Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-library391a3ut3t27nfKEcCSK

Медицински хеликоптер се урна во Лос Анџелес: Двајца загинаа, по едно лице се трага

Медицински хеликоптер се урна во близина на островот Каталина кај Лос Анџелес, при што загинаа две лица, две биле пренесени во болница, а по уште едно лице се трага.Џонатан Торес од противпожарната служба на округот Лос Анџелес ја потврдил смртта на две лица и транспортот на две повредени лица во локалните болници. Според надзорничката на округот, Џенис Хан, хеликоптерот паднал кратко по полетувањето од островот.Властите ја добиле пријавата за несреќата нешто пред 20 часот, по што на местото бил

Свет | пред 1 месец

media-librarysvffc27oj6didpTXe7P

Калифорнија и уште шест сојузни држави ја тужат администрацијата на Трамп поради кратење на одобрените средства

Калифорнија и уште шест американски сојузни држави поднесоа тужба против администрацијата на претседателот Доналд Трамп, оспорувајќи ја одлуката за задржување на средства што Конгресот претходно ги одобрил.Станува збор за околу 810 милиони долари, кои Белата куќа се обидела да ги поништи пред крајот на фискалната година. Администрацијата на Трамп минатата недела побарала да не се трошат одобрени средства наменети за имиграција, расни прашања и образование.Тужбата е поднесена пред окружниот суд в

Свет | пред 1 месец

media-libraryve0vscogfdt69dEYCGe

Над 400.000 електронски барања на uslugi.gov.mk: Септември со рекордна употреба

Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk во септември забележал најголема употреба досега, со 27.345 поднесени барања за електронски услуги во текот на еден месец.Со ова, вкупниот број барања поднесени преку порталот достигна 405.881, односно ја надмина границата од 400.000. Од Министерството за дигитална трансформација велат дека во резултатот не е вклучена услугата за ИКТ ваучери, преку која биле услужени повеќе од 50 илјади студенти.Зголеменото користење на порталот се поврзува

Македонија | пред 1 месец

media-libraryoqns2sgjjpmo13Eg85E

Новиот филм „Сестра Брат Шахта / Збогум, Копакабано“ на Милчо Манчевски со светска премиера во Токио

Новиот филм на режисерот Милчо Манчевски „Сестра Брат Шахта / Збогум, Копакабано“ ќе ја има својата светска премиера на Tokyo International Film Festival на 30 октомври.Филмот, кој содржи елементи на црна комедија, ја следи приказната за брат и сестра кои се обидуваат да преживеат на маргините на општеството во Македонија.Со бунтовнички дух, тие крадат бронзени бисти и капаци од шахти за да обезбедат егзистенција. Нивното бурно патешествие ги носи до богата и слепа старица, чија цврстина и велик

Македонија | пред 1 месец

skopski-aerodrom-skopje-patnici

Скопскиот аеродром меѓу европските рекордери: Патничкиот сообраќај пораснал за 34,8 отсто

Скопскиот аеродром во август забележал значителен раст на патничкиот сообраќај, со зголемување од 34,8 отсто во однос на истиот месец минатата година. Според извештајот на Европското здружение на аеродроми ACI EUROPE, со овој резултат Скопје е на петтото место меѓу средните европски аеродроми со годишен сообраќај од еден до 10 милиони патници.Пред Скопје се аеродромите во Братислава со раст од 75,9 отсто, Трапани со 52,3 отсто и Подгорица со 47,6 отсто, додека Палермо бележи раст од 32,3 отсто.М

Македонија | пред 1 месец

media-librarytg7sncnkjki21pmfcm6

Портали поврзани со проруски структури под лупа на АНБ: ширеле дезинформации и поттикнувале омраза

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со МВР и Основното јавно обвинителство, презела истражни дејствија против македонски државјанин за кого постои сомнение дека е поврзан со странски фактори и пропагандна мрежа во земјава.Според АНБ, на 18 септември 2026 година бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени предмети, кои дополнително се вештачат. Дејствијата биле преземени поради сомнение за сторени кривични дела поврзани со предизвикување национал

Македонија | пред 1 месец

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Мицкоски призна - следува тоа што го најавивме, нов ребаланс и ново задолжување

СДСМ преку соопштение обвини дека само околу два месеца по последниот ребаланс, Владата повторно најавува можност за прекројување на Буџетот, оценувајќи дека тоа ќе биде проследено со ново задолжување.Од партијата тврдат дека приходите се пониски од очекуваното и дека буџетскиот дефицит се зголемува. Според нив, до крајот на годината дефицитот ќе надмине 900 милиони евра.СДСМ ја отфрла оценката дека буџетските проблеми се должат на намалениот ДДВ за горивата, тврдејќи дека Владата не се откажала

Македонија | пред 1 месец

bolnica-bitola

Наместо тромбоза, ѝ дијагностицирале ревматоиден артритис: Петмина лекари од Битола обвинети по смртта на 40-годишна пациентка

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинителен предлог против петмина лекари интернисти од Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“, кои се товарат за тешки дела против здравјето на луѓето поради несовесно лекување на 40-годишна пациентка, која подоцна починала.Според Обвинителството, лекарите во периодот од 28 мај до 4 јуни 2024 година, на Одделот за интерни болести, не постапиле соодветно при лекувањето на пациентката, со што дошло до влошување на нејзината здравствена состојба.Пацие

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvltaedo8vf081nNpIet

(Фото) Двајца македонски државјани во американската база „Worst of the Worst“

Две лица за кои американското Министерство за домашна безбедност (DHS) како земја на потекло ја наведува Северна Македонија се појавуваат во јавната база „Worst of the Worst“, во која американските власти објавуваат податоци за странски државјани уапсени од Службата за имиграција и царина (ICE).Станува збор за Лидија Томески и Владимир Гочевски.Кај Томески како земја на потекло е наведена Северна Македонија, а како место на апсење – Клинтон, Њу Џерси. Во рубриката „Crimes“ се наведени „Fraud“ (и

Македонија | пред 1 месец

media-librarysa7orcd56up4871r0vy

Докторот кој се жалеше на дискриминација при вработување започна протест со глад во шатор пред Медицинскиот факултет

По 15 дена без, како што вели, одговор од надлежните институции, д-р Дарко Василевски денеска започна мирен протест со штрајк со глад пред Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје.Василевски, лекар и приватен специјализант, преку објава се заблагодари на сите кои му дале поддршка во изминатите денови и порача дека протестот не е насочен кон ниту едно лице.„Ова не беше одлука која ја донесов лесно. Ова не е насочено кон никого лично“, наведе тој.На местото каде што протестира, поставил клупа,

Македонија | пред 1 месец

media-library2i56cmgccqk1f5SL7uX

Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени ја погоди Костарика

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во близина на брегот на Костарика, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Според податоците на EMSC, земјотресот се случил на длабочина од 15 километри.Засега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.

Свет | пред 1 месец

media-library02i35qhog8thag61W4q

ЕУ разгледува итни мерки за масовен прилив на мигранти

Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на Европската Унија денеска се состануваат во Луксембург, каде што главни теми ќе бидат спроведувањето на Пактот за миграција и азил, враќањето на мигрантите во трети земји и состојбата во шенгенскиот простор.На состанокот ќе се разговара и за предлогот за воспоставување механизам за итно дејствување во случај на ненадеен и масовен прилив на мигранти, по примерот на ситуацијата што летово се случи во шпанската енклава Сеута.Една од разгледуваните

Свет | пред 1 месец

EU-1

Инфлацијата во еврозоната може да се приближи до 4 отсто

Еврозоната повторно се соочува со засилен инфлациски притисок, откако најновите податоци од најголемите европски економии покажаа поголем раст на цените од очекуваниот. Главен двигател повторно се енергенсите, што ја става Европската централна банка пред сложена одлука околу идното движење на каматните стапки.Хармонизираната инфлација во Франција во септември достигнала 3,4 отсто на годишно ниво, наспроти 2,6 отсто во август. Во Италија пораснала од 3,2 на 4,1 отсто, во Германија од 2,9 на 3,3 о

Свет | пред 1 месец

media-libraryhcqn8rn898kk0FZBIhq

Нов судир меѓу Пакистан и Авганистан: Во воздушни напади загинаа девет лица

Нов бран на тензии меѓу Пакистан и Авганистан следува по воздушните напади што пакистанските сили денеска ги извршија врз три куќи на авганистанска територија. Талибанската влада во Кабул соопшти дека во нападите загинале девет лица, меѓу кои жени и деца, додека пакистанските власти тврдат дека биле погодени засолништа на терористи и дека се убиени 22 лица што ги опишуваат како терористи.Нападите биле извршени во авганистанските покраини Кунар и Хелманд. Портпаролот на талибанската влада, Забиху

Свет | пред 1 месец

media-library37kdmf2j0l4ieKAof6T

Скапото гориво носи нов проблем во Германија: сè повеќе кражби на бензинските пумпи

Високите цени на горивото во Германија доведоа до зголемување на кражбите на бензинските пумпи, поради што дел од сопствениците почнаа да ги затвораат објектите во текот на ноќта.Информацијата ја објави германското здружение на оператори на бензински пумпи, од каде што велат дека гориво крадат и помлади и повозрасни граѓани.„Психолошката граница за кражба очигледно падна откако цените се приближија до 2,40 евра за литар. Некои едноставно си заминуваат од пумпата без да платат“, изјавил портпарол

Свет | пред 1 месец

chatGPT

Калифорнија ја ограничува употребата на вештачката интелигенција на работните места

Калифорнискиот гувернер Гевин Њусом потпиша пакет закони со кои се воведуваат нови правила за употребата на вештачката интелигенција на работните места, со фокус на ризиците за работниците, меѓу кои губењето на работните места и надзорот на вработените.Со новите правила на работодавачите им се забранува да користат технологија за проценување на емоционалната состојба на работниците врз основа на биометриски податоци. Компаниите исто така ќе мора писмено да ги известат вработените доколку вештачк

Свет | пред 1 месец

media-librarynjmeuctk0vo37i8FR98

„Мој Термин“ без одржување 738 дена: ДЗР утврди сериозни ризици за системот

Националниот здравствен информатички систем „Мој Термин“ во периодот од јануари 2021 до април 2026 година бил без договор за одржување вкупно 738 дена, односно 37,9 отсто од анализираниот период, покажува ревизијата на Државниот завод за ревизија.Во извештајот се наведуваат низа слабости поврзани со управувањето, кадровските капацитети, ИТ-безбедноста, заштитата на личните и медицинските податоци, како и со обезбедувањето континуитет и стабилност во функционирањето на системот.За одржување на „М

Македонија | пред 1 месец

media-library8vv1gkr30h9feYi4H2q

„Флајдубаи“ ги прекинува летовите кон Израел, Нетанјаху најави дека ќе се открие кој стои зад нападот во авионот за Тел Авив

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека сè уште е рано да се утврди кој стои зад нападот што се случи во авион на „Флајдубаи“ на летот од Дубаи кон Тел Авив.Инцидентот се случил во авион со повеќе од 170 патници, од кои најголем дел биле Израелци. Според досегашните информации, еден од пилотите во пилотската кабина со нож го нападнал другиот пилот, во обид да ја преземе контролата врз авионот.Додека авионот нагло губел височина, неколку патници успеале да влезат во пилотската кабина.

Свет | пред 1 месец

kreditni_karticki_1_151010-600x450

Европа со сопствена платежна мрежа: Крај на зависноста од Visa и Mastercard?

Европа прави чекор кон поголема независност во прекуграничните плаќања со лансирањето на Европската мрежа за плаќања (EPN), која треба да ги поврзе постојните европски платни системи преку заедничка инфраструктура.Седиштето на новата мрежа ќе биде во Мадрид, а нејзината главна задача ќе биде управување со заеднички центар за интероперабилност преку кој различни европски платни системи ќе можат меѓусебно да комуницираат.Во проектот учествуваат пет големи европски платни системи – италијанскиот „Б

Свет | пред 1 месец

7CA9A2C5-BC4C-487B-A68B-49AD687CBA6F

Денес почнува новата академска година

Со првиот академски час денеска официјално започнува академската 2026/2027 година на државните универзитети во Македонија.На најголемиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, првиот академски час ќе се одржи во 10 часот на платото кај споменикот на Кирил и Методиј. Предвидена е свечена програма со официјални обраќања, културно-уметничка програма и информативна сесија, како и пригодни активности за дружење и забава.Прв академски час денеска ќе биде одржан и на универзитетите „Св. Климент О

Македонија | пред 1 месец

media-librarykhi3q1lajavp8yNslR0

Прекин на водоснабдувањето во Чаир и Гази Баба – проверете дали сте на списокот

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека денеска, 1 октомври, поради дефекти и интервенции на водоводната мрежа, прекинато водоснабдување ќе има во повеќе делови од општините Чаир и Гази Баба.Поради уличен дефект на водоводна цевка со профил Ф-150 милиметри на улицата „Цветан Димов“, кај Хатунџук џамија, без вода од 09:00 часот ќе останат корисниците на улиците „Фан Ноли“, „Чаирска“, „Јајце“, „Челопек“, „Аврам Писевски“, „Зеф Љуш Марку“, „Бајрам Шабани“ и улица „157“.Прекинот ќе

Скопје | пред 1 месец

struja

Прекини на струја во Гази Баба, Аеродром, Бутел, Карпош и Центар

Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска, 1 октомври, поради планирани интервенции без електрична енергија ќе останат корисници на повеќе улици во Скопје.Прекините ќе се одвиваат во различни периоди, и тоа:Од 07:55 до 10:05 часот – улиците „Авраам Писевски“, „Ордан Чопела“, „Челопек“, „БИС 159“, „Петре Ѓеоргиев“ и дел од „Менделиева“, општина Гази Баба.Од 08:00 до 14:30 часот – улица „12-та Македонска бригада“, „Аврора“, „Кресна“, „Митре Влаот“, „Димитар Македонски“ и „Детелин Војвода“, опш

Скопје | пред 1 месец

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Сончево и постудено утро, преку денот температури до 26 степени

Утрото ќе биде ведро и постудено, додека во текот на денот се очекува сончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Минималните температури ќе се движат од 1 до 10 степени, а максималните ќе достигнат од 19 до 26 степени.Во Скопје ќе биде сончево, со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6 степени, додека максималната ќе достигне до 25 степени.

Македонија | пред 1 месец

media-librarya2skt0llk35nf0jaJz7

(Во живо) Михајловски за спотот снимен во Македониумот: „Можеби го замислиле од уметнички аспект, но не сметам дека тоа е местото“

Историскиот музеј во Крушево го отстапил споменикот „Илинден“, познат како Македониум, за снимање музички спот на косовскиот рапер Дон Џони, за што, според изјавата на директорот на музејот, бил наплатен надомест од 500 евра за неколкучасовно користење на просторот.Станува збор за спот за песната „Секси мама“, во кој раперот се појавува и во дел од кадрите снимени во Македониумот. Случајот предизвика реакции во јавноста поради значењето на објектот, кој е еден од најпознатите меморијални комплек

Студио | пред 1 месец

media-library8vv1gkr30h9feYi4H2q

Патник од летот кон Израел: „Слушнав ‘Алаху акбар’ пред авионот да почне да понира“

Авион на Flydubai кој летал од Дубаи кон Тел Авив бил принудно пренасочен кон Саудиска Арабија по инцидент во пилотската кабина, при што еден од пилотите бил избоден, а авионот во еден момент почнал нагло да губи висина.По слетувањето во Табук, патници раскажале за моментите на паника во авионот. Еден од нив, Хаим Лазарович, изјавил дека најстрашниот момент бил кога пилотот ја изгубил контролата врз авионот.„Мислев дека ќе загинеме“, раскажал тој по пристигнувањето на аеродромот „Бен Гурион“.Осу

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања