Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

media-libraryr5tis8v2kr7650Qo98A

(Видео) Страшен судир на најмалку две возила кај Кисела Вода, едно „БМВ“ останало без задна гума

Тешка сообраќајка се случи на булеварот „Борис Трајковски“ во Кисела Вода во која се судриле најмалку две возила, од кои едното е марка „БМВ“, кое останало и без задна гума од силината на ударот.Несреќата се случила на раскрсница, каде веројатно, едно од возилата, поминало без да има првенство на митување или пак на црвено светло. Засега не е позната состојбата на возачите и евентуалните патници. Местото го обезбедува полицијата. Делови од возилата има долж булеварот. Она што е забележливо е дека едново возило по ударот продолжило да вози и закочило дури неколку метри подолу.Инаку на овој булевар, често се случуваат несреќи поради брзото возење и непочитување на сигнализацијата.Повеќе информации се очекуваат по завршување на увидот.

Настани | пред 2 месеци

zaev-filipce-1

Стојаноски: Заев и Филипче му се заканувале на Жан Митрев за да му ја одземат болницата

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, изјави дека докторот и сопственик на клиниката „Жан Митрев“, јавно посведочил оти поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче му се заканувале со цел да му го одземат сопствеништвото над болницата.Според Стојаноски, притисоците се случувале во период кога против Жан Митрев се водел судски случај, а Заев и Филипче, како носители на највисоки државни функции, ја користеле својата позиција на моќ за, како што рече, преку институционални механизми да се обидат да ја преземат клиниката.„Во тој период биле блокирани и личната сметка на Митрев и сметката на болницата, а имало и забрана за продажба. Во своето сведоштво, Митрев вели дека откако одредени лица од тогашната власт изразиле интерес да му ја одземат болницата, по само една недела забраната била тргната од страна на Јавното обвинителство. Логично се поставува прашањето како и зошто се случило тоа“, истакна Стојаноски.Тој додаде дека Жан Митрев обелоденил и обид за откуп на болницата по цена значително пониска од реалната и пазарната вредност, што, според ВМРО-ДПМНЕ, укажува на сериозни злоупотреби на власта.„Згрозени сме до каде биле подготвени да одат Филипче и неговиот ментор Заев за лично збогатување. Во време кога граѓаните секојдневно умираа од ковид, а државата немаше навремено обезбедени вакцини, тие се занимавале со сценарија за одземање приватна болница“, рече Стојаноски.Тој оцени дека наместо да работат во интерес на јавното здравје, поранешните функционери биле поврзувани со низа афери – од недвижности и компании, до тендери, договори и, како што рече, обиди за преземање болници.На крајот, Стојаноски упати јавен повик до Јавно обвинителство итно, темелно и неселективно да го истражи случајот и да постапи согласно закон.

Македонија | пред 2 месеци

media-library30pgpamrnv5u7Q1Ec5j

(Видео) Пукната цевка за парно: Прекин на греењето во повеќе скопски општини

Поради пукната цевка и дефект на дистрибутивната мрежа, во моментов има прекин во испораката на топлинска енергија кај дел од потрошувачите во Скопје, информира ЕСМ.Без парно се корисниците во општините Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда. Од ЕСМ соопштуваат дека екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина се на терен и работат на точно лоцирање и изолирање на дефектот, со цел што побрзо да се воспостави нормална испорака на топлинска енергија.Од компанијата додаваат дека по завршување на интервенцијата, греењето ќе биде нормализирано во најкраток можен рок.За дополнителни информации, потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02/3076-200 и 075/400-100.

Скопје | пред 2 месеци

media-library8qusogn8ncusesx96xa

Филипче: Македонија на листата на САД како „трет свет“, изолација, криминал а тие дефокус

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, изјави дека државата е доведена во сериозна меѓународна изолација како директна последица на политиките на актуелната власт, додека јавноста, наместо одговори за клучните прашања, секојдневно е изложена на дефокус, јавен линч и црна кампања.Филипче нагласи дека власта не дава одговори за, како што рече, суштинските проблеми со кои се соочуваат граѓаните.„Нема одговор на вистинските прашања. За дупката во буџетот од две милијарди евра, за тоа што нема пари за зголемување на платите и пензиите, за мигрантите, за црниот капитал преку Алата банка, за корумпираните тендерски постапки низ целата држава. Нема одговор за проблемите со кои граѓаните секојдневно се соочуваат“, истакна Филипче.Според него, наместо решавање на овие прашања, власта свесно креира атмосфера на дефокус и политички линч.„Нема ништо за реалните проблеми. Само дефокус, јавен линч и црна кампања“, порача Филипче.Тој оцени дека ваквото владеење резултирало со сериозна меѓународна деградација на државата.„Дојдовме на листи со земји од третиот свет поради политика на изолација, криминал и корупција, како и поради средбите на луѓе од врвот на власта со ноќни волци блиски до Путин. Доста е веќе“, нагласи Филипче.Во заклучокот, претседателот на СДСМ порача дека граѓаните се уморни од манипулации и празни наративи и дека очекуваат суштински промени.„На граѓаните им треба подобар живот, повисок стандард, повисоки плати и пензии, сигурна иднина и јасен пат кон Европа. За тоа треба да зборуваме – тоа е вистинската политика“, истакна Филипче.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryd5nt83lagu0qaD0vXXk

Филипче предупредува на ризик од злоупотреба на податоци преку „Сејф сити“

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, изјави дека СДСМ не е против воведувањето на системот „Сејф сити“ од аспект на унапредување на безбедноста во сообраќајот, но оцени дека во актуелното законско решение постојат сериозни и суштински прашања кои мора дополнително да се прецизираат и јавно да се отворат во Собранието.Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче нагласи дека секој закон кој придонесува за намалување на сообраќајните несреќи и за зголемување на безбедноста е принципиелно поддржан од СДСМ, но дека тоа не значи безусловна поддршка на решенијата што моментално се предлагаат.Тој посочи дека мора да се земе предвид економската состојба во државата и животниот стандард на граѓаните, особено кога станува збор за висината на казните што ќе произлезат од примената на системот.Покрај економскиот аспект, Филипче како клучно прашање ја истакна и контролата врз податоците што ќе се собираат преку системот „Сејф сити“, оценувајќи дека станува збор за огромна количина чувствителни информации за граѓаните.Во тој контекст, тој потсети дека ВМРО-ДПМНЕ, како носител на актуелната власт, има, како што рече, историја на злоупотреба на безбедносните служби, следење и прислушкување на граѓани, поради што, според него, не може овој сегмент да помине без сериозна парламентарна расправа.Филипче нагласи дека токму поради ваквите сомнежи, СДСМ ќе инсистира на дебата во Собранието, со цел да се обезбедат јасни гаранции дека податоците нема да се користат за тесни, партиски или политички цели и дека системот ќе служи исклучиво за јавна безбедност и заштита на граѓаните.

Македонија | пред 2 месеци

media-library44fkk6lo0ouk51N5oIy

Жан Митрев тврди дека Заев и Филипче барале сопствеништво во болницата, Филипче возвраќа: Ќе тужам

Поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче биле директно заинтересирани да пронајдат начин за стекнување сопственички удел во болницата „Жан Митрев“, во периодот кога против познатиот кардиохирург се водела истрага поврзана со лекувањето на пациенти за време на ковид-кризата. Ова јавно го изнесе самиот Жан Митрев, гостувајќи во Вечерното шоу на Богдан Илиевски на ТВ Алфа.Богдан Илиевски: Политички големци од претходната гарнитура, на највисоки функции, можеби еден премиер и еден министер за здравство, биле директно заинтересирани за најдат начин до сопствеништво врз вашата болница. Дали сте го слушнале овој муабет?Жан Митрев: Да, да.Богдан Илиевски: Дали сте го почувствувале таквиот обид?Жан Митрев: Да.Богдан Илиевски: Потврдувате ли дека имало заинтересираност од Зоран Заев и од Венко Филипче да најдат пат до сопствеништво врз вашата болница?Жан Митрев: Да, имаше такви реални контакти. И на писмено, не само вака…Набргу по овие наводи, актуелниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, одржа вонредна прес-конференција на која остро реагираше, оценувајќи дека станува збор за „континуирана црна кампања и јавен линч“ насочени кон него. Тој ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека преку изјавите на Жан Митрев му се припишува рекет и обид за преземање на цела болница.Филипче изјави дека ваквите напади ги надминале сите граници и најави покренување судска постапка против, како што рече, сите инволвирани – и нарачателите и извршителите. Воедно, тој јавно го повика Жан Митрев, доколку има какви било сознанија за кривично дело, да поднесе кривична пријава до обвинителството.„Нека постапи институционално ако смее. Ако има нешто, нека се докаже пред обвинител и суд, а не преку медиумски настапи. Затоа што знаат дека ќе одговараат“, рече Филипче, обвинувајќи ја власта дека токму ваквите случаи се причина зошто, според него, не се спроведуваат суштински реформи во правосудството.Со ова, јавноста доби две спротивставени верзии за истиот настан – една од страна на кардиохирургот Жан Митрев, кој говори за директни обиди за преземање на неговата болница, и друга од страна на Венко Филипче, кој тврди дека станува збор за политички мотивирана кампања и најавува правна разврска пред судските институции.

Македонија | пред 2 месеци

media-library57i6ivhg5bg59htlQsn

Ќе им се суди на лицата кои му помогнале на возачот кој усмрти жена во Капиштец да избега, откриено како го изнеле низ државава

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против маж и жена кои се товарат дека како соизвршители му помогнале да побегне на осомничен за сообраќајна несреќа со смртни последици, што се случи на 9 јануари во скопската населба Капиштец. Двајцата се обвинети за кривично дело помагање на сторител по извршено кривично дело, казниво според член 365 став 2 од Кривичниот законик.Според обвинението, тие со умисла му помогнале на лице осомничено за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на повредено лице. Со патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, веднаш по несреќата дошле до домот на осомничениот, го зеле него и неговиот татко и преку граничниот премин Табановце ги пренеле во Република Србија. Откако ги оставиле таму, помагачите се вратиле во земјава околу полноќ.Со обвинението, јавниот обвинител доставил и предлог до судот за продолжување на претходно определените мерки – притвор за обвинетиот маж и куќен притвор за обвинетата жена.Во меѓувреме, осомничениот за сообраќајната несреќа со смртен исход сѐ уште е недостапен за органите на прогонот. По него е распишана централна и меѓународна потерница по барање на Основното јавно обвинителство Скопје.Станува збор за Саитов Саит, роден на 6 април 2007 година во Скопје, од татко Берти и мајка Ганимете, со последна пријавена адреса на улицата „Дом Ндуе Битичи“ во Скопје. Тој се бара поради сомнение за сторено кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, казниво по член 300 од Кривичниот законик.Според досегашните наоди од истрагата, на 9 јануари осомничениот управувал патничко возило „фолксваген пасат“ по улицата „Народен фронт“, без да поседува важечка возачка дозвола и со брзина која не била прилагодена на условите на патот и сообраќајот. При непрописно поместување налево, навлегол во коловозна лента наменета за спротивен правец и удрил во пешакот Љуба Јаковлеска, која го преминувала коловозот.Од ударот, жената се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Ургентниот центар, каде подоцна починала. Наместо да ѝ укаже помош, возачот го напуштил местото на несреќата и станал недостапен за надлежните органи.Од обвинителството информираат дека истрагата продолжува и дека паралелно се преземаат дејствија за утврдување на евентуална одговорност и на други лица поврзани со овој настан. Од МВР апелираат граѓаните, доколку имаат сознанија за движењето или престојот на осомничениот, веднаш да ја известат полицијата.

Македонија | пред 2 месеци

zagadeno-skopje-5

Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици, затворање на повеќе улици

Министерството за внатрешни работи информира дека на 19 јануари 2026 година, понеделник, поради одбележувањето на празникот Богојавление – Водици, ќе биде воведен посебен режим на сообраќај на повеќе сообраќајници во Скопје.Како што соопштија од МВР, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за временo затворање на одредени улици со цел непречено и безбедно одвивање на настаните поврзани со празникот.Во централното градско подрачје, за сообраќај ќе биде затворена улицата „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“ до крстосницата со улицата „11 Октомври“, и тоа во двете насоки.Во општина Ѓорче Петров ќе бидат затворени повеќе сообраќајници, и тоа патот од црквата „Свети Петар и Павле“, булеварот „Партизански Одреди“ до улицата „Ѓорче Петров“, како и улицата „Ѓорче Петров“ до улицата „Васил Чакаларов“. Дополнително, за сообраќај ќе биде затворена и трасата од црквата „Свети Пантелејмон“, преку улицата „Козле“, дел од улицата „Васил Чакаларов“, до Железничкиот мост на реката Вардар.Во општина Аеродром, сообраќајот ќе биде запрен на локалниот пат кој води кон населбите Горно и Долно Лисиче.Од СВР Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат униформираните полициски службеници на терен, со цел одржување на јавниот ред и безбедност и избегнување на сообраќајни метежи.

Скопје | пред 2 месеци

media-library07rsk17h23nr6R4vmpn

Бизнис без дозвола или заштита на природата: ескалира спорот меѓу „Ескимо Фрирајд“ и НП „Шар Планина“

Откако ренџерите на Национален парк Шар Планина денеска спречија пет ратраци на приватната компанија Ескимо Фрирајд да превезуваат скијачи на високите терени на Шар Планина поради немање соодветна дозвола, компанијата реагираше со остро соопштение во кое ги нападна медиумите и самата институција, тврдејќи дека инцидентот бил неоправдан и дека требало да ѝ се дозволи непречено да продолжи со работа.Од Националниот парк соопштија дека ратраците биле запрени бидејќи вршеле комерцијална дејност без склучена спогодба со јавната установа, што е спротивно на важечката регулатива за движење со моторни возила во заштитеното подрачје. Потсетуваат дека вакви активности се дозволени исклучиво во зоните за активно управување и тоа само по претходно потпишан договор, со цел заштита на природата и биодиверзитетот.Спротивно на ова, од „Ескимо Фрирајд“ тврдат дека со децении придонесуваат за развојот на туризмот и скијањето на Попова Шапка и дека токму поради тие заслуги требало да им се дозволи да продолжат со работа, иако формално немале одобрение. Компанијата, која наплатува услуги за превоз на скијачи до недопрените и неуредени падини на повисоките делови од Шар Планина, наведува дека „20 години управува со фрирајд-операции“, обидувајќи се својата дејност да ја прикаже како придонес од јавен интерес.Во реакцијата, компанијата остро ги нападна медиумите кои известуваа за постапувањето на Националниот парк, обвинувајќи ги дека ја манипулираат јавноста, а притоа тврдеше дека полицијата не ги отстранила нивните вработени од терен, туку тоа го сториле ренџерите на паркот. Дополнително, „Ескимо Фрирајд“ наведе дека авансно уплатиле 5.000 евра кон Националниот парк, но и покрај тоа биле спречени да продолжат со дејноста, иако во секој случај повторно ќе мора да побараат дозвола од истата институција.Компанијата го нарече Националниот парк „нова ултрабирократска институција“ и го обвини дека под превезот на екологија и биодиверзитет, како што наведуваат, селективно постапува и дозволува загадување, сеча и дивоградби низ планината, без притоа да понуди конкретни докази за овие тврдења.Од Националниот парк „Шар Планина“ возвратија дека правилата важат еднакво за сите и дека движењето со ратраци е строго ограничено. Потсетуваат дека во зоните на строга заштита вакви активности се целосно забранети, а во зоните за активно управување можат да се одвиваат само со јасно дефиниран договорен однос.„Операторите задолжително мора да имаат склучено договор со Јавната установа, со кој се утврдува режимот на движење и надзор, со цел да се заштити природното богатство и биодиверзитетот на Националниот парк“, нагласуваат од институцијата, додавајќи дека ќе продолжат со засилени контроли и законско постапување кон сите што ја прекршуваат регулативата.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryd5q3gv47kvmb4v32JUE

САД предупредува на ризици за летови над Мексико и делови од Јужна Америка поради можни воени активности

Американската Федерална управа за авијација (FAA) во петокот издаде предупредување до авиокомпаниите да бидат особено претпазливи при летање над Мексико, земјите од Централна Америка и делови од Јужна Америка, поради ризици од можни воени активности и потенцијални пречки во ГПС-системите.Американската Федерална управа за авијација соопшти дека се издадени официјални известувања за пилотите, кои го опфаќаат воздушниот простор над Мексико, државите од Централна Америка, како и над Еквадор, Колумбија и делови од источниот Пацифик. Предупредувањата стапија на сила во петокот и ќе важат во наредните 60 дена.Оваа мерка доаѓа во период на зголемени тензии меѓу Соединетите Американски Држави и дел од лидерите во регионот, откако администрацијата на претседателот Доналд Трамп започна значително воено засилување во јужниот дел на Карибите, спроведе воена акција против Венецуела и го уапси претседателот на таа земја, Николас Мадуро. Трамп во изминатиот период најави и можност за други воени дејствија во регионот, вклучително и против Колумбија.Американскиот претседател минатата недела изјави дека нарко-картелите фактички управуваат со Мексико и сугерираше дека САД би можеле да изведат удари врз копнени цели за борба против организираниот криминал, што беше дел од серијата закани за употреба на воена сила против картелите.По објавувањето на предупредувањето, мексиканските власти реагираа со појаснување дека станува збор за претпазлива мерка која не воведува никакви ограничувања за мексиканскиот воздушен простор или за националните авиокомпании. Како што наведоа, известувањето се однесува исклучиво на американските оператори, а авио-сообраќајот во Мексико продолжува да се одвива нормално.По претходната воена операција во Венецуела, Американската Федерална управа за авијација веќе воведе ограничувања за летови во поширокиот карипски регион, што доведе до откажување на стотици летови од големите авиокомпании. Американските власти информираа дека пред тие операции имало координација меѓу цивилната авијација и воените структури.Во еден од поновите инциденти, патнички авион на „ЏетБлу“ на пат кон Њујорк бил принуден да преземе избегнувачки маневар за да спречи судир во воздух со авион-цистерна на Американското воздухопловство во близина на Венецуела, откако воениот авион летал без вклучен транспондер.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryuq4o7i2p2di1eOzLKNr

Зошто алкохолот може да предизвика пролив по ноќ на пиење

Прекумерната консумација на алкохол, покрај главоболка и мачнина, често носи и непријатни дигестивни тегоби, меѓу кои и пролив. Оваа појава, која е релативно честа по ноќ исполнета со пиење, има јасно медицинско објаснување поврзано со начинот на кој алкохолот влијае врз дигестивниот систем.Американскиот гастроентеролог Ендру Блек за списанието Men’s Health објаснува дека алкохолот може да предизвика појава на ретка и воденаста столица затоа што ја надразнува слузницата на цревата. Како реакција на оваа иритација, цревата почнуваат да се движат побрзо и поинтензивно од вообичаено.Кога дигестивниот тракт се забрзува, содржината побрзо минува низ цревата, што значи дека телото има значително помалку време да апсорбира вода и хранливи материи од столицата. Дополнително, самата иритација го нарушува нормалниот механизам на впивање течности, што резултира со пролив. Колку е поголема количината на внесен алкохол, толку е поголема и веројатноста ваквите симптоми да се појават.Како што појаснува Блек, во такви ситуации истовремено се случуваат три процеси: во столицата останува премногу течност, апсорпцијата на вода е намалена, а цревата работат засилено со цел побрзо да ја исфрлат содржината од организмот.За да се намали ризикот од вакви дигестивни проблеми, лекарите советуваат умерено консумирање алкохол, побавно пиење и наизменично внесување алкохол и вода. Важно е и да не се претерува со количините, особено кај лица кои веќе имаат чувствителен дигестивен систем.Доколку ваквите тегоби се повторуваат или се појавуваат и без консумација на алкохол, лекарите препорачуваат консултација со стручно лице, со цел да се исклучат други здравствени причини.

Магазин | пред 2 месеци

sad-policija

Трагедија во САД: Дете пукало во таткото откако му бил одземен „Нинтендо свич“

Единаесетгодишно момче од американската сојузна држава Пенсилванија е обвинето за убиство откако, според истрагата, со огнено оружје го застрелало и усмртило својот татко, револтирано затоа што му била одземена играчката конзола „Нинтендо свич“. Трагедијата се случила на 13 јануари во семејната куќа во населбата Данканон Боро.Полицијата била повикана околу 3:20 часот по полноќ, по пријава за „онесвестен маж“. По пристигнувањето, полициските службеници го пронашле 42-годишниот Даглас Диц без знаци на живот, легнат во кревет со прострелна рана во главата. Тој бил во спалната соба што ја делел со сопругата, а која, според судските документи, била поврзана со собата на детето преку плакар.По спроведената истрага, како осомничен бил идентификуван неговиот 11-годишен син. Според полицискиот извештај, момчето, на кое тој ден му бил роденден, влегло во собата извикувајќи дека татко му е мртов, а пред полицајците и мајката рекло: „Јас го убив тато“.Истражителите утврдиле дека пукањето се случило откако родителите легнале да спијат по полноќ. Детето во изјава навело дека денот го поминале убаво, но се налутило кога таткото му рекол дека е време за спиење. На прашањето што се случило, тој им рекол на полицајците: „Пукав во некого“, додавајќи дека целта му бил токму татко му.Според судските документи, момчето објаснило дека клучот од сефот со оружје го нашло во фиока во родителската спална соба, додека го барало „Нинтендо свич“, кој претходно му бил одземен. Откако го отклучило сефот, внатре пронашло пиштол.Во изјавата до полицијата, детето признало дека го извадило оружјето, ставило куршуми, се доближило до креветот од страната каде што лежел таткото и пукало. На прашањето што мислело дека ќе се случи, одговорило дека било лути и дека не размислувало за последиците.На момчето му е одбиена кауција, а судското рочиште е закажано за 22 јануари. Случајот предизвика силни реакции во американската јавност и повторно го отвори прашањето за безбедноста на оружјето во домовите со деца.

Свет | пред 2 месеци

popova-sapka

Минус три во Скопје-Петровец, снежна покривка до 25 сантиметри на Попова Шапка

Утрово низ Македонија се измерени ниски температури, со минусни вредности во повеќе делови од земјата. Најстудено било во Скопје-Петровец, каде што се измерени -3 степени, додека -2 степени се регистрирани во Тетово и Маврови Анови. Температура од -1 степен е измерена во Штип и Берово.Со нула степени утрово биле Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Демир Капија, Кавадарци и Крушево. Во Крива Паланка, Прилеп, Струмица и Велес се измерени 1 степен, додека 2 степени биле регистрирани во Охрид, Претор и Битола. Највисока температура од утринските часови, 3 степени, е измерена во Виница.Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека најниската минимална температура изутринава е регистрирана на Попова Шапка, каде што живата во термометарот се спуштила до -4 степени. Најтопло било во Гевгелија, со измерени 6 степени.Покрај ниските температури, регистрирана е и снежна покривка во планинските и повисоките места. Највисока снежна покривка изутринава е измерена на Попова Шапка и изнесува 25 сантиметри, додека во Маврови Анови и во Крушево се измерени по 7 сантиметри снег.Метеоролозите најавуваат дека студеното утро е карактеристично за овој период од годината, а граѓаните се повикуваат на внимателност, особено во сообраќајот и при движење по планинските патишта.

Македонија | пред 2 месеци

jens-stoltenberg-1

Столтенберг предупредува: Ништо не е загарантирано кога станува збор за иднината на НАТО

Во услови на растечки тензии поради американските претензии кон Гренланд, поранешниот генерален секретар на НАТО и актуелен министер за финансии на Норвешка, Јенс Столтенберг, порача дека Европа не смее лесно да ги игнорира пораките што доаѓаат од Вашингтон. Во интервју за германскиот магазин Der Spiegel, Столтенберг изјави дека изјавите на Соединетите Американски Држави за преземање контрола врз Гренланд мора да се сфатат сериозно.„Мораме сериозно да ја сфатиме изјавата на Соединетите Американски Држави дека сакаат да ја преземат контролата над Гренланд“, нагласи Столтенберг, коментирајќи ги пораките на американскиот претседател Доналд Трамп.Тој ги отфрли шпекулациите за скриени мотиви зад американската политика кон овој арктички остров, истакнувајќи дека официјалните објаснувања од Вашингтон се поврзани со безбедносните интереси на САД и со природните ресурси.„Го прифаќам она што Трамп и другите американски претставници го кажуваат – наведуваат безбедносни интереси на Соединетите Држави, а понекогаш зборуваат и за природни ресурси. Можам само да укажам на тоа и не сакам да нагаѓам кои би можеле да бидат други потенцијални причини“, изјави Столтенберг.Гренланд, кој има висок степен на автономија, официјално е дел од Кралството Данска. Трамп во повеќе наврати отворено порача дека САД сакаат да го анектираат овој остров, што предизвика силно противење кај европските сојузници во рамките на НАТО.Столтенберг потенцираше дека односите со САД мора да се градат внимателно, но и отворено. „Мораме да градиме односи со САД, а тоа значи и да зборуваме кога не се согласуваме со нив. Втората порака е следна: не можам да ветам дека САД ќе останат во НАТО. Никој не може да го вети тоа“, предупреди тој.Досегашните кризисни разговори меѓу САД, Данска и властите на Гренланд не донеле конкретни резултати, додека Трамп тврди дека евентуалното припојување на Гренланд би го спречило зајакнувањето на руското и кинеското влијание во арктичкиот регион. Според Столтенберг, одговорот на ваквите пораки мора да биде јасен и единствен, како од страна на НАТО, така и од Европската Унија.Тој ја поздрави поддршката што Данска ја доби од нордиските земји, Германија и други европски држави, кои јасно порачаа дека Гренланд ѝ припаѓа на Данска. „Најважно е да се спречат понатамошни дејствија“, истакна Столтенберг.Говорејќи пошироко за иднината на НАТО, тој предупреди дека опстанокот на Алијансата не смее да се зема здраво за готово. „Ништо не е врежано во камен, работите можат да се променат“, рече Столтенберг, нагласувајќи дека зајакнувањето на трансатлантската кохезија е клучно, без разлика на тоа каква ќе биде идната улога и посветеност на САД кон НАТО.

Свет | пред 2 месеци

media-library17ha8utr4t2h1en6IQQ

Протести на Гренланд и во Данска против плановите на Трамп за преземање на островот

Илјадници граѓани преку социјалните мрежи најавија дека ќе учествуваат на протести на Гренланд и во Данска, како реакција на најавите и заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за можноста Соединетите Американски Држави да преземат контрола врз арктичкиот остров. Протестите се планирани во Копенхаген, Орхус, Олборг, Оденсе, како и во главниот град на Гренланд, Нук, на иницијатива на повеќе гренландски организации.„Целта е да се испрати јасна и едногласна порака во корист на почитувањето на демократијата и основните човекови права на Гренланд“, соопшти организацијата Уагут, национално здружение на гренландски граѓани во Данска, преку својата интернет-страница.Заедно со граѓанското движење „Рацете подалеку од Гренланд“ и коалицијата на локални гренландски здруженија Инуити, организаторите најавуваат дека ќе го искористат присуството на делегација на американскиот Конгрес во Копенхаген за нивните пораки да добијат поголема меѓународна видливост.Од враќањето на власт пред една година, Трамп редовно ја споменува можноста за преземање контрола врз огромниот, стратешки важен, но слабо населен арктички остров кој е дел од Кралството Данска. Тој тврди дека Гренланд мора да биде „обезбеден на овој или оној начин“ со цел да се спротивстави на, како што ги нарекува, руските и кинеските интереси на Арктикот.Во петокот вечерта, неговиот близок советник Стивен Милер ја потврди позицијата на САД во интервју за „Фокс њуз“, истакнувајќи дека Данска, и покрај почитта, е мала држава со ограничени економски и воени капацитети и дека, според него, не е во состојба самостојно да го брани Гренланд. Тој додаде дека САД не планираат „да трошат милијарди долари за одбрана“ на територијата, доколку суверенитетот остане во рацете на Данска.Протестите, закажани за сабота, доаѓаат само неколку дена по состанокот во Вашингтон, на кој данските власти признале дека во моментов не постои реална можност за договор со американската администрација за иднината на автономната територија. Иако повеќе европски лидери јавно ѝ изразија поддршка на Данска, како една од основачките членки на НАТО, американскиот претседател во петокот се закани со воведување царини за земјите кои не го поддржуваат неговиот план за преземање на Гренланд.Повикот за протести е упатен и до жителите на Нук, со цел спротивставување на, како што наведуваат организаторите, „незаконските планови на Соединетите Американски Држави за преземање контрола над Гренланд“. Во исто време, Франција, Шведска, Германија и Норвешка, со поддршка и од Холандија, Финска и Обединетото Кралство, најавија распоредување воен персонал за извидничка мисија на Гренланд, во рамки на данската вежба „Арктичка издржливост“, која се реализира во координација со сојузниците од НАТО.

Свет | пред 2 месеци

media-library44763hu88e6bcDJliEX

По поразот од Данска, целосен фокус на Португалија: Македонија утре игра за продолжување на надежите

Македонската ракометна репрезентација со убедлив пораз го отвори настапот на Европското првенство, откако синоќа загуби од кодомаќинот Данска со 36:24. Иако разликата од 12 голови беше очекувана со оглед на квалитетот на противникот, избраниците на селекторот Кирил Лазаров во добар дел од натпреварот успеаја пристојно да му парираат на актуелниот светски и олимписки првак, пред речиси 15.000 навивачи во салата во Хернинг.Веќе утре Македонија ја очекува можеби клучната пресметка за пласман во следната фаза, противник ќе биде Португалија, селекција која шампионатот го отвори со победа над Романија од 40:34 и во текот на целиот меч имаше резултатска контрола.По поразот од Данска, селекторот Кирил Лазаров информираше дека денешниот тренинг е откажан, со цел репрезентативците да се одморат и физички и ментално пред важниот дуел во второто коло. Тој се осврна и на отсуството на двајцата искусни ракометари, Никола Митревски и Жарко Пешевски, кои не беа во составот против Данска.„Причината за нивното отсуство се ситни повреди. По разговор со играчите, медицинскиот тим и стручниот штаб донесовме одлука да не настапат. Да беа целосно здрави, сигурно ќе играа. И двајцата имаат добра сезона зад себе и се надевам дека ќе бидат подготвени за неделниот дуел со Португалија“, изјави Лазаров.И покрај убедливиот пораз, атмосферата во македонскиот табор останува оптимистичка. Павле Атанасијевиќ, кој постигна два гола против Данска, потенцира дека клучот за успех против Португалија ќе биде концентрацијата и минимизирањето на грешките.„Имаат опасна полуконтра и брз центар, знаеја да нè казнат по секоја наша грешка. Данска е минато, сега фокусот е Португалија. Мора максимално да се посветиме и да оствариме добар резултат. Тие играат брз ракомет, но ние одиме на победа“, изјави Атанасијевиќ.Фајтерски настап против Данска имаше и пикерот Марко Стојковиќ, кој успеа да се запише и во листата на стрелци. Младиот ракометар истакна дека, и покрај поразот, Македонија има реални шанси да ја мине групната фаза.„Мора да сме свесни дека Данска се светски и олимписки прваци. Дадовме максимум иако тие беа подобри. Пред нас се уште два натпревари. Чувството да се игра пред 15.000 гледачи е одлично, а сега фокусот мора да биде 200 отсто на Португалија и Романија ако сакаме пласман понатаму“, рече Стојковиќ.Натпреварот меѓу Македонија и Португалија се игра во недела во Хернинг со почеток во 18 часот, додека последниот дуел од групната фаза против Романија е закажан за 21 јануари.

Спорт | пред 2 месеци

media-library1fm6rm518418aPYkYXc

Жестока расправа за измените на Кривичниот законик: „Правна козметика или заострување на казните?“

Во собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците започна јавната расправа по предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, поднесен од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Расправата предизвика значителен интерес во стручната јавност, а за збор се пријавија 13 учесници од областа на правосудството, меѓу кои адвокати, универзитетски професори, истакнати правници и претставници на невладиниот сектор.Најголемиот дел од забелешките беа насочени кон членот 353 од Кривичниот законик, кој се однесува на злоупотребата на службената положба и овластување, особено во контекст на измените од 2023 година, за кои дел од стручната јавност смета дека довеле до фактичка амнестија на функционери. Критики беа упатени и кон делот од измените поврзани со кривичните дела што произлегуваат од имплементацијата на Сејф сити системот.Професорката на Правниот факултет и поранешна потпретседателка на СДСМ, Ана Чупеска, оцени дека предложените измени претставуваат „правна козметика“ и инструмент на политичка моќ, насочен кон заштита на политичките елити. Според неа, преку јазични формулации и субсидијарни клаузули се овозможува свесно амнестирање на службени злоупотреби.Од друга страна, адвокатката Ружица Николовска изрази став дека измените во членот 353 се во позитивна насока, бидејќи се проширува опфатот на делото со искористување на службената положба или овластување, а воедно се предвидува и заострување на казнената политика преку зголемување на санкциите.Адвокатот Звонко Давидовиќ оцени дека законскиот текст е недоволно доработен и содржи сериозни недоследности. Тој посочи дека во членот 353 не е предвидено задолжително одземање на имотната корист стекната со кривичното дело, а проблеми гледа и во одредбите поврзани со Сејф сити системот. Како пример, Давидовиќ нагласи дека се предвидува одземање возило за пречекорување на брзината од 50 или 70 километри на час, но не и за управување со 1,5 промили алкохол или под дејство на дроги, што, според него, претставува сериозен пропуст во безбедносната логика на законот.Според образложението на предлагачите, измените на Кривичниот законик имаат за цел отстранување на слабостите во постојните одредби и усогласување со Решението на Уставниот суд од 12 февруари 2025 година. Како што беше посочено, тенденцијата на предложените законски измени е унапредување на законските битија и заострување на казнената политика, особено за кривичните дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 и „Злосторничко здружување“ од член 394.Јавната расправа продолжува, а изнесените забелешки и предлози треба да послужат како основа за евентуални доработки на законскиот текст пред неговото понатамошно парламентарно разгледување.

Македонија | пред 2 месеци

media-library093onvuapom94fkfjSt

Зошто Гренланд стана глобална жаришна точка: геополитиката зад амбициите на Трамп

За само неколку недели, Гренланд од маргинална тема се претвори во едно од најжешките прашања на светската геополитика. Клучната улога во тоа ја има актуелниот американски претседател Доналд Трамп, чија отворена желба Соединетите Американски Држави да го преземат островот го постави Гренланд во центарот на глобалните тензии.Климатските промени, новите поморски рути, пристапот до критични суровини и безбедносната архитектура на НАТО одамна го прават најголемиот остров во светот простор каде што се преклопуваат интересите на големите сили, регионалните актери и локалното население. Но, со најавите од Вашингтон, Гренланд прерасна во потенцијална кризна точка што може сериозно да го наруши трансатлантското сојузништво.Трамп неодамна отворено им се закани на сите држави што се противат на идејата за американско преземање на Гренланд, доведувајќи го во прашање и суверенитетот на Данска. Тој изјави дека фактот што Данците пристигнале на островот пред 500 години не им дава право на сопственост, оценка што предизвика силни реакции во Европа.Правниот и историскиот контекст, сепак, оди во корист на Копенхаген. Данскиот суверенитет над Гренланд не е резултат на класична колонијална доминација, туку на долг континуитет на дипломатски и правни одлуки. По распадот на данско-норвешката круна во 1814 година, Данска ја задржала контролата над островот, а во 1933 година Постојаниот суд во Хаг ги отфрлил норвешките барања за источен Гренланд. Денес, островот е дел од Кралството Данска, но со широка автономија, сопствен парламент, официјален јазик и контрола врз природните ресурси.Жителите на Гренланд на референдуми одлучиле да ја задржат врската со Данска, но со зголемена самоуправа, што претставува геополитички компромис: Данска обезбедува безбедност и меѓународен статус, а Гренланд ѝ носи арктичко влијание и пристап до глобалните форуми. Како што истакнува норвешкиот експерт за одбрана Пал Сигурд Хилде, правниот легитимитет на Данска е исклучително цврст и редок во арктичкиот простор, поради што островот со векови не бил предмет на сериозен спор.Паралелно со американските амбиции, расте и отпорот на Гренланѓаните и Данците. Во неколку дански градови, како и во главниот град Нуук, се најавени протести против идејата за преземање на островот, со порака за почитување на демократијата и основните човекови права.За Данска, Гренланд претставува клучна геостратешка полуга. Со островот, земјата учествува во арктичките безбедносни планови на НАТО и во глобалните климатски дебати, што ѝ дава „стратешка длабочина“ каква што ретко ја имаат малите држави. Иако годишната субвенција за Гренланд изнесува околу 500 милиони евра, во Копенхаген таа сѐ почесто се гледа како цена за геополитичка релевантност, а не како социјален товар.И Европската Унија сѐ поинтензивно го гледа Гренланд како стратешки партнер, особено поради потенцијалот за ретки метали неопходни за зелената транзиција и намалување на зависноста од Кина. Дополнително, топењето на мразот на Гренланд игра клучна улога во диктирањето на климатските промени во Европа, што го прави островот своевидна климатска предстража.Од американска перспектива, Гренланд е незаменлива точка за одбраната на северниот Атлантик и континенталните САД. Контролата врз т.н. GIUK-празнина – просторот меѓу Гренланд, Исланд и Обединетото Кралство – е од суштинско значење за поморскиот и воздушниот сообраќај и за радарската и противракетната одбрана.За самите Гренланѓани, растечката геостратешка важност на островот носи и можности и ризици. Потенцијалниот американски протекторат би можел да донесе инвестиции и економска самостојност, но отвора дилеми за долгорочната политичка контрола. Како што предупредуваат аналитичарите, жителите на островот сакаат независност, а не замена на една метропола со друга.Во услови на зголемени глобални тензии, Гренланд денес се појавува како лабораторија на идната геополитика, место каде што истовремено се судираат климатските, безбедносните и ресурсните интереси на големите сили. Големото прашање што останува е каква цена ќе плати трансатлантското сојузништво доколку борбата за Арктикот дополнително се заостри.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryh6fd8oo6qtl31DPqEPB

„Лансет“: Нема докази дека парацетамолот предизвикува невроразвојни нарушувања кај децата

Земањето парацетамол за време на бременоста е безбедно и не постојат докази дека го зголемува ризикот од аутизам, АДХД или други невроразвојни потешкотии кај децата, покажува нова обемна научна студија, објави BBC.Истражувањето, објавено во престижното медицинско списание The Lancet, претставува сеопфатна анализа на 43 најрелевантни и најквалитетни студии за употребата на парацетамол во бременоста, кои опфатиле стотици илјади жени. Авторите особено се фокусирале на студии што ги споредувале браќа и сестри, методологија која овозможува да се исклучат фактори како генетиката и семејната средина, поради што ваквиот пристап се смета за „златен стандард“ во научните истражувања.Главната авторка на студијата, професорката Асма Халил, изјави дека анализата не покажала никаква поврзаност меѓу употребата на парацетамол и зголемен ризик од аутизам или други развојни нарушувања. Таа нагласи дека пораката од истражувањето е јасна – парацетамолот останува безбедна опција за бремени жени кога се користи според упатствата.Наодите се во согласност со препораките на водечките медицински организации во Обединетото Кралство, САД и Европа. Во студијата се наведува дека претходно пријавуваните поврзаности меѓу парацетамолот и аутизмот најверојатно можат да се објаснат со други фактори, а не со директно дејство на самиот лек.Професорката Халил, која е експерт за фетална медицина на Универзитетот во Лондон, истакна дека парацетамолот е лек од прв избор што им се препорачува на бремените жени при болка или покачена температура. Таа потсети дека нелекувањето на висока температура или болка за време на бременоста може да го зголеми ризикот од спонтан абортус, предвремено породување или развојни проблеми кај детето.Независни медицински експерти ја поздравија студијата, оценувајќи дека ќе придонесе за намалување на стравот и несигурноста кај бремените жени. Професорот Ијан Даглас од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина изјави дека истражувањето е добро спроведено и дека со исклучувањето на студиите со понизок квалитет дава посигурни резултати. Според професорот Јан Хавик од Универзитетот во Берген, студијата нуди силни докази дека употребата на парацетамол во бременоста не го зголемува ризикот од аутизам, АДХД или интелектуални тешкотии.Истражувањето доаѓа по контроверзните изјави на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој во септември 2025 година тврдеше дека неговата администрација го поврзува парацетамолот со аутизмот и ги повика бремените жени да го избегнуваат лекот. По тие изјави, Агенцијата за храна и лекови на САД повика на претпазливост, но истовремено нагласи дека парацетамолот останува единствениот одобрен лек за третман на висока температура во бременоста.Здравствените власти во Обединетото Кралство и понатаму потенцираат дека парацетамолот е најбезбедниот аналгетик достапен за бремени жени, а најновите научни докази дополнително ја потврдуваат таа препорака.

Свет | пред 2 месеци

hrvatski-zatvori-iskustvo

Осуммина завршија во притвор по истрагата за финансискиот криминал во УЈП

Заврши распитот на осумте приведени лица поврзани со вчерашната обемна акција во Управата за јавни приходи, по што Основниот кривичен суд Скопје им определи мерка притвор во траење од 30 дена.Како што информира Судот, по нивното произнесување, како и по оценка на фактите и приложените докази, бил прифатен предлогот на обвинителството и на сите осум осомничени им е определен притвор поради постоење на сите три законски основи – опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци, како и ризик да го довршат или повторат кривичното дело.Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопштија дека истрагата се води под раководство на јавен обвинител од ова обвинителство, а во акцијата учествувале истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на Министерството за внатрешни работи. Во текот на акцијата, до доцните вечерни часови, биле извршени претреси на 16 локации низ државата, при што биле пронајдени и времено одземени фиктивна документација, парични средства, оружје и лажни печати од правни лица, а осомничените биле обезбедени.Акцијата е резултат на заеднички постапувања на Истражниот центар на ОЈО ГОКК и Управата за финансиско разузнавање, по претходно известување од Агенцијата за национална безбедност. Врз основа на обезбедените докази, обвинителството отвори предмет и донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 20 лица, осомничени дека го оштетиле државниот буџет за 297.733.844 денари, односно околу 4,8 милиони евра.Според обвинителството, првоосомничениот – српски државјанин и сопственик и управител на две правни лица – заедно со двајца службеници од Управа за јавни приходи – Регионална дирекција Скопје, во текот на 2023 година формирале организирана група со цел вршење на кривични дела даночно затајување, даночна измама, перење пари и злоупотреба на службена положба. Во периодот од 2023 до 2025 година, во групата биле вклучени и други сопственици, управители и вработени во правни лица во Скопје и Гевгелија.Со прикажување неточни податоци во даночните пријави и со помош од даночни службеници, првоосомничениот во периодот 2023–2024 година избегнал плаќање данок во износ од 11.593.403 денари. Дополнително, други осомничени со лажни пријави побарале и добиле неосновано враќање данок за нерезидентни правни лица, со што на буџетот му е нанесена штета од 31.175.168 денари. Дел од осомничените, пак, вршеле трансфер и подигање парични средства со цел прикривање на потеклото на парите прибавени со кривични дела, во вкупен износ од 91.985.197 денари.Досегашните докази, како што соопштува обвинителството, укажуваат дека осомничени вработени во УЈП – Регионална дирекција Скопје, меѓу кои и лица на високи раководни позиции, со повеќекратни злоупотреби на службената положба нанеле вкупна штета на Буџетот на Република Северна Македонија од најмалку 162.980.076 денари.Јавниот обвинител претходно предложи мерка притвор за десет осомничени, при што судот на осум лица им определи притвор, додека за две лица притворот веќе бил определен во друг предмет поврзан со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. За останатите десет осомничени предложени се мерки за обезбедување присуство, меѓу кои и забрана за вршење работни активности поврзани со кривичните дела и забрана за работа како службени лица во УЈП.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynakg4levke815h1MJe3

Од 20 до 31 јануари калибрација на камерите: кога ќе се тестира, нема да се пропуштаат возила на тие локации

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во рамки на проектот „Безбеден град“ во периодот од 20 до 31 јануари ќе се спроведува тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди, односно камери за сообраќаен надзор.Како што соопштува МВР, активностите ќе се реализираат секој ден во временскиот интервал од 08:00 до 20:00 часот. За време на тестирањата, на локациите каде што се вршат овие постапки, возилата нема да бидат пропуштани додека трае самата техничка проверка и калибрација на опремата.Во првата недела од предвидениот период, тестирањето ќе се спроведува исклучиво на локациите со поставени камери на подрачјето на Скопје, по што активностите ќе продолжат и на други локации, согласно динамиката на проектот.Од Министерството апелираат до граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања и упатствата на терен, како и да покажат разбирање и трпение, со цел овие активности да се реализираат безбедно и непречено.Проектот „Безбеден град“ има за цел унапредување на сообраќајната безбедност и зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот преку современ систем за автоматски надзор и контрола.

Македонија | пред 2 месеци

ambulanta

Ужасно насилство во Гази Баба: Скопјанец удирал и давел партнерка, заканувајќи и се со нож, кршејќи и ребро

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен жител на Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривични дела телесна повреда и загрозување на сигурноста, казниви согласно член 130 став 2 во врска со став 1 и член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Според наводите на обвинителството, на 14 јануари, во видно алкохолизирана состојба, осомничениот ја нападнал својата партнерка во дом во скопската општина Гази Баба, каде што таа привремено престојувала. Тој ја удирал по главата и телото, ја давел за вратот, а ѝ се заканувал и со нож, со кој, според пријавата, замавнал кон неа.Жртвата од натамошно насилство ја спасиле двајца други потстанари во истата куќа, кои успеале да ја извлечат од просторијата и веднаш повикале полиција. По укажаната лекарска помош, кај жената биле констатирани повеќе телесни повреди, меѓу кои и пукнатина на ребро и на градната коска.Имајќи ја предвид тежината на делото и опасноста од бегство, Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Скопје | пред 2 месеци

media-library94evntgkk593dPh1tRR

Со торта на три спрата и порака на неа почна мандатот на новиот радоначалник на Општина Маврово и Ростуше

Со свечена торта и симболична порака за чест, одговорност и посветеност кон граѓаните, денеска и официјално започна мандатот на новиот градоначалник на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски. Фотографијата од настанот, на која Јакупоски ја сече тортата со натпис „Со чест, одговорност и посветеност во служба на граѓаните“ и „Честитки за изборот за градоначалник“, го привлече вниманието во јавноста како несекојдневен почетокот на новиот мандат.Во свечена атмосфера, Јакупоски денеска го прими уверението за градоначалник, со што и формално беше потврдена изборната волја на граѓаните. Уверението му беше врачено од претседателот на Општинската изборна комисија Маврово и Ростуше, Реџеп Агаи.Тортата, поставена во салата за состаноци и украсена со симболот на општината и датумот 15 јануари 2026 година, беше централниот визуелен елемент на настанот и јасна порака за начинот на кој новиот градоначалник сака да го започне својот мандат – со јавен акцент на одговорноста и отчетноста кон граѓаните.При примањето на уверението, Јакупоски порача дека функцијата што ја презема ја доживува како голема чест, но и како обврска што носи сериозна одговорност. Тој најави посветена работа за подобрување на условите за живот во сите населени места во општината и нагласи дека мандатот ќе биде насочен кон интересите на граѓаните.

Македонија | пред 2 месеци

259152317_476073507554637_2827034187181442103_n

Изменет режим на јавниот превоз на 19 јануари поради Богојавление

Од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информираат дека во понеделник, 19 јануари 2026 година, поради верскиот празник Богојавление – Водици, јавниот превоз во главниот град ќе функционира по неделен возен ред.Исклучок од овој режим ќе бидат автобуски линии 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180, кои на празничниот ден ќе сообраќаат според саботен возен ред.Од ЈСП дополнително соопштуваат дека на Водици, во периодот од 7 до 14 часот, дежурна ќе биде билетарницата во Транспортниот центар, додека жичницата нема да биде во функција.Воедно, од претпријатието потсетуваат дека жичницата не работи секој понеделник, како и секој последен вторник во месецот, согласно редовниот распоред за одржување и работа.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryg2hfnt9p5bu5bEiRA0G

Семејна драма во Чучер Сандево: маж со автомат се заканувал дека ќе ја убие сопругата и ќерките

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сомнение за сторено кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи, казниво според член 396 став 5 во врска со ставовите 3 и 1 од Кривичниот законик.Според наводите на обвинителството, осомничениот на 13 јануари во својот дом во Чучер Сандево неовластено држел автоматско оружје STEN MKII, кое е целосно забрането за поседување од страна на граѓани, како и 71 куршум муниција со калибар 9 милиметри „Пара“, наменета за испалување од таков вид автоматско оружје.Оружјето и муницијата биле пронајдени откако сопругата на осомничениот ги известила полициските службеници кои пристигнале во домот по пријава дека тој ѝ се заканувал нејзе и на нивните две ќерки, родени во 2006 и 2010 година, дека ќе ги убие. Според пријавеното, најпрво упатувал закани кон сопругата дека ќе ја запали, по што искршил дел од покуќнината и со нож им се заканувал и на ќерките.Поради ваквите дејствија, со кои кај оштетените предизвикал чувство на сериозна загрозеност и страв, осомничениот се гони и за кривично дело загрозување на сигурноста, согласно член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Имајќи ја предвид тежината на делата, опасноста од бегство и можноста осомничениот да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања