Промени тема
Контакт

ШПАНИЈА

media-library8svv6qogrb257Ju8sHc

(Видео) Бик тежок повеќе од 500 килограми влетал меѓу публиката во шпанска Мурсија

Бик тежок повеќе од 500 килограми предизвикал вознемиреност меѓу посетителите на борба со бикови во шпанскиот град Мурсија, откако прескокнал заштитна ограда и се нашол надвор од арената.Инцидентот се случил за време на манифестацијата во Мурсија, на југоистокот на Шпанија. Шестиот бик што учествувал во настанот неочекувано ја прескокнал заштитната ограда, по што присутните во блиската уличка веднаш побарале засолниште за да го избегнат животното.Бикот Малакра, од одгледувалиштето „Лос Еспартале

Свет | пред 14 часа

media-librarylq01ndtm5edr9jAR4P9

(Видео) Невреме со поројни дождови во Шпанија: Загина маж, патиштата се претворија во реки

Едно лице загина во силното невреме што ги зафати подрачјата околу Барселона и Валенсија на шпанскиот средоземноморски брег, предизвикувајќи поплави, прекин во сообраќајот и откажани летови.Мажот бил однесен од надојдената вода заедно со автомобилот додека се обидувал да помине преку мал поток во близина на Оливела, југозападно од Барселона. Неговото тело било пронајдено неколку часа подоцна од спасувачките екипи. Според шпанскиот весник „Ла Вангардија“, станувало збор за британски државјанин ко

Свет | пред 5 дена

media-library4mj581auo24g2N0aRJZ

Над 5.000 лица починале од жештините во Шпанија

Шпанија годинава забележала рекордни 61 ден со услови на топлотен бран, што е најголем број откако се водат мерењата. Претходниот рекорд изнесуваше 41 ден, регистриран во 2022 година.Според шпанската национална метеоролошка агенција АЕМЕТ, земјата го имала и најжешкото лето откако се водат податоци од 1961 година, со просечна температура од 24,5 степени Целзиусови. Тоа е за 0,3 степени над претходниот рекорд поставен во 2025 година.Топлотните бранови во јули и август траеле повеќе од 20 дена, шт

Свет | пред 1 седмица

media-libraryg65gl6mol4o9cKY61DX

Брисел испраќа 114,7 милиони евра за справување со мигрантската криза во Сеута

Европската комисија одобри итна финансиска помош од 114,7 милиони евра за Шпанија за справување со мигрантската криза во Сеута, која трае од крајот на јули. Од Брисел одлуката ја опишаа како израз на целосна солидарност со Шпанија.Од вкупната сума, 82,7 милиони евра ќе бидат обезбедени преку Фондот за азил, миграција и интеграција, а 32 милиони евра преку Инструментот за управување со границите и визите.Средствата ќе се користат за зајакнување на граничната контрола и безбедносната инфраструктур

Свет | пред 1 седмица

media-libraryv06a0t2fep237FmrqfK

Околу 80.000 мигранти влегоа во Сеута: Поранешна министерка зборува за „хибриден напад“

Масовниот влез на околу 80.000 мигранти од Мароко во шпанската енклава Сеута претставувал „хибриден напад“ врз надворешната граница на Европската Унија, оцени поранешната шпанска министерка за надворешни работи Аранча Гонзалес Лаја.Таа смета дека целта била миграцијата да се искористи како политичка алатка за ослабување на Европската Унија во период кога миграцијата претставува особено чувствително општествено прашање. Нејзините изјави ги пренесува „Еуроњуз“.Прашањето за можна вмешаност на Рабат

Свет | пред 1 седмица

media-libraryg6j929frg711bJBW7y4

Анкета во Шпанија: Речиси девет од десет граѓани го обвинуваат Мароко за мигрантската криза

Речиси девет од десет Шпанци сметаат дека Мароко има најголема одговорност за масовниот премин на мигранти во Сеута кон крајот на јули, додека мнозинството од нив негативно ја оценуваат реакцијата на премиерот Педро Санчез на кризата.Тоа го покажува истражувањето на агенцијата „40dB“, спроведено за весникот „Ел Паис“ и радиостаницата „СЕР“ врз примерок од 2.000 испитаници. Податоците покажуваат и раст на поддршката за конзервативната Народна партија (ПП) и за десничарската и антиимигрантска парт

Свет | пред 2 седмици

media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Трамп: „Шпанија ќе биде уништена земја“ поради мигрантската криза во Сеута

Американскиот претседател Доналд Трамп остро ја критикуваше Шпанија поради мигрантската криза во Сеута, оценувајќи дека земјата би можела да стане „уништена земја“. Во интервју за GB News тој ја критикуваше и шпанската влада поради противењето на зголемувањето на издвојувањата за одбрана во рамките на НАТО.Трамп се осврна на состојбата во Сеута, шпанска енклава во Северна Африка, каде што на 30 јули пристигнале повеќе од 70.000 нерегуларни мигранти од Мароко. Иако голем дел од нив се вратиле во

Свет | пред 2 седмици

media-libraryg65gl6mol4o9cKY61DX

Италија за уште 15 дена ги продолжи граничните контроли со Шпанија по масовниот прилив на мигранти

Италија ќе ги продолжи ограничувањата на слободното движење кон Шпанија за дополнителни 15 дена, откако по масовниот прилив на мигранти во шпанската енклава Сеута повторно беа воведени гранични контроли.Одлуката за суспендирање на режимот на отворени граници, која требаше да истече во понеделник, е продолжена поради тоа што, според италијанското Министерство за внатрешни работи, не се промениле условите поради кои мерката беше воведена на 1 август.Шенгенскиот договор, потпишан на 14 јуни 1985 го

Свет | пред 3 седмици

media-libraryc2181cn5tifo2MkVzla

Крадци за само четири минути однеле златно богатство старо 3.000 години во Шпанија

Во само четири минути крадци успеале да ограбат археолошки музеј во шпанскиот град Вилена и да однесат повеќе од 50 предмети од прочуената колекција „Богатството од Вилена“, која се смета за едно од најзначајните европски богатства од бронзеното време.Алармот во музејот се активирал околу 5:20 часот наутро, а крадците, според градските власти, ја напуштиле зградата само четири минути подоцна. Се верува дека пристигнале со неколку возила и најверојатно влегле во музејот преку прозорец.Градските в

Свет | пред 3 седмици

media-library2r3mh7quotgh5tpnTV7

Шпанија повторно во пламен: Изгореа 3.700 хектари, огнот создава огнени облаци

Шумски пожар што со денови беснее во областа Лас Хурдес, во шпанската провинција Касерес, и натаму е активен, а досега изгореле најмалку 3.700 хектари. Поради брзото ширење на огнената стихија, повеќе од 700 жители од 12 населени места биле евакуирани.Ситуацијата за пожарникарите во текот на ноќта била нешто поповолна, откако зголемената влажност, пониските температури и ослабениот ветер помогнале во интервенцијата, пренесува РТВЕ.Во текот на денот, гаснењето било особено тешко поради создавањет

Свет | пред 1 месец

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Серија земјотреси ја погодија Шпанија: Повредени најмалку три лица, оштетени објекти

Серија земјотреси денеска ја потресе Гранада во јужна Шпанија, при што најсилниот достигна магнитуда од 4,8. Во потресите се повредени најмалку три лица, меѓу кои и малолетно лице кое било пренесено во болница.Силните потреси предизвикале паника меѓу жителите, а службите за итна помош примиле повеќе од 50 повици. Дел од граѓаните ги напуштиле домовите и објектите, а превентивно биле евакуирани и луѓе од неколку јавни и комерцијални објекти.Пријавени се материјални оштетувања на повеќе места, меѓ

Свет | пред 1 месец

kokain

Пукање во Шпанија: Убиени три лица, меѓу нив бремена жена и нејзиниот син

Три лица се убиени, а едно е во критична состојба по пукање што се случило во неделата вечерта во Исла Кристина, на југот на Шпанија. Меѓу жртвите се бремена жена, нејзиниот син и нејзината мајка, објави „Еуроњуз“.Според локалните медиуми, напаѓачот со мотор пристигнал пред семејниот дом во областа Росио, по што отворил оган врз членовите на семејството и избегал. Телата на тројцата убиени биле пронајдени на улица, додека четвртото лице со тешки повреди било пренесено во болница.Полицијата го ис

Свет | пред 1 месец

media-libraryjve671vlhojh39Kn474

(Видео) Две жени загинаа во поплави и одрон во Шпанија, повредени и две деца

Најмалку две лица загинаа, а две деца се повредени во поплавите што го погодија регионот Леон во северозападна Шпанија, откако во саботата се активирал одрон.Според шпанската полиција, трагедијата се случила во селото Мансанедо де Валдуеси, каде што поројните води предизвикале лизгање на земјиштето. Водата и калта се слевале од планината и погодиле вински подрум во кој во тој момент се наоѓале шест лица.Во несреќата загинале две жени, на возраст од околу 60 и 80 години, додека две малолетни лица

Свет | пред 1 месец

media-librarya7k2p23okej83FhjCce

Земјотрес од 5 степени ја погоди Гранада во Шпанија: Оштетени куќи и автомобили, нема повредени

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот шпански град Гранада во раните утрински часови во саботата, при што се пријавени оштетувања на куќи и автомобили, но засега нема информации за повредени, пренесува Ројтерс.Земјотресот го погодил поширокото подрачје на Алхендин нешто по 1 часот по полноќ. Шпанската телевизија ТВЕ објави снимки на кои се гледаат остатоци расфрлани по улиците и оштетени автомобили.Екипите на службите за итни случаи во Андалузија спасиле пов

Свет | пред 1 месец

media-libraryv06a0t2fep237FmrqfK

Нов масовен обид за влез во Сеута: пресретнати 148 мигранти

Мароканските безбедносни сили во саботата спречиле обид на стотици мигранти, главно од субсахарска Африка, илегално да ја преминат границата кон шпанската енклава Сеута.Интервенцијата се случила во ридско подрачје на околу три километри од границата, во близина на мароканскиот град Фнидек. Безбедносните сили употребиле солзавец, хеликоптери, дронови и полициски кучиња за да го спречат масовниот обид за преминување.Според последните податоци, биле пресретнати 148 мигранти, од кои 128 биле лица од

Свет | пред 1 месец

media-library9ehhqh7k71795YEWgOP

Земјотрес со јачина од 5 степени ја погоди Шпанија

Земјотрес со јачина од 5 степени рано утрово ја погоди областа Гранада во јужна Шпанија, при што засега нема информации за повредени, но е регистрирана материјална штета.Епицентарот бил во близина на местото Алхендин, а земјотресот се случил на длабочина од само два километри, соопштија шпанските власти.„Ноќ на вознемиреност во Гранада по земјотресот со јачина од 5 степени, кој предизвика одредена материјална штета, а потресот се почувствува и во неколку други провинции“, објави претседателот на

Свет | пред 1 месец

inflacija

Инфлацијата во Шпанија достигна 3,6 отсто, највисока во последните две години

Инфлацијата во Шпанија продолжува да расте и во јули достигна 3,6 отсто, со што петти месец по ред останува над границата од три отсто. Станува збор за највисока стапка од мај 2024 година, покажуваат податоците на Националниот институт за статистика (INE).Најголем притисок врз растот на цените имаат енергенсите, особено електричната енергија и горивата. На состојбата влијаат и геополитичките тензии, вклучително и ограничувањата во Ормускиот Теснец.Цената на електричната енергија во јули достигна

Свет | пред 1 месец

media-librarya0gtasu1mro1dyWVQgK

Мароканска фудбалерка се удавила обидувајќи се да стигне од Мароко до Шпанија; истиот ден ѝ била одобрена шпанската виза

Сонот за подобар живот во Европа завршил трагично за 26-годишната мароканска фудбалерка Фатен Бен Омар Ел Азизи, која се удавила во обид да стигне од Мароко до шпанската енклава Сеута.Фатен долго време играла фудбал за женскиот клуб Магреб Атлетико Тетуан. Тренирала двапати неделно, но од спортот не можела да обезбеди доволно средства за живот. За победа заработувала околу 25 евра, додека за пораз не добивала ништо.Покрај фудбалот, работела и на најстарите гробишта во Тетуан, каде што ги чистела

Свет | пред 1 месец

media-libraryh6k4ebi5p3mgcfFBEj7

(Видео) Поради екстремниот ризик од пожари Шпанија воведува строги мерки пред големото помрачување

Шпанија прогласи црвен аларм поради екстремно висок ризик од пожари во пресрет на целосното помрачување на Сонцето на 12 август, кога милиони луѓе се очекува да се упатат кон планинските и руралните подрачја за да го следат астрономскиот феномен.Поради опасноста од нови пожари, во повеќе делови од земјата се затвораат природни паркови, се ограничува пристапот до шумски патишта, а се откажуваат и дел од претходно планираните јавни активности и фестивали.Властите стравуваат дека големиот број посе

Свет | пред 1 месец

media-library4nf0ppkgt6d1c93spfP

Ескалира спорот меѓу Италија и Шпанија: „Ова е несфатливо и целосно неприфатливо“

Дипломатскиот спор меѓу Италија и Шпанија поради контролите на границите се продлабочува, откако Рим остро реагираше на одлуката на Мадрид да воведе проверки за патниците што пристигнуваат од Италија.Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, одлуката на Шпанија ја оцени како „несфатлива и целосно неприфатлива“, додека шпанските власти тврдат дека италијанските контроли немаат основа.Шпанија од саботата на полноќ започна со случајни проверки на патниците кои доаѓаат од Италија.

Свет | пред 1 месец

media-libraryvjnrhat4an73bM1Wc9h

Шпанија воведе контроли за патниците од Италија, мерката ќе трае до 7 септември

Шпанија од денеска повторно спроведува гранични контроли за патниците кои пристигнуваат од Италија, откако Рим одби да ги укине сопствените контроли кон патниците од Шпанија.Мерката, која засега е предвидено да трае до 7 септември, беше воведена како одговор на одлуката на италијанската влада да ги задржи контролите што ги воведе на 1 август. Тие следеа по масовното пристигнување на мигранти во шпанската енклава Сеута од Мароко.Според шпанското Министерство за внатрешни работи, проверките се спр

Свет | пред 1 месец

media-libraryg65gl6mol4o9cKY61DX

Мигрантска трагедија во Сеута и Мелиља: Бројот на загинати достигна 141

Бројот на загинатите мигранти при масовните обиди за влез во шпанските енклави Сеута и Мелиља достигна 141, додека властите известуваат за стотици повредени и повеќе од 120 уапсени.Според шпанската телевизија РТВЕ, повикувајќи се на официјални податоци, бројот на загинатите по масовниот обид за влез во Сеута пред една недела се искачил на 96 лица. Од нив, 82 загинале на шпанска, а 14 на мароканска страна.Мароканското здружение за човекови права (AMDH) проценува дека вкупниот број на загинати дос

Свет | пред 1 месец

media-libraryg396gduhsvhi8PpkLBD

Ескалира спорот во ЕУ: Шпанија воведува гранични контроли за патниците од Италија

Шпанија од денес ќе воведе привремени контроли на границата за патниците кои пристигнуваат од Италија, откако Рим не ги укина мерките за патниците од Шпанија, воведени поради мигрантската криза во Сеута.Според одлуката на владата во Мадрид, контролите ќе бидат „привремено воведени на внатрешните граници во пристаништата и на аеродромите за патувања од Република Италија“. Како причина се наведува „континуираниот притисок од нерегуларната миграција“ со кој се соочува Италија.Мерките ќе стапат во с

Свет | пред 1 месец

media-libraryg65gl6mol4o9cKY61DX

Тензии меѓу Шпанија и Италија поради мигрантската криза

Шпанската влада денеска ѝ постави рок на Италија до недела, 9 август, да ги укине граничните контроли воведени за патниците од Шпанија, предупредувајќи дека во спротивно ќе воведе реципрочни мерки за италијанските патници.Италија ги воведе контролите по минатонеделниот наплив на мигранти во шпанската северноафриканска енклава Сеута.Во соопштението, шпанската влада оценува дека мерките се „неоправдани, спротивни на интересите на Европската Унија и дискриминаторски кон шпанските граѓани“, пренесув

Свет | пред 1 месец

media-library71rkk5etrlf02JU2E6o

(Видео) „Те молам, не ме враќај“: Дете во Сеута молеше шпански војник да не го врати во Мароко

Потресни сцени се забележани во шпанската енклава Сеута, каде што по масовниот бран мигранти од Мароко, голем број малолетници останаа без родителска грижа, објавува „Индипендент“.Шпанските медиуми снимија момент кога војник придружува 12-годишно дете без придружба кон границата, додека тоа во солзи го моли да не биде вратено во Мароко.„Те молам, ќе ти ја бакнам главата, не ме враќај назад“, му вели детето на војникот.Според медиумските извештаи, детето потоа било предадено на Шпанската цивилна

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања