Промени тема
Контакт

Најнови вести

3 нед.
media-librarygpm98ma7qalu2NF0lV3

Универзална сала повторно ќе ги отвори вратите за уметниците и публиката

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, на која биле разгледани заедничките приоритети во културата и можностите за продлабочување на соработката меѓу Град Скопје и Министерството.Во фокусот на разговорот биле подготовките за 2028 година, кога Скопје ќе ја понесе титулата Европска престолнина на културата. Според Ѓорѓиевски, ова претставува голема можност, но и одговорност за градот, со цел придобивките од титулата да остана

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryap2ioodl01eccM1emuH

(Видео) Хаос во Кисела Вода: викање, мавтање со прст, барање за обезбедување и исфрлање на советник, обвинување за закани

Драма со викање, станување од место, покажување со прст и меѓусебни обвинувања за закани и насилство се случи на седница на Советот на Општина Кисела Вода. Тензијата кулминираше кога претседателката на Советот, Светлана Колариќ, побара обезбедување и отстранување на советникот од Левица, Петар Здравевски.Кавгата започна додека Колариќ прашуваше дали некој друг бара збор, по што Здравевски ѝ возврати: „Вие не барате?“.Во расправијата потоа се вклучи и градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стамен

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarykrj03ns8i37e65hhsCN

11-годишниот Андреј Цековски блесна во Њујорк: златен медал и пехар за македонскиот пијанист

Њујорк беше сцена на уште еден голем успех на младиот македонски пијанист Андреј Цековски. На само 11 години, тој го освои првото место на меѓународниот натпревар „International Youth Music Competitions“, а своето признание го прими на свечениот концерт на победниците.Цековски на 5 септември настапи во „The DiMenna Center for Classical Music“, каде што му беа врачени златниот медал и пехарот. На сцената настапија и други наградени млади музичари од повеќе држави, меѓу кои Австралија, Канада, Кин

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес го погоди Сараево: Потресот бил краток, но силен

Земјотрес со магнитуда од 2,8 степени според Рихтеровата скала денеска околу 14:15 часот го погоди поширокото подрачје на Сараево, а потресот го почувствувале граѓани во повеќе места во околината.Според првичните податоци на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот бил на околу 21 километар северозападно од Сараево.Потресот особено го почувствувале жителите на Високо, Бреза и Илијаш, но бил почувствуван и во Сараево, Хаџиќи, Кисељак и подрачјето на Илиџа.На платформата на E

Балкан | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryg6kv0sdr15otdy2DlCS

„Скопје 2028“ ќе откупи најмалку 200 скопски приказни – граѓаните можат да испраќаат текст, фотографии и видеа

Фондацијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ ги повикува граѓаните да помогнат во откривањето на местата и зачувувањето на приказните што го создаваат идентитетот на Скопје. Денеска се отворени два јавни повика – за мапирање локации со потенцијал за културна и уметничка употреба и за собирање „Скопски приказни“.Преку повикот за „Мапирање“, секој што го познава градот може да предложи простор кој заслужува да добие културна или уметничка функција. Тоа може да биде недоволно искор

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryg368h3odta16079fbCM

Големо ажурирање на есенцијалните лекови: Нови терапии за онкологија, ХИВ, хепатити, кардиологија и неврологија

По повеќе од една деценија, Македонија доби ажурирана и официјално објавена Листа на есенцијални лекови. Во неа се додадени 193 лекови и активни супстанции, додека 12 од претходната листа се избришани, соопшти министерот за здравство Сашо Клековски.Новините денеска беа презентирани на прес-конференција на која, покрај Клековски, учествуваа и шефот на канцеларијата на Светската здравствена организација во земјава, Аким Али, и деканот на Фармацевтскиот факултет, проф. д-р Зоран Стерјев.„По повеќе

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library65kcrpk7307beL2M7qf

Се повлекува директорот на затворот во Шутка – Владата ќе назначи в.д. директор

Бобан Утковски се повлекува од функцијата директор на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари. Неговата оставка веќе е доставена до Владата, потврди Марија Митева.Оставката треба формално да биде констатирана на некоја од следните владини седници, по што ќе биде назначен вршител на должноста директор.„Стигната е оставката на директорот, на некоја наредна седница на Владата ќе се констатира и ќе се постави в.д. директор“, рече Митева.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryu7bjgl37oav65haRigU

Османи тврди дека се комуницира за предвремени избори со ВМРО-ДПМНЕ, Митева: „Шири невистини“

Марија Митева, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, категорично ги демантира тврдењата на потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, дека имало комуникација со претставници на ВМРО-ДПМНЕ во врска со можноста за предвремени парламентарни избори.„Апсолутно немаме никаква комуникација со ДУИ, најмалку со Бујар Османи. Очигледно е дека сака да биде активен, а ако не е етничка провокација, тогаш шири невистини“, рече Митева.Нејзината изјава следува откако Османи во гостување во емисијата „Клик

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library24vh06rfr4qq3unzUSz

Лотарија ќе ги исплати 300 милиони денари на „Авалон“, немало време за јавниот повик да трае подолго, кажа директорот Климовски

Договорот со „Авалон“ предвидува исплата на 300 милиони денари, потврди директорот на Државна лотарија, Александар Климовски, кој одговараше и на прашањата зошто јавниот повик за доставување понуди траел само пет дена.Прашањето беше поставено и во контекст на тоа дека понудата на компанијата која настапува под брендот „Авалон“ содржела концепт од околу сто страници, за кој се поставува прашањето како можел да биде подготвен во рок од само четири до пет дена.„Да, 300 милиони денари се во договоро

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library01o2pmjvga48aTl6i15

„Лотарија е на државата, но парите не се буџетски“ – Климовски објаснува зошто 300 милиони ги смета за компаниски

Иако Државна лотарија е компанија во државна сопственост, директорот Александар Климовски тврди дека нејзините средства не се автоматски и буџетски пари. Одговарајќи на прашањето зошто се инсистира дека 300-те милиони денари потрошени за прославата на независноста се компаниски, а не буџетски средства, Климовски рече дека правниот статус на компанијата е клучен за оваа разлика.„Лаички што кажувате е едно. Законски и формално-правно е друго. Зошто? Затоа што Лотарија има посебен правен субјективи

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryfkg0fo0jp1uq8LEg4mR

12 возачи завршија во полиција: 11 возеле без положен возачки испит

Дванаесет возачи биле лишени од слобода во изминатото деноноќие поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи.Од нив, 11 управувале возила без положен возачки испит. Станува збор за С.И. (24), Ф.Б. (24), Б.М. (21), Д.С. (20) и С.Р. (36) од Скопје, С.Ф. (30) од Зелениково, Џ.У. (34) од село во општина Чашка, О.Ф. (41) од Крушевско, како и Ф.В. (24) и Д.М. (31) од Куманово и Кумановско.Одделно, С.А. (34) од Кичевско бил лишен од

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library361ic5plrg5k889hIIq

Уапсен прилепчанец: Кај него пронајдена прашкаста материја

Полицијата во Прилеп лишила од слобода 36-годишен прилепчанец кај кого при преземени мерки била пронајдена прашкаста материја.М.И. бил лишен од слобода на 9 септември околу 18 часот на улицата „Кеј 9 Септември“ во Прилеп од полициски службеници од ОВР Прилеп.Пронајдената материја била одземена, а по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Возел без возачка дозвола, па завршил во полиција – приведен 41-годишник

Полицијата во Кривогаштани лишила од слобода 41-годишен жител на Пресил, Крушевско, откако при сообраќајна контрола било утврдено дека управувал автомобил без да поседува возачка дозвола.О.Ф. бил приведен на 10 септември околу 00:45 часот во Кривогаштани, Општина Кривогаштани. Полициски службеници од ОВР Прилеп при контрола запреле автомобил „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 41-годишникот.При проверката било констатирано дека возачот не поседува возачка дозвола.По целосното до

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryt0vb9c1h1fssecfheQB

Маж од Марино возел со 3,02 промили алкохол, во автомобилот пронајдена воздушна пушка

Полицијата лишила од слобода 37-годишен жител на Марино, Општина Илинден, откако при сообраќајна контрола било утврдено дека управувал автомобил со 3,02 промили алкохол во крвта, а во возилото била пронајдена и воздушна пушка.А.С. бил приведен на 9 септември околу 14:55 часот во Марино од полициски службеници од СВР Скопје. При контролата било утврдено дека управувал автомобил „фолксваген“ со кумановски регистарски ознаки под дејство на алкохол.Алкотестирањето покажало присуство на 3,02 промили

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library0kccv4r55jo8d58NvJO

Директорот на Лотарија објаснува од каде 300 милиони за прославата за независноста: Тоа се компаниски пари, отидовме над законот за да сме транспарентни

Директорот на Државна лотарија, Александар Климовски, тврди дека 300 милиони денари обезбедени за прославата на независноста не биле буџетски средства, туку компаниски пари од нераспределената добивка на друштвото.Според него, Државна лотарија е посебен правен субјект, а Владата во однос на компанијата настапува како основач и единствен акционер.„Државна лотарија е посебен правен субјект. Владата е основач и таа е Собрание на акционери или единствен акционер и еден од врховните органи. Компанија

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryebvkbiuiuga53UTYvWa

Шасивари: Европските стандарди мора доследно да се применуваат во секоја одлука за притвор

Начинот на кој се определува притворот е еден од најважните показатели за почитувањето на човековите права и владеењето на правото, порача министерот за правда Јетон Шасивари на промоцијата на „Прирачникот за примена на мерката притвор низ призмата на членот 5 од Европската конвенција за човекови права“.Според Шасивари, прирачникот претставува важна практична алатка за судиите, јавните обвинители, адвокатите и другите правни професионалци, особено во насока на унапредување на судската и обвините

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryif9lq65bellb6ItyvKZ

Тамара Тодевска на полиграф откри дека една љубовна врска ѝ завршила поради религиозни причини

Тамара Тодевска седна на полиграф кај јутуберот Стефан Рашковиќ – Стефонатор, каде што одговараше на прашања поврзани со нејзината кариера, приватниот живот и различни теми. Еден момент особено го привлече вниманието кога пејачката доби прашање кое не беше прочитано на глас, како останатите.Стефонатор ѝ го предаде прашањето во плико, а Тамара беше единствената што требаше сама да го прочита. Пред неа беше и црвеното копче, кое можеше да го притисне само еднаш доколку не сака прашањето воопшто да

Сцена | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryf518e73nmjr5dy8FuLx

Владата за прославата на независноста: Беа платени 300 милиони денари од Лотарија и уште 40 милиони од компании - од буџетот не е даден ниту денар

Владината портпаролка Марија Митева изнесе детали за постапката и финансиската конструкција за прославата на независноста, наведувајќи дека со владин заклучок било предвидено ангажирање светски артист од А класа, продукција од ист ранг и организација на 12 настани низ Македонија.Според Митева, концептот предвидувал главен настан со светска ѕвезда во придружба на македонски артисти, со продукција која, како што рече, гарантира присуство од 30.000 посетители.„Владата донесе заклучок каде се утврди

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryoc5ii0bd9b197ENgkl1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се препозна во епитетот талог и е против се што носи напредок на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека е против, како што велат од партијата, сите проекти и активности што носат напредок во Македонија.Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека по настапот на Филипче станало јасно зошто тој, според нив, се препознал во епитетот „талог“. Партијата го обвинува Филипче и СДСМ дека се против активности што носат надеж, напредок и обединување, а како пример ја посочуваат и прославата по повод 3

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryhnm63s2pg0t261FZjxL

(Видео) Филипче: Мицкоски излажа, прославата за независноста чини 5 милиони евра народни пари

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека ја довел јавноста во заблуда кога тврдеше дека за прославата на 35-годишнината од независноста не бил потрошен ниту еден денар од Буџетот.Филипче на денешната прес-конференција рече дека, според документи што, како што тврди, произлегле од 167. седница на Владата, АД Државна лотарија треба да ја организира прославата со средства во вредност од пет милиони евра.„Мицкоски изјави дека за

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library64vnuv8c02r09DiTpEw

Четири активни пожари во Македонија: Горe шума и ниска вегетација

Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот денеска се регистрирани вкупно 13 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни, пет се ставени под контрола, а четири се целосно изгаснати.Активни се пожарите во општина Струга, на потегот Буринец – Локов – Селце – Елевци, каде што гори високостеблеста шума; во општина Македонски Брод, кај селото Белица и месноста Кајорец, каде што е зафатена нискостеблеста и мешана шума; во општина Чучер-Сандево, кај селото Брест и месноста Рамн

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarytg231nvnmkn2eOsI9RT

Украле бакар во фирма во Виница, а десет дена подоцна повторно се обиделе да крадат - пријавени 33-годишник и 16-годишник

Полицијата во Виница поднесе кривична пријава против 33-годишен маж и 16-годишник од Кочани, кои се осомничени за тешка кражба и за обид за тешка кражба.Според пријавата, на 1 мај годинава, двајцата во приватна фирма во Виница одзеле вреќи со бакарни предмети. Десет дена подоцна, на 10 мај, повторно се вратиле на истата локација, каде што, според сомненијата, се обиделе да одземат и други бакарни предмети.Случајот е евидентиран од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница, која п

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryup6bq39tpp3rbxCPnCm

47-годишен маж од Гостивар нападнал 12-годишно дете

Полицијата во Гостивар поднесе кривична пријава против 47-годишен жител на градот, поради сомнение дека физички нападнал 12-годишно дете.Според пријавата, инцидентот се случил на 23 август годинава, пред куќата на пријавениот во Гостивар. Таму, како што се наведува, 47-годишниот физички го нападнал детето.Кривичната пријава против З.Ј. е поднесена од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар за сторено кривично дело „насилство врз дете“. Полицијата продолжува со преземање мерки

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryconbva61mgjb6DrtHj1

Во обложувалница во Ѓорче Петров влегол со пиштол и одзел пари од дневниот промет

Разбојник вооружен со пиштол ограбил обложувалница на подрачјето на Ѓорче Петров, при што од вработеното лице со закана одзел пари од дневниот промет.Според пријавата во СВР Скопје, разбојништвото се случило на 9 септември околу 8:30 часот. Непознатото лице влегло во обложувалницата и, заканувајќи се со пиштол, му побарало пари на вработениот.Откако ги одзело парите од дневниот промет, лицето го напуштило објектот.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и за утврдување на идентитето

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarybb47e8uchslf7fhZQrQ

Скопјанец ја нападнал поранешната партнерка

Полицијата во Скопје лиши од слобода 48-годишен скопјанец по пријава дека физички ја нападнал својата поранешна партнерка.В.С. бил приведен на 10 септември околу 00:55 часот од полициски службеници од СВР Скопје. Според пријавата, нападот се случил во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, каде што наводно физички ја нападнал 46-годишната жена.Мажот е задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања