Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-library55nfst87n4biahPWJuQ

Вчера најтежок ден во сезоната на пожари, огнот во Лознани стигнал на 50 метри од куќите, едно лице повредено

Вчера бил еден од најтешките денови во овогодишната сезона на пожари, особено поради опасноста што ја претставувале огновите за населените места, оцени директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.Во текот на денот биле регистрирани над 40 пожари на отворен простор, од кои шест и натаму се активни. Според Ангелов, тие во моментов не претставуваат директна опасност за населени места, но постои ризик да навлезат во квалитетна шума.Особено тешка била ситуацијата во селото Бого

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

„Филипче од Егејот каде се луксузира на јахтата на својот ментор Заев координира напади и шири дезинформации за водата во Скопје“, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, од одмор во Грција координирал партиски активности поврзани со ширење, како што тврдат од партијата, лажни информации за квалитетот на водата во Скопје.Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Филипче преку партиски членови давал инструкции за ширење дезинформации на социјалните мрежи со цел да се создадат паника и вознемиреност кај граѓаните.„Филипче од луксузната јахта на својот ментор Заев координира напади и дава инструкции на партиски

Македонија | пред 2 месеци

plata-evra

Еврото благо зајакна во однос на доларот

Главните валутни парови утрово бележат минимални промени, при што еврото оствари благо зајакнување во однос на американскиот долар.Еврото се тргуваше по 1,1534 долари, што претставува раст од 0,08 отсто. Во текот на тргувањето, курсот се движеше во распон од 1,1511 до 1,1536 долари.Американскиот долар благо ослабе во однос на јапонскиот јен, достигнувајќи 159,35 јени, со пад од 0,04 отсто. Еврото, пак, минимално зајакна во однос на јенот и достигна 183,80 јени, со раст од 0,02 отсто.Британската

Свет | пред 2 месеци

media-library5p2ak0gvmkl052dHZBd

Голем пожар во Германија: Евакуирани 1.800 луѓе, огнот се приближува до населено место

Околу 1.800 жители биле евакуирани во петокот рано наутро во западна Германија, откако шумски пожар се проширил кон населено место во близина на границата со Белгија.Општинските власти околу 4 часот наутро им наредиле на жителите на селото Геј веднаш да ги напуштат домовите. Тие биле упатени во прифатен центар организиран во основно училиште во блиското место Штрас.На жителите им било препорачано со себе да ги земат само најнеопходните работи, личните документи и потребните лекови.Пожарот зафати

Свет | пред 2 месеци

media-libraryn4v4amutq8fif3sFsuo

„Мицкоски се враќа од екскурзија - дали ќе го пречекаат со ново знаме или е тоа само уметничка инсталација?“, вели СДСМ

СДСМ преку соопштение упати остри критики кон премиерот Христијан Мицкоски по неговото враќање од Брисел, обвинувајќи го дека наместо со решенија за домашните проблеми, се занимава со, како што велат, политички пораки и меѓународни настапи.Од партијата иронично прашуваат дали Мицкоски по враќањето ќе биде пречекан со „ново знаме“, алудирајќи на неговите ставови за уставното име и меѓународните прашања.„Денеска се враќа Христијан Мицкоски од бриселската екскурзија. Прашањето е само едно: дали ќе

Македонија | пред 2 месеци

1120507507

40 пожари на отворено во изминатото деноноќие, шест сè уште активни

Вкупно 40 пожари на отворен простор се регистрирани на територијата на државата до 07:30 часот денеска, 14 август, соопшти Центарот за управување со кризи.Од нив, шест пожари се активни, три се под контрола, додека 31 пожар е целосно изгаснат.Активни пожари има во шест општини. Во Студеничани огнот е над селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде што е зафатена мешана шума. Во Македонски Брод пожарот е во месноста Видуш, кај Драгов Дол, каде што гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грму

Македонија | пред 2 месеци

dui

ДУИ: Од 549 нови полицајци, помалку од 40 Албанци; од 30 наградени, само еден Албанец

ДУИ преку соопштение обвини дека има намалување на застапеноста на Албанците во Министерството за внатрешни работи, повикувајќи се на податоци за новопримените и наградените полициски службеници.Според партијата, од вкупно 549 новопримени полицајци, помалку од 40 се Албанци, што претставува околу седум отсто од вкупниот број.Од ДУИ посочуваат дека сличен дисбаланс имало и при одбележувањето на Денот на полицијата. Од 30 полициски службеници кои биле избрани и наградени како најдобри, само еден б

Македонија | пред 2 месеци

media-library8scunvq7v8hp3dzU4QV

(Видео) Рекордни дождови ја парализираа Јапонија: Четири лица загинаа, 7.000 патници заглавени на аеродром

Рекордни врнежи ја зафатија Јапонија, предизвикувајќи поплави, прекини во сообраќајот и сериозни проблеми со електроснабдувањето. Најмалку четири лица го загубија животот, а едно лице се води како исчезнато.Во делови од префектурата Чиба, која се наоѓа во близина на Токио, за само 24 часа наврнале повеќе од 360 милиметри дожд. Водата поплавила патишта и железнички линии во период кога земјата е во еден од најфреквентните празнични периоди.Меѓу загинатите е и лице кое останало заробено во поплаве

Свет | пред 2 месеци

media-libraryd7f52r3d33chbTiVT7m

Огнен пекол кај Омиш во Хрватска: Пожарот стигна до куќите, 19 повредени и стотици евакуирани

Голем шумски пожар што избувна кај Локва Рогозница во Хрватска за само неколку часа се прошири кон Омиш и предизвика тешка состојба на терен. Огнот стигнал до куќите, а стотици луѓе биле евакуирани, додека повеќе лица се повредени.Според хрватските медиуми, околу 200 лица во текот на ноќта биле евакуирани, дел со автобуси кон Сплит, а дел со чамци. Евакуираните биле згрижени во спортската сала „Рибњак“ во Омиш и во салата „Грипе“ во Сплит. Дел од туристите морале да ги напуштат сместувањата без

Балкан | пред 2 месеци

media-libraryuei59hohkp87d8j1LYr

Тим од 20 доброволни пожарникари од Битола се вклучи во заштитата на Лознани од пожарот, продолжува догаснувањето

Дваесет доброволни пожарникари од Битола биле активирани како поддршка во справувањето со пожарот во селото Лознани, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.Тој информираше дека попладнето бил активиран Тимот за брз одговор на ДЗС од Битола, составен од 20 доброволни пожарникари, со задача да им помогне на битолските пожарникари во заштитата на селото.„Тимот помогна во одбраната на селото и сè уште работи на догаснувањето на остатоците од пожарот“, соопшти Анге

Македонија | пред 2 месеци

struja-1

ЕВН најави прекини на струја денеска: Проверете дали сте на списокот

Поради планирани технички интервенции на електродистрибутивната мрежа, дел од корисниците во Скопско денеска, 14 август, ќе останат без електрична енергија во определени периоди.Според известувањето од ЕВН Македонија, прекините се планирани на следните локации:Од 06:00 до 13:00 часот – корисниците во село Мралино, бензинската пумпа „Дади компани“ во Мралино и делови од населбата Дрма, општина Илинден.Од 09:00 до 14:00 часот – дел од село Нова Брезница, општина Сопиште.Од 09:00 до 14:00 часот – у

Скопје | пред 2 месеци

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Денес променливо облачно, попладне пороен дожд и грмежи, можно и невреме

Денес времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, а на места се очекуваат услови за краткотрајно невреме со силен ветер и појава на град.Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер.

Македонија | пред 2 месеци

media-library8vh5gatkqrr64U8rc1o

Пожарот на Халкидики ставен под контрола: 481 лице спасено од плажата во Сивири

Големиот шумски пожар што го зафати подрачјето на Сивири, на првиот крак на Халкидики, е ставен под контрола по тешката интервенција на противпожарните и спасувачките служби. Пожарот предизвика масовна евакуација на жители и туристи, а стотици луѓе беа спасувани директно од плажите со бродови и други пловила.Во големата поморска спасувачка операција од плажата во Сивири биле евакуирани вкупно 481 лица. Во акцијата учествувале два брода на крајбрежната стража, два брода на противпожарната служба,

Балкан | пред 2 месеци

20220920202159

„Тинекс“ се продава на косовска компанија: По месеците гласини за долгови и проблеми, ланецот маркети пред нови сопственици

„Тинекс“ оди во рацете на косовска компанија. Проекс Интернационал Л.Л.Ц. од Приштина има намера да стекне контрола врз малопродажниот бизнис на „Тинекс“, покажува официјалното известување доставено до Комисијата за заштита на конкуренцијата.Известувањето за концентрација било доставено до Комисијата на 10 август, а во него е наведено дека Проекс Интернационал, со седиште во Приштина, има намера да стекне контрола над новоформираното друштво „Тинекс Маркет“ ДООЕЛ Скопје.Зад трансакцијата стои пи

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryvjn5rodn6onda5t223S

(Видео) Избувна пожар во близина на манастирот „Свети Василиј Острошки“ во Црна Гора

Пожар избувнал вечерва во близина на женскиот манастир посветен на Свети Василиј Острошки во Улцињ, според објава на Фејсбук на Илија Р. Вујовиќ.Во објавата се наведува дека пламените се наоѓале на неколку десетици метри од манастирот, додека монахињите на глас се молеле додека пожарот се ширел во близина.„Бог нека ни е на помош!“, напишал Вујовиќ во објавата.Засега нема дополнителни информации за евентуална штета на манастирот или за состојбата со пожарот.

Балкан | пред 2 месеци

media-library0e7tqbm5lifk6O3KqQX

ФИФА во нови проблеми: Ирската федерација ја повлече поддршката за Инфантино

Фудбалската асоцијација на Ирска (FAI) ја повлече поддршката за Џани Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА, откако нејзиниот управен одбор оцени дека последните случувања отвораат сериозни прашања околу управувањето и транспарентноста.FAI го повлече писмото за поддршка испратено на почетокот на годинава, и за одлуката веќе ја информирала ФИФА. Ирската федерација соопшти дека, иако ја цени поддршката што ФИФА му ја дава на ирскиот фудбал, неодамнешните настани предизвикале загриженост поради не

Спорт | пред 2 месеци

media-library55nfst87n4biahPWJuQ

(Фото и видео) Голем пожар кај Лознани: Огнот се доближи до првите куќи, линијата е долга 8 километри

Пожарот кај битолското село Лознани претходно претставувал сериозна опасност за првите куќи во селото, но благодарение на брзата реакција на пожарникарите од Битола и на неколку локални жители била спречена поголема катастрофа, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.Сепак, опасноста сè уште не е мината. Ангелов посочи дека огнот продолжува да се спушта од другата страна на ридот, каде што е распоредена дополнителна екипа на битолските пожарникари.Постои опаснос

Македонија | пред 2 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-56-3270PM

Охридското Езеро 11 сантиметри над просечното августовско ниво

Охридското Езеро и натаму се одржува над просечното августовско ниво, покажуваат најновите податоци на Управата за хидрометеоролошки работи.Денеска нивото на езерото изнесува 693,57 метри надморска височина, што е 11 сантиметри над просекот за август, утврден на 693,46 метри.Во однос на дозволениот минимум од 693,10 метри, нивото е повисоко за 47 сантиметри.И температурата на водата е над просечната. Утринава во 7.30 часот биле измерени 26 степени Целзиусови, што е за 2,5 степени повеќе од просе

Охрид | пред 2 месеци

media-libraryohu5gvi0kmu6cG6nUYw

„Ме запреа кај Апелација и ми рекоа дека многу зборувам против Албанците“, Мухамеди објави дека добива закани поради своите ставови

Адвокатот Умејр Мухамеди тврди дека денеска околу пладне бил запрен и вербално нападнат од лице во автомобил додека се движел пеш по булеварот „Крсте Мисирков“, во близина на Апелациониот суд во Скопје.Според неговата објава, возило „Голф“ му свирнало, по што едно од лицата во автомобилот го отворило прозорецот и му дофрлило дека „многу зборува против Албанците на Фејсбук“, повикувајќи го да дојде до нив.Мухамеди вели дека ова не е првпат да добива навреди и закани поради своите јавно изнесени с

Коментари | пред 2 месеци

media-library6sl1be4rrj9dem12lPh

Tesla повлекува повеќе од 20.000 возила поради проблем со предните светла

Tesla повлече одредени примероци од Model 3 и Model Y во САД поради проблем со предните светла, чиј интензитет ги надминува дозволените граници. Пресилните кратки светла можат да ги заслепат возачите од спротивната насока и да ја намалат видливоста, со што се зголемува ризикот од сообраќајна незгода.Повлекувањето опфаќа 1.614 примероци на Model 3, произведени од јули 2017 до декември 2023 година, како и 18.735 возила Model Y, произведени од февруари 2020 до декември 2023 година.Проблемот е поврз

Магазин | пред 2 месеци

media-librarykhrafuu2jr7p18z0lDx

Лупевска Созен со последен поздрав до директорот на Алсат: „Болката е голема и непремостлива“

Новинарката и директорка на Телма, Снежана Лупевска Созен, со емотивна порака се прости од директорот на телевизија Алсат, Лирим Хајредини, истакнувајќи дека за неа тој не бил само колега, туку и искрен пријател.„Болката е голема и непремостлива. Лирим ми беше не само колега, како директор на Алсат, туку и искрен пријател. Конструктивен, смирен и секогаш со добар совет“, напиша Лупевска Созен.Таа посочи дека ќе ѝ недостига неговиот препознатлив начин на комуникација и поглед кон случувањата.„Ќе

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryj863qim01k3i5jVqpb0

Италијански бизнисмен признал дека поставил бомба пред домот на новинар „за негово добро“

Италијанскиот бизнисмен Валтер Лавитола признал дека го организирал бомбашкиот напад врз домот на познатиот истражувачки новинар Сигфридо Ранучи, но неговиот адвокат тврди дека целта не била да му наштети на новинарот, туку да му обезбеди посилна полициска заштита.Лавитола го дал признанието пред истражителите по апсењето на почетокот на неделата. Според неговиот адвокат Серџо Кола, бизнисменот го организирал нападот затоа што Ранучи бил под смртни закани од мафијата и сакал властите да ја зголе

Свет | пред 2 месеци

media-library385mvb3fgt0dakb6wxr

Повеќе од 30 активни пожари во Македонија: Огнот се приближува до куќите во Богомила

Повеќе од 30 активни пожари се регистрирани низ Македонија, при што особено тешка е состојбата во централниот дел од земјата. Едно од најпогодените подрачја е Општина Чашка, каде што голем пожар избувна во атарот на селото Богомила.Огнот зафатил големи површини со мешана шума и тешко пристапен терен, а на места пламените јазици се приближиле и до куќите. На терен се ангажирани локалните противпожарни екипи, вработени во јавните претпријатија и жители од околните места, кои се обидуваат да го спр

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

(Видео) Нетанјаху со навредливи коментари за еден од најголемите сојузници на Израел

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предизвика реакции со низа остри и саркастични коментари за Обединетото Кралство, дадени за време на телевизиско интервју.Зборувајќи за демографските и политичките промени во Европа, Нетанјаху директно го спомна Лондон, тврдејќи дека Британија би можела да се нарече „Исламска Република Британија“.„Некој рекол дека првата исламска република со нуклеарно оружје ќе биде Исламска Република Британија“, додал израелскиот премиер.Нетанјаху потоа ја поврзал оваа за

Свет | пред 2 месеци

media-libraryf133ofh79mc4d49kAbq

Никој од 13-те повикани во станица не знаел од каде е информацијата за наводно загадената вода во Скопје

МВР досега повикало 13 лица на информативен разговор поради ширење лажни информации на социјалните мрежи дека водата за пиење во Скопје е загадена.Од Министерството информираат дека со сите лица бил извршен службен разговор, а тие се изјасниле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична објава на социјалните мрежи или слушнале од друго лице.Ниту едно од повиканите лица, според МВР, не посочило конкретен, потврден или веродостоен извор кој би ги поткрепил тврдењата

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања