Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

filharmonija

Новогодишен концерт на Филхармонија со најпознатите валцери и полки од Штраус

Традиционалниот новогодишен концерт насловен „Слушни!Доаѓа Новата...“ на Македонската филхармонија ќе се одржи в четврток со почеток во 20 часот. Оркестарот ќе го води Елена Митревска, македонска диригентка која во моментов работи во Операта во Малме, Шведска. На програмата се најпознатите валцери и полки од Јохан Штраус, како и дела од Бизе, Чајковски и Сен-Санс.Eлена Митревска завршува студии по хорско и оркестарско диригирање на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Виена, каде дипломира со почести. Член е на хорот „Арнолд Шенберг“ во Виена седум сезони, при што работи на оперска и концертна репертоар со диригенти како што се Николаус Харнонкурт, Клаудио Абадо, Бернард Хаитинк, Сајмон Ретл, Рене Јакобс и Корнелиус Мајстер, меѓу другите. Од 2012 година таа е асистент-диригент и хор-мајстор во истиот хор за концерти и оперски продукции во „Theater an der Wien.“Во декември 2014 година ја добива наградата од фондацијата „Ервин Ортнер“ за промовирање талентирани млади музичари во областа на хорското диригирање. Митревска диригира со оркестри како што се камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, Виенскиот камерен оркестар, Македонската филхармонија, Овиедо Филхармонија и Оркестарот на Операта во Малме. Во ноември 2022 година поканета е како диригент во продукцијата на „Дон Џовани“ во Операта во Овиедо. Таа е хор-мајстор во истата од 2016 до 2020 година, а гостин хор-мајстор во Националната опера Лион, Франција во 2021 година. Од 2020 година ја врши истата функција во Операта во Малме, каде што има претстојни продукции, вклучувајќи ја улогата на диригент за операта „Кармен“ од Жорж Бизе во сезоната 2025/26.Митревска е редовно поканета да работи на проекти со хорот на Данското национално радио и Данскиот национален вокален ансамбл.

Магазин | пред 1 година

sednica-co-sdsm-1

СДС беа креатор на двоцифрената инфлација која го изеде стандардот на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Во време на СДС за мега реформа беше што се фалеа дека поефтиниле цените на раковите, школките и октоподите, а се зголемија цените на брашното, шекерот и лебот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:СДС нема право да зборува за цени на производи затоа што тие беа креатор на двоцифрената инфлација, која го изеде стандардот на граѓаните.СДС беше и партијата која ги покачи платите на функционерите додека платите на работниците се намалуваа.И на сето ова кога ќе се додаде енормниот криминал кој ортачки го правеа со ДУИ станува сосема јасно зошто Македонија ја клекнаа на колена.Сега поефтинија цените над 1100 производи, и тоа ќе продолжи.СДС на овој начин ни кажува дека е против намалените цени за граѓаните.Државните институции ќе излезат на терен и треба да се казнат сите оние кои печалат на грбот на граѓаните. И тоа е разликата од фунцкионирањето на законите сега споредено со времето кога СДС ја ограбуваше државата.

Македонија | пред 1 година

244497752_222960099809695_4013329667676755550_n

АХВ ги контролира пакетчињата: во две најдени производи со изминат рок на траење

Инспектори од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), минатата недела спроведоа вонредни надзори во магацини за пакување на новогодишни пакетчиња, маркети и продавници кои вршат промет со новогодишни пакетчиња. Во рамки на спроведените 62 контроли, утврдено е несоодветно означување на пакетчиња кај 4 оператори.Кај 3 вида на пакетчиња, констатирано е дека на збирното пакување нема наведено рок на траење, односно датум на минимална трајност на производите кои ги содржи новогодишното пакетче, поради што наредено е повлекување на истите од промет.Извршен е преглед на содржината на 62 новогодишни пакетчиња. Кај 2 пакетчиња најдени се производи со изминат рок, како и со краток рок на траење до 12.2024 година. Констатирани се и органолептички промени на производите во збирните пакувања кои се со уреден рок на траење.На операторите кај кои се утврдени неусогласености, наредено им е повлекување на пакетчињата од промет и нивно уништување. За констатираните неправилности, издадени се решенија за отстранување на неусогласеностите, а изречени се и соодветни прекршочни пријави.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-29-at-16.44.25

Бесплатен превоз за невработени, паричен надомест за пензионери, солидарен фонд за средношколци, предлага Левица во буџетот на Град Скопје

„Советничката група на Левица во Советот во Град Скопје поднесе 10 амандмани на Буџетот и предлог програмите на градот за 2025 година“, велат од Левица и додаваат:Во поднесените амандмани ги предлагаме следните мерки:- Еднократна парична помош за пензионери со ниски пензии (пензии до 20.000 денари),- Набавка на еколошки дрва со цел намалување на загадувањето на воздухот;- Бесплатен јавен превоз за невработените лица - жители на град Скопје;- Субвениции за граѓани и фирми за набавка на филтри за оџаци;- Еднократна парична помош за лица и семејства кои се нашле во состојба на социјален ризик ( природна непогода, болест или смрт во семејството…)- Топол оброк за социјално ранливи категории на граѓани;- Тековно одржување на домови за стари лица;- Отворање на солидарен фонд за средношколци од социјален ризик ( за субвенционирање на трошоци за матура, екскурзии и сл.),- Субвениции за набавка на инвертер клими за семејства од социјален ризик;- Дополнителни средства за културни манифестации.Дел од мерките ги предложивме со цел намалување на енормното загадување во главниот град, а остатокот се социјални мерки со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните во надминувањето на тешката економска криза предизвикана од енормното зголемување на цените на основните прехрамбени продукти.Се надеваме дека предложените амандмани ќе бидат изгласани на седницата на Советот на Град Скопје која што е закажана за денс во 11 часот.

Скопје | пред 1 година

crn-ponedelnik123

После 12 години од „црниот понеделник“ на 24 декември, се најавува враќање на режимските методи, вели СДСМ

„24 декември 2012 година е еден од најцрните датуми во историјата на македонската демократија. Пред точно 12 години режимот на ДПМНЕ насилно исфрли пратеници и новинари од Собранието“, вели СДСМ и додава:Со сила, инсталираниот режим на ДПМНЕ ја задуши демократијата во македонското Собрание само затоа што опозицијата се противеше на носењето на најрасипничкиот, криминал буџет во историјата на државата.Новинарите беа исфрлени за да се сокрие вистината од народот, да не известуваат од тепањето пратеници.Тогаш, целата јавност ја виде суровоста на еден еден насилнички режим, а токму настаните од тој црн понеделник и неказнивоста на одговорните доведе до уште поцрн датум, до 27 април 2017 година кога режимот тргна да убива пратеници и вработени во Собранието.Прашањето е како се чуствуваат денеска исфрлените пратеници од Собранието кои се дел од ЗНАМ и во коалиција со истите тие што ги исфрлија? Дали политичкото лицемерие или лукративните причини за власт по секоја цена вредат толку за да се изневерат вредностите, сопартијците, слободата, демократијата?24 декември е потсетник дека никогаш да смее да се заборават режимските методи на ДПМНЕ.Но после 12 години актуелната власт на ДПМНЕ со своите режимски практики најавува враќање на тие режимски методи.Тенденциите на Мицкоски и ДПМНЕ покажуваат не можат да функционираат поинаку. Власта спроведува опасна и брутална партизација на институциите, на безбедносните служби, агенциите, се инсталираат судии и обивнители, режимот дефинитивно се враќа.СДСМ ја повикува целата демократска јавност, сите прогресивни сили, заедно да се спротивставиме на масовната партизацијата и ударот врз демократијата во земјата.

Македонија | пред 1 година

grubi-5123

Џабе се препелкате, Груби го пуштивте да избега и за тоа сте сами вие одговорни, им велат СДСМ на ВМРО-ДПМНЕ

„Со потсмев ги следиме обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја префрлат вината за бегството на Груби врз СДСМ. Обидите да ја изманипулираат јавноста дека СДСМ знаел за криминалот на Груби, а не го процесирал, е само невешт спин да се отргне вниманието од клучниот проблем и прашање,а тоа е - зошто Тошковски дозволи Груби да избега?“, им велат СДСМ на ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:Артан Груби и сите за кои во моментот има постапки мора да одговараат пред законот. Но за жал, тоа очигледно нема да се случи откако мистериозно Груби исчезна. Го прашуваме ВМРО-ДПМНЕ, кој е политичкиот договор и цена за пуштањето на Груби?Зошто ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски молчат за тоа дека „случајно“ не работеле камерите, „случајно“ полицајците не знаеле кого треба да проверуваат, „случајно“ згрешил службеникот на границата инаку кадар на Тошковски.Границата со Косово се потврди дека откако е ВМРО-ДПМНЕ на власт е главен канал за бегање на криминалците. Прво избега Блерим Рамадани, па се шеташе Гаши со сватовите на свадба без проверка, сега се прошета и Груби. Можеби е време да ја отворат целосно за да не се трошат пари за одржување, па така и граѓаните ќе видат некаков ќар.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-08-at-09.56.05

Снег на повеќе места ќе врне и денеска, а во некои градови има и снежна покривка

Утрово на повеќе места во Македонија има снежна покривка, особено во повисоките населени места и секако на Скијачките центри и планините каде истата е значително зголемена. Во повеќето градови, особено во западните предели исто така има снежна покривка.Највисока снежна покривка од Скијачките центри има на Попоива Шапка, 58 сантиметри, 55 сантиметри има во Маврово, 15 сантиметри во Тетово и во Крушево, и 10 сантиметри во Гостивар. Најниска температура до 7 часот утрово од градовите е измерена во Тетово, и тоа -1 степен, а највисока во Гевгелија, и тоа 5 степени. Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Гевгелија, и тоа 26 литри на метар квадратен.На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени до 7 часот утринава по градови и места во Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР. Да напоменам дека температурите на Скијачките центри и на останатите планини насекаде се под нулата.Понатаму се очекува понатаможно заладување на времето, повремено со засилен северен ветер (повремено и локално со брзина од над 60 км/час), а ќе има и повремени врнежи претежно од снег, од локален карактер.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-24-at-09.34.05

Папата Франциско вечерва ја отвора Светата врата

Папата Франциско вечерва во базиликата Свети Петар ќе ја отвори Светата година на Католичката црква. На свечена церемонија на Бадник, 88-годишниот Папа ќе ја отвори Светата врата која вообичаено е заѕидана одвнатре и ќе помине низ неа.Католичката црква обично слави Света година, позната и како јубилејна година, на секои 25 години.Според католичкото верување, верниците можат да добијат простување на гревовите преку молитва и покајание за време на Светата година. Ова вклучува аџилак во Рим и поминување низ Светата врата. Католиците можат да добијат посебна благодат позната како пленарно уживање, која ги отстранува сите казни за гревот доколку се исполнети барањата.Во Рим се очекуваат повеќе од 30 милиони аџии и посетители, а според некои проценки дури 45 милиони.Папата Франциско ќе ја отслужи традиционалната божиќна миса. Се очекува папата да ги искористи службите за да зборува против војната и насилството и да се сеќава на страдањата на луѓето. Тој неодамна повика на Божиќно примирје додека траат војните на Блискиот Исток и Украина.Овогодинешните прослави во Витлеем, местото каде традиционално се раѓа Исус Христос, се очекува да бидат прилично ниски поради војната во Газа.Сепак, поворката од Ерусалим до Витлеем и полноќната миса во Витлеем ќе се одвиваат вообичаено.

Свет | пред 1 година

britanski-brod-crno-more

Руски товарен брод потона во Средоземното Море, двајца членови на екипажот исчезнаа

Рускиот товарен брод Урса мајор потона во Средоземното Море меѓу Шпанија и Алжир, а двајца членови на екипажот се водат за исчезнати, соопшти руското Министерство за надворешни работи.Бродот потона по експлозија во машинската соба, а 14 од 16-те членови на екипажот беа спасени и донесени во Шпанија, се вели во соопштението на Министерството.https://x.com/nexta_tv/status/1871440776133030228

Свет | пред 1 година

migranti_kola

Приведен криумчар, пронајдени 10 мигранти

На 24.12.2024 во 00.50 часот во близина на локален пат Гевгелија - с.Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Д.Г.(19) од с.Будинарци, беровско.Претходно, во близина на Граничен премин Богородица, полициски службеници забележале дека во возилото „алфа ромео“ со кочански регистарски ознаки, кое Д.Г. го управувал, влегуваат повеќе лица мигранти. Д.Г. го запрел возилото и се обидел да побегне, но набргу бил пронајден и лишен од слобода, а при преглед во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти, од кои осум од Република Турција и двајца од Ирак.По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава против Д.Г., а мигрантите се сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-27-at-10.56.59

ВЛЕН: Сме посветени да се погрижиме секое семејство да има полна трпеза за време на празниците

„Коалицијата ВЛЕН уште еднаш докажува дека е блиску до граѓаните за да им излезе во пресрет, покажувајќи посебна грижа за сите семејства, особено за албанските во овие празнични периоди“, вели ВЛЕН и додава:Преку “Новогодишната кошница“ нашите граѓани ќе имаат полни трпези за да ја дочекаат оваа година на промени на поинаков начин, уште повеќе и подобро. Оваа мерка, која беше воспоставена за време на Новата година, ќе важи и за месец Рамазан.Државниот пазарен инспекторат секојдневно е на терен каде трговците ги почитуваат владините мерки, а тоа резултира со тоа што граѓаните се задоволни од оваа мерка бидејќи полесно ги поднесуваат трошоците за крајот на годината.ВЛЕН се грижи цените на основните производи да бидат поевтини за време на крајот на годината, поставувајќи нови стандарди за грижа за граѓаните. Дека автоматски ги искоренуваме лошите методи што ги инсталираше ДУИ кога ги исмеваа граѓаните додека ги намалуваа цените на луксузните производи помагајќи им на нивните џебови, бидејќи обичните граѓани немаа контакт со оние производи чии цени ги спушти поранешната власт.ВЛЕН ќе продолжи да се залага за поевтини цени за нашите граѓани и во наредниот период. Се грижиме за благосостојбата и највисокиот стандард на граѓаните. ВЛЕН сега преминува во дела.За ВЛЕН приоритет се потребите на граѓаните.

Македонија | пред 1 година

grubi-41

Груби не правел ниту една работа без одобрение на Ахмети

„Груби е олицетворение на криминалот и корупцијата на ДУИ и нивниот партнер, СДС“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Самиот Груби, многу пати во јавноста има кажувано дека ниту една работа не ја прави без одобрение на неговиот лидер, Ахмети.Кога дојде момент за одговорност, Ахмети се откажа од својата десна рака Груби, но да потсетиме дека Артан Груби, не е било кој, туку поранешен прв вицепремиер во криминалната Влада на СДС и ДУИ.Ахмети и Груби, ја користеа моќта да глумат шерифи и да си ја водат државата како да е во нивна сопственост.Затоа и граѓаните ги казнија на изборите, а и по новите анкети се гледа дека уште долго ќе бидат во опозиција. Доаѓа време на правда и одговорност мора да има!

Македонија | пред 1 година

lift-mtv-1

(Фото) „Тепачка“ за лифт во МТВ

Во зградата на МТВ, врботените во државните институции чекаат лифт по 40 минути да стигнат до своите работни места. Најчесто работи само еден лифт или ниеден.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-12-23-at-17.28.33

Почина Февзи Арифи, возач во ЈСП кој имаше несреќа кај Мавровка и плачеше обвинувајќи дека возат расипани автобуси

Почина Февзи Арифи, возач во ЈСП, кој во јули со автобус удри во жардењера кај ТЦ „Мавровка“. Арифи остана запаметен во јавноста како возач кој излезе во јавноста по несреќата и кажа дека на терен возат неисправни автобуси.Негови колеги сведочат дека Арифи бил под стрес откако се случи несреќата, а ќе го паметат како прфесиоанлец. Дел од нив посочуваат: „обвинувањата дека тој е виновен за несреќата ги доживеал како траума“, за што сведочи и снимката со неговата изјава пред базата на ЈСП, кога раскажа што се случило во критичниот момент.Обвинителството издаде насоки да се направи вештачење, дали автобусот бил исправен. До овој момент, нема информации какви се резултатите.

Скопје | пред 1 година

IMG_4403

Утре ќе се спреми експертската екипа за Законот за јазиците

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски информира дека Судот во текот на утрешниот ден ќе има редовен работен состанок на која ќе се утврдат имињата на експертите за подготвителната седница околу Законот за употреба на јазиците. Побаран е претставник и од Венецијанската комисија.-Тие не зависат од мене, ниту од судијата известител. Очекувам дека утре ќе бидат утврдени спорните правните прашања и листата на учесници. Секој од судиите е слободен да дава идеи и предлози. Испратено е писмо и до Венецијанската писмо и имамте повратен одговор дека пријателскиот совет ќе биде усвоен на седницата на 14-ти и 15-ти март што значи дека подготвителната седница може да се очекува веќе наредните денови потоа, рече Костадиновски на прес-конференција.Според Костадиновски, на листата има повеќе од 20-тина имиња и тоа се експерти по уставно право, меѓународно право, човекови права, поранешни судии…

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-23-at-16.48.43

Мал авион се урна во Шкотска само неколку моменти по полетувањето од аеродром

Мал авион се урна во Шкотска само неколку моменти по полетувањето од аеродром.Инцидентот се случил на аеродромот Фајф нешто пред 12 часот. Авионот се урнал во ливада покрај аеродромот.На местото на настанот пристигнала полиција, како и екипи на итната помош.Службите за итни случаи се на аеродромот Фајф откако лесен авион се урна во 11.40 часот во понеделник на 23 декември 2024 година. Истрагата е во тек – соопшти полицијата.https://x.com/ebcnewss/status/1871188128280756356?ref_src=twsrc%5Etfw

Свет | пред 1 година

pandeleski

Панделевски: Обвинителката Лиле Стефанова со упад во судскиот процес се обидува да го продолжи процесот за третото непостоечко кривично дело

„Иако, „Јавното обвинителството“ пред шест месеци ги повлече двете дела против Цветан Панделевски во случајот „Империја“, обвинителката Лиле Стефанова со упад во судскиот процес се обидува да го продолжи процесот за третото непостоечко кривично дело измама кон Кираца Трајковска“ вели Цветан Панделевски, обвинет во Империја и додава:Сакаме да укажаме на македонската јавноста за неетичкото и непрофесионалното делување на обвинителката Стефанова која кон судот и кон Панделевски како неправедно осомничен се однесува според нејзините лични интимни желби и закажува рочишта, се повлекува од истите, дополнува обвинителни акти, спојува различни предмети се со едниствена цел да му се наштети на Панделевски без никави материјални докази.Од првиот момент на обвинението против Панделевски, сите аргументи кои одбраната ги изнесе во јавност во текот на рочиштата беа потврдени. Така што сакаме и денеска да потсетиме на сите судски процесни свесни грешки на Лиле Стефанова.1. Лиле Стефанова и ЈО според начелното правно мислење на Врховен суд од 30.01.2019 не се овластени тужители за преземање на јавно обвинителски работи во предистражни и истражни дејствија. Ова е потврдено и со решението на Врховен суд за укинување на мерката притвор против Панделевски од 04.03.2019 во кое е јасно кажано дека СЈО не е овластен тужител.2. Максималниот рок за истражна постапка за сложени дела од организран криминал може да се води 21 месец во кој рок ЈО е должно во согласно член 303 и 301 од ЗКП да ја запре истражната постапка доколку не поднесе обвинение. Стефанова обвинението го поднесува дури после 48 месеци или цели 4 години.3. По завршување на истражната постапка и истекот на роковите, Јавниот обвинител е должен во рок од 15 дена да поднесе обвинение или за кривични дела од организран криминал тој рок е 30 дена. Во случајот, Стефанова тоа го прави цели 8 месеци по запирање на истрага. Оваа повреда е веќе утврдена и со постоечка пракса на Врхoвниот суд со која се смета дека е веќе запрена постапката доколку не е испочитуван дадениот рок од 30 дена (одлука на Врховен суд, РСМ КВП 223/2006, од 14.02.2007).4. На рочиштето во јуни оваа година, Стефанова со најава дека ќе врши допрецизирање на обвинението всушност манипулативно во записникот се обидува да направи сосема нов обвинителен акт додавајќи нови дејствија на штета на Панделевски со вметнување на 14 лица акционери на Фершпед кои воопшто не се опфатени со обвинителниот акт кој веќе е на сила и по кој веќе постапува судот.Стефанова свесно знаејќи дека не постои кривично дело Измама на Кираца Трајковска од страна на Цветан Панделевски, прави обид да вметне како потеницијално оштетени нови 14 лица поранешни акционери на Фершпед. Мотивите на обвинителката Стефанова, која наместо обвинител настапува како личен адвокат на Кираца Трајковска се дотолку нејасни имајќи во предвид дека овие 14 лица веќе воделе обвинителен предмет против Кираца Трајковска во кој токму нејзе ја товарат како обвинета.Како и зошто за обвинителката Стефанова, Кираца наместо обвинета станува измамена веројатно одговор треба да даде некоја идна истрага!Лиле Стефанова и покрај тоа што ги менува обвинителствата и тоа од СЈО, па ОЈО Радовиш, во ОЈО ГОК, па сега во ЈО РСМ; постојано и во континуитет прави притисок врз Цветан Панделевски за време на целото траење на постапката со закани кон семејството и кон него тој лично да признае вина со цел да му се наштети со измислено кривично делo, притисок кој може да се толкува и како неуспешен „обид за рекет“ кон него.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Внимание: Се очекуваат обилни врнежи, кој полека речиси насекаде ќе преминат во снег

Под влијание на длабок циклонски систем со центар над Северен Јадран и потоа над Средозејмето, поврзан со значително ладен воздух од север, во текот на оваа работна недела ќе имаме повремени врнежи, претежно од снег, но на почетокот во некои од пониските места ќе има врнежи од дожд, кој полека ќе преминуваат во снег.Од оваа ноќ, па во деновите потоа ќе дува повремено засилен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).На повеќе пониски места до крајот на оваа работна недела ќе се формира сннежна покривка од 5 до 10 сантиметри, а во западните и во источните предели понекаде до околу или над 20 сантиметри. На планинските места како и на Скијачките центри снежната покривкаvзначително ќе се зголеми и вкупо со новиот снег во следните денови таа ќе изнесува над половина метар, на повисоките надморски височини и до околу еден метар.Во Скопскиот регион со овој ладен и влажен бран од север ќе има повремени врнежи кој во следните денови ќе бидат од дожд и снег или повремено ќе преминуваат само во снег. Во делови од котлината, особено во повисоките предели од истата ќе се формира и помала снежна покривка, а поголема снежна покривка ќе има на околните планини. И во Скопје од оваа ноќ, па во следните денови повремено ќе дува засилен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 60 км/час).Што се однесува до температурите, пред нас е значително постуден период со зимски температури, и тоа како што доликува за крајот на Декември месец. Наутро тие на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, а и преку ден тие ќе се искачуваат за некој степен над нулата, а понекаде тие ќе останат и до околу, па и под нулата, особено на повисоките населени места и на планините, и секако на Скијачките центри.Се предупредуваат возачите, и тоа доколку се движат низ планинските превои, да бидат крајно внимателни и тоа поради очекуваните обилни снежни врнежи и значителната снежна покривка, но и поради појавата на голомразица. Исто така Скијачитеда бидат крајно внимателни и да не се оддалечуваат на поголеми надморски височини и тоа поради намалената видливост која се очекува.Поради повремено засилениот ветер од северен правец кој се очекува во следниот период, се очекува и појава на снежни наноси, особено на повисоките места, планините и Скијачките центри.

Македонија | пред 1 година

filipovic

Одново се суди усмртувањето на пешакот кај МНТ: Возачот со нов адвокат, судот треба да има супервештачење

Владимир Туфегџиќ е адвокатот кој сега ќе ја брани Гордана Филиповиќ, возачот кој со „БМВ Х5“ удри во пешакот Слободан Анѓеловски. Тој почина на лице место. Случајот се суди одново поради промена на судечкиот совет. Нов судија Лидија Петровска. Судењето се одложи бидејќи обвинителката имала притворски предмет.Несреќата се случи во 2022 година, беше донесена пресуда за таа да оди три години во затвор. Сепак, пресудата е укината од Апелација со напатствија да се направи супервештачење за причините за смртта, како и зошто пешакот паднал по загуба на рамнотежа.Според второстепените судии, неопходно е супервештачењето, бидејќи во претходните имало контрадикторности. Пред Туфегџиќ, нејзин адвокат беше Љубомир Михајловски-Џанго.Несреќата се случи на преминот пред мостот Гоце Делчев, а Филиповиќ не застанала на преминот по кој се движел Анѓеловски. Гордана Филиповиќ е мајка на Јелена која претходно настрада во сообраќајна несреќа на 17-годишна возраст во возило управувано од пијан и дрогиран возач.

Македонија | пред 1 година

mihajlovo

(Видео) Македонија добива нов скијачки центар

По интензивните врнежи од снег во Михајлово, се одбројуваат деновите за отворање на скијачкиот центар, напиша градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, на својот профил на „Фејсбук“.Тој додаде дека во моментот се работи на подготовки за ски-патеката со сите придружни елементи за сите возрасти.„Скијачкиот центар ‘Михајлово’ за сите љубители на зимските спортови“, стои во неговата објава.Во коментарите под видеото од ратракот граѓаните бараат доживотен мандат за Јанчев.

Македонија | пред 1 година

471147990_9255816401095492_2044917238639739430_n

(Видео) Курто Дудуш прави дочек на Нова година: Данела има недостаток на идеја!

Градоначалникот на Шуто Оризари ги повика скопјани на 31 декемри да дојдат на плоштадот во општината, најавувајќи богата музичка програма.„Покрај недостатокот на елементарна способност за обезбедување на основни јавни услуги, Данела има недостаток на идеја, волја и желба да се усреќат сограѓаните барем за нивогодишните празници, оставајќи ја најубавата јавна површина во градот штура, нема и без програма. Затоа, ги поканувам сите граѓани на градот Скопје на 31ви декември да ни бидат гости на плоштадот во општина Шуто Оризари, каде што ќе можат ја доживеат новогодишната атмосфера во полн ек.Богата денска и вечерна програма, за сите генерациии, со почеток од 12:00 часот со програма за нашите најмали па продолжување на забавата се до утринските часови со богатата Ромска музика и песна“, порача Дудуш.

Скопје | пред 1 година

voda-2

Потврдена безбедноста на водата за пиење во Скопје

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) денес спроведоа вонреден надзор во скопското јавно комунално претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ по викендов спроведените активности за санација, реконструкција и модернизација на градската водоводна мрежа и извршените испитувања на безбедноста на водата за пиење.Со контролата утврдено е дека ЈП претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ извршило хлорирање на водата во водоводната мрежа, земени се и мостри за анализи вршење на проширена хемиска и микробиолошка анализа, чии резултати денес уште еднаш ја потврдија безбедноста на водата по спроведената пи си ар метода за испитување на безбедноста на водата од девет најниски критични точки, за што биле добиени негативни резултати.Хиперхлорирање, утврдено е со контролата на АХВ во јавното претпријатие, не е направено поради извршената проценка на стручниот тим и типот на санација на дефектот кој се вршел во шахти, надвор од водоводна мрежа.

Македонија | пред 1 година

policija-1313

Кривична пријава за учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР поднесе кривична пријава против Љ.Б.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“.Во периодот од септември 2023 година, пријавениот заедно со сега починатиот Т.Ш., преку апликацијата „Телеграм“ аплицирале на отворен конкурс за учество во руска војска за месечен надомест од 3.000 евра. По обезбедување на виза за патување, двајцата заминале за Русија, каде на 23.09.2024 потпишале договор со Министерството за внатрешни работи на Доњецка Народна Република за служење во нивните воени, паравоени и параполициски единици, а со тоа учествувале во воениот конфликт помеѓу Руската Федерација и Украина.На 09.12.2024 бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени компјутер, мобилни телефони, тактичка облека, документи на руски јазик на негово име и други предмети. Од судија на претходна постапка, на пријавениот му е одредена мерка домашен притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 1 година

13082022_mf_me_dtirz_ego_8-1024x683-1

Можност за изнајмување електрични автомобили во Скопје

Од март наредната година ќе почне да се применува услугата за споделување електрични возила откако денеска беше потпишано писмо за намери за поддршка на проектот на словенечката приватна компанија „Авант кар“. Писмото за поддршка го потпишаа првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.За користење на услугата ќе биде потребно инсталирање мобилна апликација преку која ќе се наоѓа достапно возило. За изнајмување на електрично возило ќе се плаќа по минута и изминат километар, а плаќањето ќе биде дигитализирано или преку платежна картичка.Тест-фазата од проектот ќе почне во февруари следната година кога ќе се знае и колку ќе чини изнајмувањето.Според сопственикот на „Авант кар“, Матеј Чер, изнајмувањето е поевтино од користењето такси-услуга и во просек ќе биде од три до шест евра, а од центарот на градот до скопскиот аеродром ќе чини од 10 до 15 евра.Гази Баба, Аеродром и Чаир ќе бидат пилот-општини каде што ќе биде поставена инфраструктура за полнење на електричните возила, а полначите ќе се напојуваат исклучиво со електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија.

Скопје | пред 1 година

preseka

Забрана за движење на товарни возила на неколку правци

Поради врнежи од снег и намалена видливост, одлучено е да се воведе забрана за товарни возила на неколку патни правци.„Од 11:55 часот воведена е забрана за движење на товарни моторни возила на патниот правец Дебар – Маврово, велат од АМСМ. Од 12:15 часот воведена е забрана за движење на товарни моторни возила на патните праци Охрид – Кичево (Пресека) и Кичево – Гостивар“, велат од АМСМ.Од АМСАМ додаваад дека поради врнежи од снег на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато, се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.Оваа мерка се донесува со цел да се обезбеди безбедноста на сите учесници во сообраќајот, бидејќи снежните услови ги прават патот и преминот опасни за товарни возила.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања