Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

media-librarylik24nj4e4204CndUCa

Зошто на Бадник во домот се внесува дабово гранче

Православните христијани на Бадник, вечерта наспроти Божиќ, во домовите внесуваат бадниково гранче или ги украсуваат со бадникови гранки, кои всушност се дабови гранчиња. Овој обичај претставува еден од најпрепознатливите симболи на Бадник и е длабоко вкоренет во христијанската и народната традиција.Традицијата на украсување на домот со бадниково гранче се забележува уште од 4 век. Бадниковото гранче се смета за неизбежен знак на празникот, симбол на здравјето, животот и вечната среќа. Со неговото внесување во домот се најавува радосната вест за раѓањето на новиот живот и се повикува благослов врз семејството.Дабот е избран неслучајно. Уште од дамнина, дабовото дрво се смета за едно од најиздржливите и најдолговечните дрва. Според народните верувања, токму со дабово дрво праведниот Јосиф запалил оган за да го стопли штотуку родениот Исус и неговата мајка Марија, што дополнително ја зацврстува неговата симболична улога во божиќниот циклус на празници.Бадниковото гранче често се нарекува и „дрво на животот“, по аналогија со дрвото на животот во рајот, кое симболично ја претставува вечноста. Како што дабовото дрво долго го чува жарот, така и човекот што го внесува бадниковото гранче во својот дом верува дека ќе биде даруван со долговечност и духовна вечност.Во народната традиција се верува дека дабот, како симбол на здравје, сила и издржливост, ги пренесува своите особини на сите членови на домот. Затоа, бадниковото гранче не е само украс, туку длабок симбол на надеж, благослов и продолжување на животот, кој ја поврзува верата, традицијата и семејното заедништво.

Магазин | пред 2 месеци

media-libraryrjjfq9sn31redvDRPwh

Блерим Беџети се чуди зошто Антикорупциска реагира на фирмата за градење на неговите деца кои имаат по 19 и 21 година

Пратеникот од ДУИ и поранешен градоначалник на Сарај, Блерим Беџети, остро реагира на, како што оценува, обидите во јавноста да се прикаже како „голем скандал“ фактот што неговите полнолетни деца основале фирма регистрирана на законски и транспарентен начин. Според Беџети, станува збор за апсурдна конструкција, во која отворањето компанија од страна на млади луѓе автоматски се претставува како криминал или како најавена злоупотреба.„Навистина стигнавме до апсурд кога ‘голем скандал’ во државата станало тоа што моите полнолетни деца отвориле фирма законски, транспарентно и преку Централен регистар. Очигледно, најголемиот грев денес е ако млад човек се обиде да стане претприемач, наместо партиски вработен во јавна институција“, наведува Беџети.Тој посочува дека околу фирма која нема добиено ниту еден тендер, нема склучено договори и нема започнато никаква деловна активност, се создава, како што вели, „драматична приказна“, зад која стојат сензационализам и политички мотиви. Беџети додава дека неговиот наводен „криминал“ се сведува на тоа што со задоцнување од три месеци не го пријавил основањето на фирмата во Државна комисија за спречување на корупцијата.Според неговото толкување на законот, со оглед дека неговите деца се полнолетни и живеат одвоено, обврската за пријавување не постоела, но доколку Антикорупциската комисија оцени дека сепак требало да биде пријавено, тоа ќе го направи, иако со задоцнување. „Институциите нека работат, а законот нека важи за сите“, нагласува Беџети.Во својата реакција тој прави и споредба со, како што вели, вистински скандали во државата, наведувајќи случаи на милионски тендери доделени на компании со мал број вработени и договори што завршувале кај лица блиски до нови политички елити, кои, според него, остануваат надвор од фокусот на јавноста.Претходно, Радио Слободна Европа објави дека компанијата „ВЕ-ИНВЕСТ ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје“, регистрирана за изградба на станбени и деловни објекти и основана во септември 2025 година од децата на Беџети, станала предмет на интерес на ДКСК. Според податоците од Централниот регистар, како сопственик е заведена 21-годишната Ељма Беџети, додека управител е нејзиниот 19-годишен брат Валон Беџети, а седиштето на фирмата се наоѓа во стан во сопственост на нивниот дедо.Од Антикорупциската комисија потврдија дека по сопствена иницијатива отвориле предмет за проверка, потсетувајќи дека избраните и именуваните лица имаат обврска да пријават зголемување на имотот на членовите на семејството над одреден законски праг. Беџети, пак, повтори дека станува збор за фирма која нема никаква деловна активност и дека, и покрај регистрираната градежна дејност, не планира изградба на објекти.Случајот се развива во период кога против Беџети веќе се води и посебна постапка поврзана со изградба на објект во Сарај, што тој во повеќе наврати го оценил како политички мотивиран процес.

Македонија | пред 2 месеци

DSC_4068

Возеле со 168 и 188 километри на час, а и пијани: МВР приведе шест возачи во Штип, Струмица и Охрид

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека во текот на 4 и 5 јануари 2026 година полициските службеници лишиле од слобода повеќе лица поради управување возила под дејство на алкохол и поради екстремно пречекорување на дозволената брзина.На 5 јануари 2026 година, во 01:51 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.З. (59) од Штип. При контрола во патниот сообраќај било сопрено патничко возило „мерцедес“ со штипски регистарски таблички, кое го управувал осомничениот. По преземените мерки било утврдено дека тој возел под дејство на алкохол, со 1,66 промили алкохол во крвта, по што бил веднаш исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.Ден претходно, на 4 јануари 2026 година во 04:20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода П.Т. (27) од селото Добрејци, струмичко. Тој управувал патничко возило „киа“, а при контролата било констатирано дека има 1,70 промили алкохол во крвта. И во овој случај возачот бил веднаш исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.Истиот ден, во 01:45 часот во Струмица, бил лишен од слобода и К.Р. (56) од селото Нова Маала, општина Василево. Тој управувал патничко возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки и кај него биле измерени 1,61 промили алкохол во крвта.Полицијата привела и лица поради екстремно пречекорување на дозволената брзина. На 4 јануари 2026 година во 14:28 часот во Струмица бил лишен од слобода С.Б. (27) од Италија, кој управувал патничко возило „ренџ ровер“ со италијански регистарски ознаки со брзина од 124 километри на час во населено место каде дозволената брзина е 50 километри на час.Неколку часа претходно, во 13:13 часот на магистралниот пат А-4, на паркингот кај Дукатино, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода В.М. (43) од селото Дабиле, струмичко. Тој управувал патничко возило „фолксваген артеон“ со италијански регистарски таблички со брзина од 168 километри на час на делница каде сообраќајниот знак ограничува брзина од 80 километри на час.На магистралниот пат Кичево–Охрид, кај селото Ново Село, на 4 јануари 2026 година во 16:20 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Л. (29) од селото Мешеишта, општина Дебарца, со престој во Германија. Тој управувал патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки со брзина од 188 километри на час на делница каде максимално дозволената брзина е 100 километри на час.Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на настаните, против сите приведени лица ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик за кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 2 месеци

badnik-i-bozhikj-praznici-na-semejstvoto-214496

Од бадниковата вечер до божиќната радост: обичаи што го чуваат духот на заедништвото и раѓањето на животот

„Кај и да си за Бадник и Божиќ, дома да си“ е една од најпознатите народни изреки поврзани со овие празници, кои во себе ја носат симболиката на раѓањето на животот, семејната заедница, љубовта, приврзаноста и светлината во душата на луѓето. Токму затоа, за време на овие големи христијански денови, членовите на семејството се собираат во домот и заедно ја споделуваат свечената празнична трпеза, како израз на духовна и човечка блискост.Бадник е последниот и најстрог ден од божиќниот пост. Името го добил по дабовото гранче – бадник, кое традиционално се сече тој ден, се внесува во домот и се пали. Во народот се верува дека Бадник значи „будник“, односно ноќ во која се бдее и се чека радосната вест за раѓањето на Спасителот. Иако обичаите се разликуваат од регион до регион, низ Македонија постојат заеднички елементи што го обележуваат празникот: бадниковите гранчиња, коледарските песни, богатата посна трпеза, лепчето со паричка, бадниковите огнови и бројните обичаи поврзани со здравјето, плодноста, бериќетот и среќата во домот.Во некои места сè уште се оди по бадник во блиската шума уште во рана зора, со кој потоа се украсуваат влезовите на куќите, а навечер се пали во огништето, често натопен со црвено вино. Денес, сè почесто бадниковите гранчиња се земаат од црквите, каде се осветуваат, или се делат на градските плоштади, каде граѓаните заеднички го одбележуваат празникот.Рано наутро на Бадник, децата во групи одат од куќа до куќа и пеат коледарски песни, а домаќините ги даруваат со ореви, јаболка, бонбони и ситни пари. Најсвечениот чин од празнувањето е бадниковата вечера, која секогаш е посна, но богата и внимателно подготвена. На трпезата се наоѓа лепче со паричка, познато како кравајче, посна сарма, грав, риба, зелник, овошје и други јадења.Пред вечерата, домаќинот го внесува бадниковото гранче во домот со зборовите „Добра вечер и среќна Бадна вечер“, а домаќинката одговара „Добровечер, Бадњаче“. Гранчето се полева со црвено вино и се пали, а во некои домови се пали и темјан со кој се закадуваат сите простории за здравје и благосостојба. Највозбудливиот момент е делењето на лепчето и барањето на паричката, за која се верува дека носи среќа и напредок во годината што започнува. Бадниковата трпеза, според обичајот, не се раскрева до следниот ден, со верување дека во текот на ноќта Господ ќе дојде и ќе се благослови домот.Постарите генерации сведочат дека Бадник некогаш се славел поскромно, но со исклучителна посветеност и љубов. На трпезата имало повеќе видови лепчиња со симболична намена за членовите на семејството и за добитокот, а вечерата често се служела на земја, врз слама, со запалена свеќа и молитва пред јадењето. Сето тоа имало за цел да се обезбеди здравје и бериќет во домот.Во поново време, во многу градови се практикува и палење на бадникови огнови по маалата или на плоштадите, со заедничко дружење, иако црквата укажува дека станува збор за пагански елементи кои постепено се напуштаат.Божиќ, пак, е највеселиот христијански празник и се празнува три дена. Тој го означува раѓањето на Исус Христос и победата на светлината над темнината. Уште од рана зора се слушаат црковните ѕвона, верниците се облекуваат свечено и одат на литургија, а меѓусебно се поздравуваат со зборовите „Христос се роди – Навистина се роди“. Со Божиќ завршуваат и долгите пости, па трпезата станува мрсна и богата.Особено значење има и „полазникот“, првиот човек што ќе влезе во домот на Божиќ, за кого се верува дека ја носи среќата, здравјето и напредокот во текот на целата година. Трпезата е богата, со печено месо, погачи, слатки и вино, а погачата со паричка повторно има централно место. Се верува дека сè што ќе се направи на Божиќ ќе се повторува во текот на годината, па затоа овој ден треба да помине во мир, простување и радост.Бадник и Божиќ се празници кои, и покрај промените на времето, и понатаму ја чуваат суштината на семејството, верата и заедништвото, потсетувајќи дека вистинската светлина започнува од домот и од срцето на човекот.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryf4fhn1fv6r772afakX9

(Видео) Македонски автобус излетал од автопат во близина на Белград

Автобус со македонски регистарски таблички синоќа целосно излетал од автопатот кај местото Добановци, во правец од градот, јавуваат српските медиуми. Според објавите, засега нема официјални информации за состојбата на патниците и возачот на автобусот.„Автобус со македонски ознаки целосно излетал од автопатот кај Добановци, од правец на градот. Состојбата на патниците не е позната. Возач на друг автобус застанал за да помогне“, се наведува во информацијата што ја пренесуваат медиумите.Несреќата се случува во услови на отежнат сообраќај низ Србија, каде што од вчера речиси целата земја е зафатена од снежни врнежи. Јавното претпријатие „Патишта на Србија“, врз основа на извештајот на Штабот за зимска служба, соопшти дека на голем број делници од најфреквентните патни правци, од прв, втор и трет приоритет за одржување, има снег со дебелина до пет сантиметри, а коловозите се влажни и лизгави.Надлежните служби апелираат на зголемена внимателност при возење, особено на автопатиштата и делниците каде што снежната покривка и ниските температури создаваат ризични услови за сообраќај.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryfur9ib3iqba3dcr4SDq

Денеска се празнува Преподобен Наум Охридски Чудотворец: сеќавање на светецот што го обележа словенското христијанство

Денеска православните верници го празнуваат споменот на Преподобен Наум Охридски, еден од најзначајните светители на словенското христијанство и духовен столб на Охридската книжевна и монашка традиција. Името Наум, чија оригинална форма е Нахум и има еврејско потекло, значи „утешител“. Според народното толкување, човекот што го носи ова име остава впечаток на смиреност и тивкост, иако во неговата внатрешност често се судираат силни страсти. Денес именден празнуваат Наум, Наумче, Науме, Наумка и сите нивни изведени форми.Свети Наум бил ученик на светите браќа Кирил и Методиј и еден од Петточислениците кои најревносно соработувале со словенските апостоли во делото на просветлување на словенските народи. Заедно со нив патувал и во Рим, каде што се истакнал со својата ученост, познавајќи повеќе јазици, но и со чудотворна моќ, поради што уште тогаш стекнал голема почит.Со поддршка на царот Борис Михаил, по враќањето од Рим, светите ученици се населиле на бреговите на Охридското Езеро. Додека свети Климент дејствувал како епископ во Охрид, свети Наум го основал манастирот на јужниот брег на езерото, кој и денес претставува едно од најпрепознатливите духовни и културни обележја на Македонија. Манастирот на Свети Наум низ вековите бил извор на духовна сила, засолниште за болните и утеха за неволните.Околу свети Наум се собрало бројно монаштво од различни делови на Балканот. Тој бил мудар учител, строг но праведен духовен раководител, подвижник со силна вера и молитвеник кому му се припишуваат бројни чуда. Неуморно работел на преведувањето на Светото Писмо и на други црковни книги од грчки на словенски јазик, со што дал огромен придонес за развојот на словенската писменост и богослужение.Се верува дека свети Наум вршел чуда и за време на животот, но и по своето упокојување во првата половина на 10 век. Неговите мошти, кои се наоѓаат во манастирот што го основал, и денес се почитуваат како чудотворни, а во народната традиција посебно се истакнуваат исцеленијата од тешки болести и душевни страдања.Во житијата, богослужбените текстови и молитвите посветени на свети Наум се среќаваат бројни сведоштва за неговите чуда, кои се надополнуваат и со богато народно предание. Во едно од најстарите словенски житија, за кое се смета дека е напишано од негов современик, се истакнува дека светителите сториле многу повеќе чуда отколку што се запишани, но дел од нив биле премолчени од скромност, што дополнително ја засилува сликата за духовната големина на Преподобен Наум Охридски Чудотворец.

Македонија | пред 2 месеци

media-library98njc275q1o60fhU4Sc

(Видео) Војници на Украина спасуваа пациенти од болница, погодена од Русите - има загинат

Руската војска во текот на ноќен воздушен напад погоди болница во Киев, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски, наведувајќи дека има загинати и повредени, а пациентите морале итно да бидат евакуирани.„Синоќа руската војска ‘погоди’ уште една болница – во Киев, со функционално болничко одделение. Пациентите мораа да бидат евакуирани. Има настрадани. За жал, едно лице го загуби животот. Изразувам сочувство до семејството и најблиските. Сите на кои им е потребна помош ја добиваат“, објави Зеленски на социјалната мрежа Икс.Украинската Државна служба за вонредни ситуации соопшти дека при нападот избувнал пожар во медицински центар во округот Оболонски, во северниот дел на Киев. По гаснењето на пожарот, во објектот било пронајдено телото на едно лице. Според истите информации, една жена е повредена, а 25 лица биле евакуирани од зградата. Украинските власти наведуваат дека ова се, најверојатно, првите пријавени жртви од руски напади врз Киев од почетокот на годинава.Во текот на ноќта Русија извршила напади и врз градови и населени места низ поширокиот киевски регион. Оштетени се станбени објекти и дел од клучната инфраструктура, а во округот Фастив, југозападно од Киев, загинал еден цивил, изјави гувернерот на регионот Микола Калашник. Тој додаде дека поради нападите, делови од регионот останале без електрична енергија.

Свет | пред 2 месеци

skopje-sneg-2022-2

Од дожд до снег: од 8 јануари значителен пад на температурите и зимски услови

Под влијание на циклонска активност и серија влажни воздушни бранови од запад и југозапад, во текот на оваа недела во Македонија ќе преовладува променливо време со чести, а повремено и пообилни врнежи од дожд, пишува Метеоаларм. Врнежите на моменти ќе бидат проследени со засилен ветер од јужен правец, а локално се очекува да наврне позначително количество дожд, над 30 литри на квадратен метар, додека во западните делови на земјата количината може локално да надмине и 50 литри.Слични временски услови ќе има и во Скопје и околината, каде што се очекуваат повремени врнежи од дожд, на моменти пообилни, со засилен јужен ветер. Температурите ќе останат релативно високи и над просекот за овој период од годината, поради јужното воздушно струење и дотокот на потопла воздушна маса. На повеќе места дневните температури ќе се искачуваат околу, а на дел од територијата и над 10 степени, додека и ноќните и утринските температури ќе бидат над нулата.Од четврток, 8 јануари, поради продор на значително постуден воздух од север, ќе дојде до нагло заладување. Температурите ќе опаднат, повторно ќе бидат типично зимски и ќе бидат проследени со засилен ветер од северен правец. Како последица на тоа, врнежите од дожд на планините и на повисоките населени места ќе преминат во снег, при што ќе се формира снежна покривка. Според моменталните прогнози, снежната граница би можела да се спушти и под 1.000 метри надморска височина, а не е исклучена можноста за повремен снег и во пониските предели, односно во градовите.Во наредниот период се најавува дополнителна и ажурирана метеоролошка анализа, во зависност од развојот на новиот продор на ладен и влажен воздух од север, кој се очекува од четврток.Инаку, изминативе денови Македонија влезе во невообичаено топол период за јануари, со температури карактеристични за пролет. Утринските температури се релативно високи и насекаде се над нулата, а на одделни места и над 10 степени. Најтопло утрово беше измерено во Скопје – Петровец, каде температурата достигна 14 степени. Повремено дува засилен јужен ветер, додека во западните предели веќе се регистрирани и локални врнежи од дожд.

Македонија | пред 2 месеци

ck-dpmne

Политичка пресметка околу Венецуела: ВМРО-ДПМНЕ го прозива СДС за молк и двојни стандарди

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека СДСМ јасно застанал на страната на, како што наведуваат, соборениот венецуелски диктатор Николас Мадуро, посочувајќи дека ниту 48 часа по акцијата на Соединетите Американски Држави нема јасен став за неговото апсење.Според ВМРО-ДПМНЕ, ваквиот молк ја вбројува СДСМ меѓу ретките политички субјекти кои, како што тврдат, индиректно поддржуваат режими поврзани со шверц и трговија со дрога, како и авторитарни облици на владеење. Од партијата наведуваат дека јавноста не слушнала став ниту од претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за кого тврдат дека во моментот престојува на зимски одмор во скијачкиот центар Гармиш-Партенкирхен, заедно со поранешниот премиер Зоран Заев.Во реакцијата, ВМРО-ДПМНЕ наведува дека Филипче треба јавно да објасни како неговата партија, според нив, се довела во позиција да молчи за апсење на диктатор и да се најде во друштво на поддржувачи на режими обвинувани за криминал и трговија со дрога. Дополнително, од партијата тврдат дека СДСМ, под влијание на странски политички и комуникациски советници, се позиционирал меѓу политичките субјекти кои имаат благонаклонет однос кон Мадуро.ВМРО-ДПМНЕ оценува дека постојат две можни објаснувања за ваквиот став, односно за неговото отсуство: или СДСМ, како што наведуваат, се откажал од курсот на стратешко партнерство со Соединети Американски Држави, или, пак, причината е далеку поедноставна и се сведува на тоа дека раководството на партијата е фокусирано на приватни активности и одмор, наместо на, како што велат, јасна и принципиелна надворешнополитичка позиција.

Македонија | пред 2 месеци

media-library4qm31b5r4falfNrLvzI

СДСМ: Орбан и Вучиќ беа европските сојузници на Мадуро, тоа се најблиските пријатели на Мицкоски

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија соопшти дека најблиските политички сојузници и пријатели на премиерот Христијан Мицкоски во Европа биле токму оние што отворено го поддржувале венецуелскиот лидер Николас Мадуро, против кого Соединетите Американски Држави презедоа конкретни дејствија поврзани со, како што наведуваат, криминални активности.Од СДСМ реагираат дека Мицкоски испраќа контрадикторни пораки во врска со американската интервенција во Венецуела, посочувајќи дека од една страна изјавува оти Владата ја поддржува акцијата на САД, а од друга страна тврди дека таа била спротивна на меѓународното право. Според опозициската партија, ваквите изјави покажуваат дека премиерот истовремено ја поддржува и ја негира акцијата, што, како што велат, е јасен пример за недоследност во надворешната политика.СДСМ наведува дека пред интервенцијата на САД, единствените европски политички лидери и држави кои отворено граделе односи и соработка со Мадуро биле унгарскиот премиер Виктор Орбан и српскиот претседател Александар Вучиќ, кои воедно се опишани како најблиски сојузници на Мицкоски. Во соопштението се потсетува дека Вучиќ пред неколку месеци јавно најавувал продлабочување на соработката со Мадуро, додека Орбан, според СДСМ, со години бил еден од неговите најгласни поддржувачи во Европа.Партијата повторно ја истакнува поврзаноста на ВМРО-ДПМНЕ со српската владејачка партија СНС, наведувајќи дека освен сличните политики и, како што тврдат, „копи-пејст“ сценарија, биле откриени и конкретни бизнис-релации преку случајот со Алта банка. Дополнително, СДСМ потсетува дека Мицкоски во неодамнешно интервју јавно зборувал за својот „близок пријател“ Орбан, политичар кого Европска Унија го критикува и го поврзува со сериозни обвинувања за корупција.„Заедничко за сите овие десничарски политичари е тоа што околу нив постојано се отвораат тешки теми за криминал, корупција и подривање на демократските институции“, наведуваат од СДСМ, посочувајќи дека во Соединети Американски Држави е усвоен и Законот за Западен Балкан, потпишан од Доналд Трамп, со јасен фокус на борбата против криминалот и корупцијата во регионот.Во завршницата од соопштението, СДСМ наведува дека по сите овие факти и по судбината на најблиските политички пријатели на Мицкоски, логично се наметнува прашањето дали премиерот „спие мирно“, алудирајќи на можните последици од ваквите политички поврзаности.

Македонија | пред 2 месеци

bugarija-MNR

Бугарското МНР му одговори на Мицкоски: Планот за заедниците не е спор меѓу Скопје и Софија

Прашањето на кој јазик треба да биде изготвен Акцискиот план за правата на заедниците е внатрешно прашање на Северна Македонија и не претставува тема на билатералните односи, соопштија од Министерство за надворешни работи на Бугарија, реагирајќи на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски во врска со овој документ.Реакцијата од официјална Софија следува по тврдењата на Мицкоски дека Акцискиот план за правата на малцинствата и заедниците бил изготвен уште пред неколку месеци, со вклученост на европски експерт, но дека не бил прифатен од Бугарија. Премиерот викендов изјави дека единствената суштинска забелешка од Софија се однесувала на фактот што документот бил напишан на македонски јазик, што, според него, покажува дека проблемите што Бугарија ги има со земјава се подлабоки и не се поврзани со исполнувањето на Копенхашките критериуми за членство во Европска Унија.Во соопштението објавено на официјалната веб-страница на бугарското Министерство за надворешни работи се наведува дека документот ќе го спроведуваат институциите на Северна Македонија кон сопствените граѓани и дека, според таа логика, тој треба да биде напишан на јазик што е разбирлив и достапен за нив. Од Софија оценуваат дека одлуката на Скопје нацрт-планот да им го претстави на граѓаните на англиски јазик е тешко објаснива, особено ако целта е документот да биде реално и целосно применет.Бугарското МНР во исто време истакнува дека Акцискиот план за правата на заедниците е чекор што треба да следи по внесувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија, што сè уште не е реализирано, а кое, според Софија, е предуслов за отворање на преговорите за пристапување во Европската Унија.Во реакцијата се поздравуваат и изјавите на премиерот Мицкоски дека во документот ќе бидат вградени сите други забелешки на бугарската заедница, при што од бугарската дипломатија наведуваат дека очекуваат тој да го исполни даденото ветување.Мицкоски, пак, претходно нагласи дека ниту една друга земја членка на ЕУ, ниту пак некое малцинство во Северна Македонија, не реагирало на содржината на Акцискиот план и дека единственото прашање што било проблематизирано е јазикот на кој е напишан документот. Тој истакна дека македонскиот јазик е мајчин и официјален јазик на државата, како и дел од меѓународната комуникација, и дека сите технички и политички барања биле испочитувани.Премиерот додаде дека во изработката на Планот биле вклучени и предлози од меѓународни експерти, меѓу кои и од Италија, а на барање од Брисел документот бил доставен до Бугарија и пред официјалниот рок, како гест на добра волја. Според него, актуелната ситуација уште еднаш покажува дека спорот не е поврзан со заштитата на малцинствата, туку со подлабоки политички несогласувања.Акцискиот план за правата на малцинствата и заедниците е еден од чекорите што Северна Македонија треба да ги реализира во рамки на пристапниот процес кон Европската Унија, а дебатата околу него повторно ги актуелизира сложените односи меѓу Скопје и Софија.

Свет | пред 2 месеци

media-librarym4pgufe8t77q3zsD8c9

Шпиони, дронови и Делта форс: како САД го уапсија Мадуро

Американските разузнавачки служби со месеци го следеле секој чекор на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, бележејќи каде спие, што јаде, како се движи и со кого се среќава. Мал тим шпиони, со помош на извори од самиот врв на венецуелската власт, собирал и најситни детали за неговото секојдневие, вклучително и информации за неговите домашни миленици, објави BBC, повикувајќи се на високи американски воени претставници.На почетокот на декември била финализирана мисијата со кодно име „Операција апсолутна одлучност“, резултат на повеќемесечно прецизно и тајно планирање. Американските елитни специјални единици изработиле и реплика во природна големина на сигурната куќа на Мадуро во Каракас, во која детално го вежбале упадот. Планот, кој се смета за најзначајна американска воена интервенција во Латинска Америка уште од времето на Студената војна, бил чуван во строга тајност, без претходно известување на Конгресот.Целта била максимално да се искористи елементот на изненадување. Акцијата, според изворите, речиси започнала четири дена порано, по одобрение од претседателот Доналд Трамп, но била одложена поради лоши временски услови и густа облачност. Војската со недели била во состојба на целосна подготвеност, чекајќи ги сите неопходни услови и конечната наредба од Белата куќа, изјави началникот на Здружениот генералштаб, генералот Ден Кејн.Зеленото светло стигнало во петок во 22:46 часот по источновреме. Трамп подоцна изјави дека идеалниот момент одеднаш се отворил и дека наредбата била јасна: да се тргне во акција. Заповедта пристигнала во Каракас нешто пред полноќ, обезбедувајќи ѝ на војската неколку клучни часови темнина за изведување на операцијата.Следела координирана акција која траела два часа и дваесет минути, од воздух, копно и море, и која со својата прецизност и размери го шокираше светот. Реакциите не изостанаа, а меѓу првите кои остро ја осудија интервенцијата беше бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, кој оцени дека насилното апсење на венецуелскиот лидер претставува опасен преседан за меѓународната заедница.Трамп не ја следел операцијата од Ситуациската соба во Белата куќа, туку од својот клуб Мар-а-Лаго на Флорида, опкружен со најблиските советници, меѓу кои и директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, и државниот секретар Марко Рубио. „Го гледав буквално како телевизиско шоу“, изјави Трамп, опишувајќи ја брзината и силата на акцијата.Операцијата уследи по повеќемесечно засилување на американското воено присуство во регионот, со распоредување илјадници војници, носач на авиони и десетици воени бродови. Во текот на ноќта биле ангажирани повеќе од 150 летала, вклучувајќи бомбардери, ловци и извидувачки авиони, а првите знаци на операцијата се појавиле на небото над Каракас.Околу два часот по локално време, силни експлозии одекнале низ градот, по што густ чад го прекрил центарот. Сведоци за BBC изјавија дека авионите и хеликоптерите со часови го надлетувале градот, додека жителите, разбудени од детонациите, во паника се обидувале да разберат што се случува.Според анализата на BBC, нападнати биле најмалку пет клучни цели, меѓу кои воената база Генералисимо Франциско де Миранда, аеродромот Ла Карлота, пристаништето Ла Гваира и Фуерте Тиуна, најголемиот воен комплекс во Венецуела. Дел од ударите биле насочени кон системите за противвоздушна одбрана, а Трамп изјави дека пред почетокот на операцијата била прекината и електричната енергија во Каракас.Додека траеле воздушните напади, американските сили, меѓу кои и припадници на елитната единица Делта форс, навлегле на копно. При упадот бил погоден еден американски хеликоптер, но останал во лет. Генералот Кејн изјави дека силите за апсење дејствувале со исклучителна брзина и дисциплина, пробивајќи се низ комплексот во кој се наоѓал Мадуро.Според Трамп, венецуелскиот лидер се обидел да побегне во сигурна просторија, но не успеал да ги затвори вратите. Тој потврди дека имало погодени лица, но дека ниту еден американски војник не загинал. Од венецуелска страна, министерот за одбрана Владимир Падрино соопшти дека во акцијата бил убиен голем дел од обезбедувањето на Мадуро, како и војници и цивили.Во раните утрински часови, хеликоптери со Мадуро и неговата сопруга Цилија Флорес ја напуштиле Венецуела. Тие биле предадени на американското Министерство за правда и пренесени во Њујорк, каде што ги очекуваат кривични обвиненија, за кои САД претходно понудија награда од 50 милиони долари.Неколку часа подоцна, Трамп јавно ја објави веста: „Мадуро и неговата сопруга наскоро ќе се соочат со целосната сила на американската правда“.

Свет | пред 2 месеци

media-librarygmolt7qn46phenU0TRR

И 16-годишниот Артур кој славел роденден, меѓу загинатите во Кран-Монтана: Нашиот Артур сега е во рајот

Во новогодишната ноќ, барот „Ле Констелацион“ во Кран-Монтана стана сцена на една од најтешките трагедии во поновата историја на Швајцарија. Во разорниот пожар животот го загубија најмалку 40 лица, додека 119 се повредени. Според првичните сознанија, трагедијата најверојатно била предизвикана од пиротехнички прскалки користени во шишиња шампањ за време на новогодишната прослава, на која присуствувале претежно млади луѓе, меѓу нив и малолетници.Додека истрагата е во тек, општината Кран-Монтана поднесе граѓанска тужба, а јавноста остана длабоко потресена од размерите на катастрофата, пренесува швајцарскиот портал Blick.Меѓу жртвите има и голем број млади лица. По повеќедневна неизвесност, потврдена е смртта на 16-годишниот Артур. Неговата мајка, Летиција Бродар-Ситр, со денови преку социјалните мрежи очајно трагаше по својот син. „Нашиот Артур сега е во рајот“, порача таа во потресно видео за француската телевизија BFMTV.Артур во новогодишната ноќ ѝ испратил порака на мајка си веднаш по полноќ: „Среќна Нова година, мамо, те сакам“. По таа порака, му се губи секоја трага. Во барот требало да го прослави својот 17. роденден, откако неколку дена претходно резервирал голема маса со пријателите.„Планираше да ја помине новогодишната ноќ во ‘Ле Констелацион’“, изјави неговата мајка за Reuters.Во обид да го пронајдат, таа се вратила во Лозана за да провери дали Артур се наоѓа во некоја од болниците, додека неговиот татко го сторил истото во Берн, но безуспешно.„Живеев вистински кошмар. Или ќе го најдам синот во мртовечница или во критична состојба. Тоа е ужасно“, изјави таа, додавајќи дека некои од пријателите на Артур биле пронајдени со изгореници на речиси половина од телото.„Тие поминаа низ пекол“, рече таа.Во очаен апел за помош, мајката ја објави и фотографијата на Артур на Фејсбук, наведувајќи дека тој е една од жртвите на пожарот и дека семејството нема информации каде се наоѓа. Подоцна беше потврдено дека младиот Артур е меѓу загинатите.Меѓу идентификуваните жртви е и 18-годишниот боксер Бенжамен Ж., член на клубот „Лозаноа де Бокс“. Од него се прости SwissBoxing, наведувајќи дека станувало збор за перспективен спортист кој го загубил животот обидувајќи се да спаси блиска пријателка.До синоќа биле идентификувани осум загинати лица, меѓу кои две Швајцарки на возраст од 24 и 22 години, како и двајца Швајцарци на 21 и 18 години, како и Македонецот Стив Ивановски.Државното обвинителство на кантонот Вале покрена кривична постапка против сопствениците на барот, брачниот пар Џесика и Жак Морети. Тие биле сослушани, но засега се бранат од слобода. Главната обвинителка Беатрис Пилу истакна дека како можна причина за пожарот и понатаму се разгледуваат пиротехничките прскалки, додека истрагата е насочена кон целосна идентификација на жртвите и утврдување на одговорноста.Општинскиот совет на Кран-Монтана едногласно одлучи да поднесе граѓанска тужба и на правосудните органи да им ја предаде целокупната расположлива документација. Претседателот на општината, Никола Феро, нагласи дека локалната власт безрезервно стои зад жртвите и нивните семејства и целосно ќе соработува со истражните органи.Местото на трагедијата го посети и швајцарскиот министер за правда Беат Јанс, кој изјави дека како татко може само делумно да ја разбере болката на погодените семејства, најавувајќи темелна истрага и утврдување одговорност.Федералната влада, во координација со црквите, најави национален ден на жалост во петок, 9 јануари. Во 14 часот низ целата земја ќе се огласат црковните ѕвона, а ќе биде одржана и минута молк. Во меѓувреме, низ Швајцарија се одржуваат комеморации за жртвите, додека тагата и шокот сè уште силно се чувствуваат меѓу граѓаните.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryuf71nlh27k0cbFifNuw

Мадуро во понеделник првпат пред федерален суд во Менхетен, а жители на Венецуела сведочат: Нашата земја е во хаос

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро во понеделник првпат ќе се појави пред федерален суд во Менхетен, соопшти претставник на американското Министерство за правда. Тој е обвинет по повеќе федерални точки, меѓу кои и заговор за нарко-тероризам.Во обвинението се наведува дека Мадуро и неговите сојузници со години ги претвориле венецуелските државни институции во центар на корупција поттикната од трговијата со дрога, дејствувајќи исклучиво во сопствен интерес. Според Министерство за правда на САД, највисокиот државен врв на Венецуела со децении бил вклучен во масовен шверц на наркотични средства.„Повеќе од 25 години, лидерите на Венецуела ги злоупотребувале позициите на јавна доверба и ги корумпирале некогаш легитимните институции за да внесат тони кокаин во Соединетите Американски Држави“, се наведува во обвинението, при што како главен организатор е посочен токму Мадуро.Сликите од Мадуро со лисици на рацете на американско тло предизвикаа силни реакции меѓу Венецуелците во дијаспората. Ниурка Мелендес, коосновачка на организацијата „Venezuelans and Immigrants Aid“ од Њујорк, изјави за CNN дека сцените кај неа разбудиле силни и спротивставени емоции.„Тоа е како возење на воз на смртта – толку многу чувства во исто време“, рече таа, додавајќи дека и покрај трауматичното минато, гледа „светло на крајот од тунелот“.Мелендес нагласи дека во Венецуела и натаму има политички затвореници и луѓе кои живеат во страв, но оцени дека апсењето на Мадуро претставува чекор кон правда.„Нашата земја е во хаос. Ја изгубивме државата и сега повторно се обидуваме да ги составиме парчињата. Знам дека тоа ќе биде исклучително сложен и тежок процес“, изјави таа, изразувајќи надеж дека судскиот процес ќе биде почеток на обновата на земјата.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryl4vh674e7on01hzgYPt

(Фото) Кој ќе ја плати колата што ја уништи ова бесно куче, прашува жителка на Гази Баба

Автомобил паркиран во населба во општина Гази Баба е оштетен, откако, според објавата на граѓанка на социјалните мрежи, бесно куче-скитник започнало да го гризе возилото. Фотографиите кои таа ги објави покажуваат оштетувања на предниот дел од автомобилот, откорнат дел од каросеријата и траги кои, како што тврди, се резултат на напад од животното.„Општина Гази Баба, кој ќе ја плати колата што ја уништи ова куче? Од што е бесно и кога почна да уништува?“, прашува граѓанката.Од фотографиите се гледа и поширокиот контекст во кој се случил инцидентот – паркинг во близина на запуштена површина, расфрлан отпад околу контејнери.Граѓаните со години реагираат дека комбинацијата од неконтролирана популација на кучиња и нередовно одржување на јавните површини претставува ризик, не само за имотот, туку и за личната безбедност.Ова не е изолиран случај. Во повеќе скопски општини, жителите изминатиот период пријавуваа напади или агресивно однесување од кучиња-скитници.Граѓаните, пак, бараат итна реакција, јасни мерки и одговорност, предупредувајќи дека институционалната негрижа создава чувство дека секој е оставен сам да се снаоѓа – и со штетата, и со стравот.

Скопје | пред 2 месеци

odzak-zapalen

Им пријавив запален оџак во Противпожарна-Штип, не реагираа оти не е мој, исходот е две повредени жени, сведочи штипјанка

Штипјанката Милка Докузова јавно реагираше наведувајќи дека навреме пријавила пожар кој го забележала од својот балкон, но дека надлежните служби не излегле на терен. Според нејзиното сведочење, таа се јавила на итниот број 112, од каде што била префрлена во Територијална противпожарна единица Штип. Таму, како што вели, ѝ било соопштено дека не можат да интервенираат бидејќи не бил запален нејзиниот оџак, туку соседен, и дека пријавата треба да ја направат сопствениците. „Ова подолу е исходот“, напиша Докузова, алудирајќи на последиците што следеле неколку часа подоцна.Рано изутрина, околу 6 часот, во стан на улицата „9 Мај“ во Штип избувнал пожар на оџак во објект сопственост на С.А. (41). Поради вдишување чад, неговата мајка Д.А. (65) и сестра С.Д. (39) се здобиле со повреди и биле пренесени на лекување во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Огнот зафатил и соседен стан во сопственост на 61-годишен жител на Штип, а пожарот бил локализиран од екипи на противпожарната единица. За настанот бил известен јавен обвинител и бил извршен увид.Неколку часа подоцна, околу 18:30 часот, бил пријавен уште еден пожар на оџак во станбена зграда на булеварот „ЈНА“ во Штип, кој се проширил низ становите од првиот до петтиот кат. Во овој случај немало повредени лица, а пожарот бил целосно изгаснат од противпожарната служба. И за овој инцидент увид извршила увидна екипа на СВР Штип.Двата настани во еден ден повторно ја отворија дилемата за процедурите и критериумите за итна интервенција при пожари на оџаци, особено кога опасноста е пријавена од граѓани кои не се директни сопственици на објектите.

Коментари | пред 2 месеци

media-library9s2cs3tla49q45kdbkR

Засиленото американско воено присуство крај Венецуела најверојатно ќе остане

Засиленото американско воено присуство долж венецуелското крајбрежје, изградено од минатата година наваму, најверојатно ќе остане на сила, оцени пензиониран генерал-мајор на австралиската армија Мик Рајан во изјава за CNN.Соединетите Американски Држави во изминатите месеци испратија воени бродови и борбени авиони во регионот со цел да го засилат притисокот врз претседателот Николас Мадуро. Во рамки на, како што ја нарекуваат, противнаркотичката кампања, американските сили извршија напади врз десетици пловни објекти осомничени за шверц на дрога и блокираа нафтени танкери под санкции кои влегувале и излегувале од Венецуела.И по апсењето на Мадуро и неговата сопруга, пензионираниот генерал-мајор Мик Рајан смета дека е малку веројатно САД веднаш да ја намалат својата воена присутност. Според него, администрацијата на Доналд Трамп јасно сака преостанатите структури на власта во Венецуела да соработуваат со Вашингтон.„Еден од начините тоа да се постигне е задржување силно воено присуство на море и јасна порака дека САД претпочитаат да го користат морковот, но дека стапот и натаму стои на располагање доколку биде потребно“, изјави Рајан.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryluvqeq3767d25hroIP9

(Фото) Објавена фотографија од Мадуро со лисици по пристигнувањето во Њујорк

Се појави фотографија на која се гледа Николас Мадуро со лисици на рацете, непосредно по излегувањето од авион, опкружен со агенти на американската Агенција за борба против дрогата и службата за истраги во рамки на Министерството за внатрешна безбедност. Снимката ја објави американската телевизиска мрежа NBC News, партнер на Sky News, која наведува дека дошла во посед на фотографијата што го прикажува уапсениот венецуелски лидер.На фотографијата Мадуро е облечен во светлосина маица со капуљача и е опкружен со американски службени лица, додека го спроведуваат по неговото пристигнување во Соединетите Американски Држави. Паралелно со ова, на социјалната мрежа Икс се појавија и други фотографии кои засега не се официјално потврдени.На тие снимки, како што се тврди, Мадуро седи на стол, опкружен со агенти, со лисици на рацете поставени пред телото и со подигнат палец, како да позира пред камера. На една од фотографиите тој се наоѓа пред авион, кратко по слетувањето во Њујорк.На сите објавени снимки, без оглед дали се потврдени или не, Мадуро носи иста облека: светлосина маица со капуљача, темносина тренерка, бели чорапи и влечки. Фотографиите дополнително ја разгоруваат јавната дебата и медиумското внимание околу неговото апсење и натамошната судска постапка што се очекува во Соединетите Држави.

Свет | пред 2 месеци

media-library4r8ehr5livejfMakdJG

(Видео) Снимки од срцето на венецуелскиот воен комплекс по нападите на САД

На социјалните мрежи се појавија нови фотографии кои ги прикажуваат последиците од американските воени напади врз Фуерте Тиуна, најголемиот воен комплекс во Венецуела. Автентичноста на снимките ја потврди американската телевизиска мрежа CBS, објавувајќи дека фотографиите навистина потекнуваат од локацијата погодена во нападите.Фуерте Тиуна е клучен воен и безбедносен центар на венецуелските власти, а според изјавата на челникот на владејачката партија во Венецуела, Нахум Фернандес, токму таму биле уапсени претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга, во нивниот дом во рамки на комплексот. Информацијата ја пренесе Associated Press.На фотографиите се забележуваат целосно изгорени возила, како и сериозно оштетени објекти, што укажува на интензитетот на нападите врз комплексот кој со години се смета за симбол на воената и политичката моќ на венецуелскиот режим. Снимките дополнително ја засилуваат неизвесноста околу безбедносната состојба во земјата и отвораат прашања за понатамошниот развој на настаните по американската интервенција.

Свет | пред 2 месеци

media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Воена интервенција што ја потресе Вашингтон: поделби кај републиканците по Венецуела

Одлуката на Доналд Трамп да покрене воен напад врз Венецуела, да го уапси нејзиниот претседател и привремено да ја преземе управата со земјата претставува остар пресврт за политичар кој со години ја градеше својата кариера врз критика на странските интервенции и ветувања дека ќе ги избегнува надворешните конфликти. Визијата што Трамп ја изложи на прес-конференција отвора можност за натамошни воени дејствија, директно мешање во венецуелската политика и нафтена индустрија, па дури и испраќање американски војници на терен — чекор од кој американските претседатели традиционално се воздржуваат поради отпорот во јавноста.„Ќе ја водиме земјата додека не можеме да спроведеме безбедна, правилна и разумна транзиција“, изјави Трамп, без да прецизира до каде е подготвен да оди во преземањето контрола врз држава во која, според оценките, луѓето блиски до Николас Мадуро сè уште држат клучни позиции на моќ.Иронично, на инаугурацијата на својот втор мандат во јануари минатата година, Трамп им порача на поддржувачите дека успехот нема да го мери само со добиени битки, туку и со војни што ќе ги заврши или во кои никогаш нема да влезе. Оттогаш, сепак, тој одобри бомбардирања во Сирија, Ирак, Иран, Нигерија, Јемен и Сомалија, уништи десетици пловни објекти поврзани со трговија со дрога и упати прикриени закани кон Гренланд и Панама. Ноќниот напад врз Венецуела се смета за неговата најагресивна воена акција досега.Во нападите врз Каракас и други делови од земјата беа уапсени претседателот Мадуро и неговата сопруга, кои треба да се соочат со обвиненија за трговија со дрога во Њујорк. Потезите предизвикаа разочарување кај дел од републиканците кои се надеваа дека Трамп ќе се фокусира на домашните проблеми на гласачите — трошоците за живот, здравството и економијата.Самиот Трамп тврди дека интервенцијата е во согласност со неговата доктрина „Америка на прво место“.„Сакаме да бидеме опкружени со добри соседи. Сакаме стабилност. Сакаме енергија“, рече тој, јасно алудирајќи на огромните венецуелски резерви на нафта.Политичките влогови, меѓутоа, растат. Републиканската пратеничка Марџори Тејлор Грин, која јавно се дистанцираше од Трамп, најавувајќи оставка од Конгресот, напиша дека токму ваквите чекори се спротивни на она за што верувале поддржувачите на движењето МАГА. Демократите, пак, добиваат дополнителна муниција пред клучните меѓуизбори за Конгресот во ноември, каде што контролата врз двата дома може да зависи од неколку тесни трки. Лидерот на малцинството во Сенатот, Чак Шумер, оцени дека Мадуро е диктатор, но предупреди дека започнување воена акција без одобрување од Конгресот и без јасен федерален план за понатамошните чекори е неодговорно.Иако Трамп работеше на завршување на конфликтите во Украина и Газа, воените интервенции традиционално носат поголем политички ризик. Анкетите уште во ноември минатата година покажаа дека евентуална американска воена акција во Венецуела е крајно непопуларна — само секој петти Американец ја поддржува употребата на сила за соборување на Мадуро.Внатре во Републиканската партија се појавија јасни поделби. Главниот дипломат и советник за национална безбедност Марко Рубио се обиде да го ублажи отпорот кон интервенцијата, додека сенаторот Мајк Ли првично беше скептичен, но по разговори со Рубио оцени дека операцијата веројатно е во рамки на претседателските овластувања. Спротивно на тоа, пратеникот Томас Маси остро реагираше, оценувајќи дека заканите за натамошни напади не се усогласени со уверувањата дека станува збор за ограничена операција.Историските паралели дополнително ја засилуваат дебатата. Во 1983 година Роналд Реган ја нападна Гренада со образложение дека тамошната власт е нелегитимна, аргумент што Трамп денес го користи за Мадуро. Шест години подоцна Џорџ Х. В. Буш ја нападна Панама за да го собори диктаторот Мануел Нориега, исто така баран во САД поради трговија со дрога. Поранешниот специјален пратеник за Венецуела Елиот Абрамс смета дека Трамп не презема голем политички ризик сè додека нема американски жртви, но признава дека не е јасно што значи практично да се „води Венецуела“.Поранешниот советник во администрацијата на Обама, Брет Бруен, предупредува дека Соединетите Држави би можеле да се вплеткаат во сложен и долг транзициски процес. Според него, нема кратка верзија на оваа приказна: САД ќе се ангажираат длабоко во Венецуела, а паралелно ќе мора да се соочат и со нови регионални предизвици поврзани со нејзините соседи.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryqh69eu8otgs57PY8xmr

Швајцарија ќе добие меѓународна помош за повредените од Кран-Монтана

Швајцарија го прогласи петок, 9 јануари, за ден на национална жалост по смртоносниот пожар што избувна за време на новогодишната ноќ во алпското одморалиште Кран-Монтана. Во 14 часот, на почетокот на комеморативната церемонија, низ целата земја ќе се огласат црковните ѕвона, а во истиот момент е предвидена и минута молк.Претседателот на Швајцарската конфедерација, Ги Парлмелен, изјави дека ќе присуствува на церемонијата во Кран-Монтана заедно со претставници на Сојузниот совет и со кантоналните власти на Вале, додавајќи дека во тој момент сè уште нема конечни информации кои странски делегации ќе бидат присутни.По пожарот, швајцарските власти побараа меѓународна поддршка, а Европската унија го активираше механизмот за координација на помош при катастрофи, со цел полесно да се организира лекувањето на најтешко повредените. Дел од жртвите, особено пациентите со тешки изгореници, ќе бидат пренесени во специјализирани клиники во повеќе европски земји, додека кантоналните власти соопштија дека околу педесет пациенти ќе бидат испратени на лекување во странство.Во знак на сочувство и солидарност, на зградите на федералните институции и на швајцарските дипломатски претставништва знамињата беа спуштени на половина копје во период од пет дена, а на иницијативата се приклучија и бројни градови и кантони.Паралелно со комеморативните активности, надлежните органи продолжуваат со истрагата за да се утврдат причините и евентуалната одговорност за трагедијата. Истражителите ги анализираат условите за безбедност, евакуацијата и почитувањето на противпожарните правила, со цел да се добие целосна слика за настанот.Парлмелен најави дека, во координација со кантоналните и општинските власти, ќе се разгледаат мерки за да не се повтори ваква катастрофа, но нагласи дека е рано за конкретни одлуки додека не се расчистат сите околности. Тој предупреди дека трагедија од ваков тип може да се случи насекаде, што дополнително ја нагласува потребата од темелно и брзо расчистување на случајот.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryck5tuapi60soeNeWn4s

Евзони повторно ќе биде блокиран

По паузата поради празниците, грчките земјоделци од денеска повторно ги активираат блокадите на граничниот премин Евзони.Преминот ќе биде целосно затворен за влез и излез за сите видови возила во периодот од 17:00 до 21:00 часот по македонско време.Земјоделците излегоа со протестен марш низ Килкис (Кукуш) и нездоволни бидејќи одбил да се сретне со нив, фрлија сено и памук пред канцеларијата на потпретседателот на Парламентот, Јоргос Георгадас.

Свет | пред 2 месеци

media-librarymjq1mhl2uimu9hMevK0

Од Њујорк и Лондон до Скопје: „Приказната за Силјан“ конечно пред домашната публика

Вечерва, со почеток во 20:30 часот, на сцената на Македонски народен театар ќе се одржи свечената домашна премиера на филмот Приказната за Силјан, најновото авторско остварување на Тамара Котевска, кое македонската публика со месеци го очекува по неговиот успешен меѓународен фестивалски пат.По американската премиера во Њујорк и британската во Лондон, „Приказната за Силјан“ за првпат ќе биде прикажан во Скопје, во рамки на настан кој претставува преседан за домашната културна сцена – МНТ првпат е домаќин на кино-премиера од ваков обем, со присуство на целата филмска екипа. Свечената проекција е замислена како културен настан што ги спојува театарот и филмот, домашната публика и авторите на едно од најнаградуваните македонски документарни остварувања во последните години.Филмот веќе ја потврди својата меѓународна релевантност преку бројни награди, признанија и номинации на водечки светски фестивали, а дополнителна потврда за неговата уметничка и продукциска вредност е и откупот од National Geographic. Светските филмски критичари го опишаа „Силјан“ како „триумф“, „апсолутен шармер“ и „импресивно дело“, нагласувајќи ја неговата „прекрасна и нежна меланхолија, длабоко поврзана со екосистемот и притисокот на модерниот живот во Македонија“.„Приказната за Силјан“ е визуелно силен и медитативен документарец што зборува за издржливоста, грижата и малите човечки постапки кои имаат моќ да го променат животот. Во срцето на рурална Македонија, земјоделецот Никола, притиснат од новите државни политики и секојдневната егзистенцијална борба, наоѓа ранет бел штрк на депонија и одлучува да го спаси. Односот што полека се гради меѓу човекот и животното, преку доверба и трпение, прераснува во длабока врска што му ја враќа смислата на Никола, ги обновува врските со заедницата и ги оживува старите преданија и односот кон природата.По вечерашната премиера во Скопје, филмот ќе продолжи со прикажување во кино салите низ главниот град, а потоа и низ останатите македонски градови, овозможувајќи му на пошироката публика директна средба со оваа тивка, но моќна приказна.Иако „Приказната за Силјан“ не се најде меѓу 15-те документарни филмови во потесниот избор за Оскар, што денеска го објави Американска академија за подвижни слики, филмот и натаму останува еден од најзначајните македонски културни извозни производи во последните години. Финалните номинации за Оскар ќе бидат соопштени на 22 јануари 2026 година, а годинашната конкуренција беше исклучително силна, со вкупно 201 пријавен документарен филм.Режисерката Тамара Котевска изјави дека е горда што една македонска приказна успеала да одекне на светско ниво, нагласувајќи дека најголемата вредност на филмот е токму во неговата видливост и во поддршката што ја добива од домашната јавност. Таа оцени дека „Силјан“ станува гласен и значаен, што, според неа, е суштинската цел на секое филмско дело.Филмот беше квалификуван во две категории за Оскар – најдобар странски филм и најдобар документарец – а досега освои или беше номиниран за значајни награди на фестивалите во Венеција, NYDOC, IDA, Spirit Awards, PGA Awards, Eye Cinema Audience Award и други релевантни меѓународни манифестации. Македонската оскаровска кампања во категоријата најдобар странски филм беше поддржана од Агенција за филм на Македонија.

Магазин | пред 2 месеци

media-libraryer2te1ir647nbQSTHTs

(Видео) No games. FAFO: Белата куќа со заканувачка порака по апсењето на Мадуро

Белата куќа објави црно-бела фотографија од американскиот претседател Доналд Трамп пред претседателскиот авион Air Force One, придружена со пораката „No games. FAFO.“, што предизвика силни реакции и жестоки дебати на социјалните мрежи ширум светот.Кратенката FAFO е интернет-сланг со потекло од американската онлајн култура и значи „Fuck Around and Find Out“, односно во слободен превод: „Играј, па ќе ги почувствуваш последиците“. Станува збор за израз што најчесто се користи како предупредување дека провокативното или опасното однесување неизбежно ќе резултира со сериозни последици, во стилот на пораката „не си играј со ова“.Изразот со години е присутен на платформи како X, TikTok и Reddit, каде што се користи како закана, опомена или саркастичен коментар кога некој, според перцепцијата на јавноста, „го добива тоа што го заслужил“. Во американскиот политички контекст, ваквата реторика сè почесто се поврзува со кругот околу Трамп и со неговиот тврд, конфронтациски стил на комуникација.Објавата на Белата куќа се појави на 3 јануари 2026 година, веднаш по информациите за американската воена операција „Absolute Resolve“ во Венецуела, во чии рамки беа изведени напади врз цели во Каракас и околината, а венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга беа уапсени и префрлени во САД. Американската администрација го товари Мадуро за нарко-тероризам и организирана трговија со дрога.Во тој контекст, пораката „No games. FAFO.“ се чита како јасен сигнал дека Вашингтон повеќе нема намера да толерира, како што наведува, предизвикување на американските интереси. Во наративот на Трамп, Мадуро „си играл“, а сега, според имплицитната порака, се соочува со последиците. Објавата се толкува и како демонстрација на радикализирана верзија на доктрината „Америка на прво место“, без дипломатска реторика и без обиди за ублажување на пораката.Набргу потоа, Белата куќа објави и видео со пораката „If you don’t know, now you know“ („Ако не знаеше, сега знаеш“), со што дополнително ја засили истата линија на комуникација. Видеото, во траење од 23 секунди, содржи монтажа што го исмева пркосниот говор на Мадуро од 2019 година, комбиниран со изјави на американскиот државен секретар Марко Рубио, кадри на кои венецуелскиот лидер изгледа видно вознемирен и сцени од Трамп како самоуверено чекори низ ходниците на Белата куќа.Реакциите беа масовни. Објавите собраа десетици илјади реакции, споделувања и коментари. Поддржувачите на Трамп ги славеа како доказ дека „Америка се вратила“ и повторно настапува решително на светската сцена, додека критичарите ја обвинија Белата куќа за непримерен тон, институционална неозбилност и потенцијално кршење на меѓународното право.Изразот FAFO, кој веќе подолго време циркулира во политичкиот вокабулар на Трамп, во овој случај прерасна во симбол на новата, значително поагресивна американска надворешна политика, во која предупредувањата не се упатуваат со дипломатски фрази, туку со директни и сурови пораки на моќ.

Свет | пред 2 месеци

media-library0uvjggv74int8e2HvLp

(Видео) Заробениот Мадуро пристигна во САД под најстроги безбедносни мерки

Заробениот венецуелски претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес денеска официјално стапнаа на американско тло, откако авионот со кој беа транспортирани слета во воената база Stewart Air National Guard Base во сојузната држава Њујорк.Според информации на Си-Ен-Ен, повикувајќи се на федерален функционер, Мадуро по излегувањето од авионот бил облечен во сива облека и со лисици на рацете, додека бил придружуван од повеќе од десетина федерални агенти облечени во црно. Снимките од телевизијата WCBS прикажуваат високо обезбедено движење од авионот до објектите на базата, без присуство на цивили.Уште пред официјалното симнување од авионот, американските власти ја започнале процедурата за службено приведување на Мадуро и Флорес. Како што изјави безбедносниот аналитичар на Си-Ен-Ен, Џон Милер, на двајцата им биле земени биометриски податоци, отпечатоци од прсти и службени фотографии, по што нивните информации биле внесени во системот на американската Царинска и гранична заштита.По завршувањето на административната постапка, двајцата мора да поминат и задолжителни лекарски прегледи, пред да бидат префрлени во Metropolitan Detention Center, каде што повторно ќе бидат евидентирани пред судското рочиште, кое, според најавите, би можело да се одржи во понеделник. Според безбедносни извори, Флорес во моментот на објавувањето сè уште се наоѓала во хангарот на базата, каде што минувала дополнителни медицински проверки.Во притворскиот центар, Мадуро и неговата сопруга ќе бидат сместени под посебен административен режим со највисоко ниво на безбедност, со можност за изолација и нивно целосно раздвојување. Американските власти проценуваат дека станува збор за лица со висок безбедносен ризик, со оглед на обвиненијата што против Мадуро се водат за организиран криминал, трговија со дрога и перење пари.Според анализата на Милер, притворот ќе претставува драматичен пресврт во животот на поранешниот венецуелски лидер, кој со години живеел во раскош и под силно обезбедување, со пристап до огромни финансиски средства за кои американската влада тврди дека биле стекнати преку соработка со нарко-картели. Сега, тој се соочува со реалноста на федерален притворски систем кој со години е предмет на критики поради лоши услови и недоволна здравствена грижа.„За Николас Мадуро, ова ќе биде вистински шок за организмот“, оцени Милер, додавајќи дека промената од претседателска палата во притворска ќелија претставува пресврт без преседан во неговата политичка и лична биографија.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања