Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-library1lvdvc5b1dijdKUHYRS

17-годишен мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Марино

17-годишен мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила во Марино, општина Илинден.Според МВР, на 30 септември во 10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата на улицата „534“ и сервисната улица во Марино, мотоциклот управуван од 17-годишник од селото удрил во паркирано патничко возило „Хонда Сивик“ со скопски регистарски ознаки.Возилото било паркирано од П.М. (68) од Мралино, Скопско.Во несреќата тешки телесни повреди се здобил малолетниот м

Македонија | пред 1 месец

media-library6mqc0onrapse9uiSmlP

Возач удрил 76-годишен велосипедист и избегал од местото на несреќата

Тешки телесни повреди се констатирани кај 76-годишен велосипедист по сообраќајна несреќа на локалниот пат меѓу селата Марена и Сопот, Кавадаречко.Според МВР, несреќата се случила на 30 септември околу 9 часот, кога патничко возило удрило во велосипед управуван од Б.А. (76) од Марена. По несреќата, возачот на патничкото возило го напуштил местото.Повредениот велосипедист бил пренесен во Општата болница во Кавадарци, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.Увид на местото извршила увид

Македонија | пред 1 месец

noz-ubistvo-napad

Татко го нападнал малолетниот син со остар предмет

Полицијата во Крива Паланка привела 61-годишен жител на кривопаланечко село поради физички напад врз неговиот малолетен син.Од МВР информираат дека на 30 септември во 19:30 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода О.Р. (61), откако било пријавено дека го нападнал својот малолетен син и притоа употребил и остар предмет.Лицето било приведено во полициска станица. По целосното документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Исекол и украл две заштитни огради од Врмички мост, кривична пријава за 52-годишник

ОВР Дебар поднело кривична пријава против О.Г. (52) од Дебар поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.Според МВР, во периодот од 14 до 15 септември 2026 година, пријавениот со употреба на физичка сила и алат исекол и одзел две метални заштитни еластични огради поставени на „Врмички мост“, на регионалниот пат Дебар-Струга.Со дејствието, како што информира МВР, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист, на штета на Јавното претпријатие „М

Македонија | пред 1 месец

media-libraryq5u4hu2k7ibf5WxP36M

21-годишник ја нападнал својата 17-годишна девојка

Полицијата во Богданци лишила од слобода 21-годишен жител на градот по пријава дека физички ја нападнал својата 17-годишна девојка.Од МВР информираат дека на 1 октомври во 1:10 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го привеле 21-годишникот.Според пријавеното, на 30 септември околу 21 часот, тој во својот дом физички ја нападнал 17-годишната девојка.За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосното документирање на настанот, пр

Македонија | пред 1 месец

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

Блокирани двете ленти кај „Рекорд“ кон „Палома Бјанка“ поради сообраќајка

Сообраќајна несреќа се случила кај „Рекорд“ во Скопје, на потегот од „Триумфална“ кон „Палома Бјанка“.Поради несреќата, блокирани се двете сообраќајни ленти, поради што во моментот се создава голем метеж и сообраќајот се одвива отежнато.Засега нема информации за тоа како настанала несреќата, ниту дали има повредени лица.

Скопје | пред 1 месец

media-library8nefm9for3v99eyNr7a

Саркофагот за останките на цар Самоил се изработува во Бугарија од мермер од Македонија

Саркофагот во кој треба да бидат положени останките за кои се смета дека му припаѓаат на цар Самоил се изработува во Велинград, Бугарија, од бел мермер од Македонија, односно од прилепскиот регион, објави бугарската телевизија БНТ.Според БНТ, изработката на саркофагот се одвива деноноќно. На неговиот капак ќе има крст и натпис со кој Самоил е означен како „цар на Бугарите“.На саркофагот ќе бидат прикажани и повеќе симболи поврзани со времето на Самоил, меѓу кои две симетрично поставени грабливи

Македонија | пред 1 месец

puska

29-годишник затекнат кај Клуковец по пријавени истрели, одземени две пушки

Полициски службеници од СВР Велес извршиле службен разговор со 29-годишен жител на селото Клуковец по пријава за истрели од огнено оружје и сомнение за незаконит лов.Од МВР информираат дека на 1 октомври во 4:50 часот бил извршен службен разговор со Ф.Т. (29).Претходно, ловочувари од Ловечко друштво Велес пријавиле дека во близина на Клуковец слушнале истрели од огнено оружје. Поради сомнение за незаконит лов, тие излегле на терен, каде што забележале возило во кое се наоѓал Ф.Т.Од него биле одз

Македонија | пред 1 месец

media-library2ic3h82itg505H8rGXl

Потпалил сува трева и грмушки, па предизвикал пожар кај Ложани: Кривична пријава за 62-годишник

ОВР Струга поднело кривична пријава против М.Ц. (62) од струшкото село Враништа поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.Според МВР, на 25 август 2026 година, пријавениот со потпалување сува трева и грмушки предизвикал пожар на отворен простор во атарот на струшкото село Ложани.По преземените мерки, полициските службеници го пронашле и го лишиле од слобода 62-годишникот.За случајот е поднесена кривична пријава.

Македонија | пред 1 месец

uapsen

Се обидел да ја нападне мајка му, па оштетил предмети во дворот: Приведен 36-годишник

Полицијата во Велес лишила од слобода 36-годишен жител на велешко село по пријава за семејна расправија во која се обидел физички да ја нападне својата мајка.Од МВР информираат дека на 30 септември во 19:50 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ј.Т. (36).Според пријавеното, во дворот од домот, по кратка расправија, тој се обидел физички да ја нападне својата 57-годишна мајка, а потоа оштетил предмети во дворот.Ј.Т. бил задржан во полициска станица. За случајот биле извест

Македонија | пред 1 месец

media-libraryg8r4fkifn4v46H1SKm3

Се трага по 86-годишна скопјанка која се оддалечила од домот во Аеродром

Во Скопје е пријавено исчезнување на 86-годишна жена која се оддалечила од својот семеен дом во Општина Аеродром.Од МВР информираат дека на 30 септември во 22 часот во СВР Скопје, Д.Р. (76) од Скопје пријавил дека неговата тетка М.В. (86) се оддалечила од семејниот дом.Полицијата презема мерки за пронаоѓање на 86-годишната жена.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhof9jm79gej99kPApiP

„Тоа што секој сака да ви го претстави на социјалните медиуми, тоа во суштина не е вистинскиот живот“: Мицкоски до бруцошите

„Вистинскиот живот е борбата за вашето семејство и борбата за вашата родена земја, Македонија. Каде и да одите, вратете се дома“, им порача премиерот Христијан Мицкоски на бруцошите на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.Во обраќањето на првиот академски час, Мицкоски сподели дел од своето лично искуство со студентите, посочувајќи дека и самиот пред три децении бил бруцош.Тој раскажа дека во текот на животот престојувал и работел во Италија, Германија и Виена, но дека родната земја секогаш му би

Македонија | пред 1 месец

media-libraryfuub7mn852re5dEEosT

Јаневска им посака добредојде на бруцошите на УКИМ: „Вие сте идните професионалци, иноватори и лидери“

Министерката за образование и наука Весна Јаневска им посака добредојде на новите студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, порачувајќи им дека токму младите се најголемиот потенцијал што го има Македонија.На свеченото одбележување на почетокот на академската година, Јаневска ги охрабри студентите активно да го користат академскиот живот и можностите што ги нуди универзитетот.„Овие млади луѓе избрале со високо образование да ги остварат своите амбиции и да се подготват за идните

Македонија | пред 1 месец

akcija-mvr-policija-policajci-specijalna-2

Разбиена криминална група во Прилеп која повеќе од 15 години дејствувала во Македонија, Грција и Шпанија: пронајдени 120.000 евра и одземени 10 возила

Сериозна организирана криминална група, која според сомнежите со години дејствувала во Македонија и во повеќе земји од Европската Унија, е разбиена во полициска акција во Прилеп, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.Тој за Радио Лидер изјави дека Министерството за внатрешни работи, во координација со Јавното обвинителство и странски партнерски служби, работело на случајот повеќе од една година.„Станува збор за разбивање на една организирана криминална група, многу сериозна крим

Македонија | пред 1 месец

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

Филипче со повик до пратениците за поддршка за зголемување на минималната плата на 600 евра

Претседателот на СДСМ и пратеник Венко Филипче од Собранието побара поддршка за предложеното зголемување на минималната плата на 600 евра, како и за субвенционирање на придонесите за приватните компании за делот што произлегува од зголемувањето.„Апелирам да го поддржат законот и минималната плата да се покачи на 600 евра. Направени се пресметки и укажавме од каде може да ги најдат парите: нека скратат од луксузот, патувањата, мебелот и автомобилите“, рече Филипче.Тој ги повика пратениците да го

Македонија | пред 1 месец

policiska-lenta-policija-srbija-960x639

Македонски државјанин загина откако се преврте со камион и се запали кај Лесковац

Тешка сообраќајна несреќа се случила во текот на ноќта на автопатот кај Лесковац, Србија, во која животот го загубил македонски државјанин.Според информациите од полицијата во Лесковац, несреќата се случила околу 1:50 часот по полноќ, кога камионот со кој управувал возачот се превртел, по што избувнал пожар.На местото пристигнале противпожарни и спасувачки екипи, кои интервенирале за гаснење на огнот и пребарување на возилото.По локализирањето на пожарот, пожарникарите при пребарувањето на кабин

Македонија | пред 1 месец

media-librarylhfa9snqdh620aUpTrp

Василевски гладува пред факултетот, Клековски го упати кон друг оглас: Ако ги исполнува условите, ќе биде примен

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека е запознаен со случајот на д-р Дарко Василевски, кој од денеска штрајкува со глад пред Медицинскиот факултет во Скопје поради, како што тврди, дискриминација и нетранспарентност при вработување. Сепак, Клековски посочува дека Министерството за здравство нема надлежност да постапува за вработувањата на Медицинскиот факултет.Изјавата доаѓа откако Василевски, по 15 дена во кои, како што вели, не добил одговор на неговите барања, постави шатор пред Де

Македонија | пред 1 месец

media-library59qg8p3jt43ccqBHZgW

За првпат терапија за цистична фиброза добиваат пациенти од 2-годишна возраст и лица со различни генетски мутации кои претходно не се лекувале

Бројот на пациенти со цистична фиброза кои ја добиваат терапијата во Македонија пораснал од три случаи во 2021 година на 126 во 2026 година, истакна министерот за здравство Сашо Клековски.„Од почетните напори за дијагностицирање и генетска дијагностика пред девет години, до првото воведување на терапијата во 2021 година со три случаи, стигнавме до 126 во 2026 година“, рече Клековски.Тој посочи дека сега се вклучени сите медицински оправдани случаи од двегодишна возраст нагоре. Претходно терапија

Македонија | пред 1 месец

media-libraryog60n8coau9ieBMVNXd

(Видео) „Нека се вклучат во работата или нека се тргнат, ќе ги згазам како шлепер-жаба“, рече Филипче за ексфункционерите на СДСМ кои тргнаа да реформираат

„Ако не, нека ми се тргнат од патот, зошто ќе ги згазам како шлепер жаба“, порача лидерот на СДСМ, Венко Филипче, коментирајќи ја Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ и поранешните и актуелни функционери на СДСМ кои се дел од иницијативата.Филипче со исклучително остар речник се пресмета со своите сопартијци кои јавно го критикуваат актуелното раководство на СДСМ и бараат промени во партијата. Тој поединечно ги спомена Игор Ивановски, Андреј Петров и Славјанка Петровска, а на крајот им п

Македонија | пред 1 месец

media-librarypuhr0b5qsfre2tnK7LF

(Видео) Филипче со навреди кон Мицкоски, го нарече „идиот“ па праша дали е „комплетен идиот“ од собраниската говорница

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, со навреди го нападна премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница. Во еден момент од говорот, коментирајќи ги ставовите на премиерот за Исланд и Европската Унија, Филипче го нарече Мицкоски „идиот“, па праша дали е „комплетен идиот“.Филипче, изнервиран, реагираше на изјавите на Мицкоски поврзани со Исланд и неговиот однос кон членството во Европската Унија.„Па сега некои будалаштини збори дека Исланд не сакал во Европската Унија. Па Исланд е дел од заед

Македонија | пред 1 месец

media-library3pkqi1pbrok5cdJUwQ5

Автобусот 35 повторно на улиците: Радишани–Ново Лисиче со директна линија

Новата автобуска линија 35 од вчера воспоставува директна врска меѓу општина Бутел и општина Аеродром, односно меѓу Радишани и Ново Лисиче.Од Општина Бутел информираат дека со воведувањето на линијата се олеснува секојдневното движење на граѓаните и се подобрува поврзаноста меѓу населбите.Автобусите од Радишани ќе поаѓаат во 06:00, 08:00, 10:00, 12:00, 14:00 и 16:00 часот.Од Општината потсетуваат дека ова е уште една нова автобуска линија по линијата 37, која, како што наведуваат, има значење за

Скопје | пред 1 месец

media-library1t41dhskauv96tipxic

Петмина возачи приведени во Гостивар и Тетово: возеле без возачка дозвола, одземени четири возила

Полицијата во Гостиварско и Тетовско во текот на 30 септември привела повеќе лица при сообраќајни контроли поради управување возила без возачка дозвола или без положен возачки испит. Во еден од случаите, кај сопатник била пронајдена и марихуана.На патот кон село Калиште, гостиварско, во 21:00 часот бил лишен од слобода 21-годишниот Д.А. од село Неготино. При контрола било запрено „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал без возачка дозвола. Возилото било одземено.Во истото време

Македонија | пред 1 месец

media-librarydtkfisnhmll5epuCSW3

Приведен државјанин на Авганистан во такси кај „Бунец“, пронајдена марихуана

Полициски службеници од Полициското одделение Маврово привеле 33-годишен државјанин на Авганистан, откако при контрола во такси возило кај него биле пронајдени марихуана и ризли.Како што информира МВР, Ш.М.А. бил лишен од слобода на 30 септември во 11:05 часот на местото викано „Бунец“. Тој се превезувал со такси возило со скопски регистарски ознаки.По приведувањето, лицето било задржано во полициска станица, а потоа било изведено пред судија од Основниот суд во Гостивар.Судот му изрекол соодвет

Македонија | пред 1 месец

media-librarymisn42l9voet8svr36X

Повредено петгодишно дете откако го удрил автомобил, возачот бил пијан

Петгодишно дете било повредено во сообраќајна незгода во Свети Николе, откако автомобил удрил во велосипедот што го управувало. Несреќата се случила вчера околу 18:30 часот на улицата „Орце Николов“.Од МВР информираат дека во детето удрил автомобил „Опел“ со светиниколски регистарски ознаки, управуван од 61-годишниот М.Ј. од Свети Николе.Детето се здобило со телесни повреди и било однесено на лекарски преглед во здравствена установа.При полициската проверка било утврдено дека возачот управувал п

Македонија | пред 1 месец

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Со адвокатски говор лиценцата за салон за теписи нема да стане дозвола за дискотека, вели таткото на загинатата Надица пред обвинетите да се бранат за „Пулс“

„Правдата може да ја одолговлекуваат, ама вистината не“, порача Александар Наунов, татко на загинатата Надица Наунова, пред денешното рочиште за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, на кое одбраната треба да почне со изведување свои докази и сведоци.Наунов пред почетокот на рочиштето јавно постави повеќе прашања за кои очекува одговор во текот на доказната постапка на одбраната – за пренамената на објектот, паркингот, минимално-техничките услови и лиценцата со која работел објектот.„Денес

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања