Вучиќ најави помилувања за лица поврзани со настаните од последната година и пол пред оставката: „Многумина ќе бидат изненадени“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека ќе донесе одлуки за помилување на одредени лица поврзани со настаните во земјата во изминатата година и пол.Во изјава за Радио-телевизија Србија, Вучиќ посочи дека сè уште работи на подготовката на одлуките, без да открие на кого конкретно ќе се однесуваат.„Станува збор за дел од луѓето кои учествуваа во сè што се случуваше во земјата во последната година и пол, од двете страни. Многумина ќе бидат изненадени од овие помилувања и аболицијата“
Балкан | пред 1 месец