Промени тема
Контакт

Најнови вести

2 мес.
media-library80ut1svb25vc0HZ0iWD

Голем пожар во Албанија, евакуирани семејства од загрозено село

Албанските пожарникари денеска се бореа со голем пожар во јужниот регион Малакстер, поради кој беа евакуирани петнаесетина семејства, нивниот добиток и домашните миленици.Според албанските служби за итни интервенции, на терен се ангажирани копнени и воздушни сили за да се спречи огнот да стигне до куќите во селото Рибан.Во меѓувреме, продолжуваат напорите за локализирање и на втор пожар во планински предел јужно од Ѓирокастро, за кој се претпоставува дека бил предизвикан од удар на гром.Пожарите

Балкан | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryg65gl6mol4o9cKY61DX

По новиот бран мигранти, повторно во фокусот спорот меѓу Шпанија и Мароко

Новиот бран мигранти што минатата недела ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља повторно ги отвори прашањата за нивната безбедност и ги зголеми стравувањата во Мадрид поради долгогодишните територијални претензии на Мароко, пренесува „Политико“.Според медиумот, масовните обиди за преминување на границата предизвикале загриженост дека миграцијата би можела да се користи како средство за политички притисок врз Шпанија, особено во време кога се поставуваат прашања за поддршката што Мадрид може

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-library1e865vre8oijajxNxwM

Плажа од стакло: Некогашна депонија денес е едно од најнеобичните места во светот

На северниот брег на Калифорнија, во близина на градот Форт Брег, се наоѓа една од најнеобичните плажи во светот – „Glass Beach“, каде наместо песок, брегот е покриен со милиони мазни и шарени стаклени камчиња што блескаат како скапоцени камења.Иако денес е омилена дестинација за туристи и фотографи, ова место во минатото било депонија. Со децении, жителите таму фрлале стаклени шишиња, керамика, стари апарати, па дури и автомобили.Во 1967 година депонијата била затворена, а започнало чистењето н

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар зафати дел од Паркот на природата „Стара Планина“ во Србија

Пожар избувна во Паркот на природата „Стара Планина“ во Србија, а надлежните служби веднаш започнаа со негово гаснење, соопшти Министерството за заштита на животната средина.Од раните утрински часови на терен се припадници на противпожарно-спасувачките единици и вработени во „Србијашуме“, кои успеале да го опколат пожарот.Огнот зафатил ниска вегетација, а сите расположливи екипи остануваат на терен сè додека пожарот не биде целосно ставен под контрола.Од Министерството наведуваат дека внимателно

Балкан | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryaommr7i8gg9ubxGSHRq

Американците бесни на Инфантино: Градови домаќини тврдат дека ФИФА им должи милиони

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се соочува со нови критики откако неколку американски градови домаќини на Светското првенство тврдат дека не ја добиле ветената финансиска помош од по еден милион долари за организациските трошоци.Според американските медиуми, средствата биле усно ветени за време на подготовките за Мундијалот, но до денес не биле исплатени, поради што локалните организациски комитети бараат објаснување од ФИФА.Ова се случува во период кога Инфантино веќе е изложен на критик

Спорт | пред 2 месеци

2 мес.
media-library3i20nhhgf8a46Z9a23V

Приведени четворица македонски и еден швајцарски државјанин поради марихуана

Пет лица се лишени од слобода во одделни полициски акции во Скопје, на граничниот премин Табановце и во Прилеп, откако кај нив била пронајдена марихуана.Во Скопје биле приведени А.А. (41), С.В. (20), двајцата од Скопје, како и Д.М., државјанин на Турција, кај кои полицијата пронашла и одзела марихуана.На граничниот премин Табановце, при контрола на патничко возило со швајцарски регистарски таблички, марихуана била пронајдена кај Е.К. (54) од Швајцарија, кој изјавил дека дрогата е негова.Во Приле

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryfkg0fo0jp1uq8LEg4mR

Полицијата приведе 19-годишник, возел без возачка дозвола

Деветнаесетгодишен прилепчанец е лишен од слобода откако бил затекнат како управува автомобил без возачка дозвола.Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 5 август околу 02:20 часот на улицата „Круме Волнароски“ во Прилеп, полициски службеници запреле автомобил „рено“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.И. (19).При контролата било утврдено дека возачот не поседува возачка дозвола. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-librarya3k70v46dg3jct1E5RF

Жители на Аеродром алармираат за голема дупка на булеварот „Видое Смилевски-Бато“

Жители на скопската општина Аеродром преку Фејсбук групата „Општина Аеродром – Пријави проблем“ предупредуваат на голема дупка на булеварот „Видое Смилевски-Бато“, кај број 13, во близина на „Кам маркет“.Според објавата, станува збор за кратер кој претставува сериозна опасност за безбедноста на пешаците и возачите.Граѓаните апелираат до надлежните служби што поскоро да интервенираат и да ја санираат оштетената коловозна површина за да се спречат евентуални несреќи.

Скопје | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryt38ap4v3jktjdjinEwG

Бугарски пратеници со забрана за влез сепак присуствувале на судењето во Кочани за Ива Михајлова

Двајца пратеници од бугарската партија „Преродба“ објавија фотографии со кои потврдија дека присуствувале на судското рочиште во Кочани за 23-годишната Ива Михајлова, која има македонско и бугарско државјанство.Според телевизија Телма, станува збор за Крсто Врачев и Ангел Георгиев, иако, како што наведува медиумот, тие имаат важечка забрана за влез во Македонија врз основа на судска одлука.За време на судењето, двајцата упатија критики за, како што рекоа, состојбата со владеењето на правото во М

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
Kovacki-02.04.2022

Ковачки: Никој не ги спомна со име, ама сами се препознаа како „талогот“

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, преку објава на социјалните мрежи упати остри критики кон политичките противници, наведувајќи дека никого не именувал, но дека „сами се препознале како талогот“.Тој ги обвини дека со години ја влечат државата и општеството назад и дека никогаш не работеле надвор од политиката.„Вчера клечеле пред Софија, утре пред Белград, задутре пред Москва… адресата се менува, ама држењето не“, напиша Ковачки.Според него, измеќарството не може да биде политич

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
272044975_7325265100824619_7909443333828817716_n-1

На скопскиот аеродром уапсен државјанин на Словачка баран од Интерпол Германија

Дваесет и двегодишен државјанин на Словачка е уапсен на Граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, откако при пасошка контрола било утврдено дека е баран по меѓународна потерница распишана од Интерпол Германија.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, станува збор за Б.Ф. (22), кој бил приведен на 4 август во 21:00 часот при влез во државата.Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryhgjkj3l9q04h69tdZvd

Италијански државјанин уапсен на скопскиот аеродром, во багажот му пронашле два ловечки патрони

Италијански државјанин е уапсен на Граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, откако при пасошка контрола во неговиот личен багаж биле пронајдени два ловечки патрони.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, станува збор за М.П.М. (48), кој бил приведен на 4 август околу 18:40 часот при обид да ја напушти државата.Пронајдените патрони биле одземени, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-library7hkmceqshsu507HQJ3p

Уапсен 62-годишник, подолг период ја малтретирал и тепал сопругата

Шеесет и двегодишен жител на делчевско село е лишен од слобода по пријава дека подолг период агресивно се однесувал, ѝ се заканувал и физички ја напаѓал својата сопруга, соопшти Министерството за внатрешни работи.Полициски службеници го привеле мажот на 4 август околу 15:10 часот во Македонска Каменица, по што бил задржан во полициска станица.По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryh5l2ac64muikevdhNVC

Тешко повреден 83-годишен пешак по судир со мопед во Скопје

Осумдесет и тригодишен пешак е тешко повреден откако во него удрил мопед на улицата „Јустинијан Први“ во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.Несреќата се случила на 4 август околу 07:55 часот, кога мопед управуван од 22-годишниот А.Ј., двајцата од Скопје, удрил во пешакот Ц.Н. (83).Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот на мопедот се здобил со телесни повреди. Повредите биле констатирани во болницата „Св. Наум Охридски“ и во Ургентниот центар при К

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Папата Лав ќе ги посети Уругвај, Аргентина и Перу

Ватикан соопшти дека папата Лав од 6 до 17 ноември ќе престојува во Уругвај, Аргентина и Перу, во рамките на неговата прва голема турнеја низ Јужна Америка.Според објавениот распоред, од 6 до 8 ноември ќе престојува во Уругвај, од 8 до 11 ноември во Аргентина, а од 11 до 17 ноември во Перу.Папата Лав, првиот поглавар на Римокатоличката црква роден во САД, е и државјанин на Перу, каде што од 2015 до 2023 година служеше како бискуп во Чиклајо.За време на посетата на Перу ќе ги посети Чиклајо, Лима

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
izbori-germanija

Берлин обвинува: Русија шири дезинформации за да влијае врз изборите

Германските безбедносни служби тврдат дека Русија ги интензивирала кампањите за ширење дезинформации во пресрет на покраинските избори во септември, на кои се очекува добар резултат на крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД).Според извори на Ројтерс, целта на кампањите е да се продлабочи политичката поларизација и да се наруши угледот на владејачката Христијанско-демократска унија (ЦДУ), нејзиниот коалициски партнер Социјалдемократската партија, како и на Зелените и Слободната демокра

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: Дизелот поскапе за над 20% за помалку од еден месец - Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Демократската унија за интеграција (ДУИ) обвини дека Владата ги оставила граѓаните сами да се справуваат со, како што велат, најголемото поскапување на дизелот во последните години.Од партијата наведуваат дека за помалку од еден месец цената на дизелот се зголемила од 82,5 на 99,5 денари за литар, што претставува раст од 20,6 проценти. Според ДУИ, тоа е речиси четирипати поголемо зголемување од просекот во земјите на Европската Унија во истиот период.„Ова поскапување ќе значи повисоки трошоци за

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-42-7110PM

МНР ги отфрли тврдењата на СДСМ: Нема таен договор за францускиот предлог

Министерството за надворешни работи ги отфрли обвинувањата на СДСМ дека Владата подготвува прифаќање на францускиот предлог, оценувајќи дека станува збор за обид за создавање хистерија и дезинформирање на јавноста.Во реакцијата се наведува дека тврдењата за таен договор или тајни преговори се невистинити и претставуваат, како што велат, уште една конструкција пласирана во јавноста.Од Министерството посочуваат дека институциите редовно комуницираат со земјите членки на Европската Унија, европскит

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryouvhc324vipq1OWfdYz

„Владата на Мицкоски веќе договорила прифаќање на Францускиот предлог“, вели Жерновски

Членот на Извршниот одбор на СДСМ и секретар за меѓународна соработка, Андреј Жерновски, денеска на прес-конференцијата изјави дека Владата веќе договорила прифаќање на францускиот предлог и дека во моментов ја подготвува јавноста за таквиот потег.Според него, СДСМ располага со информации од Брисел дека договорот е веќе постигнат, а, како што рече, сигнали за тоа пристигнале и од Берлин и од Париз.Жерновски оцени дека се пропаднати сите обиди на Владата да ја прикрие вистината, наведувајќи дека

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-library91ao9meerju69DKSvnn

Србинот кој за малку ќе испаднеше од авион ќе ги тужи „Рајанер“, „Боинг“ и „Џенерал електрик“

Српскиот државјанин Љубиша Каровиќ, кој за малку ќе испаднеше од авион на „Рајанер“ поради пукање на прозорецот за време на летот, ќе поднесе тужби против три компании – „Рајанер“, „Боинг“ и „Џенерал електрик“.Според српските медиуми, Каровиќ и неговиот правен тим, предводен од грчки адвокат, веќе ангажирале и американска адвокатска канцеларија специјализирана за авионски несреќи. Постапките против „Боинг“ и „Џенерал електрик“ ќе се водат во САД, додека сè уште не е познато каде ќе се води споро

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-library4o999ihochdp6ck2Y4o

(Видео) Експлозијата во московски ресторан однесе уште една жртва, загинал зетот на руски генерал

Зетот на командантот на руските Воздушно-космички сили, Александар Чајка, загинал во експлозијата што се случи на 1 август во ресторанот „Балзи Роси“ во центарот на Москва, објави рускиот портал „Агентство“.Според порталот, смртта на Данил Передриј е потврдена откако еден од неговите лични документи бил прогласен за неважечки истиот ден, а информацијата е евидентирана и во рускиот регистар на правни лица.Експлозијата се случила за време на приватен настан во ресторанот, а според проруски блогери

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryf60ounp7vfpt54rU6kP

Недостигот од вода го загрози нуклеарниот реактор: Романија презема вонредни мерки

Романија денеска ќе потопи четири баржи натоварени со камења во Дунав во обид да го зголеми протокот на вода кон нуклеарната централа Чернавода, откако еден од реакторите беше исклучен поради недостиг на вода.Според романските власти, потопувањето на баржите треба да започне по 14 часот. Претходно, армијата со експлозив ја урна карпата Паржоаја за да го пренасочи текот на Дунав кон ракавецот Стар Дунав и да обезбеди поголем доток на вода до електраната.Експертите соопштија дека по интервенцијата

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
ebola

СЗО ја засилува помошта за Конго: Речиси 4.000 заразени од ебола

Светската здравствена организација (СЗО) ја засилува поддршката за Демократска Република Конго, каде што се потврдени речиси 4.000 случаи на ебола. Поради сериозноста на состојбата, генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, пристигна во Киншаса на разговори со здравствените власти и со претседателот Феликс Чисекеди.Според Министерството за здравство на Конго, до понеделникот биле регистрирани 3.874 случаи на ебола, од кои 1.751 завршиле со смртен исход.Актуелната епидемија, предизви

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryhgevo332isba8jXMWHR

Активни пет пожари на отворено, два се ставени под контрола

До 13:00 часот денеска во земјава се регистрирани седум пожари на отворен простор, од кои пет се активни, а два се ставени под контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).Активни се пожарите во близина на Ѓоновички Мост во Општина Гостивар, кај селото Ранковце во Општина Ранковце, кај селото Кетеново во Општина Кратово, во селото Логоварди во Општина Битола и кај селото Руѓинце во Општина Старо Нагоричане.Под контрола се пожарот меѓу селата Зрновци и Лески во општините Зрновци и Ви

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
netanjahu

Нетанјаху: Израел нема да се повлече од Газа додека Хамас не биде целосно разоружан

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел не го прифаќа предлогот на Одборот за мир за Газа, поддржан од САД, нагласувајќи дека единствениот услов за какво било повлекување е целосно разоружување на Хамас.Во видео објавено на Фејсбук, Нетанјаху рече дека тимот на американскиот претседател Доналд Трамп смета дека може да обезбеди разоружување на Хамас и демилитаризација на Појасот Газа, но дека израелската страна не се согласила со доставениот нацрт.„Го разгледавме предлогот, но т

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања