Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Скопје1.мк

Soravia-Press-Ahmeti-Drin-585x335-1

Милионската „Соравиа” чиј газда беше внукот на Ахмети оди на продажба: почетна цена 22 милиони евра

Неизвесна иднина има бизнис објектот „Соравиа“ кој е во строгиот центар на Скопје. Објектот е ставен под извршителска продажба поради финансиски обврски кои не биле исполнети.Дрин Ахмети, внукот на досега недопирливиот Али Ахмети, оперираше со овој имот. Тој пред една година, односно во март лани, објави дека „Тор индустрис“, компанијата што го купи трговскиот центар „Соравија“, ќе се повлече од раководната функција во компанијата до крајот на годинава.„Соравиа Инвест“, во моментов е ставена на продажба од страна на извршител, по барање на доверител за спроведување на извршување од над 930 илјади евра.Во заклучокот, кој е јавно објавен на веб страницата на комората на извршители, стои дека почетната цена за објектот е 1.377.978.526 денари или околу 22.406.000 евра. Извршителот наведува дека објектот се продава поради долг од околу 930.000 евра кон бугарската Прва инвестициска банка.Огласот е објавен на 24 март, а лицитацијата ќе се одржи на 24 април во канцеларијата на извршителот Андреја Буневски. Но, ова не е единствен долг на „Соравиа инвест“ кон истата банка која во 2020-тата издаде кредит на компанијата, а има и други пристигнати побарувања кон доверители.Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција сè уште спроведува предистрага за тоа како без вложен денар, Ахмети стана сопственик на 39 отсто од акциите на трговскиот центар.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-03-at-10.39.49

Обезбедувачот на Мицкоски бил пријавен дека оддава тајни пред да биде уапсен, вознемиреност има и кај Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, не даде конкретен одговор, какви документи поседувал обезбедувачот на премиерот Христијан Мицкоски којн заврши во притвор во затворот во Шутка. Остана неодгатнато прашањето, кој му ги давал документите, а со оглед дека лицето немало директен допир со службени тајни. Според Тошковски, тоа ќе треба да го покаже истрагата. Познато е дека Ангел Сарамандов, бил пријавен, па постапувала Внатрешна контрола и Обвинителството за гонење организиран криминал.„Многу кривични пријави се поднесени против криминалците во редот на МВР. Така е и во овој случај. Одделот за внатрешна контрола, известил надлежен јавен обвинител, кој се согласил и дал наредба да се спроведат дејствијата ист вечер. Извршени се повеќе претреси, пронајдени се докази во насока на стореното кривично дело, рече Тошковски.Тој посочи дека сите во МВР се вознемирени кога гледаат дека некој криминалец се прикривал со униформа, одговарајќи на новинарско прашање дали тој бил вознемирен кога дознал дека обезбедувач од МВР сторил вакво дело - оддавање службена тајна.

Македонија | пред 1 година

puls-11

Се проверуваат и минатите и сегашните структури во МВР, кои помогнале со документи „Пулс“ да добие лиценца и да работи

Истрагата за дискотеката во Кочани е во тек, а се проверуваат како поранешните раководни лица во МВР, така и сегашните. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, рече дека Јавното обвинителство го води процесот, а за секој за кого има докази, ќе одговара. Без раководните структури во МВР, било невозможно, дискотеката „Пулс“ да добие дозвола за работа.„Истрагата е во тек. Секој еден кој што без оглед дали сторил или не сторил одредено дејствија, кое има причинско-последична врска со кривичниот правен настан, ќе одговара. Многу прашања се отвораат во јавноста, но сепак, во оваа постапка, во овој момент, носител на постапката е јавниот обвинител. МВР постапува по сите наредби дадени од Јавното обвинителство“, рече Тошковски.Според него, не се постапува неселективно и дека разликата од порано до сега - има разлика.„Оставете да ја завршиме работата“, додаде Тошковски.

Македонија | пред 1 година

kina-sad

SkyNews: Кина се соочува со загубa на милиони работни места и колапс на многу мали бизниси

Дописникот на SkyNews од Азија од Пекинг пишува дека Кина ги очекувала новите царини и најверојатно се подготвувала за нив, но ниту едно ниво на подготовка не може да го ублажи моменталниот удар што овој последен бран царини ќе и го нанесе на кинеската економија.„Кога ќе ги додадете тарифите воведени претходно оваа година на оние кои се уште важат од првиот мандат на Трамп, сите кинески производи сега ќе бидат оптоварени со повеќе од 50% увозни царини, а некои би можеле да достигнат 70%. Таквите нивоа на царини ја прават практично невозможна трговијата со Америка за огромното мнозинство кинески компании ќе биде огромна и широко распространета“, пишува SkyNewsЕкспертите веќе предвидуваат губење на милиони работни места, колапс на бројни мали бизниси кои ги сочинуваат сложените синџири на снабдување во Кина и многу е веројатно дека Кина нема да ја достигне целта за раст на БДП од околу 5%.„За земја која веќе се бори со забавена економија и висока невработеност, ова претставува сериозен предизвик“, додаваат тие.Особено е изненадувачки што царините се насочени и кон помалите економии од Југоисточна Азија.Реципрочните тарифи од 46% за Виетнам, 49% за Камбоџа и 36% за Тајланд не само што се катастрофални за овие економии со пониски приходи, туку претставуваат и бариера за кинеските компании кои неодамна го преселија производството во овие земји за да ги избегнат американските царини - дури и заобиколувањата сега се невозможни, пишува Ројтерс.Влијанието врз поширокиот азиски регион веднаш се почувствува со пониско отворање на пазарите, при што берзите за фјучерси забележаа значителни загуби. Големите регионални економии - Јапонија, Јужна Кореја и Индонезија - исто така беа тешко погодени.Речиси сигурно се водат интензивни преговори зад сцената, но Кина ќе мора да покаже дека ќе одговори. Нејзиното министерство за трговија веќе го објави во своето соопштение. Прашањето е кога и колку силно Кина ќе реагира, заклучува Ројтерс.

Свет | пред 1 година

dnk-andrej

(Фото) Пријател на Андреј од ДНК: Фалиш, болиш, немам солзи да те исплачам, нема сила да издржам

Антонио Наумоски, близок пријател на Андреј од ДНК, е скршен од болка по трагедијата во Кочани. Ги истетовира стиховите од хитот на бендот, во кои стои „Ако утре ме нема еј, немој да ме жалите“ и датумот на трагедијата 16.03.2025 година.„Брате мој.. Ова е само еден почеток на многу работи што следуваат… ќе дадам се од себе да го продолжам твојот пат што те правеше најсреќен а тоа е хуманоста! Нема да застанам!!! Болиш! Фалиш! Немам солзи да те исплачам! Немам сила да издржам! Те сакам брате мој Андреј“, стои во објавата.Тој најави и хуманитарен настан.„Сакам да ви го најавам хуманитарниот настан на 26ти Април во @break_time.skopje со почеток од 12:00 до 21:00.1. Со секоја купена маичка донирате 500 денари за настраданите.2. Забрането е секакво давање на пари на поединци!3. Ќе има кутија на самиот настан и ќе го запазите редот односно прво донирате 500денари во кутија па добивате маичка.4. Секој оној кој сака да донира дополнително пари за маички може да го направи истото до 06 Април. (Ќе си добие сметка од фирмата за уплата на маици)5. На самиот настан ќе имаме и дел од повредените од Кочани како специјални гости.6. Сите собрани средства ќе бидат предадени на @supportkocani7. По завршување на настанот секоја фирма ќе потполни изјава за собраните средства и дополнително и транспарентно ќе се објави.8. Сакам да изразам голема благодарност до сите фирми кои ми помогнаа.9. Сакам да изразам и посебна благодарност до неговата сопруга што го поддржа овој настан.10. Поради големата заинтересираност до моментов има нарачано 800маици“, стои во објавата.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-04-at-09.39.34

Како да се отстранат Албанците од сите нивоа на власт е точка на лидерската средба, смета ДУИ по најавата за средба Мицкоски-Филипче

Пред лидерската средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ДУИ излезе со обвинување дека на средбата ќе биде демонстрирана моноетничка коалиција која има за цел да го преобликува политичкиот модел на државата од мултиетничка во моноетничка демократија.„Предупредувањата на Демократската Унија за Интеграција, денес во 14 часот ќе добијат облик“, велат од ДУИ.Овој план, според ДУИ не е нов, туку е скорен пред три години преку ноторниот договор Мицкоски-Заев пред сѐ како заштитен чадор за транзициската олигархија во земјава.„Планот веќе се реализира преку укинувањето на Балансерот, моноетничкото одлучување на Уставниот суд, но и отстранувањето на Албанците од голем број високи позиции во државната управа. Треба да се напомене дека реализацијата на овој план е невозможен без да се пронајдат „чесните Албанци“ кои треба да обезбедат лажна легитимација за мултиетнички консензус на ова политичко преструктуирање. Го повикуваме целиот политички и неполитички спектар на албанците во државава, вклучително и лидерите на коалицијата ВРЕДИ, заедно или секој посебно, да изразат јасен и гласен револт против овој обид за реструктуирање на државата и да не дозволат да бидат вовлечени во планот за целосна дисквалификација на Албанците од општествените текови“, соопштуваат од ДУИ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-19-at-18.11.52

Што му се заканува на светот по царините на Трамп? „Ова може да предизвика глобална рецесија“

Претседателот на САД, Доналд Трамп вчера објави царини од 10 отсто за целиот увоз во Соединетите држави, како и повисоки царини за некои од најголемите трговски партнери на земјата. За Македонија царините се 33%. Оваа објава претставува интензивирање на трговската војна што започна по враќањето на Трамп во Белата куќа.Неговите советници велат дека царините ќе го вратат стратешки важниот производствен капацитет во САД. Други економисти предупредуваат дека царините може да ја забават глобалната економија, да го зголемат ризикот од рецесија и да ги зголемат трошоците за живот на просечното американско семејство за илјадници долари.Есвар Прасад, професор на Универзитетот Корнел, ги опиша тарифите на Трамп за Сиетл Тајмс како „почеток на нова ера на протекционизам што ќе одекнува низ целиот свет“.Тој посочи дека обемот на овие тарифи ги потврдува стравувањата на поборниците за слободна трговија, што означува големо отстапување од принципите на глобализацијата воспоставени по Втората светска војна.Фајсал Ислам, економски уредник на Би-Би-Си, истакна дека овие царини претставуваат монументален пресврт во глобалната трговија, при што приходите од тарифите на САД достигнаа нивоа невидени речиси цел век. Тој предупреди на можни нарушувања на долготрајните трговски патишта и синџири на снабдување, особено во индустриите како што се автомобилската и фармацевтската индустрија.„Царините за азиските земји се навистина извонредни. Тие ќе ги нарушат деловните модели на илјадници компании, фабрики, а можеби и на цели нации. Некои од синџирите на снабдување што ги создадоа најголемите светски компании веднаш ќе бидат прекинати. Неизбежниот ефект сигурно ќе биде да ги туркаат кон Кина“, пишува Ислам.Според анализите на британскиот тинк-тенк Chatham House, царините на Трамп придонесуваат за раст на цените и инфлаторните очекувања, кои се искачија на највисоките нивоа во последните три децении.Иако тие би можеле да поддржат одредени сектори како што е производството на челик, тие исто така ги загрозуваат работните места во индустриите кои зависат од увезените суровини. Меѓу нив има индустрии кои користат челик.Алан Деардорф, професор по меѓународна економија на Универзитетот во Мичиген, предупреди дека потрошувачите ќе плаќаат повеќе за широк спектар на производи - од електроника до прехранбени производи - поради повисоките увозни трошоци. Тој, исто така, предупреди на можни контрамерки од земјите погодени од царините.„Генерално, можеме да очекуваме трајно повисоки цени и рецесија. Што се однесува до останатиот дел од светот, оние земји кои се во голема мера зависни од трговијата со САД, најочигледно Канада и Мексико, ќе почувствуваат голем удар, а светот веројатно ќе влезе во рецесија. Но, очекувам поголемиот дел од светот да се опорави од тоа пред нас, бидејќи, колку што сме ние, остатокот од светот е многу поголем“, вели изјави Деардорф за универзитетскиот портал.Ројтерс пишува дека во наредните месеци ќе преовладуваат конкретните ефекти од зголемувањето на цените - а со тоа и слабеењето на побарувачката - предизвикани од новите давачки за илјадници производи што секојдневно ги купуваат и продаваат потрошувачите и бизнисите ширум светот.„Ова го гледам како промена на американската и глобалната економија кон послаби перформанси, поголема несигурност и можен пат кон она што можеме да го наречеме глобална рецесија“, рече Антонио Фатас, макроекономист во бизнис школата INSEAD во Франција.

Свет | пред 1 година

1680676725_Tramp-5-696x464

Трамп и воведе царини на Македонија од 33 отсто за извоз во САД

Македонија се најде на листата на американскиот претседател Доналд Трамп на која и се воведуваат царини.Стапките на царини што ги воведува Трамп се движат од 10 до 50 отсто, а за Македонија, според она што го објави се 33 отсто, односно половина од она што, според табелите, земјата го има како царина кон САД, а тоа е 65 отсто.Трамп во својот говор изјави дека ќе воведе царини врз основа на принципот на пресметување на „тарифи за американски стоки, непарични пречки и сите начини на „мамење“ на другите земји, а според проценката на Белата куќа, Македонија има царина од 65 отсто за американските стоки.На листата се и други земји од регионот. Така, стоката од Црна Гора која се увезува во САД сега ќе има царина од 10 отсто, а идентична давачка ќе биде воведена и за стоката од Косово.Највисоки царини на светско ниво се воведуваат за Камбоџа и тие ќе изнесуваат 49 отсто.Држејќи голема табела со наслов „реципрочни тарифи“, на која се прикажани царините што другите земји ги наметнуваат на САД во споредба со американските царини за нив, Трамп рече дека никој не треба да биде лут на тоа.„Тие ни наплаќаат на нас, ние на нив. Кој може да биде лут поради тоа? Денес имаме многу, многу добри вести. Многу добри работи се случуваат за нашата земја. На пример, повеќе од 80 отсто од автомобилите произведени во Јужна Кореја се продаваат во Јужна Кореја, а повеќе од 90 отсто од автомобилите што се продаваат во Јапонија се произведени во Јапонија. Затоа, почнувајќи од полноќ, ќе стапи на сила царината од 25 отсто за сите возила произведени во странство. Значи, тарифите нема да бидат целосно реципрочни. Можев да го сторам тоа, да, но тоа би било тешко за многу земји. Нема тарифа ако го правите вашиот производ овде, во Америка“, рече Трамп.Според Трамп, САД повеќе не можат да си дозволат трговски дефицит со другите земји бидејќи, како што тврди, ги субвенционирале предолго.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-02-at-21.39.09

(Видео) Весна Петрушевска: Во Кочани веќе не велат добар ден, туку бог да ги прости

Актерката Весна Бејби Петрушевска во ,, Претрес со Ландов” вели дека катастрофата во дискотеката Пулс во Кочани каде загинаа 59, млади луѓе е грозоморно убиство.,,Ова е колективна траума од која тешко ќе се извлечеме. Ги познавав сите членови на ДНК. Сите ги имам гушнато и сум им кажала дека ги сакам”, вели Петрушевска.Ја потресла сликата од дрон од странска телевизија на која се гледа како се копаат гробовите за починатите. Ова вели, не може и не смее да се заборави.,, Ни ја убија и последната надеж дека во оваа убава Македонија може да се живее.Јас имав чувство како во гасна комора да сме си ги испратиле децата. Во Кочани не велат добар ден туку бог да ги прости”, вели Петрушевска.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-02-at-21.06.06

(Видео) Весна Бејби: Мина како последица од траумата е биполарна

Весна Петрушевска во Претрес со Ландов отворено говори за случувањата со нејзината ќерка Мина која како девојче беше злоставувана.„Мора на нозе да останеш во битката за правда”, вели Весна Петрушевска.Открива дека како последица од траумата Мина е биполарна.Таа е самохрана мајка, отплаќа кредити, сама се грижи за се.Данокот посочува е преголем.Таа говори и за нејзината битка со ракот, еден дел е успешно завршен, но ја очекува се уште борба со последиците.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-02-at-17.57.07

Нов напад на Русија, Зеленски сподели фотографии од загинатите: Ова е терор, само со притисок од светот може да има договор

Целен руски ракетен напад врз Криви Рих бил изведен денеска, објави украинскиот претседател, Волдомир Зеленски.„Сите потребни служби се на лице место, ги елиминираат последиците од гранатирањето и им помагаат на луѓето. Има жртви. Им се обезбедува медицинска нега. Засега се знае дека четири лица за жал го загубиле животот во овој напад. Сите загинати се цивили. Моето сочувство до семејството и најблиските. Секаде во светот ваквите напади се нарекуваат исто: тоа е терор. Тоа може да се запре само со доволен притисок врз Москва, врз рускиот систем, да ги принуди да се откажат од војната и теророт, а тоа зависи од партнерите – Америка, Европа и другите во светот“, напиша тој.Според него, само со притисок од светот, може да има мировен договор и прекин на нападите.„Сите такви руски напади докажуваат дека на Украина и требаат доволно системи за противвоздушна одбрана и ракети за да можеме да ги заштитиме сите луѓе во Украина од рускиот терор. Работиме со сите партнери за да го постигнеме ова и им благодариме на сите што ни помагаат. На сите што разбираат дека е потребен притисок врз Русија и стабилна поддршка за Украина“, додаде тој.

Свет | пред 1 година

gjoko-popovski-300

Ѓоко Поповски осуден за „мерцедесот“ излезе на слобода, делумно е помилуван од Сиљановска

Ѓоко Поповски, експомошникот на министерот за јавни набавки во МВР, излегува на слобода. Со одлуката за делумно помилување, потпишана од македонската претседателка, Гордана Силановска Давкова, осудениот за „Триста“ и „Тенк“ во предметите на СЈО е после 9 години на слобода.[caption id="attachment_326015" align="alignnone" width="621"] Screenshot[/caption]„Делумно се ослободуваат од понатамошно извршување на неиздржан дел од казната затвор осудените .... Ѓоко Поповски“, стои во одлуката за помилување.„Мерцедесот“ за кој беше осуден Поповски и натаму го поседува Службата за општи и заеднички работи при Владата. Претходната Влада на СДСМ ветуваше дека ќе се продаде оти е луксузен и скап за одржување, но тоа не го стори.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-02-at-16.56.22

(Фото) Поставен транспарент „Правда за Крешник“, откако ексминистерот за ДУИ стана осомничен по издадената дозвола за работа на дискотеката „Пулс“

Транспарент на кој пишува „Правда за Крешник“, а е испишан на македонски и албански јазик е поставен на надвозник на автопат, а го објави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска. Оваа герила акција доаѓа откако Бектеши доби статус на осомничен како ексминистер за економија, а по пожарот во дискотеката „Пулс“ која изминатите години работела и со легална дозвола, иако според обвинителите, не исполнувала никакви услови.„Да ги оставиме институциите да си ја завршат работата. Обвинителството и судот да работат по словото на законот. Правда за Кочани мора да има“, напиша Стојаноска.[caption id="attachment_326012" align="alignnone" width="686"] Screenshot[/caption]На Бектеши му беше одреден и 30-дневен притвор. Со наратив дека Бектеши е неправено обвинет, настапи и опозициската ДУИ. За време на Рамазан Бајрам, ваква порака испрати и Бујар Османи кој го посети семејството на обвинетиот.

Македонија | пред 1 година

DSC_0288

Крива Паланка: Убиле старец кој бил пријавен за исчезнат и го закопале во близина на неговата куќа, уапсени три лица

Вчера во 18.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода З.Ф. (24), С.Ф. (19) и С.Ф.(44) од село Луке, кривопаланечко.Тие се сомничат дека го убиле Љ.С. (84) од село Луке, кој на 29.03.2025 бил пријавен за исчезнат.Телото на Љ.С. било пронајдено закопано во непосредна близина на неговата куќа во с. Луке, а увид извршила екипа од СВР Куманово.По насока на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

palco-palevski-141

Палевски во петок ќе го испитува Кешишев, откако тој го посочи за планер на убиствата на Вања и Панче

Првообвинетиот за планирање и реализација на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, беше вратен во судница откако обвинетиот Влатко Кешишев заврши со давање одбрана и одговарање на прашањата од судијата Ивица Стефановски и адвокатот Игор Ефтимов. Час и 10 минути, траеше читањето на исказот на Кешишев, а Палевски запишуваше рачно. Палевски побара судијата Стефановски да чита пополека за да може да запише сѐ, па судијата продолжи со побавно читање.Судијата Стефановски констатираше дека Палевски знае каков исказ дал Кешишев, додека пак, обвинетиот, рече дека запишал колку што можел и побарал во келијата во затворот во Шутка, да му се достави записникот за да може да направи прашања кои ќе му ги постави на Кешишев во петок.Со ова, заврши денешното рочиште.ПРЕТХОДНО:

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-02-at-12.13.19

Со обиди за компарации на плати и популистички изливи на агресија само се докажува партиската позадина на дел од раководството на синдикатот, вели Владата

„Апелираме до синдикатот да не ја злоупотребува ситуацијата во државата и да не се обидува да ја извитопери дебатата со нешто кое е еднакво важно и за нас како влада, а тоа е состојбата на работниците“, велат од Владата и додаваат:Со обиди за компарации на плати и популистички изливи на агресија само се докажува партиската позадина на дел од раководството на синдикатот. Кога прават компарација на плати, да ги потсетиме дека ние како влада бевме против кога платите на функционерите се зголемуваа, а синдикатот тогаш молчеше за своите партиски миленици од СДСМ и ДУИ. Како што молчеа со години додека СДСМ беше на власт, а државата ја уништуваа, ограбуваа и продаваа. Но тоа е зад нас.Ние на овој проблем гледаме како на проблем на тешката и сложена социоекономска состојба во државата, а не на персоналните политички амбиции на дел од раководството на синдикатот. Нивото на дискусија да ги спуштиме сите платите – за нас не е проблем и да ги спуштиме платите, но на работниците тоа нема да им го реши проблемот. Притоа, да потсетиме дека ова е прва влада која донесе одлука за замрзнување на платите на функционерите.Истовремено, за премиер да има иста плата со претседател на синдикат, треба претседателот на синдикатот да победи на избори на првите наредни парламентарни избори, а пред тоа да има договор да се најде на листите на СДСМ.Тогаш, ако го изгласа народот, ќе видиме дали така лесно ќе се откажува од платата. Штом е така подготвен коцкарски да се откаже од својата плата, лошо зборува за него и за блеферската природа на неговата личност. Впрочем, само човек што има многу пари со леснотија може да се откаже од пола плата.Апелираме затоа да внимава, затоа што прави очигледна Фројдова грешка со која покажува дека за него парите не се проблем, зашто преку ноќ, во излив на блеф и партиски мотив, кажува дека е подготвен да се откаже од своите примања.Исто така, сметаме дека проблемот на работниците може да се реши системски и со вистински пристап. Сегашниот пристап на овие луѓе е погубен, и тие играат рулет со нешто кое за нив е обид за политичка кариера и злоупотреба, а за нас е прашање на живот, тоа е животот на работниците.Со сила и со ваква очигледна партиска мотивираност и со малициозен и неразумен пристап, ништо нема да постигнат. Зошто молчеа 7 години? Народот тоа го гледа. И прави разлика.Ние се трудиме и ќе се трудиме да наоѓаме решение за работниците, затоа што тоа е проблем наталожен и на државата и на сите нас. Ние сочувствуваме со тешката состојба и со проблемите на нашиот народ, и од таа наша мисија нема да нè оттргнат партиски мотивирани самонаречени синдикалци кои тераат партиска агенда на партиите СДСМ и ДУИ, против кои збор не зуцнаа цели 7 години и соработуваа со нив, уживајќи во благодетите на синдикалниот живот.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-26-0650PM

Уапсен охриѓанец поради изнуда: Држел човек под закана, го нападнал и барал да му го препише возилото и да добие вработување

На 01.04.2025 полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода А.И. од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од страна на маж од Охрид, заради постоење сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ (чл. 140 ст.1 од КЗ) и „изнуда“ (чл.258, ст.1 од КЗ).Според пријавителот, инаку во роднинска врска со пријавениот, на 31.03. 2025 околу 21 часот А.И. дошол во домот на пријавителот и со пиштол, под закана го држел и физички го нападнал, барајќи од него да му препише во сопственост патничко возило и да добие вработување во фирмата на пријавителот. При тоа, консумирал и бела прашкаста материја.Откако пријавителот ветил дека ќе ги исполни барањата на А.И., заедно се упатиле кон фирмата на пријавителот, при што тој успеал да побегне и случајот го пријавил во полиција.А.И. е лишен од слобода, а бил извршен и претрес во стан и други простории кои тој ги користи, при што се пронајдени пиштол, кеси со семки од канабис, остатоци од канабис, една дробилка. предмети со остатоци од бела прашкаста материја и другоВо целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Охрид | пред 1 година

d1186977-dca6-4402-813c-f136548be89a

Трамп: Денес е ден на ослободување во Америка

Во Вашингтон помина 8 часот наутро, а американскиот претседател Доналд Трамп денеска првпат се обрати на јавноста.На својата платформа Truth Social тој напиша: „Денес е ден на ослободување во Америка“Да потсетиме, Трамп го прогласи денешниот датум – 2 април – „Ден на ослободувањето“, тврдејќи дека објавувањето на одмазднички тарифи ќе ги ослободи САД од зависноста од странски увоз на стоки.Сè уште не се познати сите детали од неговата објава, која треба да биде објавена во Белата куќа во 16 часот по локално време (22 часот по хрватско време), но се очекува тоа да има глобални последици.

Свет | пред 1 година

puls-40

Тројца пациенти повредени во кочанската дискотека денеска се враќаат од Шведска и Грција

Министерството за здравство информира дека тројца пациенти од повредените лица од пожарот во Кочани се враќаат во земјава, од кои двајца беа хоспитализирани во Грција и еден пациент во Шведска. Согласно протоколите ќе бидат задржани под 24-часовен надзор.Во Србија остануваат хоспитализирани 23 пациенти, Бугарија 14 паценти, Турција 10 пациенти, Грција 8 пациенти, Словенија 4 пациенти, во Унгарија, Хрватска, Шпанија, Австрија и Литванија се хоспитализирани по 3 пациенти, во Италија и Полска по еден пациент.Во Скопје, на Клиниката за токсикологија вчера беше хоспитализиран пациент по враќање од Полска, истиот денеска се пушта на домашно лекување. На Клиниката за пластична хирургија остануваат двајца пациенти, а во Хируршката клиника Св.Наум Охридски 6 пациенти.Во ГОБ 8 Септември се хоспитализирани 5 пациенти, од кои еден е планирано да биде пуштен на домашно лекување, на Клиниката за пулмологија двајца пациенти, а во приватната болница Систина се хоспитализирани тројца пациенти.Министерството за здравство внимателно ја следи состојбата на повредените пациенти и останува во постојана комуникација со медицинските тимови во земјата и странство, посветено на обезбедување најдобра можна нега за повредените од несреќата во Кочани.

Македонија | пред 1 година

serava

Се чисти коритото на Серава за да се спречи излевање, во центар се дератизираат две илјади шахти

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, објави дека денеска Град Скопје го чисти коритото на река Серава.„По неколку дописи од општина Бутел до градот Скопје денеска излегоа екипи да го чистат коритото на река Серава, реката се чисти пределот каде што е под ГУП, со тоа согласно закон и надлежност на Град Скопје. Благодарност за реакцијата, со ова спасивме потенцијално излевање на реката во овој дел на Општина Бутел“, напиша Костовски.Истовремено, градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски објави дека почнала дератизацијата во Центар.„Почнавме со редовна пролетна дератизација во Центар. Во текот на следните две недели ќе бидат опфатени над две илјади шахти, со цел уништување на штетни глодари и инсекти, како и превенција од можни заразни болести. Дератизацијата ја спроведуваме два пати годишно, во пролет и есен, и претставува една од клучните мерки што ги преземаме за заштита на здравјето на населението“, напиша тој.

Скопје | пред 1 година

palco

Палевски бил „Царот“ во именикот на Кешишев, кој сведочеше дека извршувал сѐ што ќе било побарано од него

„Царот“, ова бил псевдонимот под кој бројот на Љупчо Палевски-Палчо бил заведен во телефонот на обвинетиот Влатко Кешишев. Тој не криеше дека правел сѐ што Палчо ќе побарал од него, односно извршувал секаква наредба.„По навика му бев послушен. Палчо ми кажа да не зборам многу, да ќутам и да бидам настрана“, сведочеше Кешишев кој претходно побара Палевски да излезе од судницата за да може да сведочи за убиствата на Вања и Панче, без да се цензурира.Тој посочи дека било посочено дека ќе има грабнувања на луѓе, но не и убиство. Овој исказ е ист како оној на Велибор Манев даден на претходните рочишта. Потоа посочи и: „Рекоа дека никој не смее да дознае за ова, бидеќи можат и глави да летаат“.Кешишев последен пат на телефон се слушнал со Палевски кога првообвинетиот беше во Турција, односно денот кога полицијата ја претресуваше канцеларијата на партијата „Десна“. Тогаш Палчо му рекол дека е во Турција, а кога слушнал дека врие од полиција во партиското седиште веднаш го прекинал повикот.Кешишев сведочеше и како истите лица, односно тој заедно со Палевски, Велибор Манев и Боре Видевски биле во пештера кај Демир Капија да копаат злато.„Вељо (Велибор) нѐ натера, тој и Боре влегоа во пештерата, јас и Палчо запаливме цигара покрај реката. Дојде полиција, ги претресоа Боре и Вељо, а го најдоа и пиштолот на Палчо“, рече Кешишев.Обвинетиот одговара на прашања на обвинителството, а потоа ќе треба да се соочи и со Љупчо Палевски и Боре Видевски кои негираат дека воопшто учествувале во двојното убиство.Претходно во детали сведочеше за грабнувањата и убиствата.

Македонија | пред 1 година

487449904_1255656956559742_3003083977199104674_n

Пратеникот Бране му одговори на синдикалецот Слободан: Едвај собра педесетина луѓе

Пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој беше прозван од синдикалиот водач Слободан Трендафилов од ССМ, одговори на социјалните мрежи со фотографија направена од еден од прозорците на собраниската зграда.„Еве на што го сведоа некогашниот синдикален гигант ССМ. Долго најавуваниот протест, кој собра едвај педесетина луѓе, покажа дека овие таму насадени ‘татини синчиња’ одамна ја загубија довербата на работниците.Синдикатот треба да биде глас на работниците, а не мегафон на политички агенди. Неговата улога е да преговара со работодавачите за подобрување на работничките права, а не да спроведува политички сценарија во режија на опозицијата.Ние продолжуваме со работа и со зголемување на сите плати, како што од денес се исплаќаат поголеми плати во здравството, образованието, полицијата и други сектори. Ова е вистинскиот начин да се унапредат правата на работниците – со конкретни резултати, а не со празни политички протести“, напиша Петрушевски.Претходно:

Македонија | пред 1 година

Victorija-pop-Stefanija

Објавена книгата „Охридска урбана иконографија“ од Викторија Поп Стефанија чиј издавач е градоначалникот Кирил Пецаков и Општина Охрид.

Деновиве од печат постхумно беше објавена книгата „Охридска урбана иконографија“ од Викторија Поп Стефанија чиј издавач е градоначалникот Кирил Пецаков и Општина Охрид.Најновиот туд на Поп Стефанија го потврдува континуитетот на нејзиното истражувачко љубопитство во доменот на архитектонскиот дискурс и се надоврзува на нејзините претходни книги „Обликот на храмот“ и „Логосот на архитектурата“.Книгата е објавена во тираж од 150 примероци. Содржината напишана на околу 200 страници и е поделена во неколку поглавја во кои се следи историската хронологија и периодизација на Охрид како „богоодбран топос“.Главен и одговорен уредник е Митре Велјаноски, рецизент е Елизабета Шелева, јазичната редакција е на Даниела Угриноска, а техничкото уредување на Дамјан Поп Стефанија.Викторија Поп Стефанија беше еминентна авторка, инженер- архитектка и публицистка од областа на теоријата на историјата на архитектурата. Таа е бележит национален архитект со творечки опус од околу 300 проекти и студии. Нејзини креации се хотел „Метропол“, реконструкцијата на „Рибниот Ресторан„ во Охрид, хотелот „Молика“ на Пелистер. Таа е творец на автентични просторни креации за воздигнување на храмовите: Св. Димитриј Солунски, Св. Григориј Палама во Струмица, Св. Прохор Пчински во Мелбурн – Австралија, Св. Богородица во Демир Хисар.Добитник е на бројни награди и признанија и е автор на многубројни стучни публикации.Викторија Поп – Стефанија почина неодамна во Охрид.

Охрид | пред 1 година

trendafilov-5151

Синдикалците гласаа пратениците да земаат минималец, а Трендафилов праша: Бране на работа е или не е?

Сојузот на синдикати на Македонија, кои преку протест го повторија барањето дека очекуваат 500 евра минимална плата во Македонија, пред Собранието, илустрирајќи јавна седница, донесоа одлука со која пратениците треба да си ги намалат платите и да земаат минималец цела наредна година. Со ова испратија порака дека очекуваат измени на законите со цел, нивните барања да бидат исполнети.„Непочитувани пратеници, 120 вие, 300 ние, трипати повеќе од вас. Денеска дојдовме тука да побараме од вас минималната плата да изнесува не помалку од 500 евра. И да се зголемат сите останати плати за 100 евра. Денеска дојдовме тука ние што одлучуваме во синдикатите дека платите се мизерни. Вашите сега 79 отсто зголемени плати, не ги заслужувате и затоа дојдовме тука, бидејќи вие не одлучувате за нас, па ние ќе одлучиме за вас. Работници ве молам да донесеме одлука пратениците да бидат на минимална плата, до наредното зголемување на минимална плата, кој е 'за'“, рече Слободан Трендафилов, претседател на ССМ, по што присутните кренаа рака.Тој констатираше дека органите на телата на синдикатите и ССМ, како и борците за работнички права, едно гласно донеле одлука, пратениците да си ги намалат како што велат, луксузните пратенички плати на минимална плата се додека не ги зголемат работничките плати.„За крај, имам имам лично прашање, Бране на работа е или не е?“, рече Трендафилов, мислејќи на пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ кој изминатиот период одржа низа прес-конференции напаѓајќи го синдикалниот водич.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

Мицкоски: Владата започнува постапка за набавка на 120 еколошки автобуси за јавен превоз за Скопје и општините

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање за усвоената информација на вчерашната седница на Владата, која се однесува на потребата од набавка на еколошки автобуси за јавен превоз на ЈСП-Скопје и единиците на локалната самоуправа, појасни дека станува збор за донесена одлука за отпочнување на постапка за набавка на 120 автобуси.„Владата на вчерашната седница донесе одлука за отпочнување на постапка за набавка на 120 автобуси. Од тие, 80 ќе бидат наменети за Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје, а 40 ќе бидат во оваа првична фаза распределени на другите сообраќајни претпријатија во општините, во коишто имаме организиран јавен градски превоз. Врз основа на потребите и проценките, електрични, еколошки автобуси.“, рече Мицкоски.Премиерот Мицкоски напомена Владата прави чекор напред во обезбедувањето на чист воздух и пристојна животна средина за граѓаните.„Тоа што е важно е што нема да има загадување, итн. нешто што им е очајно потребно на граѓаните, посебно за време на грејната сезона. Ние цениме како Влада, правиме чекор напред во таа насока.Рековме дека обезбедувањето на пристојна средина за живот на нашите сограѓани, во која што составен дел е и чистиот воздух, за нас претставува императив.Но, тоа е процес којшто побарува многу време. Но, доколку седиме и гледаме дека времето си минува, ние ништо не правиме, не сме проактивни, туку сме реактивни, тогаш нема да дојдеме до решение.Затоа, ние сакаме да бидеме проактивни, да нудиме политики, да креираме политики и да дојдеме до нашата цел, а тоа е пристојна, убава животна средина за нашите сограѓани.“, нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања