Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryconus2qg3lth0u66Jhp

Прекумерната тежина веќе не е само здравствен, туку и голем економски предизвик

Зголемената распространетост на дебелината во Европа има сè поголеми последици и врз економиите, бидејќи државите издвојуваат значителни средства за лекување на здравствените последици, но и трпат загуби поради намалената работоспособност и продуктивност.Анализа изработена за Европската федерација на фармацевтски индустрии покажува дека директните и индиректните трошоци поврзани со прекумерната телесна тежина изнесуваат меѓу 0,7 и 1,4 проценти од БДП на европските држави.Германија има најголем в

Свет | пред 1 месец

media-librarymrvl71uh7i0e0AfRRvF

Пијан гостин на Октоберфест повратил во такси, па се скарал со таксистот и му се заканувал со секира

Пијан 29-годишен посетител на Октоберфест предизвикал инцидент во близина на Минхен, откако најпрво повратил во такси, а потоа се скарал со возачот околу трошоците за чистење на возилото.Инцидентот се случил во Штарнберг, југозападно од Минхен. Откако не успеал да се договори со таксистот, во расправијата се вмешал и друг возач, кој дошол да му помогне на колегата. Ситуацијата набргу прераснала во физичка пресметка, при што патникот и вториот таксист се здобиле со полесни повреди.Но, тука не зав

Свет | пред 1 месец

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес со јачина од 3,3 степени ја стресе Преспа

Земјотрес со локална магнитуда од 3,3 степени според Рихтеровата скала денеска во 14:04 часот е регистриран во епицентралното подрачје Преспа.Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот бил на околу 127 километри југозападно од Скопје.Земјотресот бил почувствуван во југозападните делови на Македонија, а жителите на Битола и околината го почувствувале со интензитет од III до IV степен според Европската макросеизмичка скала.

Македонија | пред 1 месец

media-library37kdmf2j0l4ieKAof6T

Ени ги ограничува цените на горивата во Италија, конкурентите стравуваат од нарушување на пазарот

Енергетскиот гигант Ени најави ограничување на цените на бензинот и дизелот на своите бензински пумпи во Италија, што предизвика позитивни реакции кај возачите, но и загриженост кај конкурентите.Од 28 септември, бензинот на бензинските пумпи на Ени ќе биде ограничен на 1,99 евра за литар, додека максималната цена на дизелот ќе изнесува 2,19 евра. Мерката е предвидена да трае 30 дена, со можност за нејзино продолжување.Одлуката доаѓа во период на високи цени на горивата, поради што се очекува Ени

Свет | пред 1 месец

media-librarytl4s1o9tc5madjcapdP

Филипче со иронија за Славјанка Петровска: „Знам дека има принципи, а ако не ѝ одговараат – има други, резервни“

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, со иронична порака одговори на прашањето каков ќе биде статусот на Славјанка Петровска во партијата и пратеничката група, откако таа стана дел од платформата „Разговори за иднината во 12:05“.Филипче рече дека Петровска треба самата да одлучи според своите принципи, а потоа упати забелешка по која следуваше аплауз од присутните во штабот.„Таа има нејзини принципи, нека одлучи по нив. Јас добро знам дека Славјанка Петровска има принципи, а ако не одговараат, има дру

Македонија | пред 1 месец

media-librarycigf5u74nct67j6o2bn

(Видео) Поројни дождови и бури во Индија и Непал: Најмалку 19 загинати, 10 исчезнати

Обилните врнежи и силните бури предизвикаа поплави и свлечишта во делови од Индија и Непал, при што досега се пријавени најмалку 19 загинати, додека 10 работници во Непал се водат како исчезнати.Во индиската сојузна држава Утар Прадеш, во последните 48 часа загинале 15 лица, а петмина се повредени. Оштетени се и 117 куќи. Невремето зафатило 63 области, а во период од 24 часа биле измерени врнежи 19 пати поголеми од вообичаеното количество.Во Непал, четири лица, меѓу кои три деца и една жена, заг

Свет | пред 1 месец

media-library92amidutjmj865s26Ra

Вучиќ најави помилувања за лица поврзани со настаните од последната година и пол пред оставката: „Многумина ќе бидат изненадени“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека ќе донесе одлуки за помилување на одредени лица поврзани со настаните во земјата во изминатата година и пол.Во изјава за Радио-телевизија Србија, Вучиќ посочи дека сè уште работи на подготовката на одлуките, без да открие на кого конкретно ќе се однесуваат.„Станува збор за дел од луѓето кои учествуваа во сè што се случуваше во земјата во последната година и пол, од двете страни. Многумина ќе бидат изненадени од овие помилувања и аболицијата“

Балкан | пред 1 месец

media-librarysaanip7689lebpRyjLn

Му побарале 300.000 денари за да ѝ ги покажат на сопругата на еден од измамниците, а како гаранција му оставиле чанта со наводни 10.000 евра – која била празна

Двајца жители на Велес се пријавени за измама откако, според МВР, во Струга довеле во заблуда 88-годишен маж и му одзеле 300.000 денари.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднела кривична пријава против А.С.(67) и Д.С.(42), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.Случајот се случил на 6 август во Струга. Според пријавата, двајцата побарале од 88-годишникот да им донесе 300.000 денари, со образложение дека треба

Македонија | пред 1 месец

media-library5pmmucgfbnpndtxuTsD

Проверете дали сте на списокот: Утре од 8 часот без вода дел од Аеродром

На 28 септември 2026 година, понеделник, поради изведување водоводен приклучок од ф-150 мм на булевар „Видое Смилевски-Бато“, кај Полициската станица, ќе има прекин во водоснабдувањето.Без вода од 08:00 часот, па сè до завршување на работите, ќе останат корисниците од булевар „Видое Смилевски-Бато“ во Општина Аеродром.Информацијата е објавена од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryi8nc11fhp99ecwj2nqF

ВМРО-ДПМНЕ: „ Контрашот Филипче и талогот на СДС се јавија денес видно вознемирени и во очајна состојба, сериозна опозиција не може да се биде со став“

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираше на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека повторно се спротивставува на владините политики и инвестициите, без да понуди поинакви решенија.Од партијата велат дека Филипче изразил критики за инвестициите, продлабочувањето на партнерствата со САД и членството во НАТО, како и за рудниците и развојот на нови индустрии, меѓу кои ги наведуваат и центрите за податоци.ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата ги отфрла и неговите тврдења з

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Два активни пожари на отворен простор во Гази Баба и Прилеп

До 13 часот денеска се регистрирани два пожари на отворен простор, а според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), и двата се активни.Во Општина Гази Баба пожарот е регистриран на планината Скопска Црна Гора, над селото Арачиново, каде што гори дел од ниска деградирана шума.Другиот пожар е во Општина Прилеп, зад Индустриското училиште, каде што гори сува трева.ЦУК информира дека до 13 часот се регистрирани вкупно два пожари на отворен простор, од кои два се активни.

Македонија | пред 1 месец

media-librarygthq9c7omc304jnbUrj

Полицијата заплени дрога на повеќе локации низ Македонија, приведени повеќе лица

Полициски службеници во текот на 26 и 27 септември на повеќе локации во Македонија лишиле од слобода и привеле повеќе лица поради пронајдена дрога.Во Куманово, на 26 септември во 22:35 часот, припадници на Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје и мобилниот тим „Task Force“ при СВР Куманово го лишиле од слобода 18-годишниот П.Д. од село Долно Којнаре. При преглед кај него била пронајдена бела грутчеста материја.Истиот ден во 22:20 часот во Штип бил лишен од слобода 31-годишниот И.М

Македонија | пред 1 месец

media-librarytg231nvnmkn2eOsI9RT

Влегле во станица за технички преглед во Чаир, украле ресивер од видеонадзорот

Во СВР Скопје во текот на ноќта било пријавено дека со употреба на сила било провалено во објект на станица за технички преглед на улицата „Александар Урдаревски“ во Чаир.Според пријавата, провалата се случила во периодот од 15 часот на 26 септември до 2:42 часот на 27 септември. Од канцеларијата на раководителот бил одземен ресиверот од системот за видеонадзор.Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека со употреба на сила било влезено и во експозитура на банка, како и во канцел

Македонија | пред 1 месец

media-libraryuv02ob277vl9cvGB1hd

Маж ја нападнал сопругата, па пробал да избега од полиција

Скопската полиција привела 44-годишен маж од Скопје откако, според пријавеното, физички ја нападнал сопругата, а потоа повторно ја нападнал пред полициско одделение во Шуто Оризари.Од МВР информираат дека на 26 септември околу 15:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Д.(44). Претходно, тој физички ја нападнал својата 42-годишна сопруга.Откако жената дошла во Полициското одделение Шуто Оризари за да го пријави случајот, 44-годишникот дошол по неа. Според МВР, тој се

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhrn0avup678g38aUTLX

31-годишен маж украл детски четрицикл

Скопската полиција привела 31-годишен маж под сомнение дека одзел детски четирицикл на подрачјето на Гази Баба.Од МВР информираат дека на 26 септември во 21:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.Б.(31) од Скопје.Четирициклот бил пронајден и вратен на сопственикот.По целосното документирање на случајот, против 31-годишникот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryc05j9ok1bkh9c2brs1N

Скопјанец сместен во здравствена установа откако со остар предмет ѝ се заканувал на сопругата

Во СВР Скопје во раните утрински часови било пријавено дека 43-годишен маж во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром ѝ упатувал закани на сопругата со остар предмет.Од МВР информираат дека случајот бил пријавен денеска (27 септември) во 3:24 часот.Лицето било сместено во здравствена установа. По целосното документирање на случајот, од МВР најавуваат дека ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 месец

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-07-1250PM

60-годишник повреден на работното место, пренесен во „Св. Наум Охридски“

Во СВР Скопје било пријавено дека 60-годишен жител на Марино бил донесен со повреди во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје.Според пријавеното, Т.Н.(60) се здобил со повредата додека извршувал работни задачи во Јавното комунално претпријатие „Водовод – Илинден“.Случајот бил пријавен на 26 септември во 8:41 часот, а за настанот бил известен и трудов инспектор.

Македонија | пред 1 месец

mrtov

Човечки леш пронајден во канал во близина на здравствена установа во Бардовци

Во Полициската станица Карпош било пријавено дека во канал во близина на ограда на јавна здравствена установа во Бардовци бил пронајден човечки леш.Случајот бил пријавен на 26 септември во 16 часот. На местото излегла екипа на СВР Скопје, која извршила увид.Лешот бил подигнат и предаден на обдукција, по што треба да се утврдат околностите поврзани со случајот.

Македонија | пред 1 месец

media-librarym6jdm66mog2la3xreoX

Експлозија во семејна куќа во Хрватска, повредена 48-годишна жена

Во семејна куќа на хрватскиот остров Паг во саботата вечерта се случила експлозија при која полесно била повредена 48-годишна жена, соопшти Задарската полициска управа.Експлозијата се случила на 26 септември околу 19:55 часот во пределот Водице, во куќа во сопственост на 70-годишна жена. Според досегашните информации, експлозијата настанала во просторија во која се наоѓал шпорет на гас.Во моментот на настанот во куќата била 48-годишната жена, која се здобила со повреди. Таа била пренесена во бол

Балкан | пред 1 месец

media-libraryhsd4j422rdm05gRemPR

Иранската армија подготвена за нови американски напади: „Ако Иран не може да тргува, ако Иран не може да живее, никој нема да може ниту да тргува ниту да живее“

Иранските вооружени сили се подготвени за евентуални нови американски напади, изјави во неделата воениот портпарол Мохамад Акрамнија, пренесоа иранските државни медиуми. Неговата изјава уследи откако американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека го одбил предлогот од Техеран за повторно отворање на Ормускиот Теснец и прекин на конфликтот.Акрамнија порача дека иранската армија е целосно подготвена за евентуален судир и предупреди дека САД би претрпеле уште поголема штета доколку повторно го

Свет | пред 1 месец

media-library41ji43kvqb3jcna5ThH

Уапсен 26-годишник баран со потерница за изнуда и насилство

Полициски службеници денеска го лишиле од слобода 26-годишниот Ц.А., кој бил баран со централна потерница и централен распис поради сторени кривични дела.Како што информира МВР, апсењето било извршено во 9:30 часот во дворот на неговиот дом од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка, во координација со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.Ц.А. бил баран по централна потерница распишана на 6 август 2026 година од Основниот суд Скопје 1, со изречен

Македонија | пред 1 месец

ebola

Епидемијата на ебола во Конго се шири: над 7.800 заразени и речиси 3.800 починати

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго продолжува да се шири, при што досега случаи се регистрирани во 63 здравствени зони во седум од вкупно 26 провинции во земјата.Според најновите податоци на Светската здравствена организација, заклучно со 23 септември биле потврдени 7.890 случаи на зараза, додека починале 3.799 лица. Смртноста меѓу потврдените случаи изнесува околу 48 отсто. Од почетокот на епидемијата се опоравиле 1.966 пациенти.Меѓу најновите подрачја во кои е потврдена зараза

Свет | пред 1 месец

media-libraryjqnccrn8sts40ou0Jx9

Филипче жестоко ги нападна поранешните функционери на СДСМ: „Шемаџии и пучисти, тие за малку ќе ја закопаа партијата“

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, со жестоки обвинувања се нафрли на поранешните функционери на партијата собрани околу платформата „Разговори за иднината во 12:05“, нарекувајќи ги „шемаџии“ и „пучисти“ и обвинувајќи дека зад нив стои премиерот Христијан Мицкоски.„Христијан Мицкоски ги прати да нѐ дефокусираат. Ама нема да успеат. Видовме формирање на ЗНАМ. Но нема да им успее. Ние се бориме за интересите на граѓаните и државата, затоа што СДСМ не е пазар на кој секој може да дојде и да земе што с

Македонија | пред 1 месец

media-libraryt0vb9c1h1fssecfheQB

Без возачка дозвола или под дејство на алкохол: уапсен 21 возач

Во текот на изминатото деноноќие полицијата на различни локации низ државата лишила од слобода 21 возач, додека со уште едно лице бил извршен службен разговор поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.Од приведените, 11 лица управувале возила без положен возачки испит. Меѓу нив се Н.М. (41) од Сарај, А.Р. (25) од Батинци, Х.Ш. (35) од Неготино, Гостиварско, 16-годишник од Видуше, Општина Маврово и Ростуше, А.С. (31) од Ковач, Македонски Брод, А.Д. (32) од Корошишта,

Македонија | пред 1 месец

media-library4tqapk2324f02eY45qW

(Видео) Беџети од ДУИ: Немало официјални разговори со ВМРО-ДПМНЕ за предвремени избори

Блерим Беџети изјави дека ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ не воделе официјални разговори за предвремени парламентарни избори.Тоа го кажа во „Претрес со Ландов“, по прашањата за спротивставените јавни изјави од двете партии.Беџети рече дека пратениците разговараат меѓу себе во Собранието и дека имало работна група за Изборниот законик. Но, на директното прашање дали партиите седнале на маса за да договараат предвремени избори, неговиот одговор беше негативен.И покрај тоа, тој смета дека избори ѝ се потребни на

Студио | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања