Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-librarys488u65k2f1c4Q4mVPM

Пациентите со трансплантирани органи ќе го добиваат лекот Myfortic без доплата

Пациентите со трансплантирани органи повторно ќе можат да го добиваат лекот Myfortic во јачини од 180 и 360 милиграми без доплата, откако Фондот за здравствено осигурување подготви предлог за усогласување на референтните цени.Со предложеното решение, осигурениците нема да ја плаќаат досегашната доплата од 615 денари за Myfortic 180 mg, односно 1.439 денари за Myfortic 360 mg, а истовремено ќе се задржат придобивките од претходното намалување на цената на терапијата.Фондот претходно во Шифрарнико

Македонија | пред 2 месеци

media-library8m1tpsuvdbmudDa08zk

Јаневска: Квотите за упис се намалени на сите универзитети

Квотите за упис на студенти во прва година на македонските универзитети годинава се намалени за околу 2.000 места, особено кај студиските програми каде што има поголем број невработени, додека техничките науки и информатиката остануваат со речиси непроменети квоти.Министерката за образование и наука Весна Јаневска во интервју за МИА посочи дека намалувањето е направено според потребите на пазарот на трудот. Најмногу се намалени местата во областите бизнис-администрација, јавна администрација, ка

Македонија | пред 2 месеци

media-library830pmncgiuapaUGUOJp

Гана воведува строги правила за какаото: До 20 години затвор за незаконска пренамена на плантажи

Производителите на какао во Гана бараат од претседателот Џон Драмани Махама да не го потпише новиот закон со кој се ограничува начинот на користење на земјиштето засадено со какао, сè додека за неговите одредби не се консултираат и земјоделците.Здружението на задруги на производители и трговци со какао соопшти дека ги поддржува мерките за заштита на плантажите, но смета дека одредени одредби треба повторно да се разгледаат и подобро да им се објаснат на земјоделците пред законот да стапи во сила

Свет | пред 2 месеци

media-librarydfm77j5vahnichk41qu

Прва жртва на страшниот пожар кај Омиш: Пронајдено безживотно тело

Страшниот пожар што го зафати Омиш однесе и прва човечка жртва. Полицијата во текот на денот пронашла безживотно тело на опожареното подрачје во близина на пожарот.Од Сплитско-далматинската полиција информираат дека телото било пронајдено околу 13:30 часот, при преглед на опожареното подрачје. На местото ќе биде извршен увид под раководство на надлежниот државен обвинител, со асистенција на полицијата. Идентитетот на починатото лице засега не е соопштен.Ова е првиот, засега единствен потврден см

Балкан | пред 2 месеци

media-library0e7tqbm5lifk6O3KqQX

Нов удар за Инфантино: Нов Зеланд му ја повлече поддршката пред изборите за нов мандат

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се соочува со ново откажување на поддршката пред изборите за четврти мандат. Фудбалскиот сојуз на Нов Зеланд одлучи да не застане зад неговата кандидатура, а воедно побара и независна ревизија на постапките поврзани со проектот „FIFA Forward Enterprise Scheme“ (FFE).Од Новозеландскиот фудбалски сојуз велат дека одлуката била донесена по детално разгледување на случувањата и проценката дека одредени одлуки и активности во рамки на ФИФА придонеле за нарушувањ

Спорт | пред 2 месеци

media-librarynrl35nvm9dvveAltGGM

За само една недела 1.576 возачи фатени како возат побрзо од дозволеното

Сообраќајната полиција во период од една недела открила 1.576 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина во рамки на паневропската акција ROADPOL Operation Speed.Засилените контроли биле спроведени од 3 до 9 август 2026 година на територијата на целата држава, со цел откривање и санкционирање на возачи кои ја надминувале дозволената брзина.Полициските службеници континуирано ја мереле брзината на возилата, со посебен фокус на патните правци и локациите каде што, според сообраќајно-безбедно

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryngq2nnf8rjgk4UVUFhE

72 санкции за возачи на електрични тротинети и други лесни електрични возила

Вкупно 72 возачи на лесни електрични возила биле санкционирани во текот на вчерашната акциска контрола на МВР, спроведена на територијата на целата држава.Контролата ја реализирал Секторот за сообраќајни работи при МВР на 13 август, во периодот од 17:00 до 22:00 часот, со цел санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на лесни електрични возила.Најмногу санкции, по 11, биле изречени на подрачјата на СВР Тетово и СВР Битола, додека осум возачи биле санкционирани на подрачјето на СВР Веле

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryt7bspk0k56ep8C1htVT

„Од институции направи бојно поле, а од вработените статистика“: Синдикатот со остри критики за Љутков

Синдикатот на културата на Република Македонија реагира на последните случувања во културниот сектор, оценувајќи дека во изминатите две години имало низа проблеми и, како што наведуваат, „неразбирање на културата“.Од Синдикатот директно го критикуваат поранешниот министер за култура Љутков, обвинувајќи го дека за време на неговиот мандат културните институции се соочиле со сериозни нарушувања во функционирањето.„За само две години, Љутков успеа да направи од културата нешто што ретко кој би го п

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryv2mcq2fdcde69YB3Wsw

Обвинението стои, рочиште нема: Судот не може да го пронајде синот на Трифун Костовски за да му го достави обвинението за „Еуростандард банка“

Кривичниот суд не успева да го пронајде Коста Костовски, синот на бизнисменот Трифун Костовски, за да му го достави обвинението во случајот со „Еуростандард банка“, по што сè уште не може да биде закажано судењето.Од Кривичниот суд информираат дека обвинението против Коста Костовски сè уште не е доставено, бидејќи два обиди за достава биле неуспешни. Поради тоа, Судот на 7 август побарал од МВР да провери и да извести дали тој е достапен.„За оценката на актот во кој осомничен е Трифун Костовски,

Македонија | пред 2 месеци

media-library5nf6f5tq8o927cLxc60

Пијан татко ги напуштил сопругата и тримесечното бебе, потоа мајката ја превртела количката и бебето паднало на асфалт, кривична за родители за запуштање и малтретирање на бебе

СВР Тетово поднесе кривична пријава против две лица поради сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“, откако тримесечно бебе било оставено на улица, а потоа паднало на асфалт.Според МВР, пријавите се поднесени против В.М. (42) од Прилеп и Б.С. (37) од село во општина Желино. Настанот се случил на 14 јуни 2026 година во Тетово.Како што информира полицијата, второпријавениот, кој бил под дејство на алкохол, ја напуштил првопријавената заедно со нивното тримесечно бебе на

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynapt8j231qpaajPx8ml

Ветил дека ќе му среди увоз на автомобил и му зел над 7.000 евра, кога си ги побарал парите назад го нападнал

Триесет и седумгодишен скопјанец бил лишен од слобода по пријава дека измамил 62-годишен сограѓанин за повеќе од 7.000 евра, а потоа физички го нападнал и му упатувал закани.Според МВР, О.С. (37) бил приведен на 13 август во 13:45 часот од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје.Претходно, 62-годишниот скопјанец пријавил дека во неколку наврати му дал повеќе од 7.000 евра на О.С. за наводно посредување околу царинската документација потребна за внесување па

Македонија | пред 2 месеци

media-librarymqb4ql6p874feD3Wk6D

(Видео) Македонија, Косово и Грција во заедничка акција: Уапсени повеќе лица, запленети 300 килограми марихуана

Околу 300 килограми марихуана се запленети, а повеќе лица се уапсени во голема меѓународна полициска операција насочена против криминална група осомничена за трговија со дрога. Акцијата се спроведува координирано во повеќе држави, а истражните активности сè уште траат.Од македонска страна во операцијата учествува Министерството за внатрешни работи преку Одделот за криминалистичка полиција, во соработка со мешовити полициски тимови од Косово и Грција. Истражните активности се водат во координациј

Македонија | пред 2 месеци

zena-noz

Лажно пријавила дека со нож избола непознато лице

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против 18-годишна жителка на селото Лески поради сомнение за лажно пријавување.Според МВР, М.С. (18) на 3 август во СВР Штип пријавила дека во селото Лески со нож му нанела убодни рани на непознато лице.По преземените проверки било утврдено дека пријавата била лажна, поради што против неа е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „лажно пријавување“.

Македонија | пред 2 месеци

media-library4297bcvin470383QDzr

Жена со автомобил физички нападнала 15-годишно девојче пред пешачки премин во Скопје

Четириесет и петгодишен скопјанец пријавил дека неговата 15-годишна ќерка била физички нападната од жена во сообраќајна ситуација во центарот на Скопје.Според МВР, случајот бил пријавен на 13 август во 19:00 часот во СВР Скопје. Пријавителот навел дека околу 15:15 часот, на подрачјето на Центар, пред пешачки премин, женско лице кое управувало патничко возило физички ја нападнало неговата малолетна ќерка.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности.

Македонија | пред 2 месеци

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

По разводот станал агресивен и ѝ се заканувал на сопругата, приведен 49-годишен охриѓанец

Четириесет и деветгодишен охриѓанец бил повикан на службен разговор во СВР Охрид по пријава дека по завршувањето на бракоразводната постапка агресивно се однесувал и ѝ се заканувал на неговата поранешна сопруга.Според МВР, на 13 август во СВР Охрид бил извршен службен разговор со Н.Ч. (49), откако претходно било пријавено дека во последниот период, по завршувањето на бракоразводната постапка, се однесувал агресивно во домот и упатувал закани кон неговата 39-годишна сопруга.Полицијата презема мер

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygl7rh4ipjtlb279ZYZ7

76-годишен охриѓанец им се заканувал на ќерката и внукот со остар предмет

Седумдесет и шестгодишен охриѓанец бил лишен од слобода откако било пријавено дека агресивно се однесувал во семејниот дом и им се заканувал на својата ќерка и внукот.Според МВР, Џ.М. (76) бил лишен од слобода на 13 август во 19:00 часот од страна на полициски службеници од СВР Охрид, кои постапувале по претходно добиена пријава.При инцидентот, според пријавеното, тој употребил и остар предмет. Предметот бил пронајден и одземен од страна на полицијата.По целосното документирање на случајот, прот

Македонија | пред 2 месеци

media-librarymiid0t15caih9rM6JDZ

Син ја нападнал мајка му

Шеесетгодишна скопјанка пријавила дека била физички нападната од нејзиниот син во семејниот дом на подрачјето на општина Карпош.Според МВР, случајот бил пријавен на 14 август во 03:00 часот во СВР Скопје. Жената навела дека нападот се случил претходната вечер, околу 23:00 часот, кога во домот физички ја нападнал нејзиниот син М.Н.Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryssjfm1762v79a5Y15uk

Едно лице тешко повредено во сообраќајка меѓу камион и автомобил кај Кичево

Едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а две лица биле повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кичево–Гостивар, во близина на селото Колари.Според МВР, несреќата се случила на 13 август во 07:50 часот, а во неа учествувале товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К. (56) од Скопје, и патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 46-годишната Л.К. од селото Попоец, кичевско.Во судирот тешко бил повреден сопатникот Р.Г. (39)

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

17-годишник возел автомобил без дозвола

Седумнаесетгодишник од Скопје бил лишен од слобода откако полицијата го затекнала како управува автомобил без да се стекне со право за управување моторно возило.Од МВР информираат дека случајот се случил на 13 август околу 00:40 часот на булеварот „Александар Македонски“, каде што полициски службеници од СВР Скопје спровеле сообраќајна контрола.Тие запреле патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетникот, при што било утврдено дека тој управувал без да поседува пр

Македонија | пред 2 месеци

media-library7hkmceqshsu507HQJ3p

Гостиварец ја нападнал сопругата и ѝ упатувал закани кон нејзиниот татко

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 46-годишен жител на гостиварско село поради сомнение дека ја нападнал сопругата и упатил закани кон нејзиниот татко.Според МВР, С.М. (46) на 10 август физички ја нападнал својата сопруга на нејзиното работно место во угостителски објект во Гостивар. При нападот, тој ѝ упатил и закани на нејзиниот татко.Против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „телесна повреда“.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjlkrl227bpj5fgpWK4M

Малолетен мопедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Петнаесетгодишник од Охрид се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Јабланица“ во Охрид.Според МВР, несреќата била пријавена на 13 август во 14:40 часот во СВР Охрид, а во неа учествувале патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Ј. (20) од селото Калишта, струшко, и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Охрид.Во несреќата тешко бил повреден малолетниот мопедист. Повредите биле констатирани в

Македонија | пред 2 месеци

media-library9fm15rp16ldr5VDJsGw

Издавале АТВ-мотори без договори, фирма и управител пријавени за даночно затајување

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице од Тетово и неговиот 37-годишен сопственик и управител, поради сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.Според МВР, при спроведена акциска контрола во правното лице, во присуство на З.Х. (37) од селото Вешала, тетовско, било утврдено дека фирмата издавала теренски возила – АТВ-мотори, без претходно склучени договори за наем со клиентите.По целосното документирање на случајот, надлежните ќе преземат соодветни мерки согласно приј

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryj9isqitatlbi27H6RW6

„Вистинските херои немаат ПР, туку се покажуваат на дело“, Ина Многуина за Аце од Ивановци кој со трактор влегол во огнот за да ги спаси куќите во Лознани

Храбриот потег на жителот Аце, кој со својот трактор влегол директно во пожарот за да помогне во заштитата на домовите на неговите соселани, го привлече вниманието на јавноста по објавата на Ина Многуфина на Фејсбук.Многуфина во објавата раскажува за драматичната борба со огнената стихија во пелагониските села Ивањевци, Лознани и Новоселани, каде што пожарот брзо се проширил поради сувата трева и ветерот и во еден момент се приближил на околу 50 метри од куќите.Според нејзиното сведоштво, жители

Коментари | пред 2 месеци

woman-holding-glass-filled-with-water

Водата во Гостивар е безбедна за пиење

По речиси еден месец неизвесност, жителите на Гостивар повторно можат безбедно да ја користат водата од водоснабдителниот систем за пиење и подготовка на храна.Главниот штаб за управување со кризи денеска соопшти дека последните лабораториски резултати потврдиле дека водата е микробиолошки и бактериолошки исправна, со што се исполнети условите за нејзино безбедно користење.Одлуката следува по денешната седница на Главниот штаб за управување со кризи, на која биле разгледани најновите резултати о

Македонија | пред 2 месеци

pretepa

Син им се заканувал на родителите, уапсен 37-годишен прилепчанец

Полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода 37-годишен прилепчанец по пријава дека упатувал закани кон неговите родители.Од МВР информираат дека Д.Б. (37) бил лишен од слобода на 13 август во 16:15 часот во Прилеп.По целосното документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања