Промени тема
Контакт

Најнови вести

1 мес.
ursula

Фон дер Лајен за дронот во Црното Море: „Ова е хибридна војна“

Појавата на поморско беспилотно летало опремено со експлозив во близина на романската платформа за природен гас „Нептун Дип“ во Црното Море е дел од „хибридна војна“, оцени претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.„Во тек е ескалирачка кампања на закани која ги вознемирува нашите граѓани и се обидува да ја подели нашата Унија. Ова е хибридна војна“, напиша Фон дер Лајен на платформата X.Таа порача дека Европската унија мора да има капацитет за одвраќање провокации и агресија,

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryldqcnsq4pt6tbH4sBCx

„Пулс“ бил без прописен излез за евакуација, одбраната го оспорува градежното вештачење – родителите велат дека тоа е аргументирано

Обвинетите во судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ го оспоруваат градежното вештачење со кое беа утврдени повеќе сериозни пропусти во објектот. На денешното рочиште, деканот на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски, кој го предводи тимот што го изработи вештачењето, одговараше на прашања од одбраната.Адвокатката Ивана Коцевска, која го застапува сопственикот на дискотеката, во своите прашања го оспоруваше заклучокот дека реконструкциите на објектот влијаеле врз неговата безб

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library006733a94g0e1RsM7NS

И годинава ќе има училишна кошничка, Владата во вторник ќе донесе одлука

Родителите би можеле да имаат пониски трошоци за училишен прибор пред почетокот на новата учебна година. Владата во вторник ќе донесе одлука за мерки со кои треба да се намалат цените на производите што им се потребни на учениците.Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека на владината седница во вторник ќе биде донесена одлука, одговарајќи на прашањето дали и годинава ќе има „училишна кошничка“, како што беше случајот во изминатите две години.„Да, ќе има и во вторник на владината седница

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library58bcvlrqhtnedZFyCkX

(Видео) Весна Бејби како Мерлинка: Боки 13 прослави 40 години, на забавата вели дека ги собрал најблиските

Бојан Јовановски – Боки 13 го прослави својот 40. роденден во центарот на Скопје, во ресторанот „Дион“, во друштво на луѓето кои, како што самиот рече, му се најблиски и најзначајни.Еден од највпечатливите моменти на вечерта го приреди актерката Весна Бејби Петрушевска, која му ја отпеа роденденската песна во стилот на познатата изведба на Мерилин Монро за американскиот претседател Џон Кенеди.Наместо „Mr. President“, Весна Бејби отпеа „Mr. Bojan“, што предизвика реакции и насмевки меѓу присутнит

Сцена | пред 1 месец

1 мес.
media-librarykdvod7nsaang94ZKDdJ

До 18 часот регистрирани 22 пожари на отворен простор, осум сè уште активни

До 18 часот денеска во земјава се регистрирани 22 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни, еден е ставен под контрола, а 13 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.Најголем дел од активните пожари зафаќаат ниска вегетација и шумски површини. Во Општина Прилеп активен е пожарот на потегот од село Чаниште кон Крушевица и Лопатица, со крак кон Црна Река. Пожари има и кај селата Белушино и Јакреново во Крушево, каде што гори ниска вегетација и деградирана дабова шума.А

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryn15amrs7clht59S2orP

Измамен жител на Неготино: му стигнала лажна порака за сообраќаен прекршок, наместо 460 платил 27.000 денари

Наместо да плати наводна сообраќајна глоба од само 460 денари, 44-годишен жител на Неготино останал без 27.000 денари, откако бил измамен преку лажна СМС-порака.Случајот бил пријавен на 19 август во ОВР Неготино. Според пријавата, мажот добил порака во која било наведено дека сторил сообраќаен прекршок, а за плаќање на глобата од 920 денари му бил понуден попуст од 50 проценти, односно износ од 460 денари.Следејќи ги инструкциите од пораката, тој со платежната картичка на неговата сопруга започн

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Нови проблеми за Зеленски: под истрага се високи функционери и негови блиски соработници

Украинските антикорупциски институции ги прошируваат истрагите за наводна корупција, при што во повеќе случаи се опфатени високи функционери, поранешни соработници и лица блиски до претседателот Володимир Зеленски.Развојот претставува дополнителен политички притисок врз украинското раководство во период кога Киев се обидува да напредува во процесот на приближување кон Европската Унија.Во средата Зеленски ја разреши заменичката шефица на својот кабинет, Ирина Мудра, истиот ден кога Националното б

Свет | пред 1 месец

1 мес.
Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Вучиќ бара од НАТО да не се отвори мостот во Косовска Митровица

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, побара од НАТО и КФОР да го спречат отворањето за сообраќај на главниот мост на реката Ибар во Косовска Митровица, предупредувајќи дека тоа, според него, би можело дополнително да ја загрози безбедноста на српското население во северниот дел на Косово.Вучиќ испратил писмо до генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во кое ги обвини властите во Приштина за, како што наведе, „терор врз Србите“ и побара Алијансата да реагира.Според Вучиќ, во изминатите пет

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryi9pe6n6qkgee6onAiAv

Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар, водата е чиста и безбедна за пиење

Кризната состојба во Општина Гостивар истече синоќа на полноќ, а според последните анализи, водата е чиста и безбедна за пиење, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.Тој посочи дека со завршувањето на кризната состојба, институциите од централната власт, вклучително и ЈП „Водовод“ од Скопје, се повлекуваат од контролата и грижата за квалитетот на водата.„На ред е локалната власт, локалната самоуправа, да се погрижи гостиварчани понатаму да пијат чиста и безбедна вода“, порача Ангелов.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library385mvb3fgt0dakb6wxr

По седум дена борба, ставен под контрола пожарот во Белгија

По седумдневна борба со огнената стихија, најголемиот шумски пожар во Белгија во последните сто години е ставен под контрола. Пожарот избувна во природниот резерват „Хај Фенс“, во близина на германската граница, а на терен и понатаму остануваат околу 350 пожарникари и припадници на итните служби.Од канцеларијата на локалниот гувернер соопштија дека пожарот во моментов не би требало дополнително да се шири, но предупредија дека ситуацијата зависи од временските услови и од други непредвидливи око

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryiq6e5h00ol96f54XIfu

Андоновски: Размена на искуства и нови можности за соработка со Чешката Република во областа на дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста

Размената на искуства и добри практики, како и отворањето нови можности за соработка со Чешката Република во дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста, беа во фокусот на семинарот „Дигитализација на јавната администрација – размена на искуства и добри практики со Чешката Република“, кој се одржа денеска во организација на Министерството за дигитална трансформација.Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски го пречека Н.Е. г. Петр Мацинка, заменик-премиер и министер за надворе

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Путин 322 дена не бил во Сочи: Дроновите го променија распоредот на рускиот претседател

Рускиот претседател Владимир Путин веќе 322 дена не престојувал во Сочи, што претставува најдолг период на негово отсуство од овој град досега. Последен пат тој таму бил на 2 октомври 2025 година, кога присуствувал на состанокот на дискусиониот клуб „Валдај“, објави независниот руски медиум „Агентство“.Во изминатите години Путин вообичаено го посетувал Сочи најмалку двапати годишно – напролет го посетувал федералниот териториј „Сириус“, а наесен присуствувал на состанокот на клубот „Валдај“. Ова

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryfdb9bd4kkmp8fmHDNTc

Манасиевски: Ислам Абази го спаси Филипче, откако Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО со години го чуваа предметот во фиока

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека ОЈО ГОКК го затворило предметот за изградбата на 19-те модуларни болници во периодот на ковид-кризата, меѓу кои и тетовската модуларна болница, во која во пожарот во септември 2021 година загинаа 14 лица. Обвинувањата ги изнесе портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски.Според Манасиевски, предметот бил оформен на 10 септември 2021 година, а пет години подоцна, на 20 август 2026 година, ОЈО ГОКК, предводено од Ислам Абази, оценило дека не постои основано сомнен

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryb293vep46gs927Z6Oel

„Официјално остана крив кабелот“, вели адвокатот Пешевски откако обвинителот не најде криминал во градењето на модуларните болници

Адвокатот Драган Пешевски остро реагираше откако Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека не утврдило основи за сомнение за кривично дело во јавните набавки поврзани со изградбата на 19 модуларни болници.Пешевски, осврнувајќи се на трагедијата во модуларната болница во Тетово, во која загинаа 14 лица, оцени дека исходот од постапувањето на Обвинителството повторно го отвора прашањето за еднаквоста пред законот.„За модуларната болница во Тетово и оф

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
sonce-so-termometar

Германија бележи најсмртоносно лето: Околу 14.000 луѓе починале поради екстремните горештини

Германија годинава се соочува со најсмртоносното лето поврзано со екстремните горештини, со околу 14.000 смртни случаи поврзани со високите температури, покажуваат привремените проценки на Институтот „Роберт Кох“.Податоците се однесуваат на периодот до 9 август, што значи дека летото сè уште не е завршено. Со оваа бројка Германија веќе го надминала претходниот рекорд од 2018 година, кога биле регистрирани околу 8.900 смртни случаи поврзани со топлотни бранови.Најголем број жртви има меѓу лицата

Свет | пред 1 месец

1 мес.
20230503092858

„Во нашава држава ќе дојде ред да треба да му се извинуваме што сме галамеле на ликови ко Филипче и Кочо и зајакот“, Доктор Лазаров по одлуката на ОЈО за модуларните болници

Докторот Ненад Лазаров реагираше на одлуката на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, според која нема основи за сомнение за злоупотреба при јавните набавки поврзани со изградбата на 19 модуларни болници.Лазаров во својата реакција вели дека институционалната правда можеби изостанала, но дека одговорноста за трагедијата во која загинаа 14 лица во модуларната болница во Тетово останува запишана во јавната свест.„Во нашава држава ќе дојде ред да треба да му с

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library59tmpc7m2n151ddLK4h

Незаконски копале минерални суровини и ја загадиле водата во Струга, кривична против две лице и фирма

Две лица и правно лице од струшко село Велешта се соочуваат со кривична пријава поради незаконска експлоатација на минерални суровини, која, според полицијата, довела до загадување на изворите од кои Струга се снабдува со вода за пиење.ОВР Струга поднесе кривична пријава против Х.М. (50) и Н.К. (54), двајцата од Велешта, како и против правен субјект од истото село. Тие се сомничат за кривичните дела „узурпација на недвижности“, „незаконита експлоатација на минерални суровини“, „предизвикување оп

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library30ir63rp9n6b5IF9Ww1

Затвореник ѝ се јавил на сопругата и се заканувал дека ќе ја убие неа и нејзиното семејство

Полицијата расчистува случај на „Загрозување на сигурноста“, откако 44-годишен жител на радовишко село, кој издржува затворска казна за семејно насилство, телефонски ѝ се заканувал на својата сопруга.Според МВР, на 11 август 2026 година, Ш. М. (44), додека се наоѓал во затворот Штип, телефонски ја контактирал својата 25-годишна сопруга и ѝ се заканил дека, по излегувањето од затвор, ќе ја лиши од живот неа и членовите на нејзиното семејство.Во координација со вработените во затворската установа,

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarytqljfn56fmm98qUTchA

Една искра може да предизвика катастрофа: Ангелов апелира да се исчисти околината на куќите и викендичките

Сопствениците на куќи и викендички во руралните и шумските подрачја треба навреме да ја исчистат околината и да направат противпожарни пресеки за да го намалат ризикот од ширење на огнот, апелираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.Тој посочи дека околу напуштените куќи и објектите кои ретко се користат треба да се создадат чисти појаси широки околу десетина метри, зависно од околната вегетација. Според Ангелов, превенцијата е особено важна бидејќи поради г

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryjkuktcjqf41rfs6Ac83

(Видео) Трогателна средба: Златен ретривер повторно со семејството откако три дена бил затрупан под свлечиште на Филипините

Емотивна сцена ги разнежни луѓето на социјалните мрежи откако златен ретривер повторно се сретна со своето семејство, три дена откако исчезнал под огромно свлечиште на Филипините.Кучето било затрупано откако свлечиштето ја погодило областа, а семејството со денови стравувало дека можеби нема да го пронајде живо. Иако било поминато долго време под земјата, кучето успеало да преживее.

Вирално | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryj9pq4mrlsli49RQmIxf

Во Србија горат повеќе од 3.500 хектари, руски противпожарен авион доаѓа на помош

Огромниот пожар што повеќе од две недели беснее во Делиблатската Пескара во Србија доби дополнителна воздушна поддршка, откако денеска во гасењето се вклучи рускиот противпожарен авион „Иљушин Ил-76“. Досега огнената стихија зафатила повеќе од 3.500 хектари шума и вегетација.Авионот синоќа слетал во Ниш, а денеска започнал да дејствува во координација со хеликоптерската единица на српското Министерство за внатрешни работи. Во еден налет „Иљушин“ може да исфрли до 42 тони вода.Во гасењето учеству

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
media-library6imlm18r9dsh1I5RF9W

Научниците предупредуваат: Климатските промени ќе донесат сè поголеми пожари во Европа

Изменетите климатски услови би можеле значително да го зголемат ризикот од шумски пожари во Европа во наредните децении. Ново истражување покажува дека, дури и во најповолното климатско сценарио, површината зафатена со пожари би можела да се зголеми за 39 отсто до крајот на векот доколку не се преземат дополнителни мерки за управување со пожарите.Причината се сè почестите периоди со високи температури, суша и силен ветер, услови кои овозможуваат малите пожари брзо да прераснат во големи и тешко

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library797hb82fllk4blvrevV

(Видео) Драма во БиХ: Пожарот во Бихаќ повторно се разгоре, ново жариште избило во минирано подрачје

Пожарот на влезот во Бихаќ повторно се активирал во текот на ноќта, поттикнат од силниот ветер, а ново жариште избило и во подрачје за кое постои опасност од мини.Пожарот под местото „Окреталјка“ повторно се разгорел, поради што Градот Бихаќ побарал итно ангажирање на сите расположливи сили на Шумското стопанско друштво „Унско-сански шуми“ и Кантоналната управа за цивилна заштита. Испратено е и барање за ангажирање хеликоптер на Вооружените сили на Босна и Херцеговина, но леталото во моментов е

Настани | пред 1 месец

1 мес.
media-library5capva6ode548r1QXx4

Најмоќниот хороскопски знак: Изгледа смирено, но внатрешно преживува бура – по секој пад, се преродува

Ако меѓу хороскопските знаци се бара оној што најмногу се поврзува со моќ, издржливост и силен карактер, Шкорпијата често се наоѓа на самиот врв. Нејзината сила не се гледа само во одлучноста, туку и во способноста да ги надмине најтешките животни искуства и повторно да застане на нозе.Шкорпијата е знак кој се поврзува со интензитет, трансформација и внатрешна сила. Луѓето родени во овој знак обично не се откажуваат лесно од своите цели. Кога нешто ќе наумат, можат да бидат исклучително истрајни

Вирално | пред 1 месец

1 мес.
media-librarysasrcqetedop2jWM3rs

Ја прекршил судската забрана и ги нападнал сопругата и ќерката

50-годишен тетовец е кривично пријавен за загрозување на сигурноста и неизвршување на судска одлука, откако, според МВР, физички ги нападнал сопругата и ќерката.Инцидентот се случил на 14 август во семејниот дом во Тетово. Р.М. физички ги нападнал двете жени, со што постапил спротивно на судското решение со кое му биле изречени привремени мерки за заштита од семејно насилство.СВР Тетово по целосно расчистување на случајот поднесе кривична пријава против него за двете кривични дела.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања