Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-library152ihem7tg9ueVgKyF8

Десет лица упасени, кај нив пронајдена дрога

Десет лица се лишени од слобода на различни локации во Скопје, Боговиње и Прилеп, откако при полициски прегледи кај нив биле пронајдени различни материи за кои постои сомнение дека се дрога, соопшти МВР.Во Скопје, во текот на 28 и 29 септември, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.С. (57), Ф.Н. (43), А.З. (21), Д.Т. (29) и 18-годишната А.Х., сите од Скопје, како и Ф.Н. (53) од село Речане, гостиварско, и Л.Р. (40) и А.Х. (39), двајцата од Шведска.Кај нив биле пронајдени и од

Македонија | пред 1 месец

media-librarylji37qcim1kg10027X1

(Видео) Ѓубре кај железниот мост и игралиштето во Инџиково

Жителка на Инџиково преку објава во групата „Ѕид на Општина Гази Баба“ реагира на, како што наведува, долготрајниот проблем со отпадот кај железниот мост и игралиштето во населбата.Во објавата таа изразува гнев и разочараност поради, како што вели, немањето реакција од надлежните за решавање на проблемот.„Пропаст на сè што е нормално, глуви и слепи сите: и надлежните и оние кои фрлаат. Јас сум тотално гневна и разочарана дека со мало прсте не се мрда да се реши овој проблем кај железниот мост и

Скопје | пред 1 месец

media-libraryf5b8gtajjj0deEDQNtm

Спот за „Секси мама“ снимен во „Македониумот“, во Крушево за околу 500 евра

Споменикот „Македониум“ во Крушево бил изнајмен за околу 500 евра за снимањето на спотот „Секси мама“ на косовскиот рапер Дон Џони, пренесува СДК.мк.Според информациите на СДК.мк, продукцијата побарала дозвола од Историскиот музеј Крушево, а музејот го одобрил користењето на просторот. Директорот Миха Оџаклиески за СДК.мк изјавил дека Управниот одбор има донесено одлука просторот да може да се отстапува за снимања со соодветен надомест.„Просторот беше отстапен за снимање спот. И на Управен одбор

Македонија | пред 1 месец

media-libraryopvtkvetrb4qcfaRZFu

Пет-шест дена ќе требаат за нормално функционирање на „Нова Македонија“ по поплавата, вели директорот Томовски чии екипи работат на санацијата

Пукната топловодна цевка на вториот кат ја предизвикала поплавата во зградата на „Нова Македонија“, каде што се сместени Министерството за образование и наука, Државната изборна комисија и повеќе други институции. Поради продирањето на водата низ електричните инсталации, струјата во објектот е исклучена, а според првичните проценки, за целосно нормализирање на состојбата ќе бидат потребни пет до шест дена.Директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР), Ивица Томовски, за „С

Скопје | пред 1 месец

media-libraryq3ifenpokr5acj63Xsy

Тројца осомничени за тероризам и недозволена трговија со оружје и експлозиви, ОЈО бара притвор од 30 дена

Надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица, поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Тероризам“, додека тројцата се сомничат и за кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.Од Обвинителството информираат дека наредбата е донесена врз основа на докази обезбедени во претходно спроведена предистражна постапка, документација и докази од предмет

Македонија | пред 1 месец

media-libraryup6bq39tpp3rbxCPnCm

52-годишен маж нападнал 17-годишник во Гостивар

Кривична пријава е поднесена против 52-годишен жител на Гостивар поради сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.Според МВР, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против О.А. (52) од Гостивар.Случајот се однесува на настан од 17 август 2026 година во Гостивар, кога пријавениот физички нападнал 17-годишник, при што му нанел повреди.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryp3bghas3id1m27JjmVF

10-годишно дете тешко повредено откако било удрено од автомобил во Скопје

10-годишно дете од Скопје се здобило со тешки телесни повреди откако било удрено од патничко возило на крстосница во градот.Според МВР, несреќата се случила на 27 септември во 19:45 часот на крстосницата меѓу улиците „Христо Татарчев“ и „Франк Харкорт Манинг“. Во несреќата учествувало патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 70-годишната М.Г. од Скопје.Возилото удрило во 10-годишното дете, при што тоа се здобило со тешки телесни повреди. Повредите биле констатирани

Македонија | пред 1 месец

media-libraryr7ustgvht52acQBplbO

Двајца малолетници учествувале во сообраќајка во Арачиново меѓу „голф“ и мопед, еден тешко повреден

17-годишник од Арачиново се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на улицата „1“ во селото.Според МВР, несреќата била пријавена на 28 септември во 21:40 часот во СВР Скопје. Во неа учествувале патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Арачиново, и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник, исто така од Арачиново.Во судирот тешки телесни повреди добил 17-годишниот мопедист. Повредите биле конст

Македонија | пред 1 месец

media-libraryt99h4t306e1u5cc8a0J

Се заканувал на поранешната сопруга во јавна институција

Полицијата во Кавадарци постапувала по пријава за закани кон 41-годишна жена од страна на нејзиниот поранешен сопруг.Според МВР, на 28 септември во 18:55 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци извршиле службен разговор со Л.А. (52) од Кавадарци.Постапувањето уследило по претходна пријава дека 52-годишникот во јавна институција во Кавадарци ѝ се заканувал на неговата 41-годишна поранешна сопруга.По целосното документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 месец

media-librarypir6500qlqu6a6bOuKR

Насилно му одзел пари откако ги подигнал од банкомат, приведен 60-годишник во Кочани

60-годишен жител на Кочани е лишен од слобода под сомнение дека насилно му одзел пари на 54-годишен сограѓанин, откако тој ги подигнал од банкомат.Според МВР, на 28 септември во 17:15 часот полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода М.Ѓ. (60) од Кочани.Претходно, Д.М. (54) од Кочани ги подигнал парите од банкомат во близина на автобуската станица во Кочани, по што 60-годишникот насилно му ги одзел.За настанот бил известен јавен обвинител. По целосното документирање на случајот, од М

Македонија | пред 1 месец

media-librarysg8c8o6i5fqmciQu9mr

Српски државјанин ставил непозната течност во резервоар и оштетил „порше“

Кривична пријава е поднесена против 37-годишен државјанин на Србија поради сомнение за оштетување туѓ предмет во Струга.Според МВР, ОВР Струга поднела кривична пријава против М.С. (37) од Бујановац, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување туѓи предмети“ од член 243 од Кривичниот законик.Случајот се случил на 4 септември пред угостителски објект во Струга. Според пријавата, 37-годишникот насилно го отворил резервоарот на патничко возило „порше“ со охридски регистар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryuui5mm42cv9qao0aJTk

71-годишник тешко повреден откако со мопед се забил во паркиран автомобил во Кичево

71-годишен жител на Другово се здобил со тешки телесни повреди откако со мопед удрил во паркирано патничко возило на улицата „Рудничка“ во Кичево.Според МВР, несреќата била пријавена на 28 септември во 10:15 часот во ОВР Кичево. А.Ѓ. (71) од село Другово управувал мопед со кичевски регистарски ознаки кога удрил во паркиран „пасат“, кој претходно бил управуван од Ш.И. (57) од селото Зајас.При сообраќајката мопедистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во

Македонија | пред 1 месец

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Двајца малолетници со остар предмет тешко повредиле 16-годишник во Матејче

Двајца малолетници од селото Матејче, Липковско, се лишени од слобода поради сомнение дека со остар предмет нападнале 16-годишник.Според МВР, на 29 септември во 00:30 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода двајцата малолетници.Нападот се случил во селото Матејче, при што 16-годишникот се здобил со тешка телесна повреда. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош.Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајо

Македонија | пред 1 месец

media-librarya6m92rifrkdt9WnebWn

Татко ја нападнал малолетната ќерка

47-годишен жител на Скопје е пријавен дека физички ја нападнал својата малолетна ќерка додека таа престојувала кај него.Според МВР, на 28 септември во 17 часот во СВР Скопје случајот го пријавила неговата 30-годишна поранешна сопруга, исто така од скопско.Таа пријавила дека во периодот од 22 до 25 септември, додека нивната малолетна ќерка била кај нејзиниот татко, 47-годишникот физички ја нападнал.Во 20:45 часот истиот ден, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со Ј.Ш. (47

Македонија | пред 1 месец

media-libraryv6ei2si0hg9n1VlSshW

Полски државјани со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Четири лица, сите државјани на Полска, се лишени од слобода откако со четирицикли влегле во просторот на воени магацини во Тетово и ја оштетиле влезната врата на објектот.Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 28 септември во 18:24 часот од Воената полиција на АРМ во СВР Тетово. Настанот се случил во местото „Еребино“, каде што се наоѓаат воени магацини.Војниците кои биле на стража ги задржале Х.М.А. (55), Д.К.В. (55), К.В. (41) и К.Ј.Р. (36), додека други три лица со четирицикли у

Македонија | пред 1 месец

media-library31pt8tf0v4hv5cUJXLE

Мотоцикл и „голф“ се судрија кај Доброште, двајца тешко повредени

Две лица се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Јажинце–Тетово, во близина на селото Доброште.Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 28 септември во 13 часот во СВР Тетово. Во неа учествувале мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од С.М. (41) од Доброште, и патничко возило „голф“, исто така со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.И.Е. (34) од Доброште.Во судирот тешки телесни повреди се здобиле мотоцикли

Македонија | пред 1 месец

media-library8qfqilso0lmiaeqULbz

14-годишник тешко повреден откако паднал со електричен тротинет

14-годишник од Камењане се здобил со тешки телесни повреди откако изгубил контрола над електричен тротинет и паднал.Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 28 септември во 15:50 часот во СВР Тетово. Малолетникот управувал со електричен тротинет во селото Камењане кога изгубил контрола и паднал.При падот тој се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница Тетово.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryobodqo8jcvav7Qe15vw

Возел со 2,92 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка во Тетово, приведен 66-годишник

66-годишен тетовец е лишен од слобода откако бил затекнат како управува возило со 2,92 промили алкохол во крвта и учествувал во сообраќајна несреќа.Според МВР, случајот се случил на 29 септември во 5:20 часот на кружниот тек меѓу улиците „Благоја Тоска“ и „Борис Кидрич“ во Тетово.Полициските службеници го лишиле од слобода Д.Н. (66) од Тетово, кој управувал патничко возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки. При извршеното алкотестирање било утврдено дека во крвта имал 2,92 промили алкохол

Македонија | пред 1 месец

media-librarybsattomtnk671tEAmvW

Физички нападнал 21-годишник и му се заканувал со огнено оружје, приведен 62-годишник

62-годишен жител на Долно Оризари е лишен од слобода по пријава дека физички нападнал 21-годишник од Битола и му се заканувал со огнено оружје.Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 28 септември, а во 23:40 часот полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Љ.Д. (62) од Долно Оризари.Претходно, 21-годишник од Битола пријавил дека бил физички нападнат од 62-годишникот, кој истовремено му се заканувал со огнено оружје.Од МВР информираат дека по целосното расчистување на сл

Македонија | пред 1 месец

media-libraryisr00gfnq5q07WTdszd

(Видео) Беџети за Груби: Бев против неговите политики, но сметам дека сега му се прави неправда

Блерим Беџети беше дел од фракцијата во ДУИ што се спротивставувала на политиките на Артан Груби. Денес, сепак, јавно застанува во негова одбрана.Во „Претрес со Ландов“ пратеникот рече дека личното и политичкото несогласување не го менуваат неговиот став дека постапката против Груби е неправедна.– Јас сум бил дел од фракцијата против Артан Груби во ДУИ. Срамота е за државата – рече Беџети, зборувајќи за обвинението против својот сопартиец.Според Беџети, спорната одлука за која се товари Груби би

Студио | пред 1 месец

media-librarykrpnitc3cavm6ovyxPr

43-годишен маж пронајден починат во автосервис во Битола

43-годишен жител на Битола бил пронајден починат во автосервис на улицата „Македонска Фаланга“ во Битола.Според информациите од МВР, на 28 септември во 9 часот полициски службеници од СВР Битола извршиле увид на местото, по претходна пријава дека во автосервисот било пронајдено телото на Ф.Е. (43) од Битола.Лекар од Итната медицинска помош од Битола констатирал смрт без видливи траги на насилство.Јавен обвинител наредил да се изврши обдукција врз починатиот, со цел да се утврдат околностите и пр

Македонија | пред 1 месец

media-library0jhrgg546mb58LVZb0Y

„Така не се протестира, туку се дезертира“: Мицкоски објасни зошто Македонија не го бојкотирала Нетанјаху

Премиерот Христијан Мицкоски го образложи ставот на македонската делегација во врска со обраќањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Генералното собрание на Обединетите нации, откако дел од странските делегати демонстративно ја напуштија салата.Запрашан зошто македонската делегација не го напуштила обраќањето како форма на протест, Мицкоски рече дека за него таквиот потег би претставувал „дезертирање од реалноста и суштината“.„Јас не сум човек кој не сака да се соочи со реалноста. За

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvk217dv738irbHcTy1y

Мицкоски најави нови смени: За недела-две промени на заменици-министри и директори

Премиерот Христијан Мицкоски најави нови кадровски промени во вториот и третиот ешалон на власта, кои треба да се случат во следните една до две недели. Станува збор за позиции на заменици-министри и директори, а конечните решенија треба да бидат усогласени со коалициските партнери.На новинарско прашање кога може да се очекуваат промените, Мицкоски рече дека веќе има претстава за кадровските решенија.„Па, јас отприлика имам што, каде и како. Треба коалициски да потврдиме и ќе се случи во следнав

Македонија | пред 1 месец

media-libraryi46i6d4v51r434jQvkf

Отстранети диви тезги кај Бит-пазар, запленети околу 500 килограми храна

Вонредна инспекциска контрола беше спроведена во раните утрински часови кај Бит-пазар, во координирана акција на Агенцијата за храна и ветеринарство, комуналните инспектори на Град Скопје, Државниот пазарен инспекторат и припадници на Министерството за внатрешни работи.Контролата била насочена кон дивите продавачи на земјоделски производи кои биле поставени долж булеварот „Крсте Петков-Мисирков“, на потегот од трговскиот центар „Мавровка“ до Бит-пазар.Во акцијата биле отстранети сите диво постав

Македонија | пред 1 месец

media-libraryuomijm4u9h1p2aEkNsQ

(Видео) Пукна цевка во зградата на Министерството за образование и ДИК, поплавени простории – водата стигнала до електричната инсталација

Цевка од старата инсталација пукнала во зградата на „Нова Македонија“ во Скопје, каде што се сместени Министерството за образование и наука, Државната изборна комисија и повеќе други државни институции. Водата ги поплавила просториите на катот, а засега не е познато колкава е материјалната штета.Според информации на „Скопје1“ од местото на настанот, електричната енергија во објектот е исклучена откако водата продрела до дел од електричната инсталација и електричните броила. Струјата е исклучена

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања