Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

media-librarydq0almm0mbch00JxNtR

Каков викенд го очекува секој хороскопски знак

Доколку ви е потребен мал ориентир за деновите што претстојат – ѕвездите имаат свое мислење. Викендот што доаѓа носи мешавина од емоции, дружења, ситни пресврти и неколку „аха“ сознанија што ќе се паметат подолго од самите два дена одмор. Еве што го очекува секој хороскопски знак.ОвенПред Овните е викенд полн со енергија, но и со благ внатрешен немир. Ќе почувствувате потреба нешто да придвижите, да промените или барем гласно да го кажете она што веќе извесно време го чувате во себе. Саботата е идеална за дружење и акција, додека неделата бара повеќе трпение – особено во комуникацијата со блиските.БикБиковите конечно ќе успорат. Ова е викенд за мали задоволства, добра храна, долги утра и разговори без брзање. Можно е да добиете потврда дека сте биле во право за нешто, но ѕвездите советуваат тоа да не го користите како аргумент во расправии. Мирот сега ви е поважен од докажувањето.БлизнациБлизнаците ги очекува мошне активен друштвен викенд. Пораки, повици и спонтани планови ќе пристигнуваат од сите страни. Сепак, внимавајте да не ја распрснете енергијата на премногу работи одеднаш. Еден искрен разговор може да ви донесе повеќе од десет површни средби.РакРаковите влегуваат во емоционално чувствителен, но исцелителен викенд. Можно е навраќање на стари теми или спомени, но овојпат со поинаква перспектива. Викендот е идеален за семејството, домот и грижата за себе. Ако почувствувате потреба да се повлечете – послушајте ја без чувство на вина.ЛавНа Лавовите викендот им носи потреба за внимание и потврда, но и можност да ја добијат на здрав начин. Саботата е совршена за излегување, дружење или креативно изразување, додека неделата бара повеќе саморефлексија. Некој може пријатно да ве изненади со искрен комплимент или гест.ДевицаДевиците ќе имаат чувство дека сè мора да биде „на своето место“, но викендот ги учи спротивното – дека понекогаш треба да се пушти контролата. Можни се мали планови што нема да се одвиваат како што сте замислиле, но токму во тоа се крие нивната убавина. Опуштањето доаѓа кога ќе престанете да ја анализирате секоја ситница.ВагаВагите влегуваат во викенд со акцент на односите. Љубовни или пријателски разговори може да станат подлабоки отколку што сте очекувале. Саботата носи леснотија и флерт, додека неделата бара искреност кон себе. Време е да се запрашате што навистина ви е потребно, а не само што се очекува од вас.ШкорпијаСкорпиите ќе го доживеат овој викенд интензивно. Емоциите се засилени, интуицијата е силна, а ситуациите ретко се површни. Можно е разоткривање на нешто што долго било скриено – било во вас, било кај другите. Викендот е добар за длабоки разговори, но не и за импулсивни одлуки.СтрелецПред Стрелците е викенд што бара движење, промена на средината или барем излегување од рутината. Идеално време за излет, кратко патување или спонтана авантура. Ако останете дома, може да почувствувате немир. Неделата носи интересна идеја што вреди да се запамети.ЈарецЈарците ќе го доживеат викендот како можност за предах од обврските, иако мислите за работата и одговорностите повремено ќе ги следат. Ѕвездите советуваат да си дозволите пауза без чувство на вина. Разговор со блиска личност може да ви помогне појасно да го согледате следниот чекор.ВодолијаВодолиите ги очекува викенд исполнет со неочекувани ситуации. Плановите може да се променат во последен момент, но токму тие промени ќе донесат најмногу возбуда. Креативноста и оригиналноста доаѓаат до израз, особено во друштво на луѓе што ве разбираат без многу објаснување.РибаРибите влегуваат во нежен, помалку сонлив викенд. Интуицијата ви е изразена, а емоциите суптилни, но силни. Идеално време за уметност, музика, пишување или едноставно тишина. Ако се појави потреба за повлекување, тоа не е бегство – туку начин да ги наполните батериите.

Магазин | пред 2 месеци

media-libraryirt3429d76se2aw3Rkg

Тројца скијачи загинаа во лавина

Тројца скијачи загинаа денеска откако биле однесени од лавина во луксузното француско алпско скијачко одморалиште Val d'Isere, изјави пред новинарите Седрик Боневи, одговорен за безбедноста на патеките во местото.Боневи соопшти дека една од жртвите е француски државјанин, додека другите двајца се странци, додавајќи дека во тек е истрага за несреќата.Според медиумските извештаи, трагедијата се случила надвор од обележаните и уредени скијачки патеки. Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавината високо на планинска падина, додека преостанатите две лица биле дел од група од петмина скијачи, меѓу кои и професионален водич, на пониска надморска височина, од каде што не можеле да ја забележат опасноста што се приближувала.Засега не е познато што ја предизвикало лавината, изјави Боневи.Француската национална метеоролошка служба Meteo France во четвртокот го стави регионот под црвено предупредување поради висок ризик од лавини.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryqfajl763e4gidmwjuXM

Петрушевски: Договорот со САД за реципрочна трговија ја подобрува економијата на државата и ја унапредува нашата меѓународна позиција

„Многу голем успех на нашата Влада и дипломатија пред се. После оној стратешки договор што го потпишавме со Обединетото Кралство, ова е втор сериозен договор на повидок којшто огромен бенефит ќе има и Македонија како држава затоа што ја позиционира на една сериозна мапа во светот, но и во самата заедничка изјава со Белата куќа пишува дека најстратешкиот партнер на САД во Балканот и во овој регион е Македонија, што многу значи за потенцијалните инвеститори, економската клима за државата, но и за меѓународната позиција на Македонија“, истакна Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.Пратеникот Петрушевски се осврна на договорот со САД за реципрочна трговија кој ќе обезбеди тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и индустрии и до 0%. Тој додаде дека продлабочувањето на стратешкото партнерство со САД ќе отвори нови економски перспективи за Македонија.„Овој договор предвидува сериозни бенефиции пред се она коешто е најбитно за граѓаните дека имаме двојна добивка, односно производите коишто Америка ќе ги извезува во Македонија ќе бидат поевтини затоа што ќе нема царини и граѓаните ќе имаат поевтини производи“, рече пратеникот Петрушевски.Петрушевски нагласи дека Владата има визија за подобрување на економијата на државата и ја унапредува нашата меѓународна позиција.„Да резимираме, зборуваме дека како една малечка балканска земја успеваме да потпишеме сериозен договор со најсилната економија во светот, и тоа во меѓународни рамки значи многу за Македонија“, заклучи Петрушевски.

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2022-12-26-at-15.38.43

Мијалков демантира дека поседува земјиште во Морани

Од адвокатската канцеларија која го застапува поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков строго демантираат дека тој некогаш поседувал земјиште во Морани.„Вистината е дека никогаш не сум го поседувал и немам никаква поврзаност со тоа земјиште и заради тоа не можело да ми биде конфискувано, еднаш веќе категорично демантираше Мијалков откако беше објавена претходната понуда“, вели тимот на Мијалков.Нашата редакција се извинува доколку со оваа објава остави погрешен впечаток кај читателите дека овој недвижен имот бил во сопственост на некогашниот директор на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarydh45kn7efumgf2Q8kSL

Најитна кампања досега: Осумгодишната Ана се бори со редок и агресивен тумор, фалат 100.000 евра!

Платформата Еcrowd објави дека станува збор за најитната кампања досега – апел за спас на осумгодишната Ана Јованчева, дете кое наместо училишни обврски, игра и безгрижно детство, се соочува со тешка и животозагрозувачка дијагноза.Апелот во целост:Ана Јованчев има само 8 години. Возраст во која децата треба да мислат на училиште, игра и соништа – не на болници и тешки дијагнози.На Ана ѝ е дијагностициран редок и исклучително агресивен тумор на синусите – Tu Foss pterygopalatina Sinus sphenodalis lat dex et orbitae lat dex. Болеста е сериозна, комплексна и со висок степен на ризик, а времето е најкритичниот фактор.Дијагнозата е потврдена во Хрватска, каде во моментов се бара специјализиран хирург кој ќе ја изврши неопходната операција. Станува збор за исклучително деликатна интервенција поради локализацијата на туморот и неговата агресивност.Ова е најитната кампања досега.Секој изгубен ден значи дополнителен ризик.Секое одложување ја намалува шансата за навремена реакција.Пред Ана е тешка борба – но таа не смее да ја води сама.Потребни се средства за хируршка интервенција, медицински трошоци и третман во странство. Семејството се соочува со огромен финансиски товар кој ги надминува нивните можности.Да покажеме дека солидарноста е посилна од болеста.Да дадеме шанса на едно 8-годишно дете да продолжи да сонува, да расте и да живее.Сега е моментот.Итно.ЛИНК ЗА ДОНАЦИИ

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryet97fgn8d94r9Ytwz7K

„Бугарија го ратификуваше договорот за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8", вели Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека Бугарија го ратификувала договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8.„Денес Народното Собрание на Република Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8.Овој Договор во декември беше ратификуван и во Македонското Собрание.Со ова се исполнети сите услови за доизградба на железничкото поврзување помеѓу Скопје и Софија и Бургас.Горд сум што овој Договор кој го потпишавме на 6ти Ноември со заменик претседателот на Владата на Бугарија Гроздан Караџов ќе значи поблиски економски врски помеѓу двете држави и двата народи, но покажува и силна посветеност на Македонија во реализација на Коридор 8 кој е исклучително значаен безбедносен коридор од висок интерес на НАТО и нашите стратешки партнери.Паралелно го развиваме и Коридор 10 и Македонија ја правиме вистинска раскрсница на Балканот за добробит на сите македонски граѓани.Продолжуваме да работиме", напиша Николоски

Македонија | пред 2 месеци

izletal-od-patoto

Сообраќајка во велешко: „Фолксваген“ излетал од патот, сопатничката тешко повредена

На 12 февруари 2026 година во 18:20 часот, во СВР Велес е пријавено дека на регионален пат, на крстосницата од село Извор кон село Богомила, велешко, патничко возило „фолксваген туран“ со велешки регистарски ознаки, управувано од М.У. (65) од село Горно Јаболчиште, излетало од патот.Во несреќата, сопатничката Л.У. (66) од истото село се здобила со тешки телесни повреди, а возачот М.У. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес.На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Велес, а надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на несреќата.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryo3hkers1aahe7ZqL8jt

Ѓорѓиевски ќе ги среди скривниците, но откако ќе ја преземе надлежноста над Калето

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека Град Скопје поднел барање до Владата за да го преземе владеењето со скопското Кале, и дека тогаш ќе ги среди скривниците.„На Кале внатрешниот дел веќе го исчистивме и личи достоинствено. Таму ќе има сериозна реконструкција но откако владението ќе ни го предадат нам, а ние поднесовме барање до Владата тоа да го направи. Коа ние ќе го добиеме владението тогаш ќе можам да постапам и да ги средам скривниците и да се заштитат соодветно, но и да направиме реконструкција на патеките и на урбаната опрема која 20-тина години не е променета“ рече градоначалникот.

Скопје | пред 2 месеци

media-library6cin2kbp0uh497FNC3b

Орце тврди дека ќе воведува ред: На Бит Пазар ќе го урива „Али тобако“ оти е на велосипедска и пешачка патека

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во изјава за медиумите истакна дека мора да се воведе ред со дивопоставените објекти низ градот.„Дивопоставените објекти насекаде низ градот граѓаните бараа ред, бараа 30 години наназад, јас кажав дека ред ќе има. Јас знам дека во одредени процеси некој нема да го прими тоа позитивно, затоа што му го нарушувам комодитетот којшто 30 години некој му го дозволил да го има на сметка и на грбот на граѓаните и на градот Скопје и општините. Тоа се луѓе коишто немаат никаков документ за поставеноста таму. Тоа се генерално објекти коишто узурпираат велосипедски, пешачки зони но и многу градски зелени површини. Има неколку примери во одредени општини. Пример општината од кај што доаѓам јас, во сред амбуланта има поставено времени објекти без никаков документ. Тоа е редот и достоинството кое граѓаните го заслужуваат? Не. Ред мора да има. На Бит Пазар има едно тобако коешто невозможно е да се функционира од тоа тобако, на сред велосипедска и пешачка патека, ќе биде отстрането. Секаде каде што имаме узурпација на државен простор и невозможно функционирање на граѓаните. Таму ќе постапуваме. Мораме да градиме систем во кој ќе има ред. Вие како новинар и вашите родители, во овие 30 години и повеќе независност на државата, ви дозволил некој да поставите во сред градски парк објект? Не ви дозволил. На некого му го дозволиле тоа. Е сега треба да го направиме редот“, вели Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 2 месеци

media-library9vinmiu6kgq65lMBqC6

(Фото) Иселени бездомници кои узурпирале напуштени објекти во Центар, постоел ризик од пожари и загрозување на здравјето

Инспекциските служби на Општина Центар започнаа интензивна акција за расчистување на два напуштени објекта на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ „Буњаковец“, информираше градоначалникот Горан Герасимовски.Интервенцијата следува по барање на жителите од околните згради, кои укажале на страв од можни пожари, кражби и загрозување на јавното здравје. На локацијата во близина на гимназијата Раде Јовчевски – Корчагин, со асистенција на Министерство за внатрешни работи, биле иселени затекнатите лица, по што започнало расчистување на отпадот во и околу објектот.На втората локација, кај ТЦ „Буњаковец“, поради присуство на малолетни лица, во акцијата била вклучена и социјалната служба. По нивната интервенција, надлежните пристапиле кон целосно чистење на мини-депонијата што се формирала во и околу напуштениот објект.Од Општина Центар посочуваат дека и покрај континуираните интервенции на овие критични точки, нерешените имотно-правни односи често се користат како можност за повторно вселување и создавање нови ризици. Упатен е апел до сопствениците на објектите да покажат поголема одговорност, а до граѓаните – да продолжат со навремено пријавување на вакви појави со цел ефикасна реакција на службите.

Скопје | пред 2 месеци

pistoli

Прилепчанка фатена со три пиштоли и 39 парчиња муниција

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 51-годишната Д.Г. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.На 15 април 2025 година, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа во прилепско, која ја користела пријавената. При претресот биле пронајдени и одземени три пиштоли, 39 парчиња муниција и рамка за пиштол.По целосно документирање на случајот, против Д.Г. ќе следува соодветна кривична пријава пред надлежното обвинителство.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarydrtel043orci7T9dSp4

(Фото) „Ела издржи“: Осамна транспарент за поддршка на девојчето на кое му беше ампутирана ногата по несреќата во Сараево

Цело Сараево е во шок по трагичната смрт на 23-годишниот млад човек, младиот уметник Ердоан Моранкиќ, кој загина во четвртокот во трамвајска несреќа во Сараево. Во истата несреќа тешко е повредена и 17-годишната Ела Ј., на која лекарите морале да ѝ ја ампутираат ногата.Според последните информации, Ела и натаму е во тешка состојба, на одделението за интензивна нега.Целиот регион се надева дека Ела ќе успее да излезе како победник од оваа тешка битка, а особено жителите на Сараево кои отворено ѝ дадоа поддршка. Во текот на ноќта осамна транспарент: „Борба за правда, Ела издржи“.Да потсетиме, во несреќата се повредени уште три лица, кои се во стабилна состојба и се пуштени на домашно лекување.Несреќата се случила во четврток, на 12 февруари, околу пладне, кога трамвај, од правец на Железничката станица, со голема брзина влегол во раскрсницата кај Техничкото училиште, излетал од шините и на трамвајската станица повредил четири, а усмртил едно лице.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryc325gi29s6npdI8dOTG

Маж се заканувал на медицински персонал од Итна помош

На 11 февруари 2026 година во 15:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Е.Б. (40) од село Долно Количани, скопско, по претходна пријава дека се заканувал на медицински персонал од Итна медицинска помош.Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 10 февруари на подрачјето на Бит Пазар.По целосно документирање на случајот против Е.Б. ќе следува соодветен поднесок од надлежните органи.

Скопје | пред 2 месеци

media-library26nscj7a0089cRfRmdQ

Жена од Тетово се водела за почината се додека не се појавила со новороденче во Центарот за социјални работи

Тројца вработени во Центарот за социјални работи Тетово пријавиле сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, информираат од СВР Тетово.Според информациите, на 12 февруари 2026 година во 13:40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на 21 јануари 2026 година во Центарот пристигнало известување од Управа за водење матични книги, во кое се наведува дека на 8 декември 2025 година во Клиничка болница Тетово е родено женско дете од мајка со иницијали А.С. (27).При постапката за регистрација на новороденчето во службените евиденции на Управата, било утврдено дека мајката се води како почината од 21 октомври 2006 година, што предизвикало сомнение и било пријавено како можен случај на фалсификување службена исправа.По преземени мерки и испратени покани, на 12 февруари 2026 година лицето А.С. се појавило во Центарот за социјални работи заедно со новороденото дете и едно машко лице. Притоа, не бил приложен ниту еден документ за лична идентификација.Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе бидат соопштени дополнителни информации.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryftviocon6b578yrJMaz

Левица: Да се ревидираат и одблокираат предметите поврзани со директорот на АНБ, Бојан Христовски

Оставката на Цвета Ристовска од Државната комисија за спречување на корупцијата претставува директна победа на вистината, јавниот притисок и истрајноста на Левица. Откако јавно ги разобличивме фактите за непријавените интереси, за фирмите на нејзините синови кои добивале милионските средства од партиските каси и за системското прикривање во рамки на ДКСК - режимот повеќе немаше простор за маневрирање. Сите обиди за релативизирање, за правни акробации и за прикривање зад бирократски флоскули паднаа во вода, велат од политичката партија Левица.„Оставката на Ристовска не е личен чин, туку резултат на разобличување на коруптивните и клиентелистички врски што ја компромитираа Антикорупциската комисија. Тоа е признание дека фактите беа неоспорни и дека јавноста не може повеќе да се лаже.По оставката на Ристовска бараме да се ревидираат и одблокираат предметите поврзани со директорот на АНБ, Бојан Христовски, каде што ДКСК утврди дека нема ништо спорно во неговото назначување и факултетската диплома од универзитетот каде Ристовска била професорка,  незаконски именуваниот началник на Генералштаб генерал-мајор Сашко Лафчиски и поврзаноста на компанијата „Сити аутсорсинг“ со директорот на СОЗР Ивица Томовски и добивањето на 161 јавна набавка.Но ова е само почеток. Ќе им дишеме во врат на сите корумпирани структури на ДПМНЕ без исклучок.Секој функционер што мисли дека може да ја злоупотребува функцијата или да се штити зад партиски чадор, треба да знае дека следниот предмет може да биде токму негов.Ги охрабруваме сите чесни службеници, вработени во институциите и граѓани кои располагаат со информации за корупција, злоупотреби и клиентелизам, да продолжат да ни ги доставуваат. Левица ќе ги штити изворите и ќе ја изнесе вистината во јавноста бескомпромисно.Денес падна една „недопирлива“.Утре ќе паднат и други.Борбата продолжува“, велат од Левица.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryr99im592jump9NCc6sg

Ристовска се повлече од Антикорупциска: Никогаш немав намера да прикријам информација

Членот на Државната комисија за спречување на корупцијата Цвета Ристовска денеска до претседателот на Собранието Африм Гаши поднесе оставка од функцијата.„Согласно член 14 став 1 алинеа 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, јас Цвета Ристовска поднесувам оставка од функцијата член на Државната комисија за спречување на корупцијата. По недели јавни полемики и сомнежи изнесени во врска со мојата работа, донесов одлука да поднесам неотповиклива оставка од функцијата член на Државната комисија за спречување на корупцијата“, вели Ристовска во оставката.Во текот на целата моја професионална кариера, додава таа, вклучително и работењето во Комисијата, својата работа ја извршував законито, совесно и со најдобра намера.„Жалам доколку одредени околности, вклучително и можни административни пропусти, доведоа до неосновани сомнежи во јавноста. Во сите ситуации во моето работење во Комисијата во кои постоеше можност за потенцијален судир на интереси барав изземање, согласно законот. Никогаш немав намера да прикријам информација, напротив ги почитував законските обврски. Убедена сум дека секој што извршува јавна функција, мора да покаже највисок степен на личен и професионален интегритет. На Државната комисија за спречување на корупцијата ѝ посакувам успешен и професионален придонес во служба на јавниот интерес“, пишува Ристовска во оставката до Гаши.Антикорупциската комисија деновиве отвори два предмети за Ристовска – за проверка на судир на интереси и за непријавување имот. Во првиот случај се работи за тоа дека фирма на еден од синовите на Ристовска добивала пари во кампања за претседателските избори во 2024 година. Вториот предмет е поради тоа што во нејзиниот анкетен лист таа не пријавила дека двајцата синови имаат маркетинг фирми.

Македонија | пред 2 месеци

media-library9vgtvm8jn67sa220RK0

Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра!

Од времето на СДСМ кога субвенциите беа 140 милиони евра, Мицкоски ги намали на 100 милиони евра. Ова е огромен удар врз земјоделците, врз нивниот труд, нивните семејства и егзистенција, вели Александар Димитриевски од СДСМ.“Пред избори, ВМРО ОКГ на земјоделците им ветуваше 180 милиони евра субвенции.Наместо да ги зголемат субвенциите, ги излажаа земјоделците. Сега им ги намалија за 80 милиони евра помалку од тие што им ги ветува. Дополнително им ги усложнија условите.80 милиони евра директно одземени од маката, трудот и егзистенцијата на земјоделците, од луѓето кои произведуваат храна.Мицкоски ги понижи и ги измами земјоделците.Кратење има на сите страни и усложнување на условите, со зголемување на прагот за добивање на субвенции.Кај поледелските култури, кај пченицата, кај лозарството и овоштарството, намалени субвенции за тутун, за кокошки..Ги укинаа сите добри мерки што ги воведе владата на СДСМ. Ја укинаа авансната исплата на субвенциите, земјоделецте останаа без сигурност, без поддршка, без чувство дека трудот им се вреднува.Оваа влада крати од сите,  само за да има за сопствениот луксуз, само да има за криминални тендери.Нема пари за минимална плата од 600 евра, нема пари за повисоки субвенции за земјоделците, ама власта има пари за криминални тендери, нов авион, за луксузирањата на Мицкоски и неговите министри.СДСМ бара итна ревизија на програмата, враќање на средствата и вистинска поддршка за малите и средни земјоделци.Земјоделството не смее да биде жртва на криминалните политики на ВМРО-ОКГ“, додава тој.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryais57cg2onfr26Lu6Mf

Ќе се реконструира улицата „Лазар Трповски“ во Чаир

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски заедно со градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, го означија почетокот на реконструкцијата на улица „Лазар Трповски“, една од најзначајните сообраќајни артерии во овој дел од градот. Овој проект е клучен за обезбедување поголема безбедност, ред и ново достоинство за граѓаните на Чаир, посочуваат од Град Скопје.„Започна реконструкцијата на улица „Лазар Трповски“, еден од најголемите и најзначајни инфраструктурни проекти во ЧаирДенес, заедно со градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, го означивме почетокот на реконструкцијата на една од клучните сообраќајни артерии во овој дел од градот, улицата „Лазар Трповски“.Проектот е клучен, бидејќи значи поголема безбедност, ред и ново достоинство за граѓаните. Станува збор за целосна реконструкција со нов асфалт на двете коловозни ленти, изградба на стандардизирани тротоари, велосипедски патеки од двете страни, уредени паркинг-простори и современ систем за јавно осветлување.Ова е современо сообраќајно решение кое ја става безбедноста на прво место - и на возачите, на пешаците, и на велосипедистите.Сите знаеме дека во минатото оваа улица беше црна точка на сообраќајната мапа на градот, место каде што премногу често се случуваа незгоди.Со оваа реконструкција ставаме крај на импровизациите и на небезбедните услови.Воведуваме јасна сигнализација, подобра прегледност и инфраструктура што одговара на реалните потреби на граѓаните.Чаир добива улица по европски стандарди, функционална, безбедна и модерна.Но тука не застануваме.До крајот на годината започнуваме постапка за целосна реконструкција и проширување на булеварот „Цветан Димов“ - една од најважните градски трансверзали низ која секојдневно гравитираат повеќе од 100.000 граѓани и која поврзува неколку скопски општини.Овој проект ќе значи трајно решение за метежот, за небезбедноста и за долгогодишниот сообраќаен хаос на оваа делница, каде речиси секојдневно се случуваат незгоди.Она што со години беше само празно ветување, денес станува реалност.Наместо зборови,дела.Наместо изговори, резултати!Скопјани заслужуваат безбеден, функционален и уреден град.Напролет започнуваме со низа клучни проекти кои конечно ќе стават крај на проблемите што со децении ги оптоваруваат граѓаните.Повеќе нема да се прашуваме дали можеме подобро.Тоа подобро, реално ќе го живееме.“, изјави Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryu95hgel0obrue7xE1rJ

Скопјанка нападната од жена сред трговски центар

На 12 февруари 2026 година во 18:35 часот, Е.Б. (30) од Скопје пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната во трговски центар на подрачјето на Центар.Според информациите, нападот следувал по претходно недоразбирање меѓу неа и друго женско лице.Надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите на инцидентот.

Скопје | пред 2 месеци

media-library2adqb56toekhb8jfoRk

Пронајдени човечки коски и облека во Горно Количани

На 12 февруари 2026 година, во 16:49 часот, во СВР Скопје е пријавено дека на место викано „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, се пронајдени коски слични на човечки, а во близина била пронајдена и облека.На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје, а надлежните органи преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на идентитетот и околностите на настанот.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryj3aib8i83t4o0mAit9V

Mozzart го отвори „Театарот на хуманоста“: Племенита уметност која ја храни душата

Кога уметноста и хуманоста ќе се спојат, резултатот е вистинско ремек-дело.Полна сала, насмевки и громогласен аплауз во Театар Комедија го одбележаа изведувањето на претставата „Олд Сејбрук“, првата за која компанијата Mozzart им делеше бесплатни билети на граѓаните.Со оваа фантастична комедија започна проектот „Театарот на хуманоста“, кој има двојна цел – да им овозможи на љубителите на театарот да уживаат во претстави без да купуваат карти, а истовремено да поттикне хуманост преку донации за Банката за храна на Македонија.Посетителите добиваа флаери со број за донации, а секоја испратена порака значеше бесплатен оброк за оние кои не можат да си го дозволат.„Прекрасно е што секој има можност да дојде и да ја погледне претставата, а истовремено да направи добро дело,“ порача актерката Маја Љутков, која ја толкува една од главните улоги во претставата.Од компанијата Mozzart велат дека ова е само почеток: „Успешно ја започнавме реализацијата на проектот ‘Театарот на хуманоста’. Целта е љубителите на театарот да уживаат во културни содржини, а истовремено да донираат за хуманитарни цели. Првата претстава помина одлично, а веќе се подготвуваме за следната,“ изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.Фактот дека картите беа поделени за само половина час зборува за огромната љубов на граѓаните кон театарската уметност. Токму затоа Mozzart најавува уште неколку бесплатни претстави, продолжувајќи да ја поддржува културата и хуманоста.(ПР)

Магазин | пред 2 месеци

media-libraryjsahk42s1lfveGFSTj5

Автомобил удри жена на „Орце Николов“ во Скопје

На 12 февруари 2026 година во 13:00 часот, во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Орце Николов“ во Скопје патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје, удрило во 56-годишната Д.Д. од Скопје.Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 месеци

lozarii

Исплатени над 481 милион денари за лозарите пред Св. Трифун

Во пресрет на празникот Св. Трифун, заштитникот на лозарите, реализирани се средства во износ од 481.127.667 денари кон 12.458 корисници, информираат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство „Средствата се исплатени по Мерка 1.8 – Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади.Се потврдува посветеноста и приоритетите на институциите во развојот на оваа земјоделска гранка. Министерството продолжува со реализација на мерки и политики насочени кон одржливост и унапредување на земјоделското производство“, се вели во соопштението. 

Македонија | пред 2 месеци

tepanje-dete

Татко нападнал дете по инцидент меѓу малолетници

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Л.Џ. (43) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.Според пријавата, на 25 декември 2025 година, во двор од основно училиште во гостиварско, по претходно нарушување на јавниот ред и мир меѓу малолетници, во кое учествувал неговиот син, пријавениот физички нападнал малолетник.Надлежните органи преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорноста на Л.Џ.

Македонија | пред 2 месеци

karticki

Земал туѓа картичка, влегол во компјутерски систем и присвоил 161.800 денари

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против С.З. (40) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.Според пријавата, пријавениот присвоил платежна картичка во сопственост на лице од Кочани, а во периодот од јули до ноември 2025 година, во седум наврати неовластено навлегол во компјутерски систем. Со своите дејствија се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 161.800 денари.По целосно документирање на случајот, против С.З. ќе следува соодветна кривична пријава пред надлежното обвинителство.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања