Промени тема
Контакт

ТЕТОВО

media-librarylr91jopn7e41dMFFrOF

Четири месеци без пајак-служба, Тетово и натаму заглавено во сообраќаен хаос

Сообраќајниот хаос во Тетово и натаму е секојдневие за граѓаните, а проблемот дополнително се продлабочува поради тоа што пајак-возилото веќе четири месеци не е во функција. И покрај околу 2.500 изречени казни за непрописно паркирање, тесните улици и возилата оставени на несоодветни места продолжуваат да го попречуваат движењето.Од СВР Тетово велат дека отсуството на специјалното возило значително ја отежнува работата на терен. Полицијата се обидува да ги пронајде сопствениците преку телефонскит

Македонија | пред 2 дена

media-libraryioepfn73fa0l4C0Srlw

„Син ми на 11 години не знае што е навивач, одел на тренинг кога го претепале“: Татко од Тетово револтиран по инцидентите со малолетниците

„Син ми на 11 години не знае ни што е навивач. Не скандирал, не носел знамиња, не бил на натпревар. Одел на тренинг кога го претепале.“Со оваа порака тетовецот Дарко Гавроски остро реагира на квалификувањето на нападите врз малолетници во Тетово како „навивачки конфликти“, обвинувајќи дека на тој начин институциите ги изедначуваат жртвите со напаѓачите.Гавроски, чиј син е меѓу нападнатите деца, смета дека ваквата квалификација од страна на Билал Касами и општинските власти е неприфатлива бидејќи

Коментари | пред 1 седмица

pistol_001

Пиштол пронајден кај 15-годишен ученик во средно училиште во Тетово

Пиштол бил пронајден кај 15-годишен ученик во средно училиште во Тетово, по што малолетникот бил лишен од слобода.Според информациите од МВР, настанот се случил на 13 ноември 2026 година, околу 14:40 часот. При прегледот, извршен од полициски службеници во присуство на родител и училишниот педагог, кај ученикот биле пронајдени и одземени пиштол „Зораки 918-Г“ калибар 9 милиметри и една рамка.Малолетникот бил задржан во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По документира

Македонија | пред 1 седмица

media-library7ctac2thm8uf1MEcNw1

Касами на средба со оџата и владиката по меѓуетничките инциденти во Тетово: „Мирот, безбедноста, благосостојбата и соживотот се наша заедничка одговорност“

По последните меѓуетнички инциденти во Тетово, градоначалникот Биљал Касами одржал средба со тетовскиот муфтија на ИВЗ, д-р Селвер Џемаили, и митрополитот на Тетовско-гостиварската епархија на МПЦ-ОА, г. Јосиф. На средбата било разговарано за случувањата во градот и потребата од зачувување на мирот и соживотот меѓу заедниците, пренесува „Тетово инфо“.Од Општина Тетово посочиле дека станува збор за изолирани меѓуетнички инциденти кои, како што наведуваат, некои се обидуваат да ги искористат за со

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryolai1l68gcuidh98FJD

Фалсификувале договор за купопродажба и префрлиле стан на свое име – кривична за двајца тетовци

Двајца 78-годишни жители на Тетово се соочуваат со кривична пријава под сомнение дека со фалсификување документи и измама присвоиле стан.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, СВР Тетово поднело кривична пријава против А. Ј. и Г. Ј. за фалсификување исправа и измама.Првопријавениот А. Ј. се сомничи дека го преправил договорот за купопродажба на стан, при што ги сменил податоците за купувачот и додал потпис. Потоа, второпријавената Г. Ј. ја искористила копијата од изменетиот д

Македонија | пред 2 седмици

2-1-2

(Видео) „‘Памперс мафијата’ на електрични тротинети“: Граѓанин бара полицијата да ги одзема возилата по инцидентот во тетовското училиште

Оштетувањето на рампата на влезот во ДСУ РЦСОО „Моша Пијаде“ во Тетово, за кое училиштето објави видео на социјалните мрежи, предизвика реакции кај граѓаните. На снимката се гледа како помладо момче со електричен тротинет поминува покрај рампата и ја оштетува.Особено внимание привлече коментар објавен во фејсбук-групата „Го љубим Тетоо“, во кој граѓанин побара полицијата конечно да почне доследно да ги спроведува законските одредби за управување со електрични тротинети од страна на малолетници.„

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryp2j390mlgjct3VZUKVN

(Видео) Момче на електричен тротинет ја закачило и оштетило рампата на влезот во тетовско училиште

ДСУ РЦСОО „Моша Пијаде“ од Тетово објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа како помладо момче со електричен тротинет поминува покрај рампата на влезот во училиштето и ја оштетува.Од училиштето информираат дека ова е третпат во рок од еден месец рампата да биде оштетена, поради што сметаат дека станува збор за намерно и повторено уништување на државен имот.Случајот е пријавен до надлежните органи, а од раководството најостро го осудија ваквото однесување. Особено загрижувачки, како што п

Македонија | пред 3 седмици

Screenshot-2021-09-20-at-08.55.18

Паднаа пресудите за пожарот во модуларната болница во Тетово: Врховен утврди пропусти во судењето

Врховниот суд ги укина пресудите за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој на 8 септември 2021 година загинаа 14 лица, и предметот го врати на повторно судење. Судот утврдил сериозни недостатоци во образложенијата на пониските судови, особено во делот на причинско-последичната врска меѓу постапувањето на обвинетите и трагедијата, како и во оценувањето на доказите за причините и ширењето на пожарот.Одлуката е донесена на 22 октомври, а денеска е објавена од Врховниот суд. Со неа се уваж

Македонија | пред 3 седмици

media-library6vnneot6mh86coVxxZc

(Видео) По снимките што се шират на „Тикток“ од Тетово, полицијата објасни што се случило

Неколку малолетници во Тетово се обиделе да им пристапат на две 11-годишни деца за да проверат дали на нивната облека има обележја на навивачка група, но по реакција на случајни минувачи, не дошло до физички контакт, соопшти Секторот за внатрешни работи Тетово.Полицијата се огласи по видеоматеријалите што се проширија на социјалните мрежи и предизвикаа реакции во јавноста, појаснувајќи дека снимките што се споделуваат во дел од медиумите не се од синоќешниот инцидент.„Според информациите на СВР

Македонија | пред 1 месец

media-libraryk5himr30995mdGsvcm8

Полицајци упаднаа во Тетово: Кај сопственикот пронајдени 15 пакувања со сомнителна материја

Полицијата пронашла 15 пакувања со бела прашкаста материја кај сопственик на угостителски објект во Тетово, а уште едно лице било приведено откако кај него била пронајдена слична материја. Двајцата се лишени од слобода во рамки на акциска контрола спроведена денеска во Градскиот трговски центар.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, акцијата ја спровеле полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Тетово и мобилниот тим „Task Force“, во координација со

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvnug5cfs0cg1aZt7kjt

„Петмина тепаат едно дете и снимаат“: Вознемирувачко сведоштво од Тетово

Пет малолетници на возраст од околу 13 и 14 години, според тврдењата на родител, пресретнале две 11-годишни деца во центарот на Тетово, ги фатиле за врат и се обидувале да им ги соблечат јакните за да проверат дали носат облека со ознаки на навивачката група „Војводи“. Инцидентот, како што наведува родителот, се случил додека децата оделе на тренинг.За случајот јавно алармираше Дарко Гавро, кој во објава во фејсбук-групата „Го љубим Тетово“ тврди дека неговиот син и уште едно дете биле малтретир

Коментари | пред 1 месец

media-libraryru33gus5snuq208c5cg

19-годишник од Тетово загина во Италија, паднал од покрив висок околу седум метри

Тетовец на 19-годишна возраст го загубил животот во трагична несреќа во Италија, каде што бил на работното место.Според информациите објавени од медиуми на албански јазик, младиот човек паднал од покрив од височина од околу седум метри. Од здобиените тешки повреди починал.Во моментов не се познати дополнителни детали за тоа како се случила несреќата и што му претходело на падот.Последното испраќање на 19-годишниот тетовец е најавено за утре во Тетово, по пладневната молитва.

Македонија | пред 1 месец

gaganje

Не паничете ако слушнете истрели: Боево гаѓање во „Еребино“ во повеќе денови

СВР Тетово ги известува жителите на Општина Желино дека во стрелачкиот центар „Еребино“ во текот на октомври ќе се спроведува боево гаѓање.Според информацијата од МВР, гаѓањето ќе се одржи на 2, 5, 8, 15, 16, 18, 19 и 25 октомври 2026 година, а активностите традиционално се спроведуваат со припадници на тетовската и гостиварската полиција.Од СВР Тетово ги информираат жителите кои живеат во близина на стрелачкиот центар да бидат запознаени со активностите, со цел да не се создава непотребна паник

Македонија | пред 1 месец

media-libraryisjjiuquqadp1LZJaat

Гори плац со хаварисани возила во Тетово, густ чад се шири во околината

Голем пожар избувна попладнево на плац со хаварисани возила во Тетово, каде што горат гуми, автомобилски делови и друг материјал, при што се создава густ чад што се шири во околните населени места.Раководителот на противпожарната и спасувачката единица во Тетово, Авни Амети, информира дека пожарот е посериозен поради материјалите што горат, а за време на интервенцијата се регистрирани и експлозии од акумулатори и други делови од возилата.Бензинската пумпа во близина е обезбедена и засега нема оп

Македонија | пред 1 месец

media-library4u7af63gvrsddhJNmNW

Нови детали за превртениот автобус во тетовско: Немало патници, несреќата се случила пред да ги земе

Во тек е увидот на местото каде што денеска се преврте автобус во близина на Стенче, а според информациите до кои дојде „Скопје1“, возилото во моментот на несреќата било без патници.Автобусот бил на пат да ги земе патниците кога, од засега непознати причини, излетал од патот и се превртел. Несреќата, според информациите, се случила пред патниците да влезат во автобусот.„Скопје1“ претходно објави, повикувајќи се на „Тетово Инфо“, дека автобусот излетал од патот денеска околу 13:30 часот во близин

Македонија | пред 1 месец

media-librarygdfsnbhkf4l6eGlIE4b

(Видео) Автобус излетал од патот во близина на Стенче

Автобус излетал од патот денеска околу 13:30 часот во близина на Стенче, објави Тетово Инфо.Според првичните неофицијални информации од граѓани кои сведочеле на настанот, автобусот во моментот на незгодата бил празен и во него немало патници.Засега нема официјални информации за причините за незгодата, како и за евентуално повредени лица.Се очекуваат повеќе детали од СВР Тетово.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryuh8iq91pp6mpcZBdutJ

Трагична вест од Тетово: Загина младиот фудбалер Даниел Николовски

Фудбалскиот клуб Тетекс соопшти трагична вест – во сообраќајна несреќа во раните утрински часови загинал 21-годишниот Даниел Николовски, поранешен фудбалер на тетовскиот клуб.Николовски бил дел од младинските категории на Тетекс, а потоа настапувал и за сениорскиот тим. До февруари годинава бил член на тетовскиот второлигаш.„Со голема жал и длабока болка ја споделуваме веста дека на 12.09.2026 година го загубивме нашиот Даниел“, соопштија од Тетекс.Од клубот велат дека младиот фудбалер ќе остане

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2021-09-20-at-08.55.18

Пет години од трагедијата во модуларната болница во Тетово: Семејствата сè уште бараат правда

Пет години по трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово, семејствата на 14-те жртви сè уште бараат целосна одговорност и правда. Во пожарот на 8 септември 2021 година загинаа 12 пациенти лекувани од Ковид-19 и двајца нивни роднини.Семејствата велат дека и по пет години не добиле одговор кој е одговорен за трагедијата. Дополнително разочарување предизвика и одлуката на Основното јавно обвинителство во Скопје од пред две недели да го затвори предметот за пожарот.„Пет години по трагедијата,

Македонија | пред 2 месеци

alijansa-za-albancite

Алијанса: 139 деца примени за 48 часа во Тетово, 12 хоспитализирани – „Каде се сега министрите?“

За само 48 часа, 139 деца биле примени на Одделот за педијатрија во Тетово. Од нив, 12 се хоспитализирани. Покачена температура, повраќање и дијареја. Каде се денес предупредувањата? Каде се прес-конференциите? Каде се министрите, директорите и сите оние кои во Гостивар секој преглед и секое јавување ги броеја како аргумент за создавање јавна паника, прашуваат од Алијанса за Албанците.„Во Гостивар беа објавувани кумулативни бројки, во кои беа вклучени повторени прегледи, контакти со здравственит

Македонија | пред 2 месеци

media-librarys488u65k2f1c4Q4mVPM

139 деца на педијатрија за 48 часа во Тетово: 12 се хоспитализирани

Високите температури во изминатите денови се проследени со зголемен број деца кои побарале медицинска помош на Одделот за педијатрија при Клиничката болница во Тетово. Само за 48 часа биле прегледани 139 мали пациенти, од кои 12 биле задржани на болничко лекување.„Во Клиничката болница во Тетово, односно во Одделот за педијатрија, имавме 139 случаи во последните 48 часа, од кои 12 деца се хоспитализирани, а другите се пуштени со домашна терапија“, соопштија од Одделот за педијатрија.Најчестите с

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryeq7tv8cc9qc84AAm9Qw

Тројца албански државјани приведени по напад врз жител на Чегране

Тројца албански државјани се приведени по физички напад врз 44-годишен жител на гостиварското село Чегране, а кај двајца од нив било утврдено присуство на алкохол.Полицијата ги привела Д.Д.(32), С.Е.(35) и Џ.Д.(35) пет минути по полноќ, постапувајќи по пријава дека го нарушиле јавниот ред и мир и физички го нападнале З.А.(44).Кај Д.Д. биле измерени 2,57 промили алкохол, а кај Џ.Д. – 1,47 промили.Тројцата биле задржани во просториите на ОВР Гостивар. По целосното документирање на случајот ќе след

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15

Водата во четири тетовски села не е безбедна за пиење

Водата за пиење во селата Порој, Џепчиште, Голема Речица и дел од Мала Речица кај Тетово не ги исполнува условите за безбедна употреба, соопшти тетовското јавно комунално претпријатие „Шар“.Од претпријатието информираат дека по извршените анализи е утврдено отстапување во квалитетот на водата, поради што до жителите е упатена забрана за нејзино користење за пиење.„Се информираат сите жители на селата Порој, Џепчиште, Голема Речица и Мала Речица, од гробиштата во Мала Речица до Голема Речица, дек

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjsed16rgpq2b6KkhoX5

Пожарот над Тетово ставен под контрола, во гаснењето интервенирал и хеликоптер

Пожар што претпладнево избувнал над православните гробишта во Тетово претставувал сериозна опасност по околните куќи и населението, но бил ставен под целосна контрола благодарение на брзата интервенција на пожарникарите и полицискиот хеликоптер.Пожарот избувнал околу 11 часот меѓу неколку куќи, по што огнот се проширил кон блиската шума во насока на тетовското кале. Во гаснењето интервенирале тетовските пожарникари, а полицискиот хеликоптер во девет наврати фрлал вода врз огнените јазици.Директо

Македонија | пред 2 месеци

media-library7c31e3pu73ol9i4JSUQ

(Видео) Тешка сообраќајка во Ласкарци: Автомобил излета од автопат на селси пат, три лица повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва во скопското село Ласкарци, при што, според првичните информации, три лица се здобиле со тешки повреди.Автомобил, под засега неразјаснети околности, излетал од главниот пат и завршил на спореден пат во селото.На местото на настанот веднаш пристигнале екипи на Итната медицинска помош и полицијата, а повредените биле преземени за понатамошно медицинско згрижување.Засега нема официјални информации за нивната здравствена состојба, ниту за причините поради

Македонија | пред 3 месеци

orce-nikolov-maloletnicki-tepacka

Пресметка меѓу две групи во Тетово, двајца 20-годишници со убодни рани

Двајца 20-годишници се здобиле со убодни рани во физичка пресметка меѓу две групи пред угостителски објект во Тетово, а полицијата приведе три лица и работи на идентификување на други учесници.Настанот бил пријавен синоќа во 23:50 часот на улицата „Борис Кидрич“.Според СВР Тетово, во пресметката бил употребен и нож, а со убодни рани се здобиле Е.М. (20) и А.Р. (20), двајцата од Камењане.По преземените мерки, во 1:25 часот во Клиничката болница Тетово бил лишен од слобода А.Р., додека пет минути

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања