Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-librarytp2hnvmn1344auF63Vn

29 пожари на отворено во едно деноноќие, шест сè уште активни

Во изминатото деноноќие, до 07:30 часот на 18 август, во земјава се регистрирани 29 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи. Од нив, шест се активни, еден е под контрола, а 22 се изгаснати.Активни пожари има во општините Студеничани, Македонски Брод, Велес и Зелениково, Јегуновце и Сарај, Прилеп и Долнени.Во Студеничани гори мешана шума на потегот Моране – Вртекица – Рамни Габер, додека во Македонски Брод пожарите се активни кај Видуш, Драгов Дол, Локвица и Девич, каде

Македонија | пред 2 месеци

media-library6ua5bu32kfu62vGghYW

Перцан: Огромна инспирација е да се работи со младите

Македонскиот виолинист со интернационална кариера Емилио Перцан заедно со пијанистката Тамила Гулијева изминатите денови во Охрид го водеа Меѓународниот семинар за виолина, виола и камерна музика, а крајот на семинарот беше означен  вчера со завршен концерт на учесниците во рамки на фестивалот „Охридско лето“.Годинава на  семинарот учествуваа 11 млади од Украина, Словенија, Перу, Србија, Македонија, и првпат имаше учесници од Ерменија. По завршувањето на нивниот  концерт  во црквата „Света Софиј

Охрид | пред 2 месеци

struja-1

Дел од Илинден денес без електрична енергија

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска, 18 август 2026 година, без електрична енергија ќе останат корисниците од населба Белви, како и објектите на мотел „Белви“ и „Чеза Комерц“ во Општина Илинден.Прекинот на електричната енергија ќе трае од 06:00 до 13:00 часот.

Скопје | пред 2 месеци

media-librarymqiaop423c4q0Iwe2Cd

Музиката успева да ги зближи луѓето онаму каде честопати зборовите и политичарите не успеваат

Во извонедниот амбиент на Долни Сарај вчеравечер беше реализиран уште еден од низата успешни концерти од музичката програма на „Охридско лето“.Овојпат, главни актери беа младите музичари од регионот, обединети во Младинскиот оркестар на Западен Балкан. Вкупно 75 врвни инструменталисти-членови на оркестарот, под диригентската палка на маестро Десар Сулејмани, музицираа со фантастична  мотивираност, ослободувајќи моќна творечка енергија која допре до публиката.Концертниот репертоар зрачеше со восх

Охрид | пред 2 месеци

media-librarybnsrphbu13gb4yPqQof

Топло време со температури до 38 степени, попладне можна нестабилност

Стабилно и топло време се очекува денеска, со мала до умерена облачност, но во попладневните часови на места ќе има услови за развој на нестабилност.Се очекуваат локални поројни дождови, грмежи и засилен ветер, а температурите ќе се движат од 10 до 18 степени во утринските часови, додека максималните ќе достигнат од 30 до 38 степени.Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од Скопската Котлина ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засиле

Македонија | пред 2 месеци

media-library5pmmucgfbnpndtxuTsD

Проверете дали сте на списокот: Делови од Скопје денес без вода

Без вода денеска ќе останат делови од Центар поради водоводни интервенции, информираат од ЈП „Водовод и канализација – Скопје“.Прекинот на водоснабдувањето започнува во 8:30 часот и ќе трае до завршување на работните активности.Поради уличен дефект на улицата „Раде Јовчевски – Корчагин“ бр. 18, без вода ќе бидат корисниците од населбата Маџир Маало.Поради водоводен приклучок на улицата „Орце Николов“ бр. 106, прекин ќе има и за корисниците на потегот од „Ленинова“ до „Наум Наумовски – Борче“.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Правна битка меѓу Трамп и Би-Би-Си: Во спорот од 10 милијарди долари вмешано и неговото семејство

Би-Би-Си побара од федералниот суд во Флорида да издаде судски покани за тројца членови на семејството на Доналд Трамп, како дел од својата правна одбрана во тужбата што американскиот претседател ја поднесе против британскиот јавен сервис, барајќи отштета од 10 милијарди долари.Правниот тим на Би-Би-Си побара Доналд Трамп Јуниор, Иванка Трамп и Џаред Кушнер да сведочат и да достават документи поврзани со настаните од 6 јануари 2021 година, кога приврзаници на Трамп упаднаа во американскиот Конгр

Свет | пред 2 месеци

media-librarylr9mj551mid0dlFsw2S

Иван Ивановски: „Добри луѓе“ ја донесе приказната за трагедијата во Кочани пред светската јавност

Приказната за трагедијата во Кочани продолжува да стигнува до меѓународната јавност преку документарниот филм „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски, кој имаше светска премиера во официјалната документарна конкуренција на Сараевскиот филмски фестивал.Иван Ивановски, директорот на фотографија на филмот и дел од тимот волонтери на „Support Kočani“, сподели дека претставувањето на филмот во Сараево е важен момент за сведоштвата од Кочани да бидат слушнати и надвор од земјата.„Добри луѓе“ ја донесе приказн

Македонија | пред 2 месеци

media-library12dirr0vq8ch42pZnl8

Авион во Минхен полетал дури на крајот од пистата, можело да има стотици жртви

Авионот на „Виетнам ерлајнс“ за малку избегнал катастрофа при полетување од аеродромот во Минхен, откако „Боинг 787 Дримлајнер“ полетал дури по истекот на јужната писта, оценил стручњак за воздушен сообраќај.Според стручњакот Хајнрих Гросбонгарт, ситуацијата можела да заврши со стотици жртви доколку пилотите во последен момент не го подигнале авионот.„Можела да настане огнена топка со стотици жртви доколку пилотите во последен момент не го подигнале авионот“, изјавил Гросбонгарт за ДПА.Авионот п

Спорт | пред 2 месеци

media-librarycop8dant9rt9e0DRFJ2

Крипто-проектот на Трамп соработува со компанија која нуди кинески AI модели

Крипто-проектот World Liberty Financial, поврзан со американскиот претседател Доналд Трамп, соработува со хонгконшката компанија WorldClaw, која на корисниците им овозможува пристап до десетици кинески модели на вештачка интелигенција, објави „Ројтерс“.WorldClaw нуди 90 модели на вештачка интелигенција, од кои 43 се развиени од кинески компании, меѓу кои Alibaba, Baidu и Z.ai. На платформата се достапни и модели на американски компании, вклучително и OpenAI и Anthropic.Услугата може да се плаќа

Свет | пред 2 месеци

kokain

Пукање во Шпанија: Убиени три лица, меѓу нив бремена жена и нејзиниот син

Три лица се убиени, а едно е во критична состојба по пукање што се случило во неделата вечерта во Исла Кристина, на југот на Шпанија. Меѓу жртвите се бремена жена, нејзиниот син и нејзината мајка, објави „Еуроњуз“.Според локалните медиуми, напаѓачот со мотор пристигнал пред семејниот дом во областа Росио, по што отворил оган врз членовите на семејството и избегал. Телата на тројцата убиени биле пронајдени на улица, додека четвртото лице со тешки повреди било пренесено во болница.Полицијата го ис

Свет | пред 2 месеци

media-librarylarnlb7pbcul2mENszF

Пожарот кај Прилеп сè уште активен: Огнот се шири во два правци, на терен се 20 доброволци

Пожарот што денеска околу 13:30 часот избувнал во близина на прилепското село Чаниште брзо се проширил кон населеното место, каде што огнот навлегол меѓу куќите, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.Според неговите информации, во селото денес живеат само десетина возрасни жители, а голем дел од куќите се стари и напуштени. Огнот зафатил најмалку една куќа што се користела за живеење, а постои можност да се оштетени и повеќе објекти. Изгорела и една релатив

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryaj094p453jfhfUnbeir

Венецуела бара од Британија враќање на 31 тон злато вредно 4 милијарди долари

Владата на Венецуела и дел од опозицијата постигнаа договор за заедничко барање за враќање на 31 тон злато вредно околу четири милијарди долари, кое од 2018 година се наоѓа во трезорите на британската централна банка.Средствата би биле искористени за обновување на земјата по разорните земјотреси што ја погодија Венецуела во јуни, во кои, според последните податоци, загинале повеќе од 6.000 луѓе.До договорот дошло по двонеделни преговори со посредство на САД. Венецуела нема пристап до златото отк

Свет | пред 2 месеци

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп: Не брзам да ја завршам војната со Иран, имаме многу оружје

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема причина за загриженост околу резервите на оружје на американската армија и порача дека САД и натаму располагаат со големи количини вооружување.„Она што го искористивме е кикирики. Имаме многу оружје со среден дострел“, изјави Трамп за „Фокс њуз“, откако претходно некои аналитичари предупредија дека САД од почетокот на август искористиле повеќе од половина од залихите на одредени системи на оружје во војната со Иран.Говорејќи за можноста за

Свет | пред 2 месеци

media-librarykr84hchrnn2mduSCdco

Научниците открија нов механизам на лековите за слабеење: Не делуваат само преку намалување на апетитот

Научниците откриваат дека лековите за слабеење базирани на семаглутид, како „Оземпик“ и „Вегови“, можеби делуваат на посложен начин отколку што досега се сметаше. Ново истражување спроведено на глувци покажува дека долгорочното намалување на телесната тежина не зависи само од потиснувањето на апетитот.Студијата, објавена во списанието PNAS, покажала дека мозочните клетки познати како AgRP неврони, или „неврони на гладот“, мора да останат функционални за семаглутидот да го постигне целосниот ефек

Магазин | пред 2 месеци

media-library66h95ii86ar5aDVpbdj

„Исцрпувачки е“: Поранешни соработнички откриваат како е да се работи во тимот на Трамп

Жените кои работат во тимот на американскиот претседател Доналд Трамп, според сведоштва на поранешни соработнички, се соочуваат со голем работен притисок, кој покрај професионалните обврски опфаќа и очекување за постојана достапност и беспрекорен изглед.Поранешни вработени во неговиот политички круг анонимно за „Мејл он сандеј“ раскажале дека од жените се очекува да бидат професионални, достапни речиси 24 часа дневно, но и постојано да бидат дотерани – со уредна коса, шминка и внимателно избрана

Свет | пред 2 месеци

media-libraryk4ites8rfcaifQmEd84

Пожар во прилепско село: Огнот навлегол меѓу куќите, се сомнева дека е подметнат

Пожарот во близина на прилепското село Чаниште навлегол во населеното место, при што, според првичните информации, се зафатени неколку стари и напуштени куќи, а можно е да е зафатена и една куќа во која живеат луѓе, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.Ангелов посочи дека пожарот бил пријавен преку системот 112 во 15:58 часот, а прилепските пожарникари добиле повик околу 13:30 часот за пожар на отворен простор во близина на селото, кое се наоѓа околу 35 килом

Македонија | пред 2 месеци

bez-voda

Проверете дали сте на списокот: Делови од Скопје утре без вода

Без вода утре ќе останат делови од Центар поради планирани водоводни интервенции, информираат од ЈП „Водовод и канализација – Скопје“.Прекин на водоснабдувањето ќе има од 8:30 часот до завршување на работните активности.Поради уличен дефект на улицата „Раде Јовчевски – Корчагин“ бр. 18, без вода ќе бидат корисниците од населбата Маџир Маало.Во исто време, поради водоводен приклучок на улицата „Орце Николов“ бр. 106, прекин ќе има за корисниците на потегот од „Ленинова“ до „Наум Наумовски – Борче

Скопје | пред 2 месеци

media-library861rc3n2mjnkdqNlePU

Клековски: Ги мобилизираме сите надлежни институции за координиран одговор на западнонилската треска

Министерството за здравство, предводено од министерот Сашо Клековски, презема засилени и координирани активности за следење и справување со состојбата со западнонилската треска во земјава. Комисијата за заразни болести редовно ја следи епидемиолошката состојба и предлага соодветни мерки и препораки.На иницијатива на министерот Клековски, денеска е формирано координативно тело во кое, покрај институциите од здравствениот сектор, се вклучени и Агенцијата за храна и ветеринарство, претставници на Г

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Вучиќ преку Орбан ги презема последните слободни медиуми во Србија – на ред е Македонија

СДСМ обвини дека во Србија се спроведува процес на концентрација на медиумската сопственост и дека истиот модел се подготвува и во Македонија. Во партиското соопштение се тврди дека компанијата Alpac Capital, преку унгарски структури блиски до Виктор Орбан, ги презела последните независни српски медиуми, меѓу кои Н1, Нова С, „Радар“, „Форбс Адриа“ и „Данас“.Од СДСМ наведуваат дека купувач на медиумите е португалската инвестициска група Alpac Capital, преку луксембуршкиот фонд European Future Med

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykdvod7nsaang94ZKDdJ

До 18 часот регистрирани 22 пожари на отворен простор, седум се активни

На територијата на земјава денеска до 18 часот се регистрирани 22 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, два се ставени под контрола, а 13 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).Активни пожари има во повеќе општини. Во Студеничани гори на потегот Моране – Вртекица – Рамни Габер, каде е зафатена мешана шума, како и во Батинци, каде гори ниска вегетација.Пожар има и кај селото Палиград во Општина Зелениково, каде се зафатени ниска вегетација и шума. Во М

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryrdqbdm7m0rm36Az0Lsj

Истрагата се проширува: Седум нови осомничени за шверц на марихуана од Македонија во Србија

Истрагата за организиран транспорт на марихуана од Македонија во Србија се проширува со нови седум осомничени лица, соопшти Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.Според досега обезбедените докази и меѓународната соработка со српските надлежни органи, постојат индиции за поширок круг лица вклучени во организираната криминална активност. Седумтемина новоосомничени се товарат дека, како припадници на организирана криминална група, го сториле кривичното дело „не

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryd4ke5p8abstccRmCGMu

ЕСМ ќе набавува три милиони тони јаглен од Косово во следните три години

Македонскиот енергетски систем во следните три години ќе добива дополнителни количини јаглен од Косово, откако ЕСМ склучи стратешки договор со косовската државна енергетска корпорација КЕК.Со договорот, ЕСМ добива концесија во рудникот во Обилиќ и можност за експлоатација на околу три милиони тони јаглен во наредните 36 месеци. Цената е фиксна и изнесува 24,4 евра за тон, со однапред утврдени параметри за квалитет.Од ЕСМ информираат дека договорот треба да обезбеди дополнително годишно производс

Македонија | пред 2 месеци

media-library861rc3n2mjnkdqNlePU

Клековски повика на празнење на базените поради западнонилската треска

Мерките за справување со епидемијата на западнонилска треска ќе бидат дополнително засилени, најави министерот за здравство Саздо Клековски. Покрај редовното и веќе планирано прскање против комарци, жителите во подрачјата каде што е прогласена епидемија ќе добиваат СМС-пораки со препораки за заштита.Во загрозените подрачја ќе се спроведува и вонредна контрола на живината, особено на слободно одгледуваната живина во близина на каналите за наводнување. Клековски посочи дека при последното поголемо

Македонија | пред 2 месеци

bombradirnje

Иран им се закани на Американците со промена на тактиката: Од одбранбена преминува во офанзивна политика

Иран ја менува својата политика од одбранбена во „целосно офанзивна“, откако застојот во обидите за постигнување траен договор за завршување на војната со САД продолжува, изјавил висок ирански претставник за „Ројтерс“.Преговорите за постигнување мировен договор, како и напорите за повторно воспоставување на транспортот на нафтените танкери низ стратешки важниот Ормуски Теснец, целосно запреле. Според иранскиот претставник, Техеран е подготвен за ескалација доколку дипломатијата не даде резултат.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања