Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-library92lrdbfjqo6ja0Rr6Lu

Двајца прилепчани приведени за управување мопеди без возачка дозвола

Двајца прилепчани биле лишени од слобода во одделни случаи во Прилеп, откако полицијата при сообраќајни контроли утврдила дека управувале мопеди без да поседуваат возачки дозволи.Според МВР, на 13 август во 19:20 часот на улицата „Тризла“, полициски службеници од ОВР Прилеп го запреле мопедот со прилепски регистарски ознаки што го управувал Б.Б. (38). При проверката било утврдено дека тој управувал без возачка дозвола, по што бил лишен од слобода.Само десет минути подоцна, на истата улица, полиц

Македонија | пред 2 месеци

media-library152ihem7tg9ueVgKyF8

Приведен прилепчанец, кај него пронајдена грутчеста материја

Полицијата во Прилеп лишила од слобода 35-годишен маж, откако при преземени дејствија кај него била пронајдена грутчеста материја.Според МВР, Ч.К. (35) од Прилеп бил лишен од слобода на 13 август во 15:00 часот на улицата „Пере Тошев“ во градот од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп.Од полицијата информираат дека по целосното документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 2 месеци

media-library3hotuv4ck15d0VuvNGT

Битолчанка пријавила сексуално вознемирување: Лице се соблекувало пред неа

Триесет и осумгодишна жена од Битола пријавила во полиција дека била сексуално вознемирувана од едно лице, кое, според пријавата, се соблекувало пред неа.Случајот бил пријавен на 13 август во 21:30 часот во СВР Битола. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот и утврдување на сите околности.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryvfitn7r6hsp001zvOAO

Битолчанец нападнал обезбедување во казино

Полицијата во Битола лишила од слобода 49-годишен маж од градот, откако тој физички нападнал вработен во обезбедувањето на казино во комплексот „Нов Пазар“.Според МВР, инцидентот се случил на 13 август околу 23:50 часот на улицата „Довлеџик“. Полициски службеници од СВР Битола го привеле Б.А. (49), кој во казиното физички го нападнал Е.Д. (34) од селото Наколец, ресенско.Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 2 месеци

slovenija-policija

Словенечка операција во близина на границата со Хрватска, откриени 99 мигранти во камион

Словенечката полиција уапсила двајца мажи, државјани на Србија и Словачка, во два одделни случаи во кои се обиделе незаконски да пренесат повеќе од 120 странски државјани.Првиот случај бил откриен во средата наутро, откако граѓанин пријавил дека во близина на Дрново, околу 30 километри по граничниот премин Брeгана, забележал повеќе лица како излегуваат од камион, по што возилото продолжило да се движи.Полицијата набрзо го лоцирала камионот со српски регистарски ознаки на граничниот премин Обрежј

Балкан | пред 2 месеци

media-library0s9g9d72sovv546PX0M

(Фото) Пожарот кај Омиш ги натера да бегаат во морето: Спасени околу 200 луѓе

Драматичната ноќ во Омиш и околината довела до голема спасувачка операција на море, во која биле извлечени околу 200 луѓе, меѓу кои и деца, кои поради пожарот побарале засолниште во морето и на чамци.Операцијата започнала синоќа во 23:40 часот, откако било пријавено дека голем број луѓе се наоѓаат во морето и на чамци без надзор, обидувајќи се да се заштитат од огнената стихија. Акцијата ја координирал Националниот центар за координација на пребарување и спасување на море во Риека, во соработка

Балкан | пред 2 месеци

media-libraryiutfmkshjo36begtcdI

Русија го одби предлогот за примирје во Црното Море: „Нема основа за половични решенија“

Москва ја отфрли идејата за воведување примирје во Црното Море, оценувајќи дека таков договор би претставувал само привремено и половично решение што би ѝ овозможило на Украина да добие време за предах.Руското Министерство за надворешни работи воедно ја обвини Украина за напади врз бродови во Црното Море, во период кога двете страни ги засилија воените активности во регионот. Зголемените тензии веќе влијаат и врз цените на житото.Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија

Свет | пред 2 месеци

media-library69u5kliu3bjqeBOpfML

Повеќе од 530 луѓе побарале лекарска помош по затемнувањето: Последиците може да се појават и подоцна

Повеќе од 530 лица во Шпанија побарале медицинска помош по целосното затемнување на Сонцето во средата, при што најголем дел од интервенциите биле поврзани со полесни очни тегоби, вртоглавица, помали повреди и последици од високите температури.Здравствените служби досега не регистрирале сериозни последици директно поврзани со затемнувањето, а конечните податоци од Канарските Острови сè уште се очекуваат. Надлежните оцениле дека граѓаните главно ги почитувале препораките и користеле заштитни очил

Свет | пред 2 месеци

media-library88f10omqo48h2RYbhzf

Нов судир во ЕУ околу мигрантите: Италија одби да прифаќа враќања од Германија

Италија официјално ја известила Германија дека нема да прифаќа враќање на мигранти кои првично влегле во Европската Унија преку нејзина територија, отворајќи ново прашање околу примената на европските правила за азил.Италијанското Министерство за внатрешни работи испратило официјален допис до германската влада со кој го одбива примопредавањето на мигранти согласно Даблинските правила, објави италијанскиот јавен сервис „РАИ њуз“.Според Даблинскиот систем, за разгледување на барањето за азил вооби

Свет | пред 2 месеци

media-libraryqhiro2dhipqi4jZNOY6

(Видео) Пожарите не стивнуваат во Хрватска: Ново жариште избувна над Трогир

Хрватска повторно се соочува со сериозни пожари, а ново огнено жариште избувна на подрачјето на Тролокве, над Трогир. Снимки од пожарот беа објавени и на страницата на хрватските пожарникари.Информацијата ја потврдил главниот пожарникарски командир, Славко Туцаковиќ, по што еден „ер трактор“ бил пренасочен од подрачјето на Омиш кон Трогир за да помогне во гаснењето.Во меѓувреме, состојбата кај Локва Рогозница е нешто поповолна и засега нема ширење на огнот. Активен е и пожарот кај Куна Пелешка н

Настани | пред 2 месеци

media-library80ut1svb25vc0HZ0iWD

Шест активни пожари беснеат низ земјава, два се под контрола

На територијата на земјава до 13 часот денеска се регистрирани 12 пожари на отворен простор, од кои шест и натаму се активни, два се ставени под контрола, а четири се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.Активни се пожарите во општина Студеничани, на потегот Моране – Вртекица – Рамни Габер, каде што гори мешана шума, како и во Македонски Брод, на месноста Видуш кај Драгов Дол и кај Локвица, каде што е зафатена ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.Пожар има и во

Македонија | пред 2 месеци

media-library37597vi7cijteKiBP0N

Македонските млади програмери се враќаат со три медали од Узбекистан

Со три медали и една олимписка пофалба, македонскиот тим на млади програмери оствари одличен резултат на 38. Интернационална олимпијада по информатика во Ташкент, Узбекистан.На натпреварувањето, кое се одржува од 9 до 16 август, учествуваат 375 натпреварувачи од 92 земји. Дамјан Давков освои сребрен медал, додека Владимир Грчев и Никола Стојковски се пласираа меѓу најдобрите и освоија бронзени медали. Виктор Максимоски доби олимписка пофалба, соопшти Здружението на информатичарите на Македонија.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryhh1lcbl0a2blb00dPL3

Манасиевски по кривичната пријава од СДСМ: „Наместо одговор, решија да се занимаваат со тоа од каде сум ги добил информациите“

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, реагираше откако СДСМ денеска поднесе кривична пријава против него, тврдејќи дека партијата наместо да одговори на изнесените информации, се фокусирала на начинот на кој тие биле обезбедени.Манасиевски посочува дека СДСМ, според него, не ги демантирало информациите што ги објавил за лицата кои партијата ги претставувала како „млади активисти“.Тој тврди дека информациите ги добил од лица кои ги опишува како свиркачи од СДСМ и нагласува дека како па

Македонија | пред 2 месеци

media-library8em3b8601fju3ZE1TSO

Не се најде пиштолот со кој Палчо ги уби Вања и Панче - запрена истрагата против вработениот во Народна банка оти немало докази

Обвинителството ја запре истрагата против вработениот во Народната банка кој во текот на судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски беше поврзан со таканаречениот „фамозен ранец“, во кој, според сведочењето на обвинетиот Велибор Манев, се наоѓал пиштолот што го користел Љупчо Палевски – Палчо.Од Обвинителството за „Скопје1“ велат дека по извршените проверки не биле обезбедени докази дека осомничениот го сторил кривичното дело за кое се водела истрагата.„По извршените проверки, надл

Македонија | пред 2 месеци

media-library5sn0ddvncrmo4qMaB9k

Поддршка за најмладите во Илинден: Секое прваче ќе добие по 3.000 денари и училишен ранец

Семејствата од Општина Илинден, чии деца годинава за првпат ќе седнат во училишните клупи, ќе добијат финансиска поддршка од општината.За таа цел е објавен јавен повик за доделување еднократна финансиска помош за децата кои во учебната 2026/2027 година ќе се запишат во прво одделение. Согласно мерката, за секое прваче ќе бидат исплатени 3.000 денари.Родителите или старателите кои сакаат да го остварат правото, треба да поднесат барање со потребната документација преку Архивата на Општина Илинден

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryqimunieebu3rej0thll

(Фото) Омиш се разбуди во пепел: Пожарот проголта куќи, автомобили, барови и делови од плажите

Хрватскиот град Омиш утрово осамна со тешки и потресни сцени по големиот пожар што во текот на ноќта беснееше на поширокото подрачје. Огнената стихија остави зад себе опустошени делови од градот, изгорени куќи и автомобили, како и уништени угостителски објекти и делови од плажите.Фотографиите од теренот покажуваат големи материјални штети, со цели делови од погоденото подрачје претворени во пепел. Пожарот, кој брзо се ширел под влијание на силниот ветер, предизвикал евакуација на жители и турист

Балкан | пред 2 месеци

media-libraryd7213irh4hc0fg29aLd

Трета вонредна акција против комарци во Драчево: вечерва ќе се прска од 22 до 24 часот

Со цел да се намали бројот на комарци и да се спречи нивното понатамошно размножување, вечерва во Драчево ќе се спроведе нова вонредна акција за дезинсекција.Акцијата ја организира Центарот за јавно здравје во соработка со Општина Кисела Вода, а ќе го опфати подрачјето на населбата и селото Драчево. Прскањето ќе трае од 22:00 до 24:00 часот и ќе се врши со специјализирано возило, со третман насочен кон возрасните комарци.Ова е трета вонредна интервенција во рамките на засилените мерки против ком

Скопје | пред 2 месеци

media-librarymd0ernt32ggsahnCKDm

Скопје доби Центар за дневен престој за лица со попреченост над 14 години

Во Скопје е отворен Центар за дневен престој наменет за лица со попреченост на возраст од 14 години и нагоре, со кој, како што истакна скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, за првпат се обезбедува ваква услуга во градот.Центарот е отворен во просториите на МКЦ, а на настанот присуствуваше и министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.Според Ѓорѓиевски, корисниците во Центарот ќе имаат пристап до психолошка и стручна поддршка, како и можност да учествуваат во едукатив

Скопје | пред 2 месеци

media-librarym8pcjk2lkb6nbYq771X

(Видео) Димитријевиќ: СДСМ поднесе кривична против полициски службеници и Манасиевски: Службени тајни завршиле во ВМРО-ОКГ

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција соопшти дека СДСМ поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство и до Обвинителството за гонење организиран криминал против полициски службеници од СВР Струмица и против Валентин Манасиевски од ВМРО-ОКГ, обвинувајќи ги за злоупотреба и неовластено користење на доверливи полициски податоци.Димитријевиќ изјави дека поминале девет дена од нападот врз младите активисти во Ново Село, а, според него,

Македонија | пред 2 месеци

media-library4l3ts3o5mpgv5peBkQR

19-годишник тешко повреден откако врз него паднала метална врата во двор

Деветнаесетгодишен жител на гостиварското село Дебреше се здобил со тешки телесни повреди откако врз него паднала метална врата.Од МВР информираат дека на 13 август во 09:50 часот во ОВР Гостивар било пријавено од Медицинскиот центар Гостивар дека кај нив бил донесен Н.А. (19) со тешки телесни повреди.Според пријавеното, повредите ги здобил додека влегувал во двор кај свој роднина, при што врз него паднала метална врата.Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

Македонија | пред 2 месеци

media-library4p50ul8hjm0b3Z2sdyc

Малолетник без возачка дозвола управувал четирицикл, учествувал во сообраќајка и избегал, мајка му го пријавила случајот во полиција

Малолетник од гостиварско, управувајќи четирицикл без возачка дозвола, учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило, по што го напуштил местото на настанот.Од МВР информираат дека случајот бил пријавен на 13 август во Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар. Мајката на малолетникот, 41-годишната В.С. од село Дебреше, пријавила дека незгодата се случила на 12 август на патот Гостивар–село Градец.Според пријавеното, нејзиното малолетно дете го управувало четирицик

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryv404gi8bnm8t5CoGjfk

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка со автомобил во Тетово

Шеесетгодишен велосипедист се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила во Тетово.Според МВР, несреќата била пријавена на 13 август во 12:45 часот, на булеварот „Благоја Тоска“. Во неа учествувале патничко возило „даихатсу“ со тетовски регистарски таблички, управувано од М.М. од Тетово, и велосипед управуван од 60-годишниот Р.И. од Тетово.Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница Тетово.Увид на местото

Македонија | пред 2 месеци

media-librarydvkjur3olsksefbigd4

Од владини кабинети до обвинителни клупи: неславен крај на владините генерални секретари

Функцијата генерален секретар на Владата во последните петнаесетина години ја следи необично тешка судска сенка. Четворица поранешни генерални секретари, од различни влади и политички гарнитури, во различни периоди се најдоа во сериозни кривични постапки – од изборни нерегуларности и злоупотреба на службената положба, до сомнежи за незаконски договори и штета од милионски износи.Кирил Божиновски, кој беше генерален секретар на Владата од 2008 до 2017 година како кадар на ВМРО-ДПМНЕ, беше обвинет

Македонија | пред 2 месеци

tepachka-deca

Имотен спор прераснал во физички напад: Двајца чичковци го нападнале братот и внукот

Поради нерасчистени имотно-правни односи, 27-годишник од гостиварско пријавил дека бил физички нападнат од своите стриковци, кои, според пријавеното, употребиле и остри предмети.Од МВР информираат дека случајот бил пријавен на 13 август во Полициското одделение Чегране. Според пријавата, околу 15:20 часот во дворот од семејната куќа, Ј.А. и Ф.А. физички го нападнале 27-годишникот.Пријавителот навел дека потоа двајцата влегле и во куќата, каде физички го нападнале и неговиот татко.Полицијата през

Македонија | пред 2 месеци

media-library361ic5plrg5k889hIIq

Белa прашкаста материја пронајдена во возило во Тетово, приведени двајца

Двајца жители на Тетово се лишени од слобода откако полицијата при преглед на возило во Тетово пронашла и одзела бела прашкаста материја.Од МВР информираат дека на 13 август во 23:20 часот, на улицата „Иво Рибар Лола“, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.С. (43) и С.М. (42).Тие се наоѓале во автомобил „мерцедес“ со германски регистарски ознаки. Возилото го управувал А.С., додека С.М. бил сопатник.При извршениот преглед, полицајците пронашле и одзеле бела прашкаста материја.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања