Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

media-libraryil4gvt00p1r8f5iSGkA

Тројца осомничени за изборни фалсификати и злоупотреба на лични податоци во Богданци

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Б.Ш. (40) од Богданци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „помагање“ во врска со кривичното дело „фалсификување исправа“. Кривична пријава е поднесена и против Д.Л. (33) од Скопје за „злоупотреба на лични податоци“ и „фалсификување исправа“, како и против Б.З. (45) од Скопје за „фалсификување исправа“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во септември 2025 година првопријавениот Б.Ш. без согласност ги искористил личните податоци од лична карта и патна исправа на неговата мајка и уште едно лице, по што тие податоци му ги предал на второпријавениот Д.Л.Второпријавениот, без знаење и согласност на оштетените лица, ги искористил нивните лични податоци во постапка за кандидирање на членови на Советот на општина Богданци пред Општинската изборна комисија – Богданци, при што ги фалсификувал и нивните потписи.Така изготвените лажни јавни исправи, на 13 септември 2025 година во Богданци, третопријавениот Б.З. од Скопје ги предал на членови на Општинската изборна комисија Богданци, со цел поднесување листа за кандидати за членови на Советот на општина Богданци.По целосно документирање на случајот, кривичните пријави се доставени до надлежното јавно обвинителство за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 месец

media-library9hgvvo1eq8ub52ZiCEb

20-годишник се заканувал на полицајци и се обидел да запали незаконски исечена дрвна маса

ОВР Берово поднесе кривична пријава против М.Г. (20) од селото Црник, пехчевско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“, „спречување службено лице во вршење на службено дејствие“ и „спречување на докажување“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 20 декември 2025 година во селото Црник, пријавениот се однесувал агресивно и упатувал закани кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија на терен.Откако полицијата констатирала дека се работи за дрвна маса која била нежигосана и без соодветна испратница, осомничениот се обидел да ја опожари, со намера да го спречи или отежне докажувањето, односно да ги уништи предметните дрва.По документирање на случајот, кривичната пријава е поднесена до надлежното јавно обвинителство за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 месец

kidnapiranje

21-годишник од Штип осомничен за насилство и киднапирање на ќерка си

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против Е.Д. (21) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „одземање на дете“.Според информациите од МВР, на 17 ноември 2025 година во Штип, пријавениот, заедно со уште две лица, физички ја нападнал својата поранешна сопруга на возраст од 23 години. По нападот, со помош на едно од присутните лица, тој ја одзел нивната малолетна ќерка.Случајот е пријавен и документиран, а кривичната пријава е доставена до надлежното јавно обвинителство за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryeq7tv8cc9qc84AAm9Qw

Радовишанци и жители на Конче пријавени за насилство, едно лице и за напад врз деца

Одделението за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава против Н.З. (19), М.И. (20) и С.К. (19), сите од Радовиш, како и против И.Р. (18) и А.Н. (20) од село Конче, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.Дополнително, против Н.З. е поднесена и кривична пријава за кривично дело „насилство врз дете“.Според информациите од МВР, на 31 декември 2025 година, пред угостителски објект во Радовиш, пријавените физички го нападнале Д.К., додека Н.З. физички нападнал и две деца.По целосно документирање на случајот, пријавите се доставени до надлежното јавно обвинителство за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryf92q9lus3vhj7rjyoDi

(Видео) МВР разби ланец за транспорт на дрога: марихуаната пренесувана со шлепувано возило

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против М.З. (37), И.Б. (61) и Г.Б. (59), сите од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Според информациите од МВР, на 26 јануари 2026 година, првопријавениот М.З. од лице од Струга купил моторно возило „опел комбо“ со швајцарски регистарски ознаки. Во возилото, заедно со второпријавениот И.Б., сместиле наркотична дрога – марихуана, по што го контактирале третопријавениот Г.Б. за да го шлепува возилото од Струга до Скопје, за надомест од 200 евра, бидејќи не било во возна состојба.По пристигнувањето во Скопје, М.З. и И.Б. побарале од Г.Б. за дополнителни 40 евра да продолжи со транспортот до Свети Николе, при што возилото „опел комбо“ било шлепувано зад товарно возило „ивеко“, а тие се превезувале во патничко возило „мерцедес“.На регионалниот пат во близина на Свети Николе, полициски службеници, постапувајќи по претходно добиени оперативни информации за транспорт на поголема количина дрога, го запреле товарното возило. При извршениот преглед на задната клупа и во багажниот простор на возилото „опел комбо“, биле пронајдени осум торби со вкупно 50 пакувања марихуана.По извршеното вештачење во Одделот за форензички испитувања при МВР, утврдено е дека станува збор за вкупно 150 килограми марихуана.Осомничените се опфатени со кривичната пријава и против нив ќе продолжи понатамошна постапка пред надлежните институции.

Настани | пред 1 месец

media-libraryr6q0vvfh2i8g33zSds1

Инвестирањето не е само раст, туку и управување со ризик

Во рамки на конференцијата „Инвестирањето во 2026“, организиран од Prime Class на тема „Инвестициски ризик и осигурителни стратегии за финансиска стабилност“, зборуваше  генералната директорка на Сава осигурување а.д. Скопје, Мелита Гугуловска.Фокусот на дискусијата беше ставен на потребата инвестирањето да се гледа како дел од поширок систем за финансиска стабилност, а не исклучиво низ призмата на приносот. Беше нагласено дека најголемите финансиски загуби ретко доаѓаат само од пазарни движења, туку од реални животни и деловни настани како здравствени ризици, прекин на приходи, семејни обврски и правни или имотни ситуации.„Ризикот не постои само на берза. Во пракса, гледаме дека најтешките финансиски удари доаѓаат од ситуации кои инвеститорите воопшто не ги планираат, а токму тие можат целосно да ја нарушат и најдобрата инвестициска стратегија“, истакна Гугуловска.Во разговорот беше потенцирана важноста на јасното разграничување меѓу инвестирањето и осигурувањето, како два различни, но комплементарни механизми. Инвестирањето има улога да создава раст, додека осигурувањето постои за да заштити од загуба. Мешањето на овие две улоги, како што беше нагласено, често води до преземање несоодветен ризик и носење избрзани одлуки во моменти на притисок. Оттука особено важен сегмент е едукацијата која ја гради основата за донесување добри одлуки.Посебен акцент беше ставен на осигурувањето како активна алатка за управување со ризик, која може да ѝ даде стабилност на инвестициската стратегија и да овозможи дисциплинирано и долгорочно инвестирање, особено во услови на економска неизвесност и глобални кризи.„Осигурувањето не е конкуренција на инвестирањето, туку негова подлога. Кога клучните ризици се покриени, инвеститорот не е принуден да носи панични одлуки или да продава инвестиции во погрешен момент. Тоа е разликата меѓу реактивно и зрело управување со капитал. Важно е да зборуваме и едуцираме, особено за неживотното осигурување и неговата улога во планирањето на нашите финансиски одлуки.“, нагласи Гугуловска.Како заклучок од разговорот беше испратена пораката дека финансиската стабилност не се гради со избегнување на ризик, туку со негово правилно управување. Зрелото инвестирање подразбира јасно разбирање што треба да расте, но и што мора да остане заштитено, особено во динамичен и неизвесен глобален контекст.

Македонија | пред 1 месец

paridenari1

СДСМ со поддршка за барањата на синдикатите: Партијата нема да организира учество на протестот

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија соопшти дека целосно ги поддржува денешниот протест на работниците и барањата на Сојузот на синдикати на Македонија за зголемување на платите, нагласувајќи дека протестите мора да останат автентичен и независен израз на незадоволството на работниците.Од СДСМ посочуваат дека партијата принципиелно ќе продолжи да ги поддржува барањата на секоја група граѓани на кои им е потребна помош, но дека нема и нема да даде организирана, партиска поддршка за протестот.„Нашите членови, како дел од синдикатите, можат автентично и индивидуално да учествуваат во протестите, но СДСМ нема да организира партиско присуство. Протестите мора да останат независни и веродостојни, исто како што и нивната организација е автентична“, соопштуваат од партијата.Во соопштението се нагласува дека во периодот кога СДСМ беше на власт немало потреба од протести на улиците, бидејќи платите континуирано растеле, дури и во услови на најтешки економски и здравствени кризи. Како што наведуваат, во тој период владините политики биле насочени кон интересите на граѓаните, а не кон поединци.„Парите завршуваа кај граѓаните. Минималната плата ја зголемивме од 8.000 на над 20.000 денари, а просечната плата од 22.000 на над 42.000 денари“, се вели во реакцијата.СДСМ остро реагира и на ставовите на Независната стопанска комора, оценувајќи дека нивната реакција е исклучиво во заштита на приватниот бизнис интерес на премиерот Христијан Мицкоски.„Драго ни е што еден по еден излегуваат на виделина и го покажуваат своето вистинско лице. Граѓаните сега јасно гледаат кој работи за скапите часовници на Мицкоски. Листата станува сè подолга“, наведуваат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Македонија | пред 1 месец

media-library8r67i2vhuh6339q7VX2

Камбовски не се сеќава на претставки за мито против судијата Ристов познат по соѕиданите пари, ќе провери па ќе каже

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, во изјава за медиумите пред почетокот на денешната седница, изјави дека не располага со точен податок колку пријави биле поднесени против судијата Ѓоко Ристов, кај кого во домот на неговите родители беа пронајдени заѕидани 350.000 евра, но нагласи дека досега немало пријави од негови колеги – судии од Апелациониот суд.Камбовски посочи дека во Судскиот совет постојано пристигнуваат голем број претставки, но дека не се сеќава на конкретна претставка која се однесувала на сомнеж за земање мито или слични тешки обвиненија против судијата Ристов.„Во Судскиот совет има безброј претставки. Од прва, не се сеќавам дека имало конкретна претставка за земање мито или нешто слично. Колку што паметам, имаше случај кој се однесуваше на негово неизземање во предмет каде што требало да биде изземен. За други конкретни наводи во овој момент не можам да се сетам. Ќе ви одговориме официјално, за да не дадам неточна информација“, изјави Камбовски.На дополнително новинарско прашање дали во Судскиот совет имало пријави поднесени од судии, колеги од Апелациониот суд, конкретно против судијата Ѓоко Ристов, Камбовски децидно одговори дека такви пријави немало.„Не. Во однос на пријави од негови колеги – судии од Апелација, досега немало такви пријави во Судскиот совет. Можеби имало претставки, па и анонимни претставки, но од колеги-судии – не“, нагласи претседателот на Судскиот совет.Тој најави дека Судскиот совет ќе излезе со официјален и прецизен одговор за сите прашања поврзани со евентуалните претставки и постапки, откако ќе се изврши целосна проверка на документацијата.

Македонија | пред 1 месец

media-librarybbvpcdu9bmntc5SCimx

(Фото) Претреси во Брвеница: Пронајдени дрога, оружје и над 30.000 евра, приведени пет лица

Полициски службеници од СВР Тетово – Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје, утрово извршија координирана акција во тетовското село Брвеница, при што беа лишени од слобода пет лица и беа пронајдени дрога, оружје и поголема сума пари.Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 28 јануари 2026 година во 06:40 часот биле приведени И.Ј. (43), С.З. (36), Д.П. (69), Д.П. (65) и С.З. (42), сите од село Брвеница. Врз основа на претходно издадена судска наредба, извршени биле претреси во нивните домови, помошни простории и патнички возила.При претрес кај И.Ј. биле пронајдени пет паковки со бела прашкаста материја, 52 куршуми од автоматска пушка калибар 7,62 милиметри, два куршуми од пиштол од непознат калибар, како и една чаура од автоматска пушка. Кај С.З. (36) биле одземени 20 куршуми од автоматска пушка калибар 7,62 милиметри, пиштол и рамка со два куршуми кои ги поседувал без дозвола, како и дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја.Кај Д.П. (69) полицијата пронашла пиштол без дозвола, како и ловен карабин, ловна пушка и пиштол за кои имал соодветни дозволи. При претрес кај Д.П. (65) биле пронајдени два списоци и една тетратка со имиња на лица, два компјутери, како и околу 31.640 евра, 3.400 швајцарски франци и 56.500 денари. Кај С.З. (42) била пронајдена бела прашкаста материја.Приведените лица се задржани во полициска станица за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 396 и член 215 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 1 месец

media-library44fkk6lo0ouk51N5oIy

„Каде е д-р Жан?“ – СДСМ обвинува за организирана кампања и селективна правда

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска реагираше на, како што наведуваат, континуираната лажна кампања и јавен линч насочен кон претседателот на партијата, Венко Филипче, при што, според нив, клучниот актер во обвинувањата – Жан Митрев – целосно исчезнал од јавноста.Од СДСМ посочуваат дека по неговото гостување на Алфа телевизија, каде што, како што велат, биле изнесени невистини и неосновани обвинувања на сметка на Филипче, д-р Митрев повеќе не се појавил во јавноста, ниту пак дал дополнителни изјави.„Излезе на Алфа ТВ, изнесе лаги за претседателот Филипче и го снема. Каде е д-р Жан?“, прашуваат од СДСМ.Партијата отвора и прашање за постапувањето на Јавното обвинителство, нагласувајќи дека и покрај тоа што кампањата трае со недели, нема никаква институционална реакција.„Го повика ли Обвинителството д-р Жан? Кога ќе оди и ќе даде изјава? Овие прашања ги поставуваме со недели, но одговор нема“, се наведува во реакцијата.Од СДСМ оценуваат дека станува збор за организирана медиумска кампања која, според нив, се води преку медиуми под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, со цел политичка дискредитација, додека институциите остануваат неми.„Кампањата трае со недели, но Обвинителството не реагира. Тоа отвора сериозни сомнежи за селективна правда и политички мотивирани напади“, порачуваат од СДСМ.

Македонија | пред 1 месец

media-librarycfh5ufqhpcqr0PqAnXa

Филипче: Наместо да најдат решение за транспортот, ја обвинуваат ЕУ – цехот го плаќа бизнисот

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека најзагрижувачка е сè поизразената антиевропска реторика на Владата и постојаното префрлање на вината кон Европската Унија, додека клучните обврски во државата остануваат несработени, а последиците ги трпи бизнисот.„Знаевме дека во 2025-та година таква одлука донесе Европската Унија, се поставува прашањето што Владата направи на тоа поле? Ако Европската Унија јасно кажала дека ги менува плановите, регулативите за движење, воведување на електронски систем минатата година, прашањето е што ние направивме? Ограничувањето на движењето не е само за камионџиите, и за другите луѓе кои што имаат работа, кои што имаат бизниси. Очигледно е дека владата не прави ништо, а не правејќи ништо ние ќе бидеме сѐ поизолирани“, рече Филипче.Филипче нагласи и дека последиците не ги трпат само превозниците, туку и бизнисите, индустријата, студентите и сите граѓани кои имаат професионални или лични обврски надвор од државата.„Гледајте каде сме, гледајте какви проблеми има, гледајте какви протести има. Ќе страда индустријата во следниот период, нема повеќе да функционира како што функционираше досега транспортниот сектор. Камионџиите ги блокираат граничните, а, премини, не без причина. Тие имаат реален проблем. Граѓаните ќе имаат сѐ поголем проблем. И не се само превозниците. Многу други граѓани имаат проблем на повеќе нивоа. Повеќе работи се под ризик во земјава. Меѓунационалните односи со прогресот на Албанија кон Европската Унија. Студентите ако сакаат, може да студираат надвор за десет пати помалку пари, ако сме земја членка на Европската Унија, наспроти сега. Со оваа влада, со изолацијата која што намерно се наметнува, сè страда во државата. Сè буквално“, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 месец

Oliver-Spasovski

Спасовски: Барањето за минимална плата од 600 евра е оправдано и неопходно

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, изрази целосна поддршка за протестот на работниците и за активностите на Сојузот на синдикатите на Македонија, нагласувајќи дека борбата за достоинствени плати е легитимна и неопходна во услови на растечка инфлација и поскапувања.Според Спасовски, граѓаните живеат сѐ потешко, бидејќи зголемените цени директно го намалуваат животниот стандард, додека платите не го следат растот на трошоците за живот. Во таа насока, тој оцени дека барањето за зголемување на минималната плата на 600 евра е оправдано и реално.„Инфлацијата и поскапувањата го јадат стандардот на граѓаните. Затоа барањата на работниците се сосема оправдани и неопходни“, истакна Спасовски.Тој потенцираше дека СДСМ и од опозициска позиција цврсто стои зад работниците и синдикатите, потсетувајќи дека партијата предложила закон за зголемување на минималната плата, како и конкретни законски решенија и амандмани за покачување на платите во повеќе сектори, кои, како што наведе, биле одбиени од актуелната власт.Спасовски потсети и на резултатите од периодот на владеење на СДСМ, кога, според него, било покажано дека е можно поинаков пристап кон работничките права и платите.„Минималната плата ја зголемивме од 8.000 на над 20.000 денари, а просечната плата од 22.000 на над 42.000 денари. Тоа се факти кои покажуваат дека со соодветни политики може да се подобри животниот стандард“, рече тој.На крајот, Спасовски порача дека обврска на секоја влада е да обезбеди достоинствени плати и сигурна иднина за работниците, нагласувајќи дека без силни и задоволни работници нема стабилна економија ниту одржлив развој.

Македонија | пред 1 месец

media-library1clchr1co3s804Qhs7Z

„Одј*бете од протестoт“: Остра порака на Кристина Ампева до политичките партии

Активистката и претставничка на движењето „Гласен текстилец“, Кристина Ампева, вчера упати остра порака до политичките партии во пресрет на денешниот работнички протест во Скопје, порачувајќи им да не се обидуваат да го присвојат или политизираат настанот.Ампева реагираше по најавите за партиска поддршка на протестот, оценувајќи дека токму партиите во изминатите три децении ја носат одговорноста за лошата положба на македонскиот работник.„Бидејќи гледам дека политички партии почнаа да даваат поддршка на протестот, јас да си кажам – да си ги тргнат канџите од утрешниот протест и да не помислат да дојдат“, порача Ампева.Таа нагласи дека досегашното владеење на сите партии не донело суштински подобрувања за работничките права, платите и достоинството на работниците, поради што, како што рече, е лицемерно сега да се повикуваат на нивна поддршка.„Се виде сите партии 30 и кусур години што направија за македонскиот работник. Затоа не ми е јасно како сега уста им е полна со работниците и нивните плати“, истакна Ампева.„Никаков аир ако давате поддршка, нема никому услуга да направите. Само штета. Оставете ги работниците сами да се изборат за нивните права, плати и достоинство“, порача таа.Ампева на крајот упати повик до работниците да останат обединети и да учествуваат на протестот, нагласувајќи дека борбата е исклучиво работничка и непартиска.„Се гледаме драги колеги и колешки од работничка вероисповест утре во 17 часот во Скопје. Работнички поздрав“, напиша Ампева.

Коментари | пред 1 месец

media-librarybc37p8hegdd942f2iZf

Филипче: Владата ја изолира државата, премиерот во Давос остана без поддршка

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска оцени дека меѓународната позиција на државата е сериозно нарушена и дека актуелната власт со своите политики ја води земјата кон целосна изолација. Според него, изостануваат какви било конкретни резултати на надворешен план, а настапот на премиерот на Светскиот економски форум во Давос бил јасен показател за тоа.„Гледаме дека премиерот не можеше да обезбеди ниту еден состанок со ниту еден европски претставник на Форумот во Давос. Целосно маргинализиран, правеше селфија по ходниците, немаше ниту еден битен состанок“, изјави Филипче, алудирајќи на настапот на премиерот Христијан Мицкоски.Филипче нагласи дека ваквата состојба се рефлектира и во односите со клучните стратешки партнери на државата, особено со Соединетите Американски Држави, каде што, според него, нема видливи резултати ниту конкретна поддршка.„Соединетите Американски Држави со децении се наш стратешки партнер. И покрај фалбите на власта дека сме во некаков ‘периметар’, видовме дека немаме никаков бенефит. Суштината е дека сме изолирани. Гледајте како САД нè ставаат по страна. Оваа влада нема покана за ‘Одборот за мир’, а претседателот Трамп и новата администрација имаат фокус на други земји во регионот“, рече Филипче.Тој оцени дека ваквата состојба е резултат на, како што ја нарече, свесна политика на изолација, преку соработка со авторитарни режими, внесување сомнителен капитал и, според него, гушење на демократијата и слободата на говор.Филипче посочи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ не ги исполнила ниту ветувањата поврзани со подобрување на преговарачката рамка со Европската Унија, што, според него, дополнително ја потврдува тезата за намерно изолирање на државата.„Со националистичка реторика и пропаганда дека сите се предавници, ветуваа подобра позиција со ЕУ. Што направија? Ја изолираа земјата. Сега гледаме дека премиерот не може ниту телефонски да ја добие претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Овие луѓе добро знаат дека пред неколку години со вувузели ја исвиркуваа токму неа. Треба да им биде јасно на граѓаните дека ова е смислено сценарио за изолација на државата“, истакна Филипче.

Македонија | пред 1 месец

soobrakajka

Тројца возачи приведени поради алкохол во Куманово и Прилеп, еден предизвикал и сообраќајка удирајќи во три паркирани возила: има повредени

Тројца возачи се лишени од слобода во Куманово и Прилеп поради управување моторни возила под дејство на алкохол, а во еден од случаите е предизвикана и сообраќајна несреќа, велат од МВР и додаваат:На 27 јануари 2026 година, околу 21:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Ј. (35) од Куманово. Претходно, во 20:20 часот, на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово, управувајќи патничко возило „пежо“, тој удрил во три паркирани возила. По извршените проверки било утврдено дека возачот бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта.Во Прилеп, на 28 јануари 2026 година, во 01:30 часот, на улицата „Цар Самоил“, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.Т. (43) од Прилеп. При контрола на патниот сообраќај било запрено патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски ознаки, кое тој го управувал, а по преземените мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,13 промили алкохол во крвта.Исто така, на 28 јануари 2026 година, во 01:00 часот, на улицата „Александар Македонски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода и А.К. (35) од Прилеп. При сообраќајна контрола било запрено патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, а по извршените проверки било утврдено дека возачот бил под дејство на алкохол, со измерени 2,54 промили алкохол во крвта.По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 1 месец

maricic

Бојан Маричиќ избран за претседател на ДИК со двотретинско мнозинство

Со двотретинско мнозинство, Собранието денеска го избра новиот состав на Државна изборна комисија. Од вкупно 92 присутни пратеници, 83 гласаа „за“ поранешниот министер за правда, кој беше и вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ да стане нов претседател на ДИК.За потпретседател на Комисијата е избран Абдуш Демири, додека за членови на ДИК се избрани Александар Даштевски, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко, Ангелче Ристов и Дитмире Шеху.За овие позиции беа пријавени вкупно 16 кандидати, меѓу кои најголем дел правници, но и кандидат со образование од областа на електротехниката, како и дефектолог.Од граѓански активизам до клучни државни функции, ваква е во кратки црти политичката траекторија на Маричиќ. Тој станува политички поекспониран во 2016 година, како претседател на невладината организација Меѓународен центар за европско образование и активен поддржувач на „Шарената револуција“, период во кој често учествуваше во јавни дебати за евроатлантскиот курс на државата.Во 2017 година е назначен за посебен советник за евроатлански интеграции на тогашниот премиер Зоран Заев, а подоцна активно учествува и во процесите поврзани со постигнувањето на Преспанскиот договор. По неговото изгласување во Собранието, Маричиќ беше именуван за главен технички преговарач со Европската Унија и шеф на техничкиот преговарачки тим во рамки на скрининг-процесот.Маричиќ е дипломиран правник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, со дополнителни студии во Лондон и Амстердам. По враќањето во земјава, кратко време работел како асистент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а има и професионално искуство на проекти за француското Министерство за внатрешни работи, како и во невладиниот сектор.Во јавноста беше актуелен и по сметките за гоштевање на државна сметка.

Македонија | пред 1 месец

media-librarydettuoook9do03T9fRf

Најмалите мајмунчиња на светот со ново потомство во ЗОО Скопје

Од ЗОО Скопје пристигна убава вест – еден од паровите џуџести мармозети доби близначиња. Станува збор за најмалите мајмуни на светот, чија телесна тежина во зрелост не надминува 100 грама.Поради нивната исклучително мала големина, двете бебиња сѐ уште тешко се забележуваат со голо око. Тие постојано се носат на грбот на мајката, додека во нивната грижа активно учествува целата група, што е карактеристично за овој вид.

Скопје | пред 1 месец

mucunski-3

Македонија со порака до Бугарија: Немаме намера да учествуваме во внатрешните политички процеси, често се ставате во улога на рецензенти наместо партнери

Министерството за надворешни работи на Република Македонија соопшти дека државата нема ниту намера, ниту потреба да биде дел од внатрешнополитичките или изборните процеси во Република Бугарија, реагирајќи на ставовите објавени од Министерство за надворешни работи на Република Бугарија.Во реакцијата од Министерство за надворешни работи на Република Македонија се изразува жалење што бугарската дипломатија, како што се наведува, сè почесто се поставува во улога на рецензент на изјави на македонски политички претставници, наместо да настапува како партнер во суштински и европски ориентиран дијалог. Од МНР порачуваат дека нема да се вклучуваат ниту преку коментари, ниту преку интерпретации, ниту преку учество во дневнополитички наративи во Бугарија.Во соопштението се упатува повик до бугарските институции да се водат од принципите на добрососедство, заемно почитување, предвидливост и институционална комуникација, кои, како што се наведува, се темел на европските вредности и стандарди. Се потенцира дека Европа се гради врз основа на доверба и конкретни резултати, а не преку етикетирање и политички квалификации.Министерството нагласува дека Република Македонија останува отворена и подготвена за дијалог, доколку тој се води во духот на европските вредности, со почитување и конструктивен пристап меѓу двете држави.

Македонија | пред 1 месец

zan-mitrev

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Молк од Филипче и институциите за обвинувањата на Жан Митрев

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изјави дека Јавното обвинителство е должно да постапува по секој случај во кој постои сомнеж за корупција и криминал, посочувајќи го како пример случајот поврзан со клиничката болница „Жан Митрев“.Петрушевски нагласи дека поминале повеќе од десет дена откако доктор Жан Митрев јавно зборувал за, како што навел, наводните намери на Венко Филипче да ја преземе клиничката болница што ја води, но дека во јавноста сè уште нема одговор ниту од Филипче, ниту од надлежните институции. Според него, токму овој молк отвора дополнителни прашања и ја засилува потребата од институционална реакција.Тој оцени дека во Јавното обвинителство постојат доволно информации врз чија основа може да се покрене постапка и повтори дека планот за преземање на клиничката болница, како што рече, бил внимателно осмислен и во него бил вклучен и поранешниот премиер Зоран Заев. Според тврдењата на Петрушевски, во тие активности биле користени притисоци и изнуда, како и ветувања за влијание врз судски постапки во кои страна бил доктор Митрев.Пратеникот истакна дека е добро што ваквиот план, како што го опиша, не бил реализиран, бидејќи, според него, вклучувал обид за приватизација на јавни средства, односно пари на граѓаните. Како аргумент, тој наведе дека за време на мандатот на Филипче значително се зголемиле средствата што Фондот за здравствено осигурување ги префрлал кон клиничката болница, при што сумата во 2020 година достигнала околу 11 милиони евра, речиси двојно повеќе во споредба со 2015 година.Според Петрушевски, токму ваквото зголемување на јавните средства, паралелно со наводите за обид за преземање на болницата по ниска цена, отвора сериозни сомнежи што мора да бидат темелно испитани. Тој додаде дека за прашањата на кои Филипче, според него, не сака да одговори, конечниот суд го даваат граѓаните на избори, но дека одговорноста на обвинителството е поинаква и законски утврдена.На крајот, Петрушевски уште еднаш апелираше до Јавното обвинителство да ги разгледа сите јавно изнесени информации и да постапи согласно законските надлежности, нагласувајќи дека секој, па дури и најмал сомнеж за корупција и криминал, мора да биде предмет на истрага.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryah7dsge3lns32kJsvpK

Филипче: Владата се шета по светот без резултат, а не сака да ги покачи платите

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање остро ја критикуваше Владата, оценувајќи дека наместо да се фокусира на подобрување на животниот стандард на граѓаните, таа се занимава со, како што рече, бесцелни патувања без конкретни резултати, додека одбива да ги зголеми платите.Филипче нагласи дека Владата мора да сфати оти нејзината основна улога е да разговара со синдикатите и со работниците и да одговори на нивните реални потреби, а не да ја игнорира нивната состојба. Според него, гласот на работниците и на синдикатите мора да биде слушнат, а причините за нивното незадоволство сериозно да се анализираат.Тој посочи дека излегувањето на синдикатите на протест е јасен сигнал дека работниците се соочуваат со сериозни егзистенцијални проблеми. „Тоа се луѓе што не можат да врзат крај со крај, во услови кога платите се крајно ниски, најниски во регионот, нема никаков тренд на раст, а цените континуирано се зголемуваат“, изјави Филипче.Притоа, тој потсети дека јавноста добро памети какви биле условите за работниците за време на владите предводени од СДСМ, кога, како што рече, и во услови на најголеми кризи платите континуирано растеле. Според Филипче, токму таквите политики биле доказ за вистинска грижа за работниците и за нивниот животен стандард, за разлика од актуелниот пристап на Владата.

Македонија | пред 1 месец

media-library3nf2j6gaan2ic3xojPA

Филипче: Ново задолжување од 300 милиони евра е на повидок, кризата се продлабочува

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека државата се подготвува за ново задолжување во износ од 300 милиони евра, предупредувајќи дека ваквата пракса станува континуирана и дека економската состојба е сѐ посериозна.Според Филипче, новото задолжување ќе биде насочено кон пополнување на буџетските дупки, во услови кога државата, како што рече, е соочена со длабока економска криза. Тој нагласи дека принципиелно дава поддршка на барањата на сите групи граѓани кои бараат помош, оценувајќи дека гласот на работниците и синдикатите мора да биде слушнат.Филипче потсети дека во периодот кога СДСМ ја водеше Владата, дури и во услови на глобални кризи, платите бележеле континуиран раст. Како аргумент посочи дека за седумгодишен период минималната плата била речиси дуплирана, а значително пораснала и просечната плата, што, според него, било резултат на стабилни и одговорни економски политики.Тој нагласи дека ваквите политики биле поткрепени и со силен прилив на странски инвестиции, при што во последната година од владеењето на СДСМ тие достигнале речиси една милијарда евра. Денес, според Филипче, такви инвестиции нема, странските вложувања се значително намалени, а дел од компаниите ја напуштаат земјата, што дополнително ја продлабочува кризата.„Соочени сме со голема економска криза, а наместо развој и инвестиции, сведочиме на нови задолжувања кои немаат крај“, порача Филипче.

Македонија | пред 1 месец

media-librarydvvn1vmbt6qddeJ3NeN

Николоски во Загреб побара поддршка од Хрватска за решавање на проблемот со транспортерите

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски утрово во Загреб оствари работна средба со потпретседателот на Владата на Хрватска и министер за поморски работи, транспорт и инфраструктура Олег Бутковиќ, на која беше потврдена добрата билатерална соработка меѓу двете земји и беше отворено прашањето за актуелните предизвици во транспортниот сектор.Во фокусот на разговорите доминираше проблемот со македонските и регионалните транспортери поврзан со новиот систем за електронска евиденција за престој во земјите од Шенген-зоната. Николоски потенцираше дека станува збор за суштински проблем кој не се однесува само на Македонија, туку на целиот регион на Западен Балкан, нагласувајќи дека неговите последици ги чувствуваат и компании од Европската Унија кои инвестирале во регионот и се извозно ориентирани кон европските пазари.Во таа насока, тој побара силна и активна поддршка од Владата на Хрватска за изнаоѓање соодветно решение на ниво на Европската Унија, со кое би се олеснило работењето на македонските и регионалните превозници и би се спречиле дополнителни економски штети.На средбата беше отворено и прашањето за унапредување на соработката во транспортниот сектор, со посебен акцент на железничкиот транспорт. Двајцата вицепремиери разговараа за можностите за набавка на нови возови и локомотиви, како и за модернизација на возниот парк за потребите на МЖ Транспорт, што би придонело за поголема ефикасност и поврзаност во регионот.Дополнително, беше разгледана и можноста за зголемување на економската и трговската соработка меѓу Македонија и Хрватска, со фокус на инфраструктурни проекти и потенцијално учество на специјализирани хрватски компании во нивната реализација.Двајцата соговорници ја нагласија важноста на средбата и потребата од силна поддршка за Македонија во евроинтегративните процеси, изразувајќи заедничка заложба за натамошно интензивирање на економската соработка меѓу двете држави.Во рамки на денешната работна посета на Загреб, Николоски ќе оствари и средби со претседателот на Стопанската комора на Хрватска, претставници на бизнис-заедницата, како и со членови на Собранието на Хрватска.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryh4m9dl6lam741M7cBQX

Цаневска за кандидатката за антидискриминаторската комисија: Не се поднесува оставка од желба, брука е незнаењето и партискиот избор

Независната советничка на СДСМ во Град Скопје, Катерина Цаневска, со остра реакција се огласи по повлекувањето на Џихан Ахмед од кандидатурата за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, оценувајќи дека јавноста се соочува со сериозна институционална и политичка брука.Цаневска посочи дека не ѝ е јасно од што точно кандидатката „поднела оставка“, нагласувајќи дека од желба или намера за кандидатура не се поднесува оставка, бидејќи таа формално никогаш не била избрана на функцијата. Според неа, суштинскиот проблем не е во самиот чин на повлекување, туку во фактот што лице кое конкурира за член на Комисијата за заштита од дискриминација покажало непознавање на основни поими и документи од областа.Таа како особено проблематично го оцени настапот во кој се зборувало за „Истанбул“ како град, наместо за Истанбулската конвенција, документ што е клучен во системот на заштита од родово-базирана дискриминација и насилство. Според Цаневска, тоа е недозволиво за кандидат кој треба да одлучува за прашања од еднаквост и недискриминација.Во својата реакција, Цаневска не ја насочи критиката само кон кандидатката, туку и кон Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата. Таа оцени дека вистинската брука е што Комисијата, наместо да биде филтер за стручност и компетентност, избрала кандидат за да се исполни партиски коалициски договор, игнорирајќи го квалитетот на одговорите дадени на јавниот распит.„Бруки за сите“, порача Цаневска, додавајќи дека јавната и силна реакција од граѓанскиот сектор и јавноста е оправдана и потребна, бидејќи само преку притисок и јасна критика може да се спречи понатамошно уривање на довербата во институциите кои треба да ги штитат човековите права и принципот на недискриминација.

Коментари | пред 1 месец

media-library3cd8tojnvljnbkoF6ta

Филипче: Целосна поддршка за работничкиот протест, платите растеа само за време на СДСМ

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска изрази целосна поддршка за протестот на Сојузот на синдикати на Македонија и за барањата на работниците упатени до Владата, оценувајќи дека зголемувањето на платите е реално, оправдано и неопходно за опстанокот на работничките семејства.Филипче информираше дека на вчерашната седница на Извршниот одбор на Социјалдемократски сојуз на Македонија било донесено едногласно решение партијата да застане зад синдикалниот протест и јавно да ги поддржи барањата на работниците. Според него, станува збор за легитимни и објективни барања, бидејќи поголемата плата не е луксуз, туку услов за достоинствен живот.Тој потсети дека за време на владите предводени од СДСМ платите континуирано растеле, при што минималната и просечната плата речиси се удвоиле, и тоа во период на тешки глобални кризи, како ковид-пандемијата и енергетската криза. Филипче нагласи дека таквиот раст бил резултат на добро водена економска политика, зголемени капитални инвестиции и силен прилив на странски инвестиции.Според него, овие практики денес се напуштени, а актуелната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН не покажува капацитет за стабилно економско управување. Наместо реални мерки за подобрување на животниот стандард, како што рече, државата се соочува со постојани нови задолжувања кои ќе паднат на товар на идните генерации.Филипче изрази жалење што власта пред неколку месеци не го поддржала предлогот на СДСМ за зголемување на минималната плата, додавајќи дека партијата и во иднина ќе продолжи да предлага законски решенија насочени кон раст на платите и подобрување на економската сигурност на граѓаните.

Македонија | пред 1 месец

media-library3sfljie24jbi9L9mIjJ

Лога лоцира во која „стапица“ ја фатиле Ахмед, Мерсиха го потсети дека во 2020 член на комисијата станал кандидат кој не се појавил ни на интервју

Ексминистерот за правда Кренар Лога, кој доаѓа од редовите на Алијансата на Албанците, смета дека повлекувањето на Џихан Ахмед од кандидатурата за Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е морален чин кој заслужува почит, но вистинската одговорност, според него, не лежи кај кандидатката.„Џихан Ахмед имаше лош ден на своето претставување во Собранието. Со голема веројатност и било кажано дека се е само формалност и дека гласовите за нејзин избор се обезбедени. Токму ова е стапицата во која би паднале над 90% од сите оние кои претходно биле избрани на позиции од ова ниво, без да поминат низ интервју од ваков тип. Сепак, вистинските виновници се претставниците на ВРЕДИ, односно оние кои ги менаџираат кадровските прашања, затоа што не ги подготвуваат своите кандидати за „тешко“ (телевизиско) интервју и за настап во собраниската сала. Не сите се навикнати на камери, ниту пак на највисоката институција во државата. Со моралното повлекување од кандидатурата, Џихан заслужува само почит - ништо повеќе, ништо помалку. Ниту еден навредлив или тенденциозен коментар не смее да биде демотивирачки фактор за пробивање на професионалниот пат и кариерата на една млада жена, а во овој случај професорка. Јас лично не ја познавам Џихан, но јавно и порачувам дека, исто како и таа, сите ние сме имале моменти на слабост, колебање или моментално незнаење. Тоа не треба да биде пречка или причина за повлекување; напротив, треба да биде поттик за посилен повраток, таму каде што му припаѓа секој поединец кој има амбиција да го направи најдоброто за своите деца и за целото општество. Само напред!“, напиша Лога.На ваквиот став реагираше Мерсиха Смаиловиќ, која потсети на сопственото искуство од 2020 година, кога, како што тврди, член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација бил избран од тогашното парламентарно мнозинство без воопшто да се појави пред собраниската комисија. Таа наведува дека станувало збор за кандидат со рачно напишано CV, кој никогаш не бил јавно претставен или испрашан, но сепак бил избран.„Јас кога аплицирав за Комисијата, членот кој во 2020та беше избран од Парламентарното мнозинстов (СДСМ и ДУИ), доктор по медицина, со рачно напишано CV не се појави пред Парламентарната Комисија. Си го избраа без никој од нас да го види и чуе. Џихан самоуверена во своите одговори и знаење, не ни требала да се појави. Секако ќе поминеше... таква е праксата и не е единствената ни првата во оваа Комисија која не била соодветна. Секако не ги заслужува бројните негативни коментари и исмејување. Во нашава држава Господ знае колку Министри, Пратеници, Директори се на истово ниво!“

Коментари | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања