Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryjldhhh6vv1h16Dk773V

Рекордни 40,5 степени во Барселона, највисока температура досега

Во Барселона денеска се измерени рекордни 40,5 степени Целзиусови, што е највисоката температура досега забележана во овој шпански град, соопштија регионалните метеоролошки служби.Со тоа е надминат претходниот рекорд од 40 степени, измерен во јули 2024 година.И покрај екстремните горештини, експертите посочуваат дека близината на Средоземното Море делумно го ублажува чувството на жештина во еден од најпосетуваните туристички градови во Шпанија.Шпанската метеоролошка агенција AEMET вчера издаде ц

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-17-at-20.54.17

Европскиот парламент го критикуваше Зеленски поради одлуката за воената единица

Европскиот парламент со големо мнозинство усвои амандман на извештајот за Украина, во кој го критикува украинскиот претседател Володимир Зеленски поради одлуката една елитна воена единица да се преименува по Украинската востаничка армија (УПА).Одлуката предизвика нови тензии меѓу Киев и Варшава, откако Зеленски на 26 мај на воената единица ѝ го додели името „Херои на Украинската востаничка армија“.УПА во текот и по Втората светска војна водеше борба за независност на Украина од Советскиот Сојуз,

Свет | пред 4 месеци

media-libraryd7nctno5unc14nqdPPB

Русија го забрани извозот на дизел по украинските напади врз рафинериите

Русија го забрани извозот на дизел со цел да спречи недостиг на гориво на домашниот пазар, откако серија украински напади со беспилотни летала оштетија руски рафинерии.Оваа одлука би можела дополнително да го зголеми притисокот врз светскиот пазар на горива, кој веќе се соочува со нарушувања во снабдувањето предизвикани од конфликтите на Блискиот Исток. Според податоци на „Блумберг“, кои се повикуваат на аналитичката компанија „Вортекса“, Русија минатата година обезбедила околу 11 проценти од св

Свет | пред 4 месеци

mark-rute

Шефот на НАТО со порака до младите Руси: Размислете двапати пред да одите во војна

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Украина бележи значајни успеси со нападите со беспилотни летала врз цели во Русија, особено врз нафтената и енергетската инфраструктура.Одговарајќи на новинарски прашања на самитот на НАТО во Анкара, Руте оцени дека нападите веќе имаат конкретни последици врз секојдневниот живот во Русија.„Украинците очигледно беа многу успешни, особено со нападите врз руските рафинерии. Тоа веќе влијае врз луѓето што одат на бензинските пумпи. Вчера видовме и

Свет | пред 4 месеци

media-libraryj371grr08a3h3JuYkUR

Иран се закани: Ќе го затвориме Ормускиот теснец ако САД повторно нападнат

Иран ќе го затвори Ормускиот теснец доколку САД извршат нови напади врз земјата, изјавил безбедносен извор за иранската телевизија „Press TV“.Заканата следува откако американскиот претседател Доналд Трамп на самитот на НАТО во Турција изјави дека САД „вечерва повторно силно ќе го погодат“ Иран.„Новата стратегија на Иран е дека по секој напад Ормускиот теснец ќе биде целосно затворен“, изјавил изворот.Ормускиот теснец е еден од најважните поморски премини во светот, преку кој во мирнодопски услов

Свет | пред 4 месеци

media-libraryufh448gulq68eZeCEhC

Мелони: Не жалам што се обидов да изградам добри односи со Трамп

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека не жали што се обидела да воспостави блиски односи со американскиот претседател Доналд Трамп, и покрај неговите неодамнешни провокации на социјалните мрежи.„Не, апсолутно не жалам за ништо што направив“, изјави Мелони по завршувањето на самитот на НАТО во Анкара, додавајќи дека нема намера да одговара на објавите на Трамп.Во истата прилика, таа порача дека Италија ќе ги исполни обврските кон НАТО за зголемување на издвојувањата за одбрана, но само

Свет | пред 4 месеци

mark-rute-1

Шефот на НАТО: Војната во Иран е надвор од територијата на Алијансата

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Алијансата нема да се вклучи во евентуална војна меѓу САД и Иран, нагласувајќи дека Иран се наоѓа надвор од територијата на НАТО.Одговарајќи на новинарско прашање дали НАТО би му помогнал на Вашингтон во случај на воен конфликт со Техеран, Руте рече дека ставот на Алијансата останува непроменет.„Иран е надвор од територијата на НАТО. Не смее да развие нуклеарно оружје, Ормутскиот Теснец мора да остане отворен, а НАТО отсекогаш имал став дека И

Свет | пред 4 месеци

klima

ЕУ троши двојно повеќе енергија за ладење отколку пред шест години

Италија е земјата во Европската Унија што троши најмногу енергија за ладење, покажуваат најновите податоци на Евростат за 2024 година.Според статистиката, Италија потрошила 26,3 илјади тераџули енергија за разладување, пред Шпанија со 14,3 илјади и Грција со 11,9 илјади тераџули.Евростат наведува и дека вкупната потрошувачка на енергија за ладење во ЕУ речиси се удвоила во периодот од 2018 до 2024 година, зголемувајќи се од 40,5 на 80,4 илјади тераџули.Во најголем дел од овој период е регистрира

Свет | пред 4 месеци

media-libraryagnb1p2qks9i2dahmpI

(Видео) Трамп повторно се збуни: Наместо Иран ја спомена „Исламска Република Јапонија“

Американскиот претседател Доналд Трамп направи лапсус за време на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот на НАТО во Турција, кога наместо Иран ја спомена „Исламската Република Јапонија“.Одговарајќи на прашање за производството на американските ракети-пресретнувачи „Патриот“ во Европа, Трамп зборуваше за конфликтот со Иран, но по грешка изјави:„Вчера ја раскажав оваа приказна. Кон нас ‘Исламската Република Јапонија’ истрела 111 ракети.“Очигледно мис

Свет | пред 4 месеци

media-library7l24m9cdp4rl3GeJXza

„СДС шири дезинформации за лековите, се проширува позитивната листа на лекови, се обезбедува поголем избор и пониски цени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ги отфрли обвинувањата на СДСМ дека пациентите се излажани во врска со лекот „Фостер“, оценувајќи дека станува збор за дезинформации и политички манипулации.Од партијата велат дека намалувањето на референтната цена на лекот следувало по вклучувањето на генерички лек на позитивната листа, со цел да се создаде конкуренција, да се обезбеди поголем избор за пациентите и да се намалат трошоците.„Алтернативата е достапна во земјата. Ова е стандардна практика и препорака на

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryb19pfkdrmifv5yIs8MB

(Видео) Пожар покрај патот Гостивар–Кичево, гори сува трева во близина на куќи

Пожар избувна во близина на Гостивар, покрај патот што води кон Кичево.Според првичните информации, огнот зафатил сува трева, а пожарот се наоѓа во непосредна близина на куќи, што предизвикува загриженост кај жителите.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: САД останува во НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп им порачал на лидерите на земјите членки на НАТО дека САД имаат намера да останат дел од Алијансата, пренесе „Ројтерс“, повикувајќи се на неименуван извор запознаен со разговорите.За време на состанокот зад затворени врати, Трамп истакнал дека Вашингтон ќе продолжи да им продава оружје на сојузниците, без оглед на начинот на кој тие ќе го користат.„Сакаме да останеме со вас“, изјавил Трамп, според изворот.Истиот извор навел дека на состанокот американскиот

Свет | пред 4 месеци

media-libraryraoar333lhje1zc44Fc

Трифун и син му Коста Костовски обвинети за стечајот на Еуростандард банка заедно со уште две лица, обвинителот: штетата е над 1,6 милијарди денари

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт до Основниот кривичен суд Скопје против три лица кои се товарат за кривичното дело предизвикување стечај на банка, како и обвинителен предлог против едно лице за несовесно работење во службата.Според Обвинителството, првообвинет е Николчо Петковски, второобвинет е Коста Костовски, син на Трифун Костовски, третообвинет е Зоран Николовски, додека четвртообвинет е Трифун Костовски.Според обвинителниот а

Македонија | пред 4 месеци

apteka-kvoti-lekovi

Лекот „Фостер“ повторно на позитивната листа без доплата, соопшти Министерството за здравство

Министерството за здравство соопшти дека лекот „Фостер“, кој се наоѓа на позитивната листа на лекови, во најскоро време повторно ќе биде достапен за пациентите без доплата.Како што информираат од Министерството, известувањето е добиено од компанијата што е носител на одобрението за ставање на лекот во промет.„Министерството за здравство е известено од компанијата која е носител на одобрението за ставање во промет на лекот ‘Фостер’ дека овој лек повторно ќе биде достапен за пациентите без доплата

Македонија | пред 4 месеци

media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Осум пријави за семејно насилство за едно деноноќие, приведени пет лица

Министерството за внатрешни работи информира дека во изминатото деноноќие на подрачјето на државата се евидентирани осум случаи на семејно насилство, при што пет лица биле лишени од слобода.Во Куманово бил приведен 42-годишен маж, кој според пријавата психички и физички ја малтретирал сопругата со која е во бракоразводна постапка.Во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници привеле 40-годишен маж, осомничен дека физички ја нападнал својата 35-годишна сопруга.Во Македонска Каменица

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryb245tk731eih9elEW9w

(Видео) Новинарка ја праша Марта Кос: Oбјаснете ни како да изградиме доверба со членка на ЕУ која не признава јазик и идентитет?

Прашањето за тоа како Македонија треба да изгради доверба со Бугарија, која не ги признава македонскиот јазик и идентитет, беше во фокусот на денешната прес-конференција на еврокомесарката за проширување Марта Кос.Новинарката Лепа Џундева посочи дека Кос и денеска, како и вчера, повторува дека Европската Унија функционира врз доверба и праша како таа доверба може да се изгради со земја членка која не ги признава јазикот и идентитетот, потсетувајќи и на унилатералната изјава доставена за време на

Македонија | пред 4 месеци

media-librarybf9eislfg7se13nu6nz

(Видео) Кос: Проширувањето на ЕУ не се темели на гаранции; Мицкоски: Нема план Б за Македонија

По прашањето дали Европската Унија може да понуди гаранции дека во текот на пристапните преговори нема да се појават нови билатерални спорови за Македонија, еврокомесарката за проширување Марта Кос изјави дека процесот на проширување не се темели на однапред дадени гаранции, туку на доверба, исполнување на обврските и посветена работа.„Со проширувањето на ЕУ не е изградено на гаранции кои што се даваат однапред, туку се гради врз доверба, обврски, посветеност, нивно исполнување и работа“, рече К

Македонија | пред 4 месеци

media-librarypt10nu60f9eb2TUCcgJ

Марта Кос: Македонија има место во ЕУ, може да биде таму до 2028 година, но уставните измени остануваат неопходен чекор

Еврокомесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос, порача дека Северна Македонија има реална можност да напредува кон полноправно членство во Унијата, но нагласи дека усвојувањето на договорените уставни измени останува неопходниот следен чекор за формално започнување на пристапниот процес.Таа истакна дека е потребен заеднички меѓупартиски консензус за Изборниот законик, државата да може целосно да го искористи моментумот во процесот на евроинтеграциите.„За заеднички меѓупартиски кон

Македонија | пред 4 месеци

media-librarys3rfga96lgp32DW9EYn

Во еден ден приведени 28 возачи за безобѕирно управување, најголем дел управувале без возачка дозвола

Полициските службеници во текот на изминатото деноноќие лишиле од слобода 28 возачи на територијата на целата држава поради безобѕирно управување со моторно возило, соопшти Министерството за внатрешни работи.Од нив, 25 лица биле затекнати како управуваат возило без возачка дозвола. Осуммина биле приведени во Скопје, четворица во Битола, по двајца во Велес, Свети Николе, Тетово и Кичево, а по едно лице во Делчево, Кочани, Кавадарци, Неготино и Куманово.Полицијата привела и две лица кои управувале

Македонија | пред 4 месеци

media-library4npddjapi8h6aq6SM4N

До 13 часот регистрирани три пожари на отворено, два се изгаснати

До 13:00 часот денеска во државата се регистрирани три пожари на отворен простор, при што во моментов нема активни пожари, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).Според информациите, под контрола е пожарот кај селото Железница во Општина Кратово, каде што горела депонија.Во меѓувреме, целосно се изгаснати пожарите кај селото Старо Балдовци во Општина Босилово, каде што биле зафатени ниска вегетација, овоштарник и жито, како и кај селото Калуѓерица во Општина Радовиш, каде што гореле нис

Македонија | пред 4 месеци

uploads_thumbs_resize_800x420_360322

Жена украла чанта од автомобил, па ја нападнала сопственичката

Четириесет и четиригодишна жителка на Скопје пријавила во полиција дека била ограбена и физички нападната на подрачјето на Карпош.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен на 7 јули во 08:25 часот во СВР Скопје. Пријавителката навела дека женско лице од нејзиното возило ѝ одзело чанта во која имало паричник, лични документи, мобилен телефон, пари и други предмети.По кражбата, осомничената физички ја нападнала 44-годишната жена.Од МВР информираат дека се пре

Македонија | пред 4 месеци

izlea-reka

Безживотно машко тело извлечено од реката Пчиња кај Катлановска Бања

Машки труп бил пронајден во реката Пчиња во близина на Катлановска Бања, информира Министерството за внатрешни работи.Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 7 јули околу 14:30 часот, по што на местото биле преземени соодветни мерки од надлежните служби.По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Институтот за судска медицина, каде ќе биде извршена обдукција. Во тек се активности за утврдување на идентитетот на починатиот, како и за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryal90dteo6gu91F7c1x2

Кривична за четири малолетници и пет родители за нападот врз 12-годишно девојче во Аеродром

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е целосно расчистен случајот со физичкиот напад врз 12-годишно девојче, кој се случи на 30 јуни во парк во скопската општина Аеродром.Според МВР, Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево, во координација со Одделението за криминалистички работи Кисела Вода, до Основното јавно обвинителство Скопје поднело кривични пријави против четворица малолетници и петмина родители.Кривични пријави за делото „насилство“ се поднесени против две ма

Македонија | пред 4 месеци

media-library53vipbsbvjguaM3KcrB

78-годишна жена пронајдена почината во својот дом во Кисела Вода

Во дом на подрачјето на Кисела Вода во Скопје била пронајдена почината 78-годишната Л.К., информира Министерството за внатрешни работи.Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 7 јули околу 14:05 часот, по што на местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош. Лекар констатирал смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство.По насоки на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на Институтот за судска медицина, каде ќе биде извршена обдукција за утврдување на причините за

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryomve0170hsuh7Rurym6

Уапсен 59-годишен маж кој недолично допирал жена во продавница

Полициски службеници од СВР Скопје синоќа го лишиле од слобода М.Н. (59), со престојувалиште во Скопје, по пријава дека недолично се однесувал кон 31-годишна жена во продажен објект.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, приведувањето било извршено на 7 јули околу 22:10 часот на подрачјето на Кисела Вода, откако било пријавено дека мажот ја допирал жената по телото.Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања