Промени тема
Контакт

Најнови вести

3 нед.
media-libraryjc9046da3pt28uC8qQc

(Фото) Најмалку 24 ученици загинаа во пожар во две училишта во Конго

Најмалку 24 ученици загинаа во пожар што денеска зафати две училишта во Букаву, град во источниот дел на Демократска Република Конго. Според локалните власти, дел од учениците настрадале во стампедо додека се обидувале да избегаат од огнот. Бројот на жртвите го потврдуваат и новите информации од теренот.Пожарот избувнал во густо населен дел од Букаву и брзо се проширил кон две училишта и околу 300 куќи. Според локалните власти, огнот најпрво зафатил куќа, а потоа се проширил кон блиските училишн

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryf8pmo453iqos3UNqDnf

Четири лица загинаа, над 60 се повредени во руски напад врз трговски центар во Украина

Во руски напад врз трговски центар во Павлохрад, град во Дњепропетровската област, загинале четири лица, а повеќе од 60 се повредени. Нападот врз центарот на градот бил извршен во текот на денот, кога на улиците имало голем број луѓе, а информациите ги потврдија украинските власти.Украинскиот министер за внатрешни работи Иван Вихивски првично соопштил дека во нападот загинале две лица, а најмалку 18 биле повредени. На терен веднаш биле испратени спасувачки екипи и полиција.Подоцна, началникот на

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryg16c428s4k2m3rKW5hY

Пресврт за Стевчо Јакимовски: Врховниот суд ги укина пресудите на Кривичен и Апелација

Врховниот суд ги укина пресудите на Основниот кривичен суд Скопје и на Апелациониот суд Скопје во предметот против Стевчо Јакимовски и го врати случајот на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд.Советот за казниви дела на седница одржана на 9 септември го уважил барањето на Јакимовски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, поднесено преку неговиот бранител, адвокатот Виктор Цветковски од Куманово.Со пресудата КВП КОК2-18/26, Врховниот суд ја укинал пресудата на Осно

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-library7640tv95fgkr19ixlfX

Мицкоски најави: Следната година се пуштаат првите километри од автопатот Прилеп–Битола

Автопатската делница меѓу Прилеп и Битола следната година би требало да ги добие првите 10 до 12 километри пуштени во двонасочен сообраќај, најави премиерот Христијан Мицкоски.„Нашиот фокус е целосно на завршување на автопатската делница која треба да ги поврзе Прилеп и Битола. Очекувам следната година првите 10 до 12 километри да бидат пуштени во двонасочен сообраќај“, изјави Мицкоски.Премиерот најави и изградба на обиколница околу Битола, со поврзување кон граничниот премин Меџитлија. Воедно,

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
nesreka-prvi-momenti

Врховен ја укина пресудата на Апелација за „Ласкарци“ – предметот се враќа на повторно одлучување

Врховниот суд ја укина пресудата на Апелациониот суд Скопје за автобуската несреќа кај Ласкарци и предметот го врати на повторно постапување и одлучување.Советот за казниви дела при Врховниот суд на седницата, одржана на 9 септември, одлучувал по предметот КВП2-86/25, откако осудените, преку своите бранители, поднеле барања за вонредно преиспитување на правосилната пресуда.„Барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од осудените преку нивните бранители, се уважуваат, пре

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryir6dvikp07cp13RUcSx

Нова инвестиција во Прилеп, Мицкоски најави 300 нови вработувања

Нова инвестиција во ТИРЗ Прилеп ќе донесе дополнителни 300 работни места, откако производниот капацитет на фабриката „ВИК“ ќе го достигне полниот обем, објави премиерот Христијан Мицкоски по отворањето на новиот погон.Мицкоски денеска присуствувал на отворањето на новиот производен капацитет на „ВИК“, оценувајќи ја инвестицијата како значаен чекор за развојот на Пелагонискиот регион и македонската економија.„Имаме нов производен капацитет, нова инвестиција, која кога ќе го достигне својот максим

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryoelgk97vgdaj8ISdcn3

Шпаркасе Банка со понуда за преземање на УНИ Банка

Австриската банкарска групација Steiermärkische Bank und Sparkassen AG, матична банка на Шпаркасе Банка Македонија, официјално најави понуда за преземање на УНИ Банка АД Скопје, со што се отвора можност за ново окрупнување на банкарскиот сектор во Македонија.Управниот одбор на УНИ Банка на 10 септември добил известување од австриската групација дека има намера да даде понуда за преземање на сите запишани обични акции кои претставуваат 100 отсто од запишаниот акционерски капитал и гласачките прав

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library9bsefrpo8l9ldrHfMCA

Спор околу адитивот во пијалаците и јогуртите: ЕУ тврди дека е безбеден, активистите не се согласуваат

Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА) оцени дека употребата на засладувачот аспартам-ацесулфам (Е 962) како прехранбен додаток не претставува ризик за здравјето, но заклучокот на европската агенција беше остро оспорен од неколку независни невладини организации.Засладувачот е одобрен за употреба во бројни намирници и пијалаци без шеќер или со намалена енергетска вредност, меѓу кои се газирани пијалаци и јогурти. По внесувањето во организмот, Е 962 се разложува на аспартам и ацесулфа

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
makron-3

Макрон: Европа за 10 години треба да има сопствени мисии со астронаути

Европа треба да развие сопствен капацитет за испраќање астронаути во вселената во следните десет години, порача францускиот претседател Емануел Макрон на меѓународниот самит за вселената што се одржува во Париз.Макрон истакна дека Европа мора да ја зајакне својата независност во вселенскиот сектор и да ги зголеми инвестициите во развојот на сопствени технологии и капацитети.„Сакаме Европа да ја потврди својата амбиција во областа на летовите со астронаути. Нашата европска вселенска програма и по

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryp8un2pdve3u6foKX1Js

Ќерката на Ким Кардашијан и Канје Вест го одржа првиот самостоен концерт, салата беше полна

Тринаесетгодишната Норт Вест, ќерката на Ким Кардашијан и Канје Вест, направи уште еден значаен чекор во својата музичка кариера – го одржа својот прв самостоен концерт пред полна сала во чикашкиот театар „Вик“.Меѓу публиката беа и нејзините родители, кои и покрај тоа што повеќе не се заедно, дошле да ја поддржат ќерката. Ким настапот го следела од еден дел од салата и ја снимала Норт, додека Канје концертот го гледал од друг сектор.Самостојниот концерт доаѓа по година во која Норт направи некол

Сцена | пред 3 седмици

3 нед.
nafta-mazut

Нафтата скокна на 105 долари за барел, највисоко ниво од мај поради ескалацијата на Блискиот Исток

Цената на нафтата силно порасна во четвртокот, при што барелот „брент“ за првпат од мај достигна 105 долари. Новата ескалација на конфликтот на Блискиот Исток дополнително ги потресе глобалните финансиски пазари.Цените на нафтата оваа недела повторно се искачија над 100 долари за барел поради засилените борби во Ормускиот Теснец и Црвеното Море. САД и Иран разменуваат напади, додека јеменските Хути, кои имаат поддршка од Иран, извршија напади врз Саудиска Арабија, зголемувајќи ги и ризиците окол

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m

Двајца пациенти со западнонилска треска и натаму во тешка состојба

Двајца пациенти со потврдена западнонилска треска и натаму се во тешка здравствена состојба и се приклучени на апарати за дишење. Останатите четворица пациенти, кои се хоспитализирани на Одделот за невроинфекции, се стабилни.Инфектолозите предупредуваат дека кај пациентите кај кои вирусот предизвикал невролошки симптоми е потребно подолго следење, а опоравувањето во потешките случаи може да трае и со месеци.Министерството за здравство веќе ги известило надлежните здравствени институции за потреб

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryti14i9hp6t8tevGr9Yx

Колариќ обвинува: Навреди, провокации и закани од советник на Левица на седницата

Советот на Општина Кисела Вода денеска работел под притисок и, како што тврди претседателката на Советот, Светлана Колариќ, во услови на провокации и недолично однесување од страна на советникот Петар од Левица.Колариќ во објава на социјалните мрежи наведува дека на седницата имало навреди и недолични зборови, провокации кон градоначалничката и останатите советници, како и покажување со прст и закани.Таа тврди дека советникот упатувал закани поврзани со децата на градоначалничката, а во еден мом

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryfopac3jqr80l5ltDa9i

Стаменкоска Трајкоска: Заканите од советниците од политичката партија Левица не можат да ги запрат резултатите

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, обвини советници од политичката партија Левица за, како што наведе, провокации, закани и обиди за доведување на јавноста во заблуда, нагласувајќи дека тоа нема да ги запре проектите што се реализираат во општината.Во своето обраќање, Стаменкоска Трајкоска директно му се обрати на советникот Петар, кого го обвини дека преку објавување снимки и вадење асфалт создавал „театар“ пред граѓаните.„Нема да паднам на вашето ниво и на ва

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarym9i43dohfc8lbfWQkxk

Уапсен заменик-директор во Царинската управа: Осомничен дека зел мито од над 15.000 евра, се дал во бегство

Џевер Имери, вработен во Царинската управа како заменик-директор на Секторот за администрација, е уапсен под сомнение дека побарал мито од над 15.000 евра во врска со тендер во Царинската управа, дознава „Скопје1“.Според информациите, Министерството за внатрешни работи, преку Бирото за јавна безбедност, претходно обезбедило обележани парични средства кои му биле предадени на осомничениот.Откако ги презел парите, Имери не застанал на наредбите на полициските службеници и се дал во бегство.Полициј

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarycvbh21e0trsp9kRAdBG

Клековски: По повеќе од една деценија е ажурирана листата на есенцијални лекови, ги следиме современите достигнувања во фармакотерапијата

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска одржа прес-конференција заедно со шефот на канцеларијата на СЗО во земјава, Аким Али, и деканот на Фармацевтскиот факултет, проф. д-р Зоран Стерјев, на која ги презентираа новините во ажурирањето на Листата на есенцијални лекови.По повеќе од една деценија, нашата држава има ажурирана и официјално објавена Листа на есенцијални лекови, базирана на современи стручни и јавно-здравствени принципи. Стручната ревизија беше спроведена во рамките на Национ

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryc4hvagmcfabj8ROJJAX

Андоновски од Белград: Инвестициите во ИКТ-индустријата и технологијата го движат економскиот раст

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, учествуваше на економскиот форум BELTALKS 2026, кој вчера и денес се одржува во Белград, Република Србија, во организација на GLOBSEC.Во рамки на форумот, министерот Андоновски беше говорник на панел-дискусијата „Градење економија заснована на вештачка интелигенција: податоци, инфраструктура и конкурентност“.„Разговараме за иднината на регионот од економски аспект, а јас ги претставувам можностите за инвестирање во Македонија во областа

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryct7od4bsql1uasvRec2

Шпанија ќе продолжи да ги поддржува реформите во правосудството, средба на Шасивари со Соријано Ортиз

Продлабочување на соработката со Шпанија во областа на правосудството и поддршка за реформите беа во фокусот на денешната средба меѓу министерот за правда, Јетон Шасивари, и амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Соријано Ортиз.Шасивари го информирал шпанскиот амбасадор за приоритетите на Министерството за правда и активностите што се спроведуваат во рамки на реформската агенда. Во наредниот период се очекуваат конкретни законски и институционални чекори, насочени кон подобрување на ефикаснос

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library1etnej2j7ue94P4guyQ

Осло ги забрани паметните очила во училиштата: „Не сакаме децата да бидат статисти на Мета“

Властите во Осло воведоа забрана за употреба на паметни очила со вештачка интелигенција во училиштата, со образложение дека учениците и вработените треба да бидат сигурни дека нема да бидат снимани без нивно знаење. Забраната се однесува на целиот училишен ден и на сите нивоа на образование.Заменицата на градоначалникот на Осло задолжена за образованието, Џули Ремен Мидтгарден, оцени дека станува збор за прашање на приватност и заштита на личните податоци. Таа порача дека градските власти не сак

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
evro

Брисел повторно предлага „Купувај европско“: Јавните пари да се трошат за европски производи

Европската комисија предлага нови правила за јавните набавки со кои училиштата, болниците, локалните власти и другите јавни институции во Европската Унија би имале појасна правна основа да им дадат предност на европските производители и услуги.Предлогот, кој се оценува како нов чекор кон политиката „Купувај европско“, сепак не предвидува општа обврска јавните институции да купуваат исклучиво производи произведени во Европа. Наместо тоа, Брисел сака да им овозможи на јавните нарачатели полесно да

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarymdqk2qqlncoo5pDelUO

Кои луѓе ви ја трошат енергијата? Астролозите откриваат кого да избегнува секој знак

Не секој човек што ќе влезе во нашиот живот носи позитивна енергија. Некои личности можат да нè исцрпат со негативност, постојани критики, недоверба или желба за контрола. Според астролозите, секој хороскопски знак има одреден тип луѓе од кои би било добро да се држи на дистанца за да го зачува својот мир и расположение.ОвенАмбициозни сте и постојано се стремите кон успех. Затоа најмногу ви пречат луѓето кои ве забавуваат, ви создаваат сомнеж во сопствените способности или постојано ја потценува

Вирално | пред 3 седмици

3 нед.
media-library91ao9meerju69DKSvnn

Нов пресврт во драмата на летот од Солун: „Рајанер“ го оспорува тврдењето дека патникот бил извлечен низ прозорецот на авионот

Компанијата „Рајанер“ ќе го оспори тврдењето на 61-годишниот српски бизнисмен Љубиша Каровиќ дека при јулскиот инцидент на летот од Солун кон Германија главата и десната рака му биле извлечени низ скршениот прозорец на авионот.Главниот извршен директор на авиокомпанијата, Мајкл О’Лири, изјави дека Каровиќ бил силно повлечен кон прозорецот по наглото губење на притисокот во кабината, но дека ниту еден дел од неговото тело не излегол надвор од авионот. Тој најави дека „Рајанер“ ќе го оспори тоа тв

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarynr6qk94q89ka0uYLyME

Прифатена жалбата на синот на норвешката кралица: Случајот за силувањата повторно пред суд

Апелацискиот суд во Норвешка ја прифати жалбата на Мариус Борг Хејби, синот на кралицата Мете-Марит, со што случајот повторно ќе биде разгледуван пред суд. Засега не е одреден датумот на новото рочиште, а судот најави дека веднаш ќе започне со подготовките за постапката.Хејби во јуни беше осуден на четири години затвор поради две силувања, семејно насилство и низа други кривични дела. Тој се жалеше на пресудите за двете силувања и за насилството врз поранешната партнерка.Неговиот адвокат Петар С

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarygpm98ma7qalu2NF0lV3

Универзална сала повторно ќе ги отвори вратите за уметниците и публиката

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, на која биле разгледани заедничките приоритети во културата и можностите за продлабочување на соработката меѓу Град Скопје и Министерството.Во фокусот на разговорот биле подготовките за 2028 година, кога Скопје ќе ја понесе титулата Европска престолнина на културата. Според Ѓорѓиевски, ова претставува голема можност, но и одговорност за градот, со цел придобивките од титулата да остана

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryap2ioodl01eccM1emuH

(Видео) Хаос во Кисела Вода: викање, мавтање со прст, барање за обезбедување и исфрлање на советник, обвинување за закани

Драма со викање, станување од место, покажување со прст и меѓусебни обвинувања за закани и насилство се случи на седница на Советот на Општина Кисела Вода. Тензијата кулминираше кога претседателката на Советот, Светлана Колариќ, побара обезбедување и отстранување на советникот од Левица, Петар Здравевски.Кавгата започна додека Колариќ прашуваше дали некој друг бара збор, по што Здравевски ѝ возврати: „Вие не барате?“.Во расправијата потоа се вклучи и градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стамен

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања