Промени тема
Контакт

Најнови вести

2 нед.
media-libraryotp04iork40b92aI4vG

Иран ја менува тактиката, САД трошат десетици „Патриоти“ при секој голем напад

Американската војска минатата недела употребила меѓу 60 и 70 пресретнувачи од системот „Патриот“, како и повеќе од десетина ракети „ТХААД“, за да го одбие иранскиот ракетен напад врз американските сили во Јордан. Според „Волстрит џурнал“, Иран во нападот истрелал околу 20 балистички ракети, што повторно го отвора прашањето за високата цена на противракетната одбрана.Иако нападот не бил целосно запрен, ниту еден американски војник не загинал. Сепак, иранските ракети погодиле борбени авиони и друг

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryf88c1q3q9ttv5zJmXXm

Модриќ вечерва на клупата против Бенфика, „Газета“ прашува зошто Милан ја потценува Лига Европа

Лука Модриќ се очекува натпреварот на Милан против Бенфика во првото коло од Лига Европа да го започне од клупата. Средбата на „Сан Сиро“ е закажана за 21 часот, а италијанската „Газета дело спорт“ пишува дека тренерот Рубен Аморим подготвува голем број промени во почетниот состав.Милан по пауза од 575 дена повторно ќе настапи во европско натпреварување, но според „Газета“, покрај Модриќ, во стартниот состав не би требало да бидат ниту Марио Гила, Адриен Рабио, Диего Мореира и Кристијан Пулишиќ.

Спорт | пред 2 седмици

2 нед.
Screenshot-2024-10-10-at-12.19.12

Рафаел Надал повторно ќе игра тенис, се враќа по две години

Рафаел Надал повторно ќе заигра тенис, речиси две години откако ја заврши професионалната кариера. Шпанскиот тениски ас во ноември ќе одигра неколку ревијални натпревари по повод десетгодишнината од основањето на неговата тениска академија.Настапите ќе се одржат во академијата на Надал во неговиот роден град Манакор, на шпанскиот остров Мајорка. Од академијата најавија дека 40-годишниот Надал ќе игра против некои од најголемите имиња во тенисот, но имињата на неговите противници ќе бидат објавен

Спорт | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarya656tm8v26ru3PL5D60

Синот на познат режисер нема да добие смртна казна за убиството на своите родители

Ник Рајнер, обвинет за убиството на своите родители, Роб и Мишел Рајнер, нема да се соочи со смртна казна. Окружниот обвинител на округот Лос Анџелес, Натан Џ. Хокман, соопшти дека обвинителството нема да ја бара најстрогата казна во овој случај.Роб и Мишел Рајнер биле пронајдени мртви во својот дом во Брентвуд во декември 2025 година. Според обвинението, двајцата биле избодени до смрт.Хокман на прес-конференција во вторникот, 15 септември, изјавил дека пред да ја донесе одлуката, разговарал со

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryr08d1ofls4248G8ipwP

Трагедија во Англија: пронајдено тело на тригодишно момче по неколкучасовна потрага

Полицијата пронашла тело во езерце во англискиот Брантам, додека траела потрагата по тригодишниот Ноа Вудс, кој вчера исчезнал од детско игралиште. Телото било пронајдено во езерцето Дикој Понд, во близина на местото каде што полицијата и спасувачките служби го барале момчето.Официјалната идентификација сè уште не е завршена, но семејството на Ноа било известено за пронаоѓањето.„Несреќна е веста дека во текот на потрагата е пронајдено тело. Формалната идентификација сè уште не е извршена, но сем

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-library8mthaib02qfg87IIFiw

(Фото) Неда Украден на 76 години објави фотографии од одмор: „Не ѝ треба фотошоп“

Неда Украден повторно привлече внимание на социјалните мрежи со фотографии од својот одмор. 76-годишната пејачка позираше во виолетов костим за капење додека се релаксираше во џакузи на Ртањ, а нејзината објава веднаш предизвика бројни реакции.Следбениците во коментарите ѝ упатија комплименти за изгледот и енергијата, при што дел од нив порачаа дека изгледа одлично. Сепак, имаше и такви кои се сомневаа дека фотографиите биле дополнително обработени.Еден од следбениците ѝ напиша „не е потребен фо

Сцена | пред 2 седмици

2 нед.
zicnica-696x463

Ѓорѓиевски: Жичницата била небезбедна, три сензори биле надвор од функција

Сериозни технички недостатоци биле утврдени при деталната проверка на скопската жичница, која ја извршила австриската компанија „Допелмаер“. Според извештајот што го презентираше скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, носечките и влечните сајли биле оштетени и под дозволениот безбедносен минимум, додека три од четирите сензори за движење на кабините не функционирале.Ѓорѓиевски во телевизиско интервју посочи дека ваквата состојба била причина жичницата веднаш да биде исклучена од сообраќај.„Во

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

До 18 часот регистрирани 11 пожари на отворен простор, два сè уште активни

Од вкупно 11 пожари на отворен простор, регистрирани во текот на денот, два и натаму се активни, еден е ставен под контрола, а осум се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.Според податоците, заклучно со 18 часот, активни се пожарите кај селото Рапеш во Општина Новаци, каде што гори ниска вегетација, и кај селото Говрлево во Општина Сопиште, каде што се зафатени ниска вегетација и нискостеблеста шума.Под контрола е ставен пожарот на потегот од селото Белица во Општина Маке

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
plaza-grcija

Српски државјанин ќе се удавеше во Грција, му се слошило во морето и бил извлечен без свест и без пулс

Драма се одвивала во близина на пристаништето Ставрос кај Солун, каде од морето бил извлечен 29-годишен државјанин на Србија во бесознание и без пулс.На инцидентот прв реагирал сопственикот на бар во близина на плажата, кој веднаш започнал кардиопулмонална реанимација. Набрзо му се придружиле и членови на Доброволниот спасувачки тим од Волвија.Со непрекината масажа на срцето и давање кислород, спасувачите успеале да му го вратат срцевиот ритам, по што 29-годишникот почнал повторно спонтано да ди

Балкан | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ: Пензискиот фонд е стабилен и пензиите ќе се исплаќаат редовно

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека пензиите за помалку од две години се зголемени за 7.000 денари и дека пензискиот фонд е стабилен.Од партијата ја обвинија опозицијата дека, според нив, создава „хистерија и паника“ околу состојбата со пензискиот систем. Оттаму посочуваат дека префрлањето средства од државниот буџет во пензискиот фонд е практика во европските земји, додавајќи дека во СДСМ, како што велат, не ја разбираат економската страна на прашањето.ВМРО-ДПМНЕ дополнително наведува дека пе

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library9ed820rc5ms14gf1rZa

Јаневска ги отфрли обвинувањата: „Не ги криеме бодовите за студентските домови“

Министерката за образование и наука Весна Јаневска ги отфрли обвинувањата дека Министерството ги крие бодовите и резултатите од приемот на студенти во студентските домови.Јаневска тврди дека приемот во студентските домови се спроведува по регуларен пат, а студентите кои не биле примени, според неа, не ги исполнувале условите предвидени со огласот.Таа посочи дека критериумите за прием се јавно објавени во огласот и дека кандидатите однапред биле запознаени со условите што треба да ги исполнат.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library3pvkgqtf937u1XmBzOj

(Видео) Кинеска технолошка компанија на необичен начин го претстави дронот за чистење соларни панели – со бањање куче на улица

Необична сцена од кинескиот град Лињи привлече внимание откако огромен дрон беше снимен како прска куче со вода сред улица.Станува збор за демонстрација организирана од компанија од градот, која на овој начин ги претставила можностите на својата нова технологија со беспилотни летала.Иако сцената изгледа необично, дронот всушност е наменет за сосема поинаква примена – прскање вода врз соларни панели со цел да се отстранат прашината и нечистотијата што се наталожуваат на нив.Демонстрацијата покажа

Вирално | пред 2 седмици

2 нед.
bez-voda

Утре дел од Центар останува без вода – проверете дали сте на списокот

Поради дефект на приклучна цевка со профил 5/4 на улицата „Ацо Караманов“ бр. 17, утре, 17 септември, ќе има прекин во водоснабдувањето за корисниците од дел од оваа улица во Општина Центар.Прекинот ќе започне во 08:00 часот и ќе трае до завршувањето на санацијата на дефектот, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryg16c428s4k2m3rKW5hY

Врховниот суд објави зошто ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски

Врховниот суд ја објави одлуката со која ги укина пресудите за поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, и предметот го врати на повторно судење и одлучување пред Основниот кривичен суд Скопје.Според образложението на највисокиот суд, пониските судови не го разјасниле клучното прашање поврзано со обвинението за бесправно градење – односно не утврдиле прецизно за каков објект станува збор и дали тој е траен или монтажен.Врховниот суд оценил дека врз основа на изведените докази треба

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library2buprfdqhr1172e2TFT

Генералот што доби титула Херој на Русија загина на фронтот во Доњецк

Руското Министерство за одбрана ја потврди смртта на генерал-мајорот Антон Грунис, кој неодамна беше одликуван со највисокото државно признание на Русија за, според Москва, освојувањето на украинскиот град Костјантинивка.Генерал-мајорот Апти Алаудинов, командант на специјалните сили „Ахмат“ и заменик-началник на една од структурите во руското Министерство за одбрана, ја потврди смртта на Грунис, велејќи дека тој „заминал во друг свет“.„Тој нè напушти како херој кој ја извршил својата света должн

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
sad

САД по пресудата за поранешните водачи на ОВК: „Ја почитуваме одлуката на судот“

Соединетите Американски Држави ја почитуваат пресудата на Специјализираните совети на Косово против поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово, Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, соопшти американскиот Стејт департмент.„Ја почитуваме денешната пресуда на Специјализираните совети на Косово“, изјавил портпарол на Стејт департментот за Радио Слободна Европа.Од Вашингтон нагласија дека ја поддржуваат правдата за сите жртви и нивните семејства, како и принципите на од

Балкан | пред 2 седмици

2 нед.
ursula

Нова Европа, нови партнерства, но стара порака за Западен Балкан: „Членството е според заслуги“

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во годишното обраќање пред Европскиот парламент ја претстави својата визија за посамостојна и побезбедна Европска Унија, најавувајќи нов модел на партнерство со Канада и идеја за европски механизам сличен на „член 4“ од НАТО. За Западен Балкан, сепак, не понуди нов рок, конкретна иницијатива или јасен сигнал за забрзување на процесот на проширување.Фон дер Лајен порача дека ЕУ мора да гледа и „надвор од своите граници кон Западен Балк

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarykj4m0jstma617TDiLAQ

Во Непал сè уште се трага по илјадници исчезнати, надежта дека се живи е сè помала

Катастрофалните поплави и одрони што пред неколку недели ги погодија планинските подрачја на Непал оставија илјадници семејства без вести за своите најблиски. Досега се идентификувани само 105 од повеќе од 1.200 пронајдени тела, додека околу 5.200 лица и понатаму се водат како исчезнати.Според Националната управа за намалување на ризикот од катастрофи, меѓу исчезнатите има 636 странски државјани, а во катастрофата досега се потврдени најмалку 1.399 загинати.Катастрофата била предизвикана од урив

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-library6urum74kfps0eJ5qOvU

Левица до Јаневска: „Каде во листите за студентски домови се објавени бодовите?“

Опозициската Левица ја обвини министерката за образование и наука, Весна Јаневска, дека листите за прием во државните студентски домови не се објавени на начинот предвиден со Правилникот за начинот на прием на студентите.Од Левица велат дека Јаневска денеска ги отфрлила наводите за неправилности при приемот во студентските домови и ги оценила како ширење „лажни вести“, но дека самиот Правилник, кој според партијата го донела и потпишала министерката, предвидува објавување на освоените бодови.Пар

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library22hbf03n513b5raTPTo

Костадиновски: Довербата во Уставниот суд се гради со храброст, независност и отвореност

Довербата на граѓаните, независноста на судството и отвореноста кон јавноста се клучни за јакнење на улогата на уставните судови, порача претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, на регионалната конференција посветена на прашањето како да се зголеми довербата во уставните судови.Конференцијата, која се одржува денеска и утре, 16 и 17 септември, е посветена на независноста, транспарентноста, отвореноста кон јавноста и разбирливоста на судските одлуки. На настанот воведно обраќање имаше

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryplr3fhh2krar4OiXSMl

По пресудата во Хаг стигнаа реакции од Кадриу, Села, Касами и Меџити: „Последниот збор сè уште не е кажан“

По пресудата во Хаг против Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи следуваа реакции од повеќе албански политички претставници и правници, кои ја оспоруваат одлуката и нагласуваат дека правната постапка сè уште не е завршена.Лајла Кадриу, обвинителка во Основното јавно обвинителство во Тетово, посочи дека пресудата не претставува конечна правда, туку одлука од прв степен која ќе биде предмет на жалба. Таа нагласи дека Тачи и неговите соборци не биле прогласени за виновни за злосто

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarygbu8e1iabj3d8dgQmFg

Што го „убива“ модерниот тенис? Долги мечеви, густ календар и сè повеќе повреди

Сè поголемиот број повреди и откажувања на врвните тенисери повторно го отвораат прашањето за условите под кои денес се игра професионалниот тенис. Долгите мечеви, густиот календар, високите температури, материјалите и честото менување на топчињата се наведуваат како фактори што дополнително ги оптоваруваат играчите.Италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ се осврна на проблемот по серијата повреди и повлекувања на тенисери од светскиот врв. Последен во низата е Џек Дрејпер, кој ја заврши сезона

Спорт | пред 2 седмици

2 нед.
media-library7p11pj1si3t23ECSuii

Мала промена во температурата на зглобот може да биде знак за метаболички нарушувања

Температурните промени на зглобот би можеле да дадат индикации за ризик од метаболички нарушувања и прекумерна телесна тежина, покажале истражувачи од Државниот медицински универзитет во Тјумен.Научниците развиле метод за проценка на потенцијалните ризици од метаболички нарушувања, кој се заснова на анализа на температурата на зглобот. Според нивните наоди, малите промени во температурата се поврзани со зголемена веројатност за развој на метаболички нарушувања и прекумерна телесна тежина.Кај здр

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-library85kj3kk0t5hh3AwoF9C

(Видео) Украл 600 лимони, „казната“ од сопственикот била да ги изеде сите лимони

Кражбата на лимони во една продавница добила неверојатен пресврт, откако сопственикот решил на крадецот да му приреди необична „казна“ – да ги изеде сите 600 лимони што наводно ги украл.Снимката од случката брзо привлече внимание, а мажот набргу се нашол пред речиси невозможен предизвик. Обидувајќи се да ги изеде лимоните, тој едвај го издржал киселиот предизвик, а по извесно време се откажал и побарал да биде повикана полицијата.Случката предизвикала бројни реакции кај гледачите, кои се пошегув

Вирално | пред 2 седмици

2 нед.
655-402-zatvor

Москва гради нови „суперзатвори“ со повеќе од 20.000 места

Русија планира до 2035 година да изгради седум нови затворски комплекси со повеќе од 20.000 места, а еден од нив е предвиден на привремено окупираната територија на Херсонската област во Украина.Според официјален документ на кој се повикува независниот медиум „The Moscow Times“, новите установи ќе обединуваат истражни затвори и поправни колонии со различни степени на безбедност. Од вкупниот капацитет, 5.380 места би биле наменети за истражни затвори, а 15.120 за поправни колонии.Освен во окупира

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања