Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-librarys6tnt0hki4f9cbhfjna

(Фото) Во Битола одбележани 110 години од Кајмакчаланската битка

Во Битола денеска започна комеморативната програма по повод 110-годишнината од Кајмакчаланската битка, со положување свежо цвеќе на српските воени гробишта. Дводневното одбележување е организирано од Заедницата на Србите во Македонија – Битола.На комеморацијата присуствуваа членови на српската заедница, граѓани на Битола и гости од Србија. Претседателот на Заедницата, Зоран Жугиќ, потсети дека интересот за одбележувањето низ годините се зголемувал, посочувајќи го значењето на српските воени гроб

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrm286518aq0h6iGDt9d

Мицкоски: Македонија испорача најголем дел од реформите, нелогично е да нема патоказ за ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема информации оти Македонија нема да добие патоказ за пристапување кон Европската Унија, како што објави „Политико“. Тој оцени дека таквите наводи се нелогични, имајќи предвид дека, според него, Македонија во два извештајни периоди добила највисоки оценки за спроведените реформи.„Моите информации велат дека не е така“, рече Мицкоски, додавајќи дека доколку информациите се точни, за нив треба да се праша Европската Унија.Мицкоски посочи дека Македонија веќ

Македонија | пред 1 месец

media-library1ad3iak2398n9K6Jewi

„Да оставиме пример, не ѓубре“: Орце Ѓорѓиевски најави голема еко-акција за чистење на Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави голема еколошка акција за чистење на градот, која ќе се одржи утре, 30 септември, со почеток во 10 часот.Како што објави Ѓорѓиевски на социјалните мрежи, во акцијата се очекува да се вклучат неколку илјади волонтери, а ќе биде опфатено целото Скопје, односно сите скопски општини.Во акцијата, според најавата, ќе учествуваат сите општини, градоначалници, амбасади, ученици, јавни личности, спортисти и граѓани. Целта е преку заедничко чистење да се

Скопје | пред 1 месец

media-libraryq49lfro4nh9s1lClGDt

САД со нови забрани за увоз од Канада, најмногу погоден извозот на алкохол

САД од денеска го забранија увозот на одредени канадски производи, меѓу кои алкохолни пијалаци, безалкохолно пиво, производи од сурутка, меласа и одредени мотоцикли. Мерките се дел од продлабочувањето на трговскиот спор меѓу Вашингтон и Отава и стапија во сила на 29 септември.Забраната опфаќа широк спектар канадски алкохолни пијалаци, како пиво, вино, виски, бурбон, рум, вотка и други производи. Опфатени се и одредени млечни производи, вклучително и протеински производи од сурутка, како и различ

Свет | пред 1 месец

media-library8od0sru5oktoc53nMMh

Светски ден на срцето: 6.888 лица починале од кардиоваскуларни заболувања во Македонија

Кардиоваскуларните заболувања и натаму се водечка причина за смртност во Македонија. Минатата година од заболувања на кардиоваскуларниот систем починале 6.888 лица, што претставува 34 отсто од вкупниот број смртни случаи, информираше директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска.По повод Светскиот ден на срцето, ИЈЗ организираше бесплатни превентивни прегледи за граѓаните, кои имаа можност да го проверат крвниот притисок, шеќерот во крвта, висината и тежината, како и да добијат

Македонија | пред 1 месец

media-library37m7avmp66bfc4ax2gX

Втор ден од Регионалната конференција за фемицид: Нови препораки за заштита на жените

Дводневната Регионална конференција за фемицид во Југоисточна Европа, која се одржа во Собранието, заврши со препораки за унапредување на превенцијата, истрагите и институционалниот одговор кон фемицидот.Во текот на вториот ден се разговараше за препознавањето и истражувањето на родово поврзаните убиства, како и за потребата од јасни и усогласени оперативни стандарди. Беше истакната важноста од соодветно документирање на случаите, бесплатна правна помош и навремено препознавање на родово базиран

Македонија | пред 1 месец

media-library0e7tqbm5lifk6O3KqQX

Инфантино ветува дополнително финансирање за 211 членки на ФИФА

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, најави можност фудбалските федерации ширум светот да добијат поголем дел од средствата од резервите на организацијата, кои се проценуваат на околу 5 милијарди евра.Во писмо упатено до шесте континентални конфедерации, Инфантино навел дека ќе поддржи „највисоко ниво на дополнително финансирање што може одговорно да се исплати“.Најавата доаѓа во период на зголемен притисок по повлекувањето на проектот FIFA Forward Enterprise (FFE), кој предвидуваше продажба н

Спорт | пред 1 месец

media-library9g7kmr1cetu3eRXzKB2

Вирусот на Западен Нил се шири во Србија: 53 заболени, дури 49 со невроинвазивна форма на болеста

Во Србија од почетокот на сезоната на надзор на вирусот на Западен Нил се регистрирани 53 случаи на заболување, од кои дури 49 се со невроинвазивна форма на болеста, соопшти Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.Според податоците за периодот од 1 јуни до 27 септември 2026 година, случаите се регистрирани во 11 окрузи. Најмногу има во Белград – 20, потоа во Јужнобачкиот округ со девет и Шумадискиот со шест случаи.Меѓу заболените има 32 мажи и 21 жена, а просечната возр

Балкан | пред 1 месец

netanjahu

Нетанјаху со предупредување пред изборите: „Нашите непријатели ќе се обидат да нè нападнат“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека постојат индикации оти „непријателите“ би можеле да се обидат да извршат напад врз Израел во пресрет на изборите закажани за 27 октомври.Нетанјаху ова го кажал во видеообраќање снимено за време на неговата посета на воздухопловната база Тел Ноф, од каде што испратил порака до потенцијалните противници на Израел.„Имаме индикации дека во пресрет на изборите нашите непријатели ќе се обидат да нè нападнат“, рекол Нетанјаху, пренесува „Тајмс оф И

Свет | пред 1 месец

media-librarylkgnpc0p5rhp2N8GVwd

Иранска пејачка осудена на 74 удари со камшик по настап без хиџаб

Апелацискиот суд во Иран ја потврдил казната од 74 удари со камшик за познатата пејачка Парасту Ахмади поради настап без задолжителен хиџаб, соопштија нејзините адвокати.Ахмади во декември 2024 година одржала концерт облечена во фустан без ракави, а настапот во живо го пренесувала на својот канал на Јутјуб. По објавувањето на снимката, која за кратко време станала вирална и собрала милиони прегледи, иранските власти покренале постапка против 29-годишната пејачка.Иранските власти тогаш соопштиле

Свет | пред 1 месец

media-library52ppof764n1v3vs10JZ

Уапсени двајца поранешни министри од владата на Орбан поради сомнежи за корупција

Двајца поранешни министри од владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан се приведени под сомнение за злоупотреба на јавни средства и примање мито, само неколку часа откако унгарскиот парламент им го укинал пратеничкиот имунитет, објавува „Гардијан“.Државното обвинителство соопштило дека Балаш Ханко, поранешен министер за култура и пратеник од партијата Фидес, бил приведен доцна во понеделникот. Тој е осомничен за проневера, но ги отфрла обвиненијата.Истиот ден бил приведен и Миклош Сештак, прате

Свет | пред 1 месец

media-librarys9e9quejdcf09m7ImAJ

Поплави го парализираа Бангкок: откажани летови, стотици илјади домаќинства погодени

Големите поплави што зафатија делови од Бангкок го нарушија и меѓународниот воздушен сообраќај, при што авиокомпанијата „Thai Airways“ најави откажување на повеќе од десет летови до среда.Главните аеродроми „Суварнабхуми“ и „Дон Муанг“ остануваат отворени, но патниците се соочуваат со значителни доцнења. Тајландската агенција за цивилно воздухопловство ги повика патниците да го проверат статусот на летовите пред да тргнат кон аеродромите и да предвидат дополнително време за патување.Погодени се

Свет | пред 1 месец

iran

Шефот на ИАЕА: САД и Иран се стремат кон нови преговори

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА), Рафаел Гроси, изјави дека забележува желба и кај САД и кај Иран за враќање на преговарачката маса и порача дека агенцијата е подготвена да помогне во тој процес.Во интервју за РИА Новости, Гроси оцени дека продолжувањето на преговорите е неопходно и дека треба да се случи што е можно поскоро.„Чувствувам желба да се вратиме на преговарачката маса и ИАЕА ќе биде подготвена да го поддржи тоа, како што правеше и претходно“, изјави Гроси.САД

Свет | пред 1 месец

media-library4htl56nofr84c8GuTyH

Скопје домаќин на светски танцов спектакл во октомври 2027 година: над 7.000 танчери од 40 држави доаѓаат во Македонија

Скопје во октомври 2027 година ќе биде домаќин на едно од најголемите светски танцови натпреварувања – IDO World HipHop & Breaking Championships, на кое се очекува учество на повеќе од 7.000 танчери од над 40 држави.Светското првенство ќе се одржува од 4 до 14 октомври 2027 година во Скопје, а во текот на 11 дена во македонската престолнина ќе пристигнат танчери, тренери, судии, официјални делегации и гости од повеќе континенти.Настанот беше официјално најавен на прес-конференција во „Т Арен

Македонија | пред 1 месец

media-library574agjo8ular6jqGeYG

(Видео) Сузбиена криминална група поврзана со тероризам и недозволена трговија со оружје во Скопје: Пронајдени автоматски пушки, муниција и официјално знаме на ИСИС

Организирана криминална група од Скопје, инволвирана во кривични дела поврзани со тероризам и недозволена трговија со оружје, е сузбиена во координирана полициска акција спроведена на 28 септември, соопшти Министерството за внатрешни работи.Акцијата ја спровеле Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителс

Македонија | пред 1 месец

803_dmitrij-peskov-shutterstockcom-id1974_f

Москва за најавите од Иран: Не се согласуваме, очекуваме објаснување

Москва не би сакала Иран да се повлече од Договорот за неширење на нуклеарното оружје (НПТ), изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, додавајќи дека Кремљ очекува дополнително објаснување од Техеран.„Кремљ ги слушна изјавите од Техеран во врска со плановите на Иран да се повлече од Договорот за неширење на нуклеарното оружје. Се надеваме дека Иран ќе остане важна и одговорна страна на овој договор“, изјави Песков, пренесува РИА Новости.Неговата изјава следува откако заменик-пре

Свет | пред 1 месец

media-libraryd284jdr2diucdSIroCj

(Видео) Филипче: 3% не е доволно зголемување - пензионерите немаат за да го преживеат месецот

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека зголемувањето на пензиите од околу 3 отсто не е доволно за пензионерите да ги покријат зголемените трошоци и да имаат достоинствен живот.По средбата со пензионери во скопската општина Карпош, Филипче посочи дека растот на цените и трошоците за живот дополнително го оптоварува стандардот на пензионерите, за кои, како што рече, се потребни дополнителни мерки за поддршка.„Пензионерите никако не може да го почувствуваат зголемувањето, имајќи предвид д

Македонија | пред 1 месец

media-libraryai3p7pmvmidr5pKrsB5

Тошковски: Целта не е само заплена на дрога, туку откривање на криминалните структури и парите зад трговијата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Полициската академија во Скопје присуствуваше на отворањето на обука за истраги и кривично гонење на кривични дела поврзани со дроги, организирана од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), со поддршка на Амбасадата на САД.Обуката е дел од проектот за поддршка на спроведувањето на Националната стратегија за дроги, а нејзината цел е унапредување на капацитетите за спроведување сложени истраги преку поврзување на кри

Македонија | пред 1 месец

media-librarylnvr765cj1inea60AvS

Осмоодделенец во Словачка со нож убил наставничка, уште две лица повредени

Трагедија го потресе основното училиште во местото Сташков, во округот Чадца во Словачка, откако ученик од осмо одделение со нож нападнал две наставнички и една ученичка.Во нападот тешко биле повредени три лица. Една од наставничките, 61-годишна жена, им подлегнала на повредите, додека другите две повредени лица биле пренесени во болница.По пријавата за напад со остар предмет, на местото биле испратени полициски и итни служби, како и две возила на Итната медицинска помош и два спасувачки хеликоп

Балкан | пред 1 месец

media-libraryfr3jcfd14t0e6D9BLDC

Арагчи: Отворени сме за преговори, но подготвени сме и за војна

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи порача дека Техеран е подготвен и за дипломатско решение и за воен конфликт, додека, според него, САД се тие што бараат војна.Во разговор со ирански новинари во понеделникот, Арагчи говореше за неговата посета на Њујорк и за ставот на Иран во однос на војната, со посебен акцент на Ормускиот Теснец.Тој рече дека постојат услови што ги поставил врховниот лидер, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, и дека тие услови мора да бидат исполнети за да биде отворе

Свет | пред 1 месец

media-library06rd5p7hr7nccaP3R87

Од новинар до крал: Телевизиски водител избран за нов владетел на кралството Тооро во Уганда

Долгогодишниот угандски новинар и телевизиски водител Едвард Рукиди Кијанангома Њабонго I е избран за нов крал на историското кралство Тооро во Уганда. Неговото именување, сепак, предизвика спор околу наследувањето на престолот по смртта на досегашниот крал Ојо Њимба Кабамба Игру Рукиди IV.Педесет и шестгодишниот Кијанангома е познато лице во Уганда, каде што повеќе од две децении работел како новинар во Руанда и на државната телевизија УБЦ. Тој го наследува кралот Ојо, кој минатиот месец почина

Свет | пред 1 месец

media-library048muue48mvd9gWiTuS

„Патот до слободата“ во Скопје: Изложба посветена на 250 години независност на САД

Во Скопје денеска беше отворена изложбата „Road to Liberty“ („Патот до слободата“), организирана по повод 250-годишнината од независноста на Соединетите Американски Држави.На отворањето присуствуваа претставници на Градот Скопје, вршителката на должноста амбасадор на САД Никол Варнс, како и претставници на Амбасадата на САД и Американското катче во Скопје.Преку историски приказни, идеи и интерактивни содржини, изложбата ја прикажува историјата на САД и ги истакнува вредностите на слободата, една

Скопје | пред 1 месец

media-librarys3rfga96lgp32DW9EYn

12 возачи уапсени за „безобѕирно управување возило“, осуммина немале положено возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, полицијата на различни локации во државата лишила од слобода 12 возачи поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.Од приведените, осум лица управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за Ј.Л. (20) од село Батинци, скопско, О.Ф. (22) од Скопје, В.Ќ. (34) од Гостивар, Л.Р. (38) од село Ѓурѓевиште, Општина Врапчиште, П.А. (22) од Кочани, Ф.Ш. (24) од Штип, Л.Ј. (21) и 15-годишна малолетн

Македонија | пред 1 месец

media-library152ihem7tg9ueVgKyF8

Десет лица упасени, кај нив пронајдена дрога

Десет лица се лишени од слобода на различни локации во Скопје, Боговиње и Прилеп, откако при полициски прегледи кај нив биле пронајдени различни материи за кои постои сомнение дека се дрога, соопшти МВР.Во Скопје, во текот на 28 и 29 септември, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.С. (57), Ф.Н. (43), А.З. (21), Д.Т. (29) и 18-годишната А.Х., сите од Скопје, како и Ф.Н. (53) од село Речане, гостиварско, и Л.Р. (40) и А.Х. (39), двајцата од Шведска.Кај нив биле пронајдени и од

Македонија | пред 1 месец

media-librarylji37qcim1kg10027X1

(Видео) Ѓубре кај железниот мост и игралиштето во Инџиково

Жителка на Инџиково преку објава во групата „Ѕид на Општина Гази Баба“ реагира на, како што наведува, долготрајниот проблем со отпадот кај железниот мост и игралиштето во населбата.Во објавата таа изразува гнев и разочараност поради, како што вели, немањето реакција од надлежните за решавање на проблемот.„Пропаст на сè што е нормално, глуви и слепи сите: и надлежните и оние кои фрлаат. Јас сум тотално гневна и разочарана дека со мало прсте не се мрда да се реши овој проблем кај железниот мост и

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања