Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

ubistvo

Обвинение за убиство за 33-годишник од Штип

Основното јавно обвинителство Штип поднесе Обвинителен акт против 33-годишник против кого се спроведуваше истрага за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.Во текот на истрагата се обезбедија докази според кои обвинетиот на 1 ноември, при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка. Откако се договориле и се сретнале пред нејзиниот дом, заедно отишле во напуштен објект на ЈП Исар за да разговараат за проблемите во нивната повеќегодишна врска. Разговорот преминал во расправија, по што обвинетиот физички ја нападнал жртвата и започнал да ја удира со тупаници. Кога таа паднала на подот, тој започнал силно да ја стега во пределот на вратот додека не дошло до прекин на дишењето и нарушување на дотокот на крв во мозокот, како резултат на што жената починала. Кога се уверил дека не дава знаци на живот тој го напуштил местото и сам се пријавил во полициска станица.Јавниот обвинител до Основниот суд во Штип достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Македонија | пред 1 година

bebe-inkubator

СДСМ: 20 дечиња починале на Клиника, Мицкоски и ДПМНЕ мува не ги лази

“Трагичните податоци за смртноста на деца во изминатите шест месеци ја шокираа јавноста а Мицкоски и ДПМНЕ мува не ги лази. Во втората половина на 2024 година, животот го загубиле 19 бебиња и едно петгодишно девојче”, вели СДСМ и додава:Овие бројки се застрашувачки и отвораат прашања кои бараат итни одговори: каде затајува системот, како се направени пропустите и дали постои прикривање на лекарски грешки?Последниот случај со смртта на седуммесечно бебе на Клиниката за детски болести е алармантен. Бебето било одбиено за хоспитализација без никакво образложение – втор ваков трагичен случај во само два и пол месеци. Овие трагедии не смеат да се игнорираат!Министре Таравари, директоре Мемеди, време е да преземете одговорност. СДСМ инсистира на темелна истрага, целосна транспарентност и итно преземање мерки за спречување на ваквите трагедии.Во време на СДСМ, преку конкретни мерки и инвестиции, смртноста кај новороденчињата беше значително намалена. Неонаталната смртност беше намалена петкратно, а перинаталната за повеќе од двојно. Инвестирано беше во модерна опрема и стручен кадар.Сега, под актуелната власт на ВМРО-ДПМНЕ, здравствениот систем се враќа во состојбата од времето на нивното претходно владеење. Животот на децата и здравјето на граѓаните не смеат да бидат колатерална штета на неспособноста и неодговорноста на оваа власт.Го повикуваме Министерството за здравство и сите надлежни институции да преземат итни мерки за заштита на здравјето на децата а министерот Таравари да си поднесе оставка.

Македонија | пред 1 година

sednica-co-sdsm-2

СДС тоне по рејтинг но се обидува да го спаси и заштити Груби, СДС мисли дека ќе избега од правдата, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС со секој изминат ден тоне во сопственото политичко мочуриште, СДС се губи на политичката мапа а рејтингот им е во слободен пад 5 спрема 1 според анкетите“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:СДС тоне по рејтингот, но и покрај тоа се обидува да го спаси и заштити Артан Груби. Дури и Али Ахмети и ДУИ се откажаа и оградија од Груби, а СДС продолжува да го штити само поради тоа што се нивни асистенти и соработници.Падот на рејтингот на СДС е директен резултат на молкот и распространеторста на криминалните шеми со ДУИ, но и покрај тоа СДС грчевито го штити Груби и не го повикува на одговорност пред правдата.Крајот на ДУИ започна со ставањето на црна листа на САД, најпрво со Рамиз Мерко, а потоа и со Артан Груби. Се сруши и митот за Ахмети дека ниту се чесни, ниту се борат и ги штитат своите луѓе ниту пак дека се можат и се недопирливи.Артан Груби е извршител на ДУИ и Ахмети а негови соучесници и асистенти се СДС.Центарот на политичкиот криминал на СДС се Заев, Ковачевски, Филипче Спасовски.Криминалните банди и фамилијарните кланови владееја и ја наметнуваа својата волја како сакаат и каде сакаат, а МВР под раководство на Спасовски не се спротивставуваше и дозволуваше хаосот да завладее додека беззаконието царуваше.СДС ја окупираше државата во соработка со корумпирани судии и обвинители бирани во Струмица и Зајас, додека фамилијарните кланови под закрила на Ахмети и Заев со своите криминални делувања го уништуваа системот.СДС делуваше во координација на ДУИ а Груби беше извршител, 7 години овие деструктивни сили го заробија системот и ја уназадија државата.СДС дозволи криминалот и корупцијата да напредува додека народот осиромашуваше.Артан Груби, СДС и ДУИ мислат дека од правдата ќе побегнат но засолниште за криминалците и сите оние што го прекршиле законот нема.Одговрност мора да има. Место за криминалци во политиката нема.ВМРО-ДПМНЕ ќе ја извади државата од темната етапа во која ја доведоа СДС и ДУИ.ВМРО-ДПМНЕ напорно работи да обезбеди напредок, инвестиции и подобар животен стандард за граѓаните.

Македонија | пред 1 година

IMG_2199

Руската закана за Европа е многу поширока отколку што изгледа, вели Мелони

Руската закана за Европа се протега надвор од одбраната и безбедноста, изјави вчера италијанскиот премиер Џорџија Мелони за време на меѓународниот состанок во Финска, додавајќи дека таа се однесува и на илегалната миграција и сајбер безбедноста.„Се работи за нашата демократија, за влијанието на нашето јавно мислење, за она што се случува во Африка, за суровините, за инструментализацијата на миграцијата. Мораме да знаеме дека тоа е многу широка закана“, рече Мелони од Ројтерс.Русија и Белорусија организираат прилив на мигранти во Европа од 2021 година, дозволувајќи им на илјадници баратели на азил да стигнат до источните граници на Европската унија со ветување за безбеден влез во ЕУ.Во ноември 2021 година, белоруските војници придружуваа илјадници баратели на азил до полската граница, пресекувајќи ја жичената ограда за да им овозможат да преминат. Повеќето од нив беа насилно оттурнати од полските граничари кои поставија жица на границата и воведоа зона за забранет пристап девет месеци.Италијанскиот премиер ја повика ЕУ да гледа на миграцијата како дистрибутивен, но и безбедносен проблем.„Безбедноста значи и критична инфраструктура, значи вештачка интелигенција, сајбер безбедност, суровини, синџири на снабдување. Тоа значи нова и поефикасна надворешна политика и политика за соработка, тоа значи миграција“, рече Мелони.Мелони предупреди на пасивност и самозадоволство во ЕУ, додавајќи дека дури и по завршувањето на руската војна во Украина, безбедносните предизвици во Европа нема да исчезнат. „Мораме да разбереме дека заканата е многу поширока отколку што мислиме“, рече Мелони.Тензиите меѓу Европа и Москва се зголемија откако Русија започна сеопфатна инвазија на Украина во 2022 година. ЕУ воведе 15 пакети санкции против Русија, а повеќето нејзини членки му дадоа воена поддршка на Киев.Од друга страна, ЕУ сè повеќе ја обвинува Русија дека врши саботажни и хибридни напади низ целиот континент за да ја попречи одбранбената помош за Украина и да шири хаос и немири.

Свет | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

Најладно во Берово: очекувајте снег и дожд

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)-7 Берово, -6 Попова Шапка, -5 Скопје-Петровец, -4 Крива Паланка, Битола, Велес, Демир Капија, Струмица, -3 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Штип, Кавадарци, Гевгелија, -2 Прилеп, Маврови Анови, Крушево, -1 Виница, 1 Претор, 2 Охрид.ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07 часот (во сm)33 Попова Шапка, 28 Маврови Анови.ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВАВо првата половина од ноќта во најголем дел од земјава беше ведро, во југозападните делови умерено до значително облачно. Во втората половина облачноста постепено се зголемуваше. Утрово времето е променливо облачно, во крајните југоисточни делови со сончеви периоди, а по одделни котлини има појава на слаба магла. Дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.ВРЕМЕТО ДЕНЕСКАОблачно и студено со врнежи од дожд и снег во пониските, а на планините и повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните југоисточни делови (над 25 l/m2). На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските места. Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне од 2 до 6 степени.Во Скопје облачно и студено со врнежи од дожд. Попладне во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува умерен југоисточен, а во текот на ноќта повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 4 степени.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

Измамата со кошничката се гледа во маркерите - повисоки цени наместо пониски, вели СДСМ

„Зголемените трошоци за живот се претворија во сериозен товар за македонските семејства. Наместо да се намалат цените сега се зголемија“, велат од СДСМ и додаваат:Основните прехранбени производи веќе не се достапни за сите, тие сега стануваат луксуз. Оваа состојба е директна последица на неспособноста и манипулациите на власта предводена од Мицкоски со така наречените кошнички кои немаат никаков ефект.Изматата со „новогодишната кошничка“ се гледа во маркетите, наместо пониски има повисоки цени. Фактите зборуваат сами за себе:Цената на зејтинот порасна од 83 денари (цена од 1 октомври) на 97 денари.Јајцата, кои се продаваа од 75 до 85 денари, сега се над 100 денари, дури и до 140 денари за едно пакување.Кашкавалот од некои производители веќе надминува 600 денари за килограм.Јогуртот со 3,2% масленост достигнува над 72 денари.Ова се фактите кои потврдуваат дека мерките на власта не ја олеснуваат, туку ја влошуваат ситуацијата за граѓаните.Трговците прво ги зголемија цените, а потоа мерките стапија во сила, без никаква реална корист за луѓето.Власта на Мицкоски дозволи трговците да се богатат на грбот на граѓаните.

Македонија | пред 1 година

IMG_2960

Скопје најзагаден град во Европа, Македонија во првите 20 држави

Светскиот сервис „IQAir“ кој прави рангирање на светските градови на едно место, покажува дека Скопје е најзагаден град во Европа, по квалитет на воздух. Тој се наоѓа на 11 место со индекс 161, што значи дека е штетен за здравјето.Според мерните станици, најзагадени делови се Центар, Лисиче, Карпош, како и Ѓорче Петров.Истовремено, Македонија се наоѓа на 19 место во Скопје по ниво на загаден воздух. Освен Скопје, висока загаденост има и во Кичево, Гостивар, Тетово.

Македонија | пред 1 година

tramp-sinovite-i-ivanka-tramp

Трамп ќе го „запира трансродовото лудило“

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера вети дека ќе го „запре трансродовото лудило“ на првиот ден од неговото претседателствување, бидејќи републиканците, кои ќе ги контролираат двата дома на Конгресот и Белата куќа во новиот мандат, продолжуваат да се залагаат за правата на ЛГБТ.„Ќе потпишам извршни наредби за ставање крај на детското генитално осакатување и отстранување на трансродовите луѓе од војската и нашите основни и средни училишта“, рече новоизбраниот претседател на настанот за млади конзервативци во Феникс, Аризона.https://x.com/NOELreports/status/1870900501119938857Тој, исто така, вети дека ќе ги „чува мажите надвор од женскиот спорт“, додавајќи дека „официјалната политика на владата на Соединетите држави ќе биде дека има само два пола, машки и женски“.Говорејќи на конференцијата AmericaFest во пограничната држава што убедливо ја „изведе“ на претседателските избори во ноември, Трамп исто така вети итни мерки против „мигрантскиот криминал“ и вети дека ќе ги назначи наркокартелите како странски терористички организации и ја потврди својата решеност да ја врати американската контрола над Панамскиот канал.Трансродовите прашања ја разбрануваа американската политика во последниве години, бидејќи државите под контрола на демократите и републиканците се движеа во спротивни насоки во однос на политиките како третман и кои книги на оваа тема се дозволени во јавните или училишните библиотеки.Минатата недела, Конгресот на САД одобри годишен буџет за одбрана со кој се блокирани финансирањето на одредена родова грижа за трансродовите деца во војската.

Свет | пред 1 година

2088885_epa-tramp_ls

Трамп: Ќе ја завршам војната во Украина, ќе ја спречам Третата светска војна

„На 20 јануари САД засекогаш ќе ја свртат страницата по четири долги, страшни години неуспех, неспособност, национално распаѓање и ќе инаугурираме нова ера на мир, просперитет и национална големина“, рече Трамп, укажувајќи на неговата инаугурација.„Ќе ја завршам војната во Украина. Ќе го запрам хаосот на Блискиот Исток и ќе спречам, ветувам, Трета светска војна.„Златното доба на Америка е пред нас“, додаде тој.Новоизбраниот претседател допрва треба јавно да објасни како планира брзо да ја заврши војната во Украина или да донесе мир на Блискиот Исток.

Свет | пред 1 година

Tramp

Трамп и се заканува на Европа: Новите барања може да доведат до трговска војна, лидерите смислуваат како да го смират и задоволат

Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social во петокот: „Им реков на Европската унија дека мора да го задоволат својот огромен дефицит со Соединетите држави со тоа што интензивно купуваат нафта и гас. Во спротивно, ќе има тарифи на сите страни“.Минатата година дефицитот беше 208,7 милијарди долари, но се работи за размена на стоки, додека САД имаат суфицит кога се во прашање услугите - 104 милијарди. Останува енигмата дали тој навистина гледа на економските односи од толку намалена гледна точка или дали „првиот другар“ Илон Маск го потсетил на изјавата за премногу европски автомобили на американските патишта за да се осигура дека што е можно повеќе автомобили „Тесла“ се продаваат во ЕУ.Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија, во телефонски разговор со Трамп на 8 ноември, три дена по неговата изборна победа, објави дека ЕУ ќе купи повеќе американски течен гас (ЛНГ), зборувајќи за потребата да се бараат за „заеднички интереси“. Ројтерс предупредува дека американскиот извоз на нафта и гас моментално е на својот плафон и дека се потребни инвестиции за нивно зголемување, особено во терминалите за ЛНГ. Учеството на САД во европскиот увоз на ЛНГ е 47 отсто, а нафтата 17 отсто во првиот квартал годинава, покажуваат податоците на Евростат. Половина од американскиот извоз на нафта оди во ЕУ, остатокот во Азија, додека нашата Унија откупува 66 отсто од американскиот извоз на ЛНГ. Ситуацијата е дијаметрално спротивна од 2018 година, кога Трамп беснееше поради увозот на руски гас и нафта.ЕУ заклучи дека има два сектора каде што може да се зголеми увозот за дополнително да се смири Трамп: едниот се земјоделските производи, но одлуката на Франција на крајот на ноември да се согласи дека средствата од европскиот фонд за зајакнување на одбраната може да се користат за купување оружјето од трети земји исто така не е неважно американско.Целосната слика ја дава веста на Фајненшл тајмс дека Трамп ќе побара од европските членки на НАТО да потрошат пет проценти од својот БДП за одбрана.ЕУ дејствува превентивно и се подготвува за очекуваните сценарија за „напад“ на администрацијата на Трамп со надеж дека со конструктивни понуди ќе успее да го убеди поранешниот и идниот претседател да не преземаат мерки кои ќе доведат до трговска војна.Останува нејасно дали заканите на Трамп се насочени исклучиво кон наводна заштита на американската индустрија или имаат дополнителна цел, внесување раздор во ЕУ, за да се постигне она што му го понуди на францускиот претседател Емануел Макрон во 2018 година - нека се откаже од заедничката позиција на ЕУ. и ќе добие повластен третман. Тоа е и интерес на Русија.Во моментов, 23 од 32 земји-членки го имаат постигнато ова ниво. Пред неколку дена беше објавено дека европските членки на НАТО размислуваат да ги зголемат одбранбените инвестиции прво на 2,5, а потоа на три проценти до 2030 година, па сега е јасно дека ова е обид да се одговори на притисокот од таборот на Трамп. Според непотврдени информации, бидејќи САД во моментов трошат 3,1 отсто од БДП за одбрана, Трамп би прифатил 3,5 отсто како компромис. Конечниот договор се очекува во јуни следната година на самитот на нашата одбранбена алијанса во Холандија.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-06-27-at-10.56.59

Таравари да не тактизира и веднаш да го разреши Мемеди за смртта на 20 деца, вели Левица

„Реџеп Мемеди и неговиот братучед остануваат на чело на Детска клиника, и покрај тоа што не се подготвени да преземат одговорност за смртта на дваесетте деца кои починале во шестте месеци од кога тие се на чело на институцијата!“, вели Левица и додава:Државниот санитарен и здравствен инспекторат изрекол две казни на институцијата и директорот, а постојат и воочени недостатоци од страна на Државниот завод за ревизија. Сепак, кланот Мемеди избира да ги игнорира забелешките на овие институции и продолжува со злоупотреба на државни средства за лично богатење.Зошто министерот за здравство, Арбен Таравари, продолжува со политички калкулации и ги занемарува апелите на јавноста за разрешување на Реџеп Мемеди? Дали кланот Мемеди има доволно голем импакт во одржувањето на неговата политичка позиција до степен што министерот е подготвен да жртвува млади животи?Братучедите од Студеничани имаат заемно владеење на институцијата, па Алајдин, иако не е вработен во Клиниката, користи скениран потпис од својот братучед, медицинскиот директор Реџеп, за печатење на одлуки кои самиот ги донел! Покрај тој навод за фалсификувани документи, од страна на ДЗСИ е воочено дека помладите специјализанти кои дежураат иако немаат законско право за тоа, користат факсимили од постари специјализанти или специјалисти кои на хартија дежураат, но се немаат појавено на клиниката! Ургентниот центар на клиниката останува затворен, па пациентите се одбиваат без образложенија, спротивно на закон!Тоа што власта на ДПМНЕ-ВЛЕН–ЗНАМ ги занемарува забелешките на институциите и продолжува со незаинтересираното владеење со здравствените институции не остава простор за верување дека смртта на овие деца била спонтана и неизбежна. Левица иницијално реагираше на непотизмот и непрофесионализмот во раководењето со Детска клиника на почетокот од септември, па секој дополнителен ден кој власта им го дозволи на братучедите Мемеди во раководството на клиниката е свесно занемарување на грешките кои резултираат со смрт на деца!

Македонија | пред 1 година

nova-god

Таа што ни носи радост: Историјата на новогодишната елка

Замислете дочек на Нова година или прослава за Божик без накитена елка, без шарени украси и многу украсни светилки. Сите знаеме дека елките имаат почесно место во овие прослави, но патот на елката од зимзелено дрво до симбол за празник бил долг и полн со интересни факти.Зимзелените растенија веќе со илјадници години се користат во прослави на христијанските и паганските обичаи. Паганите ги користеле да ги украсат домовите во текот на зимата, за да се потсетат на доаѓањето на пролетта, додека Римјаните ги користеле да ги украсат храмовите за време на фестивали. Христијаните зимзелените растенија ги користеле како знак за вечен живот со Бога.Нема податоци што точно можат да одредат кога елката или борот првпат биле употребени како дел од божикна традиција. Се верува дека тоа почнало пред илјада години во Северна Европа.Многу елки тогаш биле закачени на плафоните и прицврстени со синџири. Тие што не можеле да си дозволат вистинска елка, ределе исцепени дрва во форма на пирамида и ги украсувале со хартија, јаболка и свеќи.Во викторијанската ера свеќичките на елката претставувале ѕвезди, а во некои делови на Европа сè уште се користат како украси. Меѓутоа, поради страв од пожар, во 1895 година биле направени електрични светилки што ги замениле свеќичките.Разни светликави украси биле користени за украсување на елките кога тие почнале да се украсуваат. Разликата меѓу денешните и тогашните украси е во тоа што тие биле направени од сребрени топчиња, но кога почнале да се произведуваат пластични, тие брзо ги замениле сребрените.Употребата на елката во божикните и новогодишните прослави првпат била документирана во 1510 година во главниот град на Летонија, Рига. За самата церемонија нема многу познати детали, но се знае само дека на крајот на прославата луѓето ја запалиле елката.Исто така постои слика од Германија, настаната во 1521 година, која прикажува бискуп како јава покрај елка што луѓето ја носат низ градот. Се верува дека бискупот го претставувал свети Никола.Првиот човек кој однел елка дома, според обичаите што денес ги знаеме, бил свештеникот Мартин Лутер. Тој гледајќи низ крошните на дрвјата видел ѕвезди, кои го потсетиле на Исус, па исекол елка и ја однел дома.Во Германија, елките биле украсувани со украси за јадење, како што се шеќерни јаболка и сладок леб. Но, подоцна почнале да прават стаклени украси слични на овие денешните.Првото божикно дрво во Велика Британија било поставено за време на владеењето на принцот Алберт. Додека во 1848 година кралската божикна елка била објавена во познатите лондонски весници.Поради тоа култот на божикната елка набрзо станал популарен и во Соединетите Американски Држави.Вештачките елки станале популарни во 20 век. Во тој период постоеле дури и модни ревии на пластични елки обоени во разни бои. Со години овие елки биле правени од метал, хартија, пердуви и разни типови пластика.

Магазин | пред 1 година

Grubi-1-1536x864-1-585x329-1

Каде е Груби: Тошковски го поздрави потегот на ДУИ

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски не сака да шпекулира околу информациите каде се наоѓа во моментов екс-вицепремиерот Артан Груби кој веќе една недела е во бегство. Според него, битно е дека е распишана меѓународна потерница по него.„Не би сакал да шпекулирам“, гласи одговорот на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.На прашањето од каде му се сознанијата на вицепремиерот Изет Меџити дека Груби се наоѓа во Албанија, првиот полицаец во државата синоќа во ТВ Сител изјави: „Во мојата надлежност, битно е дека кај (полицискиот) службеник кој што работи во граничната контрола и кој што сторил кардинална грешка при постапувањето и не постапил согласно стандардно-оперативни процедури е спроведена истрага и е констатирано дека нема постапено согласно закон. Суспендирано е лицето и поднесена е соодветна кривична пријава за несовесно работење во службата“.Министерот исто така додаде дека е добро што „ДУИ се огради од еден бегалец од правдата и тоа е поздравување“.Идентичен одговор како Тошковски вчера даде и премиерот Христијан Мицкоски дека има „различни се информации“ и дека не сака да шпекулира во врска со тврдењата на еден од неговите заменици во Владата.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-23-at-08.19.27

Сопругата на Асад побара развод: не сака да живее во Москва

Британската сопруга на соборениот сириски претседател Башар ал Асад, Асма ал Асад, поднесе барање за развод откако во Москва изрази незадоволство од својот живот, објавија вчера турските и арапските медиуми, додавајќи дека наводно сака да се пресели во Лондон.Асма се обрати до рускиот суд и побара посебна дозвола да ја напушти Москва. Нејзината апликација моментално ја оценуваат руските власти.Асма е двојна британско-сириска државјанка која е родена и израсната во Лондон, објави Би-Би-Си. Асма се преселила во Сирија во 2000 година и се омажила за Асад истата година, на 25-годишна возраст.Иако неговото барање за азил во Москва беше прифатено, Башар ал Асад, наводно, се уште е под строги ограничувања. Нему не му е дозволено да ја напушти Москва или да се занимава со какви било политички активности.Руските власти го замрзнаа и неговиот имот и пари. Неговиот имот вклучува 270 килограми злато, 2 милијарди долари и 18 станови во Москва.Братот на Башар ал Асад, Махер ал Асад, не добил азил во Русија и неговото барање сè уште се разгледува, јавуваат саудиските и турските медиуми. Махер и неговото семејство се во домашен притвор во Русија.Асад беше соборен на почетокот на декември за време на офанзивата на бунтовничките сили предводени од групата Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС). Иако ХТС е регистрирана како терористичка организација од страна на Соединетите држави, САД одлучија да ја укинат наградата од 10 милиони долари за главата на водачот на ХТС Абу Мохамад ал-Џолани.Семејството на Асад е на власт повеќе од 50 години во Сирија.

Свет | пред 1 година

f_35939773_1280

(Видео) Погледнете ја оваа култна фотографија од протестот во Белград: се огласи МВР на Србија

Неколку десетици илјади луѓе се собраа во Белград на голем протест против српскиот претседател Александар Вучиќ и неговата влада, чие цврсто владеење беше оспорено од неколкунеделните протести предводени од студентите, објави Асошиетед прес.Митингот на белградскиот плоштад Славија, еден од најголемите во последните години, го свикаа студентите и синдикатите на земјоделците. Ова е дел од поширокото социјално движење кое бара одговорност за уривањето на настрешница на железничката станица на северот од земјата на 1 ноември, во која загинаа 15 лица, објави АП, додавајќи дека помали протести се одржале и во Ниш и Крагуевац. Демонстрантите бараат Вучиќ и одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата, додаде АП.https://x.com/miodrag_bebic/status/1870849242904035393?ref_src=twsrc%5Etfw#dmid=cbb77a21-e3c3-474c-b6c7-cd9dfa993be7На протестот се приклучија и популарните српски театарски и филмски актери, а актерот Бане Трифуновиќ денешниот собир го опиша како „фестивал на слободата“, пишуваат странските медиуми.Во својот извештај за протестите, француската агенција АФП пренесува дека српската влада е под притисок повеќе од седум недели поради протестите по трагедијата во Нови Сад.https://x.com/biljanicaaa/status/1870875384843219165?ref_src=twsrc%5Etfw#dmid=cbb77a21-e3c3-474c-b6c7-cd9dfa993be7Митингот во Белград, кој го организираа студенти, започна со 15-минутно молчење во чест на 15-те загинати, а меѓу присутните имаше земјоделци, актери и други граѓани од цела Србија.Демонстрантите ја окупираа Трг Славија и го блокираа речиси целиот центар на градот. Тие побараа оставка од премиерот Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад поради несреќата, како и кривично гонење на одговорните.Српскиот претседател Александар Вучиќ во саботата изјави дека нема да попушти пред демонстрантите.Да потсетиме на ова, врз основа на достапните снимки и фотографии, Архивата на јавните собири утврди дека на протестот организиран од студентите во Славија се собрале меѓу 100.000 и 102.000 луѓе.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-12-21-at-08.51.52

Нови закани во Германија за злосторства на божиќен пазар

Полицијата во германскиот пристанишен град Бремерхавен синоќа уапси маж кој се заканувал на TikTok дека ќе изврши тешки злосторства на божиќниот пазар во градот.Веста доаѓа откако 50-годишен маж од Саудиска Арабија во петокот влетал со својот автомобил во толпата на божиќниот пазар во источниот германски град Магдебург, при што уби пет, меѓу кои и едно 9-годишно дете, а ранил 200.Криминалистите често предупредуваат на можноста за имитирање на вакво насилство по тешки кривични дела. Полицијата успеала „многу брзо“ да го идентификува осомничениот по објавувањето на видеото и привремено го приведе, велат тие.Властите не дадоа дополнителни детали за уапсениот или сериозноста на заканите, но рекоа дека нема опасност за јавноста.

Свет | пред 1 година

1734937524-ceb86c53-6e8e-45c6-b52a-3f25edb574d7-750x564-1

Авион се урна во шума во Мексико, најмалку седум загинати

Најмалку седум лица загинаа во падот на мал авион синоќа во шумска област во западната мексиканска држава Халиско.„Авион Цесна 207, кој леташе од Ла Парота, во соседната држава Мичоакан, имаше несреќа и падна во тешко пристапна област во источниот дел на Халиско“, напиша Цивилната заштита на платформата Х, објавувајќи фотографии од местото на несреќата.https://x.com/PCJalisco/status/1870986424436330893Несреќата се случила недалеку од Мазамитла, регионална туристичка дестинација, пишува France Presse, пренесува Index.hr.

Свет | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-42-7590PM

Пет уапсени во Штип: фатени се на лице место

На 21.12.2024 околу 15 часот полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Љ.Д.(45), И.Д.(25), А.Д.(24), Т.Д.(22) и К.Д.(25), сите од Штип, затоа што нападнале полициски службеници при вршење на службени дејства.Претходно, полициските службеници се упатиле кон манастирот „Воскресение Христово“ во атар на Штип, каде била пријавена кражба и по преземените мерки и активности во врска со тој настан, се упатиле кон Штип. При тоа, кај местото викано „Елките“, забележале запрежно возило натоварено со бесправно исечени огревни дрва.При преземањето мерки и активности за расчистување на настанот, полициските службеници биле нападнати од Љ.Д.(45), И.Д.(25), А.Д.(24), Т.Д.(22) и К.Д.(25), кои употребиле и тврди и остри предмети. Еден полициски службеник испукал и предупредувачки истрел во воздух, по што лицата се лишени од слобода и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. Двајца полициски службеници се здобиле со повреди.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

СДС наместо да продуцира со лаги за Тошковски, нека направи анализа зошто на анкетите губи 5 спрема 1, порача ВМРО-ДПМНЕ

„СДС наместо да се занимава со измислени теми за Панче Тошковски нека направи анализа зошто губи 5 спрема 1 на анкетите и зошто огромното мнозинство сметаат дека партијата нема никаков капацитет на промени“, порача ВМРО-ДПМНЕ и додава:Одговорот лежи во Венко Филипче, Зоран Заев, Димитар Ковачевски. Додека СДС ја занимава јавноста со измислени теми, тие не сфаќаат дека станаа гума за спасување на Артан Груби, Ахмети и ДУИ.Толку да се секираше за себе колку што се секира за ДУИ и Груби, можеби ќе одговореа зошто не се оградуваат од криминалот на Ковачевски во истиот случај за кој се сомничи и Артан Груби. Односно како може Груби да бил лопов според СДС, ама неговиот шеф во таа влада Ковачевски да е крив.Таквата лицемерна политика СДС ги носи на дното на сите анкети кои мерат рејтинг.

Македонија | пред 1 година

47d5c932-7279-45c3-aef4-8a9fdd962a25

Масар Омерагиќ избран за нов претседател на ФФМ

Масар Омерагиќ избран за нов претседател на ФФМ, одлучија делегатите. Тој е избран со акламација од сите делегати и доаѓа на местото од Муамед Сејдини кој се повлече од функцијата.Омерагиќ е поранешен фудбалер на Слога Југомагнат, Балкан, Вардар… освојувач на шампионски трофеи од домашното првенство, а долгогодишен стопанственик и фудбалски работник.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-21-at-11.42.42

Водата во Скопје е исправна за пиење по санирањето на дефектот, велат од Водовод

Секторот Санитарна контрола на ЈП Водовод и канализација Скопје на ден 22.12.2024 година изврши вонреден мониторинг на водоснабдителниот систем на градот Скопје кој беше во прекин со водоснабдување на 21.12.2024 година поради изведување на активности за санација, реконструкција и модернизација на градската водоводна мрежа.“Мониторингот опфати 9 (девет) клучни места и тоа во Автокоманда, Сингелиќ, Маџари, Ново Лисиче, Центар, Драчево, Пржино, Ѓорче Петров и Карпош од каде беа земени примероци од водата за пиење врз кои беше изведено физичко-хемиско и микробиолошко лабораториско тестирање.Покрај теренските мерења на рутинските параметри, тестирање беше изведено со стандардни методи и јонска хроматографија за физичко-хемиската анализа, како и со полимераза верижна реакција метода за микробиолошката анализа.Сакаме да ја информираме јавноста дека од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки ОДГОВАРААТ на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ бр.183/18), со што констатиравме дека водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и истата може од страна на граѓаните непречено да се користи”, велат од Водовод и канализација.

Скопје | пред 1 година

sdsm-novo-rakovodsvo

СДСМ: Груби да се соочи со законот, Тошковски со одговорноста

„Јалови се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да се оправда за бегството на Артан Груби кое е сработено по истото сценарио како и она летото на Блерим Рамадани. Повеќе од јасно е дека границата со Косово не е под контрола на МВР и Тошковски“, вели СДСМ и додава:Уште почудно е што токму полицајци поставени од Тошковски решиле да го пуштат Груби непречено да си оди. ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски сами си ги креираат сценаријата за сомнеж дека тие го пропуштиле Груби да си оди од државата наместо да се соочи со одговорност. Груби мора да биде итно спроведен пред лицето на правдата.Но, денес е нејасно како Тошковски може да биде толку неинформиран и МВР толку слаба институција под негово водство, кога Изет Меџити коалицискиот партнер на Мицкоски знае дека Груби е во Албанија, а Тошковски не? Го праша ли Тошковски Меџити од каде му се информациите? Тошковски веќе одамна е зрел за оставка, премногу скандали се случија без никаква политичка одговорност.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-22-at-10.39.48

Шест месеци голгота: Уште ја нема Злата, семејството во исчекување, разочарани од полицијата

Поминаа шест месеци од исчезнувањето на Злата Јанкова, која последен пат е видена во селото Орел, Свети Николе. Семејството посочува дека нема никакво сознание за правецот во кој се движи истрагата. Член на фамилијата посочува дека немаат ниту помош од полицијата. Тие посочуваат дека Злата немала кавги со семејството, живееле во слога и разбирање, а немала ниту здравствен проблем.„Оставени сами да се молиме на Господ да ни помогне да е жива и здрава да се појави од некаде или пак некој добро намерен човек да ни помогне. Шест долги месеци тага и болка исчекување да се случи нешто позитивно, до толку тешко што животот е бесмислен! Наспроти нас имаме изгубено член и столб на семејството , и секако полицијата која до петиот месеци си ги помина многу убаво сите продолжени викенди, државни празници и летни одмори“, пишува Дарко Јанков, член на семејството.Според него, првпат потрага по Злата се направија по пријава во Внатрешна контрола.„Добро се наспаа цели пет месеци за да се појави внатрешна контрола по моја иницијатива и на нивно барање на пет месеци за првпат организираа претрага на исчезнато лице, жално, болно, но вистинито“, додава тој.Целото негово сведоштво:[caption id="attachment_317849" align="alignnone" width="702"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 1 година

grubi-ahmeti-1

Ниедна лажна анкета нема да го покрие срамот на Владата и Тошковски со бегството на Груби, велат од СДСМ

„Ниту една лажна анкета нема да го покрие срамот на Владата на Мицкоски и Панче Тошковски со бегството на Груби“ вели СДСМ и додава:Косовската граница е решето, отворена за бегање на криминалци и терористи. Тошковски појма нема каде се наоѓа Груби и после сите скандали треба да се поднесе оставка.На Владата на Мицкоски навистина не ѝ оди добро, она што го ветуваше пред изборите не го испорача, скандали има секојдневно, институциите не функционираат, граѓаните осиромашуваат, цените растат, државата е заглавена и уназадува.Граѓаните тоа го гледаат секој ден и нарачаните анкети не може да им помогнат на Мицкоски и компанија.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-21-at-08.51.11

Ова е борецот против исламот кој со својот автомобил прегази луѓе во Германија

Бројот на загинати во нападот на божиќниот пазар во Магдебург се искачи на пет, а повеќе од 200 луѓе се повредени, од кои многу потешко, изјави во саботата во Магдебург премиерот на покраината Саксонија-Анхалт, Рајнер Хаселоф.Во петокот вечерта пристигна вест дека некој со автомобил влетал во луѓето на божиќниот пазар во тој град.Набрзо веста на агенцијата имаше неочекуван трагичен исход, бидејќи беше потврдено дека возачот во моќен црн теренец не застанал цели 400 метри.Германија е во шок, а Европа изразува сочувство.[caption id="attachment_317842" align="alignnone" width="514"] Screenshot[/caption]Нападот потсетува на 2016 година, кога возач влета со камион на божиќен пазар во Берлин, при што загинаа 13 лица, а повеќе од 50 беа повредени.Тоа беа различни времиња, период во кој заканата од терористичката група Исламска држава, која сè уште не беше победена, надвисна над Европа. Пет месеци претходно, напаѓачот со камион прегази толпа што го славеше францускиот национален ден во Ница - 86 лица загинаа, 434 луѓе беа ранети.Осомничениот, кој е во притвор, е лекар кој живее и работи во Бернбург, град јужно од Магдебург, рече премиерот Хаселоф. Тамара Зиешанг, министерка за внатрешни работи на Саксонија-Анхалт, вели дека осомничениот е по потекло од Саудиска Арабија, дека е во Германија од 2006 година и има постојан престој. Весникот „Билд“ објави дека напаѓачот најверојатно бил под дејство на дрога.„Ова е катастрофа за градот Магдебург, за сојузната држава и за Германија воопшто“, рече премиерот Хаселоф.Германскиот канцелар Олаф Шолц во саботата пристигна во Магдебург и рече дека Германија ќе мора да реагира на овој напад.„Прво треба да видиме што всушност се случило таму и кои мотиви довеле до тоа, а потоа ќе реагираме“, рече Шолц, додавајќи дека земјата сега мора „да остане заедно“ и дека омразата не смее да надвладее.[caption id="attachment_317843" align="alignnone" width="1112"] Screenshot[/caption]„Нема да ги толерираме оние кои сеат омраза, но ќе им се спротивставиме со сите расположливи средства за владеење на правото“, рече германската канцеларка.Ова страшно злосторство по сите свои надворешни карактеристики се вклопува во моделот на терористички напади, но досега познатите околности укажуваат дека сторителот не бил радикал, туку токму спротивното - тој бил активист кој предупредувал на криминалната политика на Саудиска Арабија.Германските медиуми јавуваат, повикувајќи се на истражните органи, дека се работи за психијатар кој се залагал за бегалците кои барале заштита во Германија од прогонот на режимот во Саудиска Арабија и дека бил познат како критичар на исламот.Медиумите пишуваат дека тој изразил сочувство за радикалната десничарска партија Алтернатива за Германија (АфД), позната по негативниот однос кон мигрантите. Алис Вајдел, кандидатката на АфД за канцелар, се запраша на Х: „Кога ќе престане ова лудило?“.https://x.com/CultureWar2020/status/1870211054774423940Насилникот ја обвини актуелната германска влада дека го толерира исламизмот. На социјалните мрежи тој се претставува како активист за човекови права и дел од движењето на отпорот против режимот во Саудиска Арабија. На платформата Х напиша дека „полицијата користи валкани тактики за да го уништи нашиот антиисламски активизам“.„Германија сака да ја исламизира Европа“, напиша тој еднаш.Во мај 2024 година, тој на англиски напиша на X: "Сериозно очекувам да умрам оваа година. Причината - ќе ја осигурам правдата - по секоја цена. А германските власти ги блокираат сите мирни патишта кои водат до правдата".Потоа спомна и „спроведување на операцијата“ на арапски.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања