Промени тема
Контакт

Најнови вести

2 мес.
media-libraryk1ukvadfjl94cyir2gl

Изградил ограден ѕид и настрешница на државно земјиште, пријавен за узурпација

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против 66-годишниот И.С.Б. од село Баниште, дебарско, поради сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.Според пријавеното, во текот на 2025 и 2026 година, на дел од катастарски парцели во катастарската општина Баниште, тој на државно земјиште изградил ограден ѕид со настрешница, без претходно да добие решение за поставување од надлежен орган.

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
pvdk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWVdRN01EQV8vNmYyMTdjOWNjMjBmZGJmNzIzMTQwMThmMmI2MzA4MWUuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Кривична пријава против фирма и нејзин вработен од тетовско поради недозволена наплата во странска валута

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице од Тетово и 43-годишниот О.Ј. од село Слатино, вработен во компанијата, поради сомнение за сторено кривично дело „недозволена наплата или исплата во ефективни странски пари“.При контрола извршена на 17 април 2026 година во правното лице, полициските службеници го затекнале О.Ј., при што во касата биле пронајдени странски банкноти.По документирањето на случајот, СВР Тетово поднело соодветна кривична пријава против правното лице и вработениот.

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryt3em8iremk9a7hu5swm

28-годишник од Тетово лажно пријавил дека баба му и дедо му му украле 3,5 милиони денари

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 28-годишниот Т.М. од Тетово, поради сомнение дека лажно пријавил кражба и со тоа сторил кривично дело „лажно пријавување кривично дело“.Според пријавеното, на 3 март 2026 година, во СВР Тетово, Т.М. пријавил дека два дена претходно, во неговиот дом, неговите дедо и баба му одзеле пари во износ од околу 3,5 милиони денари.По преземените мерки, утврдено е дека пријавата била лажна, поради што против него е поднесена кривична пријава.

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryr7ustgvht52acQBplbO

16-годишен малолетник тешко повреден откако возило го удрило додека туркал тротинет, возачот избегал

Шеснаесетгодишен малолетник од Скопје е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Адем Демачи“ во Скопје.Според МВР, несреќата била пријавена на 10 август во 16:55 часот. Патничко возило удрило во малолетникот додека тој туркал електричен тротинет, по што возилото го напуштило местото.Малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје. Полиција

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryelnsls13q2tubid3wIc

Малолетен мотоциклист тешко повреден по судир со автомобил во Струмица

Тешка сообраќајна несреќа се случила во текот на ноќта на улицата „Младинска“ во Струмица, при што тешко бил повреден 17-годишен мотоциклист.Според информациите од МВР, несреќата била пријавена во 01:51 часот, а во неа учествувале патничко возило „фиат 500“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.М.В. од село Просениково, и мотоцикл управуван од 17-годишен малолетник од Струмица.Во судирот мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди. Повреден бил и малолетниот сопатник кој се наоѓ

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryisank9r2eel42Vy1oX3

Контејнерски брод погоден со проектил во Оманскиот Залив

Контејнерски брод бил вклучен во инцидент со воени сили во Оманскиот Залив, соопшти британската Агенција за поморска трговија (UKMTO). Агенцијата подоцна ја коригирала првичната информација дека станува збор за танкер.Според извори од поморската безбедност, се верува дека контејнерскиот брод бил погоден со проектил. Станува збор за бродот „Vela Nova“, кој плови под панамско знаме.Инцидентот се случил во вторник, додека бродот пловел низ Оманскиот Залив, на околу 71 наутичка милја од брегот на Па

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-library4ghbfu3jjeog3jeI9vv

ПЕТ/КТ скенерот на УИ ПЕТ не работи, пациентите ќе се упатуваат на други дијагностички методи

ПЕТ/КТ скенерот на Универзитетскиот институт за позитронска емисиона томографија (УИ ПЕТ) моментално не работи поради технички дефект, информира Министерството за здравство.Од Министерството наведуваат дека проблемот е поврзан со производството на радиоизотопи и со циклотронот. Овластениот сервисер интензивно работи на отстранување на дефектот, а преземени се потребните мерки апаратот повторно да биде ставен во функција во најкраток можен рок.Според Министерството, проблемот е последица на долго

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-librarymon3ksfgc5he5TnK3fs

Млад режисер загина откако го удри гумен чамец кај Лампедуза

Младиот италијански режисер Кристијано Даниеле Џампоркаро (29) го загуби животот во несреќа во морето кај Пунта Сотиле на Лампедуза, откако во него удрил гумен чамец.Џампоркаро бил на море со својата девојка. По краткото нуркање, таа се вратила на карпите, додека тој продолжил да нурка, при што со бова го означил своето присуство во водата.Според првичните информации, во него удриле пропелерите на гумениот чамец, во кој имало две лица. Неговото тело било извлечено од припадници на крајбрежната с

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-library5u0338blvt9gcfrhfw3

Латвија откри тунел под границата со Белорусија, најавува засилена борба против мигрантските мрежи

Латвија во вторник соопшти дека под границата со Белорусија пронашла тунел и најави засилување на мерките против мрежите за кои тврди дека им помагаат на сè поголем број мигранти нелегално да ја преминуваат границата.Латвиските војници минатиот месец употребиле солзавец и испукале предупредувачки истрели за да ги спречат мигрантите кои се обидувале да влезат во земјата од Белорусија. Двете земји делат граница долга 173 километри.„Заштитата на источната граница на Латвија ќе биде засилена, а гран

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryr51a34b32en5bmhrbQt

Регистрирани осум пожари на отворено до 13 часот, еден сè уште активен

Осум пожари на отворен простор се регистрирани до 13 часот денеска, информира Центарот за управување со кризи. Од нив, еден пожар е активен, еден е ставен под контрола, а шест се целосно изгаснати.Активен е пожарот во Општина Македонски Брод, во месноста Видуш, во близина на селото Драгов Дол. Зафатени се ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.Под контрола е ставен пожарот на градската депонија во Општина Делчево.Во текот на денот се изгаснати шест пожари. Во Општина Виница пожарот бил

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryoo4ropurfn48eXjyBAY

„Изет Меџити го уништува спортот: Вчера ФК Шкупи, денес КК Чаир“, велат од ДУИ

ДУИ преку соопштение обвинува дека спортот во Општина Чаир се соочува со сериозен пад откако со општината раководи Изет Меџити, посочувајќи ги како примери ФК Шкупи и КК Чаир.Од партијата потсетуваат дека ФК Шкупи пред неколку години беше шампион на Северна Македонија и настапуваше во европските натпреварувања, но минатата сезона заврши на последното место и испадна од Првата лига.Сега, според ДУИ, слична ситуација се случува и со КК Чаир. Кошаркарската федерација соопштила дека клубот не ги исп

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
IMG_4929

Судскиот совет и Здружението на судии: Одлуката на граѓанскиот суд не може да биде однапред определена од Уставниот суд

Самостојноста и независноста на судовите мора да се почитуваат, а ниту еден државен орган не смее да го прејудицира исходот на судска постапка, порачаа Судскиот совет и Здружението на судиите во заедничко соопштение по потегот на Уставниот суд да пријави судија од Основниот граѓански суд Скопје во обвинителството.Од двете институции нагласуваат дека судовите не се задолжени да спроведуваат одлуки на други државни органи, туку судат самостојно и независно врз основа на Уставот, законите и ратифик

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-librarydoq7fot8tn5haIZjFCA

(Видео) Манасиевски: Кога немаат идеи и резултати, во СДС произведуваат конфликти за да останат во центарот на вниманието

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција обвини дека СДСМ, во недостиг на политички идеи и резултати, се обидува да го привлече вниманието преку создавање конфликти и инциденти.Манасиевски оцени дека политиката на раководството на СДСМ и Венко Филипче се сведува на инциденти, расправии и поделби.„Кога немаат идеи и резултати, во СДС произведуваат конфликти за да останат во центарот на вниманието“, изјави Манасиевски.Тој се осврна и на неодамнешниот настан

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryv06a0t2fep237FmrqfK

По кризата во Сеута, ЕУ го заострува пристапот кон миграцијата

Безбедноста и построгата контрола на границите сè повеќе стануваат главен дел од миграциската политика на Европската Унија, додека полибералниот пристап на Шпанија останува сè поредок исклучок.Кризата во Сеута, каде што кон крајот на јули десетици илјади нерегуларни мигранти од Мароко преминаа во шпанската енклава, дополнително го засили притисокот за заострување на политиките. Во инцидентите загинале околу 100 луѓе, што предизвикало и дипломатски тензии меѓу Шпанија и Италија.Италија повторно в

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

80-годишен жител на Чегране приведен по пријава дека се заканувал со остар предмет и оштетил автомобил

Осумдесетгодишен жител на Чегране е лишен од слобода по пријава дека со остар предмет им се заканувал на 19-годишник и негови пријатели, а потоа го оштетил нивното возило.Од МВР информираат дека на 11 август во 03:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Чегране и ОВР Гостивар го привеле Н.Ч. (80).Според пријавеното, околу 02:00 часот на паркинг-простор во Чегране, Н.Ч. со остар предмет се заканувал на Б.Д. (19) и неговите пријатели. Откако тие влегле во возилото „фолксваген туран

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-library2iocci1eeqr40SSsruy

Се обидел да спречи тепачка меѓу двајца возачи, па бил нападнат

Гостиварец бил физички нападнат додека се обидувал да спречи тепачка меѓу двајца возачи.Од ОВР Гостивар информираат дека Б.Р. (49) на 10 август во 18:55 часот пријавил дека околу 16:30 часот, на улицата „Живко Брајкоски“ во Гостивар, се обидувал да раздели двајца возачи кои физички се пресметувале.Во тој момент, според пријавеното, бил физички нападнат од едно машко лице.Полицијата презема мерки за расчистување и целосно документирање на случајот.

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryhmkvg0vpnaumefhiBOH

Ќерка го нападнала татко ѝ со дрвен предмет

Триесетгодишна жена од Гостивар е лишена од слобода по пријава дека физички го нападнала својот 62-годишен татко и му нанела повреди.Од ОВР Гостивар информираат дека А.П. (30) била приведена на 10 август во 15:30 часот, по претходна пријава од нејзиниот татко.Според пријавеното, по кратка расправија, жената физички го нападнала татко ѝ, при што употребила и дрвен предмет и му нанела повреди.А.П. е задржана во полициска станица. По целосното документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесо

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Приведен 46-годишен гостиварец, физички ја нападнал сопругата и ѝ се заканувал

Полицијата привела 46-годишен жител на гостиварско село по пријава дека физички ја нападнал својата сопруга и ѝ упатувал закани.Од ОВР Гостивар соопштија дека на 10 август, во 16:45 часот, полициски службеници го лишиле од слобода С.М. (46), постапувајќи по претходна пријава.Според пријавеното, околу 11:30 часот во деловен објект во Гостивар, тој физички ја нападнал својата 47-годишна сопруга и ѝ упатувал закани.С.М. е задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот, проти

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-library1vo6kr7l1476ejWDj7a

Од мопед пукал со автоматска пушка кон куќа во Селце

Три лица се приведени во рамки на истрагата за пукањето кон семејна куќа во Тетовско, откако полицијата презела повеќе активности за расчистување на случајот.На 10 август, во 14:45 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 34-годишниот А.Џ. од село Селце, поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“.Тој се сомничи дека на 8 август, околу 04:20 часот, додека се движел со мопед, испукал повеќе куршуми од автоматска пушка кон семејната куќа на 48-го

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-library58bcvlrqhtnedZFyCkX

(Видео) Од каде му се парите на Боки 13 за чанти и алишта вредни илјадници евра?

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, вели дека парите со кои располага ги заработува преку својата продукција, поткастот, настапите и други договори што ги склучува.Во „Вечер во Охрид со Ландов и Вик“ тој директно одговори на прашањето што, како што рече, постојано се поставува во јавноста – од каде му се парите за скапата облека и чанти.„Јас сум сега сопственик на ‘Б13 продукција’, каде што се емитува мојот поткаст. Фала му на Бога, добро знам да ги наплатам сите свои проекти“, рече Јовановск

Сцена | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryl42sn4hv0m480pNUZbd

Иран погуби 23-годишна жена која тврдеше дека убила маж во самоодбрана

Иран во саботата ја погуби 23-годишната Марзие Нири, која тврдеше дека убила маж во самоодбрана откако тој се обидел сексуално да ја нападне. Во одделен случај, иранските власти ја осудија Колтум Акбари на десет смртни казни за убиствата на десет постари мажи со кои стапувала во брак.Нири била погубена во затворот во Казвин. Според организацијата „Iran Human Rights“, таа била принудена да стапи во брак на 17-годишна возраст под семеен притисок.Случајот поради кој била осудена датира од октомври

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
Zlato

Златото повторно расте: инвеститорите ги следат инфлацијата и тензиите на Блискиот Исток

Цените на благородните метали забележаа значителен раст во вторник, при што златото достигна највисоко ниво од почетокот на јуни. Инвеститорите ги очекуваат новите податоци за инфлацијата во САД, кои би можеле да дадат насоки за идните одлуки на Федералните резерви за каматните стапки.Спот-цената на златото се зголеми за 1 процент, достигнувајќи 4.432,74 долари за унца до 02:17 часот по Гринич, додека американските фјучерси за злато пораснаа за 1,7 проценти, на 4.492,60 долари.Раст забележаа и о

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryi2s1p0ohtl1q83qRNvV

(Видео) Пожари и експлозии низ Русија: погоден логистички центар, гори рафинерија на Далечниот Исток

Низа пожари и напади биле регистрирани во различни делови на Русија во текот на ноќта меѓу 10 и 11 август, вклучително и на локации илјадници километри од Украина.Во селото Новаја Усман во Воронешката област избувнал пожар во логистичкиот центар на интернет-компанијата Wildberries, по серија експлозии за време на украински напад, според информации од руски извори.Гувернерот на Воронешката област, Александар Гусев, соопштил дека во нападите со украински беспилотни летала загинал 49-годишен маж, а

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Сушата и Ел Нињо ги разгоруваат пожарите во Индонезија: властите користат авиони за предизвикување дожд

Индонезиските власти ги засилија напорите за ставање под контрола на пожарите во шест провинции, при што се користат и авиони за засејување облаци со цел да се предизвика дожд и да се намали загадувањето на воздухот што се шири низ регионот.Земјата годинава се соочува со подолг и поинтензивен сушен период, додека временскиот феномен Ел Нињо дополнително го зголемува ризикот од суша, шумски пожари и загадување.„Во состојба на готовност сме бидејќи временските услови навистина овозможуваат пожарит

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-library09fbn3mn6tqk0Y2DEfk

(Видео) 16-годишна Британка загина во експлозија на туристички брод

Шеснаесетгодишната Британка Аби Линтон, тренерка по навивачки спортови, загина откако туристички брод на кој се наоѓала со семејството експлодирал за време на нивниот одмор во Доминиканската Република.Несреќата се случила на 27 јули, додека бродот ги враќал туристите од излет на островот Саона кон пристаништето Бајахибе. На пловилото имало околу 30 патници.Аби се здобила со тешки изгореници и била пренесена во болница, но три дена подоцна починала. Нејзините сестра Карли и брат Бредли, исто така

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања