Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

(Видео) Нетанјаху со навредливи коментари за еден од најголемите сојузници на Израел

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предизвика реакции со низа остри и саркастични коментари за Обединетото Кралство, дадени за време на телевизиско интервју.Зборувајќи за демографските и политичките промени во Европа, Нетанјаху директно го спомна Лондон, тврдејќи дека Британија би можела да се нарече „Исламска Република Британија“.„Некој рекол дека првата исламска република со нуклеарно оружје ќе биде Исламска Република Британија“, додал израелскиот премиер.Нетанјаху потоа ја поврзал оваа за

Свет | пред 2 месеци

media-libraryf133ofh79mc4d49kAbq

Никој од 13-те повикани во станица не знаел од каде е информацијата за наводно загадената вода во Скопје

МВР досега повикало 13 лица на информативен разговор поради ширење лажни информации на социјалните мрежи дека водата за пиење во Скопје е загадена.Од Министерството информираат дека со сите лица бил извршен службен разговор, а тие се изјасниле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична објава на социјалните мрежи или слушнале од друго лице.Ниту едно од повиканите лица, според МВР, не посочило конкретен, потврден или веродостоен извор кој би ги поткрепил тврдењата

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryc4mkpcsuh8pr0ErJgZD

Загрижувачки раст на Западнонилската треска: Во Македонија регистрирани 26 случаи

Загрижувачки раст на случаите на Западнонилска треска е регистриран во Македонија од почетокот на годинава, при што најголемиот број заболени се во Скопскиот Регион. До 11 август се евидентирани 26 потврдени и веројатни случаи, а кај еден пациент болеста завршила со смртен исход.Според податоците наведени во извештајот на Институтот за јавно здравје, 25 случаи се регистрирани во Скопскиот Регион, а еден во Велес. Поради зголемениот број заболени, прогласена е епидемија во општините Кисела Вода,

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Обид за грабеж во обложувалница во Ченто: Вработен избоден и пренесен во Ургентен

Вработен во обложувалница во Ченто вечерва бил избоден со нож при обид за грабеж, дознава „Скопје1“.Според првичните информации, нападот се случил во објект во Ченто, а повредениот вработен по инцидентот бил преземен од екипа на Итната медицинска помош и пренесен во Ургентниот центар.На местото има засилено полициско присуство, а се преземаат мерки за обезбедување на просторот и расчистување на случајот.Засега нема официјални информации за тежината на повредите на вработениот, ниту дали напаѓачо

Скопје | пред 2 месеци

plaza-grcija

Ако утре патувате на Халкидики, внимавајте: Воведени се нови ограничувања поради пожарите

Ако утре патувате на Халкидики, треба да знаете дека грчките власти воведуваат нови ограничувања поради зголемениот ризик од шумски пожари.Мерките следуваат по големиот пожар што денеска избувна во Сивири, поради кој беа евакуирани жители и туристи. Од петок, 14 август, привремена забрана за движење на пешаци и возила ќе важи во одредени шумски подрачја во делови од Касандра и Ситонија, во периодот од 8 до 20 часот.Во Аристотелис, каде што опасноста од пожари е оценета како многу висока, огранич

Балкан | пред 2 месеци

media-library89041q4158rt0TdjUwt

(Видео) Експлозија во фабрика за муниција во Италија: Над објектот се издигнал густ чад

Силна експлозија одекна во фабрика за муниција во близина на италијанскиот град Колеферо, југоисточно од Рим, а според локалните медиуми, детонацијата се слушнала и на неколку километри оддалеченост.На местото на несреќата веднаш пристигнале пожарникари и полиција по избувнувањето на пожарот во индустрискиот комплекс. Надлежните служби започнале проверки за да утврдат дали има повредени или загинати.Експлозијата се случила во поранешната фабрика „Симел Дифенса“, со која денес управува компанијат

Свет | пред 2 месеци

media-librarycop8dant9rt9e0DRFJ2

Нови детали за тајната операција на САД: Откриено кој бил со Трамп додека тајно го менувал авионот

Нови детали се појавуваат за тајната операција со која американскиот претседател Доналд Трамп наводно бил префрлен во воен авион по напуштањето на самитот на НАТО во Турција, поради проценета закана од можен атентат.Целата операција, според информациите објавени во медиумите, била изведена за околу 60 секунди, додека новинарите и поголемиот дел од персоналот што го придружувал претседателот не биле свесни што се случува.Според „Вашингтон пост“, Трамп минатиот месец тајно ја напуштил Турција со в

Свет | пред 2 месеци

media-libraryr8u66i5buqv49pwvRPD

Украина преку посредник ѝ предложи на Русија да престанат нападите врз цивилни цели во Црното Море

Украина преку посредник ѝ испратила на Русија предлог двете страни да престанат со нападите врз цивилни цели во Црното Море, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на извор запознаен со ситуацијата.Според изворот, Украина засега не добила одговор од Москва на понудата.Предлогот доаѓа во период на зголемена загриженост поради нападите врз пратките со жито и инфраструктурата во Црното Море. Во последните недели и двете страни предупредија дека ваквите напади би можеле сериозно да влијаат врз глобалните

Свет | пред 2 месеци

media-libraryh2aohabuoto18k0oXtb

Зголемени нападите врз Украина: Во јули загинаа 437 цивили, над 2.600 се ранети

Бројот на цивилни жртви во Украина во јули достигнал највисоко ниво од мај 2022 година, покажува најновиот извештај на Обединетите нации за човековите права во Украина.Во текот на минатиот месец биле убиени најмалку 437 цивили, додека 2.610 лица биле ранети. Тоа е зголемување на бројот на жртвите за 30 отсто во однос на јуни и за 70 отсто во споредба со јули минатата година.„Бројот на загинатите достигна највисоко ниво регистрирано од мај 2022 година“, посочуваат од Набљудувачката мисија на Обед

Свет | пред 2 месеци

media-libraryj9pq4mrlsli49RQmIxf

Голем пожар на Халкидики: Евакуација во познатото летувалиште Сивири, во гаснењето се вклучени 9 авиони и 7 хеликоптери

Голем шумски пожар избувна во популарното туристичко место Сивири на Халкидики, поради што властите наредија евакуација на жителите и туристите од подрачјето. Пламените јазици брзо се шират, а на терен се ангажирани големи пожарникарски и воздухопловни сили.Во гаснењето учествуваат 122 пожарникари, меѓу кои три специјализирани тимови за шумски пожари, со 41 противпожарно возило. Од воздух интервенираат девет авиони и седум хеликоптери, од кои еден е ангажиран за координација на операцијата. Во а

Балкан | пред 2 месеци

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иран тврди: Убиени двајца агенти поврзани со САД и Израел, уапсени уште четворица

Иранските власти соопштија дека двајца агенти, за кои тврдат дека биле поврзани со американските и израелските разузнавачки служби, биле убиени во судир со иранските безбедносни сили на југоистокот на земјата.Според иранското Министерство за разузнавачки работи, двајцата биле убиени за време на престрелка со припадници на безбедносните сили. Во истиот случај биле уапсени уште четири лица, кои, според иранските власти, се обиделе да влезат во земјата со цел да спроведат планови за дестабилизација

Свет | пред 2 месеци

media-libraryasilo2qh2orf56N3gdS

Рама за ставот на Украина: „Албанија е доволно зрела да го прифати тоа“

Изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Украина нема да ја признае независноста на Косово предизвика реакции во регионот, а во дебатата се вклучи и албанскиот премиер Еди Рама.Зеленски минатата недела престојуваше во Белград, каде што за првпат се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ. По средбата, тој порача дека ставот на Украина кон Косово не е променет и дека Киев нема да ја признае неговата независност.По оваа изјава, од Косово следуваше реакција. Од главната с

Свет | пред 2 месеци

media-libraryfr7h64ac7ci75JEPiMq

Филипче за 25 години од Охридскиот договор: Соживот, а не поделби и омраза

По повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека договорот претставува темел на мирот, соживотот и демократската иднина на Македонија.Филипче посочи дека државата е заеднички дом на сите граѓани и дека различностите треба да претставуваат сила на општеството, а не причина за политички поделби.„Охридскиот рамковен договор е потсетник дека мирот, дијалогот и компромисот се секогаш посилни од конфликтот, поделбите и омразата“

Македонија | пред 2 месеци

zagadeno-skopje-5

(Фото) Скопје повторно високо на листата на најзагадени европски градови

Скопје повторно се најде меѓу европските градови со највисок индекс на загадување, според податоците на „Нумбео“ за 2026 година. Главниот град има индекс од 82,96, со што е рангиран на петтото место на листата.Пред Скопје се Тетово со индекс од 95,56, Тирана со 86,98, Чељабинск со 85,14 и Краснојарск со 83,81. По Скопје следуваат Днипро, Неапол, Бреша и Букурешт.Сепак, индексот на „Нумбео“ не претставува директно мерење на концентрацијата на конкретен загадувач во воздухот. Тој опфаќа перцепции

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryc4mkpcsuh8pr0ErJgZD

Западнонилската треска се шири: Жртви во Македонија, Италија и Грција

Во Италија од почетокот на годината до 12 август се регистрирани 226 случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, од кои седум завршиле со смртен исход, објави италијанскиот Национален институт за здравство.Вирусот е регистриран во 55 региони, а најголем број случаи има во Венето, Пиемонт, Лацио и Ломбардија, како и во градовите Падова, Милано, Рим и Кремона.Од вкупниот број заразени, 102 случаи се манифестирале во невроинвазивна форма, додека кај 38 дарители на крв вирусот бил откриен без присус

Свет | пред 2 месеци

artan-grubi

На 24 август започнува судењето за Груби и уште седум лица за случајот „Лотарија“

Откако од Обвинителството информираа дека е поднесено обвинение за случајот „Лотарија“, во кој меѓу обвинетите е и поранешниот вицепремиер Артан Груби, од Кривичниот суд соопштија дека судењето ќе започне на 24 август во 10 часот.Основното јавно обвинителство Скопје поднело обвинение против Груби и други лица, на кои им се става на товар кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик.Предметот преку автоматска распределба е доделен на судијката Би

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

Струмичката петорка останува дел од македонското колективно паметење, порача Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, 13 август, оддаде почит на Струмичката петорка, потсетувајќи на Мирко Пецев, Ѓорги Јармов, Ѓорги Костуранов, Борис Белев и Стево Топчев.Во објавата на социјалните мрежи, Мицкоски ги опиша како пет млади животи и струмички студенти кои останале запишани во македонската историја како симбол на генерација која сонувала за слобода, достоинство и подобра иднина за својот народ.„Нивната трагична судбина е дел од болните страници на нашата историја“, наведува Мицко

Македонија | пред 2 месеци

media-librarys8fh406a4v2q8lSwi1x

(Фото) Риба со огромни „крилја“ го привлече вниманието на туристите во Грција

Несекојдневна глетка го изненадила српски турист додека нуркал во близина на Никити, во Грција. Тој во морето забележал необична риба со големи градни перки кои, кога ги раширува, изгледаат како крилја.Туристот раскажал дека нуркал со детска маска кога го забележал морското животно на дното. Толку бил изненаден од глетката што веднаш ја повикал сопругата за да ѝ покаже што видел. Наместо воодушевување, таа, според неговото раскажување, се исплашила и се оддалечила.„Неверојатно и прекрасно е кога

Балкан | пред 2 месеци

Screenshot-2024-03-05-at-17.29.50

Над 750.000 профили избришани од Инстаграм и Фејсбук поради забраната за лица под 16 години во Австралија

Мета отстранила повеќе од 750.000 профили на Инстаграм и Фејсбук во Австралија поради сомнение дека зад нив стојат корисници помлади од 16 години.Компанијата соопшти дека во периодот од декември до јуни деактивирала околу 462.000 профили на Инстаграм и 294.000 на Фејсбук. Мерките се преземени пред и по воведувањето на австралиската забрана за користење на социјалните мрежи од лица под 16 години.Само во јануари Мета објави дека претходно отстранила 331.000 профили на Инстаграм и 173.000 профили н

Свет | пред 2 месеци

50-evra

Готовината и натаму е најприфатен начин на плаќање во еврозоната, и покрај растот на дигиталните плаќања

И покрај забрзаниот развој на мобилните и дигиталните начини на плаќање, готовината и натаму е најшироко прифатена форма на плаќање на физичките продажни места во еврозоната, покажува истражување на Европската централна банка.Според податоците, готовина прифаќаат 92 отсто од компаниите што продаваат стоки и услуги на физички локации, што е зголемување од 90 отсто во 2024 година. Од ЕЦБ оценуваат дека со тоа е прекинат трендот на намалување на прифаќањето готовина што беше забележан за време и по

Свет | пред 2 месеци

toplo-vreme-768x556

Застрашувачки податоци од Германија: Околу 12.500 луѓе починале поради високите температури

Овогодишните високи температури во Германија се поврзуваат со околу 12.500 смртни случаи во периодот од 6 април до 2 август, покажуваат најновите проценки на Институтот „Роберт Кох“.Од вкупниот проценет број, околу 9.600 смртни случаи биле регистрирани само во периодот од 22 до 28 јуни, кога на одделни места температурите надминале 41 степен Целзиусов.Според Институтот „Роберт Кох“, 2026 година досега е рекордна според бројот на смртни случаи поврзани со високите температури. Претходниот рекорд

Свет | пред 2 месеци

media-libraryal8cp76ncnqocgeAlMD

„35 години била жртва на насилство, заслужува староста да ја помине на слобода“, Сиљановска-Давкова го образложи помилувањето на Шефије Јакупи

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека одлуката да ја помилува 71-годишната Шефије Јакупи од кичевското село Зајас била донесена поради долгогодишното семејно насилство на кое, според неа, жената била изложена.Јакупи поминала 17 и пол години во затвор поради убиството на својот сопруг. Сиљановска-Давкова посочи дека повеќепати ги разгледала околностите на случајот и дека, иако станува збор за сурово убиство, не може да се занемари фактот дека Јакупи повеќе од 35 години трпела конти

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryv6ei2si0hg9n1VlSshW

Пресметка во Зелениково: напади со остар и стаклен предмет, оштететување возило и прегазување со автомобил, тројца приведени

Тројца жители на Зелениково се лишени од слобода по пријави за меѓусебни закани, оштетување на возило и физички напад.Според МВР, на 11 август околу 21 часот А.Н. пријавил дека В.Д. и А.Д. во Зелениково му се заканувале со остар предмет, а потоа му го оштетиле возилото, при што тој се здобил со повреди.Неколку часа подоцна, околу 23 часот, В.Д. пријавил дека А.Н. му се заканувал со стаклен предмет, а потоа со патничко возило му ги прегазил стапалата.Полициски службеници од СВР Скопје на 12 авгус

Македонија | пред 2 месеци

seca-drva-3

Сечел дрва на Кожуф, едно паднало врз него и починал на лице место

62-годишен кавадарчанец починал додека сечел дрва на планината Кожуф, откако едно од дрвјата паднало врз него.Несреќата била пријавена на 12 август во 10:47 часот во СВР Струмица од Шумско стопанство Гевгелија. Според пријавеното, Д.Т. бил ангажиран на сеча на дрва кога едно од нив паднало врз него, при што се здобил со смртоносни повреди.Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryup6bq39tpp3rbxCPnCm

Татко го нападнал 15-годишниот син

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 49-годишен жител на Гостиварско поради сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.Според МВР, С.О. на 24 јули 2026 година, во семејниот дом, физички го нападнал својот 15-годишен син.По целосното документирање на случајот, против пријавениот ќе следува соодветна постапка.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања