Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

РУБИО

media-librarylnn94vbrd07l4j71V0b

Рубио: Ормускиот теснец мора да биде отворен – вака или онака

Марко Рубио изјави дека преговорите за договор со Иран се блокирани поради несогласувања околу формулацијата на текстот.„Ќе бидат потребни неколку дена за да се решат несогласувањата околу еден збор, една реченица“, изјавил Рубио пред новинарите во авионот на американската делегација на аеродром во Индија.Неговата изјава доаѓа само неколку часа по американските „удари во самоодбрана“ врз ирански позиции за лансирање ракети и бродови во близина на Ормуски теснец.Запрашан за нападите, Рубио испратил директна порака:„Теснецот мора да биде отворен. Ќе биде отворен вака или онака и затоа мора да биде отворен“, рекол тој.Иранските власти засега официјално не ги коментирале американските напади, но државните медиуми во Техеран ги опишале како прекршување на постојниот договор за прекин на огнот.Американските и иранските сили и претходно разменуваа оган и покрај примирјето.

Свет | пред 6 часа

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио по масовниот напад врз Киев: Оваа војна мора да заврши

Марко Рубио изјави дека САД и натаму се подготвени да посредуваат во конфликтот меѓу Русија и Украина, по масовната руска офанзива врз Киев.„САД се подготвени и сакаат да направат сѐ што е во нивна моќ за да помогнат оваа војна да заврши и се надеваме дека ќе се појави можност за тоа“, изјавил Рубио за време на официјална посета на Индија, по телефонски разговор со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.Во саботата навечер, во масовен воздушен напад врз Киев и околината загинале најмалку четири лица.„Секогаш кога ќе видите вакви големи напади од двете страни, тоа е потсетник зошто ова е ужасна војна... и таа мора да заврши“, порача Рубио.Во меѓувреме, Москва ги повикала странските државјани кои живеат во Киев, вклучително и дипломатскиот персонал, да го напуштат градот пред нови руски напади насочени кон „центри за донесување одлуки“ и „воено-индустриски комплекси“.Рубио изјавил дека Русија ги предупредила „сите амбасади“, а не само американската.

Свет | пред 6 часа

media-libraryhes0fpoeh6aoaq1oydh

Рубио: Или ќе постигнеме добар договор со Иран, или проблемот ќе се решава поинаку

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека преговорите меѓу САД и Иран сè уште траат, но порача дека Вашингтон нема бесконечно да чека договор.„Мислевме дека можеби уште синоќа ќе имаме некакви вести. Не би придавал преголемо значење на тоа што ги немаме. Потребно е време за да добиеме одговор“, изјави Рубио пред новинарите за време на посетата на Индија.Тој посочи дека на маса има „прилично сериозен предлог“, кој се однесува на можноста Иран да го отвори Ормутскиот теснец и да влезе во временски ограничени преговори за нуклеарната програма.Според Рубио, евентуалниот договор има силна поддршка од земјите од Заливот и од меѓународната заедница.„Трамп не сака лош договор“, нагласи Рубио, додавајќи:„Или ќе постигнеме добар договор, или со тоа ќе мора да се справиме на друг начин.“На прашањето дали Либан ќе биде дел од евентуалниот договор, Рубио одговори дека разговорите меѓу Израел и Либан продолжуваат.

Свет | пред 1 ден

media-libraryhes0fpoeh6aoaq1oydh

Рубио: Можно е наскоро да има добри вести за Ормускиот теснец

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека постои можност во наредните неколку часа да има „добри вести“ поврзани со ситуацијата во Ормускиот теснец.„Во последните 48 часа е постигнат одреден напредок околу нацрт-решение кое би можело да ја реши ситуацијата во Ормускиот теснец. Постои можност да има добри вести во наредните неколку часа“, изјави Рубио за време на посетата на Индија, пренесува Reuters.Тој во Индија се сретнал со индискиот министер за надворешни работи Субрахманјам Џаишанкар, а разговорите биле посветени на Блискиот Исток, трговијата, визите, поморската безбедност и енергетското снабдување.Рубио нагласи дека нападите врз трговски бродови се „целосно незаконски“ и повтори дека Иран не смее да поседува нуклеарно оружје.На новинарско прашање за штетите врз училиштата во Иран од почетокот на конфликтот на 28 февруари, Рубио рече дека нема да коментира воена тактика, бидејќи тоа не е во негова надлежност.Тој додаде дека целите на САД биле уништување на иранската морнарица, ограничување на можностите за лансирање балистички ракети и оштетување на одбранбената индустриска база на Иран.„Тоа беа целите на кампањата ‘Епски бес’ и тие цели се постигнати“, изјави Рубио.

Свет | пред 2 дена

media-libraryhes0fpoeh6aoaq1oydh

САД се повлекуваат од мировните преговори за Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, денес потврди дека преговорите со учество на Вашингтон за прекин на војната во Украина се прекинати поради недостаток на напредок, но дека САД се подготвени повторно да им се приклучат доколку има можност да се постигнат резултати.Тој го изјави ова пред новинарите за време на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Шведска, пренесува Укринформ.„Се вклучивме затоа што ни кажаа дека ние сме единствените што можат да го направат тоа. Единствените со кои ќе разговараат и Русите и Украинците“, објасни американскиот државен секретар.Во исто време, тој призна дека преговорите не дале резултати.„За жал, тие не беа продуктивни“, рече Рубио.Тој, исто така, ги негираше обвинувањата за наводен притисок од Вашингтон врз Киев.„Приказните што се шират дека ги принудивме Украинците да заземат одреден став не се вистинити“, рече Рубио.Тој нагласи дека САД се подготвени да продолжат да ги поддржуваат преговорите доколку имаат шанса да донесат резултати.„Во последните неколку месеци, имавме чувство дека нема значителен напредок, но можеби динамиката ќе се промени… Ако видиме можност да организираме преговори кои ќе бидат продуктивни, а не контрапродуктивни, и кои имаат шанса да бидат успешни, ние сме подготвени да ја играме таа улога“, рече Рубио.Тој додаде дека САД не сакаат да учествуваат во „бесконечен циклус на состаноци“ кои не даваат резултати.Според него, оваа војна може да заврши само со договорено решение, а не со воена победа на едната страна во традиционална смисла.

Свет | пред 3 дена

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски по повлекувањето на САД од мировните преговори: Дипломатските напори мора да се засилат

Володимир Зеленски изјави дека дипломатските напори за завршување на војната во Украина повторно треба да се интензивираат, по разговорите со лидерите на Велика Британија, Франција и Германија.Во своето вечерно обраќање, украинскиот претседател посочи дека очекува предлози од САД за нови формати на дипломатија, нагласувајќи дека состојбата на фронтот е поволна за Украина.Тој додаде дека украинските сили во текот на 2026 година ослободиле 590 квадратни километри територија.Претходно, Марко Рубио изјави дека преговорите за ставање крај на војната, во кои посредува Вашингтон, се прекинати поради недостиг на напредок, но дека САД се подготвени повторно да се вклучат доколку се појави можност за конкретен резултат.„Се вклучивме затоа што ни беше кажано дека сме единствените што можат да го направат тоа. Единствените со кои и Русите и Украинците ќе разговараат“, изјави Рубио на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Шведска.Тој призна дека досегашните разговори не донеле резултати.

Свет | пред 3 дена

media-librarya263s9liq9oi0HG2Zrc

Нордиските и балтичките земји ги отфрлија руските обвинувања за напади со дронови

Министрите за надворешни работи на нордиските и балтичките земји со заедничка изјава остро ги отфрлија, како што наведоа, „очигледната руска кампања на дезинформации и лажни обвинувања“ за нарушување на воздушниот простор и наводни напади со дронови.Реакцијата следува откако рускиот амбасадор во Обединетите нации тврдеше дека Украина подготвува напади со воени дронови од територијата на Латвија и други балтички држави, предупредувајќи дека членството во НАТО нема да ги заштити од одмазда.Во соопштението објавено од естонското Министерство за надворешни работи, министрите ги осудија руските закани со употреба на сила против Латвија и другите земји во регионот.„Русија се обидува да го одвлече вниманието од својата незаконска војна и да ги заплаши НАТО-сојузниците. Тоа нема да ѝ успее и ваквото однесување мора веднаш да престане“, се наведува во изјавата.Американскиот сенатор Марко Рубио изјави дека Вашингтон е загрижен поради можната ескалација на ситуацијата, иако балтичките земји веќе ги демантираа руските обвинувања.„Загрижени сме бидејќи не сакаме ова да прерасне во поширок конфликт што би можел да предизвика многу полошо сценарио“, рече Рубио.Во меѓувреме, Естонија, Литванија и Латвија забрзано ја зајакнуваат одбраната поради стравувањата од можен руски напад по завршувањето или замрзнувањето на војната во Украина.Балтичките држави веќе работат на изградба на таканаречена „Балтичка одбранбена линија“ долж границата со Русија и Белорусија, која ќе вклучува бункери, ровови, противтенковски бариери и логистички засолништа.

Свет | пред 3 дена

media-libraryhes0fpoeh6aoaq1oydh

Рубио до сојузниците: Ако не давате бази за САД, зошто сте во НАТО?

Министрите за надворешни работи на НАТО денеска ги продолжуваат разговорите во шведскиот град Хелсингборг, каде главна тема е зајакнувањето на европските воени капацитети, но состанокот е во сенка на новите тензии меѓу САД и дел од европските сојузници поради војната со Иран.Американскиот државен секретар Марко Рубио, пред пристигнувањето во Шведска, остро ги критикуваше земјите кои одбиле да им дозволат на САД користење на воени бази за операциите против Иран, посебно посочувајќи ја Шпанија.„Ако земји како Шпанија одбиваат да ни ги дадат на користење тие бази, тогаш зошто се во НАТО? Тоа е сосема легитимно прашање“, изјави Рубио во интервју објавено на „Јутјуб“.Тој нагласи дека членството на САД во НАТО „мора да има вредност за Америка“ и дека американските бази во Европа се еден од клучните елементи на Алијансата.Рубио додаде дека „некои други земји во НАТО биле од голема помош“, но не прецизираше на кои држави мисли.Во меѓувреме, администрацијата на Доналд Трамп продолжува со притисокот врз европските сојузници за драстично зголемување на трошоците за одбрана и преземање поголема одговорност за безбедноста на Европа.Средбата во Хелсингборг е подготовка за самитот на НАТО што во јули треба да се одржи во Анкара. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, најави дека Вашингтон би можел да објави промени во американскиот придонес во рамки на Алијансата.САД веќе најавија повлекување на околу 5.000 војници од Европа, а привремено се стопирани и плановите за распоредување ракети со среден дострел во Германија.

Свет | пред 4 дена

media-libraryhes0fpoeh6aoaq1oydh

Рубио: НАТО не прави ништо за да им помогне на САД против Иран

Американскиот државен секретар Марко Рубио ги критикуваше земјите членки на НАТО, обвинувајќи ги дека одбиваат да им помогнат на САД во конфликтот со Иран.„Претседателот Доналд Трамп не бара од нив да стават на располагање трупи или да испратат борбени авиони, но тие одбиваат да преземат било што“, изјави Рубио пред новинарите, непосредно пред заминувањето за Шведска, каде утре ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО.„Тоа нѐ вознемири многу“, додаде тој.Рубио рече дека многу членки на Алијансата се согласуваат со ставот на Вашингтон дека Иран не смее да поседува нуклеарно оружје и дека претставува закана за светот.„Многу земји членки на НАТО го делат нашето уверување дека Иран не смее да дојде до нуклеарно оружје и дека претставува закана за светот“, изјави американскиот државен секретар.Според него, токму затоа претседателот Трамп решил „да дејствува“.САД и Израел ги започнаа нападите врз Иран на 28 февруари, без претходни консултации со НАТО, наведува „Хина“.Неколку европски сојузници изразија сомнеж во оправданоста на војната, оспорувајќи ги американско-израелските тврдења за непосредна иранска нуклеарна закана, особено по растот на светските цени на нафтата.Шпанскиот премиер Педро Санчез ја осуди војната како незаконска и одби американските авиони да користат бази во Шпанија.Во меѓувреме, германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Иран ги „понижува“ САД во преговорите, што, според написите, го налутило Доналд Трамп, кој најавил повлекување на 5.000 американски војници од Германија.Рубио, кој долго време важеше за силен поддржувач на НАТО, сега јавно ја доведе во прашање користа од Алијансата за САД.„Знам зошто НАТО е добар за Европа, но зошто НАТО е добар за Америка?“, праша Рубио, оценувајќи дека тоа е „сосема легитимно прашање“.Министрите за надворешни работи на НАТО денес и утре се состануваат во Хелсингборг, Шведска, каде ќе разговараат за поддршката за Украина и подготовките за следниот самит на Алијансата во јули во Турција.

Свет | пред 4 дена

media-libraryhes0fpoeh6aoaq1oydh

Рубио: САД не бараат помош од Кина за Иран

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека на САД не им е потребна помош од Кина во однос на Иран, нагласувајќи дека Вашингтон и Пекинг сепак делат ставови по прашањето за Ормускиот теснец.Во интервју за NBC, Рубио рече:„Не бараме помош од Кина. Не ни е потребна“, додавајќи дека двете земји се согласуваат дека Иран не треба да развива нуклеарно оружје, ниту да се дозволи милитаризација на Ормускиот теснец.Тој истакна дека и САД и Кина се против воведување наплата за пловидба низ овој стратешки важен морски пат.Рубио додаде дека постои заеднички став околу потребата од стабилност во регионот, особено во контекст на глобалната енергетска безбедност.Тој исто така предупреди дека Иран не треба да се обидува да ги користи внатрешните политички поделби во САД за да изврши притисок во преговорите со Вашингтон.„Претседателот јасно порачува дека ако Иранците мислат дека ќе ја искористат внатрешната политичка ситуација во САД за да го натераат на лош договор, тоа нема да се случи“, изјави Рубио.

Свет | пред 1 седмица

media-library8ruru9r8btho6bDDdUw

(Видео) Реакцијата на Рубио на таванот во Пекинг стана хит на социјалните мрежи

Во пресрет на средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот лидер Си Џинпинг, американскиот државен секретар Марко Рубио бил снимен како со воодушевување го набљудува таванот во Големата сала на народот во Пекинг.Видео-снимката брзо се прошири на социјалните мрежи, прикажувајќи го Рубио како со подигната глава го гледа таванот и покажува кон него додека разговара со американскиот министер за одбрана Пит Хегсет.Корисниците на интернет со ентузијазам ја коментираа неговата реакција, а дел од нив се пошегуваа и со фактот дека Рубио формално се наоѓа под кинески санкции.„Погледни ги тие светла - треба и ние да ги смениме нашите кога ќе се вратиме“, напишал еден корисник на кинеската мрежа Weibo.Во друга објава на X, саркастично било наведено: „Ајде вака да ја преуредиме Белата куќа кога ќе се вратиме.“Големата сала на народот, изградена во 1950-тите, е позната по раскошниот ентериер, огромните кристални лустери, позлатените украси и традиционалниот кинески стил.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryhes0fpoeh6aoaq1oydh

Рубио пристигна во Пекинг иако е под санкции

Американскиот државен секретар Марко Рубио пристигна во Пекинг заедно со американскиот претседател Доналд Трамп, иако претходно беше под кинески санкции и со забрана за влез во земјата.Според извештаите, Пекинг проблемот го решил со необичен потег – промена на кинеската транскрипција на неговото презиме.Рубио, кој како сенатор беше еден од најгласните критичари на Кина, особено за човековите права и односот кон Ујгурите и Хонг Конг, двапати беше санкциониран од кинеските власти.Но, непосредно пред да ја преземе функцијата државен секретар во 2025 година, кинеската влада и државните медиуми почнале да користат друг кинески знак за дел од неговото презиме.Двајца дипломати за AFP изјавиле дека веруваат оти Кина го направила тоа за да ги заобиколи санкциите што биле воведени под претходната верзија на неговото име.Портпаролот на кинеската амбасада, Лиу Пенгју, изјави дека санкциите се однесувале на зборовите и постапките на Рубио додека бил американски сенатор.Во меѓувреме, портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, рече дека не забележала промена во записот на неговото име, но додаде дека англиската верзија е поважна.Рубио претходно ја опиша Кина како најголем противник со кој САД некогаш се соочиле, но по преземањето на функцијата главно го поддржува пристапот на Трамп, кој повеќе се фокусира на трговијата и соработката со Пекинг.

Свет | пред 1 седмица

media-library62hinrmh7i5p7EGEv52

САД и Ватикан ја зајакнуваат соработката по состанокот на Рубио и папата Лав XIV

Американскиот државен секретар Марко Рубио и папата Лав XIV разговараа во Ватикан за ситуацијата на Блискиот Исток и за прашања од заеднички интерес на западната хемисфера, соопшти американскиот Стејт департмент.Во краткото соопштение се наведува дека средбата ја потврдила „силната врска“ меѓу САД и Светата Столица, како и заедничката посветеност на промовирање мир и човечко достоинство.Според новинарите кои ја следеле посетата, Рубио во Апостолската палата поминал повеќе од два часа, иако не е познато колку точно траела средбата со папата.Претходно, Рубио најави дека ќе се разговара и за состојбата во Куба, каде преку Католичката црква САД испорачуваат хуманитарна помош во вредност од милиони долари.Состанокот доаѓа по период на тензии меѓу Вашингтон и Ватикан, при што беа забележани несогласувања околу некои надворешнополитички прашања, вклучително и ставовите кон конфликтите на Блискиот Исток.

Свет | пред 2 седмици

media-library62hinrmh7i5p7EGEv52

Папата и Рубио во дијалог за американската надворешна политика во Ватикан

Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе се сретне со папата Лав XIV во четврток во Ватикан, при што средбата ќе биде фокусирана на отворен дијалог околу политиките на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, соопшти американскиот амбасадор при Светата Столица.Според амбасадорот Брајан Бурч, разговорот ќе се одвива во дух на „братство и искрен дијалог“, а целта е да се надминат разликите меѓу страните преку дипломатска комуникација.Посетата на Рубио се поклопува со првата годишнина од понтификатот на папата Лав XIV и доаѓа во период на засилени политички тензии меѓу Ватикан и делови од американската администрација.Причина за тоа се и претходните критики на папата кон американско-израелската политика кон Иран, особено во врска со воениот конфликт и заканите кон цивилното население, кои Ватикан ги оцени како неприфатливи.Средбата се очекува да отвори прашања поврзани со меѓународната политика, војните на Блискиот Исток и улогата на верските институции во глобалните кризи.

Свет | пред 3 седмици

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио: „Иранскиот предлог е неприфатлив“

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес изјави дека предлогот на Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец под строги услови не е прифатлив за САД ниту за другите земји.„Она што тие го подразбираат под отворање на теснецот е тој да биде отворен за пловидба, сè додека преминот низ него се координира со Иран и се добие нивна дозвола, или ќе ве дигнат во воздух и ќе ви наплатат“, наведе американскиот функционер и повтори дека САД нема да толерираат обиди меѓународните пловни патишта да се држат како „заложници“.Според зборовите на Рубио, тоа не претставува отворање на Ормускиот теснец, кој инаку е меѓународни води.Тој изјави во интервју за „Фокс њуз“ дека Иран не може да воспостави систем според кој тие би одлучувале кој ќе го користи теснецот.Рубио истакна дека Иран е „сериозен“ во врска со постигнување договор со САД, но додаде дека секој договор мора да вклучува спречување на Иран да развие нуклеарно оружје.„Мислам дека се сериозни во врска со извлекување од нередот во кој се наоѓаат“, изјави тој.Тој оцени дека во Иран економската состојба се влошила од почетокот на конфликтот, вклучувајќи инфлација, проблеми со исплата на плати и санкции.„Сите проблеми што Иран ги имаше пред почетокот на овој конфликт сè уште постојат, а повеќето се уште полоши“, рече Рубио.Иран претходно доставил нов предлог до САД за повторно отворање на Ормускиот теснец и завршување на конфликтот, додека нуклеарните преговори се одложени за подоцнежна фаза, пренесе „Аксios“, повикувајќи се на американски функционер и два извора запознаени со ситуацијата.Новиот предлог бил пренесен преку посредници од Пакистан и се фокусира прво на решавање на кризата околу теснецот и американската блокада.Како дел од тоа, прекинот на огнот би се продолжил на подолг период или би се постигнал договор за трајно завршување на конфликтот.

Свет | пред 4 седмици

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио: Американските дипломати да ја користат платформата Икс против пропаганда

Американските дипломати треба активно да ја користат социјалната мрежа X и да соработуваат со воени единици за психолошки операции во борбата против странска пропаганда, се наведува во допис на американскиот државен секретар Марко Рубио.Документот, во кој увид имале странски медиуми, се однесува на начини за разобличување на операции за влијание и дезинформации кои, според проценките на Вашингтон, претставуваат директна закана за националната безбедност и ги поттикнуваат непријателските ставови кон американските интереси.Во дописот им се наложува на дипломатите да се координираат со други институции, вклучително и со единици на Пентагон за психолошки операции, кои претходно биле познати како операции за информативна поддршка.„Дипломатите треба, по потреба, да се координираат со меѓуресорските партнери“, се наведува во дописот на Рубио.Овие воени единици традиционално биле насочени кон влијание врз противнички сили, а во минатото биле користени и во операции против екстремистички групи, преку пропагандни кампањи и дистрибуција на материјали.Дописот предвидува и користење на алатки на социјалните мрежи за проверка на информации и разобличување на лажни вести.„Потребно е да се истакнуваат веродостојни информации и да се разобличуваат лажните вести“, се наведува во дописот на Рубио.Како дел од стратегијата, се споменува и функцијата „Белешки од заедницата“ на платформата Икс, како и употреба на алатки засновани на вештачка интелигенција.Во минатото, ваквите активности предизвикувале несогласувања меѓу воените и дипломатските структури, особено поради употребата на лажни профили и кампањи на социјалните мрежи.Платформата Икс, сопственост на Илон Маск, често е предмет на критики поради ширење на дезинформации, особено по промените во политиките за модерирање на содржини по нејзиното преземање.Воедно, Маск важи за близок сојузник на претседателот Доналд Трамп, а платформата станува сè повлијателна во политичките и медиумските процеси.

Свет | пред 1 месец

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио со жестока порака до Иран: „Ова нема да се дозволи“

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри критики кон раководството на Иран, оценувајќи дека заканите за контрола врз Ормускиот теснец нема да бидат прифатени.„Тоа нема да се дозволи“, изјави Рубио, додавајќи дека Доналд Трамп располага со повеќе опции за спречување на такво сценарио.Во својата изјава, Рубио употреби и исклучително остра реторика кон иранското водство. „Тие луѓе се лудаци. Тие се луди. Тие се верски фанатици“, рече тој.Сепак, посочи дека во комуникацијата со иранските претставници има одредени промени, но предупреди дека нивните најави мора внимателно да се проверат.„Некои од работите што велат дека се подготвени да ги направат – мора да видиме дали навистина можат да ги реализираат. Тоа мора многу силно да се тестира“, нагласи Рубио.Изјавата доаѓа во време на зголемени тензии во регионот, каде контролата врз Ормускиот теснец, низ кој поминува значителен дел од светската нафта, претставува клучно геостратешко прашање.

Македонија | пред 1 месец

media-librarykh14r29pgftf0jWN4VJ

Венс прв, Рубио веднаш зад него – борба за наследник на Доналд Трамп

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, повторно води во анкетата спроведена на CPAC, но значителен раст бележи и Марко Рубио, што отвора нова динамика во Републиканската партија во пресрет на изборите во 2028 година.Според резултатите, Венс освоил 53 отсто од гласовите, што е пад во однос на минатогодишните 61 отсто, додека Рубио скокнал на 35 отсто поддршка, откако претходно бил речиси незабележлив во истата анкета.Иако истражувањето не е репрезентативно за целото гласачко тело, туку се однесува на учесниците на конференцијата, резултатите се сметаат за индикатор за расположението во базата на конзервативците.Подемот на Рубио се поврзува со неговата активна улога во администрацијата на Доналд Трамп, особено во контекст на надворешната политика и воените и дипломатските активности поврзани со Иран, Венецуела и Куба.Од друга страна, Венс во последниот период е помалку експониран, а неговите претходни ставови против нови воени конфликти отворија прашања кај дел од поддржувачите за неговата позиција во однос на актуелните случувања.Меѓу дел од помладите конзервативци се појавува и желба за нови лица, наместо повторување на истите политички комбинации, но сепак Венс задржува силна поддршка, особено поради неговата лична приказна и блискоста со гласачката база.Во исто време, отсуството на Трамп од конференцијата – првпат по една деценија – дополнително ја засили дебатата за тоа кој ќе биде негов политички наследник. Иако тој јавно не поддржал никого, неговото мислење се смета за клучно во идната трка.Покрај Венс и Рубио, останатите потенцијални кандидати, меѓу кои Тед Круз, Рон Десантис и Ренд Пол, имаат минимална поддршка во оваа анкета.Резултатите упатуваат на можно формирање на ново ривалство во рамки на партијата, но и на сценарио во кое Венс и Рубио би можеле да се најдат на иста изборна листа, како потенцијален победнички тандем за 2028 година.

Свет | пред 1 месец

bertrand-bouchez-409305-unsplash-37oja9s32pd8j8p2vazym8

„Вашингтон Пост“: Дронови забележани над воена база во САД каде што живеат Рубио и Хегсет

Неидентификувани дронови биле откриени над воена база во главниот град на САД, Вашингтон, каде што живеат државниот секретар и секретарот за одбрана на САД – Марко Рубио и Пит Хегсет, објави американскиот весник „Вашингтон пост“.Според статијата, дроновите над базата Форт Мекнер ја принудиле локалната војска да разговара за опцијата за евакуација на Рубио и Хегсет. На крајот, двајцата високи претставници на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп останале во своите домови, објаснува весникот.Вашингтон пост забележува дека американската војска го зголемила надзорот за можни закани поради високото ниво на тревога во контекст на американско-израелската воена кампања против Иран, која почна на 28 февруари.Стејт департментот и Пентагон сè уште не ги коментирале информациите.„Нашиот оддел не може да коментира од безбедносни причини, а објавувањето на такви информации е крајно неодговорно“, изјави портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, за „Вашингтон пост“.

Свет | пред 2 месеци

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио: САД нападнаа за да не бидат нападнати

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека одлуката на претседателот Доналд Трамп за напад врз Иран била донесена за да се спречи евентуален прв удар врз американски цели.Рубио нагласи дека администрацијата проценила оти изминатиот викенд претставувал „единствена можност“ мисијата да биде успешна. Тој рече дека САД сакале да преземат превентивен удар со цел да се избегне одмазда.Повторувајќи ја клучната позиција на Доналд Трамп, Рубио истакна дека Иран нема да добие нуклеарно оружје додека тој е на власт. Според него, светот ќе биде побезбедно место кога „радикалните верски водачи“ во Техеран повеќе нема да имаат пристап до такво оружје.

Свет | пред 2 месеци

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио: Дрон го погоди паркингот до американскиот конзулат во Дубаи

Американскиот државен секретар Марко Рубио потврди дека дрон го погодил паркингот покрај зградата на конзулатот на Соединетите Американски Држави во Дубаи, при што избувнал пожар.„Додека доаѓав овде, ги видов и медиумските извештаи за конзулатот во Дубаи. Последната информација што ја добив неколку секунди пред да застанам пред камерите е дека дрон, за жал, го погодил паркингот покрај зградата на конзулатот и предизвикал пожар на тоа место“, изјави Рубио.Тој додаде дека целиот дипломатски персонал е безбеден и дека сите се евидентирани.„Како што знаете, претходно започнавме со намалување на бројот на персонал во нашите дипломатски претставништва“, рече Рубио, додавајќи дека американските амбасади и дипломатски мисии се наоѓаат „под директен напад од терористички режим“.Американскиот конзулат се наоѓа во густо населен дел на Дубаи, во близина на амбасадата на Обединетото Кралство и конзулатот на Саудиска Арабија.

Свет | пред 2 месеци

media-library4stmlcj6gtfhbpEUx7V

Објаснувањето на Рубио во спротивност со говорот на Трамп

Оправдувањето што го изнесе државниот секретар Марко Рубио за нападот врз Иран значително се разликува од пораките што во саботата ги испрати претседателот Доналд Трамп, отворајќи простор за дополнителни прашања во американскиот Конгрес.Администрацијата сега тврди дека САД дејствувале превентивно, со цел да ја спречат одмаздата на Техеран по очекуваната израелска акција. Според Рубио, Вашингтон знаел дека Израел подготвува напад, а проценката била дека иранскиот одговор би резултирал со „значително поголем број американски жртви“ доколку САД не реагираат први.„Имаше конфузија околу офанзивата и нејзиниот тајминг“, им изјавил Рубио на новинарите во Конгресот, додавајќи дека превентивниот удар бил неопходен за да се избегнат „многу повисоки загуби“.Ваквото образложение, кое ја става иницијативата на страната на Израел, е во остар контраст со говорот на Трамп во саботата, во кој американската акција беше претставена како дел од поширока стратегија што треба да ја искористи внатрешната нестабилност во Иран и да доведе до промена на режимот.Според аналитичарите, ваквата еволуција во аргументацијата може да предизвика скептицизам кај дел од опозициските пратеници кои присуствуваат на брифинзите во Конгресот, особено во однос на тоа кој ја презел иницијативата и кои биле вистинските цели на операцијата.

Свет | пред 2 месеци

merc

Мерц незадоволен од овациите за Рубио: Не бев во салата, а дури и да бев, тешко дека би станал

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази незадоволство поради овациите што американскиот шеф на дипломатијата Марко Рубио ги доби на Минхенската безбедносна конференција.„Не бев во салата, а дури и да бев, тешко дека би станал“, рече Мерц во политичкиот подкаст Machtwechsel.Мерц напомена дека говорот на Рубио не бил конфронтациски како оној што минатата година на истата конференција го одржа американскиот потпретседател Џеј Ди Венс. Сепак, додаде дека содржината на говорот сè уште ја одразува политиката на претседателот Трамп, само во „пријателско пакување“.Канцеларот реакцијата на публиката ја објасни со фактот дека присутните уживале што пред нив се обраќа Американец кој сè уште зборува како пријател.„Тоа само по себе предизвика одредена емоција. Мене тоа не би ми било доволно, но очигледно во салата беше“, рече Мерк.Рубио во Минхен се заложи за ревитализација на трансатлантското партнерство, но јасно даде до знаење дека таквата соработка ја гледа исклучиво под услови што ги диктира администрацијата на Трамп.Говорот на Рубио во бајарската престолнина, во кој нагласи дека „САД и Европа припаѓаат едни на други“ и дека судбините на двата континенти „секогаш ќе бидат испреплетени“, беше дочекан со силен аплауз од публиката.Повеќепати истакнувајќи дека Вашингтон сака соработка со Европа, Рубио предупреди дека сојузот треба да се поправи.„Не сакаме слаби сојузници и не сакаме да бидеме пристојни и тивки чувари на пропаста на Западот“, порача тој.

Свет | пред 3 месеци

media-library08fm70coif6f6WywHwR

Рубио: Извештајот за труењето на Навални е вознемирувачки, немаме причина да го оспориме

Американскиот државен секретар Марко Рубио оцени дека извештајот на пет европски сојузници, со кој Русија се обвинува за убиството на покојниот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, со токсин добиен од отровни жаби, е „вознемирувачки“, додавајќи дека Вашингтон нема причина да ја доведува во прашање таа проценка.Говорејќи на прес-конференција во Братислава за време на посета на Словачка, Рубио изјави дека САД се запознаени со извештајот и дека немаат основ да го оспорат.„Свесни сме за извештајот. Тој е вознемирувачки. Свесни сме за случајот со господинот Навални и без сомнение немаме причина да го доведуваме во прашање“, рече Рубио.Во заедничка изјава, Велика Британија, Франција, Германија, Шведска и Холандија соопштија дека анализите на примероците од телото на Навални потврдиле присуство на епибатидин – токсин што се наоѓа кај одредени видови отровни жаби во Еквадор и кој во вообичаени околности не се среќава во Русија.Руската Влада, која и претходно негираше каква било одговорност за смртта на Навални во арктичката казнена колонија во февруари 2024 година, ги отфрли најновите обвинувања оценувајќи ги како „западна пропагандна измама“, пренесе руската државна новинска агенција ТАСС.На прашањето зошто САД не се приклучиле на заедничката изјава, Рубио одговори дека европските земји самостојно дошле до таквиот заклучок врз основа на сопствени разузнавачки информации.„Тие земји го направија тоа координирано. Ние донесовме сопствена одлука, но тоа не значи дека не се согласуваме со исходот. Понекогаш одредени земји преземаат чекори врз основа на податоците што ги поседуваат“, изјави тој.Навални почина во затворска колонија во Арктикот во февруари 2024 година, откако беше осуден за екстремизам и соочен со повеќе други обвиненија, кои тој ги негираше. Неговата смрт предизвика остри реакции во меѓународната заедница и дополнително ги заостри односите меѓу Москва и западните држави.

Свет | пред 3 месеци

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Си-Ен-Ен: Рубио и се закани на Европа од Минхенската безбедносна конференција

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остра порака до Европа на Минхенската безбедносна конференција, повикувајќи ги долгогодишните сојузници на суштинска промена на вредносниот систем, со предупредување дека во спротивно ризикуваат да бидат оттурнати на маргините на новата геополитичка реалност. Иако говорот беше обвиен во пријателски тон и потсетување на заедничката историја, суштината на пораката беше недвосмислена – Вашингтон очекува реформа не само во одбранбените буџети, туку и во идеолошката и политичката ориентација на европските држави.Рубио нагласи дека Соединетите Американски Држави се „дете на Европа“ и дека нивните судбини се нераскинливо поврзани, изјава која беше поздравена со аплауз од присутните. Но зад реториката за заедништво се наѕираше пораката дека Соединетите Држави се подготвени за „обнова“, но исклучиво во согласност со сопствените вредности.Меѓу нив ги навел заштитата на христијанското наследство, построга гранична политика и напуштање на одредени климатски стратегии. Според Си-Ен-Ен, пораката кон европските либерални лидери била јасна – нивниот светоглед е доведен во прашање, а политичкиот притисок може да се засили.Пораката беше интерпретирана како директен предизвик за либералните европски влади, особено во контекст на засилените внатрешнополитички турбуленции и подемот на популистичките движења.Говорот на Рубио дојде во момент кога неколку европски лидери претходно ја нагласија потребата од автономна европска безбедносна политика. Германскиот канцелар Фридрих Мерц порача дека културните конфликти од американската политичка сцена не се битки што Европа треба да ги води, додека францускиот претседател Емануел Макрон ја потенцираше важноста на територијалниот суверенитет и правото на државите самостојно да ги уредуваат прашањата поврзани со демократијата и дезинформациите.На конференцијата силен впечаток остави и обраќањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој говореше за тешката состојба во својата земја и за цената што Украина ја плаќа во одбрана на својот суверенитет. Тој потсети дека енергетската инфраструктура е постојана цел на напади и дека, според украинските податоци, секој освоен километар од страна на Русија чини човечки животи. Зеленски укажа дека притисокот за отстапки премногу често се насочува кон жртвата, а не кон агресорот.Во исто време, Рубио само накратко се осврна на Украина, навестувајќи дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп сè уште не е уверена дали Русија навистина е подготвена за траен мир. Таа изјава делумно се разликува од претходните ставови на Трамп, кој тврдеше дека постои волја за договор.Општата атмосфера во Минхен откри дека Европа се соочува со ограничени финансиски ресурси и внатрешни политички предизвици, што дополнително ја усложнува нејзината позиција во односите со Вашингтон. Иако се најавуваат зголемувања на трошоците за одбрана, конкретните резултати сè уште изостануваат.Перспективата за наредната година останува неизвесна. Во неколку европски држави се очекуваат изборни процеси, а и во Соединетите Американски Држави политичката динамика ќе продолжи да влијае врз надворешната политика. Во таков контекст, иднината на трансатлантските односи ќе зависи од тоа дали ќе преовладаат компромисот и соработката или ќе се продлабочат разликите во визиите за улогата и вредностите на Западот.

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања