Промени тема
Контакт

Најнови вести

1 мес.
media-libraryl83rfetao1pedcgre47

15-годишник од Гостивар возел „тојота“ без дозвола

Петнаесетгодишен малолетник од Гостивар е лишен од слобода откако полицијата го затекнала како управува автомобил без да поседува возачка дозвола.Од МВР информираат дека случајот се случил на 3 септември околу 21:50 часот на улицата „Младен Симоноски“ во Гостивар. Полициски службеници од ОВР Гостивар го запреле малолетникот, кој управувал патничко возило „тојота“ со гостиварски регистарски ознаки.Според полицијата, 15-годишникот управувал со возилото пред воопшто да се стекне со право да полага

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-20-9330PM

Вработен во ЕВН пријавил физички напад на работното место

Вработен во обезбедувањето на ЕВН пријавил дека бил физички нападнат на работното место во Гостивар.Од МВР информираат дека на 3 септември во 10:50 часот во ОВР Гостивар, 51-годишниот С.С. од Гостивар пријавил дека околу 08:40 часот, додека бил на работното место како обезбедување во ЕВН, бил физички нападнат од Н.Е. од Гостивар.По целосното документирање на случајот, полицијата најавува соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
napad

12 и 14-годишно момче нападнати во кругот на училиште во Гостивар од 16-годишник

Мајка од Гостивар пријавила дека нејзините двајца малолетни синови биле физички нападнати во кругот на училиште.Според информациите од МВР, на 3 септември во 22:40 часот во ОВР Гостивар, 46-годишната Н.Н. пријавила дека околу 20:00 часот, во кругот на гостиварско училиште, нејзините синови на возраст од 12 и 14 години биле физички нападнати од 16-годишен малолетник.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryu95mndbpf2uacNbhhC4

16-годишник сам се пријавил во полиција: Ненамерно го повредил другарот со остар предмет

Шеснаесетгодишен малолетник е лишен од слобода во Тетово откако пријавил дека при разговор со својот малолетен другар, ненамерно го повредил со остар предмет.Од МВР информираат дека на 3 септември во 22:30 часот во СВР Тетово, 47-годишниот Б.Ш. од селото Челопек пријавил дека околу 18:30 часот, неговиот малолетен син седел на клупа во близина на Културниот дом во Тетово, кога 16-годишен малолетник, негов другар од тетовско село, при разговор ненамерно му нанел повреда со остар предмет.Подоцна, 1

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarym75lcpdgg7cpckICa7c

Од затвор преку мобилна апликација ѝ се заканувал на невенчаната сопруга и нивниот син

Жена од Тетово пријавила дека добивала закани од својот невенчан сопруг, кој се наоѓа на издржување затворска казна.Од МВР информираат дека на 3 септември во 20:50 часот во СВР Тетово, 35-годишната жена пријавила дека преку мобилна апликација, нејзиниот невенчан сопруг упатувал закани кон неа и нивниот син.Според пријавата, мажот во моментов издржува казна затвор во Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library4l3ts3o5mpgv5peBkQR

Осумгодишно дете тешко повредено откако со детски мотор удрило во паркирана тракторска приколка

Осумгодишно дете од гостиварското село Дебреше е повредено откако со детски мотор удрило во паркирана тракторска приколка.Од МВР информираат дека на 3 септември во 16:40 часот во ОВР Гостивар било пријавено од Ургентниот центар во Гостивар дека кај нив било донесено повредено осумгодишно дете.Според пријавеното, детето управувало детски мотор во дворот од семејната куќа, при што удрило во паркирана тракторска приколка.Поради сериозноста на повредите, детето било префрлено во Комплексот клиники „

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryh2aohabuoto18k0oXtb

Погодено складиште на СЗО во Украина: Во него имало хуманитарна медицинска опрема

Складиште на Светската здравствена организација (СЗО) во Украина, во кое се чува хуманитарна медицинска опрема, било погодено во текот на ноќниот воздушен напад во поширокиот регион на Киев.Портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер, соопшти дека пристапот до објектот засега е ограничен поради чадот и безбедносните ризици, додека се проценува материјалната штета и евентуалната загуба на медицински залихи.„Ниту еден член на персоналот на СЗО не е погоден“, изјави Линдмајер.Ова е втор ваков инцидент

Свет | пред 1 месец

1 мес.
nafta

Нафтата повторно „гори“: „Брент“ над 96 долари, цените скокнаа најмногу од јули

Нафтата повторно поскапува на светските пазари, а новата ескалација на судирите меѓу САД и Иран ги зголеми стравувањата дека снабдувањето со енергенси преку Ормускиот Теснец би можело сериозно да биде нарушено.Цената на „Брент“ во петокот се движеше околу 96 долари за барел, што претставува неделен раст од повеќе од 7 отсто. Американската WTI нафта достигна близу 92 долари за барел, со неделно поскапување од над 9 отсто. Станува збор за најголем неделен раст на цените од јули.Наглото зголемување

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

„Седум починати од западнонилска треска - осум недели молк за водата во Гостивар, одговорни нема“, вели СДСМ

СДСМ преку соопштение обвини дека институциите не даваат одговори за низа здравствени проблеми, посочувајќи ги труењето со вода во Гостивар и смртните случаи од западнонилска треска како примери за, како што велат, задоцнета реакција и недостиг на одговорност.Од партијата велат дека поминале осум недели од случајот со водата во Гостивар, по кој, според нив, околу 5.000 граѓани завршиле во болница, но сè уште нема објавен извештај за безбедноста на водата ниту одговор кој е одговорен за состојбат

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryt0fa1jjo0hpq1PWCL09

За првпат целосно дигитални учебници во Македонија – „Арс Ламина“ ги обезбедува бесплатно за сите ученици и наставници

Учениците од деветто одделение од оваа учебна година за првпат во Македонија добиваат пристап до целосно дигитални учебници со интерактивни и мултимедијални содржини, како и систем за следење на напредокот во учењето.Дигиталните учебници по математика и хемија, развиени од издавачката куќа „Арс Ламина“, се достапни бесплатно за сите ученици, наставници и родители преку образовната платформа ucebnici.mk.Од „Арс Ламина“ објаснуваат дека овие изданија се разликуваат од класичните електронски учебни

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryr2nljhmlbn8r11YZOdZ

(Видео) Жерновски: СДСМ бара Обвинителството да отвори истрага за унгарскиот кредит и во Македонија

СДСМ бара македонското обвинителство да отвори истрага за кредитот од една милијарда евра договорен со Унгарија, откако, како што тврди партијата, унгарските власти започнале истрага поврзана со работењето на Ексимбанк.Барањето го упати членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, кој на прес-конференција оцени дека македонските институции мора да ги проверат сите околности поврзани со кредитот, особено потеклото и текот на парите.„Македонските правосудни институции се должни веднаш да р

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryas8uahr8rntt6valvVw

Крадел пригушници од железничката пруга, приведен скопјанец

Скопјанец е лишен од слобода по пријава за две тешки кражби на пригушници од железничката пруга, соопшти Министерството за внатрешни работи.Полициски службеници од СВР Скопје на 3 септември го привеле З.С. (45) од Скопје во Полициската станица Аеродром. Според пријавата, кражбите биле извршени на две различни локации – едната на подрачјето на ПС Аеродром, а другата на подрачјето на ПС Драчево.По пријавувањето на случаите, полицијата презела мерки и активности за нивно расчистување, при што украд

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library2s0cfrm6sp5rdAQxAK3

МОН му нема доделено стипендија на синот на пратеникот Антонијо Милошевски, рече Јаневска

Министерката за образование и наука Весна Јаневска ги отфрли како неточни информациите дека Министерството доделило стипендија на синот на пратеникот Антонијо Милошевски за студирање на странство.Одговарајќи на новинарско прашање за наводите што се шират на социјалните мрежи, Јаневска рече дека во јавноста често се објавуваат неточни информации.„Мене ми е многу жал да кажам дека на нашите социјални мрежи има многу лажни вести“, рече министерката.Таа посочи дека лично ги потпишува стипендиите за

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library15g81gclr13v5lnCoSg

„Македонија е меѓу земјите со највисок економски раст во Европа“, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека македонската економија бележи силен раст, посочувајќи дека БДП во второто тримесечје од 2026 година пораснал за 4,3 отсто, додека растот во првото полугодие изнесува околу 3,7 отсто.Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека економската активност е исклучително висока и дека резултатите од политиките на Владата почнуваат да се гледаат.„Во второто тримесечје имаме исклучително висока економска активност и зголемен бруто-домашен производ од 4,3 пр

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
danok

Затаен данок од 4,5 милиони денари: Кривична пријава против сопственик на фирма од Струга

Буџетот на државата е оштетен за повеќе од 4,5 милиони денари поради неплатен данок на добивка, соопшти Управата за финансиска полиција, која поднела кривична пријава против сопственик и управител на правно лице од Струга, како и против самата компанија.Пријавата до Основното јавно обвинителство Струга е поднесена поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик.Според Финансиската полиција, првопријавениот Б.З., како сопственик

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarykdav31mm4tuj6lZDNbH

(Видео) Не зборува англиски, но „beef or chicken?“ го разбира совршено: кучето стана најзаинтересиран патник на тоа прашање

Не зборува англиски, но „beef or chicken?“ го разбира совршено!Мирен, послушен и професионален патник во авионот… сè додека низ кабината не одекнат трите магични зборови.„Beef or chicken?“Во тој момент, одеднаш станува најзаинтересираниот патник во целиот авион.Изгледа дека не мора да го знаеш јазикот за да го разбереш најважното прашање на летот!

Вирално | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryt4a022nboc6i9oBv1BJ

Венс: Нема временска рамка за крај на конфликтот со Иран

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, не даде проценка кога би можел да заврши конфликтот со Иран, ниту кога цените на бензинот би можеле да се вратат на нивото пред почетокот на непријателствата. Наместо тоа, тој порача дека натамошниот тек на конфликтот во голема мера зависи од Техеран.Венс воедно оцени дека актуелните случувања не треба да се нарекуваат војна, бидејќи, според него, активните борбени операции завршиле пред неколку месеци.„Во моментов нема активно пукање“, изјави Венс во Белата

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryvnug5cfs0cg1aZt7kjt

„Не спиевме 38 ноќи, додека сите беа на распуст, тој беше во болница“: Момче силувано од врсници во училиште во Србија

Родителите на ученици од Основното училиште „Татомир Анѓелиќ“ во Мрчајевци предале петиција со повеќе илјади потписи, барајќи од надлежните институции целосно да го испитаат случајот со наводно врсничко сексуално насилство врз ученик и да утврдат одговорност за сите кои евентуално пропуштиле да постапат, пренесуваат локалните медиуми.Денес во училиштето е закажан состанок на институциите вклучени во случајот, по што треба да биде познато какви мерки ќе бидат преземени и дали, освен една наставни

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
bremena-1

Над 1800 семејства побарале ин-витро на товар на државата во изминатата година

За семејствата кои се соочуваат со тешкотии при остварувањето на желбата да станат родители, зголемувањето на бројот на БПО обиди на товар на Фондот веќе дава конкретни резултати. За само една година, стотици осигуреници ја искористиле можноста да продолжат со постапката и по третиот неуспешен обид.Од Фондот за здравствено осигурување информираат дека од 7 август 2025 до 20 август 2026 година биле поднесени и разгледани вкупно 1.883 барања за биомедицинско потпомогнато оплодување. Од нив, 237 се

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library7v5l0fs3vu7tfZN20B7

„Градежништвото е силен двигател на македонската економија“, вели Николоски

Градежниот сектор во земјава бележи значителен раст, откако во второто тримесечје од 2026 година активноста во градежништвото се зголемила за 21,9 отсто во споредба со истиот период лани.Податокот го објави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој посочи дека во второто тримесечје биле завршени градежни работи во вкупна вредност од 14,9 милијарди денари, односно околу 242 милиони евра.Николоски оцени дека растот на градежништвото е значаен поттик за дома

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library54li3rmgakmq1X1dTls

Левица: Седуммина починати за едно лето - западнонилската треска однесе рекорден број жртви, а Институтот за јавно здравје го прекина неделното информирање за епидемијата

Левица преку соопштение ја обвини Владата дека не обезбедува навремено информирање за состојбата со западнонилската треска, откако бројот на починати во земјава достигна седум, а 19 пациенти и натаму се хоспитализирани.Од партијата велат дека последниот официјален неделен извештај на Институтот за јавно здравје содржи податоци заклучно со 25 август, кога биле регистрирани пет смртни случаи. Според Левица, во меѓувреме бројот на починати се зголемил на седум, а има и нови сомнителни случаи.„На ДП

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Трамп сака Ормускиот Теснец да го преименува во „Теснец Трамп“

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно предизвика внимание со предлог поврзан со преименување на географски објект – овојпат предложи Ормускиот Теснец да го добие неговото име.„Сега, откако го контролираме, дали треба Ормускиот Теснец да го преименуваме во ‘Теснец Трамп’?“, напиша Трамп на својата платформа „Трут соушал“. Неговиот предлог е објавен на 2 септември.Трамп и претходно предложи промени на имиња на географски објекти. Пред неколку дена потпиша извршна наредба со која езерото

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library40lvpikdq95s7ylGh21

Кавадарци е подготвено за „Тиквешкиот гроздобер 2026“: Градот ќе мириса на вино, музика и традиција

Кавадарци е подготвено да ги пречека гостите на „Тиквешкиот гроздобер 2026“, манифестација посветена на грозјето, виното, културата и традицијата.Градот веќе е украсен, а атмосферата се загрева во пресрет на богатата програма која ќе понуди музика, вино, традиционални содржини и забава за посетителите.Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, порача дека градот е подготвен за уште едно издание на познатиот вински празник и ги повика граѓаните и гостите да бидат дел од прославата.„Тиквешкиот гр

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarym0gbv2rrvv9efdulnPo

Пожарот кај Грачани и натаму активен: Утрово интервенираат пожарникари, ер-трактори и два хеликоптери

На територијата на Град Скопје утрово е активен еден пожар на отворен простор, кај селото Грачани во општина Ѓорче Петров, информира раководителот на Главниот кризен штаб, Стојанче Ангелов.Станува збор за пожар кој пред два дена од косовска страна се проширил на македонска територија. Не се загрозени населени места, а гори главно трева, грмушки и ниски смреки, поради што пожарот создава силен пламен и густ чад. На одделни места огнот се движи ниско по земја низ мешовита шума.Во гаснењето во сред

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarylqqng7c8siq38MkgW4E

Вечерва нема да недостига забава: Фестивал во Аеродром, спектакл на плоштадот и почеток на „Тиквешки гроздобер“

За оние кои сè уште немаат план за вечерва, изборот е голем – Скопје ќе има две големи случувања под отворено небо, додека во Кавадарци почнува годинашното издание на „Тиквешки гроздобер“.Во скопски Аеродром вечерва започнува второто издание на AERO Street Food Festival, кој од 4 до 8 септември ќе го претвори паркот „Авионче“ во фестивалска зона со музика во живо, диџеј-сетови, улична храна и гастрономски натпревари.Организаторите најавуваат пет фестивалски вечери, а годинашната програма вклучув

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања