Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

ГЕРАСИМОВСКИ

media-libraryo9vl4a8g2qoq3YD2ZWq

Герасимовски: Запознајте ги хероините на градот, бесплатна тура на тема „Женското наследство во Центар"

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги поканува сите заинтересирани граѓани да се приклучат на бесплатната едукативна тура на тема „Женското наследство во Центар“, која ќе се одржи утре, на 17 мај, со почеток во 12:00 часот, кај фонтаната „Лотосов цвет“ во Градски парк.Водич ќе биде историчарката по уметност и кустос Бојана Јанева, а фокусот е ставен на локации и обележја поврзани со улогата на жените во обликувањето на културниот и општествениот идентитет на градот.Прошетката ќе опфати посета на неколку клучни споменици, каде учесниците ќе имаат можност да слушнат приказни и историски факти, меѓу кои и онаа за партизанката Вера Јоциќ, Споменикот на ослободителите на Скопје, Паркот „Жена Борец“ и др.„Ова е можност да се потсетиме на жените кои се жртвувале за она што го имаме денес. Да не заборавиме дека над 5 000 жени учествувале во Народноослободителната борба, од кои околу 300 загинале, 7 биле прогласени за народни херои, а 141 жена се носители на Партизанска споменица 1941“, порача Герасимовски.За сите што ќе се придружат на овој настан, обезбедени се пијалок и ужина, а ќе им бидат доделени и симболични сувенири.Едукативната програма „Центарски прошетки“ е дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година, со цел поголема информираност и приближување на културното наследство до граѓаните.

Скопје | пред 5 дена

media-libraryqj1v498o62iheBZfGQk

Герасимовски: Општина Центар обезбеди 4 милиони денари за новороденчиња

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски по повод Меѓународниот ден на семејството информираше за мерките и иницијативите на Општина Центар насочени кон поддршка на семејствата, децата и повозрасните граѓани.Од Општината посочуваат дека посебен фокус е ставен на младите семејства, преку зголемување на финансиската поддршка за новороденче од 7.000 на 10.000 денари.За оваа мерка во буџетот за 2026 година се издвоени околу 4 милиони денари, а од почетокот на годината досега се исплатени 696.681 денар.„Семејството е темел на нашето општество и затоа континуирано вложуваме во мерки што директно го олеснуваат секојдневието на секој родител. Ги повикувам сите што имаат принова, да се пријават и да ја искористат поддршката за новороденче“, изјави Герасимовски.Од Општина Центар најавуваат и изградба на нова градинка во близина на Клиничкиот центар, со цел да се одговори на потребите на семејствата од тој дел на општината.Покрај мерките за младите семејства, Општината продолжува и со поддршка за пензионерите преку зголемување на еднократната помош на 5.000 денари, како и со дополнителни активности за подобрување на нивната социјална сигурност и квалитет на живот.

Скопје | пред 6 дена

media-library93mc4n05b4ercfvzIe5

Герасимовски: Центар го прослави фолклорот и традицијата со играорците од „Орце Николов“, ДКЦ „Карпош“ и етно работилници

Под мотото „Фолклорот како живо наследство“, Општина Центар организираше културно-едукативен настан во Паркот на Франкофонија, со настапи на Ансамблот за народни игри и песни „Орце Николов“ и фолклорните групи од Детскиот културен центар – Карпош.Играорците, пред публиката, се претставија со богат репертоар од разновидни ора, народна музика и раскошни македонски носии, создавајќи атмосфера на поврзаност и заедништво.Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека токму со вакви настани кои се отворени и достапни за сите, културното наследство станува жива материја која сплотува и не потсетува на традицијата и заедничките вредности.„Со афирмација на народната игра и песна не само што ги чуваме нашите корени, туку создаваме и траен мост меѓу генерациите“, рече Герасимовски.Во рамки на настанот беа реализирани и етно-креативни работилници за деца, каде најмладите преку интерактивен пристап се запознаа со народните обичаи, традиционалните ракотворби, носии и богатството на македонскиот фолклор, со поддршка од етнолози и етнокореолози.Настанот е дел од културната програма на Општина Центар за 2026 година и има за цел да го доближи автентичниот народен дух до младите и да поттикне поголема свест за негово негување и зачувување.

Скопје | пред 1 седмица

media-librarymcfkicghqdk22iVkfUC

Герасимовски: „Нож и виљушка на европска чинија“ во Центар, добра храна, музика и дружење до полноќ

Во Паркот на Франкофонијa денеска се одржува манифестацијата „Нож и виљушка на европска чинија“ – гастрономски и музички настан поддржан од Општина Центар.„Оваа манифестација прерасна во препознатлив симбол на дружење и размена на култури. И овојпат имаме голема посетеност и интерес, голем број граѓани и европски гости, и се разбира, добра атмосфера, музика и гурмански специјалитети. Годинава настанот го посветуваме на 9 Мај, Денот на Европа и 50 годишниот јубилеј на Општина Центар“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.Во текот на целиот ден посетителите можea да дегустираат домашни и европски специјалитети, како и пијалоци на штандовите поставени во паркот, истовремено уживајќи во разновидната музичка програма која почна со настапот на детската група „Поточиња", по што следуваа диџеј настапи и блуз, па сè до доцните ноќни часови со „Куку Леле" и „Илче Брас Левис Бенд".Со оваа манифестација Општина Центар уште еднаш ги обедини граѓаните во срцето на Скопје, нудејќи им содржини кои ја креваат културата во градот на едно поквалитетно и поавтентично ниво.

Скопје | пред 1 седмица

media-library0814924m3v2q8Q112T6

Герасимовки на средба со основните училишта: Бесплатни оброци, екскурзии низ Македонија и униформи за наредната учебна година

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на средба со директорите на осумте основни училишта во општината ги дефинираше клучните образовни политики што ќе се реализираат во наредната учебна година.На состанокот беше усогласен сеопфатен план со конкретни мерки насочени кон унапредување на условите за учениците, при што беше најавена и серија новини во основното образование.Една од најзначајните мерки е воведувањето бесплатна храна за сите ученици во целодневна настава. Почнувајќи од септември 2026 година, трошоците за оброците ќе ги покрива Општина Центар, со што родителите нема да имаат финансиски обврски за исхраната на децата во училиштата.Герасимовски најави и продолжување на проектот за училишни униформи за сите ученици, кој има цел да поттикне еднаквост, дисциплина и чувство на припадност меѓу учениците.За учениците од четврто до деветто одделение е предвидено финансирање на по една неколкудневна екскурзија во рамки на проектот „Ја сакам Македонија“, со кој децата ќе имаат можност да ги запознаат културните и природните богатства на државата.Дополнително, општината најави зголемување на стипендиите за талентирани ученици за 50 отсто, како и воведување на менторска настава и дополнителни часови за ученици кои имаат потреба од поддршка, но и за оние што се подготвуваат за натпревари.Герасимовски истакна дека со овие мерки општината вложува во образованието како инвестиција во иднината, нагласувајќи дека секое дете треба да има еднакви можности за развој и напредок.

Македонија | пред 2 седмици

media-library343b1r99oied34f0NuS

Герасимовски: Приоритет ни се жителите, повеќе паркинг места за центарци и хуманитарни паркинг места

Општина Центар и ЈП Паркинзи на Општина Центар најавија нов модел за организација на јавните паркиралишта, со фокус на поголема достапност за жителите и поефикасно управување со просторот.Со измените, жителите и понатаму ќе имаат повластени услови за паркирање во зоната каде што живеат, но новината е што секоја станбена единица ќе добие бесплатно паркирање за едно возило во својата зона. Со ова, како што посочуваат надлежните, се обезбедува приоритет за жителите и подобра искористеност на капацитетите.Покрај тоа, се воведуваат и проширени можности за користење на услугите за оние граѓани кои имаат дополнителни потреби, а целта е да се воспостави појасен и пофер систем на управување со паркингот.Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека измените се насочени кон подобрување на достапноста и создавање поодржлив систем.„Целта е жителите да имаат подобар пристап до паркинг во близина на своите домови, а системот да биде пофер и подготвен за понатамошни инвестиции и модернизација“, рече Герасимовски.Средствата од наплатата ќе се насочат кон инвестициски циклус за модернизација на инфраструктурата, дигитализација и подобрување на услугите. Измените опфаќаат и усогласувања кај месечните карти, комерцијалните услуги и пајак-службата.Директорот Душко Коцевски посочи дека новиот модел носи пофер пристап и создава основа за долгорочни подобрувања.Новина е и воведувањето на Зона Х – хуманитарни паркинг места, од кои средствата ќе се донираат за ранливи категории граѓани во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија.Со новиот систем, локалните власти очекуваат намалување на сообраќајниот притисок и поттикнување поодржливи навики во движењето низ градот.

Скопје | пред 2 седмици

media-librarymc1ksp3enni63wwGx7x

Герасимовски: Центар доделува субвенции за велосипеди, е-велосипеди и дополнителна опрема, поттикнуваме здрави навики и еколошка мобилност

Општина Центар соопшти дека започнува со доделување субвенции за купување велосипеди, е-велосипеди и дополнителна опрема, со цел поттикнување на здрави навики и унапредување на еколошката мобилност во градот.Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека мерката е насочена кон намалување на загадувањето и сообраќајниот метеж, нагласувајќи дека велосипедот претставува практично и здраво решение за секојдневно движење низ градот. Според него, ваквите активности придонесуваат и за подобрување на физичкото и менталното здравје на граѓаните, како и за почиста урбана средина, стои во соопштението.Со мерката се субвенционира 30% од цената за купување велосипед или е-велосипед, најмногу до 3.000 денари, како и 30% од цената за дополнителна опрема, до 1.000 денари, стои во соопштението.Право на субвенција има секој полнолетен жител на Општина Центар кој извршил купување почнувајќи од 21 март 2026 година. Јавниот повик започнува на 29 април 2026 година и ќе трае до исцрпување на средствата, најдоцна до 1 декември 2026 година, по принцип „прв дојден, прв услужен“, стои во соопштението.Барањата со комплетна документација се поднесуваат во архивата на Општина Центар секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот. Општината со оваа мерка продолжува со активности за одржлива мобилност и подобрување на квалитетот на секојдневниот живот на жителите, како што е наведено во соопштението.

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryv7cofie4acjo4VgKqRB

Герасимовски: Центар го одбележа роденденот на Горан Стефановски со многу емоции, почит и спомени

Општина Центар, со богата уметничка програма, го одбележа роденденот на големиот македонски драмски автор Горан Стефановски, враќајќи го за миг неговиот дух и присуство во Дебар Маало.Настанот се одржа кај спомен-клупата посветена на бардот, а домаќин беше неговиот син Игор Стефановски, кој заедно со пријателите и блиските сподели спомени, сеќавања и анегдоти од животот на познатиот дебармаалец. На присутните се обрати и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.„Горан Стефановски е дел од нашето секојдневие, од јазикот, од мислата и од начинот на кој гледаме на светот. Со ваквите настани му оддаваме почит и го чуваме неговиот збор“, порача Герасимовски.Во рамки на програмата, хорот „Мирче Ацев“ изведе неколку песни, омилени на Стефановски, настап имаше и џез формацијата „Трицикл“, а беа изведени и актерски монолози од неговите дела. Публиката имаше можност да ги погледне и портретите на Горан Стефановски, дело на Ненад Рафајловски, додека музичкиот сет на DJ Шурбе ја заокружи вечерта.Општина Центар го чествува Горан Стефановски преку низа културни настани и активности посветени на неговиот лик и дело.

Скопје | пред 3 седмици

media-library2lmslun9qjfpc0OKbvK

Герасимовски: Бесплатна тура со стручен водич низ постземјотресните обележја, запознајте го Центар чекор по чекор

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, упати покана до граѓаните да се приклучат на бесплатна стручна едукативна тура низ постземјотресните обележја во општината, стои во соопштение на Општина Центар.Како што информира општината, турата ќе се одржи во сабота, на 25 април, со почеток во 12:00 часот, а стартната точка е локацијата „Плочник“ кај Градскиот ѕид. Целта на настанот е запознавање на граѓаните со архитектонското и историското наследство на Центар, стои во соопштение на Општина Центар.Темата на прошетката се постземјотресните обележја во Центар, а водич ќе биде историчарката на уметност и кустос Бојана Јанева. Предвидено е учесниците да посетат повеќе значајни објекти, меѓу кои Градскиот ѕид, Главната пошта, Градскиот трговски центар и Македонската академија на науките и уметностите, стои во соопштение на Општина Центар.Градоначалникот Герасимовски истакнал дека секој објект во Центар носи своја приказна и историска вредност, нагласувајќи дека прошетката е можност граѓаните да се запознаат со развојот на централното градско подрачје, стои во соопштение на Општина Центар.За учесниците, како што информира општината, ќе биде обезбеден пијалок и ужина, како и разгледници со репродукции од дела поврзани со БРУТ СКП, кои ќе бидат доделени како симболичен сувенир, стои во соопштение на Општина Центар.Настанот е дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година и е дел од едукативната иницијатива „Центарски прошетки“, чија цел е поголема информираност за градското наследство и вклучување на граѓаните во културниот живот, стои во соопштение на Општина Центар.

Скопје | пред 3 седмици

media-librarymc1ksp3enni63wwGx7x

Гeрасимовски: Центар сам ќе се грижи за хигиената, доколку Градот нема решение

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изјави дека општината е подготвена да ја преземе грижата за јавната хигиена доколку Градот не ги извршува своите обврски, како што е наведено во соопштение.Во соопштението тој посочи дека Центар располага со капацитети и план за справување со проблемот, особено во услови на влошена состојба со хигиената.Герасимовски нагласи дека општината веќе има ангажирано околу 120 хигиеничари кои работат на терен, почнувајќи од образовните установи и продолжувајќи кон улиците и јавните површини, но посочи дека главниот проблем е собирањето на отпадот од контејнерите, како што е наведено во соопштение.Во соопштението тој оцени дека е недозволиво контејнерите да бидат преполни, а граѓаните, вклучително и децата, да се соочуваат со отпад на патот до училиштата.Воедно, Герасимовски изрази очекување дека состојбата ќе се подобри, посочувајќи дека според информациите од Градот се прават напори, со поддршка од Владата, за набавка на нови возила за подобрување на хигиената, како што е наведено во соопштение.

Скопје | пред 4 седмици

media-libraryas63jlskaus31Vlfn0c

Нови игралишта во Центар: модерна опрема и засилени патроли против вандализам

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави интензивна пролетна реконструкција на детските и спортските игралишта, при што во фокус се „Дрвен“ во Дебар Маало, игралиштето кај КАМ маркет и локацијата „Зебра“.Во гостување на Македонска радио-телевизија, Герасимовски информираше дека игралиштето „Дрвен“ е во завршна фаза на целосна обнова, со нова подлога, урбана опрема и детски реквизити, како и поставување на препознатливата црвена канделабра и модерни клупи.Паралелно, во тек е реконструкција и на игралиштата кај КАМ маркет и „Зебра“, каде, според најавите, сите оштетени реквизити ќе бидат заменети во текот на месецот.Градоначалникот упати апел до граѓаните за поголема грижа кон јавниот простор, посочувајќи дека вандализмот останува сериозен проблем. Во таа насока, нагласи дека соработката со Министерство за внатрешни работи е засилена, со заеднички патроли и теренски активности, особено во вечерните часови и на локации каде се собираат млади.Според него, има одредено подобрување во однос на нарушувањето на јавниот ред, но проблемот сè уште не е целосно надминат. Затоа, најави продолжување на програмите за подигнување на јавната свест и заеднички активности со институциите.Герасимовски посочи и дека иницијативите на Општина Центар за системско справување со вандализмот сè уште се заглавени во институционални процедури, но најави дека општината ќе продолжи со нови решенија, и во делот на урбанизмот и во унапредувањето на законската регулатива.

Скопје | пред 1 месец

media-librarymc1ksp3enni63wwGx7x

Герасимовски: „Центарски улици 4“ со буџет од 1 милион денари. четирикратно зголемени вложувањата во културата во Општина Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски ги повика граѓаните да присуствуваат на најголемиот хепенинг „Центарски улици 4“, кој ќе се одржи на улица „Македонија“.Тој посочи дека настанот се организира четврта година по ред и дека буџетот за негово реализирање значително е зголемен во однос на почетоците.„Овој настан Општина Центар го организира четврта година по ред. Почнавме со многу мал буџет од 30 илјади денари, а денес издвојуваме 1 милион денари токму за овој настан. Во изминатите четири години тројно го зголемивме буџетот за култура, од 4 милиони денари во 2021 година на сегашните 25 милиони денари, што значи повеќе културни содржини во интерес на центарци“, рече Герасимовски.Според најавите, програмата започнува во 12 часот и ќе трае во текот на целиот ден, со настапи на над 30 уметници, диџеј сетови, ликовна колонија, улични перформанси и живи статуи.Вечерниот дел од програмата ќе биде заокружен со настапи на Дина Јашари и Тони Зен со бенд, а Герасимовски упати покана до сите граѓани да ја посетат улица „Македонија“ и да ја проследат манифестацијата.Манифестацијата „Центарски улици 4“ е дел од серијата културни настани со кои Општина Центар го одбележува 50-годишниот јубилеј.

Скопје | пред 1 месец

media-librarymc1ksp3enni63wwGx7x

Отстранети диви тезги на влезот во Старата скопска чаршија

Општина Центар ги отстрани бесправно поставените објекти на влезот во Старата скопска чаршија, со што е ослободен еден од најфреквентните делови во овој дел од градот.Акцијата била спроведена во текот на ноќта по наредба на овластен градежен инспектор од Секторот за инспекциски работи, по претходно извршен вонреден надзор. По донесеното решение, лицата самостојно ги демонтирале тезгите во доцните вечерни часови.Со интервенцијата е расчистен просторот кој подолг период бил исполнет со импровизирани штандови за продажба на бижутерија и сувенири, што го нарушувале изгледот и го отежнувале движењето на пешаците.Градоначалникот Горан Герасимовски изјави дека ќе продолжат контролите и постапувањето против бесправно поставени објекти, со цел заштита на јавниот простор и културно-историското наследство.Акцијата е реализирана со поддршка на Град Скопје и јавните претпријатија, а од Општината најавуваат засилени инспекциски контроли и во наредниот период.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryt2ivkdvufseqeQQnx6O

Градски Ѕид добива уреден рекреативен парк со детско игралиште, фитнес зона и ново зеленило

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во активностите за уредување на просторот во Градски Ѕид, зад објектот „Краш“, на потегот од Зелено пазарче до улицата „Македонија“.Во моментов се изведува битуменска хидроизолација на подземните гаражи на површина од околу 2.600 квадратни метри, со што ќе се надмине долгогодишниот проблем со протекување.Паралелно се врши и целосно поплочување на просторот со нови елементи, со што се обезбедуваат уредени и безбедни пешачки патеки за граѓаните. Се отстрануваат  оштетените плочи, а просторот добива нов урбан лик.Отстрането е старото и дотраено детско игралиште, а на истата локација се поставува ново и проширено место за детска игра,  со современи реквизити и безбедна подлога.Веднаш до игралиштето ќе биде уредена и современа фитнес зона, опремена со справи за вежбање и рекреација, наменета за сите категории граѓани.Проектот опфаќа и хортикултурно уредување, поставување нов систем за полевање и нова урбана опрема, со што просторот ќе добие функција на современ  парк во центарот на градот.„На барање на жителите, го уредуваме овој потег за да биде попријатен, побезбеден и пофункционален за секојдневно користење“, порача градоначалникот Герасимовски.

Скопје | пред 1 месец

gerasimovski-izjava

Герасимовски: Подготвени сме сами да ги решаваме проблемите, ако Градот не најде решение

Најголемиот проблем останува чистењето на контејнерите и собирањето на отпадот, што е задолжение на Градот Скопје, иако има мало подобрување, истакна градоначалникот на Општина Центар  Горан  Герасимовски во интервјуто за  веб-порталот ,,48 Часа“,  одговарајќи на прашањето каква е моменталната соработка со Градот.„Секојдневно праќаме дописи до Градот за одредени проблеми со кои се соочува општината. Верувам дека Градот наскоро ќе најде решение за нив. Доколку тоа не се случи, ние како општина сме подготвени, а тоа го покажавме и во претходниот мандат , да ги решаваме проблемите самоиницијативно, и покрај огромниот број предизвици со кои се соочуваме“, рече Герасимовски.Градоначалникот е уверен дека општината може сама да ги решава проблемите со кои се соочува.,,Доколку граѓаните сите оние средства  што ги уплаќаат во јавните градски претпријатија,  ги уплаќаат во Општина Центар и нашите претпријатија, јас сум сигурен дека можеме самоиницијативно да ги решаваме сите проблеми со кои сме се соочувале и се соочуваме денеска, рече Герасимовски.

Скопје | пред 1 месец

media-library1eqqjkocq75j5plJT81

Герасимовски: Ветените проекти се реализираат, инвестираме во улици, паркови и инфраструктура

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во интервју за „48 Часа“ истакна дека довербата што ја добил од граѓаните за втор мандат ја оправдува преку работа на терен и реализација на проекти за што има поддршка и од Советот.„Среќен сум што со Советот во овој буџет за првата година од мандатот обезбедивме средства за многу од проектите што ги ветувавме во програмата. Слободно можам да кажам дека за околу 90 проценти од проектите се предвидени финансиски средства за започнување на големите капитални инвестиции”, pече Герасимовски.Тој посочи дека во моментов се работи на повеќе инфраструктурни зафати во различни делови на општината, како реконструкција на улици, уредување на јавни простори и реализација на капитални инвестиции предвидени во програмата.На почетокот на годината ја завршивме салата „Работнички“, што  ја започнавме во првиот мандат, а продолжуваме и со повеќе улици кои се веќе започнати. Улицата „Мирослав Крлежа“ во Дебар Маало целосно се реконструира, а пред неколку дена ја отпочнавме и реконструкцијата на улицата „Ленинова“, каде што го обновивме едниот, а сега и вториот крак. Отпочнавме и со уредување на паркот кај Зелениот пазар, каде што е предвидено партерно и хортикултурно уредување, како и нови детски и спортски игралишта. Продолжуваме со исто темпо и верувам дека поголемиот дел од капиталните проекти што ги ветивме пред граѓаните ќе ги завршиме во првата година од мојот мандат“, рече Герасимовски.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryrr7lnn1m3g261PFSNC0

Герасимовски: Целосна реконструкција на детското игралиште во Дебар Маало,  побезбедна игра за малите центарци

Општина Центар започна со целосна реконструкција на култното детско игралиште „Славка Недиќ“, попознато како „Дрвен“, лоцирано во Дебар Маало, со цел создавање побезбеден, пофункционален и современ простор за игра на децата.Со реконструкцијата ќе се изврши целосна замена на дотраената урбана опрема и постојните реквизити, кои ќе бидат заменети со нови, современи и безбедни содржини. Во рамки на проектот е предвидена и изградба на нов летниковец, кој ќе овозможи дополнителен простор за одмор и дружење на граѓаните. Игралиштето долго време е омилено место за игра и рекреација на децата од Дебар Маало.„Продолжуваме со уредување и обновување на детските игралишта низ општината, затоа што нашите деца заслужуваат безбедни и современи места за игра и развој. Апелирам до сите граѓани да се однесуваат одговорно и совесно, да ја чуваме новата опрема и заеднички да придонесеме за зачувување на јавните простори. Само со заедничка грижа можеме да обезбедиме долгорочна корист за сите“, рече градоначалникот Горан Герасимовски.Оваа инвестиција е дел од континуираните активности на локалната самоуправа за унапредување на јавните простори и создавање поквалитетни услови за живот во урбаната средина.Општина Центар и во наредниот период ќе продолжи со инвестиции во реконструкција и модернизација на детските и спортските игралишта, со цел подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани.

Скопје | пред 1 месец

media-librarykqnr33mppf5tbFUuyKG

Почна реконструкцијата на улица „Ленинова“, воведен привремен режим на сообраќај

Општина Центар започна со реконструкција на вториот дел од улицата „Ленинова“ во должина од над 600 метри, на потегот од бул. „Партизански одреди“ до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.Во моментов се реализираат првата и втората фаза од реконструкцијата, на делот од бул. „Партизански одреди“ до ул. „Наум Наумовски Борче“.На овој потег воведен е привремен режим на сообраќај во период од 30 дена, при што едната половина од коловозот е затворена, додека сообраќајот се одвива по другата половина од улицата.Реконструкцијата на улица „Ленинова“ ќе се одвива во повеќе фази. За време на асфалтирањето, одредени делови од улицата ќе бидат целосно затворени, а возилата ќе се пренасочуваат по соседните улици. Станарите ќе имаат пристап до своите домови, а нивното движење ќе биде рачно регулирано во координација со изведувачот, при што непречено ќе се пропуштаат и интервентни возила.„Во програмата ветив подобрување на патната инфраструктура во општината. Со реконструкцијата на вториот дел од улицата „Ленинова“ воспоставуваме континуитет со првиот дел од оваа сообраќајница. Се предвидува уредување на коловозот, тротоарите и пешачките патеки, поставување велосипедска патека и обновување на зеленилото долж целиот потег, со што овој дел од улицата ќе добие поуреден и побезбеден изглед за сите учесници во сообраќајот“, рече градоначалникот Горан Герасимовски.Првиот дел од улицата „Ленинова“ беше саниран во 2023 година, на потегот од бул. „Партизански одреди“ до бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“.Тогаш беа поставени нов асфалт, нова водоводна и атмосферска канализација, реконструирани тротоари, поставено ЛЕД-осветлување и воведен резидентен паркинг.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryh3hpddbt6nd9e7TLj2g

Герасимовски: Отворени вратите на „Матично“, бесплатни здравствени проверки и консултации со специјалисти за граѓаните

Во Младински центар „Матично“, што  функционира во склоп на Општина Центар, денеска се одржуваат бесплатни здравствени проверки и консултации за граѓаните. Прегледите се реализираат во периодот од 09:00 до 15:00 часот, без претходно закажување.Граѓаните имаат можност бесплатно да се консултираат со тим лекари специјалисти и да добијат совети поврзани со своето здравје, како и да направат основни здравствени проверки, меѓу кои мерење на крвен притисок и мерење на гликоза во крвта.Во текот на денот консултации и советувања со граѓаните одржуваат: д-р спец. Снежана Георгиева –гинеколог акушер, д-р спец. Љиљана Атанасовска – дерматовенеролог, д-р спец. Велимир Савески – инфектолог и доц. д-р Александар Савески – ортопед трауматолог.Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика граѓаните да ја искористат можноста и да се консултираат со стручни лица.„Ги поканувам сите граѓани да дојдат во општинскиот Младински центар “Матично” за да  ја проверат својата здравствена состојба. Оваа активност ја реализираме во пресрет на Светскиот ден на здравјето, со цел да ја поттикнеме свеста за превенцијата и редовната грижа за сопственото здравје“, истакна Герасимовски.Акцијата се реализира во соработка со ХЕРА, Асоцијација за здравствена едукација и истражување.

Скопје | пред 1 месец

media-librarysu6iegteto709Xinobs

Герасимовски во збратимената општина Стари Град, Белград, во фокус култура, спорт и образование

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, за време на работната посета на збратимената општина Стари Град во Белград, оствари средба со својот колега и домаќин, градоначалникот Радослав Марјановиќ.Посетата се реализира по повод 150 години од формирањето на општината Стари Град.На средбата, делегациите на двете општини разменија искуства и разговараа за продлабочување на соработката во областа на културата, спортот, образованието и урбаниот развој.„Нашите збратимени општини имаат слични проекти и приоритети. Токму затоа е клучно да споделуваме искуства и да учиме едни од други. Преку вакави врски и соработка, ги промовираме културните вредности и туристичките потенцијали што ги поседуваме“, рече Герасимовски.Општина Центар и Стари Град се збратимени повеќе од две децении, а соработката има за цел продлабочување на врските меѓу локалните власти, како и зближување на граѓаните преку културна, спортска и образовна размена и други заеднички иницијативи, со што се зајакнува пријателството меѓу двете локални заедници.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryrb06ngi121nf8ENVgiJ

Герасимовски – Варнс: Со САД како партнер, чекор поблиску до нови можности и развој на Општина Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска одржа средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс.На средбата се разговараше за активностите и проектите што ги спроведува Општина Центар, како и за можностите за продлабочување на соработката и реализација на заеднички иницијативи и проекти.„Имавме одлична средба, со посебен фокус на проектите и плановите за подобрување на услугите за граѓаните и процесот на децентрализација. Поддршката од САД ни значи многу, бидејќи ни помага да ги унапредуваме практиките и да продолжиме да се развиваме како модерна и отворена општина“,  рече Герасимовски.Toj истакна дека Општина Центар континуирано вложува во крупни инфраструктурни проекти, поттикнување на локалниот развој и унапредување на јавните услуги, како и во иницијативи што го подобруваат секојдневието на жителите и ја зголемуваат ефикасноста на општината.Средбата помина во пријателска и конструктивна атмосфера, со заедничка определба за понатамошно продлабочување на соработката меѓу Општина Центар и амбасадата на САД во земјава.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryt1edkmedeetn2efW93u

Герасимовски: Реконструкција на улицата ,,Светозар Марковиќ”, нов асфалт, тротоари и канализација

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши  увид во активностите за реконструкција на улицата „Светозар Марковиќ“ во населбата Ново Маало.Реконструкцијата на улицата опфаќа површина од 1.310 м² и должина од 210 метри. Во моментот на терен се поставува нов асфалт.Во Центар се реализираат конкретни проекти, со стандарди што граѓаните ги заслужуваат. Секоја уредена улица е чекор поблиску  кон поразвиена и побезбедна општина. Реконструкцијата на улицата ,,Светозар Марковиќ„  ќе овозможи полесно движење за граѓаните и безбеден сообраќај, воедно ќе придонесе за поуреден изглед на населбата“, посочи Герасимовски.Реконструкцијата предвидува проширување на улицата, нови рабници и тротоари, ново улично осветлување и поставување атмосферска и фекална канализација.Во Општина Центар активно се работи на подобрување на инфраструктурата. Во тек е  реконструкција на улицата „Мирослав Крлежа“ во Дебар Маало, а  наскоро ќе а започнат градежните работи за реконструирање на вториот дел од улицата „Ленинова“.

Скопје | пред 2 месеци

299300548_1509089779544340_5740019662609878792_n

Герасимовски: Инспекторите се на терен, санкции за сите што немаат одобрение за урбана опрема

Општина Центар ги повикува сите правни субјекти и сопственици на угостителски објекти  навремено да ја проверат и подготват целокупната документација за поставената урбана опрема на јавните површини.Инспекциската служба на Општина Центар, спроведува интензивни теренски контроли за утврдување дали терасите, настрешниците, шанковите, перголите, параваните, застаклените конструкции и другата урбана опрема се поставени со важечко одобрение и согласно издадената документација.За секоја утврдена неправилност, инспекторите согласно законските надлежности, ќе реагираат со  поведување прекршочни постапки и изрекување соодветни санкции.Градоначалникот на Општина Центар во повеќе наврати порача дека нема да има толеранција за бесправно узурпирање на јавниот простор.„Нашите инспекциски служби се на терен. Соодветни казни ќе има за сите што немаат одобрение за поставување урбана опрема“, рече Герасимовски.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryplnivtkh5g642Kn3lO4

Герасимовски: Салата „Работнички“ ги отвори вратите за македонските репрезентативци, очекуваме победа во петок против Луксембург

Македонските репрезентативци интензивно тренираат и се подготвуваат за претстојниот дуел со Луксембург, а подготовките ги одржуваат во реконструираната спортска сала Работнички.„Ми претставува големо задоволство што токму нашата сениорска селекција имаше можност прва да зачекори на новиот паркет во реконструираната сала. Сите се надеваме на победа во петок, прва победа по вчерашното отворање на салата. Горд сум што Општина Центар е домаќин на ваков натпревар. Изградивме сала по ФИБА-стандарди и го отворивме патот за натпревари од ваков ранг, но и место  каде што ќе се тренира, ќе се учи и ќе се развива кошарката. Нека ни се редат победите и успесите“, порача  градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.Натпреварот Македонија – Луксембург, во рамки на претквалификациите за Евробаскет 2029 ќе се одигра в петок со почеток во 18:00 часот

Спорт | пред 2 месеци

media-library4n3r99gqskc8d7Lz4L9

Герасимовски: Салата Работнички ќе го носи името на легендарниот Лазар Лечиќ

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информираше дека целосно реконструираната спортска сала „Работнички“ ќе го носи името на легендарниот тренер Лазар Лечиќ.Во интервју за „Тема на денот” на Сител телевизија, Герасимовски посочи дека на следната седница на Советот ќе ја предложи точката салата официјално да биде именувана „Лазар Лечиќ“. Предлогот произлегол од иницијатива на ветераните на КК „Работнички“ и спортската јавност, кои инсистирале името на салата да го продолжи духот и традицијата на клубот.Герасимовски нагласи дека е особено горд како е реализиран проектот и се заблагодари на претходната и на актуелната Влада за финансиската поддршка што овозможила салата темелно да се реконструира.„Имаме целосно нова сала, од кровот, ново осветлување и вентилација, до нов модерен паркет, нови санитарии, средени канцеларии за спортските федерции. Буквално од корен е реконструирана. За мене ова има посебно значење, а верувам и за сите центарци и скопјани“, посочи тој.Герасимовски потсети дека првиот офиицијален натпревар во салата е планиран во петок, кога македонската кошаркарска репрезентација ќе одигра меч против селекцијата на Луксембург.

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања