Промени тема
Контакт

ИТАЛИЈА

media-librarys9e9quejdcf09m7ImAJ

Силно невреме ја погоди Италија: одрони и поплави, илјадници домаќинства без струја

Силно невреме ја погоди централна и северна Италија по повеќенеделните екстремно високи температури, носејќи нагло заладување, обилни врнежи, одрони, поплави, прекини на електричната енергија и илјадници молњи. Најтешко се погодени Ломбардија и Тоскана, каде што на повеќе места беа прекинати патниот и железничкиот сообраќај, а некои населени места останаа отсечени.Во Тоскана, невремето предизвика околу 18.000 удари на молња, а околу 6.000 домаќинства останаа без електрична енергија. Најголем бро

Свет | пред 1 месец

avtopat-koli-3

Трагедија на автопат во Италија: Родители возеле 100 километри без да знаат дека синот им починал на задното седиште, мислеле дека спие

Родители возеле околу 100 километри низ Италија, не знаејќи дека нивниот 31-годишен син починал на задното седиште од автомобилот. Тие мислеле дека спие, објави „Corriere della Sera“.Трагичниот настан се случил вчера околу 7:30 часот на автопатот А21, на делницата меѓу Торино и Пјаченца, во близина на излезите Кастеџо и Вогера. Семејството со романско потекло патувало кон Торино. Таткото бил зад воланот, мајката седела на совозачкото седиште, а нивниот син бил на задното седиште.Младиот човек во

Свет | пред 1 месец

media-libraryvo6jst51tt547uNLPMs

Кражба во музеј во Италија: Украдени четири дела од познат раноренесансен сликар

Четири уметнички дела од ренесансниот сликар Антонело да Месина се украдени од Регионалниот музеј во Месина, јавуваат италијанските медиуми, повикувајќи се на управата на музејот.Со кражбата, Месина остана без единственото сочувано дело на познатиот сликар што досега се чуваше во неговиот роден град, како и без уште една помала слика од неговиот опус, која сицилијанскиот регион ја купил пред 20 години.Крадците влегле во музејот во текот на ноќта и со себе однеле три од преостанатите пет панели о

Свет | пред 1 месец

media-libraryhsudoq005m9r0vyINfE

Повторно воспоставен авионскиот сообраќај на аеродромот во Катанија

Авионскиот сообраќај на аеродромот во Катанија денеска повторно е воспоставен, откако претходно беше прекинат поради активноста на вулканот Етна.Аеродромската компанија SAC соопшти дека од 14 часот повторно се отворени секторите C1 и B3, откако нивото на предупредување за вулканска активност беше намалено од „црвено“ на „портокалово“.Летовите, и за пристигнувања и за заминувања, продолжија од 14 часот.Од 6 до 12 август биле откажани повеќе од една третина од вкупно 1.974 планирани летови од Ката

Свет | пред 1 месец

media-library88f10omqo48h2RYbhzf

Нов судир во ЕУ околу мигрантите: Италија одби да прифаќа враќања од Германија

Италија официјално ја известила Германија дека нема да прифаќа враќање на мигранти кои првично влегле во Европската Унија преку нејзина територија, отворајќи ново прашање околу примената на европските правила за азил.Италијанското Министерство за внатрешни работи испратило официјален допис до германската влада со кој го одбива примопредавањето на мигранти согласно Даблинските правила, објави италијанскиот јавен сервис „РАИ њуз“.Според Даблинскиот систем, за разгледување на барањето за азил вооби

Свет | пред 1 месец

media-libraryj863qim01k3i5jVqpb0

Италијански бизнисмен признал дека поставил бомба пред домот на новинар „за негово добро“

Италијанскиот бизнисмен Валтер Лавитола признал дека го организирал бомбашкиот напад врз домот на познатиот истражувачки новинар Сигфридо Ранучи, но неговиот адвокат тврди дека целта не била да му наштети на новинарот, туку да му обезбеди посилна полициска заштита.Лавитола го дал признанието пред истражителите по апсењето на почетокот на неделата. Според неговиот адвокат Серџо Кола, бизнисменот го организирал нападот затоа што Ранучи бил под смртни закани од мафијата и сакал властите да ја зголе

Свет | пред 1 месец

media-library89041q4158rt0TdjUwt

(Видео) Експлозија во фабрика за муниција во Италија: Над објектот се издигнал густ чад

Силна експлозија одекна во фабрика за муниција во близина на италијанскиот град Колеферо, југоисточно од Рим, а според локалните медиуми, детонацијата се слушнала и на неколку километри оддалеченост.На местото на несреќата веднаш пристигнале пожарникари и полиција по избувнувањето на пожарот во индустрискиот комплекс. Надлежните служби започнале проверки за да утврдат дали има повредени или загинати.Експлозијата се случила во поранешната фабрика „Симел Дифенса“, со која денес управува компанијат

Свет | пред 1 месец

media-libraryc4mkpcsuh8pr0ErJgZD

Западнонилската треска се шири: Жртви во Македонија, Италија и Грција

Во Италија од почетокот на годината до 12 август се регистрирани 226 случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, од кои седум завршиле со смртен исход, објави италијанскиот Национален институт за здравство.Вирусот е регистриран во 55 региони, а најголем број случаи има во Венето, Пиемонт, Лацио и Ломбардија, како и во градовите Падова, Милано, Рим и Кремона.Од вкупниот број заразени, 102 случаи се манифестирале во невроинвазивна форма, додека кај 38 дарители на крв вирусот бил откриен без присус

Свет | пред 1 месец

etna

Ерупцијата на вулканот Етна направи хаос на Сицилија: Откажани 700 летови

Новата ерупција на вулканот Етна предизвика сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај на Сицилија, а најпогоден е аеродромот во Катанија.Во периодот од 8 до 11 август биле откажани околу 700 летови, додека, според податоците на управата на аеродромот, денес се очекува откажување на уште 52 лета. Повеќе од 250 авиони биле пренасочени кон други аеродроми на Сицилија.Од почетокот на нарушувањата, повеќе од 100 летови слетале во Комизо, додека само вчера околу 50 авиони биле пренасочени кон Палерм

Свет | пред 1 месец

media-libraryo9kq7a64b7emf3eWRB0

Вулканот Етна повторно прави хаос на Сицилија: 30.000 луѓе погодени, над 200 летови откажани

Илјадници туристи останаа заглавени на Сицилија поради активноста на вулканот Етна, кој и натаму исфрла облаци пепел по ерупцијата од минатата недела. Поради вулканската активност, воздушниот сообраќај на аеродромот во Катанија е сериозно нарушен.Аеродромот во Катанија е целосно затворен до утре во 11 часот, а повеќе од 200 летови биле откажани или пренасочени. Сообраќајот е нарушен веќе петти ден, во екот на туристичката сезона.Патниците се обидуваат да стигнат до аеродромот во Палермо, од каде

Свет | пред 1 месец

1111-1

Германија бара повторно да се испраќаат мигранти во Италија и Грција: Рим возвраќа дека „нема кого да прими“

Германија бара повторно да се воспостави трансферот на мигранти кон Италија и Грција, откако на 12 јуни стапија во сила новите правила од Пактот на Европската Унија за миграција и азил.Од германското Министерство за внатрешни работи за италијанската агенција АНСА посочиле дека функционирањето на Даблинскиот систем е „неопходен услов“ за успешно функционирање на Заедничкиот европски систем за азил.Берлин очекува трансферите кон Италија и Грција да продолжат согласно новите правила.Според Даблинск

Свет | пред 1 месец

media-library4nf0ppkgt6d1c93spfP

Ескалира спорот меѓу Италија и Шпанија: „Ова е несфатливо и целосно неприфатливо“

Дипломатскиот спор меѓу Италија и Шпанија поради контролите на границите се продлабочува, откако Рим остро реагираше на одлуката на Мадрид да воведе проверки за патниците што пристигнуваат од Италија.Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, одлуката на Шпанија ја оцени како „несфатлива и целосно неприфатлива“, додека шпанските власти тврдат дека италијанските контроли немаат основа.Шпанија од саботата на полноќ започна со случајни проверки на патниците кои доаѓаат од Италија.

Свет | пред 1 месец

media-libraryvjnrhat4an73bM1Wc9h

Шпанија воведе контроли за патниците од Италија, мерката ќе трае до 7 септември

Шпанија од денеска повторно спроведува гранични контроли за патниците кои пристигнуваат од Италија, откако Рим одби да ги укине сопствените контроли кон патниците од Шпанија.Мерката, која засега е предвидено да трае до 7 септември, беше воведена како одговор на одлуката на италијанската влада да ги задржи контролите што ги воведе на 1 август. Тие следеа по масовното пристигнување на мигранти во шпанската енклава Сеута од Мароко.Според шпанското Министерство за внатрешни работи, проверките се спр

Свет | пред 1 месец

media-library385mvb3fgt0dakb6wxr

Шумски пожар во Италија се шири над езерото Гарда, стотици луѓе евакуирани

Голем шумски пожар избувна во близина на езерото Гарда во северна Италија, поради што повеќе од 200 луѓе се евакуирани, меѓу кои и десетици туристи, објави ДПА.Пожарот ја зафати територијата на општината Тињале, на западниот брег на езерото Гарда, кое е најголемото езеро во Италија и една од најпопуларните туристички дестинации во земјата.Како превентивна мерка, евакуирани се туристи од едно одморалиште, како и луѓе од неколку други објекти во околината. Според противпожарната служба, огнот брзо

Свет | пред 1 месец

media-libraryg396gduhsvhi8PpkLBD

Ескалира спорот во ЕУ: Шпанија воведува гранични контроли за патниците од Италија

Шпанија од денес ќе воведе привремени контроли на границата за патниците кои пристигнуваат од Италија, откако Рим не ги укина мерките за патниците од Шпанија, воведени поради мигрантската криза во Сеута.Според одлуката на владата во Мадрид, контролите ќе бидат „привремено воведени на внатрешните граници во пристаништата и на аеродромите за патувања од Република Италија“. Како причина се наведува „континуираниот притисок од нерегуларната миграција“ со кој се соочува Италија.Мерките ќе стапат во с

Свет | пред 1 месец

media-libraryg65gl6mol4o9cKY61DX

Тензии меѓу Шпанија и Италија поради мигрантската криза

Шпанската влада денеска ѝ постави рок на Италија до недела, 9 август, да ги укине граничните контроли воведени за патниците од Шпанија, предупредувајќи дека во спротивно ќе воведе реципрочни мерки за италијанските патници.Италија ги воведе контролите по минатонеделниот наплив на мигранти во шпанската северноафриканска енклава Сеута.Во соопштението, шпанската влада оценува дека мерките се „неоправдани, спротивни на интересите на Европската Унија и дискриминаторски кон шпанските граѓани“, пренесув

Свет | пред 1 месец

sonce-so-termometar

Екстремен топлотен бран ја зафати Италија, највисоко предупредување за 27 градови

Екстремниот топлотен бран продолжува да ја зафаќа Италија, поради што властите денеска издадоа највисок степен на предупредување – црвен метеоаларм – за сите 27 поголеми градови што ги следи Министерството за здравство.Црвеното предупредување се издава кога екстремно високите температури се комбинирани со висока влажност, што претставува сериозен ризик по здравјето, не само за постарите лица и хронично болните, туку и за здравите и физички активните граѓани.Предупредувањето важи за целата земја,

Свет | пред 1 месец

media-library5hilsdv6em0n1VclMfb

Шпанија побара од Италија да ги укине граничните контроли по кризата во Сеута

Шпанија денеска ја повика Италија да ги укине селективните гранични контроли за патниците кои пристигнуваат од Шпанија по воздушен и поморски пат, воведени по мигрантската криза во шпанската енклава Сеута.На вонредната видеоконференција на министрите за внатрешни работи на Европската Унија, шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка оцени дека мерката е непотребна, бидејќи влезот во Сеута не значи автоматски пристап до Шенген-зоната.„Барам овие дополнителни контроли веднаш д

Свет | пред 1 месец

media-libraryj863qim01k3i5jVqpb0

По повеќе од еден месец потрага, во езеро пронајден мртов сопругот на италијанската министерка

Телото на Луиџи Кавалари (84), сопруг на италијанската министерка за семејство Еуџенија Рочела, е пронајдено во езерото Вико во покраината Витербо, повеќе од еден месец откако исчезна за време на капење.Кавалари исчезнал на 27 јуни, откако скокнал во езерото. Неговото тело денеска го пронашле полициски нуркачи, по обемна потрага што траела повеќе од еден месец. Телото било извлечено на брегот, а обвинителството во Витербо наложило обдукција за да се утврди точната причина за смртта.Во потрагата

Свет | пред 1 месец

media-libraryg65gl6mol4o9cKY61DX

Италија бара ЕУ да отвори мигрантски центри надвор од Унијата

Италија на денешниот вонреден состанок на министрите за внатрешни работи на Европската Унија ќе предложи Унијата да финансира центри за обработка на барањата за азил и за враќање на мигрантите надвор од својата територија.Иницијативата доаѓа по минатонеделниот масовен влез на околу 50.000 мигранти во шпанската енклава Сеута, што предизвика загриженост низ целата Европска Унија.Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедози смета дека ЕУ повеќе не смее само да реагира на кризни ситуа

Свет | пред 1 месец

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Силен земјотрес со јачина од 4,3 степени ја стресе Тоскана

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди италијанската област Тоскана, соопшти Националниот институт за геофизика и вулканологија.Потресот бил регистриран во 10:15 часот по локално време, а епицентарот се наоѓал на околу седум километри западно од Пиза, во близина на брегот. Хипоцентарот бил на длабочина од осум километри.Тресењето го почувствувале жителите на Пиза, Ливорно и околните делови на Тоскана, а локалните медиуми јавуваат дека земјотресот бил почувст

Свет | пред 1 месец

media-library4mj581auo24g2N0aRJZ

Црвен метеоаларм во речиси цела Италија поради нов топлотен бран

Италијанското Министерство за здравство издаде црвен метеоаларм за понеделник за речиси сите поголеми градови во земјата поради новиот бран на високи температури што ја зафаќа Европа.Од вкупно 27 поголеми градови, само Реџо Калабрија и Месина нема да бидат под највисокото, трето ниво на предупредување.Според прогнозите, максималната температура во Неапол може да достигне до 39 степени Целзиусови, во Фиренца и Палермо до 38, а во Рим до 37 степени. Во северниот дел на земјата, во Торино, Трст и В

Свет | пред 1 месец

begalci

Мигрантската криза предизвика нов спор меѓу Шпанија и Италија

Шпанскиот министер за надворешни работи, Европската Унија и соработка, Хозе Мануел Албарес, соопшти дека го повикал италијанскиот амбасадор на разговор по изјавите на неговиот италијански колега Антонио Тајани, кој побара суспензија на Шенгенскиот договор со Шпанија поради мигрантската криза во Сеута.Албарес оцени дека ваквите пораки не се соодветни за министер за надворешни работи на пријателска и партнерска земја.„Од Италија очекуваме европска солидарност, а не страначка демагогија. Денешните

Свет | пред 1 месец

italija

Македонските возачки дозволи повеќе не се признаваат во Италија

Македонските граѓани се соочуваат со нови проблеми при користењето на возачките дозволи во Италија. Туристите не можат да изнајмат автомобил со македонска возачка дозвола, а нашите државјани кои имаат постојан престој во Италија во моментов не можат да ја заменат својата дозвола со италијанска, поради што се принудени повторно да полагаат возачки испит.Според информации од туристи, дел од рент-а-кар компаниите во Италија во последните неколку месеци одбиваат да издаваат возила на лица со македон

Македонија | пред 1 месец

media-libraryf60ounp7vfpt54rU6kP

По Чернобил и Фукушима, Италија повторно се насочува кон нуклеарната енергија

Италија се подготвува повторно да ја воведе нуклеарната енергија, речиси четири децении откако по катастрофата во Чернобил ги затвори своите нуклеарни електрани. Владата на премиерката Џорџа Мелони смета дека овој чекор ќе ја зајакне енергетската безбедност на земјата и ќе помогне во исполнувањето на климатските цели.Следната недела италијанскиот парламент треба да го усвои законскиот пакет што ќе овозможи развој на новата генерација нуклеарни технологии. Потоа Владата ќе има рок од една година

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања