Промени тема
Контакт

МВР

media-library1t41dhskauv96tipxic

Возел без дозвола, пронајдени дрога и нож - приведен 26-годишник

Лице од тетовско е лишено од слобода откако при сообраќајна контрола кај него биле пронајдени марихуана и нож, информираат од МВР.Инцидентот се случил на 3 мај 2026 година околу 14 часот кај месноста „Бањиче“ во Тетово, кога полициски службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки.При контролата било утврдено дека возачот С.К. (26) од селото Порој управувал со возилото без положен возачки испит, а при дополнителна проверка кај него биле пронајдени марихуана и

Македонија | пред 5 месеци

traktor

Уапсен 66-годишник од Јанчиште, управувал трактор без дозвола

Од СВР Тетово соопштија дека на 3 мај 2026 година, околу 09:00 часот, на локалниот пат Тетово – село Волковија, во близина на село Брвеница, полициски службеници лишиле од слобода 66-годишен маж од село Јанчиште.Според информациите, лицето било затекнато како управува земјоделска машина – трактор „фергусон“ со тетовски регистарски ознаки, без да поседува возачка дозвола.Тракторот е одземен, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од полицијата.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryomve0170hsuh7Rurym6

Приведен маж во тетовско по закани кон полицајци

Од СВР Тетово соопштија дека на 3 мај 2026 година, во 11:20 часот, на локалниот пат кон село Пирок, тетовско, полициски службеници го лишиле од слобода 46-годишен маж од село Мала Речица.Според полицијата, инцидентот се случил додека службениците преземале мерки кон други лица, при што А.Р. започнал агресивно да се однесува и упатувал закани кон нив.Лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Тетово.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryh6sqdt0t4apt6fDP1oD

(Видео) Запалена машина за метал во Шуто Оризари

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) преку бројот 112 е пријавен пожар на запалена машина за мелење железо на улица 1675, број 24, во скопската населба Шуто Оризари.Од ЦУК информираат дека на терен интервенираат екипи на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје со две противпожарни возила.Се работи на локализирање и гаснење на пожарот, а засега нема информации за повредени лица.

Македонија | пред 5 месеци

media-library9u0sdv6b1be5fAg46oA

Незаконски исплати на социјална пензија во Тетово , проневерени 155.500 денари

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Е. (42) и Ј.Е. (31), двајцата од село Пршовце, тетовско, поради сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „помагање“.Според МВР, првопријавениот, вработен како оператор за внес на податоци во Центарот за социјални работи Тетово, во јуни и октомври 2022 година извршил незаконска исплата на парични средства во вкупен износ од 155.500 денари.Средствата биле исплатени на име на второпријавениот, иако според решени

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

Три лица приведени, четири случаи на семејно насилство за едно деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие полицијата регистрирала четири случаи на семејно насилство, при што три лица се лишени од слобода, информира МВР.Во Охрид, во раните утрински часови, приведен е 55-годишен маж од Велес, кој престојувал во градот, по пријава од неговата 21-годишна партнерка дека физички ја нападнал во домот, при што го удрил и нивното бебе.Во Свети Николе, 50-годишен маж бил лишен од слобода откако сопругата пријавила дека ја нападнал во семејниот дом. При проверките било утврдено

Македонија | пред 5 месеци

media-library4odqdbcfos6c9CSpvQW

Инцидент во Кисела Вода: Маж двапати нападнат од повеќе лица, удрен и со кундак од пиштол

Во скопската населба Кисела Вода се случил сериозен физички инцидент во кој 36-годишен скопјанец завршил со повреди откако бил двапати нападнат од повеќе лица, при што едно од нив употребило и пиштол.Според информациите, случајот во СВР Скопје бил пријавен од Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“, каде што бил донесен повредениот Р.Д. (36) од Скопје. Настанот се одиграл околу 00:00 часот на подрачјето на Кисела Вода, додека тој се движел со патничко возило „БМВ“.Во првиот момент, Р.Д.

Македонија | пред 5 месеци

motor-18-

Мотоциклист изгубил контрола и излетал од коловозот во Куклиш

Во сообраќајна несреќа што се случила на 1 мај 2026 година околу 19:00 часот во село Куклиш, струмичко, тешко е повреден мотоциклист, соопшти МВР.Според пријавеното, З.А. (27) од селото управувал мотоцикл без регистарски ознаки кога изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струмица.

Македонија | пред 5 месеци

media-library1ta05e3t1ulddg8TwLz

Му се заканувал со нож, па го удрил со дршка од секира - приведен 42-годишник во Џепчиште

Полициски службеници од Полициската станица Тетово на 2 мај 2026 година во 10:20 часот во село Џепчиште го лишиле од слобода А.А. (42) од истото село, соопшти МВР.Според пријавата, претходниот ден С.М. (63) од Џепчиште пријавил дека додека се враќал со трактор од нива, А.М. му се заканувал со нож, по што го удрил со дршка од секира.По настанот се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarys7om2kqll30h2CYB0o0

Сообраќајна несреќа кај „Врановски Анови“ – тешко повреден пешак

Во сообраќајна несреќа што се случила на 2 мај 2026 година околу 18:50 часот на регионалниот пат село Извор – Општина Чашка, тешко е повреден пешак, соопшти МВР.Несреќата се случила во близина на местото викано „Врановски Анови“, кога патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Н. (26) од Скопје, удрило во пешакот Р.Ѓ. (57) од Велес.Повредениот прво бил пренесен во Општата болница во Велес, по што бил упатен на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му б

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryu2s1qvqb8sg94vRr4Ys

Двајца прилепчани пријавени за кражба на огревно дрво

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Е.А. (45) и С.А. (37), двајцата од Прилеп, поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“ на огревни дрва, соопшти МВР.На 15 јануари 2026 година, полициски службеници ги затекнале пријавените при вршење бесправна сеча на огревно дрво.По документирање на случајот е поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 5 месеци

velosiped

Судир меѓу „опел“ и велосипед во Виница – повреден 78-годишник велосипедист

Во сообраќајна несреќа што се случила на 2 мај 2026 година околу 17:10 часот во Виница, тешко е повреден велосипедист, соопшти МВР.Несреќата се случила на крстосницата од улиците „Крушевска Република“ и „Христо Узунов“ помеѓу патничко возило „опел“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Л. (67) од Виница, и велосипед управуван од Ј.Ј. (78), исто така од Виница.Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Јавната здравствена установа во Виница. По наредба на

Македонија | пред 5 месеци

media-library963itlorsjh66m2weA1

Малолетничка тешко повредена во несреќа со тротинет во Скопје

Во сообраќајна несреќа што се случила на 2 мај 2026 година во 14:55 часот на крстосница од улиците „Горно Лисиче“ и „Ѓорѓи Капчев“ во Скопје, тешко е повредена малолетничка, соопшти МВР.Несреќата се случила помеѓу патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј. (55) од Скопје, и електричен тротинет „шаоми“, кој го управувала 14-годишна девојка од Скопје.Малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. По н

Македонија | пред 5 месеци

droga

Акција против дрога: МВР со приведувања во три градови

Во периодот од 2 до 3 мај 2026 година, полициски службеници на СВР Скопје на повеќе локации лишиле од слобода неколку лица кај кои биле пронајдени бела прашкаста материја и марихуана, соопшти МВР.Приведени се Б.Р. (23), Т.Ј. (19), И.Т. (36) и еден малолетник од Скопје, како и П.Б. (26) од Република Србија. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.Во одвоен случај, на 2 мај во 18:30 часот на крстосницата од улиците „Тризла“ и „Дабничка“ во Прилеп, полициски службеници

Македонија | пред 5 месеци

policija-policaec

МВР со акција на терен: 11 возачи уапсени - седум без дозвола, еден пијан, еден со забрана

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода 11 возачи поради различни форми на безобѕирно управување возило, соопшти МВР.Од нив, седуммина управувале возило без возачка дозвола – четворица во Скопје, двајца во Тетово и еден во кумановско. Во Дебар е лишено од слобода лице кое управувало возило и покрај активна забрана, додека во Битола е приведен возач кој бил под дејство на алкохол.Во Градско е регистриран случај на возење со брзин

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryoc45q7rtuh0013lrhpy

Приведен и малолетник: 14 возачи приведени за безобѕирно возење, седум биле под алкохол - уште се вози без возачка

Полициските служби во изминатото деноноќие лишиле од слобода 14 лица на територија на државата поради безобѕирно управување возило, при што дел од нив биле под дејство на алкохол, а меѓу приведените има и малолетник без возачка дозвола.Според податоците, пет лица управувале возило без возачка дозвола, од кои едно е малолетно, двајца возеле и покрај активна забрана, додека седуммина биле фатени како управуваат возило под дејство на алкохол.Прекршоците се регистрирани во повеќе градови низ држават

Македонија | пред 5 месеци

pijan

Алкохолизиран возач: прво се заканувал, потоа удрил со возило, па се вратил со нож

Триесет и седумгодишен жител на Велес е лишен од слобода по инцидент што се случил на регионалниот пат Чашка–Велес.Според информациите од полицијата, додека управувал патничко возило „опел“, при претекнување започнал да му се заканува на друг возач, кој управувал возило „форд“. По кратко време, кога другиот возач застанал, осомничениот удрил во неговото возило, по што го напуштил местото на настанот.Набргу потоа се вратил и повторно му се заканил, овојпат со остар предмет, кој подоцна бил пронај

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

Семејно насилство врз сопруги, деца и родители – петмина завршија во полиција

Полицијата приведе пет лица на различни локации низ државата поради случаи на семејно насилство.Во Куманово, приведени се две лица – 35-годишник кој физички ги нападнал сопругата и двете малолетни деца, како и 57-годишник кој ја нападнал својата ќерка.Во Охрид, лишен од слобода е 48-годишен државјанин на Словенија, кој по вербална расправија физички ја нападнал сопругата во стан.Во струмичко село, полицијата привела 36-годишник по пријава дека агресивно се однесувал кон својата мајка.Во Велес, п

Македонија | пред 5 месеци

media-library1er9ueki1j3r4AeBcJl

Пронајдена дрога во Тетово, Скопје и Неготино, повеќе лица приведени

Полицијата спроведе повеќе акции на различни локации низ земјава, при што беа пронајдени наркотични материи и приведени неколку лица.Во Тетово, при акциска контрола во угостителски објект на улицата „Димо Гавроски Кара“, во тоалетните простории биле пронајдени мобилен телефон со остатоци од бела прашкаста материја, кеса со прашкаста материја и фолија со марихуана. Со сопственикот и вработен бил извршен службен разговор, а предметите се одземени за вештачење.Во друг случај во Тетово, полицијата л

Македонија | пред 5 месеци

media-library3gojtdh024v31P7Z2Gq

Гостиварец тешко повреден по пад од четирицикл, возел без дозвола

Дваесет и седумгодишен жител на Гостивар се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од четирицикл што го управувал.Случајот бил пријавен во ОВР Гостивар од Медицинскиот центар, каде повредениот бил донесен на укажување лекарска помош.Според информациите, тој управувал четирицикл без регистарски ознаки и без возачка дозвола на шумски пат меѓу селата Речане и Дуф, при што изгубил контрола и паднал.За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryrs32c86tsk4aawdTXmk

Полицијата пронајде оружје и муниција при претрес на дом

Полициски службеници извршиле претрес во дом и други простории во Делчево, при што биле пронајдени и одземени оружје и муниција.Претресот бил спроведен на улицата „Првомајска“, врз основа на судска наредба, во простории каде престојува 44-годишно лице од Берово.При акцијата била пронајдена ловечка пушка „Црвена Застава“, калибар 12, со кожен ремен, како и ловечки патрони.По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryi74sgg7bee2a9a5IPKE

Пијан возач со бугарски таблички уапсен, нападнал полицајци

Полицијата приведе 25-годишен жител на Свети Николе откако бил фатен како управува возило под дејство на алкохол и агресивно се однесувал кон полициски службеници.Настанот се случил на регионалниот пат кај Горобинска крстосница, каде при сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „бмв“ со бугарски национални ознаки, управувано од приведениот.При извршените проверки било утврдено дека возачот имал 0,88 промили алкохол во крвта, по што почнал агресивно да се однесува кон полициските службен

Македонија | пред 5 месеци

zelen-karton

Уапсен турски државјанин на Деве Баир со фалсификувана зелена карта

Турски државјанин е лишен од слобода на граничниот премин Деве Баир откако бил фатен со фалсификувана документација.При гранична контрола на автобус со турски национални ознаки, кој го управувал 57-годишникот, полициските службеници утврдиле дека тој приложил фалсификувана меѓународна зелена карта.По приведувањето, лицето е предадено на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Крива Паланка за понатамошна постапка.

Македонија | пред 5 месеци

media-library31pt8tf0v4hv5cUJXLE

Судир меѓу мотоцикл и автомобил во струмичко, двајца повредени

Тешко повреден мотоциклист и повреден сопатник е билансот од сообраќајна несреќа што се случила во струмичкото село Василево.Несреќата се случила помеѓу мотоцикл „хонда“, управуван од 22-годишен жител на Василево, и патничко возило „фолксваген“ со германски регистарски ознаки, управувано од 30-годишник од селото Владевци.Во судирот, возачот на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди, додека неговиот сопатник, 21-годишен жител на Василево, се здобил со полесни повреди.Повредите биле констат

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryelnsls13q2tubid3wIc

Малолетник тешко повреден во сообраќајка во Штип, возел мотоцикл под дејство на алкохол

Малолетник се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила во Штип.Несреќата се случила на крстосницата од улиците „Борис Крајгер“ и „Анте Банина“, помеѓу патничко возило „БМВ“, управувано од 64-годишен штипјанец, и мотоцикл „априлија“ управуван од малолетник од Штип.Во судирот, возачот на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди, додека неговиот малолетен сопатник поминал со полесни повреди. Двајцата се пренесени во Клиничката болница во Штип, каде им била укажана

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања