Промени тема
Контакт

Најнови вести

1 мес.
media-libraryt3em8iremk9a7hu5swm

Се претставил како лекар и измамил жена за 2.500 евра со лажна приказна дека нејзината внука е тешко повредена и ѝ е потребна интервенција

23-годишен штипјанец е кривично пријавен за измама, откако, според МВР, од жена од Пробиштип успеал да земе 2.500 евра претставувајќи се како лекар.Како што информира полицијата, на 3 јуни 2026 година, М.М. ја измамил жената со лажно тврдење дека нејзината внука претрпела тешка телесна повреда при пад и дека е потребна медицинска интервенција.За наводната интервенција, тој од жената побарал и добил 2.500 евра.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава п

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryobodqo8jcvav7Qe15vw

Гостиварец со 1,58 промили алкохол предизвикал сообраќајка, полицијата го приведе

60-годишен гостиварец е лишен од слобода откако полицијата утврдила дека управувал автомобил под дејство на алкохол.Според МВР, на 19 август во 11:20 часот, на улицата „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници вршеле увид по сообраќајна незгода во која учествувал Ц.М. со патничко возило „опел“.При проверката било утврдено дека тој управувал со возилото со 1,58 промили алкохол во крвта, по што бил лишен од слобода.По целосното документирање на случајот, против него ќе следува соодветен по

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarymiid0t15caih9rM6JDZ

Ја нападнал мајка му со тврд предмет и искршил дел од покуќнината, уапсен 29-годишен скопјанец

29-годишен скопјанец е лишен од слобода во Гази Баба по пријава од неговата 81-годишна мајка дека ја нападнал во семејниот дом.Според МВР, на 19 август околу 12 часот, М.Ј. физички ја нападнал својата мајка со тврд предмет, а притоа искршил и дел од покуќнината.Полицијата го лишила од слобода истиот ден во 22:20 часот. По целосното расчистување и документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryjlkrl227bpj5fgpWK4M

Тешка сообраќајка во Гостиварско: Мотоциклист тешко повреден во судир со товарно возило

Тешко е повреден 48-годишен мотоциклист во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Гостивар – Равен.Според МВР, несреќата била пријавена на 19 август околу 14 часот, а во неа учествувале товарно возило „форд“, управувано од 31-годишен гостиварец, и мотоцикл, управуван од 48-годишен жител на Равен.Возачот на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар во Гостивар.Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarygfst3i4jr49dbgIX54m

Струмичанец возел „мерцедес“ со германски регистарски ознаки кои припаѓале на друго возило

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 32-годишен жител на Струмица поради сомнение за фалсификување службена исправа.Според МВР, на 21 февруари 2026 година, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „мерцедес“ со германски регистарски ознаки. При проверката било утврдено дека поставените регистарски таблички всушност му припаѓале на друго патничко возило.Против С. Т. е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library35gkg77b4skt1N61Rtx

15-годишник со мотор излетал од патот и удрил во карпа во Валандовско

Тешко е повреден 15-годишен малолетник во сообраќајна несреќа што се случила на патот меѓу селата Прстен и Башибос во Валандовско.Според МВР, несреќата се случила на 18 август околу 23:50 часот, кога малолетникот од Башибос, управувајќи мотоцикл „педа“, изгубил контрола над возилото и удрил во карпа.Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Гевгелија.Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Валандово.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
semejno-nasilstvo

Татко ја нападнал 17-годишната ќерка

Случај на семејно насилство е пријавен во Штип, откако 45-годишна жена пријавила дека нејзиниот 17-годишенa ќерка била физички нападната во семејниот дом.Според пријавеното во СВР Штип, девојката била нападната од нејзиниот 51-годишен татко А.Т., кој при нападот употребил и тврд предмет.За случајот е известен јавен обвинител. По целосното расчистување и документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library7djgeiaegpmg21sm8O4

Мотоциклист тешко повреден во судир со „Рено“ на скопска крстосница

Тешко е повреден 39-годишен мотоциклист во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на крстосницата меѓу улиците „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Ленинова“ во Скопје.Според информациите од МВР, во несреќата учествувале патничко возило „рено“, управувано од 39-годишен скопјанец, и мотоцикл „јамаха“, управуван од 39-годишен мотоциклист од Скопје.Мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.На местото н

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

43-годишен кумановец ја нападнал сопругата

Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 43-годишен кумановец, по пријава од неговата сопруга дека физички ја нападнал.Случајот бил пријавен во текот на ноќта, а на 20 август во 02:45 часот И.С. бил приведен и задржан во полициска станица.По целосното расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library6mqc0onrapse9uiSmlP

Велосипедист тешко повреден во судир со џип на крстосница во Скопје

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на крстосницата меѓу булеварите „Гоце Делчев“ и „Киро Глигоров“ во Скопје, при што тешко е повреден 62-годишен велосипедист.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила околу 20:40 часот и во неа учествувале патничко возило „џип“, управувано од 38-годишен скопјанец, и велосипед со кој управувал 62-годишен жител на Скопје.Велосипедистот во несреќата се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во ЈЗУ „Св.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryknus2ehe90aldCK8kKA

Пукал со пиштол во воздух од возило во движење пред угостителски објект во Скопје, уапсен 26-годишник

Полицијата привела 26-годишен скопјанец поради сомнение дека пукал со пиштол во воздух од возило во движење, додека гости излегувале од угостителски објект на улицата „Драчевска“ во Скопје.Од МВР информираат дека на 19 август во 13:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Л. Р. (26) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.Според пријавеното, тој бил затекнат во двор на угостителски објект на истата улица, во момент кога од обј

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
crna-gora

Црна Гора нуди 500.000 евра за информација за Радоје Звицер, осомничен за убиства, шверц на дрога и перење пари

Министерството за внатрешни работи на Црна Гора понуди награда од 500.000 евра за информации што директно ќе придонесат за лоцирање, пронаоѓање и апсење на Радоје Звицер (42), по кого е распишана меѓународна потерница преку Интерпол.Наградата се однесува на веродостојни информации што ќе овозможат негово пронаоѓање и лишување од слобода и што непосредно ќе придонесат во полициските активности и ќе имаат одлучувачко значење за неговото апсење.Звицер се бара поради сомневања за повеќе тешки кривич

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryi8v4565g05ik9GhE7S8

„Помогнете ми, помогнете ми“: Ѓоковиќ откри детали од најтешкиот период во детството

Новак Ѓоковиќ во документарецот „The Wolf in Winter“ зборува за тешките моменти од детството и за периодот на бомбардирањето на СР Југославија во 1999 година.Тој се присети на една од првите ноќи кога со семејството морале да трчаат кон друга зграда бидејќи нивниот објект немал засолниште.„Беше два-три часот наутро, темно, а луѓето трчаа насекаде, во паника. Се сопнав и паднав. Го видов семејството како трча на околу 15 метри од мене. Се обидував да викнам: ‘Помогнете ми, помогнете ми’, но не ме

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
media-library2p2eccdfp8ge9WASezX

Романија во тревога: Ф-16 уништи дрон полн со експлозив кај гасна платформа

Романската војска уништи поморски дрон во Црното Море, откако леталото било забележано на само неколку стотици метри од гасната платформа „Нептун Дип“, во рамките на романската ексклузивна економска зона.Вршителот на должноста министер за одбрана на Романија, Раду Миружа, соопшти дека крајбрежната стража утрово пријавила присуство на поморски дрон на околу 80 наутички милји источно од Констанца, во близина на платформата „Нептун Дип“.Поради близината на леталото до критичната гасна инфраструктур

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library44624d58jbkuelujWIy

„Никој не може да го избрише македонскиот јазик од светската културна ризница, се грижиме за негова достојна афирмација“, вели Јаневска

Македонскиот јазик има свое цврсто место во светската културна ризница, а неговото зачувување, изучување и меѓународна афирмација остануваат важна институционална обврска, порача министерката за образование и наука Весна Јаневска на свеченото отворање на 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид.Јаневска истакна дека образованието и науката се темелите преку кои се обезбедува иднината на јазикот и културата, посочувајќи дека институционалната гри

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library6e42aqrvhlkk4upjTP4

„Подготвени сме за избори, но нема да бидеме алиби на Мицкоски“, вели Филипче

СДСМ е подготвен за избори во секој момент, со тим и програма, но нема да прифати да биде алиби за политичките потези на премиерот Христијан Мицкоски, порача лидерот на партијата Венко Филипче на денешната прес-конференција.Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче истакна дека СДСМ секојдневно се подготвува за следните избори, без оглед на тоа кога ќе бидат одржани.„Не, нема да бидеме алиби. Избори ќе има кога ќе им снема пари за коруптивни тендери. Тоа нив ги интересира, ништо друго“, рече Фи

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
Screenshot-2021-09-20-at-08.55.18

Ставена точка на петгодишната истрага за модуларните болници: Обвинителството не утврди злоупотреба при набавката и изградбата

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција не утврдило основи за сомнение дека е сторено кривично дело при јавните набавки поврзани со изградбата на 19 модуларни болници.По извршените проверки и анализата на целокупната прибрана документација, надлежниот јавен обвинител оценил дека нема основи за сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик, ниту за друго кривично дело кое се гони по службена должност.Предметот бил

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryl85o3cek89n79Kn961t

„СДСМ бара минимална плата од 600 евра – законот го поднесуваме повторно во Собранието“, вели Филипче

СДСМ повторно ќе поднесе во Собранието предлог-закон со кој бара минималната плата да се зголеми на 600 евра, најави лидерот на партијата Венко Филипче на денешната прес-конференција.Филипче рече дека предлогот ќе биде поднесен на почетокот на септември, по продолжувањето на работата на Собранието, оценувајќи дека актуелното ниво на минималната плата не е доволно за покривање на основните животни трошоци.„Граѓаните не можат да се прелажат. Бројките кои што премиерот ги кажува, очигледно од свето

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarys49qljimh5k7edD1EQf

Пронајдени двајцата 15-годишници кои ја оштетуваа опремата во училишниот двор во Велес

Случајот со оштетувањето на спортските реквизити и урбаната опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во Велес е расчистен, информира Министерството за внатрешни работи.По објавувањето на видеото на социјалните мрежи на кое се гледа како две лица оштетуваат опрема во училишниот двор, полицијата презела мерки за нивно пронаоѓање. Случајот претходно бил пријавен и поради оштетување на спортски реквизити и тартан-подлогата на ракометното игралиште.На 18 и 19 август, полициски службени

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

(Видео) Филипче: Мицкоски живее во свој свет - граѓаните живеат со празни паричници и празни фрижидери

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција остро ги критикуваше економските политики на Владата, оценувајќи дека статистичките показатели што ги презентира премиерот Христијан Мицкоски не ја отсликуваат реалната состојба во која живеат граѓаните.Филипче, на денешната прес-конференција, рече дека Владата ја започнала третата година од мандатот без резултати во клучни области како економијата, здравството, образованието и земјоделството.„Не гледаме резултати на полето на

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarycb1gujrm7h5h05ZNsW9

„Милиони за прскање без доказ дека делува - исти фирми и средства, сѐ поголем проблем со комарците“, велат од Левица

Дезинсекцијата против комарци со години се спроведува со значителни јавни средства, но според соопштението на Левица, институциите не обезбедуваат доволно јасни и мерливи податоци за тоа колкав е ефектот од потрошените пари.Од партијата посочуваат дека само во три јавно документирани циклуси на третирање во Скопје, за периодите 2020–2021, 2022–2023 и актуелниот договор, се издвоени околу 2,75 милиони евра. Во оваа сума не се вклучени другите години, ниту средствата што ги издвојуваат општините.„

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
5c34837e-f238-463a-b437-70c10a0a0a67-karleusa-i-dusko-750x500-1

(Видео) Душко Тошиќ на настапот на Карлеуша ѝ испрати срце додека таа ја пееше песната „Тихи убица“, која е напишана за него

На настапот на Карлеуша во Белград се појави и Душко Тошиќ, нејзиниот поранешен сопруг, а камерите го уловија моментот кога ѝ испрати срце додека таа ја пееше песната „Тихи убица“, која е напишана за него.Веќе неколку дена во јавноста се шпекулира дека се смириле, откако тој се појави на нејзиниот роденден и седеше веднаш до неа.

Сцена | пред 1 месец

1 мес.
media-library2a6t5ajt58d01LrZ1Bx

(Видео) Детали за сообраќајката на Бит Пазар: 22-годишник излетал од коловозот и удрил во канделабра, метално столбче и автобуска постојка

Во раните утрински часови се случила сообраќајна незгода на булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје, откако автомобил излетал од коловозот и удрил во повеќе објекти покрај улицата.Според информациите од МВР, незгодата била пријавена во 02:50 часот. Автомобил „Ауди“, управуван од 22-годишниот А. Ш. од Скопје, излетал од патот, по што удрил во канделабра, метално столбче и конструкција на автобуска постојка.Во незгодата е причинета само материјална штета, без пријавени повредени лица.

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Aктивни осум пожари, гори и букова шума кај Кичево

Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска до 13 часот регистрирал вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои осум сè уште се активни, додека четири се целосно изгаснати.Активни пожари има во повеќе делови од земјата. Најголем број жаришта се регистрирани на територијата на Прилеп, Новаци и Могила, каде што гори ниска вегетација на повеќе краци во близина на селата Чаниште, Крушевица, Лопатица, Орле и Мојно.Пожари се активни и во атарите на селата Белушино и Јакреново во Крушево, каде што се

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library6m18ccn6rfco5GQOeD9

АХВ ги демантира тврдењата за отворени јами: „Секоја веднаш се затрупува и дезинфицира“

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги отфрла како неточни тврдењата дека јами за нештетно отстранување на угинати и евтаназирани овци и кози остануваат отворени со денови и дека кучиња разнесуваат животински трупови.Од АХВ реагираат на изјавата на претседателот на Сојузот на одгледувачи на овци „Модерен овчар“, Насер Џемаили, дадена во селото Соколарци, општина Чешиново-Облешево. Од институцијата категорично тврдат дека јамата во близина на која е дадена изјавата не била оставена отворена

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања