Промени тема
Контакт

ПУЛС

media-libraryrpstfg4m9ol55xBIp21

(Видео) Мојсоска: Трагедијата во Кочани е резултат на системски пропусти , а не „несреќа“

На седницата на Анкетната комисија за случајот во Кочани, пратеничката Јована Мојсоска упати сериозни обвинувања за децениски институционални пропусти кои, како што посочи, довеле до смртта на деца и повторување на трагедии што можеле да бидат спречени.„Кога една мајка го губи своето дете, тоа не е несреќа. Несреќа е нешто што не зависи од нас. Ова е трагедија создадена од систем кој 35 години функционира со очигледни пропусти, дивоградби, фиктивни инспекции, корупција и институции кои молчат ко

Македонија | пред 9 месеци

media-library39p4goi9fas0cVgWCUr

Мајка на загинато дете во пожарот во „Пулс“ побара одговорност и од двајца актуелни функционери

На денешната седница на Анкетната комисија во Собранието, посветена на трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, збор зеде Марија Петрушова, мајка на една од жртвите. Таа пред пратениците и претставниците на институциите ја опиша борбата за расветлување на случајот како „борба за иднината на сите деца во државата“.Петрушова укажа дека трагедијата од 16 март, во која згаснаа млади животи, не може да се гледа одвоено од серијата институционални пропусти што, според неа, ја оставиле без заштита м

Македонија | пред 9 месеци

media-library339jf889plbr6HIwW4O

(Видео) Вербален судир на седницата за „Пулс“: Апасиев и Василевска во расправа околу надлежностите на Комисијата

На денешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, која се одржа во присуство на родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, дојде до остри расправии меѓу дел од пратениците.Според текот на седницата, пратеничката од мнозинството Иванка Василевска и претседателот на Комисијата, проф. д-р Димитар Апасиев, размениле повеќе забелешки во врска со надлежностите и функцијата на телото.Апасиев ѝ реплицираше на Василевска, посоч

Македонија | пред 9 месеци

media-libraryvcvvj1utob7f7vIZYcI

Левица ја повика власта да обезбеди кворум на седницата за „Пулс“

Пред денешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, партијата Левица јавно побара од пратениците од владејачкото мнозинство да присуствуваат и да овозможат одржување на расправата за трагедијата во Кочани, која се случи пред девет месеци.Од Левица потсетуваат дека во периодот по настанот Собранието не усвоило ниту една суштинска мерка во врска со случајот, поради што, како што велат, институциите имаат обврска да покажат „сериозност и одговорно

Македонија | пред 9 месеци

Sobranie-zgrada

Комисијата за „Пулс“ закажана за денеска, можно е да нема кворум

Во Парламентот за денеска е најавено одржување на седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните. Седницата е закажана по претставка од родителите на младите кои го загубија животот во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.Семејствата на жртвите очекуваат присуство од сите пратеници и претставници на институциите, предупредувајќи дека нема простор за нови одложувања. Тие посочуваат дека денешниот термин е единствената можност директно да се обратат пред

Македонија | пред 9 месеци

media-libraryhkb0c9l0m9i68L9KYiC

(Видео) „Дали судницата стана сцена за поезија?“, прашуваат родителите на загинатите деца во „Пулс“ по воведните говори на обвинетите

Со неизмерна болка на лицата, родителите на 63-те млади жртви од кочанската дискотека „Пулс“ повторно маршираа низ градот. Родителите прашуваат: дали судницата се претвори во „Струшки вечери на поезијата“? Дали зборовите, вештите интерпретации и правните конструкции треба да ја покријат смртта на нивните деца?Велат, две рочишта по ред гледаат исто сценарио: префрлање на одговорноста, бегство од фактите, избегнување на вина.„Гледаме како сите ја префрлаат топката еден на друг, а никој не застанув

Македонија | пред 10 месеци

media-libraryfagqlthlc88t29Cnrqz

Повредена од „Пулс“ сведочи: Столе ме бодреше во Брзата помош, но не издржа, почина во Белград

Животот на ученичката од четврта година во средно стручно училиште за хемија и технологија бил наидно совршен: првенец на генерација, пијанист, дел од училишниот оркестар, дете на лекари со јасна желба – да стане доктор. Сѐ се движело во вистински правец. До 16 март.„Борба – тоа е она што ни останува. И на преживеаните, и на родителите што ги изгубија децата. Секој од нас носи тежина што мора да ја издржи“, вели 19-годишната Надалина Грозданова, девојка која ја преживеа трагедијата во кочанската

Македонија | пред 10 месеци

media-library035ta02k7b10eDltSrU

Одбраната за Захариев:„ Лазар ги спасуваше децата од пожарот, тој е херој“

На денешното рочиште за трагедијата во „Пулс“ во Идризово, адвокатот Зоран Зафировски го претстави случајот на обвинетиот Лазар Захариев, припадник на приватната агенција за обезбедување „Рубикон“, како пример на човек кој во кобната ноќ направил сè што можел за да спаси животи. Според одбраната, Захариев не е причинител на трагедијата, туку човек што се борел во хаосот за да извлече што повеќе млади на безбедно.Инсистирајќи дека обвинението погрешно го претставува неговото учество, Зафировски н

Македонија | пред 10 месеци

media-libraryomvpl4gba7jh96dABqd

Адвокатот на Камбери тврди: „Телефоните не се негови“ – затворот возвраќа дека никој не признал сопственост

Адвокатот Насер Рауфи денеска пред судот изјави дека 13-те мобилни телефони и лаптопот, за кои на претходното рочиште беше соопштено дека биле пронајдени во ќелијата на обвинетиот Џеваир Камбери, не му припаѓаат на неговиот клиент. Според него, „вистинскиот сопственик“ се пријавил сам.„Го молам судот да ја провери информацијата во затворот,“ изјави Рауфи, наведувајќи дека тоа може лесно да се утврди преку управата со притворското одделение.Од затворот појаснуваат дека во ќелијата на Камбери прес

Македонија | пред 10 месеци

media-libraryj6vi8s9mk6kv7Qen62N

Екс-градоначалникот Ратко Димитровски во судницата во Идризово: „Реагирав уште во 2012, но институциите молчеа“

На денешното рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“, поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, ја отфрли вината. Во своето воведно обраќање тој рече дека е шокиран што по повеќе од една деценија се наоѓа на обвинителна клупа и дека, како што рече, „не може некој невин да го носи товарот наместо вистинскиот одговорен“.Во судницата ја даде следнава изјава, која ја пренесуваме дословно:„Изненаден сум. Никогаш, ама никогаш не би помислил дека ќе застанам на обвинителна клупа за ф

Македонија | пред 10 месеци

media-libraryorpd6vig4530eVzWlni

Одбраната тврди дека трагедијата во „Пулс“ не е последица на градежни пропусти – продолжија воведните излагања во судот

На денешното рочиште за случајот „Пулс“ одбраната на општинските градежни инспектори ја оспори тезата на обвинителството дека нивното непостапување придонело за катастрофата во која загинаа 63 млади животи. Бранителите на обвинетите објаснија дека „причината за трагедијата не произлегува од конструктивни недостатоци на објектот“, туку од други фактори кои не се во надлежност на градежните инспектори. Сите обвинети инспектори уште на почетокот упатија сочувство до семејствата на загинатите.Адвока

Македонија | пред 10 месеци

media-libraryv0daek6ng0du6VDEO84

„Вратете ми го телефонот“ – обвинетиот инспектор Георгиев со лична молба во судницата: Новото рочиште за „Пулс“ продолжува

На денешното рочиште за случајот „Пулс“ се отвори нова полемика околу улогата на поранешниот кочански градежен инспектор Огњан Георгиев (68), еден од обвинетите за тешки дела против општата сигурност. Тој, во судницата во Идризово побара да му биде вратен мобилниот телефон, кој му бил одземен како доказ во истрагата.Изјавата на Георгиев ја пренесуваме дословно:„Имам едно барање до ЈО, барам да ми се врати мојот мобилен телефон затоа што јас друг телефон немам. Мојот телефон е ’чист‘ со гаранција

Македонија | пред 10 месеци

media-libraryoag7ap4dmdqc6gm7dFC

„63 сенки ќе ги следат засекогаш“ – мајката на загинатиот Томас со болна порака пред новото рочиште за трагедијата во Кочани

Пред денешното продолжение на судскиот процес за „Пулс“, силна и емотивна реакција испрати Јулија Златкова, мајка на еден од загинатите, Томас Златков. Таа, очигледно потресена, пред новинарите зборуваше за болката која не згаснува и за огорченоста од ставот на обвинетите на претходните рочишта.63 убиени деца, 63 уништени иднини на децата и нивните семејства. Многу контрадикторно беше што на минатото рочиште никој од обвинетите не се изјасни за виновен. Зарем треба ние родителите да ги потсетиме

Македонија | пред 10 месеци

media-libraryjtl9hs4r4c693DGZpa6

Во живо продолжува судењето за „Пулс“: И денеска нови воведни зборови на одбраната

И денеска во живо може да се следи новото рочиште за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани – случај што веќе две години ја потресува јавноста. Пред Судот во Идризово денеска треба да продолжат воведните излагања на одбраната, а фокусот ќе биде на тоа што нивните тимови ќе го презентираат како аргументи против обемното обвинение поднесено од 15 јавни обвинители.На ова рочиште се очекува детално да се образложат тврдењата на адвокатите дека обвинетите не презеле дејствија со кои директн

Македонија | пред 10 месеци

media-library5a726e6tnk13dKOtx6T

Михаил: „Ја изгубив Бојана, го изгубив пријателот“

На денешното рочиште за трагедијата во „Пулс“, адвокатката на обвинетиот Михаил Јованов, Ивана Гоцева, изјави дека обвинителниот акт против нејзиниот клиент е правно неоснован и дека Обвинителството не приложило ниту еден доказ што укажува на негова конкретна улога во настаните.Гоцева оцени дека обвинението е во спротивност со основните принципи на кривичната постапка, нагласувајќи дека товарот на докажување секогаш е на страна на обвинителството.„Одбраната нема обврска да докажува невиност. Но

Македонија | пред 10 месеци

media-libraryjtl9hs4r4c693DGZpa6

(Видео) Петтообвинетата инженерка Милка Едровска до одбраната на газда Деко: „Никогаш не сум работела на ентериерот на ‘Пулс’“

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, инженерот Милка Едровска – петтообвинета во постапката – ја отфрли одговорноста која ѝ се става на товар. Таа тврдеше дека нејзината работа била ограничена само на сообраќајното решение и дека немала никаква улога во внатрешното уредување на дискотеката.Едровска јавно ја повика одбраната на првообвинетиот Дејан Јованов – Деко да потврди дека од неа никогаш не бил побаран комплетен проект.„Дејан нека каже дали некогаш од мене побарал целосен проект“, рече

Македонија | пред 10 месеци

media-librarys3droijois4v65fZo5A

„Седам во четири ѕида и секој ден ја преживувам кобната ноќ“, кажа газда Деко во судницата во Идризово

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“, сопственикот Дејан Јовановски – Деко се изјасни дека не е виновен за обвиненијата за тешки дела против општата сигурност. Во своето обраќање пред судот, тој даде подолга изјава, наведувајќи дека и самиот сè уште се справува со последиците од трагедијата во која загинаа 63 лица.„До ден денес се чудам и не можам да поверувам што се случи таа вечер“, изјави Јовановски. Тој додаде дека цели девет месеци е во притвор „во четири ѕида“ и дека секој

Македонија | пред 10 месеци

media-library3b7mkhun5djler7FN44

(Во живо) „Дејан не е монструм“ - адвокатката на газдата на „Пулс“ жестоко го брани пред судот

Адвокатката на Дејан Јовановски-Деко, газда на „Пулс“ кажа дека тој не е монструм, ниту виновен за трагедијата во која загинаа 63 лица.„Тешко ми е да го бранам човекот што за сите вас, во вашите очи е убиец, а за мене само еден обичен човек. Еден обичен човек кој колку и да го правите монструозен, тој не е. Тој е човек на кого му падна на товар, институционалната одговорност. Не сме свесни ниту колку локали и моментално функционираат пропуштени од институцинален надзор, кој во конкретниот случај

Настани | пред 10 месеци

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Никој, па ни газадата Деко не чувствува вина за смртта на 63 млади животи

Сите обвинети за трагедијата во „Пулс“ ја негираат вината – ниту еден од 38-те обвинети не се чувствува одговорен за смртта на 63-те младиВо судницата во Идризово денес заврши изјаснувањето за вина на обвинетите за најтешката трагедија во поновата историја на Македонија – пожарот во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 63 млади лица. И покрај огромните човечки загуби, ниту еден од 35-те физички и трите правни лица не призна вина.Првообвинетиот, газдата на „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, кратко и јасн

Македонија | пред 10 месеци

media-library977ma44q1g0b6gvbJCW

Преживеан од пеколот во „Пулс“ со преврзана глава се соочи со Деко во судницата

На денешното, трето рочиште за случајот „Пулс“ во Идризово, како оштетен се појави едно од лицата повредени во пожарот, со завои на главата.Пред новинарите рече дека се приклучува кон кривичниот прогон против обвинетите и дека надоместот за нанесената штета ќе го бара во граѓанска постапка.Ова е прво рочиште на кое оштетените директно се соочија со првообвинетиот Дејан Јованов – Деко, сопственикот на дискотеката.Според податоците што ги достави обвинителството, вкупно 222 лица биле повредени во

Македонија | пред 10 месеци

media-libraryehq9ked41u88cWjlnc1

Во ќелија кај обвинет за „Пулс“ кој е во притвор најдени се 13 телефони и лаптоп, се правдаше: Jас ги најдов таму уште кога влегов

Во судницата во Идризово, се одржува ново рочиште за случајот „Пулс“, на кое обвинетите треба да се изјаснат за вина. Главна расправа веднаш беше ставена во втор план, откако судијката Дијана Груевска Илиевска го соочи обвинетиот Џеваир Камбери со сериозна злоупотреба направена додека е во притвор.Според информациите изнесени во судот, при претрес на неговата ќелија во истражниот затвор „Скопје“ биле пронајдени 13 мобилни телефони и еден лаптоп, која не смеел да ја има.На прашањето на судијката

Македонија | пред 10 месеци

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Судење за „Пулс“: Обвинетите денеска се изјаснуваат за вина

Во големата судница во Идризово, денеска продолжува судењето за смртоносниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со клучната фаза – обвинетите да се изјаснат дали се чувствуваат виновни или не по наводите од обвинителниот акт.За трагедијата што на 16 март однесе 63 животи, а повреди повеќе од 210 лица, се гонат 35 обвинети и три фирми за тешки дела против општата сигурност, при што кривичното дејствие опфаќа период од 2012 година до денот на пожарот. На обвинителната клупа се сопственици и уп

Македонија | пред 10 месеци

media-library7pnfehdj6at30jwBojW

(Видео) Ново разочарување кај родителите од Кочани, по одложувањето на второто рочиште: Нѐ третираат како во административен записник!

Александар Наунов, татко на трагично загинатата Надица во пожарот во дискотеката „Пулс“, ја сподели својата болка на денешниот Марш на ангелите.„Првото рочиште го дочекавме со надеж. Второто го дочекавме со треперење, а го испративме со тешко разочарување“, изјави Наунов пред медиумите. Тој посочи дека одложувањето не ја зема предвид болката на родителите кои ја изгубиле својата деца и дека секојдневно живеат со неизмерна загуба.Наунов ги нагласи и неправдите што ги почувствувале во судот, каде

Македонија | пред 10 месеци

media-library9l1acsq71kmc9M0eyV3

Кочани и утре ќе чекори за правда: Маршот на ангелите продолжува, повик испратен од родителите

Родителите ги повикаа граѓаните да им се придружат на 29 ноември во Кочани, на 29. издание на „Маршот на ангелите“ во 14:05 часот од Паркот на револуцијата. Настанот е најавен како мирен собир „со љубов, со болка и со достоинство“ во чест на загинатите во трагедијата во „Пулс“, со порака дека зад секоја судска постапка стојат човечки животи и семејства кои сè уште чекаат вистинска правда. Тие нагласуваат дека Маршот не е протест, туку глас против неправдата и потсетник дека општеството мора да п

Македонија | пред 10 месеци

media-libraryd143n0lh9tmfa5C1yiL

(Видео) По претставка на родителите на загинатите во дискотеката „Пулс”, Апасиев закажа Анкетна комисија на 9 декември

Пратеникот на Левица и претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на човековите слободи и права, Димитар Апасиев, на прес-конференција соопшти дека закажува редовна седница по поднесената претставка од Здружението „16 Март“ – здружението на родителите на загинатите деца од Кочани. Седницата ќе се одржи на 9 декември 2025 година, со цел да не се преклопи со судските рочишта и поради симболичната поврзаност со 10 декември – Светскиот ден на човековите слободи и права.На седницата се по

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања