Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryuacelb8f5lonbsxg20I

Брод погоден со проектил во близина на брегот на Оман

Британската агенција за поморски трговски операции (UKMTO) соопшти дека брод бил нападнат на околу 7,5 наутички милји од брегот на Оман.Според информациите, пловилото било погодено од неидентификуван проектил во десниот дел, при што бил оштетен командниот мост.Во нападот нема повредени членови на екипажот, а не е регистрирано ниту загадување на морето.Инцидентот се случил само неколку часа откако Иран предупреди дека бродовите што пловат низ регионот без негова согласност би можеле да се соочат

Свет | пред 4 месеци

media-libraryllbi72kb7ng97tQd8Vr

Николоски: Овозможивме раст од 32 % повеќе патници на аеродромите и раст од околу 20 % на странските туристи

Инвестициите во инфраструктурата и авиосекторот придонесоа за значителен раст на туризмот и авиосообраќајот во државата, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, одговарајќи на пратеничко прашање на денешната собраниска седница.Според Николоски, бројот на патници на двата меѓународни аеродроми бележи раст од над 32 проценти, додека бројот на странски туристи е зголемен за околу 20 проценти.„Направивме амбициозна агенда, инвестираме сериозно и резултатите се веќе видливи

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryhsudoq005m9r0vyINfE

ЕУ воведува нови правила за правата на патниците во сите видови превоз

Претставниците на Советот на Европската Унија и Европскиот парламент постигнаа договор за нови правила со кои треба да се зајакнат правата на патниците во сите видови превоз и да се овозможи побрзо и поефикасно решавање на поплаките.Договорот следува по неодамнешното усогласување на правилата за правата на патниците во воздушниот сообраќај, а сега се опфатени сите видови превоз.„Правата на патниците имаат смисла само доколку можат ефикасно да се спроведуваат. Денешниот договор претставува важен

Свет | пред 4 месеци

media-librarycb32faq7ode8evt2lDv

Поскапуваат „Мекбук“, „Ајпад“ и други уреди на Apple

Технолошкиот гигант „Епл“ ги зголеми цените на дел од своите најпопуларни производи, меѓу кои се „Мекбук“ и „Ајпад“, наведувајќи дека причина за поскапувањето се зголемените трошоци за мемориски и складишни чипови.Според информациите на Си-Ен-Ен, наглиот раст на побарувачката за чипови е поттикнат од експанзијата на вештачката интелигенција и масовната изградба на центри за обработка на податоци ширум светот.Најголемото поскапување го бележи основниот модел „Мекбук Нео“, чија цена е зголемена од

Магазин | пред 4 месеци

media-libraryo0qiqpsa1q56c13blwp

Петкоска: Владините мерки за авиосообраќајот и туризмот носат нови авиолинии и зголемен туристички раст

Лидија Петкоска пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница за пратенички прашања во Собранието, постави три прашања од кои едниот го постави до вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, а другите две до министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Петкоска на самиот почеток истакна дека Владата ги реализирала најавените мерки за развој на авиосообраќајот и туризмот, преку нови авиолинии и зголемени субвенции за авиопревозниците, што придонесува Македонија да ста

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2024-01-28-at-14.21.34

Ѓоковиќ во лов на историската 25. гренд слем титула на Вимблдон

Почетокот на Вимблдон 2026 носи бројни возбудливи приказни, од новиот обид на Новак Ѓоковиќ да стигне до рекордната 25. гренд слем титула, преку одбраната на трофејот на Јаник Синер, па сѐ до сензационалното враќање на сестрите Вилијамс на најпрестижниот тениски турнир.Третиот гренд слем турнир во сезоната повторно ќе ги собере најдобрите светски тенисери и тенисерки на терените на Ол Ингланд клубот во Лондон.Иако последниот трофеј на Вимблдон го освои во 2022 година, Новак Ѓоковиќ повторно ќе с

Спорт | пред 4 месеци

EU-1

ЕУ ги укина царините за низа американски производи

Европската Унија и официјално усвои закон со кој се укинуваат увозните царини за голем број американски производи, исполнувајќи го својот дел од трговскиот договор постигнат со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.Со овој потег е избегната можноста за нов трговски конфликт меѓу двете страни на Атлантикот.Европскиот парламент минатата недела го поддржа пакетот мерки со 440 гласа „за“, 151 „против“ и 50 воздржани. Гласањето се одржа речиси единаесет месеци по постигнувањето н

Свет | пред 4 месеци

media-libraryid83gcu8ab0d0PYykaJ

Седум возачи приведени за едно деноноќие: Возеле пијани, без дозвола или со забрана

Полициските службеници во текот на изминатото деноноќие лишиле од слобода седум возачи на територијата на државата поради безобѕирно управување со моторни возила, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според информациите на МВР, тројца од приведените управувале возила без да поседуваат возачка дозвола, тројца возеле под дејство на алкохол, додека едно лице управувало возило и покрај тоа што му била изречена забрана за управување.Во Скопје, Кавадарци и Охрид биле затекнати лица кои возеле бе

Македонија | пред 4 месеци

media-library8s5n22obgphm9RCT8LH

(Видео) Возач претекнувал, удрил во знак и се превртел на пешачка зона во Сараево

Во сараевската населба Нова Отока се случила сообраќајна несреќа во која автомобил завршил превртен на покрив во пешачка зона.Во несреќата е повредено едно лице, кое е пренесено во Клиничкиот универзитетски центар во Сараево, каде што му била укажана лекарска помош, пренесува „Дневни Аваз“.Надзорна камера во близина на местото на несреќата го снимила моментот кога возилото се превртело, како и две жени кои во последен момент успеале да се тргнат и да избегнат удар од автомобилот што се движел ко

Настани | пред 4 месеци

media-library7hkmceqshsu507HQJ3p

Седум пријави за семејно насилство за едно деноноќие

Министерството за внатрешни работи информира дека во последното деноноќие биле регистрирани седум случаи на семејно насилство низ државата, при што едно лице е лишено од слобода, а со две лица е извршен службен разговор.Во Скопје, 57-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг во објект на подрачјето на Кисела Вода.Полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со М.П. (19) и С.П. (42), постапувајќи по пријава дека на подрачјето на Бутел физички нападнале

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykislnaopgka42SjASov

Над 1,4 милиони денари исплатени по фиктивни фактури, кривична за злоупотреба на службена положба и фалсификување документи во Тутунски комбинат Прилеп

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Г.К. (46) и Л.К. (54), двајцата од Прилеп, како и против правно лице од градот, поради сомнение за сторување продолжени кривични дела поврзани со злоупотреба на службената положба и овластувања, фалсификување службена исправа и фалсификување или уништување деловни книги.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, првопријавениот, во својство на финансиски директор во АД „Тутунски комбинат Прилеп“ – акционерско друштво со доминантен државе

Македонија | пред 4 месеци

B630A5ED-6BF9-4200-ACFE-74B8D3D5B613_1_105_c

Анима Мунди: Молкот на ЗОО Скопје отвора сериозни прашања за безбедноста на животните

Здруженија и активисти за заштита на животните - Анима Мунди, јавно побараа одговори од Зоолошката градина во Скопје во врска со информациите за можно бегство на волци и угинување на повеќе животни, меѓу кои кенгури и ему-птици.Во реакцијата тие поставуваат низа прашања за начинот на кој се спроведувал надзорот во установата, барајќи објаснување како е можно волците, доколку навистина избегале од оградениот простор, со денови или недели да копаат дупки без тоа да биде забележано.Активистите пред

Македонија | пред 4 месеци

plata-evra

Просечната плата во Србија надмина 1.000 евра

Просечната нето-плата во Србија во април изнесувала 1.032 евра, додека просечната бруто-плата достигнала 1.423,7 евра, покажуваат најновите податоци на Републичкиот завод за статистика.Во споредба со април минатата година, просечната нето-плата номинално се зголемила за 11,5 отсто, а реално за 7,9 отсто. Во истиот период, просечната бруто-плата пораснала за 11,4 отсто номинално и за 7,8 отсто реално.Податоците покажуваат дека медијалната нето-плата во април изнесувала 801,6 евра. Тоа значи дека

Балкан | пред 4 месеци

media-libraryu02imf7o7mgb5zeW6zq

До 14:30 часот регистрирани пет пожари на отворено, активни пожари нема

Во текот на денешниот ден, заклучно со 14:30 часот, на територијата на државата биле евидентирани вкупно пет пожари на отворен простор. Според последните информации, во моментов нема активни пожари, еден е ставен под контрола, а четири се целосно изгаснати.Под контрола е пожарот во Општина Кратово, во атарот на селото Железница, каде што гори депонија.Надлежните служби успеале целосно да ги изгаснат пожарите во неколку општини низ земјата.Во Општина Струмица, помеѓу селата Муртино и Банско, бил

Македонија | пред 4 месеци

media-library6crepiukitpr8lAKRxC

ФЗО најавува проширување на позитивната листа со антикоагулантни терапии

Пациентите во Македонија наскоро би можеле да добијат пристап до нови терапии преку позитивната листа на лекови, најави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.Според неговите најави, проширувањето на позитивната листа се очекува да се реализира во текот на следниот месец, а меѓу лековите што треба да бидат вклучени се и антикоагуланти што се користат за спречување на згрутчување на крвта.На листата треба да се најдат терапиите Клексан, Фраксипарин и уште еден лек од иста

Македонија | пред 4 месеци

media-librarye0og4a5hgripdGAlRRO

ЈП „Охридски Комуналец“ со засилени активности за почисти јавни површини

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ продолжуваат со интензивни активности за одржување на јавната хигиена, со цел јавните површини во Охрид да бидат почисти и поуредни.Во изминатите денови се реализира темелно чистење на јавните површини во централното и поширокото градско подрачје. Активностите опфаќаат отстранување на тврдокорни наслаги од пешачките зони со употреба на специјални средства, како и детално чистење на граничниците, урбаната опрема и пешачките патеки.Покрај тоа, екипите спроведуваа

ОО | пред 4 месеци

media-library4r2ei7icocg038e47y2

„Македонија денеска има најниска цена на дизелот и бензинот“, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Македонија во моментов има убедливо најниски цени на дизелот и бензинот во регионот, оценувајќи дека владините мерки успешно ги амортизирале последиците од енергетската криза.Говорејќи на денешната седница за пратенички прашања во Собранието, Мицкоски истакна дека Владата во изминатиот период не создавала паника, туку работела граѓаните што помалку да ги почувствуваат последиците од кризата.„Резултатот е дека денеска имаме убедливо најниски цени на горива

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Напад со нож на Бит Пазар, повреден 42-годишен скопјанец

Четириесет и двегодишен жител на Скопје бил повреден во напад што се случил синоќа на подрачјето на Бит Пазар.Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 24 јуни 2026 година околу 20:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека едно лице со остар предмет го нападнало Е.А. (42) од Скопје и му нанело повреда.Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на напаѓачот.

Македонија | пред 4 месеци

media-library0apu9u3ganaefeE18ye

Опожарени две возила во Чаир, пожарот зафатил и трето возило

Две патнички возила целосно, а едно делумно биле зафатени во пожар што ноќеска избувнал на подрачјето на Чаир во Скопје.Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 25 јуни 2026 година околу 02:20 часот во СВР Скопје, А.А. (42) од Скопје пријавил дека биле опожарени неговото патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на М.М.Од пожарот делумно било зафатено и патничко возило „ланд ровер“ со

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryit7sd6s20oi6feFRxyF

Скопјанка ограбена во Градскиот парк, две лица со сила ѝ одзеле паричник и телефон

Триесет и двегодишна скопјанка пријавила во полиција дека била жртва на разбојништво во Градскиот парк во Скопје.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 24 јуни 2026 година во 15:45 часот во СВР Скопје, Т.З. (32) од Скопје пријавила дека на 23 јуни, околу 01:30 часот, во Градскиот парк две лица со употреба на физичка сила ѝ одзеле паричник во кој имало пари и лични документи, како и мобилен телефон.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и про

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryq5u4hu2k7ibf5WxP36M

Жена нападната со тврд предмет на Бит Пазар

Шеесет и едногодишна жителка на Скопје пријавила во полиција дека била физички нападната на подрачјето на Бит Пазар.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 25 јуни 2026 година во 00:45 часот во СВР Скопје, Ѓ.У. (61) од Скопје пријавила дека претходниот ден, околу 20:30 часот, на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од лицето Ф.Д.Како што наведуваат од МВР, при нападот било употребено и тврдо средство.Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 месеци

media-library6mqc0onrapse9uiSmlP

Велосипедист со тешки повреди откако во него удрил автомобил во Скопје

Четириесет и петгодишен велосипедист се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на булеварот „Киро Глигоров“ во Скопје.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 24 јуни околу 17:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Киро Глигоров“, на спојување од влез-излез од објект, се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С. (33) од Скопје и велосипед управуван од М.

Македонија | пред 4 месеци

media-library3gojtdh024v31P7Z2Gq

Дваесетгодишник без возачка дозвола управувал четирицикл и излетал од патот, малолетна сопатничка тешко повредена

Дваесетгодишен жител на кривопаланечкото село Узем е лишен од слобода откако управувал четирицикл без возачка дозвола и предизвикал сообраќајна несреќа во која тешко е повредена малолетна сопатничка.Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 24 јуни околу 19:30 часот полициски службеници од СВР Охрид го привеле И.П. (20) од село Узем.Претходно, на локалниот пат меѓу охридските села Горно и Долно Коњско, управувајќи четирицикл со охридски регистарски ознаки, тој изгубил контро

Македонија | пред 4 месеци

SeKXr-

По договорот меѓу САД и Иран, нафтата поевтини, а сообраќајот низ Ормутскиот теснец се нормализира

Цените на нафтата се спуштија на нивоа какви што не биле забележани од почетокот на воениот конфликт со Иран, додека поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец постепено се нормализира.Глобалната референтна цена на суровата нафта „Брент“ накратко падна под 72,5 долари за барел, достигнувајќи ниво слично на она пред почетокот на американско-израелските напади врз Иран на 28 февруари. Подоцна, цената се стабилизираше на околу 72,6 долари за барел.Пазарите на енергенси забележаа значителен пад отка

Свет | пред 4 месеци

media-librarydik6gkfk88fbfVXZl92

(Видео) Вучиќ објави видео со роботите Милутин и Драгутин: „Моравац? Тие играат подобро од мене“

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави хумористично видео на социјалната мрежа „Инстаграм“, на кое во главна улога се роботите Милутин и Драгутин, кои играат традиционално српско оро – Моравац.„Моравац? Роботите се многу подобри од мене“, напиша Вучиќ во објавата, коментирајќи го видеото кое брзо привлече внимание на социјалните мрежи.Во видеото, претседателот на Србија упати и повик до граѓаните да присуствуваат на големиот собир што е најавен за 27 јуни пред Собранието на Србија во Белгр

Настани | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања