Промени тема
Контакт

Најнови вести

2 мес.
media-library57kdf6a0fe9i1muR62x

„Среќен празник, намќори“: Богдан Илиевски со порака до критичарите на прославата за независноста

Поранешниот функционер на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен водител на „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ на ТВ Алфа, Богдан Илиевски, со остра порака до оние кои ја критикуваат прославата на 35-годишнината од независноста на Македонија. (ТВ Алфа)Под наслов „Среќен празник, намќори“, Илиевски на Фејсбук ги критикува ставовите според кои нема што да се слави поради проблемите во државата, потсетувајќи на коментарите за корупцијата, загадувањето, трагедиите и други општествени проблеми.Според него, дел од кри

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-library5tq6q7e8f7socBkX5jz

(Видео) Антониа Гиговска влегува во евровизиската трка, одговори и на прозивките за да настапи заедно со Боки 13

Антониа Гиговска размислува за учество на Евровизија и веќе има неколку музички идеи со композиторите Дарко Димитров и Лазар Цветкоски. Таа во „Вечер во Охрид со Ландов и Вик“ рече дека би сакала да ја претставува Македонија, но дека конечниот избор треба да го направи публиката.„Не знам дали ќе ме избере публиката. Се надевам и би сакала“, рече Гиговска.Прашана дали веќе подготвува песна со која би се пријавила на можниот избор, таа потврди дека се разгледуваат неколку идеи.„Да ти кажам искрено

Сцена | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryri1m0cmr36to9gzxBXF

„Постојано го слушаме зборот независност, а ретко одговорност“ – адвокатката Зефиќ за одлуката на Уставниот суд

Адвокатката Павлина Зефиќ реагира на соопштението на Судскиот совет и Здружението на судиите по повод одлуката на Уставниот суд за постапувањето на судија од Основниот граѓански суд.Според неа, главниот аргумент во реакциите е дека одлуката на судијата не е правосилна и дека за неа допрва треба да одлучува Апелациониот суд, поради што институциите треба да бидат внимателни за да не влијаат врз исходот на постапката.Зефиќ вели дека никој не ја спори судската независност, но оти во јавноста премно

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-librarybm47u5rus0772ZvkxiC

Заев требаше да биде во владиниот спот за независноста на Македонија, со него беше признат идентитетот, македонскиот јазик, а влеговме и во НАТО, напиша член на СДСМ

Воислав Попоски од СДСМ Вевчани реагираше на начинот на кој, според него, се претставени достигнувањата на Македонија во спотот посветен на 35-годишнината од независноста.Тој смета дека во видеото се прикажани спортски успеси и други значајни личности и настани од македонската историја, но дека намерно бил изоставен поранешниот премиер Зоран Заев.Попоски посочи дека во спотот е вклучен и поранешниот претседател Киро Глигоров, како и настапот на Дурловски, за кого вели дека бил дел од политичка к

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-library4npddjapi8h6aq6SM4N

Повторно се разгоре пожарот во Словенија, гаснењето отежнато поради непристапниот терен

Пожарот над селото Срењи Врх, во близина на Крањска Гора во Словенија, повторно се разгорел денеска, откако минатата сабота бил речиси целосно изгаснат.Гаснењето е насочено кон две жаришта на тешко пристапен терен, каде што интервенираат пожарникари, воен хеликоптер и два авиона „Ер трактор“.На површина од околу еден хектар сè уште има подземни жаришта, односно пожарот тлее под површината. Целта на екипите е да го натопат земјиштето со вода и да спречат повторно ширење на пожарот на површината.П

Балкан | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryn3gbq2t3qg7u94zzN3j

Маж завршил на Инфективна клиника по каснување од змија во Ниш

Маж бил каснат од змија во близина на автобуската станица во Ниш, по што бил задржан на Инфективната клиника за набљудување.Инцидентот се случил на булеварот „12 Февруари“, каде што змијата го каснала мажот за ногата. По лекарскиот преглед било утврдено дека станува збор за неотровна змија, поради што немало потреба од примена на серум.Поради претпазливост, мажот бил задржан преку ноќ на клиниката, а денеска се очекува да биде пуштен дома.Херпетологот Данко Јовиќ објаснува дека појавата на змии

Балкан | пред 2 месеци

2 мес.
media-library8iekmmmqemhn4fRaQMe

Медузи ја прекинаа работата на три нуклеарни реактори во Франција

Три реактори во нуклеарната централа Гравлин во северна Франција биле исклучени откако рој медузи ги блокирал пумпите за ладење со морска вода, соопшти енергетската компанија ЕДФ.Инцидентот се случил во понеделникот, при што три реактори биле целосно исклучени, додека моќноста на четвртиот била намалена за половина. Петтиот реактор продолжува да работи со полн капацитет, а шестиот бил исклучен и претходно поради редовно одржување.Од ЕДФ соопштија дека ситуацијата не претставува опасност за безбе

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
zabrana

Над 3.000 тужби против социјалните мрежи поради наводно зависнички дизајн

Американскиот апелациски суд дозволи да продолжат постапките против Мета, Гугл, ТикТок и други компании за социјални мрежи, кои се обвинети дека нивните платформи се дизајнирани на начин што поттикнува зависност кај младите.Деветтиот окружен апелациски суд во Сан Франциско ја потврди одлуката на понискиот суд, со што се овозможува продолжување на повеќе од 3.000 обединети тужби. Технолошките компании претходно се повикаа на законскиот имунитет од членот 230 од Законот за пристојност во комуникац

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-librarym6afk8huu2aqcdftk8d

„Постигнат договор за откупната цена на ајварската пиперка“, вели Серафимовски

Договор за откупната цена на ајварската пиперка е постигнат меѓу земјоделците, откупувачите и преработувачите, соопшти денеска од Струмица министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски.Според договореното, од утре пиперката ќе се откупува по 40 денари за прва класа, 30 денари за прва-втора и индустриска класа, додека за најниската класа цената ќе изнесува 15 денари.Серафимовски информираше дека договорот е постигнат по повеќедневни разговори со земјоделците, откупувач

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryiphddgqg9emn5R0k07T

(Видео) Станишиќ за Гиговска: По Тоше, таа може достојно да нè претставува на Евровизија

Победникот на „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ, не се гледа себеси како македонски претставник на Евровизија и смета дека Антониа Гиговска е посоодветен избор за големата европска сцена.„Не е работата во тоа дека сум скромен, туку едноставно не сум тип што треба да ја претставува Македонија на Евровизија. Не се гледам таму“, рече Станишиќ во „Вечер во Охрид со Ландов и Вик“.Тој потсети дека ја познава Гиговска уште од нејзините почетоци и дека биле заедно на аудиција кога таа била многу млад

Сцена | пред 2 месеци

2 мес.
media-library0c9g0dk0km986QLJ4du

„Не расте обемот, туку бруталноста во случаите на врсничко насилство - институциите ги зајакнуваат превентивните и казнените мерки“, вели Јаневска

Околу 50 случаи на врсничко насилство годишно во просек се пријавуваат во училиштата во последните три учебни години, но иако бројот не расте, загрижува зголемената бруталност во дел од случаите, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска.Таа ова го посочи на панел-дискусијата „Меѓуврсничко насилство и вандализам“ во Охрид, организирана по повод Меѓународниот ден на младите – 12 Август.Јаневска нагласи дека превенцијата е еден од клучните начини за справување со проблемот. Со зак

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-librarygan6kj3hhkpp8ltitPV

Тепачка со тврди предмети во Драчево, повреден 16-годишник и нападнат полицаец

Шест лица се приведени во Скопје по физичка пресметка во Драчево, во која бил повреден 16-годишник, а подоцна бил нападнат и полициски службеник.Од МВР информираат дека на 10 август во 23:20 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Р.С.(63), Б.С.(37), Б.А.(20), О.С.(41), Н.С.(21) и Ѓ.С.(33), сите од Скопје.Според пријавеното, околу 22:30 часот лицата го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка, при што биле употребени и тврди предмети. Во пресметката била нанесена расекотина н

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Со огнено оружје запреле возило и ограбиле татко и син кај Сарај

Татко и син биле ограбени на локалниот пат меѓу селата Рашче и Сарај, откако две лица со закана со огнено оружје ги запреле и им одзеле лични предмети.Од МВР информираат дека на 11 август во 00:50 часот во СВР Скопје, И.Р.(33) од скопско пријавил дека околу 00:30 часот, додека управувал патничко возило на локалниот пат Рашче–Сарај, бил сопрен од две лица.Според пријавеното, лицата со закана со огнено оружје од него и неговиот син одзеле мобилни телефони, пари и други лични предмети.Од полицијата

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
pijan-1

Под дејство на алкохол ја оштетувал покуќнината и се заканувал на семејството

Полицијата во Свети Николе лишила од слобода 37-годишен маж по пријава дека под дејство на алкохол предизвикал инцидент во семејниот дом.Од МВР информираат дека на 11 август во 01:50 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода Д.Н.(37).Според пријавеното, претходната вечер околу 23:30 часот, во семејниот дом во Свети Николе, тој под дејство на алкохол оштетил дел од покуќнината и упатувал закани кон членови на семејството.За настанот е известен јавен обвинител. По целосн

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-library3hotuv4ck15d0VuvNGT

Ќерка ја нападнала својата 72-годишна мајка

Полицијата во Радовиш лишила од слобода 46-годишна жена по пријава дека физички ја нападнала својата 72-годишна мајка.Од МВР информираат дека на 10 август во 22:35 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш ја лишиле од слобода Р.Ј.Н., која престојува во Радовиш.Според пријавеното, таа во куќата во која престојува во Радовиш физички ја нападнала нејзината мајка.Жената била задржана во Полициската станица Радовиш. За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документира

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-library72q79m3lccl70doF8Za

Товарно возило излетало од патот кај Радовиш, едно лице тешко повредено

Тешка сообраќајна несреќа се случила на регионалниот пат од село Ињево кон Радовиш, при што едно лице се здобило со тешки телесни повреди.Според информациите од МВР, несреќата се случила на 10 август околу 16:20 часот, на местото викано „Горен пат“. Товарно возило „фиат“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот Н.Н. од село Ињево, излетало надвор од патот.Во несреќата тешко бил повреден сопатникот А.Ј. (22) од село Воиславци, чии повреди биле констатирани во Клиничката болница

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-librarypti1dbos44h6dXazp7a

Пронајдена бомба во водите на Охридското Езеро кај Пештани

Експлозивна направа била пронајдена во водите на Охридското Езеро, во близина на хотел во Пештани.Од МВР информираат дека на 10 август во 18:10 часот, во Регионалниот центар за гранични работи Запад – Охрид, А.С. од Охрид пријавил дека во езерото била пронајдена бомба.За случајот била известена Дирекцијата за заштита и спасување, која треба да преземе активности за подигнување на експлозивната направа.

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryk1ukvadfjl94cyir2gl

Изградил ограден ѕид и настрешница на државно земјиште, пријавен за узурпација

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против 66-годишниот И.С.Б. од село Баниште, дебарско, поради сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.Според пријавеното, во текот на 2025 и 2026 година, на дел од катастарски парцели во катастарската општина Баниште, тој на државно земјиште изградил ограден ѕид со настрешница, без претходно да добие решение за поставување од надлежен орган.

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
pvdk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWVdRN01EQV8vNmYyMTdjOWNjMjBmZGJmNzIzMTQwMThmMmI2MzA4MWUuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Кривична пријава против фирма и нејзин вработен од тетовско поради недозволена наплата во странска валута

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице од Тетово и 43-годишниот О.Ј. од село Слатино, вработен во компанијата, поради сомнение за сторено кривично дело „недозволена наплата или исплата во ефективни странски пари“.При контрола извршена на 17 април 2026 година во правното лице, полициските службеници го затекнале О.Ј., при што во касата биле пронајдени странски банкноти.По документирањето на случајот, СВР Тетово поднело соодветна кривична пријава против правното лице и вработениот.

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryt3em8iremk9a7hu5swm

28-годишник од Тетово лажно пријавил дека баба му и дедо му му украле 3,5 милиони денари

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 28-годишниот Т.М. од Тетово, поради сомнение дека лажно пријавил кражба и со тоа сторил кривично дело „лажно пријавување кривично дело“.Според пријавеното, на 3 март 2026 година, во СВР Тетово, Т.М. пријавил дека два дена претходно, во неговиот дом, неговите дедо и баба му одзеле пари во износ од околу 3,5 милиони денари.По преземените мерки, утврдено е дека пријавата била лажна, поради што против него е поднесена кривична пријава.

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryr7ustgvht52acQBplbO

16-годишен малолетник тешко повреден откако возило го удрило додека туркал тротинет, возачот избегал

Шеснаесетгодишен малолетник од Скопје е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Адем Демачи“ во Скопје.Според МВР, несреќата била пријавена на 10 август во 16:55 часот. Патничко возило удрило во малолетникот додека тој туркал електричен тротинет, по што возилото го напуштило местото.Малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје. Полиција

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryelnsls13q2tubid3wIc

Малолетен мотоциклист тешко повреден по судир со автомобил во Струмица

Тешка сообраќајна несреќа се случила во текот на ноќта на улицата „Младинска“ во Струмица, при што тешко бил повреден 17-годишен мотоциклист.Според информациите од МВР, несреќата била пријавена во 01:51 часот, а во неа учествувале патничко возило „фиат 500“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.М.В. од село Просениково, и мотоцикл управуван од 17-годишен малолетник од Струмица.Во судирот мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди. Повреден бил и малолетниот сопатник кој се наоѓ

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryisank9r2eel42Vy1oX3

Контејнерски брод погоден со проектил во Оманскиот Залив

Контејнерски брод бил вклучен во инцидент со воени сили во Оманскиот Залив, соопшти британската Агенција за поморска трговија (UKMTO). Агенцијата подоцна ја коригирала првичната информација дека станува збор за танкер.Според извори од поморската безбедност, се верува дека контејнерскиот брод бил погоден со проектил. Станува збор за бродот „Vela Nova“, кој плови под панамско знаме.Инцидентот се случил во вторник, додека бродот пловел низ Оманскиот Залив, на околу 71 наутичка милја од брегот на Па

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-library4ghbfu3jjeog3jeI9vv

ПЕТ/КТ скенерот на УИ ПЕТ не работи, пациентите ќе се упатуваат на други дијагностички методи

ПЕТ/КТ скенерот на Универзитетскиот институт за позитронска емисиона томографија (УИ ПЕТ) моментално не работи поради технички дефект, информира Министерството за здравство.Од Министерството наведуваат дека проблемот е поврзан со производството на радиоизотопи и со циклотронот. Овластениот сервисер интензивно работи на отстранување на дефектот, а преземени се потребните мерки апаратот повторно да биде ставен во функција во најкраток можен рок.Според Министерството, проблемот е последица на долго

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-librarymon3ksfgc5he5TnK3fs

Млад режисер загина откако го удри гумен чамец кај Лампедуза

Младиот италијански режисер Кристијано Даниеле Џампоркаро (29) го загуби животот во несреќа во морето кај Пунта Сотиле на Лампедуза, откако во него удрил гумен чамец.Џампоркаро бил на море со својата девојка. По краткото нуркање, таа се вратила на карпите, додека тој продолжил да нурка, при што со бова го означил своето присуство во водата.Според првичните информации, во него удриле пропелерите на гумениот чамец, во кој имало две лица. Неговото тело било извлечено од припадници на крајбрежната с

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања