Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

struja-4

Делови од Скопје денес без струја

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, во четврток (16 јули) без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Сопиште и Сарај.Во периодот од 08:00 до 12:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од Горно Соње, на месноста Коштан (Општина Сопиште).Во периодот од 08:30 до 15:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците во селата Рашче, Бојане и Копаница (Општина Сарај).

Скопје | пред 3 месеци

272063564_3120149648241589_1188196859652219359_n

Времето денес: Сонце, високи температури и можни попладневни врнежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи.Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од 11 до 21 степен, додека дневните ќе достигнат од 31 до 38 степени.Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 19 степен

Македонија | пред 3 месеци

media-librarys1h81su84c8j0Qz6TBw

Јогуртот, здравата исхрана и прошетките можат да го забават стареењето

Комбинацијата од секојдневно консумирање јогурт, здрава исхрана и умерена физичка активност може да го забави биолошкото стареење, покажува ново истражување објавено во научното списание Aging.Во студијата учествувале 48 мажи на возраст од 50 до 74 години со прекумерна телесна тежина. Во период од 12 недели, половина од учесниците следеле посебна програма што вклучувала секојдневно консумирање 100 грама обичен јогурт, индивидуално прилагодена исхрана и најмалку 30 минути пешачење или лесно вежба

Магазин | пред 3 месеци

793404-sijarto-eu-da-se-fokusira-na-zapirane-na-migracijata-i-rabotni-mesta-za-evropskite-gragani

Поранешниот министер за надворешни работи на Унгарија ќе работи за кинески автомобилски гигант

Поранешниот министер за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, поднесе оставка на пратеничката функција и објави дека ќе ја продолжи кариерата во кинескиот производител на електрични возила BYD, каде што ќе извршува висока меѓународна функција.Сијарто соопшти дека прифатил, како што рече, исклучително престижна понуда од една од најзначајните светски компании. Во BYD ќе биде задолжен за надворешните односи на целата групација и за развој на нови деловни области.Од компанијата соопштија де

Свет | пред 3 месеци

media-libraryp5bkvlfgsfid72gPJ8J

(Фото) Избегната поголема штета од пожарот во Охрид

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид денеска интервенираше при пожар на отворен простор во населбата „Гоце Делчев“ (Бараки), каде што гореле деградирана шума и сува трева.Во гаснењето на пожарот биле ангажирани четири противпожарни возила и 17 пожарникари.Од ТППЕ Охрид информираат дека, поради силниот ветер, постоела реална опасност огнот да се прошири до блиските станбени објекти, но благодарение на навремената интервенција на пожарникарите, како и на помошта од месното население

Охрид | пред 3 месеци

media-libraryj6rnjp8qr4p80g3uYgL

(Видео) Бегалецот од кочанската полициска станица остана без луксузните возила и станот

Полицијата привремено одзеде шест патнички возила и стан од Александар Лазаров од Кочани, поради сомнение дека имотот е стекнат со криминална активност.Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека денеска Одделението за внатрешни работи Кочани, во координација со Основното јавно обвинителство Кочани, покрај доказите за кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик, обезбедило и докази што упатуваат на основано сомнение дека осомничениот располага со значителен движен и недвижен

Македонија | пред 3 месеци

media-library1v9vvctar8eo08lL2NJ

Дали ChatGPT нè прави помалку способни да размислуваме?

Прекумерното потпирање на генеративната вештачка интелигенција, како што се ChatGPT, Claude и Gemini, може да има негативно влијание врз меморијата, критичкото размислување и способноста за донесување одлуки, покажуваат најновите научни истражувања.Според американско-британска студија спроведена на 1.222 испитаници, користењето алатки со вештачка интелигенција при решавање математички задачи и вежби за разбирање текст носи подобри резултати на краток рок, но ја намалува подготвеноста за самостој

Магазин | пред 3 месеци

media-librarytcf4dn6ged1if4nd3Dj

Лекарите откриваат кои секојдневни предмети кријат најмногу бактерии

Редовното миење на рацете е една од најефикасните мерки за спречување на инфекции и ширење на бактерии, предупредуваат лекарите.Гастроентерологот д-р Суприја Рао објаснува дека повеќето гастроинтестинални и респираторни инфекции се пренесуваат кога контаминираните раце ќе ги допрат очите, носот или устата.Според неа, иако сè повеќе луѓе користат бесконтактно плаќање, готовината и понатаму е чест дел од секојдневието и може да содржи бројни микроорганизми бидејќи поминува низ многу раце. Затоа, п

Магазин | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-17-at-20.54.17

Зеленски го објави планот за иднината на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, по повод Денот на украинската државност, порача дека крајната цел на Киев не е само слабеење на Русија, туку траен мир, безбедна Украина и целосна интеграција во Европската Унија.„Нашата главна цел не е Русија без бензин, туку Украина без Русија, Украина без војна, Украина со Европа и Европа без заканата од Москва“, изјави Зеленски.Тој истакна дека илјадагодишната историја на Украина ја потврдува нејзината решеност да остане слободна и независна, нагла

Свет | пред 3 месеци

media-libraryo0qiqpsa1q56c13blwp

(Видео) Пратеничка на пратеничка ѝ рече „Скокаше како кокошка“ среде Собрание на седница

Тензиите повторно се разгореа во Собранието, откако пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска, во обраќање кон пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, употреби навредлив израз.„Само два аргументи за колешката Јована Тренчевска, која скокаше како кокошка тука за…“, рече Петкоска од собраниските клупи.По изјавата следуваа реакции и негодување од дел од пратениците во салата поради навредата упатена кон Тренчевска.По седницата, Тренчевска се огласи на социјалните мрежи.„На аргументирани дискусии

Македонија | пред 3 месеци

strasevski-palevski

Адвокатот на Палевски: Не може за еден обвинет да има повторно судење, а за другите пресудата да е правилна

Адвокатот Јовица Страшевски, бранител на Љупчо Палевски, ја оцени како правно контрадикторна одлуката на Апелациониот суд Скопје, со која беа потврдени доживотните казни за четворица обвинети во случајот „Убиството на Вања и Панче“, додека ослободителниот дел од пресудата за Александар Ѓорчевски беше укинат и вратен на повторно судење.Според Страшевски, недозволиво е во иста кривична постапка, со ист обвинителен акт и ист доказен материјал, за еден обвинет пресудата да биде укината, а за останат

Македонија | пред 3 месеци

media-library0ck63a0bru89etmLRGz

Пожар во Охрид, огнот се приближува до станбени објекти

Пријавен е пожар кај магацините на улицата „1-ва Македонска ударна бригада“ број 33 во Охрид.Според првичните информации, пожарот се шири кон околните куќи.За настанот е известена Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид, чии екипи се упатени на местото на пожарот. Засега нема информации за евентуални повредени лица или за причините за избувнувањето на пожарот.

Охрид | пред 3 месеци

media-library92amidutjmj865s26Ra

Србија е единствената што не ја потпиша Киевската декларација на самитот во Украина

Србија беше единствената земја што не ја потпиша Киевската декларација, усвоена на Самитот Украина – Југоисточна Европа, одржан во Киев, јави Радио-телевизија Србија (РТС).Документот го потпишаа украинскиот претседател Володимир Зеленски и претставници на Албанија, Грција, Молдавија, Романија, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора и Бугарија. Србија, која на самитот беше претставена од претседателот Александар Вучиќ, не се приклучи кон декларацијата.Во декларацијата Русија се обвинува за „н

Свет | пред 3 месеци

gjorceski-2

Адвокатот на Александар Ѓорчевски: Од првиот ден е проектиран однапред да биде осуден

Адвокатот Владимир Туфегџиќ реагираше откако Апелациониот суд Скопје го укина ослободителниот дел од пресудата за Александар Ѓорчевски, таткото на Александар Ѓорчевски, и предметот го врати на повторно судење.Туфегџиќ вели дека не е изненаден од ваквата одлука и дека ја очекувал по јавната седница пред Апелациониот суд.„По однос на укинувањето на ослободителната пресуда за таткото на Вања, како адвокат сум еден од ретките што воопшто не е изненаден од ваквата одлука и очекував ваков исход после

Македонија | пред 3 месеци

media-library607i740ijcjg51heXED

Партијата на Макрон ја тужи Марин Ле Пен поради изборниот слоган

Партијата Ренесанса на францускиот претседател Емануел Макрон поднесе тужба против претседателската кандидатка на Националниот собир, Марин Ле Пен, обвинувајќи ја дека неовластено го користи името на партијата во својот предизборен слоган.Од Ренесанса соопштија дека слоганот на Ле Пен – „За Франција, ренесанса“ – претставува неовластено присвојување на нивниот политички идентитет и заштитен знак, кој, како што наведуваат, го користат од 2019 година.„Нашиот идентитет не смее да се злоупотребува с

Свет | пред 3 месеци

media-libraryugdcpci4f2226JkRQld

(Видео) Ајкула снимена покрај брегот на Црна Гора, многумина тврдат дека е голема бела ајкула

Видео од голема ајкула снимена во близина на влезот во Бока Которска деновиве се шири на социјалните мрежи, а многумина тврдат дека станува збор за голема бела ајкула. Сепак, експертите сметаат дека на снимката најверојатно се гледа мако ајкула, а не бела ајкула.Илија Ќетковиќ од Институтот за морска биологија на Црна Гора изјави дека, според снимката, поверојатно е да станува збор за мако ајкула (Isurus oxyrinchus), чија градба често наликува на онаа на големата бела ајкула.„Тоа не е изненадува

Свет | пред 3 месеци

media-librarya777mjr2n995dTD2gpX

Како правилно да ги наместите рутерот и антените за подобар Wi-Fi сигнал

Ако знаете каде да го поставите рутерот и како правилно да ги наместите неговите антени, можете значително да го подобрите квалитетот и покриеноста на Wi-Fi сигналот во домот.Според експертите, дури и неколку мали промени во положбата на уредот можат да ја зголемат јачината на сигналот и да ги намалат таканаречените „мртви зони“ во просторот.Повеќето антени на рутерите се омнидирекциски, што значи дека сигналот се шири хоризонтално. Вертикално поставената антена најдобро покрива простор на истио

Магазин | пред 3 месеци

media-libraryn9121ekm564o1aMfj0J

САД започнаа нов бран напади врз Иран

Американската војска денеска започна нов бран напади врз цели во Иран, соопшти Централната команда на САД (CENTCOM).„Во 6:00 часот по источно американско време, силите на Централната команда на САД започнаа бран напади врз Иран“, се наведува во објавата на CENTCOM на платформата X.Според американската војска, целта на операцијата е дополнително да се ослабат воените капацитети што Иран ги користи за напади врз комерцијални бродови во Ормутскиот Теснец.Ирански функционер изјавил дека американскит

Свет | пред 3 месеци

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Цените на нафтата паднаа под 84 долари за барел

Цените на нафтата денеска паднаа на меѓународните пазари, при што цената на барел на лондонскиот пазар се спушти под 84 долари. Инвеститорите проценуваат дека, и покрај тензиите меѓу САД и Иран, сè уште постои простор за продолжување на транзитот на енергенси низ Ормускиот теснец.На лондонскиот пазар барелот се продаваше за 83,60 долари, што е за 1,13 долари помалку од претходниот ден. На американскиот пазар цената изнесуваше 78,66 долари за барел, односно за 68 центи помалку.Во изминатите денов

Свет | пред 3 месеци

media-libraryd9eo1lt3cbkf0VtbIgs

ЕУ го продолжи ограничувањето на цената на руската нафта

Амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија денеска се договорија ограничувањето на максималната цена на руската нафта да остане на сила до 23 јули, додека продолжуваат преговорите за преостанатите отворени прашања од 21. пакет санкции против Русија.Земјите-членки веќе неколку дена се обидуваат да постигнат договор за новите санкции, кои, меѓу другото, предвидуваат задржување на горната граница на цената на руската нафта на 44,10 долари за барел.Ограничувањето им забранува на европските к

Свет | пред 3 месеци

media-library0e7tqbm5lifk6O3KqQX

Невреме може да го одложи финалето на Светското првенство

Финалето на Светското првенство, кое е закажано за недела на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси, би можело да биде одложено поради најавеното невреме.Според временската прогноза, за време на натпреварот се очекува температура од околу 28 степени, но постои и можност за грмежи и поројни врнежи.Бидејќи стадионот нема покрив, евентуалната појава на молњи би можела да доведе до одложување на почетокот на натпреварот или до негов привремен прекин, како што веќе се случуваше на некои натпревари за време

Спорт | пред 3 месеци

media-library8j2k15mh3luk6km7atr

Спасувачка акција на Треска: Извлечени три лица што ги однела надојдената вода

Три лица, меѓу кои две малолетни лица на 15-годишна возраст и едно 18-годишно лице, денеска биле однесени од надојдената вода на реката Треска, откако бил зголемен испустот од браната „Матка“ за потребите на производство на електрична енергија.Како што соопшти Центарот за управување со кризи, преку Единствениот број за итни повици 112 била примена пријава за настанот. Едното малолетно лице веднаш било извлечено од водата, додека другите две биле пронајдени низводно по течението на реката.Сите тр

Скопје | пред 3 месеци

Sobranie-zgrada

Нема договор за Изборниот законик – Македонија губи 4,2 милиони евра, партиите со меѓусебни обвинувања за саботажа

Политичките партии не постигнаа договор за измените на Изборниот законик до истекот на последниот рок, и покрај повиците за компромис и предупредувањата дека Македонија може да остане без 4,2 милиони евра од европските фондови.Премиерот Христијан Мицкоски претходно ги повика политичките субјекти да направат последен обид за усогласување на ставовите, но оцени дека недостига политичка зрелост за постигнување договор.Наместо разговори во Собранието, денот помина во меѓусебни обвинувања меѓу партии

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynfoninapgqpkdStdocW

До 18 часот регистрирани осум пожари на отворено, два сè уште се активни

До 18 часот денеска во земјава се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е ставен под контрола, а пет се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.Активни се пожарите во селото Старо Балдовци, Општина Босилово, каде што гори ѓубре, како и во селото Бајково, Општина Ново Село, каде што се зафатени ниска вегетација и мешана шума.Под контрола е пожарот во атарот меѓу селата Пуста Река и Цер, во Општина Крушево, каде што гореле депонија и сува трев

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Мерц: Внимателно следете што прави Владата пред да одлучите кому ќе му дадете доверба

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ги повика поддржувачите на крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) да ја оценат работата на неговата влада врз основа на резултатите, а не на содржините на социјалните мрежи, во пресрет на регионалните избори во септември.На прес-конференција во Берлин, Мерц порача дека Владата работи на зачувување на слободата и мирот во земјата, како и на подобрување на економската состојба.„Им се обраќам и на гласачите на АфД и им порачувам внимателно да следат што

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања