Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

media-libraryq07m35ns3abqb43WnBV

Данската премиерка Фредериксен: Заврши ерата на светскиот поредок каков што го познаваме

Данската премиерка Мете Фредериксен оцени дека завршило времето на досегашниот светски поредок и дека не верува оти тој повторно ќе се воспостави. Таа ова го изјави на јавна трибина на парискиот универзитет Sciences Po, на која учествуваше заедно со премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен.Обраќајќи им се на студентите, Фредериксен истакна дека „светскиот поредок каков што го познаваме е завршен и нема да се врати“, предупредувајќи дека Европа се соочува со длабоки и долгорочни безбедносни предизвици. Таа нагласи дека Русија, според нејзина оценка, „не сака мир со Европа“ и повика Европската унија и Соединетите Американски Држави да останат обединети во одговорот на глобалните кризи.Во своето излагање, данската премиерка се осврна и на неодамнешните тензии со САД поврзани со Гренланд, нагласувајќи дека и Копенхаген и Вашингтон делат загриженост за безбедноста на Арктикот. Таа порача дека Данска ќе се обиде „да пронајде заеднички пат со САД“, и покрај разликите и зголемената чувствителност околу геополитичките прашања во регионот.Гренландскиот премиер Нилсен, пак, зборуваше за последиците од овие тензии врз локалното население. Тој истакна дека владата во Гренланд е исправена пред сериозен предизвик – истовремено да се спротивстави на надворешните притисоци и да се грижи за граѓаните кои се чувствуваат вознемирени и исплашени од глобалните случувања.Неговата порака, како што нагласи, е дека стабилноста и безбедноста на луѓето мора да останат приоритет, дури и во услови на длабоки промени на меѓународната сцена.

Свет | пред 1 месец

media-libraryd27cureiliuadiUPLyP

Заладување на односите меѓу Канада и Америка: Таму речиси ништо повеќе не е нормално

Канадскиот премиер Марк Карни упати остар и директен одговор во парламентот во Отава, коментирајќи ги односите со САД и можностите за „пристојни преговори“ со Вашингтон за трговските и економските прашања.„Вашингтон се промени. Речиси ништо повеќе не е нормално во Соединетите Американски Држави. Тоа е вистина“, изјави Карни пред пратениците, додавајќи дека Канада, и покрај тоа, продолжува со континуирани разговори со американските лидери. Тој потврди дека неодамна имал и телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, во кој биле допрени и чувствителните трговски теми.Тензиите меѓу Канада и САД дополнително се заострија за време на вториот мандат на Трамп, откако Вашингтон најави можност за воведување високи царини за канадските производи, вклучувајќи челик, автомобили и други индустриски стоки. Заканите, според Карни, имаат за цел да извршат притисок врз Отава поради нејзините трговски договори со други партнери, меѓу кои и Кина.Ваквиот развој го натера канадскиот премиер јавно да предупреди дека традиционално блиската економска врска меѓу двете земји е „речиси завршена“ и дека Канада мора стратешки да ги диверзифицира своите трговски односи, намалувајќи ја зависноста од американскиот пазар.Минатиот месец, на Светскиот економски форум во Давос, Карни одржа говор кој предизвика силен меѓународен одек. Тој ги критикуваше политиките на големите сили, укажувајќи дека глобалниот поредок се менува и дека таканаречените „средни сили“, како Канада, мора поцврсто да се здружат за да ги заштитат сопствените интереси во свет кој, според него, повеќе не функционира според старите правила.Односите меѓу Канада и САД традиционално се сметаат за едни од најблиските во светот, изградени врз длабока економска интеграција и речиси еден век трговска соработка. Сепак, по изборната победа на Карни во 2025 година и неговите најави дека ќе ги брани канадските интереси од американските царини и политички притисоци, овие врски значително се искомплицираа.Дополнителни тензии предизвикаа и изјавите на Трамп од минатото, во кои тој ја спомена идејата Канада да стане „51. држава на САД“, што Карни јавно и остро го отфрли како неприфатливо.

Свет | пред 1 месец

media-libraryous637tr24fl2NvzuEe

Трет ден блокади: Товарниот сообраќај кон Шенген и натаму во прекин, штетите достигнуваат 100 милиони евра дневно

Трет ден по ред, товарниот сообраќај на граничните премини кон шенген-зоната останува во целосен прекин поради протестот на камионските превозници од Западен Балкан. Транспортерите од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина бараат од Европската Унија измена на правилото за електронска евиденција за престој, односно ограничувањето од 90 дена престој во период од 180 дена.Според првичните проценки на стопанските комори во регионот, блокадите веќе предизвикуваат сериозни економски последици. Загубите, како што се наведува, на дневно ниво достигнуваат околу 100 милиони евра за целиот регион, при што најпогодени се извозно ориентираните компании, логистичкиот сектор и синџирите на снабдување.Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека прашањето за примената на правилото 90/180 е отворено со Европската комисија уште од септември минатата година и дека се водат разговори за изнаоѓање решение. Тој изрази очекување дека во наредниот период ќе има напредок и дека ќе се најде модел со кој ќе им се излезе во пресрет на професионалните возачи, без да се нарушат европските регулативи.Додека траат блокадите, патничкиот сообраќај се одвива непречено, а превозниците најавуваат дека протестот ќе продолжи сè додека не добијат конкретен одговор и јасна најава за промена или одложување на спорното правило.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryd94b5eta2gf42a8AOyt

Кандидатката која раскажуваше за Ататурк, наместо за Истанбулската конвенција, ја повлече кандидатурата за член на Антидискриминаторската комисија

Џихан Ахмед ја повлече својата кандидатура за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, откако нејзиното сослушување во Собранието предизвика бурни реакции во јавноста и остри критики од граѓанскиот сектор.Иако се претстави како магистер по меѓународно право и настапи со намера да ја образложи својата мотивација и компетентност во областа на човековите права, Ахмед за време на расправата не успеа да покаже основно познавање на Истанбулската конвенција – клучен меѓународен документ за заштита на жените од родово-базирано насилство и дискриминација.На директни прашања од претставници на граѓанските организации за суштината, механизмите и обврските што произлегуваат од Конвенцијата, таа не даде конкретни правни одговори, туку говореше за Истанбул како град и за историскиот период на Мустафа Кемал Ататурк, што беше оценето како несоодветно и алармантно за кандидат за ваква позиција.По настапот, Мрежата за заштита од дискриминација јавно реагираше, потсетувајќи дека законските услови за членство во Комисијата се прецизно утврдени. Согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација, кандидатите мора да имаат најмалку седум години работно искуство во областа на човековите права, од кои минимум пет години директно поврзани со еднаквост и недискриминација.Според анализата на јавно достапната биографија на Ахмед, таа не ги исполнува овие услови. Нејзиното професионално искуство е поврзано со ангажмани во приватниот сектор, универзитетска настава и работа како професор во средно образование, со фокус на корпоративна безбедност, што, според критичарите, не претставува релевантна квалификација за членство во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.Повлекувањето на кандидатурата доаѓа по силниот притисок од јавноста и експертската заедница, кои оценија дека ваквиот избор сериозно би ја нарушил довербата во институцијата задолжена за заштита на еднаквоста и човековите права.

Македонија | пред 1 месец

media-library0m93ufldt2e80yYEqce

Протест на ССМ денеска од 17 часот, изменет сообраќај во центарот на Скопје во попладневните часови

Денеска (28 јануари 2026 година) во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради најавен протест во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).Како што информира Министерството за внатрешни работи, протестот ќе започне во 17:00 часот, а учесниците ќе се движат по следната траса: од пред зградата на ССМ на улицата „Мирче Ацев“, лево по улицата „Филип Втори Македонски“, десно по улицата „11 Октомври“, право по улицата „Димитрие Чуповски“, десно по улицата „Васил Главинов“, право по булеварот „ВМРО“, лево по булеварот „Илинден“, со крајна дестинација пред зградата на Владата.Поради тоа, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе соодветни мерки за регулирање на сообраќајот на наведените сообраќајници, со цел безбедно и непречено одвивање на протестот.Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите и упатствата на полициските службеници и, доколку е можно, да користат алтернативни правци на движење за да се избегнат застои и метеж во сообраќајот.

Скопје | пред 1 месец

media-library3t0ook5tb7i70eko00j

„Плитко алиби“ – премиерот Мицкоски за парите пронајдени во ѕид во домот на родителите на судија

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва, во гостување на телевизијата „21“, се осврна на случајот со 350 илјади евра кои полицијата и истражителите на ОЈО ГОКК ги пронајдоа заѕидани во кујната на родителите на судијата на скопска Апелација, Ѓоко Ристов.Говорејќи за настанот, Мицкоски нагласи дека не сака да коментира од позиција на премиер, туку како граѓанин. Тој истакна дека не му е јасно зошто пари, за кои се тврди дека потекнуваат од легална продажба на нива, би биле чувани заѕидани во ѕид, кога постојат бројни вообичаени и законски начини за нивно чување.„Не сакам да се претворам во судија, ниту да критикувам. Но, како човек, навистина ми беше лошо за гледање. И да е точно дека станува збор за легално продадена нива и дека сѐ поминало низ законски процедури, не разбирам зошто тие пари би се нашле заѕидани во ѕид. Ако се чисти, има многу конвенционални начини да се чуваат. Нема повод, ниту причина тоа да се прави на ваков начин“, изјави Мицкоски.Тој оцени дека образложението за потеклото и начинот на чување на парите му делува неубедливо, но нагласи дека конечниот збор треба да го имаат надлежните институции.„Мислам дека алибито е малку плитко, но оставам судските органи да го кажат своето“, додаде премиерот.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryh522eu7agt4s7Xr3xH3

Започнува реконструкцијата на спортските терени на кејот на Вардар

Кејот на реката Вардар од утре започнува да добива нов лик, откако официјално ќе стартува реконструкцијата на спортските терени, најави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.Како што информираше, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, вечерва извршиле обиколка на просторот, по што е потврден почетокот на работите со кои кејот треба да прерасне во современ спортско-рекреативен центар, отворен за сите генерации.Во рамки на проектот, ќе бидат реконструирани и уредени терени за фудбал, одбојка и баскет, а предвидено е и поставување модерни фитнес-зони на отворено, достапни за сите граѓани. Дополнително, со интервенциите се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои, како што беше посочено, ќе бидат целосно унапредени и ставени во функција на заедницата.„Спортот е темел на здраво општество. Тој гради дисциплина, самодоверба и заедништво и ги оддалечува младите од лоши навики. Инвестирањето во спортските терени е директна инвестиција во здравјето на граѓаните, во енергијата на младите и во иднината на Скопје“, истакна Ѓорѓиевски.Тој нагласи дека ова е само почеток на поширока визија за рамномерен развој, со која во сите општини на градот ќе се обезбедат современи и достапни спортски терени, без разлика каде живеат граѓаните.Градоначалникот упати благодарност и до министерот за спорт за, како што рече, силната поддршка на проектот, додавајќи дека Скопје продолжува да вложува во активен живот и подобри услови за рекреација.„Скопје се движи напред. Скопје спортува. Скопје инвестира во својата иднина“, порача Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryq8k5f0srg6rqeYADl7N

(Видео) Скандал е институционалниот пропуст, не тремата на кандидатот, вели Кекеновски за кандидатката која зборуваше за Ататурк а ја прашаа за Инстабулската конвеција

Професорот Јове Кекеновски остро ја критикуваше работата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, оценувајќи дека вистинскиот неуспех на јавниот распит за кандидат за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) не е кај кандидатката, туку кај самата Комисија.Според Кекеновски, скандал не е тоа што кандидатката покажала трема или нервоза на јавниот распит, туку фактот што собраниската Комисија дозволила лице со очигледни празнини во знаењето да биде предложено за член на институција која треба да биде еден од клучните заштитници на човековите права и принципот на недискриминација.Тој нагласува дека Комисијата за избори и именувања не смее да биде, како што вели, „гол преносник“ на партиски предлози, туку има јасна и суштинска филтер-улога. Таа, според него, мора да утврди дали кандидатите ги исполнуваат законските услови во однос на образование и искуство, дали поседуваат реално знаење за човекови права и недискриминација и дали имаат капацитет јавно да аргументираат, да толкуваат закони и да носат издржани одлуки.Кекеновски потенцира дека дури и кога изборот е дел од политички договор, Комисијата има обврска да реагира и да побара нов предлог доколку кандидатот не ги исполнува основните стандарди. Во спротивно, предупредува тој, не станува збор за демократски избор, туку за директно поткопување на довербата во институциите.„Во таков случај, Комисијата не врши избор, туку на најгруб начин ја инвалидизира институцијата што треба да ги штити граѓаните од дискриминација“, наведува Кекеновски, додавајќи дека ваквите постапки ја девалвираат улогата и кредибилитетот на КСЗД уште пред таа воопшто да почне да функционира.Со прашањето „до кога со вакви неразумности“, професорот апелира до Собранието и надлежните комисии да покажат поголема одговорност и сериозност при изборот на кадри за независните институции, бидејќи, како што посочува, токму тие треба да бидат последната линија на заштита на граѓанските права.

Коментари | пред 1 месец

media-librarycfh5ufqhpcqr0PqAnXa

Ако ЕУ не го смени правилото 90/180, камионите ќе застанат: Владата бара решение, превозниците притискаат

Проблемот со примената на правилото 90/180 дена и новиот систем за електронска евиденција на престојот во Шенген-зоната ја мобилизираше македонската Влада, регионалните превозници и европските институции, додека блокадите на граничните премини втор ден по ред го прекинуваат товарниот сообраќај кон Европската Унија.Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека побарал телефонски разговор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со цел да се изнајде решение за состојбата што ги извади на протест камионските превозници од Македонија и од земјите на Западен Балкан. Тој изрази умерен оптимизам дека проблемот може да се надмине и посочи дека прашањето е отворено со Европската комисија уште од септември, при што разговорите ги води министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.Мицкоски најави дека очекува разговор со Фон дер Лајен во наредните денови, по нејзиното враќање од службено патување во Индија, нагласувајќи дека целта не е укинување на шенген-механизмот, туку изнаоѓање практична варијанта со која ќе им се излезе во пресрет на професионалните возачи.Во меѓувреме, камионските превозници од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина започнаа седумдневен протест со блокади на товарните терминали на граничните премини кон Шенген-зоната. Патничкиот сообраќај се одвива непречено, но превозниците предупредуваат дека правилото 90 дена престој во период од 180 дена ги третира како туристи, а не како мобилни работници, со што им се парализира работата.Од Брисел засега порачуваат дека ги следат случувањата, но дека правилата не се нови. Портпаролот на Европската комисија Маркус Ламерт изјави дека системот за влез-излез обезбедува подобра контрола на постојните правила, додавајќи дека Комисијата е свесна оти професии со висока мобилност, како камионските возачи, имаат потреба од подолг престој. Според него, ова прашање се разгледува во рамки на подготовките на новата визна стратегија на ЕУ.Загриженост за економските последици изрази и вицепремиерот и министер за транспорт и врски во оставка на Бугарија, Гроздан Караџов, кој оцени дека блокадите на границите со Србија и Македонија ќе донесат сериозни загуби за сите економии во регионот. Тој истакна дека ваквите мерки го нарушуваат слободниот проток на стоки и дека решението треба да се бара исклучиво преку дијалог со европските институции, бидејќи земјите членки немаат надлежност самостојно да ги менуваат правилата.Караџов најави дека ќе иницира разговори за отворање таканаречени „прозорци“ на границите, но призна дека тоа ќе биде тешко изводливо без согласност од Брисел.Во Македонија, Националната транспортна асоцијација „Бест мобилити – НТА“ порача дека блокадите се израз на револт на професионалните возачи, но предупреди дека решението мора да се бара институционално, во Брисел. Од асоцијацијата информираат дека прашањето било разгледано и на состанок на BSEC-URTA во Скопје, со учество на претседателот на Меѓународната унија за патен транспорт (IRU), при што бил усвоен унифициран предлог за решенија.Од „Бест мобилити – НТА“ укажуваат дека долготрајните блокади носат ризик од губење на транзитот низ Македонија, финансиски загуби за извозно ориентираните компании и дополнително намалување на веќе ограниченото дозволено време за престој во Шенген-зоната. Тие бараат признавање на возачите како мобилни работници со посебен статус и активна поддршка од државниот врв во преговорите со Европската комисија.Поддршка за протестот вчера даде и заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој оцени дека предупредувањето доаѓа навреме и дека февруари и март мора максимално да се искористат за изнаоѓање решение. Тој посочи три можни опции: одложување на примената на новиот систем, зголемување на дозволениот број денови на престој или воведување посебен режим за професионални возачи, по примерот на Швајцарија.Министерот Тимчо Муцунски, пак, изјави дека со Европската Унија активно се комуницира и дека од Брисел има сигнали оти проблемот е препознаен и дека се работи на негово надминување.Превозниците, од своја страна, порачуваат дека целта не им е да ја заглават економијата, туку да укажат на последиците од мерките. Ако решение не се најде, најавуваат други форми на притисок, предупредувајќи дека без нивниот труд, над милион тони стока би можеле да останат заглавени, со директни последици за пазарите и граѓаните.

Македонија | пред 1 месец

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-43-8060PM

Бугарското МНР разочарано од пристапот на Скопје и недостигот од искрен дијалог, за тоа им е крив Муцунски кој не им отишол да слават Свети Климент Охридски

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази длабоко разочарување од, како што наведува, континуираниот неконструктивен пристап на Maкедонија и недостигот од транспарентност во комуникацијата со јавноста. Во официјална реакција се посочува дека не е првпат македонските власти да изнесуваат, според оценката на Софија, нејасни и манипулативни тврдења, овојпат поврзани со наводна „иницијатива на поголеми и повлијателни земји членки на Европската Унија“ за организирање средба меѓу министрите за надворешни работи на двете држави.Од бугарското МНР потсетуваат дека т.н. европски консензус од 2022 година е усвоен со целосно едногласие од сите земји членки на ЕУ, како и од самата Македонија. Во таа насока се нагласува дека дијалогот за напредокот на евроинтегративниот процес е институционален и се води меѓу земјата кандидат и Европската Унија, а исполнувањето на преземените обврски зависи исклучиво од Скопје.Софија наведува дека во изминатиот период постојано покажувала подготвеност за отворен и искрен дијалог за сите други прашања од заемен интерес. Сепак, според бугарската страна, актуелниот министер за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски, не покажал подготвеност тоа да го направи и во пракса. Како конкретен пример се посочува одбиената покана за негова посета на Софија на 25 ноември 2025 година, по повод одбележувањето на делото на Свети Климент Охридски, кој, како што наведуваат, е значајна историска личност од заедничката историја на двете држави.Во реакцијата се осврнува и на забелешките што Муцунски ги изнел во врска со пристапот на Бугарија кон предлог-планот за правата на заедниците. Од бугарското Министерство за надворешни работи потсетуваат дека токму бугарската заедница во Северна Македонија го оценила тој документ како неприфатлив, поради, како што се наведува, отсуството на основни принципи за ефективна заштита на човековите права.На крајот, Софија порачува дека очекува легитимните барања на бугарските државјани и припадници на бугарската заедница во Северна Македонија да бидат слушнати и соодветно адресирани, оценувајќи дека тоа е клучно за градење доверба и вистински напредок во односите и во европскиот процес.

Свет | пред 1 месец

DSC_0095

Македонски Телеком ги отфрла обвинувањата од судијката Наташа Савовска Димитровска: На незаконски начин Апелација преиначи одлука

Македонски Телеком јавно ги отфрла, како што наведува, незаконските, невистинити и неаргументирани обвинувања што изминатиот период беа пласирани во јавноста во врска со постапката што се води пред надлежните институции, а произлегува од долгогодишниот судски спор меѓу Македонски Телеком и компанијата Фокуснет.Рекацијата во целост:„Македонски Телеком ги отфрла незаконските обвинувања и очекува да се применат принципите на владеење на правотоКако одговорна компанија, Македонски Телеком чувствува обврска јавно да ги демантира невистинитите и неаргументирани тврдења изнесени во јавноста поврзани со постапката која се води пред надлежните институции, а произлегуваат од предметот помеѓу Македонски Телеком и Фокуснет.И покрај тоа што оваа постапка според Законот за Судски совет е тајна, во јавноста беа изнесени нецелосни и неточни информации од страна на суспендираната судијка Наташа Савовска Димитровска и нејзиниот полномошник, со што јавноста се доведува во заблуда. Токму поради тајноста на постапката и законските ограничувања, компанијата не е во можност да ја достави на јавен увид целосната одлуката на Републичкиот судски совет, која на 73 страни ги аргументира причините за нејзино разрешување и суспендирање.Но, во интерес на точното информирање, базирано на факти, компанијата сака да ги појасни своите позиции во врска со овој предмет. Имено, се работи за скоро две децениски судски спор, кој Македонски Телеком го води со Фокуснет, за наводна штета што Македонски Телеком му ја нанел на Фокуснет .Фокуснет е компанија со блокирана сметка повеќе од 20 години. И покрај тоа, Фокуснет бара милионски суми отштета, за наводно претрпена штета за бизнис кој е непостоечки. Првосетепениот суд го одбил тужбеното барање на Фокуснет и утврдил дека нема основа за наплата на штета. Во второстепената постапка по жалба на Фокуснет, Апелациониот суд во Скопје, без одржување на јавна расправа  ја преиначува првостепената пресуда непосредно пред судската ферија и носи одлука дека Македонски Телеком  треба да исплати штета на Фокуснет од речиси 4 милиони евра.Македонски Телеком согласно законски расположливите средства, упати барање до Републички судски совет поради сомневањата за незаконско водење на второстепената постапка.Имено, во јавно објавените информации во Извештајот на комисијата за утврдување на факти при Судскиот совет од август 2024 година,  утврдени се сериозни индиции за постоење на два записници заради кои Судскиот совет го алармирал Јавното обвинителство.Понатаму, од страна на Комисијата за утврдување на факти при Судскиот совет во август 2024 година, констатирано е дека во жалбениот предмет се најдени доверливи интерни документи на Македонски Телеком, кои не биле изведени како докази ниту во првостепена, ниту во второстепена постапка, ниту се јавно достапни.На ваков незаконски начин Апелациониот суд Скопје  ја преиначи одлуката на првостепениот суд и на компанија со блокирани сметки повеќе од 23 години и без вработени и досуди отштета од речиси 4 милиони евра.Македонски Телеком верува надлежните институции да постапат согласно законот и дека владеењето на правото ќе биде во целост применето“.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjq2utoq696ei1JnyYp4

(Видео) Шлепер излета од патот меѓу Владевци и Радичево, сообраќајот е целосно во прекин

Сообраќајот на патниот правец меѓу селата Владевци и Радичево е во целосен прекин откако шлепер излетал од коловозот, информираат од терен. Инцидентот предизвикал блокада на патот, поради што движењето на возилата е запрено во двата правци.На местото на настанот интервенираат надлежните служби, кои работат на обезбедување на локацијата и расчистување на патот, со цел повторно воспоставување на сообраќајот. Засега нема официјални информации за евентуални повредени лица.Од безбедносни причини, до учесниците во сообраќајот е упатен апел за зголемена внимателност, почитување на насоките на службите на терен, прилагодување на брзината и одржување поголемо меѓусебно растојание. Се препорачува избегнување на ризични маневри и користење алтернативни правци, сѐ додека трае интервенцијата и целосното расчистување на коловозот.

Македонија | пред 1 месец

media-librarybkpmnv6ui96l0YDdl36

(Видео) Невремето го зафати југоистокот: излеани реки, уништени ниви и угинати животни

Обилните врнежи од дожд што денеска ја зафатија Струмичката котлина предизвикаа сериозни поплави, излевање на реки и значителни материјални штети во повеќе населени места во југоисточниот регион на државата. Според првичните информации од терен, невремето резултирало со угинување на домашни животни, поплавени земјоделски површини и нагло зголемување на водостоите на реките.Заменик директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов, информираше дека сцените од теренот се, како што рече, апокалиптични. Во селото Костурино е пријавено угинување на домашни животни, додека огромни штети се евидентирани на земјоделските површини во атарите на Муртино, Моноспитово, Градско Балдовци и во други населени места. Посебно загрижувачка е состојбата со реката Тркања, чиј водостој достигнал нивоа што, според жителите, не се паметат со децении.Во справувањето со надојдените води ангажирани се екипите на ЈПКД „Комуналец“ – Струмица, комуналните претпријатија од околните општини, приватна механизација, како и самото месно население, кое активно се вклучи во заштитата на домовите и имотите.Градоначалникот на Струмица информираше дека дејството на циклонот што го зафати југоисточниот регион предизвикало интензивни врнежи, излевање на речните корита и поплави на повеќе локации. Тој денеска ги посетил најкритичните подрачја, меѓу кои и селото Муртино, како и други населени места каде состојбата била најтешка.Според неговите изјави, уште од раните утрински часови механизацијата на ЈП „Комуналец“ била на терен, а дополнително била ангажирана и приватна механизација. Околу 17 часот попладне, состојбата почнала да се стабилизира, но екипите остануваат на терен и во текот на ноќта на сите критични точки каде постои ризик од ново излевање.Надлежните служби се во постојан контакт со граѓаните и внимателно ја следат состојбата, особено имајќи предвид дека дождот, според најавите, ќе продолжи и во наредните часови и денови. Од локалната самоуправа апелираат на внимателност и навремено пријавување на сите проблеми, со цел брза реакција и минимизирање на штетите.

Настани | пред 1 месец

media-libraryhh3jvjrams1s7RLJJHO

(Видео) Скандалозно јавно интервју: кандидатка за Комисијата против дискриминација зборуваше за Ататурк наместо за Истанбулската конвенција

Мрежата за заштита од дискриминација остро реагираше на настапот на кандидатката Џихан Ахмед, предложена за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, оценувајќи дека е разочарувачко и загрижувачко нејзиното непознавање на основни поими и меѓународни документи, меѓу кои и Истанбулската конвенција.Од Мрежата наведуваат дека е особено проблематично што кандидатка која треба да одлучува за еднаквост и недискриминација, вклучително и за правата на жените, не покажала основно познавање на Истанбулската конвенција, која претставува клучен стратешки документ за заштита од родово базирано насилство и за унапредување на родовата еднаквост. Дополнително, како што посочуваат, застрашувачки е фактот што лице со магистратура по меѓународно право не ги познава релевантните меѓународни документи што би требало да бидат суштински дел од работата на Комисијата.За време на јавната расправа, прашана да наведе елементи на дискриминација кои постојат во законите, Ахмед одговорила со општи ставови, наведувајќи дека „секој од нас се среќавал со дискриминација“, при што како пример го навела сопственото искуство во образованието и оценувањето на учениците, истакнувајќи дека за неа сите ученици се еднакви и дека причините за неуспех често се поврзани со средината во која живеат.На прашањето за нејзиниот став за законските измени во образованието во делот на дискриминацијата, таа изјавила дека сите ученици треба да се третираат исто, без разлика на етничката припадност, и дека е потребно повеќе интерактивна настава во која учениците ќе можат слободно да го изразат своето мислење.Дополнителни реакции предизвикал и нејзиниот одговор на прашање од претставник на Мрежата, кој ја прашал на кој темел од Истанбулската конвенција би работела за време на својот мандат и со кои тела би соработувала при третирање дискриминаторски практики во образованието. Во одговорот, Ахмед зборувала за Истанбул во историски контекст и за периодот на Ататурк, мешајќи теми поврзани со секуларизмот и слободата на изразување, без конкретен осврт на содржината, механизмите и обврските што произлегуваат од самата Конвенција.Дополнителни сомнежи предизвикала и нејзината објава на социјалните мрежи, во која, иако сè уште не е избрана, таа се заблагодарува за „назначувањето“ во Комисијата, упатувајќи благодарност до лидерот на ЛД, Изет Меџити, до партиските органи и до коалицијата ВЛЕН.На ова реагираше и адвокатот Умејр Муамеди, кој оцени дека ваквата објава претставува јавно признание за партиска припадност и политичко влијание врз процесот. Тој истакна дека кандидатката не ги исполнува законските услови предвидени со Законот за спречување и заштита од дискриминација, укажувајќи на непознавање на Истанбулската конвенција и на други клучни области поврзани со мандатот на Комисијата.Според Муамеди, во конкретниот случај постојат сериозни индикации за повреда на законските одредби, непрофесионалност и ризик од партизирање на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, институција која треба да биде независна и стручно водена.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryqsq87a7voc1n2MDXdQY

Тензии Будимпешта–Киев: Орбан тврди дека Украина се меша во парламентарните избори

Унгарија ќе го повика украинскиот амбасадор на разговор поради наводно мешање на Украина во унгарските парламентарни избори закажани за 12 април, изјави денеска премиерот Виктор Орбан. Според него, унгарските безбедносни служби утврдиле дека станува збор за координиран обид за влијание врз изборниот процес.Орбан изјави дека украинските челници, меѓу кои и претседателот Володимир Зеленски, минатата недела упатиле, како што ги нарече, „навреди и закани“ кон Унгарија. Во објава на социјалната мрежа Икс, тој наведе дека по анализите на безбедносните служби, побарал од министерот за надворешни работи Петер Сијарто да го повика украинскиот амбасадор на официјален разговор.Повод за ваквата реакција, според Орбан, се изјави на Зеленски дадени минатиот четврток, кога украинскиот претседател ја критикуваше Европа, опишувајќи ја како „фрагментиран калеидоскоп од мали и средни сили“ на кои, според него, им недостига решителност. Зеленски тогаш предупреди дека Европа не смее да дозволи нејзините престолнини да станат „мала Москва“.Говорејќи на Светскиот економски форум во Давос, Зеленски изјави дека „секој Виктор што живее од европски пари, а истовремено се обидува да ги продава европските интереси, заслужува шлаканица по шапката“, што Орбан го протолкува како директна порака упатена кон Унгарија и неговото раководство.Засега, украинските власти не ги коментираа јавно тврдењата на Орбан, ниту најавата дека украинскиот амбасадор ќе биде повикан на разговор во унгарското Министерство за надворешни работи.

Свет | пред 1 месец

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Неочекуван тон од Трамп: Разговор со демократскиот гувернер Волц по убиството на американски државјанин

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е „на иста бранова должина“ со демократскиот гувернер на Минесота, Тим Волц, по убиството на уште еден американски државјанин во таа сојузна држава за време на интервенција на службеници на Имиграциската и царинска служба (ИЦЕ).Во објава на својата социјална мрежа „Truth Social“, Трамп наведе дека телефонски разговарал со Волц и дека разговорот бил, како што оцени, „многу добар“, со заедничко разбирање за понатамошните чекори. Според него, му порачал на гувернерот дека ќе побара од Том Хоман, висок функционер задолжен за имиграциските прашања, да стапи во контакт со властите во Минесота и да се побара целосна соработка во однос на лицата со криминално досие.Трамп тврди дека Волц коректно го разбрал ставот на федералната администрација и дека наскоро ќе следи нов разговор меѓу нив. Во истата објава, претседателот наведе дека федералната влада имала „огромен успех“ во борбата против криминалот во Вашингтон, Мемфис и Њу Орлеанс, додавајќи дека и во Минесота, според неговите зборови, криминалот значително се намалил, но дека и тој и гувернерот сакаат дополнително намалување.Набргу по објавата на Трамп, се огласи и Белата куќа. Портпаролката Каролин Ливит изјави дека претседателот во разговорот со Волц не ветил покренување локална истрага за последниот инцидент, иако најавил продолжување на комуникацијата. Таа истакна дека Трамп ги поддржува Првиот и Вториот амандман, но нагласи дека граѓаните немаат право да ги попречуваат законските операции на имиграциските служби, што, според неа, претставува кривично дело и токму тоа се случувало на улиците на Минеаполис.Ливит додаде дека претседателот очекува „отпорот и хаосот“ во градот да завршат уште денеска, притоа обвинувајќи ја политиката на администрацијата на Џо Бајден за настанатата состојба. Белата куќа, како што соопшти таа, упатила три конкретни барања до властите во Минесота: предавање на сите нелегални имигранти притворени поради кривични дела или со активни потерници, обврска локалната полиција да ги предава сите уапсени нелегални имигранти на федералните власти и активна соработка на локалните сили со федералната полиција при апсења и депортации, особено на насилни сторители.Иако Трамп сега зборува за соработка, гувернерот Волц и други демократски лидери претходно остро се спротивставуваа на политиките на претседателот во однос на имиграцијата, оценувајќи ги како незаконски и опасни по јавната безбедност. Минатиот месец, пак, Трамп јавно го обвинуваше Волц за неспособност, поврзувајќи го со скандал во системот за социјална заштита во Минесота.Американскиот претседател претходно најави дека ќе го испрати Том Хоман во Минесота за да соработува со локалните власти, откако во саботата имиграциски агенти во Минеаполис убија 37-годишниот Алекс Прети за време на судир со демонстранти. Додека дел од високите функционери на администрацијата го опишаа Прети како „домашен терорист“, Хоман јавно не се изјасни за инцидентот. Трамп, пак, нагласи дека Хоман не бил директно вклучен во настанот, но дека добро ги познава состојбите и луѓето во Минесота.

Свет | пред 1 месец

media-librarytjhqcf9obo5mcEShfu2

Судии и обвинители влегоа во трката за републички обвинител

До Собранието на Република Македонија досега пристигнале пет кандидатури за функцијата републички јавен обвинител, потврдија од собраниските служби. Рокот за поднесување пријави истекува денеска на полноќ, што значи дека во текот на денот сè уште постои можност листата на кандидати да се прошири.Меѓу пријавените се Владимир Панчевски, поранешен претседател на Основниот кривичен суд Скопје, обвинителките Лидија Раиќевиќ и Ленче Ристоска, актуелниот судија во Кривичниот суд Ненад Савевски, како и актуелната вршителка на должноста републички јавен обвинител Анита Тополова-Исајловска.Функцијата остана испразнета откако поранешниот републички јавен обвинител Љупчо Коцевски во декември минатата година поднесе неотповиклива оставка. По неговото заминување, Советот на јавни обвинители за вршител на дејноста ја избра Тополова-Исајловска, која сега се јавува и како кандидат за полн мандат.Инаку, оваа позиција одамна ја следи контроверзна репутација. Покојниот државен јавен обвинител Александар Прчевски уште во 2006 година функцијата републички јавен обвинител ја опиша со саркастичниот и горчлив израз „последната будала“, предупредувајќи дека станува збор за позиција во која обвинителството ризикува да биде претворено во продолжена рака на извршната власт, наместо независен чувар на законитоста.

Македонија | пред 1 месец

kocani

„Од петмина другари, само јас преживеав“, потресно сведоштво на судењето за „Пулс“

Сведоштвото на Мартин Китанов на судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ беше едно од најпотресните досега. Тој опиша сцени на целосен хаос, чад и неподнослива жештина, со луѓе паднати и притиснати на главниот излез, каде, како што рече, животот и смртта се разделувале во секунди.Китанов раскажа дека во обид да излезе од објектот се сопнал и паднал, по што врз него налетале и други лица. Притиснат под тежината на повеќе тела, почнал да го губи здивот и надежта дека ќе преживее. Во тие моменти, како што сведочеше, помислата на неговите две деца му дала сила да се обиде да продолжи да дише, додека пожарникари и други луѓе безуспешно се обидувале да го извлечат.„Од пет другари кои излеговме таа вечер, само јас преживеав. Тројца ми беа другари од детство. До денес не знам како точно загинаа“, рече Китанов пред судот. Тој објасни дека сите заедно тргнале кон излезот, свесни дека се наоѓаат во сериозна опасност. „Единствено се обидував да издржам да дишам“, додаде.Како што сведочеше, брзо стигнале до таканаречената „каубојска врата“, но видливоста била нула, а топлината екстремна. Меѓу двете врати се сопнал и паднал, испружувајќи ги рацете напред, по што врз него паднале уште неколку луѓе. „Петмина лежевме еден врз друг. Потоа никој повеќе не помина – сите паѓаа врз нас“, изјави Китанов.Пресвртот, според него, се случил кога непознато момче со голем напор успеало да го извлече од купот тела и да го донесе до скалите. „Тоа го доживувам како божја сила“, рече сведокот, додавајќи дека бил извлечен без патики и со соблечени фармерки.Надвор, прва му помогнала девојка по име Ана, која го препознала, му помогнала да се облече, му дала вода и се обидувала да го смири. Иако сакал повторно да влезе во објектот за да ги бара своите пријатели, луѓето околу него не му дозволиле, укажувајќи дека е повреден и цел во крв.Откако седнал на тротоарот, Китанов почувствувал силен стрес и вкочанетост на рацете и нозете. „Пред очи ми се појавуваа сцени со луѓе и деца кои паѓаа и се онесвестуваа, а јас не можев да помогнам“, сведочеше тој.Подоцна се упатил кон блиска бензинска пумпа, каде што работел негов пријател, но таму колабирал и му била укажана прва помош. Потоа бил префрлен во болница, каде, како што изјави, одбил да слушне информации за судбината на своите пријатели, стравувајќи од вестите што би можел да ги слушне.

Македонија | пред 1 месец

puls-35-1

Сведок на пожарот во „Пулс“: паднав, ме газеа, па ја изгубив свеста - полицајците не ми пружија помош

Густ црн чад и жештина што не се издржува — вака сведокот Тоше Трендафилов ги опиша првите секунди по избувнувањето на пожарот во дискотеката „Пулс“. Тој наведе и дека во објектот не забележал противпожарни апарати. Кобната вечер, како што изјави, го видел и сопственикот Дејан Јованов-Деко како учествува во гаснењето на пожарот. Сакал да бега преку тоалетите каде што отишле повеќе негови познаници, но пријател кој го придружувал го убедил да си излезат преку главниот влез.„Се спушташе густ црн чад од плафонот, не се издржуваше од жештината. Имаше деца едни врз други. Се обидував да излезам, но беше невозможно. Луѓето лежеа едни врз други, кога паднав ме турнаа и ме газеа, повраќав. Ја ставив маицата на уста, по што изгубив свест, некој ме извлекол надвор“, рече преживеаниот Трендафилов.Тој додаде дека барал помош од полицајци кои биле пред објектот, но тие му кажале да се тргне од местото и според неговото сведочење, не била укажана помош.„Не ми пружија помош“, рече тој.Претходно:

Македонија | пред 1 месец

media-librarypif28ud6ql1459mpYO6

Младо момче од кавадаречко пронајдено мртво во својот дом во кавадаречко

Дваесет и четиригодишно момче почина во селото Возарци, кавадаречко, а телото е предадено на обдукција со цел да се утврди точната причина за смртта, информираа од Секторот за внатрешни работи – Велес.Според официјалните информации, синоќа околу 22:30 часот во Одделението за внатрешни работи Кавадарци било пријавено дека во семејниот дом во селото Возарци починал С.П. (24), жител на истото село. На местото пристигнал лекар од Итната медицинска помош – Кавадарци, кој констатирал смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство.По насоки на дежурен јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, а надлежните институции продолжуваат со постапките за целосно расветлување на случајот. Од СВР – Велес посочуваат дека повеќе информации ќе бидат соопштени по добивањето на резултатите од обдукцијата.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryeq02ponch0c09PmWGEH

(Видео) Села бара двојазични казни кои ќе стигаат на адреса, а не на телефон, па се побуни оти имало многу камери низ Чаир во споредба со други општини

Зијадин Села поднесе иницијатива до Уставниот суд со која го оспорува Законот за прекршоци кој беше последната кочница за да се стави во функција автоматското казнување преку „Безбеден град“.Тој побара двојазични казни, согласно Законот за употреба на јазиците. Потоа, рече дека противуставно е да се бара од граѓаните задолжително да имаат телефонски број и е-маил адреса, односно дека казните треба да стигнуваат само на домашна адреса.Потоа, се побуни и зошто во Чаир имало повеќе камери, отколку во другите делови на градот. Тој рече дека „Во Чаир на секои сто метри има по 3, по 5, по 6 камери, а во другите општини во градот Скопје да бидат ретки и само на неколку раскрсници. Со имплементирање во само неколку градови, ни дава впечаток дека на одредена категорија на граѓани треба да им се удира врз џеб“.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjhlt00pjmhbdfXaYYxP

Сведоштво на преживеан од Пулс: „Го најдов брат ми на самиот праг, меѓу тела без свест, а имаше еден излез од 'Пулс'“

„Го најдов брат ми на самиот праг. Имаше многу тела. Ги тргав за да стигнам до него“, вака сведочеше Кристијан Панов од Кочани, опишувајќи го хоророт кога, во хаосот и чадот, повторно влегол во дискотеката „Пулс“ во потрага по својот брат Андреј.Според неговото сведоштво, внатрешноста на објектот била исполнета со густ чад, со луѓе без свест и со минимална видливост. Налетал на пожарникар, но поради недоволно осветлување бил принуден да се снаоѓа со светлото од мобилниот телефон. Андреј Панов бил пронајден на самиот излез, меѓу други повредени и онесвестени лица.Андреј, братот на Кристијан бил префрлен во болница, но реанимацијата била безуспешна. Тој ги опиша моментите пред и откако избувнал пожарот.Во дискотеката дошол два часа по полноќ. Излегол пред вратите за да запали цигара, па видел како полицајци влегуваат внатре. За кусо време, како што рече, за околу 30 секунти, имало стампедо.„Сите почнаа да трчаат, луѓе врз луѓе, најмногу заглавени меѓу двете врати“, изјави Панов, додавајќи дека настапот на ДНК бил во тек и дека од бината бил упатен повик публиката да излезе надвор.Тој сведочеше дека од Пулс имало еден излез и влез, не бил означен и не видел противпожарни апарати. Посочи дека во објектот и пред трагедијата се користела пиротехника кога имало настапи.

Македонија | пред 1 месец

media-library46c95aps76hu1pgi7Yc

Kraftwerk на 25 јули во Скопје: електронските визионери со голем концерт на Стадионот на АРМ

Легендарниот германски состав Kraftwerk, еден од највлијателните бендови во историјата на современата музика, ова лето доаѓа во Скопје. Во организација на „Авалон продукција“, електронските визионери ќе настапат на 25 јули на Стадионот на АРМ, како дел од нивната нова светска турнеја „Multimedia 2026“, која Скопје го вклучува рамо до рамо со најголемите светски метрополи.Kraftwerk се бенд без кој современата музика тешко може да се замисли во формата што ја познаваме денес. Нивното влијание се протега низ електронската музика, техно-попот, синт-попот, хип-хопот, па сè до рокот и попот, а нивниот уметнички отпечаток е препознаен и институционално, со Grammy Lifetime Achievement Award и членство во Rock & Roll Hall of Fame. Повеќе од пет децении по нивните први чекори, Kraftwerk и понатаму остануваат симбол на иновација, визија и постојано преиспитување на односот меѓу човекот и технологијата.Во време кога вештачката интелигенција станува составен дел од секојдневието и кога технологијата сè подлабоко навлегува во човечката реалност, Скопје ќе биде домаќин на бендот што уште пред децении ја отвори токму таа дилема – симбиотската врска меѓу машината и човекот. Kraftwerk не се само музички состав, туку целосен уметнички концепт во кој звукот, визуелниот идентитет, технологијата и сценскиот настап функционираат како единствено, кохерентно дело.Нивното влијание одамна ги надмина жанровските граници. По Битлси, според многу музички критичари, Kraftwerk се сметаат за можеби највлијателниот бенд во историјата на популарната музика. Како инспирација ги наведуваат бројни светски ѕвезди, меѓу кои Daft Punk, Depeche Mode, David Bowie и Kanye West, што дополнително ја потврдува нивната клучна улога во развојот на современиот музички израз.Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба во среда, 28 јануари, од 10 часот, преку платформата avalonbooking.mk и преку продажната мрежа на karti.com.mk низ целата држава. Цената за партер ќе изнесува 1.990 денари, додека фан-пит влезниците ќе чинат 2.990 денари, со ограничен контингент од 1.000 билети.Со овој концерт, Скопје добива редок и значаен музички настан, а публиката можност во живо да го доживее бендот кој засекогаш ја промени музиката, сценскиот настап и начинот на кој ја разбираме врската меѓу уметноста и технологијата.

Магазин | пред 1 месец

media-libraryvggf871bohdm4RC9Y4l

(Фото) И македонските „камионџии“ со блокади на границите: Балканските транспортери со блокади на границите поради правилото 90/180

Македонските транспортери, заедно со колегите од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, од денеска започнуваат со блокади на граничните премини во знак на протест против одлуката на Европската Унија од април годинава, со која престојот на професионалните возачи во земјите од Шенген-зоната се ограничува според правилото 90 дена во период од 180 дена. Протестот се спроведува преку целосно или делумно запирање на товарниот сообраќај, додека патничките возила и јавниот превоз ќе се пропуштаат без застој.Во Македонија, според најавите на организаторите, ќе бидат блокирани граничните премини Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце и Блато, додека преминот Табановце – Прешево ќе биде затворен од српска страна. Блокадите започнуваат во 12 часот и, според најавите, може да траат во текот на целата седмица, со исклучок за камиони што превезуваат лекови, жива стока, експлозиви и муниција.Транспортерите, организирани преку асоцијацијата „Макам-транс“, предупредуваат дека примената на правилото 90/180 и новиот електронски систем за евиденција на влез и излез, познат како EES, ќе има сериозни последици врз економиите на земјите од Западен Балкан. Според нив, професионалните возачи од држави надвор од ЕУ се третираат како туристи, што практично го ограничува нивното работење и го доведува во прашање функционирањето на синџирите на снабдување.Претседателката на „Макам-транс“, Билјана Муратовска, предупредува дека доколку не се најде решение, економските последици ќе бидат далекусежни. Таа посочува дека ќе мора да се ангажираат странски превозници, што значително ќе го поскапи транспортот, а производите од регионот ќе станат неконкурентни на европскиот пазар. Дополнително, возачите се соочуваат со ризик од апсење, притвор и депортација доколку го надминат дозволениот број денови на престој.Министерот за транспорт, Александар Николоски, минатата недела изјави дека проблемот со електронската евиденција и ограничувањата за транспортерите подолго време е отворен во комуникацијата со Европската Унија, но досега нема разбирање од европска страна. Тој оцени дека станува збор за огромен економски проблем што може сериозно да ја погоди македонската и регионалната економија, особено извозно ориентираните компании, вклучително и оние што работат во технолошко-индустриските развојни зони. Според Николоски, дури и зголемување на транспортните трошоци од три до пет проценти би ги направило домашните компании неконкурентни на европскиот пазар.Од друга страна, Стопанската комора на Македонија предупредува дека блокадите на граничните премини не се решение и дека проблемот со системот EES треба да се решава исклучиво преку институциите. Од Комората велат дека нарушувањето на протокот на стоки со Европската Унија, дури и за еден ден, може да предизвика сериозни штети, не само за транспортерите, туку и за сите деловни субјекти вклучени во надворешнотрговската размена.Според нив, загубите би се манифестирале преку пенали за задоцнета испорака, откажување на договори, намалено производство, нереализиран извоз и недостиг од суровини за навремено производство. Иако засега не може прецизно да се процени обемот на штетите, од Комората оценуваат дека тие сигурно би биле од големи размери.Стопанската комора, заедно со коморите од Западен Балкан, веќе упатила заеднички апел до претседателката на Европската комисија, барајќи усвојување привремени мерки што ќе им овозможат на професионалните возачи непречено да го вршат меѓународниот патен транспорт сè додека не се воспостави трајно и системско решение. Според Комората, сегашниот пристап е неконзистентен со целите на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан и тешко се усогласува со напорите за подлабока економска интеграција на регионот во Единствениот пазар на Унијата.Европската Унија останува најзначајниот извозен пазар за Македонија, со повеќе од три четвртини од вкупниот извоз, поради што, како што нагласуваат стопанствениците, од стратешки интерес е да се зачува стабилноста на синџирите на снабдување и да се обезбеди непречен проток на стоки, без дополнителни бариери што би ја загрозиле економската активност во земјата и регионот.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryamor4ttv1kji9rJ7lw7

Алијанса на Таравари ќе го обжали „Безбеден град“ пред Уставен: Не се почитуваат правата на Албанците

Крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари остро реагира на начинот на кој владејачката коалиција ВМРО-ВЛЕН-ЛЕВИЦА го спроведува проектот „Безбеден град“, оценувајќи дека станува збор за селективна примена што го крши Законот за јазиците и создава сериозен економски товар за граѓаните преку, како што велат, непропорционални казни.Од ова политичко крило посочуваат дека примената на проектот отвора низа правни, социјални и уставни прашања, кои директно се одразуваат врз секојдневниот живот и благосостојбата на граѓаните. Според нив, проблематично е и тоа што официјалната комуникација со јавноста, вклучително и известувањата и санкциите што произлегуваат од системот „Безбеден град“, не се спроведува со почитување на јазичните права на граѓаните Албанци.„Ова претставува директно кршење на Законот за јазиците и на уставните принципи врз кои се темели мултиетничката и демократска држава“, реагираат од таборот на Арбен Таравари, нагласувајќи дека институциите имаат обврска да обезбедат еднаков и недискриминаторски пристап кон сите граѓани.Крилото на Алијансата за Албанците дополнително бара итно преиспитување на висината на казните и на прагот на толеранција, со цел мерките за сообраќајна безбедност да не се претворат во тежок финансиски притисок за семејствата. Тие сметаат дека селективната примена на проектот само во одредени градови е неправедна и дискриминаторска, поради што најавуваат дека ќе го оспорат Законот за прекршоци пред Уставниот суд, со цел заштита на правата на граѓаните и обезбедување еднаквост пред законот.Во меѓувреме, на неколку дена пред официјалното пуштање во употреба на системот „Безбеден град“, надлежните институции ги спроведуваат последните технички проверки. Денеска, во скопската населба Автокоманда, на излезот од градот кој со години се смета за една од најризичните сообраќајни точки, беше извршено тестирање и верификација на радарите и камерите за мерење на брзината на движење на возилата. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, информираше дека утврдените отстапувања се минимални и дека системот е подготвен за ставање во функција.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања