од Илон Маск, чии ставови за украинската употреба на сателитската интернет-мрежа Starlink повеќепати се менувале. Барањето доаѓа во период кога Украина се соочува со сериозен недостиг о

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryvuq2j0pptvmn8gtL1YY

Млади литературни творци од четири балкански земји се собраа во Охрид

Младите литературни надежи од Македонија, Албанија, Србија и Бугарија денеска беа дел од приемот во Општина Охрид, во рамки на осмиот Балкански поетски камп за деца и млади „Ванчо Николески“ 2026.Како што објави Перчо Божиновски, кампот е во организација на Здружението за литература и култура „МАЦКОВО“ од Охрид, а главен носител на активностите е Веле Митаноски.Во објавата се посочува дека децата и детството биле постојана тема и инспирација во творештвото на Ванчо Николески, по кого и го носи и

ОО | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryiliqnliqc9lmfPqwOqz

Русија се соочува со недостиг на гориво: Се чека и до 30 часа, па пумпите остануваат празни

Недостигот на гориво создава сè поголеми проблеми во Русија, каде во најмалку 12 региони возачите чекаат и до 30 часа пред бензинските пумпи, а по долгото чекање често дознаваат дека гориво воопшто нема.Поради состојбата, Москва и околните региони повторно воведоа ограничувања за купување гориво, при што продажбата е ограничена на 50 до 60 литри по возило. Во меѓувреме, долготрајните редици предизвикуваат тензии меѓу граѓаните, а на социјалните мрежи се појавуваат снимки од расправии меѓу возачи

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Руски економист предупредува: „Економијата ќе запре, следува социјална криза“

Рускиот економист Андреј Клепач, кој до неодамна беше главен економист во руската државна развојна банка ВЕБ, предупредил дека земјата се движи кон сериозна економска и социјална криза. Според неговата анализа, комбинацијата од војната, високите каматни стапки и растечката зависност од Кина би можела да доведе до стагнација на руската економија.Клепач уште во мај, на собир на водечки економисти и научници во Москва, оценил дека со актуелната макроекономска политика Русија би можела да се соочи с

Свет | пред 1 месец

1 мес.
Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Вучиќ: Над 3.300 пожари за три недели, 9.000 луѓе се борат со огнот

Повеќе од 3.300 пожари избувнале во Србија во последните три недели, а во нивното гаснење се ангажирани околу 9.000 луѓе, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.Вучиќ најави дека ќе ги посети пожарникарите и спасувачите кои се ангажирани на терен и лично ќе им се заблагодари за нивниот ангажман. Тој посочи дека припадниците на службите спасувале луѓе и имот на повеќе локации низ земјата.Србија побарала помош од Европа за справување со пожарите, а Романија веќе доставила предлози за помош.

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryc30rbhp93cghdx2og3q

Филипче: Не сме исти, ние сакаме повисок стандард, плати и пензии – Мицкоски сака нов авион

Не сме исти, рразликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е во односот кон државата и приоритетите – СДСМ сака политики за подобар животен стандард, плати и пензии, додека власта ја гледа државата како плен, рече  претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за „Тема на денот“ на Сител телевизија.„Не сме исти со организираната криминална група на Христијан Мицкоски. Напротив, дијаметрално сме спротивни. Ние сакаме држава напредна во којашто секој ја гледа иднината, а не ја гледаме државата како шт

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarydhqkv25vpkl24E40jCg

(Видео) Блага Петреска со песна го испрати Мицкоски од Пустец: „Живи се твоите корени, ти мајко, чуваш рани незатворени“

По посетата на фолклорниот фестивал „Преспа 2026“ во Пустец, премиерот Мицкоски замина додека во позадина се слушаше песната „Живи се твоите корени“ од Блага Петреска.Песната со своите стихови даде посебен емотивен момент на крајот од посетата на премиерот во Мала Преспа.

Сцена | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryhaqek0kpenp3echg1tc

Филипче: Пет години ме нарекуваа убиец и ја злоупотребуваа болката на семејствата

Во интервју за „Тема на денот“ на Сител телевизија, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, врече дека трагедијата и болката на семејствата на загинатите во модуларната болница во Тетово со години биле злоупотребувани од Христијан Мицкоски за политичка кампања против него и побара да им се извини на семејствата.„Многу ми е жал за луѓето што загинаа таму, за семејствата. Навистина сочувствувам, тоа го чувствувам и денес и веројатно тоа така ќе биде секогаш. Тогашната опозиција, сега моменталнио

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library12at3e8p3e39fwJVVIs

Падна и првото апсење на Табановце поради брзо возење во Македонија, ќе му се суди на Холанѓанец

Странски државјанин бил лишен од слобода на граничниот премин „Табановце“, откако било утврдено дека со своето „порше“ возел со брзина од 168 километри на час, иако на делницата максимално дозволената брзина била 80 километри на час.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, случајот бил регистриран денеска (21 август) во 13:15 часот при излез од Македонија. Полициски службеници извршиле проверка на патничкото возило „порше“ со холандски регистарски ознаки, управувано од 35-годишниот М

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryg2vkhcmp64o86GYhXto

(Видео) Две торнада ги погодија Њујорк и Лонг Ајленд, оштетени објекти

Две ретки торнада вчера ги погодија Њујорк и Лонг Ајленд, додека силното невреме предизвика проблеми и во сообраќајот во делови од средноатлантскиот регион на САД.Според Националната метеоролошка служба, торнадата најпрво се појавиле над водата покрај јужниот брег на Квинс и округот Насау, а потоа се преместиле на копно. Торнадото во Квинс стигнало до источниот дел на Рокавејс, јужно од меѓународниот аеродром „Џон Ф. Кенеди“.На Лонг Ајленд биле оштетени околу 50 кабини, како и делови од покривит

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryufh448gulq68eZeCEhC

Мелони: Верував дека работите со Трамп ќе бидат полесни, но испадна поинаку

Италијанската премиерка Џорџа Мелони влезе во пресрет на моментот кога ќе стане премиерка со најдолг непрекинат мандат во историјата на Италијанската Република, а во интервју за „Њујорк тајмс“ зборуваше за својот политички пат, односите со Доналд Трамп и визијата за земјата.Мелони, која интервјуто го дала на италијански јазик во Рим, оцени дека сака да ја промени перцепцијата за Италија како послаба меѓу големите сили. Таа вели дека не сака „покорна Италија“ и дека не прифаќа други да ѝ ги одред

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryi6d657ul150m8UZsyVn

Тирана реагира по посетата на Мицкоски во Пустец: Зошто не беше изведена албанската химна?

Албанското Министерство за Европа и надворешни работи реагира поради тоа што на вчерашниот фолклорен фестивал „Преспа 2026“ во Пустец не била изведена и албанската државна химна, покрај македонската. На настанот присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски.Од Министерството оценуваат дека, иако фестивалот бил организиран од локално здружение, присуството на високи институционални претставници и локални избрани функционери му дало посебна јавна димензија.„Неизведувањето на албанската државна химн

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
vxk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvT0RRN01EQV8vZDE4ZGU0MmZkYmRmNmExYWZkYjlhOWFhNDEzYTg2NDUuanBlZ5GTAs0C5ACBAAE

Изгубен контакт со мал авион кој летал од Чешка кон Хрватска

Во тек е акција за пребарување и спасување откако хрватската контрола на воздушниот сообраќај изгубила сигнал од ултралесен авион кој летал од Чешка кон Задар.Сигналот од леталото со ознака D-KWZE бил изгубен околу 16:14 часот, на околу 17 наутички милји североисточно од Задар. Веднаш потоа, Оперативниот центар за цивилна заштита започнал акција за пребарување и спасување.На терен се испратени припадници на службите за цивилна заштита од Задар и Госпиќ, полицајци, пожарникари и тимови на Хрватск

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryb313ksprs4pq1pbSr47

Мухамеди: Во Албанија има реакции за игнорирање на знамето и химната, а во Македонија истото не се почитува

Објавата на Умер Мухамеди предизвика реакција во јавноста во врска со вчерашната посета на премиерот Христијан Мицкоски на Пустец.Мухамеди во објавата на социјалните мрежи посочува дека во Албанија се поставува прашањето зошто за време на посетата на Мицкоски, како што наведува, не биле почитувани знамето и химната на Албанија.Во исто време, тој прави споредба со посетите на претставници од Албанија и Косово на приватни и јавни настани кај Албанците во Македонија.„А од друга страна при посета на

Коментари | пред 1 месец

1 мес.
toplo-vreme-768x556

Жолт аларм во цела Македонија: Утре над 40 степени

Жолт метеоаларм за високи температури ќе важи утре на целата територија на Македонија, а во делови од земјата температурите ќе надминат 40 степени, информира УХМР.Утре ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Попладне, главно во планинските региони, ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.Во Скопје се очекува сончево и многу топло време, со слаб до умерен северозападен ветер.Од недела се очекува пос

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryvpafti6ud3lra9Gzoej

До 18 часот регистрирани 14 пожари низ Македонија – осум се активни

На територијата на Македонија до 18 часот денеска се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, еден е ставен под контрола, а пет се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.Активни пожари има во осум општини. Во Прилепско гори ниска вегетација на повеќе краци од подрачјето на селото Чаниште, кон Крушевица, Лопатица, Дуње и Црна Река.Пожар е активен и во мешана шума на потегот Моране–Вртекица–Рамни Габер во Општина Студеничани, како и кај меснос

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryurh6m0m3850u15k5bMM

Првите километри од автопатот Прилеп–Битола ќе бидат готови во 2027

Изградбата на автопатот Прилеп–Битола се одвива со засилено темпо, а првите целосно завршени километри се очекува да бидат готови во текот на 2027 година. Целата делница треба да биде завршена до крајот на 2029 година, најави министерот за транспорт и заменик-претседател на Владата, Александар Николоски, при работната посета на Прилеп.Николоски посочи дека во текот на летото на терен се бележи добра динамика, а првите километри што ќе бидат пуштени во употреба треба да бидат целосно завршени, со

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarycpbfs5jeg4i172V6Ku8

Напад во средно училиште во Шведска: Маж со меч повреди неколку лица

Неколку лица се повредени во напад со меч во средно училиште во Фагерста, централна Шведска, соопштија локалните власти. Инцидентот се случил во средното училиште „Бринел“, каде што вооружен маж влегол и повредил повеќе лица. Осомничениот е приведен, а полицијата спроведува истрага.Полицијата била повикана околу 14 часот по пријава за сериозен насилен инцидент. На местото биле испратени голем број полициски и медицински екипи, како и полициски хеликоптер. Повеќе училишта и објекти во околината б

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library4ph91lhv7ouedk8oMTM

Северина ја објави третата песна од трилогијата – за 24 часа достигна милион прегледи

Северина ја објави третата и последна песна од најавената музичка трилогија, „Svirajte mi ‘Rađaj sinove’“ („Savršena“), која за само 24 часа собра милион прегледи и слушања на YouTube, социјалните мрежи и стриминг-платформите.Со новата песна е заокружена трилогијата што Северина ја објавуваше во изминатите три недели. Претходно беа објавени „Nisam kriva ja“ („Bezosjećajna“) и „Pozovi me ti“ („Anksiozna“).Иако песните обработуваат различни теми, замислени се како делови од една целина. Првата го

Сцена | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Маж загина додека гасел пожар во Босна и Херцеговина

Големите пожари и натаму се активни во повеќе делови на Босна и Херцеговина, а во еден од пожарите кај Тешањ загина 77-годишен маж кој, според првичните информации, се обидувал сам да го изгасне огнот.Неговото тело било пронајдено од пожарникарите за време на интервенцијата на пожар на ниска вегетација. Околностите за неговата смрт сè уште се утврдуваат.Во меѓувреме, пожарникарите со недели се борат со огнените стихии низ земјата. Ситуацијата ја отежнуваат високите температури, сувото тло и долг

Балкан | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања